Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Елисеј, верен во малку

    Своите рани години пророкот Елисеј ги поминал во тишината на селскиот живот, поучуван од Бога и природата и дисциплиниран со полезна работа. Во време на речиси сеопшт отпад, припадниците на домот на неговиот татко се вбројувале меѓу оние кои не ги свиткале колената пред Вал. Нивниот дом бил дом во кој се славел Бог и во кој верноста на должностите се сметала за животно правило.EdM 54.5

    Како син на богат земјоделец, Елисеј се фатил за професијата што му била најблиска. Иако бил обдарен со способност да биде водач на луѓе, тој добил образование што го подготвувало за извршување на секојдневните, животни должности. За да може мудро да управува, морал да научи да слуша. Верноста во малку го подготвувала за поголеми одговорности.EdM 55.1

    Иако кроток и со смерен дух, Елисеј бил енергичен и цврст. Негувал љубов и страв Божји, и со понизно извршување на секојдневната тешка работа се здобивал со постојаност во намерите и благородност на карактерот, растејќи во божествената милост и знаење. Соработувајќи со таткото во домашните обврски, тој учел да соработува со Бога.EdM 55.2

    На Елисеј му бил упатен пророчкиот повик додека орал во полето заедно со слугите на неговиот татко. Кога Илија, воден од Бога во изборот на својот наследник, ја фрлил својата наметка врз рамениците на младиот човек, Елисеј го разбрал и го послушал повикот. Тој „тргна по Илија за да му служи” (1. Царевите 19,21). Од Елисеј во почетокот не се барало ништо големо; неговата обука и понатаму се состоела од извршување на секојдневните обврски. За него се зборувало како за оној кој на својот господар, Илија, му ги полевал рацете. Како личен слуга на пророкот, тој продолжил да се покажува верен во малку, додека секој ден во него зацврснувала одлуката да се посвети на повикот кој Бог му го одредил.EdM 55.3

    Уште при првото повикување, неговата одлука била ставена на проверка. Во мигот кога станал да тргне по Илија, пророкот му наредил да се врати дома. Морал да размисли за цената — и самиот да одлучи дали ќе го прифати или ќе го одбие повикот. Но, Елисеј ја разбрал вредноста на можноста што му се укажала. За никаква световна вредност тој не би се согласил да се откаже од можноста да стане Божји весник, ниту да се откаже од предимството да има заедница со Неговиот слуга.EdM 56.1

    Кога времето поминало, а Илија бил подготвен да биде земен на Небото, и Елисеј бил подготвен да стане негов наследник. И повторно неговата вера и решителност биле ставени на проверка. Следејќи го Илија на неговата службена обиколка, знаејќи дека наскоро ќе настапи промена, на секое место го слушал повикот на пророкот да се врати. „Остани ти тука”, барал Илија, „зашто Господ ме праќа во Ветил!” Но, во својата поранешна работа, додека управувал со плугот, Елисеј научил да не паѓа со духот и да не се обесхрабрува; и сега, кога ја ставил својата рака на плуг во друго подрачје на должности, не дозволил да биде одвратен од својата намера. Секогаш кога му бил упатен повик да се врати, тој одговарал: „Жив ми Господ и жива ми твојата душа, јас нема да останам!” (2. Царевите 2,2).EdM 56.2

    „И така тргнаа обајцата... тие двајца се задржаа на брегот на Јордан. Тогаш Илија ја зеде својата наметка, ја свитка и удри со неа по водата, а водата се раздели на две страни, и објацата поминаа по суво. А кога поминаа, Илија му рече на Елисеј: ‘барај што да сторам уште за тебе пред да бидам земен од пред тебе?’ А Елисеј одговори: ‘Духот што го имаш ти нека биде двоен во мене!’ Илија одговори: ‘Многу бараш: ако ме видиш кога ќе бидам земен од пред тебе, ќе ти биде така; ако пак не видиш, не ќе ти биде.’ И додека тие така одеа и разговараа, ете: огнена кола и огнени коњи се јавија; ги раздвоија двајцата и го однесе Илија во виор на небо. Елисеј гледаше и викаше: ‘Татко мој, татко мој! Израелева кола и неговите коњаници!’ и веќе не го виде. Тогаш ги зеде своите облеки и ги раскина на две. И ја крена Илиевата наметка, што беше падната од него, та се врати и застана на брегот на Јордан. Тогаш ја зеде Илиевата наметка и удри по водата, велејќи: Каде е Господ, Илиевиот Бог? и кога удри по водата, таа се раздели на две страни, и Елисеј помина. Тоа го видоа отстрана пророчките синови, кои беа исто од Ерихон, и рекоа: Илиевиот дух остана на Елисеј! и му тргнаа во пресрет, се фрлија пред него на земјата” (2. Царевите 2,6-15).EdM 56.3

    Оттогаш Елисеј го зазема местото на Илија. Оној што се покажал верен во најмалото, се покажал верен и во големото.EdM 57.1

    Илија, човек од сила, бил Божјо орудие за отстранување на мошне големи зла. Идолопоклонството поддржувано од Ахав и незнабоежечката Језавела, а кое го завело народот, било соборено. Пророците на Ваал биле победени. Целиот израелски народ бил длабоко потресен, и мнозина повторно почнале да Му служат на Бога. Наследникот на Илија требало да биде човек кој ќе може да го води израелскиот народ по сигурни патеки со внимателно и трпеливо поучување. Раното воспитување под Божјото водство го подготвило Елисеј за ова дело.EdM 57.2

    Ова е поука за сите. Никој не може да знае каква намера има Бог со него додека го воспитува; но сите можат да бидат сигурни дека верноста во малку е доказ на подготвеност за поголеми одговорности. Секое дело во животот го открива карактерот и само оној кој во малите должности ќе се покаже „како работник, кој не треба да се срамува” (2. Тимотеј 2,15), ќе биде почестен од Бога со доверување поголеми одговорности.EdM 57.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents