Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПРИКАЗ НА НЕГОВИТЕ МЕТОДИ

    „Го јавив името Твое на луѓето што си Ми ги дал”
    Јован 17,6

    Методите со кои се служел Христос како учител, се најпотполно прикажани во подготвувањето на првите дванесеттемина ученици. Врз овие луѓе требало да почиваат тешки одговорности. Тој ги избрал како луѓе кои ќе може да ги вдахне со својот Дух, кои ќе можат да бидат оспособени да го продолжат неговото дело на Земјата тогаш кога Тој ќе мора да го напушти. Им го укажал предимството, повеќе отколку на сите други, да бидат во неговото друштво. Со личен допир го втиснал печатот на својата личност врз тие избрани соработници. „И Животот се јави” — вели омилениот Јован — „и видовме, и сведочиме” (1. Јованово 1,2).EdM 82.1

    Само со таква заедница — заедница на ум со умот и срце со срцето, на човечкото со божественото — може да се пренесе онаа животворна енергија која делото на вистинското воспитување треба да ја даде. Само животот раѓа живот.EdM 82.2

    Во подготвувањето на своите ученици, Спасителот го применувал системот на воспитување воспоставен на почетокот. Дванаесеттемината првоизбрани, заедно со уште неколкумина други кои служењето на потребите на учениците повремено ги здружувало со нив, го сочинувале Христовото семејство. Тие биле со него во домот, на трпезата, во собата, во полето. Го следеле на неговите патувања, ги делеле неговите грижи и потешкотии и, онолку колку што било можно за нив, учествувале во неговата работа.EdM 83.1

    Понекогаш ги подучувал додека седеле заедно на падината на некој рид, понекогаш покрај морето, или од рибарски чамец, а понекогаш по пат, додека оделе. Кога и да му зборувал на мноштвото, учениците биле околу него. Настојувале да му бидат колку е можно поблиску, за да не загубат ниту една од неговите поуки. Биле внимателни слушатели, со желба да ги разберат вистините кои требале да ги проповедаат во сите земји и на сите генерации.EdM 83.2

    Првите Христови ученици биле одбрани од редовите на обичните луѓе. Овие галилејски рибари биле скромни, необразовани луѓе; луѓе неупатени во учењата и обичаите на рабините, но прекалени со строгата дисциплина на тешката работа и неволјата. Тоа биле луѓе природно способни и со поучлив дух; луѓе кои можеле да бидат подготвени и изградени за делото на Спасителот. На патеките на обичниот живот има многу трудбеници, кои од ден на ден трпеливо ги извршуват своите вообичаени должности, несвесни за притаените способности кои, кога би биле ставени во дело, би ги вброиле меѓу големите светски водачи. Такви биле и луѓето кои Спасителот гиEdM 83.3

    повикал да бидат негови соработници. Тие го имале предимството три години да се подготвуваат кај најголемиот Воспитувач што светот некогаш го запознал.EdM 84.1

    Овие први ученици ги карактеризирала изразита разноликост. Тие требале да бидат учители на светот, а сепак многу се разликувале според своите карактерни црти. Тука бил Леви Матеј, цариник, повикан од еден живот на деловна активност и подложност на Рим; ревнителот Симон, непопустливиот непријател на царскиот авторитет; Петар, избувлив, самоуверен и со добро срце и Андрија, неговиот брат; Јуда Јудеецот, угладен, способен, но со алчен дух; Филип и Тома, верни и искрени, но со срце бавно за верба; Јаков Алфеев и Јуда Јаковов, помалку истакнати меѓу браќата, но енергични луѓе, упорни и во своите мани и во доблестите; Натанаил, како дете по искреноста и довербата; и синовите Заведееви, честољубиви, но со верни срца.EdM 84.2

    За да можат успешно да го извршуваат делото за кое биле повикани, овие ученици, кои толку се разликувале по природните особини, по воспитувањето и животните навики, морале да постигнат единство на чувствата, мислите и дејствувањето. Христова цел била да го изгради тоа единство. За да го постигне тоа, Тој настојувал да ги обедини со себе. Целта на неговиот труд околу нив е изразена во неговата молитва до Отецот: „За да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во мене и Јас во тебе; па така и тие да бидат во Нас едно… и да узнае светот дека Ти си ме пратил, и нив си ги возљубил, како мене што ме возљуби” (Јован 17,21-23).EdM 84.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents