Go to full page →

25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН GCMkd 338

_______________

„Се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот сојуз (завет) во неговиот храм” (Откровение 11,19). Ковчегот на заветот се наоѓа во светињата над светињите, во второто одделение на Светилиштето. Во службата на земното Светилиште, која била само „слика и сенка на небесните стварности” (Евреите 8,5), ова одделение се отворало само на големиот Ден на чистење за да се исчисти Светилиштето. Навестувањето дека на небото е отворен Божји храм и дека во него се видел ковчег на заветот укажува на отворањето на светињата над светињите во небесното Светилиште во 1844 година каде што Христос влегол да го изврши конечното дело на чистење. Оние што го следеа со вера својот голем Поглавар свештенички кога ја почна својата служба во светињата над светињите, можеа да го посматраат ковчегот на неговиот завет. Откако го проучија предметот за Светилиштето, сфатија дека Спасителот ја променил својата служба. Сфатија дека Тој сега ја врши својата служба пред Божјиот ковчег и дека таму, повикувајќи се на својата крв, ги застапува грешниците. GCMkd 338.1

Во ковчегот на заветот, во земното Светилиште, се наоѓале двете камени плочи на кои биле напишани заповедите на Божјиот закон. Ковчегот бил само ризница каде што биле сместени заповедите на Законот и присуството на овие Божји заповеди му давало вредност и светост. Кога на небото се отвори Божјата црква, се виде ковчегот на неговиот завет. Во светињата над светињите на небесниот храм се чува Божјиот закон - Законот што го изговорил сам Бог среде громови на Синај и го напишал со свој прст на камени плочи. GCMkd 338.2

Божјиот закон во небесното Светилиште е возвишен оригинал, чијшто верен препис биле заповедите напишани на камени плочи и забележани во петте Мојсееви книги. Оиие што ја сфатија оваа важна вистина, исто така можеа да ја сфатат светлината и непроменливоста на Божјиот закон. Како никогаш порано, ја почувствуваа силата на зборовите на Спасителот: „Додека не исчезнат небото и земјата, ниту најмалата буква, ниту цртичка не ќе ги снема од Законот додека не се исполни се” (Матеј 5Д8). Божјиот закон, како откровение на неговата волја и израз на неговиот карактер, мора да постои вечно како „верен сведок на небото”. He е укината ниту една заповед; не е изменета ниту најмалечката буква или цртичка. Псалмистот кажува: „Речта твоја, Господе, останува довека, цврсто поставена на небесата.” „Неговите заповеди се веродостојни; цврсто стојат од век до века” (Псалм 119,89; 111,7.8). GCMkd 338.3

Во средината на Декалогот се наоѓа четвртата заповед, онака како што била објавена на почетокот: „Помни си да го празнуваш саботниот ден! Шест дена работи и сврши ги сите свои работи! A седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог. Тогаш немој да работиш никаква работа: ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето магаре, ниту придојдениот што ќе се најде во твојот дом! Зашто Господ за шест дена ги еоздаде небото, земјата, морето и се што е во нив, а во седмиот ден еи почина. Затоа Господ го благоелови и го посвети саботниот ден” (2. Мојсеева 20,8-11). GCMkd 339.1

Божјиот Дух влијаеше врз оние што ја истражуваа неговата Реч. Тие се уверија дека во незнаење ја престапувале оваа заповед со тоа што не го почитувале денот за одмор на Творецот. Почнаа да ги испитуваат причините за празнување на првиот ден на седмицата наместо денот што го посветил Бог. Тие не можеа да најдат во Светото писмо никаков доказ дека четвртата заповед е укината или дека саботата е променета. Благословот со кој во почетокот бил посветен седмиот ден никогаш не му е одземен. Искрено бараа да ја запознаат Божјата волја за да ја извршуваат. Сега, кога утврдија дека се престапници на неговиот Закон, нивните срца ги исполни длабока болка и тие својата верност кон Бога ја докажуваа со тоа што почнаа да ја празнуваат саботата. GCMkd 339.2

Многу и сериозни напори се вложувани за да ја урнат нивната вера. Секој можеше да увиди дека, ако земното Светилиште било слика или копија на небесното, тогаш и Законот што се чувал во ковчегот на заветот на земјата бил точен препис на Законот што се наоѓа во ковчегот на небото. Па кога ја прифатија вистината за небесното Светилиште, со тоа ги признаа и барањата на Божјиот закон, а и обврската кон саботата како четврта заповед. Тоа беше причина за огорчен и ренштелен отпор против хармоничното толкување на Светото писмо што ја откриваше Христовата служба во небесното Светилиште. Луѓето се обидуваа да ја затворат вратата што ја отвори Бог, а да ја отворат онаа што Бог ја затвори. GCMkd 339.3

Но, Оној „кој отвора и никој не затвора, кој затвора и никој не отвора”, рекол: „Еве, поставив пред тебе отворена врата која никој не може да ја затвори” (Откровение 3,7.8). GCMkd 339.4

Христос ја отвори вратата, односно ја почна службата во светињата над светињите. Низ отворената врата на небесното Светилиште засвети светлина и тогаш се виде дека и четвртата заповед се наоѓа во Законот што се чува таму. Она пгго го посветил Бог, ниту еден човек не може да го укине. GCMkd 340.1

Оние што ја прифатија светлината за Христовото посредување и за непроменливоста на Божјиот закон, пронајдоа дека тие вистини се изнесени во Откровението 14. глава. Вестите во оваа глава содржат тројна опомена што треба да ги приготви жителите на земјата за второто Господово доаѓање (види: Додаток). Веста: „Настапи часот на неговиот суд” укажува на завршниот дел на Христовата служба за епасението на луѓето. Таа ја објавува вистината што мора да се проповеда се додека Спасителот не го заврши своето посредување и не дојде повторно на земјата да го земе кај себе својот народ. Судот што почна во 1844 година мора да продолжи додека не се реши случајот на секој човек, како на живите така и на мртвите; затоа тој ќе трае се до крајот на времето на милоста. За луѓето да бидат подготвени да се одржат на судот, веста им заповеда: „Бојте се од Бога и подајте му слава... и поклонете му се на Оној кој ги создаде небото, земјата, морето и водните извориКаков резултат ќе донесе прифаќањето на оваа вест е кажано во зборовите: „Овде се оние што ги држат заповедите Божји и имаат вера Исусова.” За човекот да биде приготвен за судот, потребно е да ги држи Божјите заповеди. Овој Закон ќе биде мерило на карактерот на судот. Апостол Павле изјавува: „Кои згрешиле под Законот, според Законот ќе бидат осудени... на денот, кога според моето евангелие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди човечките тајниПонатаму кажува дека „ќе бидат оправдани оние кои се извршители на Законот” (Римјаните 2,1216). Верата е потребна да се држи Божјиот закон, зашто „без вера не е можно да му се угоди на Бога”. „Се што не е од вера, грев е” (Евреите 11,6; Римјаните 14,23). GCMkd 340.2

Првиот ангел ги повикува луѓето да се „бојат од Бога и да му дадат слава”, и да му се поклонат на Творецот на небото и земјата. За да го прават тоа, тие мора да го слушаат неговиот Закон. Проповедникот кажува: „Бој се од Бога и живеј според неговите заповеди - тоа му е должност на човекот” (Проповедник 12,13). Без послушност на неговите закони, на Бога не му е угодна никаква служба. „Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме неговите заповеди.” „Но тој што кон Законот се оглушува, ни молитвите не му се примаат” (1. Јованово 5,3; Мудри изреки 28,9). GCMkd 340.3

Должноста да го славиме Бога произлегува од фактот што Тој е Творец и што сите други созданија му го должат животот. Секаде каде што се истакнува во Библијата дека Тој има поголемо право на почит и славење од боговите на многубошците, се наведуваат и доказите на неговата творечка моќ. „Ништожни идоли се сите ,богови’ на народите, а Господ е Творец на вселената” (Псалм 96,5). „Со кого ќе ме изедначите и со кого ќе ме споредите, вели Светецот. Кренете ги своите очи кон небесните висини и погледнете, кој ги создал?” „Зашто вака вели Господ, кој го создаде небото, Тој, Бог, кој и даде облик на земјата и кој ја создаде... ‘Јас сум Господ, и нема друг’” (Исаија 40,25; 45,18). Псалмистот вели: „Запомнете: Господ е вистинскиот Бог! Тој не создаде и ние сме негови; негов народ сме и стадо на неговото пасиште” (Псалм 100,3). „Дојдете, да му се поклониме и да паднеме ничкум, пред лицето на Господа, нашиот Творец” (Псалм 95,6). „Достоен си, Господе, Боже наш, да примиш слава, чест и моќ, зашто ти создаде се...” (Откровение 4,11). GCMkd 340.4

