_______________
№ Секаде каде што Божјата реч верно се објавуваше резултатите сведочеа за нејзиното божествено потекло. Божјиот Дух ја придружуваше веста на своите слуги и Речта влијаеше силно. Грешниците чувствуваа дека совеста ги укорува за нивните престапи. „Вистинската светлина што го расветлува секој човек” ги расветли скриените катчиња на нивните души и ги откри скриените дела на темнината. Нивните души и срца ги обзеде длабока жалост. Станаа свесни за гревот, за правдата и за судот што доаѓа. Сфатија дека Господ е праведен и ги опфати страв што ќе мораат да се појават пред Истражувачот на срцето со својата вина и нечистотија. Со страв во својата душа извикнаа: „Кој ќе ме избави од ова смртно тело?” Кога им беше откриен крстот на Голгота со својата неизмерна жртва за гревовите на човештвото, увидоа дека само Христовите заслуги можат да ги отстранат нивните престапи. Само тоа може да го помири човекот со Бога. Со вера и со понизност го примија Божјето Јагне што ги носи гревовите на светот. Со Христовата крв добија „проштавање на минатите гревови”. GCMkd 360.1
Овие души донесоа родови достојни на покајанието. Поверуваа, потоа се крстија и почнаа да живеат нов живот - како нови созданија во Исуса Христа, не да живеат според своите поранешни желби, туку со вера во Божјиот Син да одат по неговите стапки, да го одразуваат неговиот карактер и да се исчистат како што е Тој чист. Она што некогаш го мразеле, сега го сакаа, а она што некогаш го сакале, сега го мразеа. Некогаш горди и самоуверени, станаа кротки и со понизно срце. Суетните и дрските станаа скромни и сериозни. Хулниците се исполнија со стравопочит, пијаниците се истрезнија, а развратниците станаа морални. Ја отфрлија суетната мода на овој свет. Како вистински христијани, тие не бараа „надворешен накит - плетење на косите, китење со злато и облекување во раскошни фустани”, туку нивниот украс беше скриен - „срце облечено во нераспадлив накит, кроток и мирен дух - што е драгоцено пред Бога” (1. Петрово 3,3-4). GCMkd 360.2
Движењата за оживување на верата предизвикаа темелно самоиспитување и понизност. Тие се одликуваа со свечен и сериозен повик упатен до грешниците, со иекрена сомилост кон оние што се откупени со Христовата крв. Мажи и жени се молеа и се бореа со Бога за спасение на душите. Плодови на ваквите будења можеа да се видат кај душите што не се плашеа од самопрегор и жртви, туку се радуваа што се удостоија да трпат поради Христа срам и искушенија. Во животот на оние што го признаваа Исусовото име се забележуваше промена. Нивното влијание ја оживуваше нивната околина. Тие собираа со Христа и сееја во Духот за да пожнеат вечен живот. GCMkd 361.1
За нив можеше да се каже: „Жалоста, која е по Божја волја, создава покајание за спасение, а световната жалост создава смрт. Зашто, ете, токму тоа што се ожалостивте по Божја волја, создаде кај вас не само голема сериозност, туку и одбрана, негодување, страв, копнеж, ревност и казнување. Со тоа на сите им покажавте дека сте чисти” (2. Коринќаните 7,10.11). GCMkd 361.2
Тоа е резултат на дејствувањето на Божјиот Дух. Преродбата е доказ за вистинското покајание. Ако грешникот го исполни ветувањето, ако го врати она што го украл, ако ги признае своите гревови, ако го љуби Бога и своите ближни, тогаш може да биде сигурен дека нашол мир со Бога. Такви плодови ги придружуваа верските будења во поранешните години. Судејќи по тие плодови, се гледаше дека Бог ги благослови тие будења заради спасение на човечките души и за издигнување на човештвото. GCMkd 361.3
Но многу будења во поново време видливо се разликуваат во врска со манифестацијата на божествената милост што се покажуваше во минатите времиња во работата на Божјите слуги. Навистина, на сите страни се забележува поголемо интересирање; мнозина признаваат дека се обратиле; се зголемува бројот на верниците на црквата, но сепак, резултатите не се такви за да можат да го оправдаат верувањето дека настанал соодветен пораст на вистинскиот духовен живот. Светлината што ќе засвети и бргу ќе се угасне зад себе остава погуста темнина од онаа што била порано. GCMkd 361.4
Често будење настанува на тој начин што се буди мечтата, се возбудуваат чувствата и се задоволува желбата со она што е ново и возбудливо. Оние што се преобраќаат на овој начин малку сакаат да слушаат за библиските вистини и не покажуваат посебен интерес за сведоштвата на пророците и апостолите. Ако богослужението не содржи ништо возбудливо, тогаш не ги привлекува. Веста што му е упатена на здравиот разум не наидува на никаков одѕив. Јасните опомени на Божјата реч што се однесуваат на нивното вечно добро остануваат незабележани. GCMkd 361.5
За секоја вистински обратена душа односот кон Бога и кон вечните стварности е големо животно прашање. Но каде може во денешните големи цркви да се најде дух на посветување на Бога? Обратените не се откажуваат ниту од гордоста ниту од љубовта кон светот. Тие сега не се во поголема мера расположени да се откажат самите од себе, да го земат на себе својот крст и да го следат благиот и кроток Исус, отколку пред своето преобратување. Религијата станала предмет на потсмев кај неверните и скептиците, зашто мнозина од оние што го носат нејзиното име не ги познаваат нејзините начела. Силата на побожноста во многу цркви речиси изумрела. Излети, црковни претстави, црковни лотарии, убави куќи, лични украсувања - сето тоа ги потиснало мислите за Бога. Мислите се окупирани со имоти, со богатства и со световни работи, а вечните вредности се споменуваат само попатно. GCMkd 362.1
Но, наспроти огромното опаѓање на верата и побожноста, сепак, во овие цркви има вистинеки Христови следбеници. Пред Бог да ги излее своите судови на светот, меѓу неговиот народ ќе се јави такво будење на вистинска побожност, какво што не се видело од времето на апостолите. Врз Божјите деца ќе се излее неговиот Дух и неговата сила. Во тоа време мнозина ќе ги напуштат црквите во кои љубовта кон светот го зазела местото на љубовта кон Бога и кон неговата Реч. Многу проповедници и верници со радост ќе ги прифатат оние големи вистини што ќе ги даде Бог да се објавуваат во тоа време за да го приготват народот за второто Господово доаѓање. Непријателот на душите ќе сака да го спречи ова дело; и пред да настапи времето на тоа движење, ќе се обиде да го осуети со подигање на свои лажни движења. Во оние цркви, во кои сатаната ќе може да ја покажува својата лажна моќ, ќе предизвика уверување дека врз нив е излеан посебен Божји благослов; во нив ќе се покаже големо религиозно будење. Мнозина ќе ликуваат што Бог работи толку чудесно за нив, а всушност тоа дело потекнува од сосем друг дух. Сатаната ќе се обидува под плаштот на вера да го прошири своето влијание врз целиот христијанеки свет. GCMkd 362.2
Во многу движења за оживување на верата што се појавија за време на последните педесет години (напишано во 1911 г., заб. на прев.), помалку или повеќе, на дело беше истото влијание што ќе се покаже во иднина во поголемите движења. Ке се возбудуваат чувствата, вистжната ќе се помеша со лага, што луѓето лесно ќе ги заведе. Но никој не мора да се измами. Во светлината на Божјата реч нема да биде тешко да се утврди каков карактер имаат овие движења. Секаде каде што се занемарува сведоштвото на Библијата и каде што се презираат јасните вистини што бараат самоотка- жување и одвојување од светот, можеме да бидеме сигурни дека тука Бог нема да даде свој благослов. А според правилото што ни го дал Христос: „Ке ги препознаете по нивните плодови” (Матеј 7Д6), лесно ќе се утврди дека овие движења не се дело на Божјиот Дух. GCMkd 362.3
Во вистините на својата Реч Бог им се открил на луѓето самиот себеси, и за сите што ќе ги примат нив, тие се штит против измамите на сатаната. Ако се занемарат овие вистини, се отвора вратата за злото што е толку раширено денеска во верскиот свет. Природата и важноста на Божјиот закон во голема мера се губат од вид. Погрешното сфаќање за карактерот, за траењето и за задолжителноста на Божјиот закон довело до заблуда во врска со преобраќањето и посветувањето, а тоа е и причината за ниската состојба на побожноста во црквите. Овде лежи тајната зошто во будењата на нашето време недостига Дух и Божја сила. GCMkd 363.1
Во разни верски заедници има луѓе кои се одликуваат со побожност. Тие го признаваат овој факт и го жалат. Професорот Едвард Парк го вели следното за општите прилики во Америка: „Еден од изворите на опасноста е немарноста од проповедална да се истакнува Божјиот закон. Во поранешните денови проповедалната беше одглас на гласот на совеста... Натттите најдобри проповедници со своите проповеди покажаа прекрасно достоинство со тоа пгго го следеа примерот на Спасителот и го истакнуваа Законот, неговите заповеди и закани. Често повторуваа две големи начела: дека Законот е одраз на божественото совршенство и дека човекот што не го љуби Законот не го љуби ниту евангелието, зашто Законот, како и евангелието, е огледало што го одблеснува вистинскиот Божји карактер. - Оваа опасност води кон друга, а тоа е дека се потценува злото на гревот, неговата распространетост и неговата казна. Колку што е вистина дека Законот е праведен, толку е вистина дека непослушноста е неправедна... GCMkd 363.2
