Go to full page →

2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ GCMkd 27

_______________

Кога Исус им ја открил на своите ученици судбината на Ерусалим и сцената на своето второ доаѓање, ги преткажал и тешкотиите низ кои ќе поминува неговиот народ од часот кога ќе се вознесе па до неговото враќање во сила и слава кога ќе им донесе избавување. Од врвот на Маслинската гора, Спасителот ја гледал луњата што ќе ја зафати апостолската црква. Гледајќи во иднината, ја видел жестоката бура на пустење што ќе се урне врз неговите следбеници во идните векови на мрак и прогонство. Со неколку кратки реченици, полни со страшно значење, преткажал каков став ќе заземат управителите на овој свет кон Божјата црква (Матеј 24,9.21.22). Христовите следбеници треба да поминат по истиот пат на понижување, срам и страдање, по кој поминал нивниот Учител. Истото непријателство што избувнало против Спасителот на светот, ќе бликне и против сите што ќе поверуваат во неговото име. GCMkd 27.1

Историјата на првата христијанска црква ги потврдува зборовите на Спасителот. Земнжте и пеколните сили се дигнале против Христа, прогонувајќи ги неговите следбеници. Незнабоштвото предвидело дека со победата на евангелието неговите храмови и олтари ќе бидат срамнети со земјата и затоа ги собрало сите свои сили да го уништи христијанството. Се разгорел оган на прогонство. Христијаните биле лишени од имотите и протерани од своите домови. „Поднесуваа чести борби - страдања.” „Доживуваа подбивања и удари, а покрај тоа окови и темници” (Евреите 10,32; 11,36). Голем број од нив своето сведоштво го запечатиле со крв. Немилосрдно се убивани благородници и робови, богати и сиромаси, учени и необразовани, GCMkd 27.2

Овие прогонства, што почнале во времето на Нерона, отприлика тогаттт кога Павле страдал со маченичка смрт, продолжиле со поголема или помалечка жестокост низ вековите. Христијаните лажно се обвинувани за најстрашни злосторства и претставувани се како причина за големи несреќи: глад, чума и земјотреси. Бидејќи станале предмет на општа омраза и сомневање, лесно се наоѓале и подлизурковци кои, за добивка, предавале невини. Осудувани се како бунтовници против царството, како непријатели на религијата и како чума за народот. Мнозина се фрлани пред диви ѕверови или спалувани живи во амфитеатрите. Некои се распнувани, други се наметнувани во кожи на диви животни и фрлани во арена за да ги раскинат кучиња. Нивните казни често биле главен предмет на забава при народните празници. Големо мноштво свет се собирало да ужива во тие сцени, поздравувајќи ги нивните претсмртни маки со потсмев и дивјачки овации. GCMkd 27.3

Каде и да побарале прибежиште, Христовите следбеници биле гонети како диви ѕверови. Морале да бараат засолниште во пустини и во зафрлени места. Биле „скудни, во неволја, малтретирани - оние за кои светот не беше достоен - талкајќи низ пустини, по гори, по пештери и по земни пукнатини” (Евреите 11,37.38). Илјадници од нив нашле засолниште во катакомби. Под бреговите, надвор од Рим, биле прокопани долги ходници под земја и под карпи; со километри надвор од градот се простирала темна и замрсена мрежа од ходници. Во тие подземни засолништа Христовите следбеници ги закопувале своите мртви. Овде исто така наоѓале прибежиште кога биле осомничени и протерани. Кога Дарителот на животот ќе ги разбуди оние што се бореле во благородната борба на верата, многу маченици заради Христа ќе излезат од овие мрачни пештери. GCMkd 28.1

Овие Христови сведоци ја сочувале својата вера неизвалкана и за време на најстрашните прогонства. Иако лишени од секое удобство, далеку од сончевата светлина, наоѓајќи дом во темната но пријателска закрила на земјата, сепак, не се жалеле. Со вера, со трпение и надеж, се храбреле еден со друг за да ја поднесат скудноста и неволјите. Загубата на какво и да е земно богатство не можела да ги натера да се откажат од верата во Христа. Искушенијата и прогонствата биле само скалила по кои се приближувале кон својот мир и кон својата награда. GCMkd 28.2

Како и Божјите слуги во минатото, мнозина биле „мачени на кол, одбивајќи да бидат ослободени, за да го постигнат подоброто воскресение” (Евреите 11,35). Си спомнувале за Исусовите зборови дека треба да се радуваат кога ќе ги прогонуваат заради него, запгго голема ќе биде нивната награда на небесата, бидејќи и пророците пред нив ги гонеле на ист начин. Толку многу се радувале што биле достојни да страдаат заради Христа, што среде прскотењето на пламенот на ломачите одекнувале песни на победа. Гледајќи со вера rope, го виделе Христа и ангелите како се наведуваат кон нив и ги гледаат со најискрено сочувство, одобрувајќи ја нивната верност. Еден глас од Божјиот престол им зборувал: „Биди верен се до емрт и ќе ти дадам венец - живот” (Откровение 2,10). GCMkd 28.3

Напразно сатаната се обидувал со насилство да ја уништи Божјата црква. Големата борба, во која учениците ги дале своите животи, не престанала кога овие верни носители на знамето паднале на својата положба. Со својот пораз тие победувале. Божјите соработници биле убиени, но неговото дело напредувало. Евангелието се ширело натаму и бројот на неговите следбеници постојано се зголемувал. Тоа проникнувало во краиштата што биле непристапни дури и за римските орли. Еден христијанин, расправајќи со незнабожечките владетели што го разгорувале прогонството, рекол: „Вие можете да не убивате, да не мачите, да не осудите... Вашата неправедност е доказ дека сме невини... Вашата свирепост не вреди ништо. Таа е само силен повик на нашата вера да и се придружат и други. Колку повеќе не убивате, ние стануваме се помногубројни: крвта на христијаните е семе на христијанството.” (Tertullian, Apology, paragraph 50.) GCMkd 29.1

Безброј илјадници биле затворани и убивани, но други пристапувале и ги заземале нивните места. Тие што умреле како маченици за својата вера се сигурни во Христа, и Тој ги смета за победници. Тие воделе благородна борба и ќе добијат венец - слава, кога Христос ќе дојде. Страдањата низ кои поминувале, христијаните ги соединиле уште повеќе меѓусебно и со Христа. Примерот на нивниот живот и сведоштвото на нивната смрт биле постојани сведоци во прилог на вистината; и таму каде што најмалку се очекувало, следбениците на сатаната ја напуштале неговата служба и стапувале под Христовото знаме. GCMkd 29.2

Затоа сатаната планирал како поуспешно да војува против Божјето владеење: решил своето знаме да го подигне внатре во христијанската црква. Ако успее Христовите следбеници да ги измами и да ги наведе да ја загубат Божјата наклоност, тогаш ќе исчезне нивната сила, нивната храброст и непоколебливост и така лесно ќе станат негов плен. GCMkd 29.3

Сега големиот противник се трудел со итрина да го постигне она што не успеал да го постигне со сила. Прогонството престанало, а на неговото место се појавиле опасните привлечности на земната благосостојба и на световните почести. Идолопоклониците примиле дел од христијанската вера, а ги отфрлиле другите главни вистини. Се согласиле да го признаат Божјиот Син, да веруваат во неговата смрт и воскресение, но не ги увидувале своите гревови, не чувствувале потреба од покајание и од промена на срцето. Подготвени да направат некои отстапки од своја страна, им предлагале на христијаните и тие да повлечат ист потег и сите да се соединат во Христовата вера. GCMkd 29.4

Тогаш на црквата и се заканила страшна опасност. Затворот, маките, огнот и мечот биле благослов во споредба со оваа опасност. Некои христијани останале цврсти и изјавиле дека не можат да прифатат никаков компромис. Други, пак, биле готови да прават отстапки или да изменат некои точки од својата вера за да се соединат со овие половични христијани, надевајќи се дека на тој начин ќе им помогнат целосно да се преобратат. Тоа за Христовите следбеници бил час на голем страв. Под плаштот на привидното христијанство, лично сатаната се вовлекол во црквата за да ја расипе нивната вера и да ги одврати нивните мисли од зборовите на вистината. GCMkd 30.1

Најпосле мнозинството христијани се соглаеиле во извесна мера да отстапат од своите начела на верата и така настанало соединување меѓу христијанството и незнабоштвото. Иако идолопоклониците тврделе дека се обратиле и формално се придружиле кон црквата, сепак, се уште се придржувале кон идолопоклонството, само што ги замениле предметите на своето обожавање со слики на Исуса, па дури и со слики на Марија и на светците. Нечистиот квасец на идолопоклонството, внесен на тој начин во црквата, го продолжил своето злокобно дело. Лажните науки, празноверните обреди и незнабожечките церемонии влегле во нејзината вера и богослужение. Кога Христовите следбеници се соединиле со идолопоклониците, се расипала христијанската вера и црквата ја загубила својата чистота и сила. Сепак, имало христијани кои не дозволиле да бидат заведени со овие измами. Тие и понатаму му останале верни на Авторот на вистината и му се клањале само на Господа. GCMkd 30.2

Меѓу христијаните секогаш имало две групи луѓе. Едни внимателно го проучувале животот на Спасителот и вложувале сериозни напори да ги поправат своите недостатоци и да живеат во хармонија со вистинскиот Идеал, други ги одбегнувале јасните, едноставни вистини што ги откривале нивните заблуди. Дури и во својата најдобра состојба црквата не се состоела само од верни, чисти и искрени членови. Спасителот учел дека оние што свесно грешат не смеат да бидат примени во црквата, а сепак, со себе поврзал луѓе со несовршен карактер и им дал предимство да ја слушаат неговата наука и да го гледаат неговиот пример, овозможувајќи им на тој начин да ги увидат своите грешки и да се поправат. Меѓу дванаесеттемина апостоли еден бил предавник. Јуда е примен не заради маните на својот карактер, туку со нив. Тој бил здружен со учениците за да научи од поуките и од Христовиот пример во што се состои христијанскиот карактер и на тој начин да ги увиди своите грешки, да се покае и со помош на божествената милост да ја исчисти душата „прифаќајќи ја вистината”. Но Јуда не ја следел светлината што милостиво го осветлувала неговиот пат, Попуштајќи му на гревот, дозволил сатаната да го иекушава. Победиле лошите црти на неговиот карактер. Дозволил со неговиот дух да управуваат силите на темнжната; се лутел кога ги укорувале неговите гревови и отишол толку далеку што сторил страшно злоеторетво: го предал својот Учител. На сличен начин и оние што навидум се побожни а го сакаат злото, ги мразат оние што го нарушуваат нивниот мир, осудувајќи ги нивните гревови, Штом ќе им се даде добра можност, како на Јуда, тие ќе ги предадат оние што ги укорувале за нивно добро. GCMkd 30.3

Апостолите во црквата наидувале на верници кои надворешно биле побожни, но потајно негувале грев. Ананија и Сафира биле измамници, зашто тврделе дека принесуваат цела жртва за Христа, иако лакомо задржале еден дел за себе. Духот на вистината им го открил на апостолите вистинскиот карактер на овие лажни христијани, и Божјиот суд ја ослободил црквата од ова нечисто петно што ја расипувало нејзината чистота. Овој виден доказ на присуство на Христовиот Дух во црквата, кој го забележува секој грев, бил ужас за лицемерите и престапниците. Тие не можеле долго да останат во заедница со оние што биле верни Христови претставници во навиките и во духот. Кога Христовите следбеници се соочиле со искушенија и со прогонства, тогаш негови ученици сакале да станат само оние кои биле готови да остават се заради вистината. И, додека траело прогонството, црквата главно останала чиста. Но штом тоа престанало, дошле новообратени кои не биле наполно искрени и посветени, со што на сатаната му бил отворен патот во црквата да дојде до целта. GCMkd 31.1

Меѓу Кнезот на светлината и кнезот на темнината нема никаква врска, па не може да има врска ниту меѓу нивните следбеници, Кога христијаните се согласиле да се соединат со оние што само делумно се преобратиле од незнабоштвото и кои само половично се покајале, стапиле на пат што се повеќе ги оддалечувал од вистината. Сатаната триумфирал што успеал да измами толку голем број Христови следбеници. Тогаш тој ги насочил сите свои сили уште повеќе да влијае врз измамените и да ги поттикне да ги прогонуваат оние што му останале верни на Бога. Никој не можел подобро да сфати како треба да и се противстави на вистинската христијанска религија од оние што некогаш биле нејзини бранители. Овие отпаднати христијани, соединувајќи се со своите полунезнабожечки другари, своите напори ги насочиле против најважните точки на Христовата наука. GCMkd 31.2

Тие што сакале да останат верни, морале да поднесат очајна борба за да им преодолеат на измамите и на пороците што се вовлекле во црквата наметнати со свештеничка облека. Библијата не важела веќе како правило на верата. Науката за верска слобода е жигосана како ерес, а нејзините бранители биле замразени и прогонети. GCMkd 32.1

По долга и жестока борба, мал број верни решиле да прекинат секаква врска со отпаднатата црква, ако таа и понатаму одбива да се ослободи од лагата и од идолопоклонството. Увиделе дека мораат да се изделат ако сакаат да живеат според Божјата волја. He смееле повеќе да ги трпат заблудите што можеле да бидат опасни за нивната душа, ниту смееле да дадат пример што би можел да ја доведе во опасност верата на нивните деца и внуци, За да го сочуваат мирот и единството, биле готови на семожни отстапки што не се косат со верноста кон Бога, но чувствувале дека мирот би бил мошне скапо платен ако мораат да го купат по цена на жртвување на начелата. Ако мораат заради единството да ја жртвуваат вистината и правдата, тогаш побргу нека дојде до раскин и борба. GCMkd 32.2

Добро би било за црквата и за светот кога начелата што ги одушевувале тие верни души пак би оживеале во срцата на оние што тврдат дека се Божји народ. Спрема науките што се столбови на христијанската вера се забележува рамнодушност која загрижува. Постои мислење дека тие немаат толку голема важност. Ова изопачување им дава мав на сатанските орудија. Денеска шгјадници, кои тврдат дека се Христови следбеници, благонаклоно гледаат на лажните теории и на опасните измами, додека верните во минатите векови ги жртвувале своите животи за да ги откријат и да ги отстранат. GCMkd 32.3

Првите христијани навистина биле еден посебен народ. Нивното беспрекорно однесување и нивната непоколеблива вера биле постојан укор што го нарушувал мирот на грешниците. Иако малобројни, без богатство, без положба и почеени титули, тие, сепак, насекаде биле страв и трепет за злосторниците, насекаде каде што бил познат нивниот карактер и нивната вера. Затоа грешниците ги мразеле, како безбожниот Каин што го мразел Авела. Оние што сакале да се ослободат од ограничувањата на Светиот Дух, ги убивале Божјите деца од иста причина заради која Каин го убил Авела. Од иста причина Евреите го отфрлиле и го распнале Спасителот - зашто чистотата и светоста на неговиот карактер биле постојан укор за нивната себичност и расипаност. Од Христовите денови, па се до денеска, неговите верни ученици секогаш предизвикувале омраза и противење кај оние што го сакаат патот на гревот и одат по него. GCMkd 32.4

Како може евангелието да се нарече вест на мир? Кога Исаија го преткажал раѓањето на Месија, му го дал името Кнез на мирот. Кога ангелите им го објавиле на пастирите Исусовото раѓање, пееле над витлеемските полјанки: „Слава на Бога на височините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја” (Лука 2,14). GCMkd 33.1

Постои привидна противречност меѓу овие пророчки изјави и Христовите зборови: „Јас не дојдов да донесам мир, туку меч” (Матеј 10,34). Но, исправно сфатени, обата овие изрази се во совршена хармонија. Евангелието е вест на мир. Христијанството е наука која, ако се прими и ако се послуша, шири мир, хармонија и среќа по цел свет. Христовата религија ги соединува во интимно братство сите што ќе го прифатат нејзиното учење. Исусова мисија била да ги помири луѓето со Бога и меѓусебно. Но поголем дел од луѓето се под контрола на најголемиот Христов непријател, сатаната. Евангелието им го обрнува вниманието на луѓето на начелата на животот што се во противречност со нивните навики и желби; затоа тие стануваат против него. Тие ја мразат чистотата која ги открива и ги осудува нивните гревови и затоа ги прогонуваат и ги уништуваат сите што ги проповедаат праведните и свети начела. Во таа смисла - бидејќи возвишените вистини што ги носи тоа предизвикуваат омраза и борба - евангелието се нарекува меч. GCMkd 33.2

Таинственото провидение што дозволува раката на грешниците да ги прогонува праведните било причина за голема збунетост за мнозина слаби во верата. Некои дури се готови да ја отфрлат довербата во Бога затоа што Тој дозволува грешните да напредуваат, а најдобрите и најчесните да бидат измачувани и угнетувани од нивната свирепа сила. Како може, се прашуваат некои, Оној што е праведен, милостив и неограничен во силата, да трпи таква неправда и насилство? Тоа прашање не треба да не загрижува нас. Бог ни дал доволно докази за својата љубов, и ако ние не ги разбираме неговите патишта, тоа не треба да биде причина да се сомневаме во неговата доброта. Гледајќи ги однапред сомневањата што ќе ги вознемируваат нивните души во деновите на искушенијата и темнината, Спасителот им рекол на своите ученици: „Спомнете си за зборовите што ви ги реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар. Ако ме прогонуваа мене, и вас ќе ве прогонуваат’” (Јован 15,20). GCMkd 33.3

Исус за нас страдал многу повеќе отколку што може кој и да е од неговите следбеници да пострада од грешните луѓе. Оние што се повикани да поднесат маки и маченичка смрт, ги следат само стапките на Божјиот мил Син. GCMkd 33.4

„Не доцни Господ со ветувањето” (2. Петрово 3,9). Тој не ги заборава и не ги занемарува своите деца, но им дозволува на грешните да го откријат својот вистински карактер, за никој што сака да ја исполнува неговата волја да не биде во заблуда во врска со нивната расипаност. Праведните упаѓаат во печка на неволји за да се исчистат, со својот пример да ги уверат и другите во вистинитоста на верата и побожноста и со своето храбро придржување кон вистината да ги осудат неверните и безбожните. GCMkd 34.1

Бог дозволува грешните да напредуваат и да ја покажат својата омраза кон него со цел, кога ќе ја наполнат мерката на својата злоба, да ја увидат неговата праведност и милост во своето целосно уништување. Денот на неговата одмазда се приближува. Тогаш сите што го газеле неговиот закон и го угнетувале неговиот народ, ќе примат праведна плата за своите дела. Тогаш секоја свирепост и неправда кон Божјите верни слуги ќе бидат казнети како да му се сторени лично на Христа. GCMkd 34.2

Но постои уште едно важно прашање што денеска треба да го привлече вниманието на црквите. Апостол Павле изјавил дека сите „што сакаат да живеат побожно во Исуса Христа ќе бидат гонети” (2. Тимотеј 3,12). Тогаш зошто се чини дека прогонството речиси престанало? Единствена причина е таа што црквата се прилагодила кон светот и не предизвикува никакво противење. Верата на нашите денови го нема веќе оној чист и свет карактер што ја обележувал христијанската вера во времето на Исуса и апостолите. Христијанството изгледа толку популарно во светот само поради својот компромис со гревот, поради тоа што големите вистини на Божјата реч христијаните ги посматраат рамнодушно и што има толку малку вистинска побожност во црквата. Штом верните ќе се вратат на верата и на силата на апостолската црква, пак ќе оживее духот на прогонството и повторно ќе се распали огнот на гонењето. GCMkd 34.3

*****