Во Откровение 14. глава луѓето се повикуваат да го слават Творецот, а пророштвото ни обрнува внимание на група верни кои, како резултат на објавувањето на тројната вест, ги држат Божјите заповеди. Една од овие заповеди непосредно упатува на Бога како Творец. Четвртата заповед кажува: „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог... Зашто Господ за шест дена ги создаде небото, земјата, морето и се што е во нив, a во седмиот ден си почина. Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден” (2. Мојсеева 20,10.11). Во врска со саботата Господ понатаму кажува дека таа е „знак меѓу мене и вас, за да се знае дека јас сум Господ, Бог ваш” (Езекил 20,20). Причината за ова е позната: „Зашто Господ за шест дена ги создаде небото и земјата, а седмиот ден престана да работи и се одмори” (2. Мојсеева 31,17). GCMkd 341.1

Важноста на саботата како спомен на создавањето се состои во тоа што таа постојано не потсетува на вистинската причина зошто на Бога му припаѓа обожавање - затоа што Тој е Творец, а ние негови созданија. „Според тоа, саботата е темел на целокупното богослужение, зашто таа на најизразит начин ја изнесува оваа голема вистина, што не може да се каже ниту за една друга уредба. Вистинската причина зошто го обожаваме Бога не само во седмиот ден туку воопшто, се наоѓа во разликувањето меѓу Творецот и неговите созданија. Овој голем факт никогаш не може да застари и никогаш не смее да се заборави” (Ј. N. Andrews, History of the Sabbath, chapter 27). Бог ja воспоставил саботата во Едем за секогаш да не потсетува на таа голема вистина. Се додека фактот оти Тој е наш Творец постои како причина да го славиме, и саботата ќе биде негов знак и спомен. Кога сите луѓе би ја празнувале саботата, нивните мисли и чувства би биле насочени кон Творецот како објект на стравопочит и обожавање и никогаш не би постоел ниту еден идолопоклоник, атеист или неверник. Држењето на саботата е знак на верност кон вистинскиот Бог кој „ги создаде небото, земјата, морето и водните извори”. Значи, гледаме дека веста што им заповеда на луѓето да го слават Бога и да ги држат неговите заповеди, посебно ги повикува да ја држат четвртата заповед. GCMkd 341.2

Наспроти оние што ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, третиот ангел укажува на друга група, против чиишто заблуди објавува свечена и страшна опомена: „Секој што ќе му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и прими жиг на своето чело или на својата рака, ќе пие од виното на Божјиот гнев” (Откровение 14,9.10). За да ја сфатиме оваа вест, потребно е исправно да ги толкуваме употребените симболи. Што се подразбира под поимите ѕвер, икона и жиг? GCMkd 342.1

Пророчкиот синџир во кој се наоѓаат сите симболи почнува во Откровение 12. глава со ламја која сакала да го убие Христа кога се родил. Сатаната е ламја (Откровение 12,9), зашто тој Ирода го поттикнувал да го убие Спасителот. Негово главно оружје со кое во првите векови на христијанскиот период војувал против Христа и против неговиот народ било римското царство со неговата претежно многубожечка религија. И додека ламјата, во првиот стих, го претставува сатаната, таа, во поширока смисла, е и симбол на многубожечкиот Рим. GCMkd 342.2

Во 13. глава (стихови 1-10) е опишан друг ѕвер кој „беше како леопард”, на кој ламјата му даде „своја сила, свој престол и голема власт”. Овој симбол, како што веруваа повеќето протестанти, го претставува папството кое наследило сила, престол и моќ од старото римско царство. За ѕверот сличен на леопард се кажува: „И му беше дадена уста која зборува големи работи и богохулства... И ја отвори својата уста да хули против Бога, да го хули неговото име и неговиот шатор, и оние кои живеат на небото. Му беше дадено да завојува против светите и да ги совладува и му се даде власт над секое племе, народ, јазик и род.” Ова пророштво, кое речиси е еднакво со описот на малечкиот рог во Даниел 7. глава, без сомнение укажува на папството. GCMkd 342.3

Му „се даде власт да прави така четириесет и два месеци”. Пророкот понатаму кажува: „И видов една од неговите глави како беше смртно ранета”; потоа продолжува: „Кој води во ропство и самиот ќе отиде во ропство; кој убива со меч, и самиот ќе загине од меч.” Оние „четириесет и два месеца” имаат исто значење како и она „едно време, две времиња и половина време”, како и оние „три и пол години” или оние „1260 дни” од Даниел 7. глава - односно го означуваат времето во кое папската власт ќе го угнетува Божјиот народ. Овој временски отсек, како што е изнесен во претходната глава, почнал со папската превласт во 538 година по Христа, а завршил во 1798 година. Во тоа време француската војска го заробила папата; папската власт задобила смртна рана и се исполнило пророштвото: „Кој води во ропство, и самиот ќе отиде во ропство.” GCMkd 342.4

Во таа глава се појавува уште еден симбол. Пророкот вели: „Видов и друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне” (Откровение 13,11). Појавувањето на овој ѕвер и неговиот изглед покажуваат дека народот што го претставува тој е поинаков од народите што се претставени со претходните симболи. Големите светски царства во пророкот Даниел се претставени со ѕверови што се појавиле откако „четири небесни ветра 440 го разбранија Големото Море” (Даниел 7,2). Во Откровение 17. глава ангелот објаснил дека водите се „луѓето, народите, племињата и јазиците” (Откровение 17,15). Ветровите се симболи на судирите. Четирите небесни ветра што дувале на Големото Mope ги претставуваат страшните сцени на освојување и преврати, со чија помош царствата доаѓаат на власт. GCMkd 343.1

Но ѕверот со рогови како кај јагне е виден „како излегува од земјата”. Наместо да урне други сили за да воспостави своја власт, оваа држава, претставена на овој начин, мора да настане на до тогаш незаземена територија, да расте постепено и мирољубиво. Затоа тој ѕвер не можел да излезе од многубројните меѓусебно судрени народи на Стариот свет - од она немирно море на „народи, колена, племиња и јазици”. Hero мораме да го бараме на западниот континент. GCMkd 343.2

Кој народ почнал да се јавува во 1798 година како сила во новиот дел на светот и станувал се поголем и посилен, така што го привлекол на себе вниманието на светот? Примената на овој симбол не е никакво тешко прашање. Само еден единствен народ одговара на податоците на ова пророштво. Тоа јасно упатува на Соединетите Американски Држави. Често говорниците и иеторичарите несвесно ја употребувале мислата, а понекогаш и самите зборови на пророкот при опишувањето на настанокот и развитокот на овој народ. Ѕверот е виден „како излегува од земјата”. Зборот „излегува” може да се преведе со „никнува или израснува како билка”. Но, како што видовме, тој народ морал да се појави на дотогаш ненаселено подрачје. Еден угледен писател, кој го опишува настанокот на Соединетите Држави, зборува за „тајната на нивниот настанок од празнина” и кажува: „Како тивка шиблинка израснавме во империја41 (G. A. Townsend, The New World Compared With the Old, page 462). Еден европски дневник во 1850 година за Соединетите Држави шппуваше како за некоја необична држава која „никнала” и „во тишина на земјата непрекратно ја зголемува својата моќ и гордост” (The Dublin Nation). Едвард Еверт, во својот говор за побожните основачи на овој народ, рекол: „Барале осамено место, простодушно поради својата непознатост и сигурно поради својата зафрленост, каде што малечката црква од Лејден можела да ужива слобода на совеста. Посматрајте ги огромните подрачја преку кои, со мирно освојување,... го пронеле знамро на крстот” (Говор оджан во Плимут, Масачусетс, 22 декември 1824 година, стр. 11). GCMkd 343.3

„Имаше два рога како кај јагне.” Роговите како кај јагне ги прететавуваат младоста, невиноста и благоста, што точно одговара на карактерот на Соединетите Држави во времето кога му се покажани на пророкот како земја која „излегува” во 1798 година. Меѓу христијанските изгнаници кои први пребегале во Америка и побарале засолншпте пред угнетувањето на кралевите и пред нетрпеливоста на свештениците, имало многу такви кои решиле да основаат држава на широките темели на граѓанската и верската слобода. Нивните идеали биле внесени во „Декларацијата за независноста”, којашто ја нагласува големата вистина оти „сите луѓе се родени еднакви и надарени со неотуѓиво право на живот, на слобода и стекнување на среќа”. Уставот му гарантира на народот право на самоуправување, што значи дека од народот избрани претставници создаваат закони и се грижат за нивна правилна примена. Загарантирана е и верска слобода и секому му е дозволено на Бога да му служи според својата совест. Републиканскиот облик на владеење и протестантизмот беа основни начела на нацијата. Овие начела се тајна на нивната моќ и напредок. Сите угнетувани и газени во целото христијанство се упатиле во оваа земја со големи очекувања и полни со надеж. Милиони се иетовариле на нејзините брегови и Соединетите Држави се издигнале во ред на најсилните држави на светот. GCMkd 344.1

Но ѕверот со рогови како кај јагне „зборуваше како ламјата”. „Тој ја спроведува власта на првиот ѕвер, во негово присуство, па стори земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот ѕвер чија смртоносна рана беше зацелена... велејќи им на жителите на земјата да направат икона на ѕверот кој имаше рана од меч и оживе” (Откровение 13,11-14). GCMkd 344.2

Роговите како кај јагне, а глаеот како на ламја во овој симбол укажуваат на забележливата противречност меѓу она што го зборува и она што го прави државата претставена на овој начин. „Говорот” на државата ги претставува одлуките на нејзините законодавни и судски власти. Со овие одлуки ќе ги поништи тие либерални и мирољубиви начела што ги поставила како темел на својата државна политика. Пророштвото дека ќе зборува „како ламјата” и „ја спроведува власта на првиот ѕвер, во негово присуство” јасно го преткажува развојот на духот на нетрпеливоста и прогонството што го покажале народите претставени со ламјата и со ѕверот сличен на леопард. А изјавата дека ѕверот со два рога како кај јагне ќе стори „земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот ѕвер” покажува дека овој народ својата власт ќе ја злоупотреби да наметне држење на нешто со што ќе му укажува чест на папството. GCMkd 344.3

Ваквата постапка би се протжвела на начелата на оваа држава, на духот на нејзините слободни институции, на директните и свечени гаранции на Декларацијата за независност и на Уставот. Основачите на државата вложиле голем труд да ја спречат црквата да употреби световна власт со нејзините неизбежни последици - нетрпеливост и прогонство. Уставот пропишува: „Конгресот не смее да издаде закон со кој се воспоставува некоја религија или се забранува слободното исповедање на која и да е религија; исто така верата не смее никогаш да биде услов за добивање на која и да е доверлива јавна служба во Соединетите Држави.” Само со очигледно отфрлање на овие чувари на националната слобода граѓанеките власти би можеле да наметнат почитување на некој верски пропис. Оваа недоследност најдобро е прикажана со овој симбол. Станува збор за ѕверот со рогови како кај јагне - според своите уверувања чист, благороден и безопасен - иако зборува како ламјата. GCMkd 345.1

„Велејќи им на жителите на земјата да направат икона на ѕверот”- Овде јасно се изнесува дека во државното уредување на таа земја законодавната власт е во рацете на народот, што е силен доказ дека Соединетите Држави се виетинската држава наведена во ова пророштво. GCMkd 345.2

Но што значат зборовите „икона на ѕверот”, и како треба таа да биде направена? Ѕверот со два рога иконата ќе му ја направи на првиот ѕвер. Затоа таа и се нарекува икона на ѕверот. За да дознаеме што е таа икона и како треба да биде направена, мораме да ги проучиме обележјата на самиот ѕвер, на папството. GCMkd 345.3

Кога црквата на почетокот се расипала, скршнувајќи од едноставноста на евангелието и прифаќајќи ги незнабожечките обичаи и обреди, таа го загубила Божјиот Дух и неговата сила. GCMkd 345.4

За да може да владее над совеста на луѓето, таа барала поддршка од државните власти. Резултат: - Се појавило папството - се појавила црква која владеела над државата и истата ја користела за постигнување на своите цели, особено за казнување на *еретиците\ За да можат Соединетите Држави да му направат икона на ѕверот, црковната власт мора во голема мера да ја контролира граѓанската власт, со што црквата ќе може да ја употреби државната власт за постигнување на своите цели. GCMkd 345.5

Секогаш кога црквата имала во свои раце државна власт, таа ја употребувала да го казнува отстапувањето од своето учење. Протестантските цркви, кои оделе по стапките на Рим, соединувајќи се со световните власти, покажале слична желба да ја ограничат слободата на совеста. Пржмер за тоа е Англиканската врква која долго време ги прогонувала оние што не се согласувале со нејзиното учење. За време на шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век илјадници нонконформистички проповедници (кои верувале поинаку) биле присилени да ги остават своите цркви, и многу пастори и верни претрпеле казни, затвор, измачувања и маченичка смрт. GCMkd 346.1

Отпадот на црквата отишол толку далеку што таа побарала помош од државата, а тоа го приготвило патот да се издигне папството, ѕверот. Павле рекол: „Зашто тоа нема да се случи додека првин не дојде отпадништво и не се појави човек на беззаконието” (2. Солуњаните 2,3). Според тоа, отпадот во црквата ќе му го приготви патот на ѕверот. GCMkd 346.2

Библијата кажува дека пред Господовото доаѓање ќе настане состојба на верско опаѓање, слична на онаа во првите векови. „И знај го ова: во последните денови ќе настапат тешки времиња, зашто луѓето ќе станат себични, среброљупци, фаленичари, горделиви, пцујачи, непокорни на родителите, неблагодарни, несвети, без љубов, непомирливи, злобни клеветници, невоздржани, свирепи, непријатели на доброто, предавници, безобѕирни, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се откажале од нејзината сила” (2. Тимотеј 3,1-5). „Духот јасно кажува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи лажни духови и ѓаволски науки” (1. Ткмотеј 4,1). Сатаната ќе дејствува „со секаква сила, со чудотворни знаци, со лажни чуда и со секаква неправедна измама.” - А сите што ,aie ја примија љубовта на вистината за да се спасат”, ќе бидат препуштени самите на себе за да ја прифатат „заблудата која дејствува меѓу нив за да и веруваат на лагата” (2. Солуњаните 2,9-11). Кога ќе настапи оваа состојба на безбожност, тогаш ќе настапат истите последици како и во првите векови. GCMkd 346.3

Големата верска разлика што владее меѓу протестантските цркви, мнозина ја сметаат за силен доказ дека никогаш не може да се постигне принудно верско единство. Па сепак, веќе со години во протестантските цркви постои се посилен стремеж да се обединат врз основа на начелата што им се на сите заеднички. За да се постигне единство, мора да се избегне претресувањето на сите предмети во кои не се сите сложни, без оглед на тоа колку се важни од библиска гледна точка. GCMkd 346.4

Чарлс Бичер, угледен американеки говорник, во еден говор во 1846 година рекол дека свештенството на „евангеличките протестантски заедници од почеток стои не само под силен притисок исклучиво на човечки стравувања, туку тоа живее, дише и се движи во наполно расипана атмосфера и секогаш се повикува на пониските елементи на својата природа за да ја замолкне вистината и да потклекне пред силата на отпадот. Зар по овој пат не одел и Рим? Зар не го преживуваме и ние повторно неговиот живот? Што гледаме токму пред себе? - Нов сеопшт собор! Еден светски собир! Евангеличка алијанса? Сеопшт симбол на верата!” (Проповед на тема “The Bible a Sufficient Creed,” delivered at Fort Wayne, Indiana, Feb. 22,1846). GCMkd 347.1

Kora еднаш ќе ce постигне тоа, тогаш, во настојувањето да се постигне целосно единство, ќе постои само еден чекор до примена на сила. GCMkd 347.2

Кога водечките цркви во Соединетите Држави, обединети околу догмите што им се заеднички, ќе почнат да влијаат врз државата да ги наметне нивните декрети и да ги поддржи нивните установи, тогаш протестантска Америка ќе создаде икона или копија на римската хиерархија, а неизбежна последица на тоа ќе биде изречување на граѓански казни на оние кои веруваат поинаку. GCMkd 347.3

Ѕверот со два рога „стори на сите - мали и големи, богати и бедни, слободни и робови - да им се даде жиг на десната рака или на челото, и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен ОНОЈ’ што го има жигот, името на ѕверот или бројот на неговото име” (Откровение 13,16.17). Опомената на третиот ангел гласи: „Оној што ќе му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и прими жиг на своето чело или на својата рака, ќе пие од виното на Божјиот гнев.” (Откровение 14,9). „Ѕверот” што се спомнува овде, чиешто обожавање ќе го изнуди ѕверот со два рога, е првиот ѕвер, сличен на леопард, од Откровението 13. глава - папството. „Иконата на ѕверот” го претставува оној облик на отпаднатиот протестантизам што ќе се развие кога протестантските цркви ќе побараат помош од граѓанските власти да ги наметнат своите догми. Ни преостанува уште да го опишеме „жигот на ѕверот”. GCMkd 347.4

По опомената да не му се клањаме на ѕверот и на неговата икона, пророштвото кажува: „Овде е трпението на светите кои ги држат Божјите заповеди и верата Исусова.” Бидејќи оние што ги држат Божјите заповеди овде се поставени наспроти оние што му се поклонуваат на ѕверот и на неговата икона и го прифаќаат неговиот жиг, од тука јасно се гледа дека почитувањето на Божјиот закон од една страна, и неговото престапување, од друга страна, ја прават разликата меѓу оние што му се поклонуваат на Бога и оние што му се поклонуваат на ѕверот. GCMkd 347.5

Посебно обележје на ѕверот, а со тоа и на неговата икона, е газењето на Божјите заповеди. Даниел кажува за малечкиот рог, односно за папството: „И ќе помислува да ги промени времињата и Законот” (Даниел 7,25). Павле истата власт ја нарекол „човек на беззаконието” („човек на гревот”), кој се издигнува над Бога. Овие две пророштва меѓусебно се дополнуваат. Само со менување на Божјиот закон папството можело да се издигне над Бога. Оној што свесно го држи вака изменетиот закон, со тоа и оддава највисока чест на власта што го изменила. Таквата послушност кон папските закони е знак на верност кон папата а не кон Бога. GCMkd 348.1

Папството се обидело да го промени Божјиот закон. Втората заповед, која забранува обожавање на икони, е отстранета од Законот, а четвртата заповед е изменета така што наредува празнување на првиот наместо на седмиот ден во седмицата. Но приврзаниците на папството тврдат дека втората заповед е отстранета затоа што таа, според нивно мислење, е содржана во првата, и според тоа е излишна, и дека тие законот го даваат точно во оној облик како што сакал Бог да биде сфатен Законот. Но тоа не може да биде онаа промена што ја преткажал пророкот. Овде станува збор за намерна и добро промислена промена: „И ќе помислува да ги промени времињата и Законот.” Промената извршена во четвртата заповед точно го исполнува пророштвото. Црквата тврди дека само таа има власт да ја изврши таа промена. Со тоа папската власт отворено се издигнала над Бога. GCMkd 348.2

Додека почитувачите на Бога посебно се познаваат по тоа што ја држат четвртата заповед - зашто таа е знак на Божјата творечка моќ и сведок дека само Тој како Творец има право на почитување од страна на луѓето - приврзаниците на ѕверот ќе се познаваат по своето настојување да го оборат денот на сеќавањето на Творецот за да ја издигнат установата на Рим. Токму во полза на неделата папството првпат истапило со свои дрски барања (види: Додаток); нејзиното прво повикување на авторитетот на државната сила требало да it послужи да ги присили луѓето да ја почитуваат неделата како „Господен ден”. Но Библијата упатува не на првиот, туку на седмиот ден како Господен ден. Христос рекол: „Синот човечки е господар и на саботата.” Четвртата заповед вели: „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог.” Преку пророкот Исаија сам Господ овој ден го нарекува: „Мој свет ден” (Марко 2,28; 2. Мојсеева 20,10; Исаија 58,13). GCMkd 348.3

Толку често истакнуваното тврдење дека Христос ја променил саботата е побиено со неговите сопствени зборови, Во својата проповед на гората Тој вели: „Немојте да мислите дека јас дојдов да ги укинам Законот и Пророците, не дојдов да ги укинам, туку да ги исполнам. Зашто вистина ви велам, додека не исчезнат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ги снема од Законот, а да не се исполни. И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди, и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во небесното царство; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во небесното царство” (Матеј 5,17-19). GCMkd 349.1

Протестантите главно признаваат дека Светото писмо не ја одобрува промената на денот за одмор. Тоа јасно се гледа од најпознатите списи што ги издаваат Американското трактатско здружение (American Tract Society ) и Американската заедница на неделните школи (American Sunday School Union). Едно од тие дела признава дека „Новиот завет не зборува за никаква изрична заповед да се празнува денот за одмор (станува збор за првиот ден на седмицата, за неделата), или за одредени правила за негово празнување” (George Elliott, The Abiding Sabbath, page 184). GCMkd 349.2

Друг писател кажува: „Се до Христовата смрт не е направена никаква промена во врека со денот за празнување” и „според она што го покажуваат извештаите, тие (апостолите) не... дале никаква изрична заповед за отфрлање на седмиот ден како ден за одмор, и за преместување на денот за одмор во првиот ден на еедмицата” (A. Е. Waffle, The Lord’s Day, pages 186-188). GCMkd 349.3

Римокатолиците признаваат дека промената на саботата ја извршила нивната црква и изјавуваат дека со празнувањето на неделата протестантите ја признаваат нивната власт. Во книгата 448 „Католички катихизис на христијанската вера”, на прашањето кој ден треба да се празнува според четвртата заповед, се наоѓа одговорот: „За време на стариот закон, саботата била посветен ден; но црквата, поучена од Исуса Христа и под водство на Светиот Дух, ја заменила саботата со недела, така што ние сега го празнуваме првиот, а не седмиот ден. Тоа значи дека сега неделата е Господен ден.” GCMkd 349.4

Во знак на папскиот авторитет, католичките писатели ја наведуваат „токму оваа промена на саботата во недела што ја одобруваат и протестантите... зашто, со празнувањето на неделата, тие ја признаваат власта на црквата да ги одредува празниците и со нив да располага во периодот на владеењето на гревот” (Henry Tuberville, An Abridgment of the Christian Doctrine, page 58). Според тоа, што e друго промената на денот за одмор, ако не знак, или жиг на авторитетот на Римската црква - „жиг на ѕверот”? GCMkd 349.5

Римската црква не се откажала од своето барање за превласт, и кога светот и протестантските цркви ќе ја прифатат нејзината недела како сабота, а ќе ја отфрлат библиската сабота, тогаш тие всушност ја признаваат нејзината власт. За оваа промена тие можат да се повикуваат на авторитетот на отците и на преданијата, но постапувајќи така, го побиваат токму она начело што ги изделува од Рим - дека „Библијата, и само Библијата, е вера на протестантите” Секој приврзаник на Рим може да види дека протестантите се лажат самите себеси и дека во овој случај намерно ги затвораат очите пред фактите. Кога движењето во корист на празнувањето на неделата наидува на одобрување, приврзаниците на Рим се радуваат, знаејќи дека со текот на времето целиот протестантски свет ќе дојде под знамето на Рим. GCMkd 350.1

Приврзаниците на Рим изјавуваат дека „празнувањето на неделата од страна на протестантите е почит кон авторитетот на Католичката црква, макар и против нивна сопствена волја” (Mgr. Segur, Plain Talk About the Protestantism of Today, page 213). Озаконувањето на празнувањето на неделата во протестантските цркви значи озаконување на обожавање на папството - ѕверот. Оние што го сфаќаат барањето на четвртата заповед, па сепак, ја празнуваат лажната, наместо вистинската сабота, со тоа и се клањаат на онаа власт, по чијашто наредба е извршена таа промена. Но токму со тоа што црквите со помош на световните власти сакаат да ги присилат луѓето да извршуваат верски должности, тие сами му прават икона на ѕверот; според тоа, присилувањето да се празнува неделата е присилување да се почитува ѕверот и неговата икона. GCMkd 350.2

Но христијаните во минатите векови ја празнувале неделата мислејќи дека ја празнуваат библиската сабота. И денеска уште има вистински христијани во различни христијански цркви, па и во римокатоличката, кои искрено веруваат дека неделата е од Бога одредената сабота. Бог ја прима нивната искрена намера и нивната чесност. Но, кога празнувањето на неделата ќе биде наметнато со закон и кога светот потполно ќе биде упатен и просветлен во врска со должностите кон вистинската сабота, тогаш сите што ќе ја прекршат Божјата заповед за да ја послушаат наредбата на Рим, со тоа ќе му дадат поголема почит на папството отколку на Бога. Тие го почитуваат Рим и власта што наредува да се почитува установата што ја вовел Рим. Тие му се клањаат на ѕверот и на неговата икона. Кога луѓето ќе ја отфрлат установата за која Бог рекол дека е знак на неговата моќ, а наместо неа ја почитуваат онаа што ја избрал Рим да биде знак на неговата врховна власт, тие на тој начин примаат знак на верност кон Рим - „жиг на ѕверот”. Се додека ова прашање не биде отворено изнесено пред луѓето и се додека од нив не биде побарано да бираат меѓу Божјите и човечките заповеди, оние што ќе продолжат да ги кршат заповедите, ќе примат „жиг на ѕверот”. GCMkd 350.3

Најстрашна закана, што кога и да е му е упатена на смртниот човек, се наоѓа во третата ангелска вест. Сигурно тоа е страшен грев поради кој се излева врз главите на виновниците Божји гнев непомешан со милост. Луѓето не смеат да останат во темнина во врска со овој мошне важен предмет. Предупредувањето против овој грев треба да му се објави на светот уште пред излевањето на Божјите судови за сите да можат да знаат зошто тие треба да се излеат и да им се даде можност да ги избегнат. Пророштвото кажува дека првиот ангел му ја објавува својата вест „на секое племе, јазик, колено и народ”. Предупредувањето на третиот ангел, што содржи дел од истата тројна вест, исто така мора да му се објави на цел свет. Според пророштвото, оваа опомена ќе биде објавена „со силен глас” од страна на еден ангел кој лета среде небото и кој ќе го привлече на себе вниманието на цел свет. GCMkd 351.1

На крајот од големиот судир целото христијанство ќе биде поделено на два големи дела - едните ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, и другите му се клањаат на ѕверот и на неговата икона и го примаат неговиот жиг. Иако црквата и државата ќе ја соединат својата моќ да ги присилат „сите мали и големи, богати и бедни, слободни и робови” да примат „жиг на ѕверот” (Откровение 13,16), сепак, Божјиот народ нема да го прими. Пророкот уште на Патмос ги видел „победниците над ѕверот и над неговата икона и на бројот на неговото име како стојат на етакленото море и имаат Божји харфи, и ја пееја песната на Божјиот слуга, Мојсеј, и песната на Јагнето” (Откровение 15,2.3). GCMkd 351.2

*****