Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПОТРЕБЕН НИ Е СПАСИТЕЛ

    Бог го создал човекот со благородни особини и со наполно урамнотежен дух. Физички тој бил совршено суштество, а морално наполно во хармонија со Бога. Неговите мисли биле чисти и неговите намери свети. Но со непослушноста тие негови особини се изопачени и, вместо вистинската љубов, во неговото срце се појавила себичност. Со престапот човекот толку ослабнал морално, што му било невозможно со сопствена сила да даде отпор на гревот. Така станал роб на сатана, а таков вечно и ќе останеше ако Господ, во својата вечна љубов, не се вмешаше како посредник. Ѓаволот сакал да го спречи исполнението на Божиот план при создавањето на човекот, и да внесе во светот жалост и пропаст. Нешто повеќе, тој се стремел секое зло да го претстави како последица од Божјето создавање.PH 8.2

    Во својата безгрешна состојба човекот живеел во среќна заедница со Бога, “во кого е скриено секакво благо од премудрост и разум”. (Кол. 2, 3). Но откако го стори гревот, човекот не можел веќе да наоѓа радост во светоста и затоа се обидел да се скрие од Божјето лице. Таков е и сега оној што не е препороден и што не го обновил своето срце. Таквиот не живее во согласие со Бога и не наоѓа задоволство и радост во заедница со него. Грешникот не би можел да биде среќен во Божјето присуство и не би можел да издржи во друштво со свети суштества. Дури и да има слободен пристап на небото, тоа никогаш не би било за него место на блаженство. Несебичната љубов која таму владее и која ги држи во совршено согласие сите суштества со бескрајната Божја љубов, не би нашла одзив во неговото срце. Неговите мисли, побуди и желби би биле сосем подруги од оние што ги движат срцата на безгрижните жители на небото. Тие би ја нарушиле небесната хармонија. Небото за грешникот би било место на страдања. Тој се би сторил само да се скрие од оној што е вечна светлост и извор на секакво добро. Бог не ги исклучува злите од небото по свое самоволно решение; тие сами се исклучуваат од таа заедница по своја сопствена кривица. Божјата слава нив би ги изгорела. Тие иоскоро би си избрале смрт, само да се скријат од лицето на оној кој умре на крстот за нивното спасение.PH 9.1

    Со својата сила не можеме да излеземе од пропаста во која сме паднале со гревот. Стремежите на нашите срца се лоши и ние не можеме да ги преиначиме. “Кој ќе извади чисто од нечисто? Никој”. (За JOB. 14, 4). “Оти телесното мадрување е непријателство за Бога, бидејќи не му се покорува на Божиот Закон, а и не може” (Рим. 8, 7). Воспитанието и обра- зованието на разумот и волјата, сите човечки напори имаат свој делокруг, но тука се сосем безсилни. Тие се во состојба да предизвикаат извесно подобрение во навиките, но не можат да го променат срцето, не можат да ги очистат тајните побуди што го движат животот. За да ја промени човекот својата грешна состојба, за да се посвети, потребно е на срцето да деј- ствува една сила одвнатре, да дојде еден нов живот одгоре. Таа сила е Христос. Единствено неговата ми- лост е во состојба да ги оживи заспаните благородни способности и да ги упати кон Божјата совршена светост. Самиот Спасител вели: “Навистина ти велам: додека некој наново не се роди, не може да го види царството Божје” (Јов. 3, 3). Човекот мора да се прероди, да добие ново срце, нови желби, нови намери и стремежи. Во голема заблуда сме ако мислиме дека е доста ако го развиваме доброто кое од природата се наоѓа во човекот. “Телесниот човек не разбира што е од Духот Божји, оти му се чини лудост и не може да разбере, бидејќи треба духовно да се разгледа” (1 Кор. 2, 14). “Не чуди се што ти реков: треба наново да се родите”. (JOB. 3, 7). За Христа е пишано: “Во него имаше живот и животот беше видело на луѓето” (JOB. 1, 4). “Зашто нема друго име под небото дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме” (Дела 4, 12).PH 9.2

    He е доста само да го разбереме татковското старање, љубовта и милосрдието Божје; не е доста да ја запознаеме мудроста и правдата на неговиот закон; не е доволно сознавањето дека тој Закон е основан на вечна основа — љубовта. Апостол Павле вели: “Ако вршам она што не сакам, го фалам законот дека е добар” (Рим. 7, 16, 12). Но тој додава во душевен страв и сомнение: “А јас сум телесен, продаден под грев” (Рим. 7, 14). Тој барал чистота и правда, што не можел да ги поетигне со своја сила, затоа од градите му излегува извик, полн со бол: “Несреќен човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?” (Рим. 7, 24). Овој е истиот вик што го изговориле многу души, натоварени со грев во сите земји и во сите времиња. За сите нив постои само еден одговор: “Ене го Јагнето Божје, кое ги зеде на собеси греовите на светот” (JOB. 1, 29).PH 10.1

    Co многубројни сказни и споредби ја објаснува Божиот Дух оваа вистина јасно и разбрано за оние што се стремат да се ослободат од гревот. Кога Јаков, откако го измамил брата си Исава и избегал од куќата на татко си, дошол до сознание дека сторил грев и паднал изнемоштен на земја. Оставен, одвоен, истргнат од се што му давало смисла и стојност на неговиот живот, најмногу го мачела мислата што неговиот грев го одвоил од Бога и што небото го напуиггило. Опколен со усамотени ридови и ѕвездно небо над себеси, легнал на голата земја да ја мине ноќта. Кога заспал, сонувал чуден сон. Видел како од земјата каде што лежел, се дигнала до небото скала, по која се качувале и слегнувале Божји ангели; а од отвореното небо се чул Божји глас на надеж и утеха. По тој начин Јаков дошол до сознание дека потребата и стремежот на неговата душа може да ја задоволи само еден Спасител. Со радост и благодарност го запазил патот по кој тој, грешник, ќе може пак да се врати до Бога. Таинствената скала на неговиот сон го претставувала Исуса — единствениот посредник помеѓу Бога и луѓето.PH 10.2

    Во разговорот со Натанаила Христос го употребува истото сравнение: “Навистина, навистина ви велам: од сега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се качуваат и слегуваат од човечкиот Син” (JOB. 1, 51). Гревот го одвоил човекот од Бога, а земјата од небото. Така меѓу нив се направил непосреден јаз. Но преку Христа пак е востановена врската меѓу небото и земјата. Со негова заслуга е направен мост над пропаста што ја направи гревот и Божите ангели пак влегоа во врска со човекот. Христос наново го врза грешното човештво со бескрајната Божја семошт.PH 11.1

    Напредноста на човештвото, стремежите на луѓето да се облагородат, можат да се остварат кога се земе во обзир единствениот Извор на секоја надеж и помош што му е понуден на човечкиот род. “Секој добар дар и секој подарок совршен е од горе, доаѓа од Таткото на светлоста” (Јак. 1, 17). Без Бога нема совршенство, а единствен пат до Бога е Христос. Тој самиот вели: “Јас сум пат, вистина и живот; никој не ќе дојде кај Таткото освен преку мене” (Јов. 14, 6).PH 11.2

    Божјето срце е исполнето кон неговите деца на земјата со љубов која е посилна од смртта. Бог со жртвата на својот Син, со тој единствен дар, ни го подари целото небо. Животот и смртта на Спасителот, неговото посредување меѓу нас и Бога, службата на ангелите, дејството на неговиот Дух, Таткото кој работи со помошта на се и за се, непрекинатата служба на небесните суштества: сето тоа служи за спасението на грешното човештво.PH 11.3

    О, да ja посматраме co вера оваа чудна жртва која е принесена за нас! Да го признаеме трпението и трудот со кој небесата сакаат да го избават грешното човештво и пак да го вратат во Татковиот дом! Никогаш не се употребени посилни побуди и помошни средства. Зар нас не ќе не дигне неразбирливата награда, радостите на небото, дружењето со ангелите, заедницата со Бога и неговиот Син, усовршувањето и развивањето на сите наши духовни способности во вечни времиња за да ги посветиме благовремено нашите срца на Спасителот и Искупителот? Од друга страна зар не ќе не одврати од служење на ѓаволот, се она што е изнесено за судот на гревот и неговата неминовна плата, за унижението на нашиот карактер и крајното унипггение?PH 12.1

    Зар не гледаме колку голема е Божјата љубов? Што друго можел да стори за нас? Да заземеме исправно држење кон оној што не љуби со неизмерна љубов! Да ја искористиме возможноста што ни се дава да се преобразиме по неговата лика и прилика и да се вратиме во друштвото на ангелите, во сногласие и во заедница со Таткото и неговиот Син.PH 12.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents