Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПОЗНАВАЊЕТО НА БОГА

    Бог се служи со разни средства за да ни се открие и да не доведе во блиска врска со себеси. Природата непрестано ни зборува за Бога; отвореното срце станува способно да ја прими љубовта и сјајот на Бога, кои се откриваат преку неговите дела. Внимателното уво го слуша и разбира Божјиот глас во природата. Зелените полиња, колосалните дрвја, папките и цутовите, облаците што патуваат по небото, дождот, лотокот што шурка, величественоста на небото — влијаат на нашите срца и не канат да го познаеме Творецот на секое нешто.PH 53.5

    Нашиот Спасител вплел насекаде во своите дивни поуки споредба од природата. Дрвјата, птиците, цвеќињата по долините, планините, езерата и чудно украсениот небесен свод, како и сите околности и настани во обичниот живот — тесно се поврзани со зборот на вистината. Затоа си спомнуваме за Спасителовите напатствија и посред грижите и страданијата на земниот живот.PH 54.1

    Божја волја е неговите деца да научат да ги ценат неговите дела, да наоѓаат задоволство во простата и тивка убавина што го украсува нашиот земен стан. Бог ја сака надворешната убавина, но најмногу ја сака чистотата и убавината на карактерот. Тој сака да негуваме чистота, скромност и благородна убавина.PH 54.2

    Кога би ги наблудувале внимателно Божјите созданија, ние би добиле скапоцени поуки за надежта во Бога и за послушноста. Почнувајќи од ѕвездите кои патуваат низ вселентата веќе илјади години во определени правци па до најдробната прашинка која виси во воздухот, се се покорава на Божјата воља. Творецот се грижи за се и одржува се што створил. Во неговите раце се безбројните вселенски светови, но во исто време тој се старае и за погребите на малото врапче које безгрижно и без страв ја џивка својата проста песничка. Татко води грижа и за човекот кога оди на својата секојдневна работа, кога се моли на Бога, кога оди на одмор и наутро кога се буди. Тој го гледа богаташот кога иирува и кога сиромавиот ги собира своите дечина околу својата оскудна трпеза — над секого бди нежното око на небесниот Татко. Ни една солза не истекла за која Бог да не знае, нема усмевка која тој не ја забележал.PH 54.3

    Кога би верувале во ова, ние бргу би се ослободиле од сите заблуди и грижи. Тогаш не ќе се разочарувавме толку пати во животот, сите свои големи и мали грижи ќе ги предадеме во рацете на Оној кого не може да го збуни множината на грижите ниту пак може да го притисне нашата тежина. Ние тогаш ќе почувствуваме таков душевен мир, каков одамна не сме имале.PH 54.4

    Кога се радуваме на убавината и милината на оваа земја, да се сетиме за идниот живот, кога не ќе се знае за јад од гревот и за смрт и кога природата не ќе има веќе траги од проклетството. Да си замислиме во фантазијата слика од Татковината на блажените и да се сетиме дека таа ќе биде многу поубава отколку пгго е во состојба да си ја замисли и најсмелата фантазија. Во разновидните дарови со кои Бог ја надарил природата, гледаме само еден слаб одраз од неговата слава. Во Светото писмо пишува: “Што окото не виде и увото не чу и до срцето човечко не допре, тоа го приготви Бог за оние што го љубат” (1 Кор. 2, 9).PH 55.1

    Поетите и ботаничарите би можеле многу да кажат за природата, а христијанинот со голема радост се радува на нејзините убавини. Тој гледа во нив Божје дело, во секој цут, во секоја грмушка и дрво гледа негова љубов. Никој не го разбира вистинското значење на планините и долините, реките и езерата, кои во нив не гледа израз на Божјата љубов кон нас — луѓето.PH 55.2

    Бог ни зборува со своето грижливо старање и со влијанието на својот Дух на нашите срца. Од нашиот обичен живот, од нашата околина како и од секојдневните промени, можеме да црпиме скапоцени поуки, само ако нашите души се отворени да ги примат. Псалмопевецот ,ја опишува Божјата грижливост со зборовите: “Полна е земјата со Божја добрина” (Псалм 33, 5). А на едно друго место вели: “Кој е мудар, нека го запомни ова и нека ги познае милостите Господни” (Псалм 107, 43).PH 55.3

    Бог ни зборува со својот говор. Од него подобро то познаваме неговото суштество, неговото постапување со луѓето и неговото велико дело на спасението. Пред нас се отворени книгите на пророците и на патријарсите и на другите свети луѓе од древноста. И тие биле луѓе “како и ние” (Јак. 5, 17). И тие се бореле со разочарувањата биле изложени на искушенија, под кои понекогаш и потклекнувале, но пак се дигале и со Божја милост извојувале победа. Овие примери ни даваат храброст во нашите напори да чиниме правда. Кога читаме за дивните искуства на овие луѓе, за светлоста, љубовта и благословите на кои им се радувале; кога читаме за нивните дела што ги правеле преку подарената им милост, тогаш во нашите срца се пали пламенот на светото одушевување, нас не исполнува оној Дух што работел во нив и во нас се буди желба да станеме слични на нив и како тие да одиме со Бога.PH 55.4

    За книгите на Стариот завет Исус вели — а уште повеќе тоа важи за книгите од Новиот завет: “Тие свидетелствуваат за мене” (Јов. 5, 39), за него, за Спасителот, во кого е сета наша надеж во вечниот живот. Да, целото Свето писмо говори за Христа. Од првата вест за створението на светот: “Од она што станало, ништо не станало без него” (JOB. 1, 3), па се до послед- ното ветување: “Еве бргу ќе дојдам” (Откр. 22, 12), насекаде читаме за неговите дела и го слушаме неговиот збор. Ако сакате да се запознаете со Спасителот, проучувајте го Светото писмо.PH 56.1

    Исполнете ги своите срца со Божјите зборови. Тие се како жива вода што ќе ја изгасне вашата жед. Тие се жив небесен леб. Исус вели: “Ако не го јадете телото на Синот човечки и не ја пиете неговата крв, не ќе имате живот во себеси.” Понатака објаснува: “Зборовите што ви ги реков се дух и живот” (Јов. 6, 53, 63). Нашите тела се развиваат и растат од она шгго јадеме и пиеме. Како игго е во телесниот, така е и во духовниот живот: она пгго примаме во себе и за кое размислуваме, на нашиот духовен живот му дава сила и јакост.PH 56.2

    Предметот на спасението го проучуваат и ангелите. Тој ќе биде предмет на славословието на избавените преку безбројните години на вечноста. Зар тој не заслужува да се проучува грижливо? Неопишаното Христово ммлосрдие и неговата љубов, жртвата што ја дал за нас се предмети кои треба сериозно и сестрано да ги проучуваме. Затоа треба што повеќе да размислуваме за сушгеството и задачата на нашиот Спасител и посредник, кој го спасава од грев секого што ве- рува во него. Ако нашето внимание го посветиме на овие небесни работи, нашата вера и љубов ќе зајакне,, нашите молитви ќе му бидат попријатни на Бога, оти ќе бидат се повеќе проникнати со љубов. Нашата доверба во Христа ќе расте од ден за ден, нашите искуства за неговата дивна мошт која ги спасува сите оние што му се молат, ќе биде побогата.PH 56.3

    Кога го наблудуваме совршенството на нашиот Спасител, во нас се буди желба за наше полно внатрешно обновување по примерот на неговата чистота. Во нас се буди горешта желба да станеме слични на оној што го обожаваме. Колку повеќе мислиме за Христа, толку повеќе ќе зборуваме и на други за него и ке го објавиме на светот.PH 57.1

    Светото писмо не е пишано само за учените; напротив, тоа е наменето за народот. Големи спасоносни вистини се изнесени во него јасно како ден. Никој не ќе падне во заблуда и не ќе го изгуби правиот пат освен оние што одат со свое лично мислење вместо со јасно изложената Божја волја.PH 57.2

    Што се однесува до науката на Светото писмо, не треба да слушаме што велат луѓето за неа, туку треба сами да ги испитуваме Божјите зборови. Ако допуштиме други да мислат за нас, ќе ја изгубиме сопствената сила, ќе ги оштетиме своите способности. Ако не ги развиваме нашите душевни способности со проучување на скапоцени предмети, тие ќе закржлавеат и најсетне не ќе бидеме веќе способни наполно да ги разбираме Божјите зборови. Напротив, ако на предметите од Светото писмо им го посветиме целото внимание, ако ги проучуваме упоредувајќи меѓусобно одделни места за да ги разбереме подобро, тогаш навистина се подобро и подобро ќе ја разбираме чистата вистина.PH 57.3

    Нашиот разум најдобро се развива со подробно проучување на Светото писмо. Ни една друга книга не може така да ги облагороди нашите мисли, да ги ојакне нашите душевни способности, како што можат тоа да го сторат длабоките облагородителни вистини од Светото писмо. Кога би се проучувал Божјиот збор како што треба, луѓето би се одликувале со ширина на умот, со благородство на карактерот и цврстина на намерите, кои денеска така ретко се наоѓаат.PH 57.4

    Од брзото читање на Светото писмо немаме голема полза. Некој може да го прочита и целото Свето писмо, и сепак да не ја сфати неговата убавина и да не го разбере неговото големо скриено благо. Основното проучување на одделните (некој) места, додека нивната содржина не ни стане наполно јасна, додека не го сфатиме наполно планот на спасението, е многу поважно отколку површното читање на многу глави без определена цел и намера нешто да научиме. Да ги имаме нашите библии секогаш со себе. Да ги читаме штом ни се даде возможност за тоа. Да се обидеме да запомниме некои стихови. Дури и на пат можеме да читаме некои оддели од Светото писмо и да размислуваме за нив.PH 58.1

    Вистинска мудрост можеме да добиеме само ако Божјиот говор го испитуваме внимателно и со молитва. Многу делови од Светото писмо така се јасни што е невозможно криво да се разберат, но има и такви, чија содржина не е така јасна за да може веднаш да се разбере. Некои места пак треба да се споредуваат со други. Главни услови за правилно разбирање се: внимателно испитување и искрено размислување придру- жено со молитва. Вакво проучување ќе донесе богата награда. Како игго рударот ја пронаоѓа жилата од благородниот метал макар да е скриена длабоко во земјата, така и оној што неуморно го бара скриеното благо на Божјиот говор, ќе најде вистини од најголема важност. Но за очите на немарниот читател тие ќе останат вечно скриени. Вдохновените Божји зборови, ако се примат во срцето, ќе бидат како струја жива вода.PH 58.2

    Светото писмо никогаш не треба да се проучува без молитва. Пред да го отвориме, треба да се помолиме за помош на Свети Дух, и таа помош сигурно ќе ја добиеме. Кога Натанаил дошол кај Исуса, Спасителот извикнал: “Еве еден вистински Израилец во кого нема лукавство!” Натанаил праша: “Од каде ме познаваш?” Исус му одговори: “Пред да те викне ФИЛИП, те видов под смоквата” (JOB. 1, 47—48). Исус и сега не гледа кога се молиме во својата собичка, кога го молиме да ни помогне да ја познаеме вистинската вистина. Ангелите од светот на светлоста ќе им бидат водачи на оние кои со понизно срце се молат за Божја помош.PH 58.3

    Светиот Дух го возвишува и слави Спасителот. Тој настојува и нам да ни го предочи чистиот и праведен Христос и спасението кое тој ни го извојува. Исус вели за Светиот Дух: “Оти од моето ќе земе и вам ќе ви објави” (Јов. 16, 14). Овој Дух на вистината е единствен вистински учител на Божествената вистина. Колку многу го цени Бог човечкиот род се гледа по тоа пгго тој позволил неговиот Син да умре за нашето спасение и што ни го даде својот Свети Дух за наш постојанен придружник и учител.PH 59.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents