Go to full page →

29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО GCMkd 384

_______________

За мнозина потеклото на злото и причината за неговото постоење е причина за голема збунетост. Тие го гледаат гревот со неговите страшни последици што се јавуваат во вид на јад и очај и се прашуваат како може да постои сето ова под суверено владеење на Оној кој е безмерен во својата мудрост, сила и љубов. Пред нив е тајна што тие не можат да ја одгатнат. Опфатени со сомневања и несигурноет, стануваат слепи за вистините кои се јасно откриени во Божјата реч, за вистините кои се неопходни за спасението. Има луѓе кои во врска со постоењето на гревот се обидуваат да го дознаат она што Бог никогаш не го открил и затоа не можат да најдат решение за своите тешкотии. А оние што се наклонети кон сомневање и критикување тоа го земаат како оправдување за отфрлање на Светото писмо. Други, пак, не можат да најдат решение за овој голем проблем на злото затоа што преданијата и погрешните толкувања ја затемниле библиската наука за Божјиот карактер, за природата на неговото владеење и за начелата на неговото постапување со гревот. GCMkd 384.1

He е можно да се даде такво објаснување за потеклото на гревот со кое би можело да се оправда неговото постоење. Но сепак, за потеклото и за конечната судбина на гревот можеме да сфатиме толку за да ни биде јасна Божјата правда и доброта во врска со неговото постапување со злото. Светото писмо јасно учи дека Бог во никој поглед не е одговорен за појавувањето на гревот и никакво самоволно скусување на божествената милост ниту каква и да е несовршеност во Божјето владеење не дале повод за создавање на бунт. Гревот е неканет дојденик за чиешто постоење не може да се најде причина. Тој е таинствен, необјаснив; да се оправда гревот би значело тој да се брани. Кога би можело за него да се најде оправдување или причина за неговото постоење, тогаш тој би престанал да биде грев. Наше единствено толкување за гревот е она што е дадено во Божјата реч: Гревот е „престап на Законот”; тој е олицетворение на начелата што се во спротивност со големиот Закон на љубовта врз кој се засновува Божјето владеење. GCMkd 384.2

Пред да се појави злото, во целата вселена владееле мир и радост. Се било во целосна хармонија со волјата на Творецот. Љубовта кон Бога била над се, а меѓусебната љубов непристрасна. Христос, Речта, Единородниот од Бога, бил едно со вечниот Отец - едно во природата, во карактерот и во намерите - единствено суштество во целата вселена кое можело да влезе во сите Божји планови и намери, Бог преку Христа делувал при создавањето на сите небесни суштества. „Зашто преку него е создадено се што е на небесата и на земјата; видливо и невидливо, престоли, господства, началства или власт - се е создадено преку него и за него” (Колошаните 1,16). И на Христа, како и на Отецот, цело небо му укажувало преданост. GCMkd 385.1

Бидејќи законот на љубовта е темел на Божјето владеење, блаженството на сите создадени суштества зависело од нивната целосна хармонија со неговите начела на правдата. Бог очекува од сите свои созданија служба од љубов, почит што се темели на вистинекото разбирање на Божјиот карактер. Тој не сака изнудена верност и затоа на сите суштества им дава слободна волја за доброволно да му служат. GCMkd 385.2

Но се нашол еден кој решил да ја злоупотреби оваа слобода. Гревот се појавил во оној кој, покрај Христа, бил најмногу почитуван од Бога и кој меѓу небесните жители бил највисок по моќта и честа. Пред да падне, Луцифер бил херувим засолнувач, свет и чист. „Вака вели Бог: Ти си печат на совршенството, полнота на мудроста и венец на убавината... Ти беше помазан херувим за да осенува, и јас те поставив за тоа; ти беше на светата Божја гора, одеше среде огнени камења. Ти беше совршен на своите патишта, од денот кога беше создаден, се додека не се најде во тебе беззаконие’” (Езекил 28,12.14,15). GCMkd 385.3

Луцифер можел да ја сочува Божјата наклоност, можел да биде сакан и почитуван од сета небесна војска, а сите свои благородни особини можел да ги употреби на благослов на другите и на прослава на својот Творец. Но пророкот вели: „Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја” (Езекил 28,17). Луцифер дозволил кај него постепено да се развие склоност кон извишување на самиот себеси. Бог го укорил: „Бидејќи го изедначуваш своето срце со Божјето” (Езекил 28,6). „А во срцето свое си велеше: ‘Ке се иекачам на небесата, ќе си подигнам себеси престол погоре од Божјите ѕвезди. Ќе царувам на соборната гора на крајниот север. Ќе се вивнам во облачните висини, ќе бидам еднаков со Севишниот’” (Исаија 14,13.14). Наместо да се труди над се да го издигне Бога во мислите и во срцата на Божјите созданија, Луцифер се стремел нивната служба и почит да ги задобие за себе. И бидејќи ја посакал честа што неизмерниот Отец му ја дал на својот Син, овој кнез на ангелите се стремел кон власт на која имал право само Христос. GCMkd 385.4

Цело небо се радувало што ја одблеснувал славата на Творецот и ја величел неговата правда. И додека Бог бил почитуван на овој начин, насекаде владееле мир и радост. Но небесната хармонија ја нарушил еден нехармоничен тон. Извишувањето на самиот себеси и службата себеси, што е во спротивност со планот на Творецот, разбудиле мрачни претчувства кај ангелите на кои прославувањето на Бога им било највисока должност. Небесниот совет расправал со Луцифера. Божјиот Син му укажувал на големината, на добротата и праведноста на Творецот и на светата и непроменлива природа на неговиот Закон. Сам Бог воспоставил ред на небото, a Луцифер со отстапувањето од него би го презрел својот Творец и самиот себеси би се урнал во пропаст. Но опомената, дадена единствено од неизмерна љубов и милост, предизвикала уште посилен дух на противење. Луцифер дозволил со него да завладее завист кон Христа и станувал се поупорен. GCMkd 386.1

Се гордеел со својата слава и се стремел кон превласт. Високите почести што му биле укажувани на Луцифера тој не ги ценел како Божји дар и тие кај него не разбудиле благодарност кон Творецот. Тој се фалел со својата слава и со возвишената положба и настојувал да се изедначи со Бога. Небесните чети го сакале и го почитувале. Ангелите се радувале што можеле да ги извршуваат неговите наредби, а тој повеќе од сите бил надарен со мудрост и слава. Сепак, Божјиот Син бил признат како владетел на небото, во силата и власта еднаков со Отецот. Христос учествувал во сите советувања со Отецот, а на Луцифера не му било дозволено да биде упатен во сите Божји намери. Овој силен ангел се прашувал: Зошто Христос да има највисока власт? Зошто да го почитува и Луцифер? GCMkd 386.2

Напуштајќи го своето место во непосредна Божја близина, Луцифер отишол меѓу ангелите да сее дух на незадоволство. Вршејќи ја својата работа потајно и криејќи ги своите вистински намери под плашт на стравопочит кон Бога, се трудел да предизвика незадоволство кон законите според кои се управуваат сите небесни суштества. Тврдел дека тие се непотребно ограничување. Сатаната докажувал дека ангелите, бидејќи по природа се свети, треба да го слушаат гласот на својата сопствена волја. Настојувал кај нив да предизвика сочувство кон себе, прикажувајќи се така као Бог неправедно да постапувал со него со тоа што на Христа му укажал највисока чест. Тврдел дека, барајќи поголема власт и чест, не оди кон извишување на самиот себеси, туку се труди да им обезбеди слобода на сите жители на небото, за да можат да се издигнат во повисоки сфери на постоење. GCMkd 386.3

Бог во својата голема милост долго го трпел Луцифера. He го отстранил веднаш од неговата висока положба кога почнал да предизвикува дух на незадоволство, па дури ни тогаш кога почнал да ги шири своите бунтовни барања меѓу ангелите. Долго му било дозволено да остане на небото. Често му било нудено проштавање под услов да се покае и да биде покорен. Вложени се такви напори какви што можела да замисли само неизмерната Љубов и Мудрост за да го одврати од неговите заблуди, Никогаш до тогаш на небото не се знаело за незадоволство, Ни сам Луцифер од почеток не знаел каде го водат неговите мисли; тој не ја сфатил вистинската природа на своите чувства. Но кога било докажано дека неговото незадоволство е неоправдано, се уверил оти немал право, дека божествените барања се праведни и дека истите треба да ги признае пред целото небо. Да го сторил тоа, би се спасил не само себеси, туку и многу ангели. Во тоа време уште не ја покажал наполно својата неверност кон Бога. Иако се откажал од својата положба како ангел засолнувач, сепак, тој пак би можел да биде вратен во својата поранешна служба кога би се вратил кај Бога признавајќи ја мудроста на Творецот и задоволувајќи се да го заземе местото што му било понудено епоред големиот Божји план. Но гордоста го спречувала да се покори. Тврдоглаво ги бранел своите постапки, тврдејќи дека не му е потребно покајание и отворено стапил во голема борба против својот Творец. GCMkd 387.1

Ги употребил сите сили на својот јак дух со измама да ги задобие симпатиите на ангелите што биле под негово заповедништво. Дури и фактот што Христос го опоменал и го советувал, го изопачил и го ставил во служба на своите предавнички намери. На оние со кои го врзувала најсрдечна доверба им се жалел дека е неправедно осуден, дека неговата положба не се цени и дека се работи на тоа да му се ограничи слободата. Бидејќи не бил задоволен само со извртувањето на Христовите зборови, почнал да ја искривува вистината и отворено да шири лаги, обвинувајќи го Божјиот Син дека сака да го понижи пред небесните жители, Исто така се обидувал лажно да ги обвини ангелите кои му останале верни на Бога. Сите што не можел да ги заведе и да ги придобие на своја страна ги обвинил дека се рамнодушни кон небесните интереси. Токму за делата што самиот ги правел ги обвинувал оние што му останале верни на Бога. За да ги засили своите обвинувања дека Бог е неправеден кон него, лажно ги претставувал зборовите и делата на Творецот. Негова цел била да ги збуни ангелите со вешто извртување на Божјите намери. Се што било едноставно го обвил во таинственост, а со вешто искривување на фактите предизвикал сомневање кон најјасните Господови изјави. Неговата висока положба, толку тесно поврзана со божественото владеење, му помогнала при неговото претставување и многу ангели биле заведени да му се придружат во бунтот против небесниот авторитет. GCMkd 387.2

Бог во својата мудрост му дозволил на сатаната да го продолжи своето дело додека духот на незадоволство не се претворил во отворен бунт. Намерите на сатаната требало да се откријат во полна мера за сите да можат да ја запознаат нивната вистинска природа и неговите стремежи. Луцифер, како помазан херувим, бил мошне возвишен; небесните суштества многу го сакале и тој имал големо влијание врз нив. Божјето владеење ги опфаќало не само небесните жители, туку и сите други светови што ги создал Тој. Сатаната мислел, ако може да ги вовлече небесните ангели во бунт, тогаш истото ќе може да го стори и со жителите на другите светови. Со голема вештина им го објаснил својот став и употребил лукавство и лага за да ја постигне својата цел. Неговата измамничка сила била мошне јака, а наметнувајќи се со плашт на лага, имал поголем успех. Дури ни верните ангели не можеле наполно да проникнат во неговиот карактер и да видат каде ги води неговото дело. GCMkd 388.1

Сатаната бил толку високо ценет, а сите негови постапки обвиени во таква таинственост, што на ангелите им било тешко да ја откријат вистинската природа на неговата работа. Се додека не се развил потполно, гревот не можел да изгледа толку опасен каков што всушност бил. Се до тогаш гревот немал место во Божјата вселена и светите суштества не знаеле ништо за неговата природа и за неговите стравотии. Тие не би можеле да ги сфатат страшните последици што би настапиле со отстранувањето на Божјиот закон. Сатаната од почеток го криел своето дело признавајќи привидно верност кон Бога. Тврдел дека сака да ја извиши Божјата чест, да ја утврди постојаноста на неговото царство и да ја унапреди благосостојбата на сите небесни жители. Предизвикувајќи незадоволство кај ангелите што му биле потчинети, знаел мошне вешто да се претвора како да сака да го отстрани тоа незадоволство. Кога барал да се извршат промени во Законот и во системот на Божјето владеење, тоа го правел под изговор дека тие се потребни за да се сочува единството на небото. GCMkd 388.2

Во своето постапување со гревот, Бог можел да се послужи само со правдата и вистината. Сатаната го употребувал она што Бог не можел да го употреби - ласкање и измама. Се обидувал да ја искривоколчи Божјата реч, а планот на Божјето владеење погрешно им го претставувал на ангелите тврдејќи дека Бог не е праведен, зашто на небесните жители им поставува закони и прописи и сака самиот себеси да се извиши барајќи од нив покорност и послушност. Затоа пред небесните жители, како и пред сите светови, морало да се докаже дека Божјето владеење е праведно и неговиот Закон совршен. Сатаната настојувал да покаже како самиот тој да сака да ја унапреди благосостојбата на вселената. Бидејќи требало сите да го разберат вистинскиот карактер на овој бунтовник и неговата вистинска цел, на сатаната морало да му биде дадено време потполно да се открие низ своите безбожни дела. GCMkd 388.3

Сатаната неслогата што ја предизвикал со своето лично однесување на небото му ја припишувал на Законот и на Божјето владеење. Објавил дека сето зло е само последица на божественото владеење. Тврдел дека негова цел е да ги усоврши Божјите уредби. Затоа било потребно да му се даде можност да ја покаже природата на своите барања и практичното дејство на своите предложени промени во божествениот Закон. Требало да го осудат самите негови дела. Сатаната од почеток тврдел дека тој не е бунтовник. Затоа требало целата вселена да види дека измамникот е разобличен. GCMkd 389.1

Дури и кога е решено дека сатаната не може повеќе да остане на небото, неизмерната Божја мудрост не го уништила. Бидејќи на Бога може да му биде угодна само служба од љубов, верноста на неговите созданија мора да произлегува од осведочувањето за неговата праведност и доброта. Жителите на небото и на другите светови, бидејќи не биле приготвени да ја сфатат природата и последиците на гревот, не би можеле да ја разберат правдата и Божјата милосрдност кога сатаната веднаш би бил уништен. Кога веднаш би бил уништен, тие на Бога би му служеле повеќе од страв отколку од љубов. Влијанието на измамникот не би било наполно уништено, ниту пак духот на бунтот би бил наполно искоренет. На злото морало да му се дозволи да узрее. За добро на целата вселена во сите времиња било потребно сатаната поцелосно да ги развие своите начела, за сите созданија да можат да ги видат во вистинска светлина неговите обвинувања против божественото владеење со цел правдата, Божјата милост и непроменливоста на Божјиот закон никогаш повеќе да не бидат ставенж под сомневање. GCMkd 389.2

Бунтот на сатаната требало да биде поука за целата вселена во сите времиња и вечно сведоштво за природата и за страшните последици на гревот. Начелата на сатаната и нивното влијание врз луѓето и врз ангелите требало да покажат какви се плодовите на отстранувањето на божествениот авторитет и да посведочат дека со постоењето на божественото владеење и со неговиот Закон е поврзана благосостојбата на сите суштества што ги создал Бог. Така историјата на овој страшен бунт требало да биде постојана заштита за сите свети суштества, да ги сочува од погрешно сфаќање за тоа што значи престапот и да ги заштити од гревот и од неговата казна. GCMkd 389.3

Се до крајот на бунтот на небото, големиот насилнжк постојано се оправдувал. Кога било објавено дека со сите свои приврзаници мора да биде протеран од становите на блаженството, водачот на заговорот дрско го покажал својот презир кон Законот на Творецот. Постојано повторувал дека на ангелите не им е потребен никаков надзор, туку треба да бидат слободни да ја извршуваат евојата сопствена волја која секогаш ќе ги води исправно. Ги критикувал божествените закони како некое ограничување на нивната слобода и изјавил дека негова намера е да го укине Законот, за небесната војска, ослободена од овој јарем, да може да постигне повозвишен и пославен живот. GCMkd 390.1

Еднодушно сатаната и неговите чети сета одговорност за својот бунт ја струполиле врз Христа, тврдејќи дека никогаш не би се побуниле кога не би биле укорени. Упорни и пркосни во своето неверство и напразно обидувајќи се да го оборат Божјето владеење, претставувајќи се богохулно како невини жртви на некаква насилничка власт, бунтовникот и сите негови приврзаници најпосле биле истерани од небото. GCMkd 390.2

Истиот дух што го почнал бунтот на небото, се уште предизвикува бунт на земјата. Сатаната продолжил кај луѓето да се служи со истите средства како и кај ангелите. Во децата на непокорноста сега владее неговиот дух. Како тој, така и тие, се обидуваат да ги урнат оградите на Божјиот закон и на луѓето им ветуваат слобода со престапување на неговите прописи. Карањето на гревот се уште предизвикува дух на омраза и отпор. Кога Божјите опомени влијаат врз совеста на луѓето, сатаната ги гони да се оправдуваат и за својот грешен живот да бараат одобрение од другите. Наместо своите заблуди да ги напуштат, тие пројавуваат нерасположение кон оној што ги кара како тој да е единствената причина за нивните тешкотии. Од денот на праведниот Авел, се до денеска, овој дух се дигал против оние што се осмелувале да го укоруваат гревот. GCMkd 390.3

Сатаната лажно го претставувал Божјиот карактер на небото, прикажувајќи го Бога како строг и насилник, а исто така и на земјата ги завел луѓето на грев. Кога успеал во тоа, тврдел дека Божјите неправедни ограничувања биле причина човекот да падне, како што биле причина и за неговиот бунт. GCMkd 390.4

Ho Вечниот сам го објавил својот карактер: „Господ, Господ, Бог штедар и милостив, долготрпелив, богат со љубов и со верност, им укажува милост на илјадници, поднесува опачност, грев и престап, но не го остава виновникот неказнет” (2. Мојсеева 34,6.7). GCMkd 391.1

Протерувајќи го сатаната од небото, Бог ја покажал својата правда и ја потврдил честа на својот престол. Но, кога човекот згрешил, заведен со измамите на овој отпаднат дух, Бог својата љубов ја покажал со тоа што дозволил неговиот единороден Син да умре за паднатиот човечки род. Во помирувањето се открил Божјиот карактер. Крстот е силен доказ за целата вселена дека патот на престапот на Луцифера во никој случај не може да му се припише на Божјето владеење. GCMkd 391.2

Во борбата меѓу Христа и сатаната за време на службата на Спасителот на земјата е откриен карактерот на големиот измамник. Ништо не можело во толкава мера да го одвои сатаната од љубовта на небесните ангели и од целата верна вселена како неговата свирепа борба против Откупителот на светот. Дрското хулење со кое се осмелил сатаната да бара Христос да му се поклони, неговата сурова смелост со која го однел на високата гора и на врвот на храмот, подмолната намера што се видела во поттикнувањето да скокне од огромната височина, неговата неуморна злоба што го прогонувала од место до место и ги поттикнувала срцата на народот и на свештениците да ја отфрлат неговата љубов и најпосле да викаат: „Распни го, распни го!” - сето тоа предизвикало чудење и гнасење кај вселената. GCMkd 391.3

Сатаната го натерал светот да го отфрли Христа. Кнезот на злото ја употребил сета своја моќ и лукавство да го уништи Исуса, зашто видел дека љубовта и милосрдието на Спасителот, неговото сожалување и нежност, на светот му го откриваат Божјиот карактер. Сатаната оспорувал се што тврдел Божјиот Син и за свои орудија употребил луѓе животот на Спасителот да го исполнат соневолји и со грижи. Лукавствата и лагите со кои се обидувал да го спречи Исусовото дело, омразата што ја покажувале синовите на непослушноста, неговите страшни обвинувања против Оној чијшто живот бил беспримерна служба на доброта - сето тоа потекнувало од длабоката желба за одмазда. Против Божјиот Син на Голгота пламтел разгорен оган на завист и злоба, на омраза и одмазда, додека цело небо со нем ужас ја посматрало оваа сцена. GCMkd 391.4

Откако ја принел големата жртва, Христос се вознел на небото, но не сакал да прими обожавање од ангелите додека не го замолил Отецот: „Оче, сакам оние што ми ги даде да бидат со мене таму каде што сум јас” (Јован 17,24). Тогаш од Божјиот престол дошол одговор со неизмерна љубов и сила: „Да му се поклонат сите Божји ангели” (Евреите 1,6). На Исуса не се нашла никакава дамка. Бидејќи поднел понижувања и жртва, дадено му е име што е над секое име. GCMkd 391.5

Сега за вината на сатаната нема оправдување. Тој е наполно обелоденет: измамник и убиец. Било јаено дека истиот дух, со кој владеел над синовите човечки, кои биле под негова власт, би се открил и на небото кога би му било дозволено да владее над неговите жители. Тврдел дека престапот на Божјиот закон ќе донесе слобода и напредок, а наместо тоа, донел ропство и понижување. GCMkd 392.1

Лажните обвинувања на сатаната против божествениот карактер и против неговото владеење го покажале своето вистинско лице. Бога го обвинувал дека бара покорност и послушност од своите созданија за да се извиши и изјавил дека Творецот, присилувајќи ги сите други на самооткажување, самиот не покажува самооткажување ниту принесува некаква жртва. Сега се видело дека за спасението на паднатиот и грешниот човек Владетелот на вселената дал најголема жртва што може да ја даде само љубовта, „имено, Бог го миреше светот со себе во Христа” (2. Коринќаните 5,19). Понатаму, се видело дека Луцифер, стремејќи се кон чест и превласт, му ја отворил вратата на гревот, а Христос, за да го уништи гревот, се понизил и бил послушен се до смрт. GCMkd 392.2

Бог јасно ја покажал својата одвратност кон начелата на бунтот. Цело небо во осудата на сатаната и во спасението на човекот го видело откровението на Божјата праведност. Луцифер тврдел: Ако Божјиот закон е непроменлив и ако неговата казна е неизбежна, тогаш секој престапник мора за секогаш да ја загуби Божјата наклоност. Тврдел дека грешното човештво не може да биде спасено и дека од таа причина тоа е негов законит плен. Но Христовата смрт била непореклив доказ во прилог на човекот. Законската казна се урнала врз Оној кој бил еднаков со Бога, а човекот можел да ја прифати Христовата праведност и со покајание и понизен живот да го победи сатаната, како што го победил и Божјиот Син. Така Бог е праведен и ги оправдува сите што веруваат во Исуса. GCMkd 392.3

Но Христос не дошол на оваа Земја да страда и да умре само затоа да го спаси човекот. Тој дошол „Законот да го стори голем и славен”. Дошол не само жителите на овој свет да го почитуваат Законот како што треба, туку и на сите светови да им покаже дека Божјиот закон е непроменлив. Кога Законот би можел да се укине, тогаш Божјиот Син не би морал да го жртвува својот живот за да го окае престапот на Законот. Христовата смрт е доказ за непроменливоста на Законот; жртвата што ја принела бесконечната љубов на Отецот и Синот за грешниците да можат да бидат спасени - што единствено можел да го стори овој план на спасение - на целата вселена и покажува дека правдата и милоста се темел на Божјиот закон и на Божјето владеење. GCMkd 392.4

Кога судот ќе заврши, ќе се види дека за гревот не постоела причина. Кога Судијата на сета Земја ќе го праша сатаната: „Зошто се дигна против мене и ми ги отимаше следбениците на моето царетво?”, зачетникот на гревот не ќе може да даде никакво оправдување. Сите усти ќе бидат затворени - бунтовничките чети ќе стојат неми. GCMkd 393.1

Крстот на Голгота е доказ дека Законот е непроменлив. Тој исто така на светот му објавува дека плата за гревот е смрт. Последниот извик на Спасителот: „Се сврши!” одекнал како посмртно ѕвоно на сатаната. Тогаш големата борба што траела толку долго била решена и конечно е осигурено истребување на гревот. Божјиот Син поминал низ вратата на гробот „за со смртта да го обессили оној кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот” (Евреите 2Д4). Стремежот на Луцифера кон самоизвишување го навел да каже: „Ќе си подигнам себеси престол погоре од Божјите ѕвезди... ќе бидам еднаков со Севишниот.” А Бог кажува: „Затоа, јас ќе те претворам во пепел на земјата... и нема да те има повеќе” (Исаија 14,13.14; Езекил 28,18.19). „Еве, доаѓа денот кој гори како печка; горделивите и злосторниците ќе бидат како стрниште: денот што се ближи ќе ги запали, вели Господ над војските, и нема да им остави ни корен ни гранчиња” (Малахија 4,1). GCMkd 393.2

Целата вселена ќе биде сведок за природата и за последиците на гревот. А неговото целосно уништување кое, да било извршено веднаш на почетокот, би ги уплашило ангелите и на Бога би му нанело срам, сега ќе ја оправда неговата љубов и ќе ја издигне неговата чест пред сите суштества на вселената, кои со најголема радост ја исполнуваат неговата волја и во чиитпто срца е напишан неговиот Закон. Злото никогаш нема веќе да се појави. Божјата реч вели: „Гибелта нема два пати да се подигне” (Наум 1,9). Божјиот закон, што го презирал сатаната како јарем на ропство, ќе биде почитуван како Закон на слобода. Проверените и искушани созданија никогаш веќе нема да отпаднат од својата приврзаничка верност кон Оној чијшто карактер се открил пред нив како непреодолива љубов и бесконечна мудрост. GCMkd 393.3

*****