Слично на овие веќе споменати опасности е и опасноста од потценување на Божјата праведност. Модерниот проповедник настојува божествената праведност да ја оддели од божествената доброта и неговата доброта повеќе да ја сведе на чувство отколку да ја издигне до начело. Новата теолошка призма го разделува она што Господ го составил. Дали Божјиот закон е нешто добро или зло? - Тој е нешто добро. Тогаш и праведноста е добра, зашто таа е наклоност на волјата да го изврши Законот. Од навиката да се потценуваат божествената правда и Законот, како и распространетоста и неминовноста од казнување на човечката непослушност, лесно се паѓа во навика да се потценува милоста што донела помирување за гревот.” На овој начин евангелието во срцата на луѓето ја губи вредноста и важноста и тие набргу се приготвени да ја отфрлат и самата Библија. GCMkd 363.3
Многу верски учители тврдат дека Христос со својата смрт го укинал Законот и дека од сега луѓето се ослободени од неговите обврски. Има и такви кои го прикажуваат како тежок јарем, и наспроти робувањето на Законот, ја истакнуваат неограничената слобода што можат да ја уживаат под евангелието. GCMkd 364.1
Пророците и апостолите светиот Божји закон го гледале сосем поинаку. Давид рекол: „Јас живеам во слобода, зашто ги барам твоите заповеди” (Псалм 119,45). Апостол Јаков, кој пишувал по Христовата смрт, Десетте заповеди ги нарекува „царски Закон”, „совршен Закон на слободата” (Јаков 2,8; 1,25). А писателот на Откровението, повеќе од половина век по Христовото распнување, изговорил благослов над оние „кои ги држат неговите заповеди за да имаат право на дрвото на животот и да можат да влезат низ портите во градот” (Откровение 22,14). GCMkd 364.2
Тврдењето дека Христос со својата смрт го укинал Законот на својот Отец нема никаков темел. Кога Законот би можел да се промени или да се укине, тогаш Христос не би морал да умре за да го спаси човекот од казната за гревот. Наместо Законот да го укине, Христовата смрт докажала дека тој е непроменлив. Божјиот Син дошол „Законот да го стори голем и славен” (Исаија 42,21). Тој рекол: „Немојте да мислите дека јас дојдов да ги укинам Законот и Пророците.” „Додека не исчезнат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ги снема од Законот, додека не се исполни се” (Матеј 5,17.18). А за себе вели: „Сакам да ја исполнувам волјата твоја, Боже мој, Законот твој го носам длабоко во срцето” (Псалм 40,8). GCMkd 364.3
Божјиот закон е непроменлив веќе по својата природа. Тој е откровение на волјата и карактерот на својот Творец. Бог е љубов, и неговиот Закон е љубов. Негови две начела се љубов кон Бога и љубов кон човекот. „Затоа, љубовта е исполнување на Законот” (Римјаните 13,10). Бог е правда и вистина; тоа е особина и на неговиот Закон. Псалмистот кажува: „Законот твој е вистина”, „зашто сите твои заповеди се праведни” (Псалм 119,142.172). И апостол Павле изјавува: „Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра” (Римјаните 7,12). Ваквиот Закон, кој е израз на Духот и на Божјата волја, мора исто така да биде вечен како и неговиот Творец. GCMkd 364.4
Преобраќањето и посветувањето значат помирување со Бога, што се случува на тој начин кога човекот стапува во хармонија со начелата на Божјиот закон. Во почетокот човекот бил создаден според Божјиот лик. Тој бил во целосна хармонија со природниот Божји закон, а начелата на правдата биле напишани во неговото срце. Но гревот го отуѓил од неговиот Творец. Во него не се гледал веќе Божјиот лик. Неговото срце стапило во непријателство со начелата на Божјиот закон. „Зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот закон, ниту пак може” (Римјаните 8,7). Но „Бог толку го милее светот, што го даде и својот единороден Син”, за човекот да може да се помири со Бога. Со Христовите заслуги човекот може да постигне единство со својот Творец. Неговото срце мора да биде обновено со божествената милост. Тој мора да добие нов живот озгора. Таа промена е ново раѓање, без кое, кажува Исус, човекот „не може да го види Божјето царство”. GCMkd 364.5
Првиот чекор кон помирување со Бога е осведочувањето за гревот. „Гревот е беззаконие”. „Зашто преку Законот доаѓа познавањето на гревот” (1. Јованово 3,4; Римјаните 3,20). За да ја увиди својата кривица, грешникот мора својот карактер да го мери на големиот Божји кантар на правдата. Законот е огледало што го покажува совршенството на еден исправен карактер и го оспособува човекот да ги открие грешките во самиот себеси. GCMkd 365.1
Законот му ги открива на човекот неговите гревови, но не дава никаков лек за нив. Додека на послушните тој им ветува живот, во исто време објавува дека смртта е плата за престапниците. Само Христовото евангелие може грешникот да го спаси од гревот и од проклетството. Тој мора да се покае пред Бога чијшто Закон го престапил и да покаже цврста вера во Христа како голема жртва на помирување. Со тоа добива „проштавање на минатите гревови” и станува учесник во божествената природа. Тој е Божје дете, зашто примил Дух на посинување со кој вика: „Ава, Оче!” GCMkd 365.2
Но, дали сега нему му е дозволено да го престапува Божјиот закон? Павле прашува: „Го укинуваме ли Законот со верата?” Потоа одговара: „Во никој случај! Напротив, со тоа Законот го утврдуваме.” „Ние, кои умревме за гревот, како уште ќе живееме во него?” (Римјаните 3,31; 6,2). А Јован вели: „Љубовта кон Бога значи ова: да ги држиме неговите заповеди, а неговите заповеди не се тешки” (1. Јованово 5,3). Со новото раѓање срцето стапува во хармонија со Бога и во хармонија со неговиот Закон. Кога кај грешникот ќе настане оваа голема промена, тогаш тој преминал од смртта во живот, од гревот во светост, од престапот и бунтот во послушност и верност. Престанал стариот живот на отуѓување од Бога; почнал нов живот на помирување, живот со вера и љубов. Тогаш во нас се исполнува „правдата на Законот”, зашто „не живееме според телото, туку според Духот” (Римјаните 8,4). Тогаш душата вели: „Колку го љубам твојот Закон! По цел ден мислам на него” (Псалм 119,97). GCMkd 365.3
„Законот Господен е совршен, ја крепи душата” (Псалм 19,7). Без Законот човекот нема вистински поим за Божјата светост и чистота и за својата лична кривкца и нечистота. Тој не е вистински осведочен за гревот и не чувствува потреба од покајание и преобраќање. Бидејќи не се чувствува загубен како престапник на Божјиот закон, не е ниту свесен дека му е потребна Христовата крв на помирување. Тој се надева во спасение без целосна промена на срцето и без промена на животот. Оттаму има многу површни преобраќања и мнозина се приклучуваат кон црквата а никогаш да не се соединиле со Христа. GCMkd 366.1
Погрешните теории за посветувањето, што се јавуваат поради занемарувањето или отфрлањето на Божјиот закон, заземаат значајно место во денешните верски движења. Овие теории се лажни во науката и опасни во своите практични резултати; a фактот што тие наишле на општ одѕив ја истакнува уште повеќе потребата сите јасно да разберат што учи Светото писмо во врска со ова прашање. GCMkd 366.2
Вистинското посветување е библиска наука. Апостол Павле вели во своето послание упатено до црквата во Солун: „Ова е волја Божја: да бидете светиИ тој ги моли: „А сам Бог, изворот на мирот, исцело нека ве посвети” (1. Солуњаните 4,3; 5,22). Библијата јасно учи што е тоа посветување и како може да се постигне. Спасителот се молел за своите ученици: „Посвети ги со вистината; речта твоја е вистина” (Јован 17,17.19). А Павле учи дека верните ќе бидат посветени со Светиот Дух (Римјаните 15,16). Што е задача на Светиот Дух? Исус им рекол на учениците: „ А кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве упати во сета вистина” (Јован 16,13) . И псалмистот вели: „Сите твои заповеди се веродостојни” (Псалм 119,86). Со Божјата реч и со Божјиот Дух на човекот му се откриваат големите начела на правдата што се олицетворени во Божјиот закон. Бидејќи Божјиот закон е „свет, праведен и добар”, а тој е одраз на божественото совршенство, тоа значи дека и карактерот што се развива со послушноста на овој Закон ќе биде свет. Христос е совршен пример на ваков карактер. Тој кажал: „Јас ги одржав заповедите на мојот Отец.” „Јас секогаш го правам она што нему му годи” (Јован 15,10; 8,29). Христовите следбеници треба да бидат слични со него - со Божја мжлост треба да изградат карактер што ќе биде во хармонија со начелата на неговиот свет Закон. Тоа е библиско посветување. GCMkd 366.3
Ова дело може да се изврши само со вера во Христа и со силата на Божјиот Дух. Павле ги советувал верните: „Градете го своето спасение со страв и трепет. Зашто Бог е оној кој ве поттикнува да сакате и да дејствувате според неговата волја” (Филипјаните 2.12.13). Христијашшот ќе го привлекува гревот, но тој постојано ќе се бори против него. Овде е потребна Христова помош. Човечката слабост се здружува со божествената сила и верата триумфира: „Слава на Бога кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос” (1. Коринќаните 15,57). GCMkd 366.4
Светото писмо јасно покажува дека делото на посветување е постепено. Кога грешникот ќе се преобрати и ќе најде мир со Бога преку крвта која чисти, дури тогаш тој го почнал христијанскиот живот. Сега тој мора да се стреми „кон совршенство”, кон совршен човек, „до мерата на растот на Христовата полнота” (Ефесците 4.13) . Апостол Павле пишува: „Но сепак, правам едно: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене; трчам кон целта, за наградата на горното призвание од Бога во Христа Исуса” (Филипјаните 3,13.14). А Петар ги наведува скалилата по кои се доаѓа до библиско посветување: „Токму заради ова, вложете ја сета своја сила и исполнете ја својата вера со доблест; а доблеста со знаење; а знаењето со самоконтрола; а самоконтролата со трпение; а трпението со побожност; а побожноста со братољубие; а братољубието со љубов.... Имено, ако го правите тоа, никогаш нема да се сопнете” (2. Петрово 1,5-10). GCMkd 367.1
Оние кои сами го искусиле вистинското библиско посветување, во се ќе покажат понизен дух. Како и Мојсеј, и тие го виделе прекрасното величество на светоста и ја увиделе својата лична недостојност во споредба со чистотата и со возвишеното совршенство на Вечниот. GCMkd 367.2
Пророк Даниел е пример на вистинско посветување. Неговиот долг живот бил исполнет со благородна служба на Господа. Тој за Небото бил „мил човек” (Даниел 10,11). Но наместо да тврди дека е свет и чист, овој почитуван пророк себеси се вбројува меѓу вистински грешниот Израел кога посредувал пред Бога за својот народ: „Ние не те молиме заради нашата праведност, туку заради твојата голема милост...” „Ние згрешивме, ние зло сторивме.” Понатаму продолжува: „Јас уште зборував, молејќи се и признавајќи ги моите гревови и гревовите на мојот народ Израел.” А во една друга пригода, кога му се јавил Божјиот Син, рекол: „Изнемоштив, лицето ми побледи, се обезобрази, силата ме напушти” (Даниел 9,18.15.20; 10,8). GCMkd 367.3
Kora JOB ГО слушнал Господовиот глас од виорот, извикнал: „Затоа јас се откажувам и се каам во прав и пепел” (Книгата за JOB 42,6). Kora Исаија во свое време ја видел славата Господова и херувимите што ликувале: „Свет, свет, свет е Господ над војските”, извикнал: „Леле, загинав!” (Исаија 6,3.5). Кога Павле бил однесен до третото небо и кога слушнал неискажливи зборови, што не може да ги изговори ниту еден човек, самиот за себе зборувал како „за најмалечок од сите свети” (2. Коринќаните 12,2-4; Ефесците 3,8). А омилениот Јован, кој лежел на Исусовите гради и ја видел неговата слава, паднал како мртов пред нозете на ангелот (Откровение 1,17). GCMkd 367.4
Оние што живеат во сенката на крстот од Голгота не се воздигаат и кај нив нема фаленичко тврдење дека се без грев. Тие се свесни дека нивниот грев предизвикал душевен страв што го скршил срцето на Божјиот Син, и таа помисла ги води кон понизност. Тие што живеат во тесна заедница со Исуса најдобро ги познаваат слабостите и гревовите на човештвото, а нивна единствена надеж се заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител. GCMkd 368.1
Посветувањето што се јавува денеска во христијанскиот свет носи во себе дух на самоизвишување и рамнодушност кон Божјиот закон, кој го прикажува како нешто туѓо во однос на библиската вера. Неговите приврзаници учат дека посветувањето е дело со кое, единствено со вера, одеднаш, се постжгнува совршена светост. „Само верувај” велат тие, „и ќе примиш благослов.” He се потребни никакви натамошни напори од оној што ги прима благословите. Тие во исто време ја негираат важноста на Божјиот закон и тврдат дека се ослободени од обврските да ги држат заповедите. Но, зар е можно луѓето да станат свети и да бидат сообразени со волјата и карактерот Божји без прифаќање на начелата што се израз на Божјата природа и волја и кои покажуваат што му е нему угодно? GCMkd 368.2
Желбата за една лесна религија која не бара никаков напор, самосовладување ниту напуштање на лудостите на светот - науката за верата, па и самата вера, ги направила популарни. Но што кажува Божјата реч? Апостол Јаков вели: „Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси?” „Сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е бесплодна? Нашиот татко, Аврам, не беше ли оправдан преку делата кога го принесе својот сжн, Исак, на жртвеникот? Гледаш ли дека верата соработуваше со неговите дела и преку делата верата стана совршена?” „Ете, човекот се оправдува преку дела, а не единствено преку вера” (Јаков 2,14.20-22.24). GCMkd 368.3
Сведоштвото на божествената Реч и се противи на оваа опасна наука за вера без дела. Да се бара небесна наклоност, а да не се исполнуваат условите под кои можеме да постигнеме милост, тоа не е вера туку дрскост; зашто вистинската вера има свој темел во ветувањата и во прописите на Светото писмо. GCMkd 368.4
Никој нека не се лаже верувајќи дека може да стане свет додека намерно престапува некоја Божја заповед. Гревот што свесно го правиме го замолкнува гласот на Светиот Дух и го одделува човекот од Бога. Грев е престап на Законот, а „секој што греши (го престапува Законот), не го видел Hero ниту го познал” (1. Јованово 3,6). Иако Јован во своите посланија толку опширно зборува за љубовта, тој сепак, не се притеснува да го открие вистинскиот карактер на оние што тврдат дека се свети а живеат во престап на Божјиот закон. „Оној кој вели: To знам‘, а не ги држи неговите заповеди, лажливец е и вистината не е во него. А кој ја извршува неговата Реч, во него Божјата љубов навиепша постигнала совршенство. Според ова знаеме дека сме во него” (1. Јованово 2,4.5). Овде лежи камен-сопката на сечија вера. Ние не можеме ниту еден човек да го сметаме за свет додека не сме го измериле со единственото божествено мерило на светоста на небото и земјата. Ако луѓето не ја признаваат важноста на моралниот Закон, ако ги омаловажуваат Божјите заповеди и лекомислено се однесуваат кон нив, ако ја престапуваат дури и најмалечката од овие заповеди, и така ги учат другите, Бог ќе ги емета за недостојни, и тогаш можеме да знаеме дека нивното тврдење оти се свети е неосновано. GCMkd 368.5
Оној што тврди дека е без грев, со тоа докажува дека е далеку од светоста. Тој нема вистински поим за Божјата неизмерна чистота и светост и за она што треба да станат оние кои сакаат да го одразуваат неговиот карактер; тој нема вистински поим за чистотата и за возвишената Исусова нежност, а ниту за злобата на гревот, и затоа самиот себеси се смета за свет. Колку подалеку е од Христа, колку понеточни се неговите поими за карактерот и за Божјите барања, толку поправеден ќе изгледа во своите сопствени очи. GCMkd 369.1
Посветувањето што го истакнува Светото писмо го опфаќа целото суштество - духот, душата и телото. Павле се молел за Солуњаните целиот нивни „дух, душата и телото да бидат залазени целосни и беспрекорни при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос” (1. Солуњаните 5,23). На друго место тој им пишува на верните: „Браќа, ве молам, заради Божјата милост, да ги принесете вапште тела како жива и света богоугодна жртва” (Римјаните 12,1). GCMkd 369.2
Во времето на стариот Израел секоја жртва што му се принесувала на Господа внимателно се испитувала. Ако би се пронашла каква било мана на животното за жртва, тоа не се примало, зашто Бог одредил жртвата да биде „без мана”. Така на христијаните им е наредено да ги дадат своите тела „како жива и света богоугодна жртва”. За да можат да го прават тоа, сите нивни сили мора да бидат сочувани во најдобра состојба. Секоја постапка што ја намалува човековата телесна или душевна сила го онеспособува за служба на неговиот Творец. Може ли на Бога да му биде угодно кога му жртвуваме нешто што не е најдобро? Христос рекол: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце.” Оние што го љубат Господа со сето свое срце ќе настојуваат да му служат со сиот свој живот и постојано ќе се трудат секоја способност на своето битие да ја сообразат со законите што ќе ги усовршат нивните способности да ја извршуваат неговата волја. Тие нема да им попуштаат на желбите и страетите за да ја намалат или да ја осквернат жртвата што му ја принесуваат на својот небесен Отец. GCMkd 369.3
Петар вели: „Да се воздржувате од телесните похоти кои војуваат против душата” (1. Петрово 2,11). Секое грешно задоволство ги отапува умните сили и ги ослабува душевните и духовните способности, така што Божјата реч или Светиот Дух не можат да влијаат врз срцето. Павле им пишувал на Коринќаните: „Да се исчистиме од секоја духовна и телесна нечистотија, усовршувајќи ја својата светост во Божји страв” (2. Коринќаните 7,1). А кон плодовите на Духот кои се: „љубов, радост, мир, трпение, доброта, милост, вера, кротост”, додава и „воздржливост” (Галатите 5,22.23). GCMkd 370.1
А колкумина од нив, кои се викаат христијани, наспроти овие вдахновени опомени, ги ослабуваат своите сили во потера по разни добивки и со коленичење пред модата! Колкумина од нив го понижуваат своето човечко достоинство со ненаситно јадење, со пијанство и со забранети уживања! А црквата, наместо да го жигоса ова зло, уште и го охрабрува, оддавајќи се и самата на уживања, на желба за добивка и на разни задоволства за да ја наполни својата благајна, што љубовта кон Христа не може да им го осигури. Кога Исус би влегол во денешните цркви и таму би го видел она несвето однесување и онаа несвета трговија што се прави во име на верата, зар не би ги истерал овие сквернители како некогаш што ги истерал менувачите на пари од храмот? GCMkd 370.2
Апостол Јаков вели дека мудроста што доаѓа озгора „пред се е чиста” (Јаков 3,17). Кога Јаков би ги сретнал оние што го земаат светото име на Исуса во својата со тутун извалкана уста, чиишто тела и здив се проникнати со овој одвратен мирис и кои со него го трујат небесниот воздух и сите околу себе ги присилуваат да го вдишуваат тој отров - зар апостолот на чистото евангелие не би го осудил овој одвратен обичај како световен, сетилен и ѓаволски? Робовите на тутунот можат да тврдат дека се свети, можат да зборуваат за својата надеж за небото, но Божјата реч јасно кажува: „Во него нема да влезе ништо нечисто” (Откровение 21,27). GCMkd 370.3
„Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух кој е во вас, кого го имате од Бога, па дека не си припаѓате на себеси? Зашто скапо сте платени. Затоа, прославете го Бога во своето тело” (1. Коринќаните 6,19.20). Оној, чиешто тело е црква на Светиот Дух, никогаш нема да биде роб на некоја штетна навика. Неговите сили му припаѓаат на Христа кој го откупил со својата крв. Се што има му припаѓа на Господа. Како може да биде без вина ако го растури ова доверено му добро? Многу христијани секоја година трошат огромни суми на бесполезни и штетни уживања, додека души пропаѓаат поради недостиг од лебот на животот. Бог е закинуван во приносите и даровите затоа што луѓето повеќе трошат на олтарот на штетните уживања отколку што даваат за помагање на сиромасите или за ширење на евангелието. Кога сите што тврдат дека се Христови следбеници навистина би биле посветени, тогаш нивните средства, наместо да бидат потрошени на некорисни и штетни задоволства, би влегле во Господовата благајна, и христијаните би биле пример на умереност, самооткажување и самопрегор. Тогаш тие би биле светлина на светот. GCMkd 370.4
Светот се оддал на задоволување на своите желби - со него управуваат „жедта на телото, жедта на очите и суетната гордост на животот” Но Христовите следбеници имаат посвет повик: „Затоа, излезете од сред нив и одвојте се - вели Господ, не допирајте се до нечисто, и јас ќе ве примам” (2. Коринќаните 6,17). Во светлината на Божјата реч слободно можеме да изјавиме дека посветувањето не може да биде вистинско ако не доведе до целосно откажување од грешните желби и од телесните задоволства. GCMkd 371.1
На оние што ги исполнуваат условите: „Затоа, излезете од сред нив и одвојте се... и не допирајте се до нечисто41, Бог им ветува: „И јас ќе ви бидам татко, а вие ќе ми бидете синови и ќерки, вели Господ Седржителот” (2. Коринќаните 6,17.18). Предимство и должност на секој христијанин е да има богато искуегво во Божјите работи. „Јас сум светлина на светот”, рекол Спасителот, „кој ме следи мене, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот” (Јован 8,12). „Животниот пат на праведните е како светлина во раните мугри која се појасно и поблескаво свети додека сосем не се раздени” (Мудри изреки 4,18). Секој чекор на верата и послушноста душата ја доведува во потесна врска со Светлината на светот, во која „нема никаква темнина”. Сјајните зраци на Сонцето на правдата ги осветлуваат Божјите слуги и тие треба да ја одблеснуваат неговата светлина. Како ѕвездите што ни зборуваат дека на небото постои големо видело што ги осветлува, така и христијаните мораат да знаат дека на престолот на вселената седи Бог чијшто карактер е достоен за слава и за пример што треба да се следи. Кај неговите сведоци ќе се откријат плодовите на неговиот Дух, чистотата и светоста на неговиот карактер. GCMkd 371.2
Во посланието до Колошаните Павле ги опишува богатите благослови што им се ветени на Божјите деца: „Затоа и ние... не престануваме да се молиме за вас и да бараме да се исполните со познавањето на неговата волја со секаква мудрост и духовно разбирање за да живеете достојно за Господа и да му бидете по волја во се; принесувајќи плодови во секое добро дело и растејќи во познавањето на Бога; зајакнати со сета сила, согласно со неговата славна моќ, за секаква непоколебливост и трпение со радост” (Колошаните 1,9-11). GCMkd 372.1
Павле повторно пишува за својата желба браќата во Ефес потполно да ја запознаат возвишеноста на христијанските предимства. Со најјасни изрази им ја открива прекраената моќ и сознанието што би можеле да ги уживаат како синови и ќерки на Севишниот. Нивно предимство е да можат да се засилат „со сила во внатрешниот човек преку неговиот Дух”, да бидат „вкоренети и втемелени во љубовта” за да можат „да сфатат со сите свети колкава е ширината, должината, височината и длабочината”, и да ја познаат „Христовата љубов која го надминува знаењето”. Молитвата на апостолот постигнува врвно предимство кога се моли: „Да бидете исполнувани во целата Божја полнота” (Ефесци те 3,16-19). Овде ни се покажува возвишената цел што можеме и ние да ја постигнеме со вера во ветувањата на нашиот небесен Отец ако ги исполниме од него поставените барања. Со Христовата заслуга имаме пристап кон престолот на неизмерната Сила. „Оној кој не го поштеди ни единствениот Син, туку го предаде за сите нас, како не ќе ни подари и се друго заедно со него?” (Римјаните 8,32). Отецот на евојот Син му го дал својот Дух без мера; и ние можеме да бидеме учесници во неговата полнота. Исус вели: „И така, ако вие, кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе небесниот Отец ќе им го даде Светиот Дух на оние кои го молат” (Лука 11,13). „И ако посакате нешто во мое име, јас ќе го сторам.” „Досега ништо не баравте во мое име; барајте и ќе добиете за вашата радост да биде целосна” (Јован 14,14; 16,24). GCMkd 372.2
Иако животот на христијанинот се одликува со понизност, не би требало кај него да се види тага и потиштеност. Ние треба да живееме според Господовата волја за да може да не благослови. Нашиот небесен Отец не сака постојано да чувствуваме дека сме под осуда и во темнина. He е доказ за вистинска понизност ако одиме со наведена глава, а срцето ни е исполнето со мисли за себе. Можеме да дојдеме кај Исуса Тој да не исчисти; тогаш ќе бидеме без срам и гризење на совеста пред Законот. „Затоа, сега нема осуда за оние кои се во Христа Исуса” (Римјаните 8,1). GCMkd 372.3
Co Исусовата заслуга отпаднатите Адамови синови стануваат „Божји деца”. „Зашто и Оној кој осветува, и оние кои се осветени, сите се од еден Татко, и затоа не се срами да ги нарече браќа” (Евреите 2,11). Животот на христијанинот треба да е живот на вера, победа и радост во Бога. „Зашто се што е родено од Бога, го надвладува светот; и ова е победата која го победи светот - нашата вера” (1. Јованово 5,4). Имал право Божјиот слуга Немија кога рекол: „Радоета Господова е ваша сила” (Немија 8,10). A Павле пишува: „Радувајте се секогаш. Молете се постојано и благодарете за се, зашто тоа е Божја волја за вас во Христа Исуса” (Филипјаните 4,4; 1. Солуњаните 5,16-18). GCMkd 373.1
Тоа се плодовите на библиското преобраќање и посветување; но бидејќи христијанскиот свет многу рамнодушно се однесува кон големите начела на правдата откриени во Божјиот закон, затоа тие плодови се гледаат толку ретко. Тоа е причината зошто толку малку се покажува она длабоко и постојано дејствување на Божјиот Дух што ги карактеризираше будењата во поранешните години. GCMkd 373.2
Гледајќи во Господа, ние се преобразуваме. Но бидејќи се занемарени оние свети прописи во кои Бог на луѓето им го открил совршенството и светоста на својот карактер, а вниманието на луѓето го привлекуваат човечките науки и теории, тогаш не е ни чудно што во црквите се појавило опаѓање на вистинската побожност. Господ рекол: „Две зла направи мојот народ: ме остави мене, Изворот на жива вода, и си ископа себеси извори, извори издупчени кои не држат вода” (Еремија 2,13). GCMkd 373.3
„Блазе на оној човек кој не го следи советот на безбожнжците; не оди по патот на грешниците и не седи во друштво на богохулниците; туку, Законот Господов со задоволство го почитува, за неговиот Закон деноноќно размислува! Тој е како дрво засадено крај река, кое својот плод на време го дава и чијшто лист не свенува; во се што прави - тој успева” (Псалм 1,1-3). Единствено ако на Божјиот закон му се врати неговото вистинско место, ќе настане будење на првобитната вера и на вистинска побожност меѓу оние што сметаат дека се Божји народ. „Вака вели Господ: ‘Застанете на некогашните патишта, распрашајте се за исконските патеки: Кој пат води кон добро, па појдете по него и ќе најдете спокојство за своите души’” (Еремија 6,16). GCMkd 373.4
*****