Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ВЕРА И ПРИМАЊЕ

    Кога вашата совест се пробуди со дејство на Светиот Дух, тогаш ќе ја разберете пакоста, силата и вината на гревот и ќе почнете да се гнаситге од него. Тогаш ќе видите дека гревот ве одделил од Бога и дека сте станале робови на злото. Колку повеќе се трудите да се ослободите, се повеќе ја осеќате својата слабост. Вашите побуди и вашите срца не се чисти. Вашиот живот е исполнет со себичност и грев. Вие се стремите кон пропгтавање, чистота и слобода. Што можете да сторите за да постигнете сличност и согласност со Бога?PH 30.3

    Вам ви е потребен мир — проштавање од небото, спокојство: и љубов. Овие работи не можете да ги купите со пари, со разум и со мадрост, но Бог ви ги дава како слободен дар на милоста, без пари и без плата. (Ис. 55,1). Овие дарови ви припаѓаат и вие ќе ги фатите, само ако ги пружите вашите раце. Господ вели: ако гревовите ваши бидат како црвена свита, ќе станат бели како волна. (Ис. 1, 18). “И ќе ви дадам ново срце и нов дух ќе внесам во вас” (Јез. 36, 26).PH 31.1

    Вие ги признавате вашите гревови, ги оставивте и решивте се да предадете на Бога. Сега треба да отидете кај Бога и да го молите да ги избрише вашите гревови и да ви подари ново срце. Да сте сигурни дека тој тоа ќе го стори, оти ви го вети. Спасителот додека беше на земјата учеше дека даровите што ни ги вети стануваат наша сопственост кога ги примаме со вера. Исус го лечел од болести секого кој би поверувал во неговата надприродна сила. На такви тој им помагал со дела во видливи работи, со тоа им вливал поверење и спрема оној што не се гледа — ги научил да веруваат во неговата мошт на проштавање гревовите. Ова јасно се покажало при лечењето на улогавиот: “Но да знаете дека власт има Синот човечки на земјата да проштава гревови” (му рече на улогавиот). “Стани, земи си ја постелата и оди си дома!” (Мат. 9, 6). Евангелистот Јован вака зборува за Христовите чудеса: “А овие (чудеса) се напишаа за да верувате дека Исус Христос е Син Божји и дека верувајќи ќе имате живот во не- гово име” (JOB. 20, 31).PH 31.2

    Од простите соопштенија на Светото писмо за тоа како Исус ги лечел болните, можеме да разбереме дека треба да веруваме во Спасителот ако сакаме да добиеме проштавање на гревовите. Да го проучиме соопштението за излекувањето на улогавиот во Витезда. Пред себе имаме еден беден немоштен човек. Веќе 38 години тој не може да ги употребува своите членови, и сепак Спасителот му вели: “Стани, земи си ја постелата и оди си дома.” Болниот на тоа можел да каже: “Господи ако сакаш излечи ме, па ќе те послушам.” Но тој не рекол ништо — тој поверувал во Христовите зборови, поверувал дека е оздравен и веднаш се дигнал од сво- јата постела. Тој сакал да тргне — и отишол. Сторил по Христовата заповед и Бог му дал сила. Тој наполно оздравел.PH 31.3

    И ние како грешници се наоѓаме во слична состојба. He можеме да ги искаеме минатите гревови, ни да ги обновиме и посветиме своите срца. Но Бог ни ветува дека тоа ќе го стори тој преку Христа. Мораме да ги признаеме своите гревови, да му се предадеме на Бога и да му служиме. Штом го сториме тоа, тој ќе го исполни своето ветување. Ако веруваме во неговото ветување — дека ќе ни прости и ќе не очисти од грев — Бог ќе ја реализира нашата вера. Тогаш и нас ќе не излечи од нашите гревови и болести, како и улогавиот. Се зависи од нашата вера.PH 32.1

    He чекај да осетиш дека си излечен, ами речи: “Верувам, вистина е, не затоа што осеќам, но затоа што вети Бог.PH 32.2

    Исус вели: “Се што барате во својата молитва, верувајте дека ќе добиете и ќе ви биде” (Марк.11, 24). Но ова ветување поврзано е со еден услов: ние треба да се молиме по Божја волја за тоа и тврдо да веруваме дека ќе го добиеме. Треба да дојдеме пред Христа и пред законот да бидеме чисти од грев, без срамота и лоша совест. И така, нема никакво осудување за оние што се во Христа Исуса и не одат по телото, но по Духот” (Рам. 8, 1).PH 32.3

    Од сега не сте веќе ваша сопственост. туку сте скапо купени. Знајте, дека не сте искупени со пропадливо злато и сребро од својата суетна живеачка што сте ја виделе од татковците, туку со скапоцената крв на Христа како на невино и прескапо јагне.” (1 Петр. 1, 18—19). Штом поверуваме во Бога, во нашите срца почнува нов живот преку Светиот Дух. Ние сме како деца родени во Божјето семејство, а тој не љуби како што го љуби својот Син.PH 32.4

    Ако сте се предале на Христа, не тргајте се назад, не отстапувајте од него ,ами сведочете секој ден: “Јас му припаѓам на Христа, сосем сум му се предал.” Молете се да ви го даде својот Дух и да ве задржи во својата милост. Бидејќи со полната преданост и верата во Бога сте станале негови деца, па и живеете во него. Апостолот вели: “И така, како што го примивте Христа Исуса Господа, така и живејте во него.” (Кол. 2, 6).PH 32.5

    Некои мислат дека треба да минат низ искушенија и да му докажат на Господа дека се измениле пред да можат да му се молат за неговите благослови. Бог тоа не го бара. Тие можат веднаш да му се приближат. Во нивната слабост нужна им е Божјата милост и неговиот Дух, инаку не ќе можат да му се спротиват на гревот. Ние треба да му се приближиме на Христа такви какви што сме: грешни, немошни, зависни. Мо- жеме да излеземе пред него со сите наши слабости, лудости и гревови и покајнички да паднеме пред неговите нозе. Тогаш тој ќе не гушне со својата љубов, нашите рани ќе ги завие и ќе не очисти од секаква нечистотија.PH 33.1

    Илјади луѓе се во заблуда, оти не веруваат дека Бог лично ќе им ги прости гревовите. Тие не веруваат во Божјиот збор. Тој што ги исполни поставените услови, ќе знае да го цени сознанието дека му е простен секој грев. He сомневај се дека Бог при овие ветувања мислел и за тебе! Тоа важи за секој престапник кој вистински се кае. Сила и милост добиваме преку Христа. Преку своите ангели, Бог и дава сила на секоја верна душа. Никој не е толку грешен што да не најде сила, правичност и чистота кај Христа, кој умре за сите нас. Христос сака да ги симне од секого со грев извалканите алишта и да го облече во белата облека на правдата. Тој не сака грешникот да умре ами да живее.PH 33.2

    Бог не постапува спрема нас како што ние смртните луѓе постапуваме еден со друг. Неговите мисли се мисли на милосрдието, љубовта и искреното сочувство. Тој вели: “Нека безбожниот го остави својот пат и неправедникот — мислите свои и нека се врати при Бога, и ќе се смилува на него, и кон нашиот Бог, оти многу опростува.” (Ис. 55, 7). “Ќе ги растури како облак твоите престапи и гревовите твои како магла; врати се кај мене, оти сум те избавил” (Ис. 44, 22).PH 33.3

    “Оти не ми е мила смртта на оној што умира, — вели Господ; и така обрнете се и бидете живи” (Јез. 18, 32). Сатаната е секогаш готов да не лиши од прекрасните Божји ветувања. Тој би сакал да не лиши и од последната искра на надеж, последниот светол зрак, ако тоа го дозволиме. Немој да го слушаш, ами викни му: “Исус умре за јас да живеам! Неговата љубов кон мене не ќе дозволи да пропаднам. Мојот небесен Татко е милостив. Иако ја злоупотребив неговата љубов, иако го презрев неговиот благослов, пак ќе одам кај својот Татко и ќе му речам: “Татко, му згрешив на небото и на тебе и веќе не сум достоен да се наречам твој син; прими ме како еден од своите наемници”. Следните зборови ни покажуваат како Таткото го прима изгубениот син: “А кога бил уште оддалеку, го согледа Татко му, и му се нажали и потрча и го гушна и го целива” (Лука 15, 18—20).PH 33.4

    Но ни оваа споредба, полна со чувство, не може ни приближно да ни го опише неограниченото милосрдие на небесниот Татко. Господ вели за својата љубов кон нас: “Те љубам со љубов вечна. Затоа везден ти чинам милост” (Јер. 31, 3). Таткото го жали грешникот додека уште е далеку од Татковата куќа и додека во туѓа земја го арчи своето имање. Секоја желба што не тера да се обрнеме кон Бога е глас на Светиот Дух, кој го опоменува, го моли изгубениот син да се врати кон Таткото. Тоа е глас што сака да го приближи до Татковото срце кое е полно со љубов кон него.PH 34.1

    Можеме ли да се сомневаме во тоа и покрај овие скапоцени ветувања на Светото писмо? Зар можеме и да помислиме дека Бог би ги одбил кутрите, грешни луѓе кои покајнички се фрлаат пред неговите нозе со желба да му се вратат и да ги остават своите гревови? Да ги отфрлиме таквите мисли! Ништо не е поштетно за нас од едно такво претположение за нашиот небесен Татко. Тој го мрази гревот, но го љуби грешникот и сам себе се дал во Христа за да се спасат сите кои тоа го сакаат и наполно да се радуваат на блаженствата во царството на светлоста. Зар би можел поубедливо да ја изрази својата љубов кон нас отколку што го сторил со следните зборови: “Може ли жената да ја заборави својата рожба, да не се смилува над чедото на својата утроба? Но и да го заборави, јас тебе не ќе те заборавам” (Ис. 49, 15).PH 34.2

    О, ти, што се сомневаш, ти, што отчајаваш, погледај го него! Исус живее; тој е твој посредник. Благодари му на Бога што ти го подари својот Син и моли го неговата смрт да не биде за тебе без корист. Денес ти зборува и те вика неговиот Свети Дух. Наполно предај му го на Христа своето срце и тој ќе те благослови.PH 35.1

    При читањето на Божјите ветувања забележуваме дека тие се напоени со љубов и милосрдие. Татковото срце копнее при својата неопишана љубов и безгранично сочувство да го прими грешникот. “Во кого имаме избавление со крвта негова и проштавање на гревот по богатството на неговата благодет” (Еф. 1, 7). Само тврдо верувај дека Бог ќе ти помогне и дека во тебе ќе го изгради својот лик. Ако се приближиш до Бога, му ги признаеш своите гревови и се покаеш, тогаш и тој ќе се приближи до тебе во своето Божествено милосрдие и ќе ти прости.PH 35.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents