Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Cекција A—КАКО ЌЕ ДОЈДАМ КАЈ ХРИСТА?

    Поглавје 1—Со напуштање на стариот начин на живот

    БОЖЈАТА ЉУБОВ КОН ЛУЃЕТО

    За Божјата љубов ни сведочат природата и Светото писмо. Нашиот небесен Татко е извор на животот, мудроста и радоста. Погледајте ги само чудата и убавините на природата. Видете како таа е чудно уредена не само за потребите и среќата на луѓето, ами и за сите други суштества! Сонцето и дождот што ја освежуваат и поткрепуваат земјата, ридовите и рамнините, сето тоа ни раскажува за големата љубов на Творецот. Бог е тој што се грижи за секојдневните потреби на сите свои созданија. Овие мисли ги изразува Давид со зборовите: “Очите на сите се насочени кон Тебе и Ти им даваш храна на време; ја отвараш својата рака и наситуваш се живо на земјата” (Пс. 145, 15—16).PH 3.1

    Бог го створил човекот свет и наполно среќен. Нашата земја, кога излегла од творческите раце, немала на себеси ни трага од гнилост и ни сенка од проклетство. Газењето на божествениот закон — законот на љубовта — донесло на светот зло и смрт. И сепак неизмерната Божја љубов се јавува и сред страдањата и неволите што ги причинил гревот. Во Светото писмо пишува дека Бог ја проколнал земјата поради човекот (1 Мој. 3, 17). Трња и боцки, тешкотии и искушенија кои човечкиот живот го исполнуваат со грижи и страдања, дадени ни се за наше добро. Тие се средствата на Божјето воспитание, кои Тој ги предвидел во планот на спасението, за да го извиши пак човештвото и да го извади од пропаста и пониженијата во кои паднало со својот грев. И сепак, овој свет не е само место на јадови и грижи. И самата природа ни дава надеж и утеха. Цвеќе цути и на боцките, а трњето се покриени со трандафили.PH 3.2

    “Бог е љубов!”, — ни шепоти секоја папчица, секоја тревка. Дивните птици, чии милозвучни песни одекнуваат во просторот, цутови со нежни бои, кои го исполнуваат воздухот со пријатни миризби, високите шумски дрвја со своите густи зелени лисја — се ни зборува за љубовта и татковската грижа на нашиот Бог и за неговата желба да ги усреќи своите деца.PH 4.1

    Светото писмо го открива Божиот карактер. Бог во него ни го открива своето сожаление и својата бескрајна љубов. Мојсеј го замолил Господа: “Те молам, покажи ми ја Твојата слава.” (2 Мој. 33, 18). Господ му одговорил: “Ќе направам да мине сето добро мое покрај тебе.” (2 Мој. 33, 19). А кога Господ врвел пред Мојсеја, се чул глас: “Господ, Господ, Бог милостив, жалозлив, бавен на гнев, а обилен со милосрдие и вистина, кој чува милост за илјадници, проштава беззаконија и неправди и греови” (2 Мој. 34, 6, 7). Тој е: “Бавен на гнев и обилен со милосрдие” (Јона 4, 2). “Оти му е мила милоста” (Михе 7, 18). Тоа е неговата слава.PH 4.2

    Господ не привлекува нас кон себеси со неброени докази за својата љубов на небото и на земјата. Тој ни се открива со делата на природата и со најсрдечните и најискрени врски кои луѓето можат да ги сфатат и познаат. Но и сето тоа непотполоно ни ја открива неговата љубов кон нас. И покрај овие јасни и необориви докази, непријателот на секое добро така ги заслепил луѓето, што тие со страв гледаат на Бога и си го замислуваат како груб и непомирлив Господ. Сатана ги заблудил луѓето да го сметаат Бога како некое суштество, чија главна особина е корава правда, кој е строг и непопустлив кон грешникот. Тој им го претставува Творецот како суштество кое внимателно гледа на слабостите и гревовите на луѓето, за да може после да ги суди. Токму затоа и дошол Исус на земјата и живеел меѓу луѓето за да ја открие таа безгранична љубов на Творецот и да ја отстрани таа мрачна сенка која сатаната ја фрлил на Бога.PH 4.3

    Исус дошол од небото за да не запознае со Таткото. “Бога никој не го видел никогаш: еднородниот Син, кој е во крилото Татково, тој го јави” (JOB. 1, 18). “И никој не га знае Синот освен Таткото, нити Таткото некој го знае освен Синот, и ако Синот сака некому да му каже” (Мат. 11, 27). Кога еден од учени- ците запраша: “Господи, покажи ни го Таткото!” (Јов. 14, 8). Исус одговорил: “Толку време сум со Вас, и не си ме познал, Филипе? Кој ме гледа мене, го гледа Таткото; па како велиш: покажи ни го Таткото!” (JOB. 14, 9).PH 5.1

    Еве со какви зборови ја опишува Исус својата мисија на земјата: “Духот Господен е на мене, затоа ме помаза да им го јавам Евангелието на сиромасите; ме прати да ги излечам одчаените во срцето; да им проповедам на заробените дека ќе се ослободат и на слепите дека ќе прогледаат; да ги ослободам затворениците.” (Лука, 4, 18). Тоа било неговото дело. Тој одел од место на место, чинел добро и ги лечел сите што ги беше совладал сатаната. Имало села во кои од ни една куќа не можело да се чуе јачење ни воздишка на болен, бидејќи Тој минал низ нив и ги излечил сите болни. Неговите дела сведочеле за неговата божествена мисија. Љубовта, милосрдието и длабокото соучество се покажувале во сите дела на неговиот живот. Неговото срце ги барало сите луѓе со искрено сожаление. Тој зел човечка природа, за да ги разбере што поарно сите потреби на луѓето. Најпростите и најсиромашните не се плашеле да му се приближат; дури и децата доаѓале кај него. Тие на драго срце седеле крај неговите нозе и во неговото крило и гледале во неговото благо лице кое светело од љубов.PH 5.2

    Исус не избегавал да ја каже вистината, но тоа го правел секогаш со љубов. Во својот секојдневен однос со луѓето бил секогаш многу внимателен, учтив и љубезен. Никогаш не бил неучтив и непријатен, без причина никого не го карал и ничии чувства не наврдеувал без потреба. Човечките слабости не ги осудувал. Ја кажувал вистината, но секогаш со љубов. Го осудувал лицемерието, неверството и неправдата и секогаш со солзи очите и со болка во гласот. Плачел над Ерусалим, град што толку го љубел, а кој не сакал да го прими — него, кој е пат, вистина и живот. Макар жителите на Урусалим да го отфрлија Спасителот, сепак тој ги гледал милостиво и со љубов. Неговиот живот бил исполнет со самоодрицание и татковска љубов кон другите. Во неговите очи била драгоцена секоја душа. Иако го чувал своето божествено достоинство, сепак со најнежни чувства се спуштал до секој член од Божјето семејство. Во секој човек гледал суштество на кое му е потребно спасение од вечната смрт.PH 5.3

    Ваков карактер покажал Христос во својот живот. Тоа е карактер на самиот Бог Татко. Од татковото срце потекле реки од божествено милосрдие, се покажале преку Христа и се излиле на луѓето. Исус, премилостивиот Спасител, полн со љубов, бил Бог кој “се јавил во тело” (1. Тим. 3, 16).PH 6.1

    Христос живеел, страдал и умрел за да не спаси нас. Тој станал човек на страданието, за да бидеме ние соучесници во вечната радост. Бог дозволил неговиот премил Син, полн со милост и вистина, да го остави светот со неописана убавина и да дојде во светот расипан и отруен со грев, во светов помрачен со проклетство на смртта. Тој дозволил да го напушти небото, да се одрекне од обожавањето на ангелите, да претрпи срамота, навреди, понижение, омраза па и самата смрт. “Тој немаше мир за да имаме ние мир и со неговата рана ние се излечивме” (Ис., 53, 5). Гледајте Го во самотијата на пустињата, во гетсиманија, на крстот! Безгрешниот Син Божји го примил на себе товарот на човечките гревови. Тој што бил едно со Бога, во својата душа ја чувствувал пропаста што ја направил гревот помеѓу Бога и луѓето. Затоа на крстот со болка извикнал: “Боже мој, Боже мој! зошто си ме оставил?” (Мат. 6, 46). Товарот на гревот, чувството на неговата ужасна големина — тоа му го скрши срцето на Божјиот Син. Христос не ја дал таа голема жртва за да пробуди во Божјето срце љубов кон нас луѓето или да го наговори да не избави и спаси. He, не: “Оти на Бога така му омиле светот што го даде својот еднороден Син” (Јов. 3, 16). Таткото не не љуби нас поради таа голема жртва, но тој таа голма жртва ја дал затоа што не љубел нас. Христос бил посредник, преку него Таткото ја излил својата голема љубов на луѓето што паднале во грев. “Оти Бог беше во Христа и светот го помири со себеси.” (2 Кор. 5, 19). Бог страдал заедно со својот Син. Во големиот страв во Гетсиманија, во смртната борба на Голгота вечната љубов го платила нашето спасение. Исус вели: “Затоа Таткото ме љуби, оти јас душата своја ја давам за да ја земам пак” (Јов. 10, 17). Тоа значи: “Мојот Татко толку Be љуби, што мене уште повеќе ме заљуби што го дадов својот живот за вашето спасение. Со својата смрт станав ваш застапник и гарант пред Бога, а со тоа што ги зедов вашите злочини и греови на себе, му станав помил на Татко ми. Бидејќи преку мојата жртва Бог, останувајќи праведен, може да го оправда оној што верува во мене.”PH 6.2

    Само Божиот Син можел да го изведе нашето спасение, оти само еднородниот Син, кој бил во Божјето крило, можел да ни го објави Бога. Само тој што сам ја познал висината и длабочината на Божјата љубов, можел таа љубов да му ја открие на светот. Само бескрајно големата жртва што ја дал за паднатите луѓе, била во состојба да ја изрази љубовта на небесниот Татко кон несреќниот човечки род.PH 7.1

    “Оти на Бога така му омиле светот, што го дал и својот еднороден Син”. Тој не го дал само затоа, да живее меѓу луѓето, да ги носи греовите на светот и да умре на крстот вместо нив: тој му го подарил на грешното човештво. Христос требало сам да ги запознае интересите и потребите на човечкиот род. Така еднородниот Божји Син се врзал со нераскинлива врска со синовите човечки. “Поради таа причина Христос не се срами да не нарече свои браќа”. (Јевр. 2, 11). тој е наша жртва, брат и застапник, кој пред Божиот престол носи наш лик и за сите времиња едно е со родот што го откупил. — Тој е Син човечки. Сето тоа го сторил за да ги спаси луѓето од грев и пропаст и да ги подигне, да се види на нив Божјата љубов и да станат соучесници во радоста на светиот живот.PH 7.2

    Цената што е платена за нашето спасение, е бескрајно голема жртва на нашиот небесен Татко, кој својот Син го даде за нас, и треба да не наведе на длабоко размислување за тоа што можеме да постанеме во Исуса Христа. Надахнат од Свети Дух, апостол Јован, восихтен од погледот во висина, длабочина и ширина на л»убовта на небесниот Татко кон смрт- ниот свет, толку бил исполнет со страхопочитување и чудење, што не можел да најде соодветни зборови, со кои би можел да ги изрази величините и срдечноста на таква љубов. Во тоа свое дивење тој им извикнал: “Гледате ли каква љубов ни даде Таткото — да се наречеме Божји деца и да бидеме” (1 Јов. 3, 1). Каква голема стојност му дава на човекот оваа љубов! Со гревот Адамовите синови станале сатански робови, со Христовата жртва тие стануваат деца Божји. Христос ги издигнал луѓето со тоа што зел човечка природа и преку врската со него тие можат да станат вистински достојни да се наречат “деца Божји”.PH 7.3

    Да се наречеме деца на небесниот Цар! О, скапоцено ветување! Предмет за неисцрпно размислувањеГ О, несравнена љубов кон еден свет што не те љубел! Таа ја надминува љубовта на мајката кон своето заблудено дете. Оваа љубов ги освојува наиште души и нашите срца ги потчинува на Божјата волја. Колку повеќе го проучуваме божествениот карактер во светлоста на крстот, забележуваме се повеќе милосрдие, љубов и проштавање, поврзани со непристрасност и правда; се поубави докази имаме за Божјата љубов. која е бескрајна и вечна.PH 8.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents