Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Поука за довербата

    „Но прашај ги животните и ќе те поучат; прашај ги небесните птици и ќе ти објаснат… рибите во морето ќе ти раскажат!” „Оди кај мравката… гледај ги нејзините патишта!” „Погледнете ги птиците!” „Погледнете ги гавраните!” (Јов 12,7.8; Изреки 6,6; Матеј 6,26; Лука 12,24).EdM 116.1

    Ние не треба само да му раскажуваме на детето за овие Божји созданија. Самите животни треба да бидат негови учители. Мравките даваат поука за трпелива трудољубивост, за истрајност во совладување на пречките, за подготвување за иднината. Птиците се учители на милозвучната поука за довербата. Нашиот небесен Отец се грижи за нив; но тие мораат да ја собираат храната, мораат да ги градат своите гнезда и да ги подигаат своите млади. Секој миг тие се изложени на непријатели кои настојуваат да ги уништат. А сепак, колку радосно се занимаваат со својата работа! Колку се полни со веселба нивните песни!EdM 116.2

    Прекрасен е описот на псалмистот даден за Божјата грижа за шумските созданија —EdM 116.3

    Високите планини им даваат засолниште на дивите кози,
    и пештерите на јазовците.
    EdM 116.4

    Псалм 104,18.

    Тој испраќа потоци да течат помеѓу ридовите, каде и птиците имаат свои станови, и „пејат среде гранките” (Псалм 104,12). Сите созданија по шумите и горите се дел од Неговото големо домаќинство. Тој ја отвора Својата рака и обилно наситува „сё што е живо” (Псалм 145,16).EdM 116.5

    __________

    Бурата понекогаш го принудува алпскиот орел да се спушти во тесните планински процепи. Тешките облаци ја опкружуваат оваа моќна планинска птица, нивните темни маси ја одвојуваат од сончевите висини во кои таа го направила својот дом. Нејзините напори да се избави изгледаат безуспешни. Таа се залетува таму ваму, распорувајќи го воздухот со своите моќни крилја и будејќи го екотот на планината со своите крици. Конечно, со победнички восклик, се вивнува кон височините и, пробивајќи ги облаците, повторно избива на јасната сончева светлина, додека темнината и бурата остануваат длабоко под неа. Така и ние можеме да се најдеме опколени со потешкотии, обесхрабрувања и темнина. Можат да нё опколат лаги, неволји, неправди. Безуспешно се бориме со околностите. Сепак, постои еден, и тоа само еден пат за спасение. Испарувањата и маглите се припиваат до земјата; но над облаците блеска Божјата светлина. На крилјата на верата ние можеме да се издигнеме во светлината на сонцето на Неговото присуство.EdM 117.1

    __________

    Многубројни се поуките кои на овој начин можат да се научат. Потпирањето на себеси — од дрвото кое растејќи само во рамнина или на падината на некој рид ги пушта своите корени длабоко во земјата и со својата сурова сила ў се спротивставува на бурата. Моќта на влијанието во раните години — од безоблично стебло полно со јазли кое се искривило додека било млада садница и на кое никаква земска сила веќе не може да му ја врати загубената складност. Тајната на светиот живот — од водениот лилјан кој, од површината на некој матен вир, опколен со плевел и отпадоци, го пушта своето шупликаво стебло сё до чистиот песок на дното и, извлекувајќи го оттаму својот живот, ги подига своите мирисни цветови кон светлината во неизвалкана чистотија.EdM 117.2

    __________

    Иако познавањето на фактите го стекнуваат преку учителите и од учебниците, на истиот начин децата и младите треба да научат сами да извлекуваат поуки и да ја распознаваат вистината. Додека работат во градината, прашајте ги што научиле грижејќи се за своите растенија. Додека го набљудуваат прекрасниот пејзаж, прашајте ги зошто Бог ги облекол полињата и шумите во толку прекрасни и различни бои. Зошто не е сё обоено со мрачна кафена боја? Кога берат цвеќиња, наведете ги да размислуваат зошто Бог ни ја сочувал убавината на овие патници од Едем. Научете ги во целата природа да забележуваат докази за Божјата грижа за нас, која прекрасно се прилагодила на нашите потреби и среќа.EdM 118.1

    Само оној кој во природата го препознава делото на својот Татко, кој во богатството и убавината на земјата го чита Татковиот ракопис — само тој од сё што е во природата извлекува најдлабоки поуки и само нему сё што е во природата му служи на највозвишен начин. Само оној кој на сето тоа гледа како на израз на Божјата мисла, откровение на Создателот, може потполно да го процени значењето на ридот и долината, реката и морето.EdM 118.2

    Писателите на Библијата се послужиле со многу илустрации од природата, и ние, набљудувајќи ги нештата во светот на природата, ќе се оспособиме под водство на Светиот Дух поцелосно да ги разбереме поуките од Божјата Реч. На тој начин природата станува клуч кој ги отвора сокровиштата на Речта.EdM 118.3

    Децата треба да се охрабрат во природата да бараат илустрации за библиските учења, а во Библијата да изнаоѓаат споредби изнесени од природата. Тие треба да го истражуваат, и во природата и во Светото Писмо, сето она што го претставува Христа, како и она што Тој го употребил опишувајќи ја вистината. На тој начин тие можат да научат да го гледаат него во дрвото и лозата, во лилјанот и розата, во сонцето и ѕвездата. Тие можат да научат да го слушаат неговиот глас во песната на птиците, во шумот на дрвјата, во татнежот на громот и во музиката на морето. Секое нешто во природата ќе им ги повторува неговите скапоцени поуки.EdM 119.1

    За оние кои на овој начин ќе се запознаат со Христа, Земјата веќе никогаш нема да биде осамено и пусто место. Таа ќе биде дом на нивниот Татко, исполнета со присуството на Оној, Кој еднаш престојувал меѓу луѓето.EdM 119.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents