Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Од слабост до сила

    Сторијата на Петар го прикажува Христовиот метод на воспитување подобро од сторијата на кој било друг ученик. Смел, борбен, со голема самодоверба, со голема моќ на забележување и избувлив во одлуките, брз во одмаздувањето, а сепак великодушен во простувањето, Петар често грешел и често добивал укори. Но, исто така често добивал и јасни признанија и пофалби за својата срдечна верност и преданост на Христа. Трпеливо, со непристрасна љубов, Спасителот се трудел околу овој темпераментен ученик, настојувајќи да ја ограничи неговата доверба во самиот себе и да го научи на понизност, послушност и доверба.EdM 86.2

    Меѓутоа, лекцијата била само делумно научена. Самоувереноста не била искоренета.EdM 86.3

    Исус често, кога товарот тешко го притискал неговото срце, копнеел да им ги изнесе на учениците сцените на своето искушение и страдања. Но, очите им биле затворени. Тие не сакале да знаат и затоа не го виделе тоа. Самосожалувањето, кое се плашело од заедница со Христа во страдањата, го натерало Петар да воскликне со неодобрување: „биди милостив кон себе, Господи; тоа никогаш нема да ти се случи!” (Матеј 16,22). Неговите зборови ги одразувале мислите и чувствата на дванаесеттемината.EdM 86.4

    И така оделе понатаму додека кризата се наближувала; фалбаџии, кавгаџии, однапред делејќи ги владетелските почести и не сонувајќи за крстот.EdM 87.1

    Искуството на Петар било поука за сите нив. Оној што се потпира врз себе доживува пораз во искушението. Христос не можел да ги спречи сигурните последици на злото кое сё уште не е отфрлено. Но, како што неговите раце биле подадени да спасат кога брановите се заканувале да го потопат Петар, така и неговата љубав била поттикната да го спаси кога длабоките води ја преплавувале неговата душа. Додека се наоѓал на самиот раб на пропаста, фалбените зборови го доведувале Петар сё поблизу и поблизу до амбисот. Постојано го добивал предупредувањето: ќе „одречеш дека ме познаваш” (Лука 22,34). Ожалостено, верното срце на ученикот се отворило со зборовите на изјавата: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт!” (Лука 22,33); и Оној кој ги испитува срцата му ја упатил на Петра тогаш малку вреднуваната порака, но која во темнината што бргу се спуштала, ќе внесе зрак на надеж: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве просее како пченица; но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!” (Лука 22,31,32).EdM 87.2

    Кога во судницата биле изговорени зборовите на откажување; кога Петровата љубов и верност, разбудени од погледот на Спасителот полн со сожалување, љубов и жалост, го одвеле него во градината во која Христос плачел и се молел; кога неговите покајнички солзи капеле на земјата кој била натопена со капките крв од Христовата претсмртна борба — тогаш зборовите на Спасителот: „Јас се молев за тебе… а ти кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа”, биле бедем на неговата душа. Христос не го препуштил на очајанието иако однапред знаел за неговиот грев.EdM 87.3

    Ако погледот што Исус го фрлил кон него одразувал осуда наместо сожалување, ако пропуштил да зборува за надежта додека го претскажувал неговиот грев, колку би била длабока темнината што го опкружувала Петра! Колку неподнослив би бил очајот на таа измачена душа! Во тој час на потешкотија и одвратност кон себеси, што би можело да го задржи да не тргне по патот по кој тргнал Јуда?EdM 88.1

    Оној кој не можел да го поштеди својот ученик од тешкотија, не го препуштил самиот на неговата горчина. Христовата љубов никогаш не престанува ниту заборава.EdM 88.2

    Човечките суштества, и самите препуштени на злото, се наклонети да постапуваат грубо со оние кои се во искушение и кои скршнуваат од вистинскиот пат. Тие не можат да го испитуваат срцето, ниту ги познаваат неговите борби и болката. Ним сё уште им е потребно да дознаат дека постои укор кој го изразува љубовта, удар кој ранува за да излекува, предупредување кое зборува за надеж.EdM 88.3

    Не Јована кој стоел крај Христа во судницата, кој стоел покрај неговиот крст и кој прв од дванаесеттемина бил на гробот — не Јована, туку Петра го предупредил Исус по своето воскресение. „Туку одете, кажете им на неговите ученици и на Петра’, рекол ангелот, ‘дека Тој отиде пред вас во Галилеја: таму ќе го видите” (Марко 16,7).EdM 88.4

    Кога Исус за последен пат се сретнал со учениците покрај морето, Петар, испитан со прашањето „Ме сакаш ли?” - кое му било поставено три пати, повторно го добил своето место меѓу дванаесеттемината. Му било доверено Христовото дело; требал да го пасе Господовото стадо. На крај, како своја последна порака, Христос му наложил: „Ти следи ме!” (Јован 21,17.22).EdM 88.5

    Сега Петар можел да ги разбере сите зборови. Сега можел подобро да ја разбере поуката што Христос ја дал кога го поставил детето среде учениците и ги повикал да станат слични на него. Запознавајќи ги поцелосно и своите сопствени слабости и Христовата сила, тој бил подготвен да има доверба и да слуша. Можел да го следи својот Учител потпирајќи се на неговата сила.EdM 89.1

    А при крајот на своето искуство во работата и жртвата, ученикот, кој некогаш бил толку неподготвен да го разбере крстот, бил желен радосно да го положи својот живот за Евангелието, единствено чувствувајќи дека за него, кој се откажал од Господа, е премногу голема чест да умре на истиот начин на кој што умрел и неговиот Учител.EdM 89.2

    Чудесната промена во Петар била плод на божествената благост. Тоа е животна поука за сите кои се трудат да одат по стапките на големиот Учител.EdM 89.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents