_______________
Таинственото исчезнување на Лутера предизвикало вчудовидување во цела Германија. На сите страни се распрашувале за него. За него се ширеле најнеобични гласови и мнозина мислеле дека е убиен. Настанала голема жалост не само меѓу неговите добри пријатели, туку и меѓу илјадници такви кои уште не зазеле отворен став кон реформацијата. Мнозина свечено се заколнувале дека ќе ја одмаздат неговата смрт. GCMkd 142.1
Папските водачи со ужас констатирале до кој степен пораснало нерасположението против нив. Иако од почеток триумфирале, претпоставувајќи дека Лутер е мртов, набргу посакале да се скријат од гневот на народот. Неговите непријатели не биле толку вознемирени ниту со најсмелите негови дела додека бил меѓу нив колку сега, по неговото исчезнување. Оние кои во својот гнев барале да го уништат реформаторот, сега, кога тој бил беспомошен заробеник, биле обземени од страв. „Единствено средство што ни преостанува да се спасиме”, рекол еден од нив, „е да ги запалиме факлите и да го бараме Лутера по цел свет за повторно да му го вратиме на народот кој го бара” (D’Aubigne, b. 9, ch. 1). Се чинело дека царскиот едикт е немоќен. Папските претставници биле огорчени гледајќи дека овој едикт привлекувал многу помалечко внимание отколку судбината на Лутера. GCMkd 142.2
Веста дека Лутер е на сигурно место, иако заробеник, го смирила стравувањето на народот и предизвикала уште поголемо одушевување во негова полза. Неговите спиеи се читале со поголем интерес од кога и да е порано. Се поголем број луѓе се придружувале кон делото на храбриот човек кој во толку трагични околности ја бранел Божјата реч. Од ден на ден реформацијата станувала се посилна. Семето што го посеал Лутер насекаде никнувало. Неговото отсуство го сторило она што не би можело да го стори неговото присуство. Неговите соработници сега чувствувале сериозна одговорност откако нивниот голем водач бил отстранет. Со голема вера и со нова ревност оделе напред правејќи се што можеле за да не биде спречено и ограничено делото што почнало толку чудесно. GCMkd 142.3
Но и сатаната не бил мрзлив. Сега се обидувал да го стори она што настојувал да го стори кај секое реформаторско движење: народот да го измами и да го упропасти поттурајќи му лажна реформација на местото на вистинската. Како во првиот век што имало во црквата лажни христоси, така и во шеснаесеттиот век се појавиле лажни христоси. GCMkd 143.1
Некои луѓе, длабоко возбудени во религиозниот свет, замислувале дека од небото примиле посебни откровенија и тврделе дека Бог ги повикал да го приведат кон крај делото на реформацијата што го почнал Лутер. Всушност, тие го рушеле она што го изградил Лутер. Го отфрлиле големото начело што било темел на реформацијата - Божјата реч - како единствено правило на верата и животот, а на местото на тој непогрешен водич ставиле променливо, несжгурно мерило на личните чувства и впечатоци. Отфрлајќи го на овој начин средството за откривање на заблудите и измамите, му го отвориле патот на сатаната според своја волја да завладее со човечките умови. GCMkd 143.2
Еден од овие пророци тврдел дека прима упатства од ангелот Гаврил. Друг студент, кој се здружил со него, ги напуштил своите студии изјавувајќи дека сам Бог го надарил со мудрост да ја толкува Божјата реч. И други, кои по природа биле наклонети кон фанатизам, се здружиле со нив. Работата на овие занесеници предизвикала голема возбуда, Проповедите на Лутера насекаде го разбудиле народот да чувствува потреба од реформа, а сега некои навистина чесни души биле заведени со тврдењата на овие нови пророци. GCMkd 143.3
Водачите на ова движење дошле во Витенберг и сакале своето учење да му го наметнат на Меланхтона и на неговите соработници, Му рекле: „Ние сме од Бога пратени да го учиме народот. Со Господа водиме доверливи разговори и ја знаеме иднината; со еден збор, ние сме апостоли и пророци и се повикуваме на доктор Лутер” (Исто, b. 9, ch. 7). GCMkd 143.4
Реформаторите се зачудиле и се збуниле. Во сето тоа имало нешто што никогаш не го доживеале и не знаеле што да преземат. GCMkd 143.5
„Во овие луѓе”, зборувал Меланхтон, „постојат необични духови; но какви се тие духови?... Од една страна, да внимаваме да не го гасиме Божјиот Дух, но од друга, да внимаваме да не не заведе сатанскиот дух“(Исто, b. 9, ch. 7). GCMkd 143.6
Набргу се покажале последиците на новото учење. Светото писмо почнало да се занемарува, па дури и наполно да се отфрла. Во школите настанала забуна. Студентите, презирајќи секој ред, ги оставале своите студжи и ги напуштале универзитетите. Луѓето кои мислеле дека се повикани да го оживеат и да го водат делото на реформацијата, го довеле до работ на пропаста. Приврзаниците на Рим пак се охрабриле и победоносно си велеле: „Уште еден удар и се ќе биде наше” (Исто, b. 9, ch. 7). GCMkd 143.7
Kora Лутер во своето засолниште во Вартбург дознал што се случува, рекол длабоко загрижен: „Секогаш очекував сатаната да ни ја прати таа чума” (Исто, b. 9, ch. 7). Тој го сфатил вистинскиот карактер на тие самоповикани пророци и видел опасност што му се заканувала на делото на вистината. Противењето на папата и царот не му создало толкав немир и грижа колкава што чувствувал сега. Од редовите на божемните пријатели на реформацијата станале нејзини најлоши непријатели. Токму оние вистини што му донеле толку голема радост и утеха, станале причина за раздор и забуна во црквата. GCMkd 144.1
Во делото на реформацијата Лутер бил гонет со Божјиот Дух и одел подалеку отколку самиот што предвидел. He се надевал дека ќе дојде во таква положба во каква што дошол сега и дека ќе спроведе толку темелна реформа. Тој бил само орудие во рацете на Семожниот Бог и често се тресел поради последиците на своето дело. „Кога би знаел”, велел тој, „дека мојата наука ќе му наштети на еден единствен човек, колку и да бил незначителен и неук - што всушност не може да биде, зашто таа е вистинско евангелие - јас побргу би се согласил да претрпам десет пати смрт отколку да не се откажам од неа” (Исто, 9, ch. 7). GCMkd 144.2
А сега Витенберг, центарот на реформацијата, бргу паднал под влијание на фанатизмот и беззаконието. Оваа страшна состојба не ја предизвикала науката на Лутера, па сепак, неговите непријатели од цела Германија вината ја фрлиле на него. Со болка во душата често се прашувал: „Зар тоа може да биде крај на големото реформаторско дело?” (Исто, b. 9, ch. 7). Ho кога сесрдно се помолил на Бога, во неговото срце повторно завладеал мир. „Делото е твое, а не мое”, му велел тој на Бога, „и ти нема да дозволиш него да го уништат фанатизмот и празноверието.” Помислата да остане далеку од борбата во толку критичниот час му станала неподнослива. Затоа решил да се врати во Витенберг. GCMkd 144.3
Без двоумење пошол на овој опасен пат. Непријателите имале право да го убијат, а на неговите пријатели им било забрането да го придружуваат и да го штитат. Царската власт презела најостри мерки против неговите приврзаници. Но тој видел дека делото на евангелието е во опасност и пошол бестрашно во Господово име да се бори за вистината. GCMkd 144.4
Во едно писмо до изборниот кнез, објаснувајќи ја својата намера да го напушти Вартбург, Лутер рекол: „Вашето височество треба да знае дека се враќам во Витенберг под посилна заштита отколку што е заштитата на принцовите и на изборните кнезови. He мислам да барам ваша поддршка и заштита. Побргу би можел јас да ве заштитам вас. Кога би знаел дека вашето височество би сакало и би можело да ме сочува, не би одел во Витенберг. He постои меч што би можел да му помогне на ова дело. Бог мора да стори се, без човечка помош и соработка. Оној што има најголема вера може и најмногу да заштити” (Исто, b. 9, ch. 8). GCMkd 144.5
Во едно друго писмо, пишувано на патот за Витенберг, Лутер изјавил: „Готов сум да поднесам немилост од страна на вашето височество и гнев од целиот свет. Нели жителите на Витенберг се мои овци? Нели Бог ми ги довери мене? He треба ли да бидам подготвен да умрам за нив ако се бара тоа од мене? Освен тоа, се плашам дека во Германија ќе избувне голема револуција со која Бог ќе го казни нашиот народ” (Исто, b. 9, ch. 7). GCMkd 145.1
Тој евојата работа ја почнал претпазливо и понизно, но сигурно и решително. „Со Божјата реч”, зборувал тој, „мораме да го обориме и да го уништиме се она што е подигнато со насилство. Јас не сакам да употребам сила против празноверните и неверните... Никој не смее да биде принуден со сила. Слободното определување е суштина на верата” (Исто, b. 9, ch. 8). GCMkd 145.2
Набргу низ цел Витенберг се пронел глас дека Лутер се вратил и дека ќе проповеда. Народот почнал да се собира од сите страни и црквата била преполна. Стапувајќи на проповедалната, со голема мудрост и благост поучувал, опоменувал и карал. Зборувајќи за оние што се послужиле со насилства за да ја укинат мисата, рекол: GCMkd 145.3
„Мисата е лоша работа. Бог е нејзин непријател; таа треба да се укине и јас би сакал таа по цел свет да се замени со проповедање на евангелската вест. Но никој не треба да се принуди со сила да ја напушти. Да го предадеме тоа во Божји раце. Нека работи Божјата реч, а не ние. А зошто? - ќе прашате. Затоа што јас не ги држам срцата на луѓето во своја рака, како грнчарот што ја држи глината. Ние имаме право да зборуваме, но немаме право да судиме. Да проповедаме, а другото му припаѓа на Бога. Ако употребам сила, што ќе постигнам? Измама, формалност, мајмунство, човечки уредби и лицемерство... Но во тоа нема да има ниту искреност на срцето, ниту вера, ниту љубов. Онаму каде што недостигаат овие три работи, таму недостига се, а јас не давам ниту скршена пара за таков резултат... Бог повеќе постигнува само преку својата Реч отколку кога вие и јас и целиот свет би ги соединиле сите наттти сили. Бог ги освојува срцата, а кога срцето е задобиено, тогаш е се освоено...” GCMkd 145.4
„ Јас ќе проповедам, ќе зборувам, ќе пишувам, но нема никого да го присилувам, зашто верата е доброволен чин. Гледајте што сторив! Јас станав против папата, против продавањето на прошталници и против приврзаниците на папата, но без врева и насилство. Ја издигнав Божјата реч; проповедав и пишував; друго не правев. И додека јас спиев,... оваа Реч, што ја проповедав, го ослаби папството и му нанесе поголема штета од кој и да е кнез или цар во минатото. Сепак, јас не сторив ништо. Сето тоа го стори сама Божјата реч. Да сакав да се послужам со сила, Германија веројатно ќе пливаше во крв, а каков ќе беше резултатот? Пропаст на телото и душата. Затоа останав мирен, и дозволив да работи Божјата реч” (Исто, b. 9, ch. 8). GCMkd 145.5
Секој ден, преку цела седмица, Лутер му проповедал на мноштвото гладно за вистината. Божјата реч ги скршила оковите на фанатизмот. Силата на евангелието ги вратила заталканите на патот на вистината. GCMkd 146.1
Лутер не сакал да се сретне со фанатиците, со причинителите на сето зло. Знаел дека тоа се луѓе со нездраво расудување и со незауздани страсти. Сметајќи дека се посебно просветленн озгора, тие не можеле да поднесат ниту најмалечка противречност, ниту најљубезен укор или совет. Прогласувајќи се себеси за највисок авторитет, барале од сите без поговор да ги признаат нивните погледи. Но бидејќи барале да се сретнат со Лутера, тој се соглаеил да ги прими и во таа пригода толку успешно ги разоткрил нивните намери, што измамниците набргу го напуштиле Витенберг. GCMkd 146.2
Фанатизмот бил задушен за извесно време; но, по неколку годшш избувнал со уште поголема жестокост и со уште пострашни последици. Зборувајќи за овие водачи, Лутер се изразил вака: „За нив Светото писмо е само мртво слово. И сите викаат: ‘Дух, Дух!’ Но бидете уверени дека јас нема да одам таму каде што ги води нивниот дух. Милостивиот Бог нека ме сочува од таквата црква каде што сите се сметаат за светци. Јас сакам да останам овде каде што има понизни, слаби, болни, кои ги познаваат и ги чувствуваат своите гревови, кои воздивнуваат и постојано се молат Бог да им даде утеха и помош” (Исто, b. 10, ch. 10). GCMkd 146.3
Најактивниот меѓу овие фанатици, Тома Минцер, бил човек со големи способности кои, кога би се служел со нив на исправен начин, би му овозможиле да прави добро. Но тој не ги научил ниту првите начела на вистинската религија. „Бил обземен со желба да го реформира светот, заборавајќи, како и многу занесеници, дека со таа реформа треба да почне од себе” (Исто, b. 9, ch. 8). Настојувал да постигне положба и влијание и во таа желба не еакал да попушти пред никого, па дури ни пред Лутера. Изјавил дека реформаторите, ставајќи го авторитетот на Писмото наместо папството, само го измениле обликот на папството. Сам тврдел дека е пратен од Бога да воведе вистинска реформа. „Оној што го има тој дух”, тврдел Минцер, „има вистинска вера, иако никогаш во својот живот не го видел Светото писмо” (Исто, b. 10, ch. 10). GCMkd 146.4
Овие занесени учители, играчки на своите впечатоци, секоја своја мисла ја сметале за Божји глас, со што отишле во крајност. Некои дури ги запалиле своите Библии, велејќи: „Словото убива, а Духот оживува!” Учењето на Минцера ги задоволувало оние што барале чуда, а во исто време било пријатно за нивната горделивост која барала човечките идеи и мислења да се стават над Божјата реч. Илјадници ја примиле неговата наука. Набргу отфрлил секој ред во јавното богослужение, изјавувајќи дека да се слушаат кнезовите значи исто што и обид да му се служи на Бога и на Велијара. GCMkd 147.1
Кога овие луѓе почнале да ги отфрлаат од себе синџирите на папството, не сакале повеќе да ги трпат ниту ограничувањата на граѓанските власти. Превратничката наука на Минцера, која нејзините приврзаници ја сметале за вдахната од Бога, довела до презир на редот и законитоста и им дала мав на предрасудите и страстите. Како последида на тоа се јавиле страшни сцени на буни и насилства: германските полиња биле натопени со крв. GCMkd 147.2
Душевните страдања што ги преживувал порано Лутер во Ерфурд, сега го обзеле со двојна сила поради тешките последици на фанатизмот, што и се припишувани на реформацијата. Римските великодостојници тврделе - а мнозина биле наклонети да им веруваат - дека тој бунт е плод на Лутеровото учење. Иако ова обвинување било неосновано, сепак, реформаторот многу го загрижило. Да се прикажува делото на реформацијата како највисок фанатизам, тоа му се чинело повеќе отколку што можел тој да поднесе. Од друга страна, и водачите на новото движење го мразеле Лутера, зашто тој не само што се противел на нивното учење и на нивните тврдења дека ги води божествено вдахновение, туку дури ги прогласил за бунтовници против граѓанските власти. За да му се одмаздат, тие него го прогласиле за подол измамник. Се чинело дека реформаторот навлекол на себе омраза и од кнезовите и од народот. GCMkd 147.3
Приврзаниците на Рим се радувале, очекувајќи скорашна пропаст на реформацијата. Го напаѓале Лутера дури и за такви грешки што тој со најголема ревност настојувал да ги исправи. Фанатичката партија, тврдејќи дека со неа се постапува неправедно, успеала да ги задобие симпатиите на голем број луѓе; и како често што се случува со оние што ќе појдат по погрешен пат, почнале да се сметаат за маченици. И така тие што енергично станале против реформацијата биле сожалувани и славени како жртви на свирепоста и насилството, Тоа било сатанско дело, поттикнато со истиот бунтовнички дух што се појавил прво на небото. GCMkd 147.4
Сатаната постојано настојува да ги измами луѓето и да ги доведе дотаму гревот да го викаат правда, а правдата грев. Колку успешно било неговото дело! Колку често Божјите слуги се опсипувани со укори и со префрлања затоа што бестрашно се труделе да ја заштитат вистината! Луѓето, кои се само сатански орудија, се фалени и извишувани и дури сметани за маченици, додека оние што би требало да бидат почитувани и потпомагани заради својата верност кон Бога, се препуштени сами на себе и секогаш се под сомневање и недоверба. GCMkd 148.1
Лажната светоет и посветување се уште вршат измама. Во разни облици тоа дело го покажува истиот дух како во деновите на Лутера; тоа и денеска го одвраќа вниманието на луѓето од Светото писмо и, наместо да му се покоруваат на Божјиот закон, ги заведува да ги следат своите чувства и впечатоци, Во тоа лежи еден од најуспешните сатански пронајдоци со кој се служи тој да ја извалка чистотата на вистината. GCMkd 148.2
Лутер бестрашно го бранел евангелието од нападите што доаѓале од сите страни. Во сите овие борби Божјата реч се покажала како силно оружје. Со таа Реч тој се борел против папите и против сколастичката филозофија и со нејзина помош останал цврст како карпа против фанатизмот кој се обидел да ја проникне реформацијата. GCMkd 148.3
Секоја од овие противнички струи на свој начин го отфрлала Светото писмо, а ја издигнувала човечката мудрост како извор на верската вистина и познавање. Рационализмот му се клања на разумот и него го прави темел на верата. Римската црква му признава на папата вдахновение кое во непрекината линија доаѓа од апостолите и за сите времиња е непроменливо. Тоа ефаќање на секој вид разврат и расипаност им дава можност да се скријат под плаштот на апостолско овластување. Вдахновението што го истакнувале Минцер и неговите соработници било плод на нивната вообразба и неговото влијание било уривачко за секој авторитет, човечки или божествен. Напротив, вистинското христијанство Божјата реч ја смета за голема ризница на вдахновени вистини и за кантар на кој се проверува секое вдахновение. GCMkd 148.4
По своето враќање од Вартбург, Лутер го довршил својот превод на Новиот завет и набргу потоа му го предал евангелието на германскиот народ на негов јазик. Овој превод го примиле со голема радост сите што ја сакале вистината, а оние што повеќе ги следеле човечките традиции и човечките заповеди, го отфрлиле со презир. GCMkd 148.5
Свештениците се возбудиле при помислата дека од сега обичниот народ ќе може да расправа со нив за начелата на Божјата реч и дека на тој начин ќе се открие нивното незнаење. Оружјето на нивниот телесен ум било немоќно споредено со духовниот меч. Рим го употребил сиот свој авторитет да го спречи ширењето на Светото писмо. Но декретите, анатемите и мачењата не ја постигнале целта. Колку повеќе Рим ја осудувал и ја забранувал Библијата, народот се повеќе копнеел да дознае што таа учи. Сите што можеле да читаат, станале ревни истражувачи на Библијата. GCMkd 149.1
Тие ја носеле со себе и постојано ја читале и не ја оставале се додека не научиле напамет големи отсеци. Гледајќи со каква љубов е примен Новиот завет, Лутер веднаш почнал да го преведува Стариот завет и истиот го издавал во делови, како кој бил готов. GCMkd 149.2
Спиеите на Лутера се примени со одушевување во градовите и селата. „Она што го пишувал Лутер и неговите пријатели, други го ширеле. Монасите, кога се увериле дека манастирските завети се неосновани, сакале својот поранешен неполезен живот да го заменат со активен живот, но бидејќи самите биле неупатени и не можеле да ја проповедаат Божјата реч, патувале низ покраините, ги посетувале селата и помалечките места и ги продавале Лутеровите списи и списите на неговите пријатели. Набргу Германија била преплавена со овие храбри евангелисти” (Исто, b. 9, ch. 11). GCMkd 149.3
Овие списи ги проучувале со голем интерес богатите и сиромасите, учените и простите. Ноќе селските учители на глас ги читале овие списи во малечки групи, собрани околу огништата. При секој таков напор повеќе души би се увериле во вистината и со радост ја примале Божјата реч, а потоа сами на другите им ја носеле радосната вест. GCMkd 149.4
Така се исполниле вдахновените зборови: „Објавувањето на твоите зборови просветлува и на скромните мудрост им дава” (Псалм 119,130). Проучувањето на Светото писмо внело промена во срцето и умот. Папската власт народот го држела под железен јарем на незнаење и понижување. Строго се придржувале кон надворешните празноверни обичаи, но во сета таа служба умот и срцето имале малку удел. Напротив, проповедањето на Лутера, што имало за цел да ги открие едноставните вистини на Божјата реч, потоа самата Реч, ставена во рацете на народот, ги разбудиле успиените енергии, ја исчистиле и ја облагородиле духовната природа и на умот му дале нова сила и решителност. GCMkd 149.5
Можеле да се видат луѓе од сите сталежи како со Библијата во рака ја бранат науката на реформацијата. Приврзаниците на папата, кои проучувањето на Писмото им го препуштиле на свештениците и калуѓерите, сега ги повикувале нив да го побијат новото учење, Но, не познавајќи ги ниту Писмата ниту Божјата сила, свештениците и калуѓерите биле наполно поразени од оние што ги сметале за заблудени лаици. „За жал”, рекол еден католички писател, „Лутер ги уверил своите следбеници дека не треба да се потпираат на ништо друго освен само на Светото писмо” (D’Aubigne, b. 9, ch. 11). Народот се собирал да слушне како луѓе со скромно образование ја бранат Божјата реч и дури расправаат со учените и речити теолози. Срамното незнаење на овие големи луѓе излегло на виделина кога нивните докази биле соборени со едноставната наука на Божјата реч. Работниците, војниците, жените и децата подобро го познавале Светото писмо отколку свештениците и учените теолози. GCMkd 149.6
Во редовите на учените, а и среде неукиот народ, се забележувала разлика меѓу учениците на евангелието и бранителите на римското празноверие. „Наспроти претставниците на старата хиерархија, кои го занемариле проучувањето на јазиците и книжевностите,... се јавила одушевена и благородна младина, оддадена на студии, на проучување на Писмото, желна да се запознае со ремек-делата на старината. Надарени со бистар ум, со благородна душа, со бестрашно срце, овие млади луѓе набргу се здобиле со такво знаење, што долго време никој не можел да се мери со нив... Кога овие млади бранители на реформацијата при средбите со учителите на Рим би се судриле околу римската доктрина, ги напаѓале со таква леснотија и сигурност, што тие неупатени луѓе се колебале, се збунувале и доживувале порази, кои ги срамотеле во сечии очи” (Исто, b. 9, ch. 11). GCMkd 150.1
Kora римското свештенство видело дека се намалил бројот на нивните верници, на помош ја повикало градската управа и со сите средства се обидело да ги врати своите верни. Но народот со новото учење ги задоволувал своите душевни потреби и се одвратил од оние што со години го хранеле со лушпи на празноверни обреди и човечки преданија. GCMkd 150.2
Кога се дигнало прогонство против учителите на вистината, овие се држеле за Христовиот налог: „Кога ќе ве прогонуваат во еден град, бегајте во друг” (Матеј 10,23). Светлината проникнувала во сите места. На бегалците секогаш им се отворала по некоја гостољубива врата каде што можеле да живеат и тие понекогаш евангелието го проповедале во црква, а ако тоа им било забрането, тогаш во приватни куќи или под ведро небо. Секое место, каде што се собирал народ да ја слушне Божјата реч, било посветен храм. Проповедана со таква сила, вистината се ширела со непреодолива моќ. GCMkd 150.3
Напразно духовните и цивилните власти се обидувале да го скршат „кривоверството”. Попусто се служеле со затвор, со мачења, со оган и меч. Илјадници верни ја запечатиле својата вера со крв, но сепак, делото одело напред. Прогонствата само помогнале вистината повеќе да се шири и фанатизмот, кој сакал да се соедини со неа, само помогнал појасно да се забележи разликата меѓу сатанското дело и делото Божје. GCMkd 151.1
*****