Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПОУКИ ОД ЖИВОТОТ

    „Поразговарај со земјата, таа ќе те научи”
    Јов 12,8

    Големиот Учител ги доведувал своите слушатели во допир со природата за да можат да го слушнат гласот кој зборува од сё што е создадено; и кога срцето ќе им се разнежело, а умот ќе станел подготвен да прими, Тој им помагал да ја разберат духовната порака на сцените врз кои почивале нивните очи. Параболите со кои со задоволство ги изнесувал поуките за вистината, покажуваат колку бил отворен неговиот дух за влијанијата на природата и колку уживал да собира духовни поуки од сето она што го опкружувало во секојдневниот живот.EdM 100.1

    Птиците во воздухот, криновите во полето, сејачот и семето, пастирот и овците — со тоа се служел Христос за сликовито да ја опише бесмртната вистина. Тој наоѓал примери во случувањата од животот, во факти и искуства што им биле познати на слушателите — квасец, сокриено богатство, бисер, рибарска мрежа, загубена паричка, загубен син, куќи на карпа или на песок. Во Неговите поуки има по нешто што ќе го привлече секој ум, ќе го допре секое срце. На тој начин, секојдневната работа, наместо да биде бесконечен круг на маки, без повозвишени мисли, преку постојано потсетување на она што е духовно и невидливо, можела да се извршува со поголем елан и поголема радост.EdM 100.2

    И ние би требале да подучуваме на тој начин. Децата да научат во природата да видат израз на Божјата љубов и мудрост; мислата за него да им биде поврзана со птиците и цветот и дрвото; сё што е видливо нека им биде толкувач на невидливото, а сите настани во животот средство за божествено поучување.EdM 101.1

    Додека на таков начин учат да извлекуваат поуки од сё што е создадено и од сите искуства во животот, покажете им дека истите закони кои управуваат со природата и настаните во животот мораат да управуваат и со нас; дека се дадени за наше добро; и дека само во послушноста кон нив можеме да најдеме вистинска среќа и да постигнеме успех.EdM 101.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents