Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    БИБЛИСКИ БИОГРАФИИ

    „Кои преку вера победија царства, вршеа правда, од немоќни станаа крепки”
    Евреите 11,33.34

    Најголема воспитна вредност во целата Библија имаат биографиите забележани во неа. Овие биографии се разликуваат од сите други по тоа што се сосема верни. За кој било ограничен ум е невозможно во сё правилно да ги протолкува постапките на другиот. Никој освен Оној кој го познава срцето, кој ги знае тајните извори на побудите и делата не може потполно и вистински да го опише карактерот, или да даде верна слика на човечкиот живот. Само во Божјата Реч може да се најде таков опис.EdM 148.1

    Ниту една вистина Библијата не ја учи појасно од онаа дека нашите постапки се резултат на она што сме. Животните искуства се во голема мерка плод на нашите сопствени мисли и дела.EdM 148.2

    „Незаслужена клетва нема да се збидне” (Мудри изреки 26,2).EdM 148.3

    „Кажете му на праведникот: ‘Блазе му, зашто тој ќе ги јаде плодовите на делата свои; а на беззаконикот — тешко нему, оти ќе има отплата за делата на рацете свои” (Исаија 3,10.11).EdM 149.1

    „Чуј земјо! Ете, ќе испратам против овој народ погибел, плод на помислите нивни” (Еремија 6,19).EdM 149.2

    Страшна е оваа вистина, и мора длабоко да се втисне во свеста. Секое дело има повратно дејство врз оној што го направил. Но, некое човечко суштество можеби никогаш нема да сфати дека злата што го прогонуваат во животот се само плод на она што самиот го посеал. Сепак, дури ни тогаш не е загубена секоја надеж.EdM 149.3

    За д а г о д обие п равото н а п рвенство, кое, с поред Божјото ветување, веќе било негово, Јаков се послужил со измама и пожнеал омраза од својот брат. Во текот на дваесетгодишното прогонство и самиот бил изигран и измамен и на крајот принуден да побара сигурност во бегство; но пожнеал и друга жетва кога се покажало дека неговите сопствени мани се појавуваат и во карактерот на неговите синови — сето тоа е само верна слика на вистината дека во животот сё се враќа.EdM 149.4

    Но Бог вели: „Зашто нема вечно да се заканувам, ниту до крај ќе се гневам; инаку ќе падне врз мене секој дух и секоја душа што сум го создал. Заради беззаконието на неговата лакомост Јас се разгневив и го поразив, се сокрив и негодував; но тој откако се одврати, отиде по патот на срцето свое. Ги видов патиштата негови, но ќе го излекувам, ќе го водам и ќе го утешувам, како и оние што го жалат… мир, мир на далечен и на ближен, вели Господ, и ќе го излекувам” (Исаија 57,16-19).EdM 149.5

    Јаков не потклекнал во својата неволја. Тој се покајал и се трудел да го исправи злото што му го нанел на братот. И тогаш, кога смртта му се заканувала преку гневот на Исав, побарал помош од Бога: „Се бореше со ангел и го надвладеа, плачеше и го молеше;” „И го благослови таму” (Осија 12,4; 1. Мојсеева 32,29). Во силата на божествената моќ, оној што добил проштавање, станал, не повеќе како измамник, туку како принц Божји. Не само што добил избавување од својот тешко навреден брат туку и избавување од самиот себеси. Силата на злото во неговата сопствена природа била скршена. Неговиот карактер бил преобразен.EdM 149.6

    При квечерината заблескала светлина. Размислувајќи за својот изминат живот, тој признал дека Божјата рака го одржувала — „Бог, кој ми беше Спасител откако сум настанал, па сё до денешен ден, Ангелот, кој ме избавуваше од секое зло” (1. Мојсеева 48,15.16).EdM 150.1

    Истото искуство се повторило во историјата на синовите на Јаков — гревот предизвикал одмазда, а покајанието донело плод на праведноста за живот.EdM 150.2

    Бог не ги укинува своите закони. Тој не работи спротивно од нив. Не ги поништува последиците од гревот, меѓутоа Тој преиначува. Преку неговата благодат, проклетството се претвора во благослов.EdM 150.3

    Меѓу синовите на Јаков, Леви бил еден од најсуровите и најодмаздливите, еден од двајцата највиновни за подмолниот колеж во Сихем. Левиевите особини, кои се покажале и кај неговите потомци, ја навлекле врз нив Божјата осуда: „Ќе ги разделам во Јакова, и растурам во Израелот” (1. Мојсеева 49,7). Но, покајанието предизвикало промена; нивната верност на Бога среде отпадот на другите племиња го претворила проклетството во знак на највисока чест.EdM 150.4

    „Тогаш Господ го оддели Левиевото племе, за да го носи ковчегот на заветот Господов, за да стои пред Господа и да му служи, и да се моли и благословува во името Негово.” „Заветот мој со него беше завет за живот и мир, и Јас му го дадов за страв, и тој се боеше од мене и од името мое се плашеше… во мир и правда тој одеше со мене и многумина отстрани од грев” (5. Мојсеева 10,8; Малахија 2,5.6).EdM 150.5

    Одредени за служба во светилиштето, Левитите не примиле земја во наследство; тие живееле заедно во градовите кои биле одвоени за нив и се издржувале од десетоците, даровите и прилозите посветени во службата на Бога. Тие биле учители на народот, гости на сите нивни прослави, и секаде почитувани како слуги и претставници Божји. На целиот народ му била дадена заповедта: „Внимавај никогаш да не го заборавиш Левитот додека си во својата земја.” „Затоа Леви нема дел ниту наследство со своите браќа: Господ е негово на- следство” (5. Мојсеева 12,19; 10,9).EdM 151.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents