Go to full page →

38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА GCMkd 472

_______________

„Потоа видов друг ангел како слегува од небото; тој имаше голема власт и земјата се осветли од неговата слава. И извика со силен глас, велејќи: ‘Падна, падна, големиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови и прибежиште на сите нечисти и омразени птици‘.... И чув друг глас од небото како вели: ‘Излези од неа, народе мој, за да не бидеш соучесник во нејзините гревови и да не ги примиш нејзините зла” (Откровение 18,1.2.4). GCMkd 472.1

Ова место во Писмото укажува на времето кога треба да се повтори веста за падот на Вавилон што ја објавуваше вториот ангел (Откровение 14,8), со напомени за расипаноста што навлегла во разни верски заедници кои го сочинуваат Вавилон откако оваа вест првпат е објавена летото во 1844 година. Овде се опишува страшната состојба на верско поле. Со секое отфрлање на вистината духот на луѓето станува помрачен, а нивното срце потврдо, додека не стане отворено за неверство. Наспроти опомените што ги дал Бог, тие ќе продолжат да презираат една од Десетте заповеди додека не бидат заведени во толкава мера што ќе почнат да ги прогонуваат оние кои заповедите ги сметаат за свети. Презирањето на Божјата реч и на неговиот народ значи презирање на Христа. Кога црквите ќе го прифатат спиритистичкото учење, ќе бидат отстранети оградите што му биле наметнати на телесното срце, а вероисповедта ќе стане наметка која ќе покрива најподло беззаконие. Верата во спиритистичките откровенија им ја отвора вратата на лажните духови и на ѓаволските науки и така во црквите ќе се чувствува влијанието на лошите ангели. GCMkd 472.2

За Вавилон и за времето кога се зборува за него во ова пророштво се кажува следното: „Зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините беззаконија” (Откровение 18,5). Вавилон ја наполнил мерката на својата вина и бргу ќе го снајде пропаст. Но Господ има уште свој народ во Вавилон и пред Вавилон да биде казнет со Божјите судови, верните треба да бидат повикани да излезат од него, да не бидат учесници во неговите гревови и да не „паднат под удар на нејзините зла”. Затоа овде станува збор за движење што е претставено со ангел кој слегува од небото, ја осветлува земјата со својата слава и со силен глас ги објавува гревовите на Вавилон. Сообразно со неговата вест, се слуша повикот: „Излезете од неа, народе мој!” Овој повик, во врска со третата ангелска вест, ја сочинува последната опомена што ќе им биде упатена на жителите на Земјата. GCMkd 472.3

Страшен е крајот кон кој оди во пресрет светот. Земните сили што се здружуваат во борбата против Божјите заповеди ќе издадат наредба според која ќе мораат „сите - мали и големи, богати и бедни, слободни и робови” (Откровение 13,16), да се прилагодат кон обичајот на црквата, празнувајќи ја неделата. Сите што ќе одбијат да постапат така, ќе бидат казнети, а најпосле ќе биде објавено дека заслужуваат смрт. Од друга страна, Божјиот закон, кој налага одмор во денот што го одредил Творецот за одмор, бара послушност и се заканува со гнев против сите престапници на тој Закон. GCMkd 473.1

Кога ова прашање на Божјиот закон на луѓето ќе им се изнесе јасно, тогаш секој што ќе го гази тој Закон за да ги послуша човечките наредби, ќе прими жиг на ѕверот. Тој прима знак на верноста кон власта што сака да ја слуша наместо Бога. Небесната опомена гласи: „Секој што ќе му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и прими жиг на своето чело или на својата рака, самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е неразредено во чашата на неговата јарост” (Откровение 14,9.10). GCMkd 473.2

Но никого нема да го стигне Божјиот гнев пред да му биде изнесена вистината, пред да бидат осведочени неговото срце и совест, и пред тој да ја отфрли. Има многу луѓе кои никогаш немале можност да ги слушнат посебните вистини за ова време. Задолжителноста на четвртата заповед никогаш не им била изнесена во вистинска светлина. Бог, кој чита сечие срце и испитува секоја побуда, нема да дозволи ниту еден од оние што бараат да ја запознаат вистината да биде прелаган во врска со исходот на борбата. Наредбата (декретот) нема на луѓето да им биде наметната како на слепи извршители. Секој треба да добие доволно светлина за да може разумно да одлучи. GCMkd 473.3

Празнувањето на седмичниот ден за одмор ќе послужи како голема проверка на верноста, зашто таа вистина посебно е изложена на напади. Кога луѓето ќе бидат ставени пред таа конечна проверка, тогаш ќе биде повлечена линија на разделба меѓу оние што му служат на Бога и оние што не му служат. Додека празнувањето на неделата, во согласност со земните закони, но наспроти четвртата Божја заповед, ќе биде заклетва на верност кон онаа сила што му се противи на Бога, празнувањето на библискиот ден за одмор, во согласност со Божјиот закон, ќе биде доказ за верноста кон Творецот. Така, една група луге, прифакаЈки го знакот на покорност кон земните власти, ќе прими жиг на ѕверот, друга група, избирајќи го знакот на верноста кон божествениот авторитет, ќе прими Божји печат. GCMkd 473.4

Оние што ги проповедаа вистините од пораката на третата ангелска вест често беа прогласувани како предизвикувачи на немири. Нивните преткажувања дека во Соединетите Држави ќе завладее верска нетрпеливост, дека црквата и државата ќе се соединат да ги прогонуваат оние што ги држат Божјите заповеди, беа сметани како неосновани и бесмислени. Се тврдеше дека таа земја не може да биде друго одошто она што била: бранител на верската слобода. Но кога нашироко ќе биде расправано за прашањето на принудно празнување на неделата, сите ќе сфатат дека бргу се приближуваат настаните во кои толку долго се сомневале, па третата ангелска вест ќе остави врз луѓето таков впечаток, каков што никогаш до тогаш не оставила. GCMkd 474.1

Бог во сите времиња праќал свои слуги да го жигосаат гревот како во светот така и во црквата. Но народот сака да му се зборуваат мили работи, зашто чистата и неизвештачена вистина не му е угодна. Многу реформатори во почетокот на својата работа решиле да бидат мошне претпазливи во жигосувањето на гревот во црквата и во народот, Тие се надевале дека со примерот на својот вистински христијански живот народот ќе го вратат на библиската наука. Но врз нив се излеал Божјиот Дух, како и некогаш врз Илија, гонејќи го да ги жигоса гревовите на безбожниот цар и на отпаднатиот народ, па не можеле да се воздржат да не ги објавуваат јасните зборови на Библијата - науката што од почеток се притеснувале да ја проповедаат, Божјиот Дух ги поткренал ревно да ја објавуваат вистината и опасноста што им се заканувала на душите. Ги пренесувале зборовите што им ги дал Бог без страв од последиците и народот бил присилен да ја чуе опомената. GCMkd 474.2

Така ќе се објавува и третата ангелска вест. Кога ќе дојде време да се проповеда со најголема сила, Бог ќе се послужи со понизни орудија, ќе го води умот на оние што се посветиле на неговата служба. Работниците повеќе ќе бидат оспособени со помазание на Светиот Дух отколку со образованието во школите. Луѓе од вера и молитва ќе бидат поттикнати да појдат со света ревност да ги објавуваат зборовите што им ги дава Бог. Гревовите на Вавилон ќе бидат разоткриени. Страшните последици од црковните обичаи што ги наметнувале граѓанските власти, навлегувањето на спиритизмот, тајниот, но брз развој на папската власт - сето тоа ќе биде откриено. Овие свечени опомени ќе го потресат народот. Безброј илјадници ќе слушаат такви зборови какви што уште не слушнале. Со чудење ќе го слушаат сведоштвото дека Вавилон е црквата што паднала поради своите заблуди и гревови и поради отфрлањето на вистината што и е пратена од небото. Кога народот ќе им се обрати на своите поранешни учители со љубопитно прашање: „Дали тоа навистина е така”, нивните проповедници ќе им кажуваат приказни, ќе им зборуваат мили работи со цел да ја смират нивната загриженост и да ја стивнат нивната разбудена совест. Но бидејќи мнозина ќе одбијат да се задоволат само со човечкиот авторитет и бидејќи ќе го бараат библиското начело „Така вели Господ”, мнозинството проповедници, како и фарисеите во старо време, затоа што дошол во прашање нивниот авторитет, гневно ќе кажат дека оваа вест е од сатаната и ќе го подбунат мноштвото да ги малтретира и да ги прогонува оние што ја објавуваат. GCMkd 474.3

Сатаната се лути кога борбата се проширува на нови полиња и кога вниманието на народот се насочува кон погазениот Божји закон. Силата што ја придружува веста ќе ги разгневи сите што и се противат. Свештениците ќе употребат речиси натприродни напори да ја засолнат светлината за да не им свети на нивните стада. Ке се трудат со сите средства што им стојат на располагање да го спречат расправањето за овие важни прашања. Црквата ќе се потпре врз силната рака на граѓанската власт и во тоа католиците и протестантите ќе се соединат. Кога движењето за општо празнување на неделата ќе биде посмело и порешително, тогаш и законот ќе биде повикан на помош против оние што ја празнуваат саботата. Ке им се закануваат со парични казни и со затвор, а на некои ќе им се понудат влијателни места и положби, како и други награди и предимства, за да ги придобијат да се откажат од својата вера. Но нивниот решителен одговор ќе гласи: „Докажете ни ја нашата заблуда со Божјата реч!” Истата оваа молба ја кажал Лутер кога се наоѓал во слични околности. Оние што ќе бидат повикани пред судови силно ќе ја бранат вистината и некои што ќе ги слушаат ќе бидат поттикнати да ги држат сите Божји заповеди. Така светлината ќе осветли илјадници души кои инаку никогаш не би дознале нешто за овие вистини. GCMkd 475.1

Совесната послушност кон Божјата реч ќе се смета за бунт. Заслепени од сатаната, родителите ќе постапуваат строго и сурово со своите деца кои верно ги исполнуваат Божјите заповеди; господарите ќе ги мачат своите слуги кои ги држат Божјите заповеди. Љубовта ќе се излади. Децата ќе бидат лишени од наследството и истерани од дома. Зборовите на Павле: „А сите кои ќе живеат побожно во Христа Исуса ќе бидат прогонувани” (2. Тимотеј ЗД2), буквално ќе се исполнат. Бидејќи бранителите на вистината ќе се противат да ја почитуваат неделата наместо саботата, некои од нив ќе бидат фрлени во затвор, а некои ќе бидат протерани, a со некои ќе се постапува како со робови. На човечкиот ум сето ова сега му изгледа неможно, но кога Божјиот Дух ќе се повлече од луѓето и кога тие ќе стапат под власт на сатаната, кој ги мрази божествените прописи, ќе се случат чудни работи, Срцето може да биде мошне свирепо ако од него исчезне Божјата љубов и страв, GCMkd 475.2

Штом ќе се приближи луњата, мнозина кои верувале во третата ангелска вест, но не биле посветени со послушност кон вистината, ќе го напуштат своето гледиште и ќе преминат во редовите на противниците. Соединувајќи се со светот и земајќи учество во неговиот дух, тие работите ги посматраат речиси во иста светлина како нив, а кога ќе настапи искушението, ќе бидат готови да ја изберат полесната, повеќе популарна страна. Надарени, и со привлечно однесување луѓе, кои некогаш и се радувале на вистината, своите сили ќе ги употребат душите да ги измамат и да ги заведат и ќе станат најголеми напријатели на своите некогашни браќа. Кога тие што ја држат саботата ќе бидат доведени пред судови да одговараат поради својата вера, овие отпадници ќе бидат најдобро оружје на сатаната да ги клеветат и да ги обвинуваат и со лажни извештаи и сомничења ќе предизвикаат гнев кај владетелите против нив. GCMkd 476.1

Во ова време на прогонство ќе биде испитана верата на Божјите слуги. Тие верно ќе ги објавуваат опомените, потпирајќи се единствено на Бога и на неговата Реч. Божјиот Дух, кој дејствува во нивните срца, ќе ги натера да зборуваат. Поттикнати со света ревност и гонети со силата на Божјиот Дух, ќе појдат да ги извршат должностите што им се одредени, не осврнувајќи се на последиците што ќе настапат кога ќе му ја објавуваат на народот речта што им ја доверил Бог. Тие нема да мислат на своите земни интереси, ниту ќе се обидуваат да го сочуваат својот углед или живот. Но, кога ќе ги зафати луња на противење и подбив, некои, надвладеани од силното изненадување, ќе бидат готови да извикнат: „Да знаевме какви ќе бидат последиците на нашите зборови, ние би молчеле.” Тие ќе бидат опколени со тешкотии. Сатаната ќе се устреми врз нив со грозни искушенија. Делото што го презеле ќе изгледа дека ги надминува нивните способности да го извршат. Ке им се заканува опасност да бидат уништени. Одушевувањето што ги крепело ќе исчезне. Да се вратат не можат. Тогаш, свесни за својата немоќ, ќе прибегнат кон Семожниот барајќи сила. Ќе се сеќаваат дека зборовите што ги зборувале не биле нивни, туку на Оној што им заповедал да ја објават опомената. Бог во нивните срца ја всадил вистината и тие не можеле да се воздржат да не ја објават. GCMkd 476.2

Истите искушенија ги преживувале и Божјите луѓе во минатите времиња. Виклиф, Хус, Лутер, Тиндал, Бакстер и Весли барале сите науки задолжително да се испитуваат така што ќе се споредуваат со Библијата, и изјавиле дека ќе се откажат од се што таа го осудува. Против овие луѓе беснеело прогонство со неумолив гнев, па сепак, тие не престанале да ја проповедаат вистината. Секој отсек на црковната историја се одликува со развој на една посебна вистина што била прилагодена кон потребите на Божјиот народ во тоа време. Секоја нова вистина морала себеси да си го расчистува патот наспроти омразата и противењето. Оние што го примиле благословот на нејзината светлина, морале да поминат низ искушенија и неволји. Секогаш кога е потребно, Бог на народот му дава посебна вистина. Кој се осмелува да го спречи нејзиното објавување? Тој им заповеда на своите слуги да му го објават на светот последниот повик на милоста. Тие можат да молчат само по цена на опасност за својата сопствена душа. Божјите весници не смеат никогаш да мислат на последиците. Тие мора да ја исполнат својата должност, а последиците да му ги препуштат на Бога. GCMkd 477.1

Кога ќе настане пожеетоко противење, Божјите слуги ќе бидат повторно збунети зашто ќе им се чини дека тие ја предизвикале оваа неволја. Но совеста и Божјата реч ќе ги убедат дека нивната постапка била исправна; а ако искушенијата и понатаму продолжат, ќе бидат засилени да ги издржат. Борбата ќе биде порешителна и поостра, но со неволјата ќе расте и нивната вера и храброст. Нивно сведоштво ќе биде: Ние не се осмелуваме да и се противиме на Божјата реч ниту да го делиме Божјиот закон на еден суштествен дел и на друг беззначаен за да се здобиеме со наклоност од светот. Господ, на кого му служиме, може да не ослободи. Христос ги победил земните сили; па зар ние да се плашиме од еден веќе победен свет? GCMkd 477.2

Прогонството во своите разни облици е одраз на еден принцип што ќе постои се додека ќе постои сатаната и додека христијанството ќе има животна сила. Ниту еден човек не може да му служи на Бога, а со тоа да не предизвика против себе отпор кај четите на темнината. Лошите ангели ќе се устремат против Hero, вознемирени од неговото влијание да не им го отме пленот од рацете. Грешните луѓе, укорени од неговиот пример, ќе се здружат со лошите ангели и со примамливи искушенија ќе се обидат да го одделат од Бога. Ако не успеат со овие средства, тогаш ќе употребат сила да извршат притисок врз совеета. GCMkd 477.3

Ho се додека Исус се наоѓа во небесното Светилиште како човеков посредник, кај владетелите и кај народот ќе се чувствува влијанието на Светиот Дух кој го задржува гневот. Тој се уште влијае во извесна мера врз земните закони. Кога би ги немало овие закони, состојбата во светот би била многу полоша отколку што е сега. Додека многу владетели се активни орудија на сатаната, Бог има и свои орудија меѓу водачите на народите. Непријателот ги инспирира своите слуги да предлагаат мерки што многу ќе му пречат на Божјето дело; но државниците што се бојат од Господа стојат под влијание на светите ангели со цел на таквите предлози да им се противстават со непобитни докази. На овој начин неколку луѓе ќе ја задржат моќната струја на злото. Противењето на непријателот на вистината ќе биде обуздано за третата ангелска вест да може да го изврши своето дело. Кога ќе биде објавена последната опомена, таа на себе ќе го привлече вниманието на овие луѓе поставени на одговорни места преку кои Господ работи сега и некои од нив ќе ја примат оваа опомена и ќе се приклучат кон Божјиот народ во времето на неволјата. GCMkd 478.1

Ангелот што се придружува кон објавувањето на третата ангелска вест со својата слава ќе ја осветли целата Земја. Овде е преткажано дело со огромен обем и со необична сила. Адвентното движење од 1840 до 1844 година беше прекрасно откровение на Божјата моќ; првата ангелска вест беше однесена до секоја мисионерска станица на светот и во некои земји настана такво верско будење какво што не се видело ниту во една земја од реформацијата во шеснаесеттиот век; но сето тоа ќе го надмине силното движење во текот на последната опомена на третиот ангел. GCMkd 478.2

Ова дело ќе биде слично на она за време на Духовден. Како „раниот дожд” што бил даден при излевањето на Светиот Дух во почетокот на ширењето на евангелската вест, и предизвикал ,ртење на драгоценото семе, така „позниот дожд” ќе се излее при нејзиниот крај за жетвата да узрее. „Да се стремиме да го запознаеме Господа; неговото доаѓање е сигурно како зората. Тој ќе ни дојде како ран дожд, слично на позен дожд што ја натопува земјата” (Осија 6,3). „Синови сионски, радувајте се и веселете се во вашиот Господ Бог, зашто ви дава ран дожд во вистинска мера, излеа врз вас ран и позен дожд како некогаш” (Јоил 2,23). „Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од својот Дух над секого.” „И секој што ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен” (Дела 2,17.21). GCMkd 478.3

Големото дело на евангелието нема да се заврши со помалечка манифестација на Божјата сила од онаа што го придружувала неговиот почеток. Пророштвата што се исполниле со излевањето на раниот дожд во почетокот на евангелието пак ќе се исполнат во позниот дожд и при неговото завршување. Тоа е време на „освежување” за кое се надевал апостол Петар кога рекол: „Покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, та од Господовото присуство да дојдат времиња на освежување и да го прати Исуса, преткажаниот за вас Христос” (Дела 3,19.20). GCMkd 478.4

Божјите слуги, со озарено лице од свето помазание, ќе брзаат од место во место да ја објават небесната вест. Илјадници гласови низ целата Земја ќе ја објавуваат опомената. Ке се прават чуда, болни ќе оздравуваат, а верните ќе ги придружуваат знаци и чуда. И сатаната ќе прави лажни чуда; ќе стори и оган да падне од небото пред луѓето (Откровение 13,13). На овој начин жителите на земјата ќе бидат присилени да се решат за кого ќе се определат. GCMkd 479.1

Веста ќе се шири не толку со докажување колку со длабоко осведочување на Божјиот Дух. Доказите се изнесени. Семето е посеано и сега треба да никне и да донесе род. Списите што ги распространиле евангелските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои евангелската вистина имала длабок впечаток биле спречени вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат насекаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од се друго. Наспроти сатанските сили што се здружиле против вистината, голем е бројот на оние што ќе застанат на Господова страна. GCMkd 479.2

*****