Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Чесно работење

    „Господ се грижи за животот на чесните, нивното наследство ќе трае довека. Нема да се засрамат во време на неволја, ќе бидат сити во дните на глад” (Псалм 37,18.19).EdM 143.1

    „Оној кој оди непорочно, кој твори праведност и зборува вистина од своето срце;” „кој се заколнува на своја штета, па не се одречува.” „Кој ја презира печалбата од насилство, кој ги тресе рацете за да не прими поткуп… кој ги затвора очите за да не види зло — тој ќе живее во висините … ќе му се даде леб и водите не ќе му недостасуваат. Твоите очи ќе го гледааат царот во Неговата убавина, ќе ја разгледуваат непрегледната земја” (Псалм 15,2; 15,4; Исаија 33,15-17).EdM 143.2

    Бог во Својата Реч дава слика на човек кој напредува - чиј живот е успешен во вистинска смисла на зборот, човек кому и Небото и Земјата радосно му оддаваат почест. Јов вака ги опишува своите искуства:EdM 143.3

    „Во деновите на своите млади години,
    кога милоста Божја беше над шаторот мој…
    Кога Седржителот уште беше со мене,
    а моите деца ме опкружуваа…
    Кога излегував над градската врата
    и ја поставував својата столица на раскрсницата.
    Откако ќе ме видеа, младите се криеја;
    старците стануваа и стоеја,
    Кнезовите го прекратуваа разговорот
    и ја ставаа раката на својата уста.
    Гласот на првенците стивнуваше сосем…

    „Секој што ме слушаше ме наречуваше блажен, Ме фалеше окото, што ќе ме видеше.
    Зашто, го избавував бедниот кога викаше,
    сиракот и оставениот без помош.
    „Врз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше,
    на вдовичиното срце му донесував радост.
    Се облекував во праведност како со облека,
    Мојата правда ми беше како наметка и венец.
    Бев очи на слепиот
    и бев нозе на хромиот.
    Татко на сиромасите,
    и се застапував за странец”

    Странецот не ноќеваше на улица,
    ја отворав својата врата на патникот.”

    „Слушаа желно што ќе им кажам, и молчеа…
    Внимаваа на ведрината на моето лице.
    Јас им ги избирав патиштата,
    јас ги предводував како поглавар,
    Како цар кога е среде своите чети,
    како оној кој ги теши јадосаните.”
    EdM 143.4

    Јов 29,4-16; 31,32; 29,21-25.

    „Господовиот благослов збогатува и не придодава никаква мака” (Мудри изреки 10,22).EdM 144.1

    „Богатството и славата се во Мене,” вели Мудроста, „постојаното добро и справедливоста” (Мудри изреки 8,18).EdM 144.2

    Библијата укажува и на последиците од отстапувањата од вистинските принципи во нашето однесување кон Бога, како и во нашите меѓучовечки односи. На оние на кои им ги доверил своите дарови, а кои сепак се рамнодушни кон неговите барања, Бог им вели:EdM 144.3

    „Свртете го срцето ваше врз вашите патишта. Вие сеете многу, а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоплувате; оној што печалил пари ги става во дупнато ќесе… Мислите многу, а излегува малку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го разнесувам.” „Порано, доаѓале до крстина, што дава до дваесет мери и, ќе добиеле само десет; и до каца од педесет мери, а таа давала само дваесет мери.” „Зошто? — вели Господ Саваот: Затоа што е домот мој запустен” „Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од мене. Ќе речете: ‘што крадеме од Тебе? — од десетокот и од приносите.” „Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови” (Агеј 1,5-9; 2,16; 1,9; Малахија 3,8; Агеј 1,10).EdM 145.1

    „Затоа што го измачувате сиромавиот… ќе изградите домови од делкан камен, но нема да живеете во нив; ќе насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете.” „Господ ќе ти испрати тогаш скудност, глад и уништување на секоја работа на рацете твои.” „Синовите твои и ќерките твои ќе бидат предадени на друг народ… очите твои ќе гледаат и ќе чезнеат по нив, но нема да има сила во рацете твои” (Амос 5,11; 5. Мојсеева 28,20.32).EdM 145.2

    „Кој со неправда спечалува богатство: тој ќе го остави во половината од животот свој и ќе стане глуп пред крајот свој” (Еремија 17,11).EdM 145.3

    Извештаите за секоја работа, деталите од секоја зделка, вниматело се испитуваат од страна на невидливите ревизори, застапниците на Оној кој никогаш не прави компромиси со неправедноста, на чии очи злото никогаш не може да им избега, кој никогаш не го прикрива гревот.EdM 145.4

    „Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот на правдата, не се чуди на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив — уште повисок. ” „Нема темнина, ниту смртна сенка, каде што би можеле да се сокријат оние што вршат беззаконие” (Проповедник 5,7; Книгата за Јов 34,22).EdM 145.5

    „Ја креваат устата кон небото… и рекоа: ‘Како дозна Бог, и има ли знаење во Севишниот?” „Ти го изврши тоа,” Господ рече, „а Јас молчев; ти си помисли дека Јас сум, каков што си ти. Ќе те изобличам и ќе ти ги изнесам пред лицето твое гревовите твои” (Псалм 73,9-11; 50,21).EdM 146.1

    „Потоа пак ги подигнав очите и видов: а тоа лета свиток… Тоа е проклетство што ќе се излие врз целата земја; и секој што краде, ќе се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ќе се истреби — како што е напишано на другата страна. Јас го пуштив — вели Господ — и тој ќе влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во името Мое; и ќе остане во домот негов, и ќе го истреби него, и дрвјата негови и камењата негови” (Захарија 5,1-4).EdM 146.2

    И повторно Божјиот закон изрекува осуда за секој што прави зло. Тој може да го презре тој глас, може да настојува да го задуши неговото предупредување, но залудно. Тој го следи. Му се наметнува. Го уништува неговиот мир. Ако не го послуша, го прогонува до гроб. На суд сведочи против него. Како неизгаслив оган, на крајот ги изгорува и душата и телото.EdM 146.3

    __________

    „Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ў напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?” (Марко 8,36.37).EdM 146.4

    __________

    За ова прашање би морал да размислува секој родител, секој учител, секој ученик — секое човечко суштество, младо или старо. Ниту една деловна шема или животен план не можат да бидат здрави или целосни ако ги опфаќаат само кусите години од овој сегашен живот и не водат сметка за бескрајната иднина. Учете ги младите да ја вклучат вечноста во своите планови. Научете ги да ги изберат принципите и да ги бараат богатствата што имаат трајна вредност — да си собираат себеси „сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде”, да си создаваат пријатели „со неправедно богатство”, за да ги примат „во вечните куќи” кога него ќе го снема. (Лука 12,33; 16,9).EdM 146.5

    Сите што прават така, на најдобар начин се подготвуваат за животот на овој свет. Никој не може да собира богатство на Небото, а притоа неговиот живот на оваа Земја да не е збогатен и облагороден.EdM 147.1

    „Побожноста е полезна за сё, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот” (1. Тимотеј 4,8).EdM 147.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents