Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Живот благодарение на смртта

    Поуката за посеаното семе нё учи на широкоградост. „Кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее” (2. Коринќаните 9,6).EdM 108.1

    Господ вели: „Блажени сте вие, кои сеете покрај сите води” (Исаија 32,20). Да се сее покрај сите води значи да се дава секогаш кога е потребна нашата помош. Тоа нема да нё доведе до сиромаштија. „Кој сее благослов, благослов и ќе пожнее.” Фрлајќи го своето семе, сејачот го умножува. Исто така, ние со давање ги зголемуваме своите благослови. Божјото ветување обезбедува доволно од сё, така што можеме да продолжиме да даваме.EdM 108.2

    И повеќе од тоа: додека ги делиме благословите на овој живот, благодарноста го подготвува срцето на примателот да ја прифати духовната вистина, и така се раѓа род за вечниот живот.EdM 108.3

    __________

    Со фрлање зрно во земјата Спасителот ја прикажал Својата жртва за нас. „Ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре, ќе донесе голем плод” (Јован 12,24). Единствено со жртвата на Исуса Христа — Семето — можело да донесе род за Божјото царство. Во согласност со законите на растителното царство, животот е резултат на Христовата смрт.EdM 108.4

    Така е и со сите кои донесуваат род како Христови соработници: самољубието и личните интереси мораат да исчезнат; животот мора да биде фрлен во браздата на потребите на светот. Но, законот на саможртвување е и закон на самозачувување. Земјоделецот го чува своето зрно фрлајќи го. Животот кој ќе биде сочуван — е живот кој е доброволно даден во службата за Бога и луѓето.EdM 108.5

    Семето умира за да се појави во нов живот. Тоа ни ја дава поуката за воскресението. За човечкото тело кое се полага да изгние во гробот Бог рекол: „Се сее во распадливост, воскреснува во нераспадливост; се сее без чест — воскреснува во слава; се сее во слабост — воскреснува во сила” (1. Коринќаните 15,42.43).EdM 109.1

    Кога настојуваат да ги изнесат овие поуки, родителите и учителите мораат тоа да го направат на практичен начин. Децата треба сами да ја подготвуваат почвата и да го посеат семето. Додека тие работат, родителот или учителот може да објасни дека срцето е како градина во која се сее добро и лошо семе, и дека и срцето мора да се подготви за семето на вистината како што градината се подготвува за природното семе. Додека семето се става во земјата, тие можат да ја изнесуваат поуката за Христовата смрт; а кога ќе се појави стеблото - вистината за воскресението. Како што ќе расте растението, така треба да се продолжи и со споредувањето помеѓу природното и духовното сеење.EdM 109.2

    И младите треба да се поучуваат на сличен начин. Од обработувањето на земјата можат постојано да се извлекуваат поуки. Никој не зема необработено парче земја, очекувајќи дека веднаш ќе пожнее род. Мора да се вложи вредна, истрајна работа во подготвување на почвата, во сеење на семето и во негување на растението. Така мора да биде и при духовното сеење. Градината на срцето мора да се обработува. Почвата мора да биде изорана со покајание. Злиот плевел кој го задушува доброто зрно мора да биде искоренет. Како што почвата која веќе обраснала во трње може да се исчисти само со вредна работа, така и лошите тенденции на срцето можат да се совладаат единствено со сериозен труд во Христово име и со Христовата сила.EdM 109.3

    __________

    Обработувајќи ја земјата, внимателниот работник ќе согледа дека пред него се отвораат сокровишта за кои не ни сонувал. Никој не може успешно да се занимава со земјоделие или со градинарство ако не ги почитува законите на таа работа. Мораат да се проучуваат посебните потреби на секој растителен вид. Различни видови бараат различна почва и соодветна нега, а покорувањето на законите кои управуваат со секое од нив е услов за успех.EdM 110.1

    Вниманието што го бара пресадувањето, да не се притесни или погрешно да се постави макар една жилка од коренот, грижата за младите растенија, нивното кроење и наводнување, заштитувањето од мразот ноќе и од сонцето дење, борбата против плевелот, болестите и штетните инсекти, севкупното негување и уредување, не само што овозможува важни поуки за развивање на карактерот, туку покажуваат дека само со работа може да се постигне развој. Учејќи се на грижливост, трпение, темелност, послушност на законот, ние се здобиваме со најважното воспитување.EdM 110.2

    Постојаниот допир со тајните на животот и убавината на природата, како и нежноста која е потребна за грижата околу овие прекрасни дела на Божјото создавање, придонесуваат за оживување на умот и облагородување и воздигнување на карактерот; а научените поуки му помагаат на работникот поуспешно да постапува со луѓето.EdM 110.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents