Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Со вера до победата

    Вистината дека човекот е онаков „како што мисли во себеси” (Мудри изреки 23,7) е потврдена со уште еден пример од историјата на Израелците. Враќајќи се од извидување на земјата, согледувачите го поднеле својот извештај на границата на Ханан. Тешкотиите што стоеле на патот до освојувањето на земјата толку ги исплашиле што тие ја занемариле нејзината убавина и плодност. Градовите опколени со ѕидови до небо, воините со џиновски раст, железните борни коли, сето тоа ја разнишало нивната вера. Не мислејќи на Бога, мноштвото го прифатило заклучокот на маловерните согледувачи: „не можеме да одиме против оној народ, зашто е посилен од нас” (4. Мојсеева 13,31). Нивните зборови се покажале вистинити. Тие не биле способни да тргнат во освојување, и го поминале својот живот во пустината.EdM 151.2

    Сепак, двајца од дванаесеттемина што ја разгледувале земјата, мислеле поинаку: „Да тргнеме не двоумејќи се да ја заземеме, зашто можеме да ја покориме” (4. Мојсеева 13,30), нагласувале тие, сметајќи дека Божјите ветувања се помоќни од џиновите, од градовите опкружени со ѕидини и од железните борбени коли. Кај нив се оствариле овие нивни зборови. Иако заедно со своите браќа 40 години талкале низ пустината, Халев и Исус Навин влегле во ветената земја. Со храбро срце како и во денот кога со Господовите војски тргнал од Египет, Халев ја побарал и како свој дел ја примил тврдината на џиновите. Во силата Господова ги истерал Хананците. Лозјата и маслиниците по кои газела нивната нога станале негова сопственост. Иако страшливците и бунтовниците изумреле во пустината, луѓето на верата јаделе грозје од Есхол.EdM 151.3

    Ниту една вистина Библијата не ја прикажува во толку јасна светлина како што ја прикажува опасноста од едно единствено отстапување од она што е право — опасност која му се заканува на престапникот и на сите оние кои се под негово влијание. Примерот има чудесна моќ, и кога ќе се случи тој да биде во согласност со злите тенденции на нашата природа, тогаш речиси и не можеме да му се спротивставиме.EdM 152.1

    Најсилна поддршка на порокот во нашиот свет не му дава развратниот живот на расипаниот грешник или презрениот отфрленик; тоа го прави животот кој инаку изгледа умерен, чесен и благороден, но во кој се негува еден грев, му се попушта на еден порок. За душата која тајно се бори против некое силно искушение, која трепери на самиот раб на бездната, таквиот пример е еден од најсилните поттикнувачи на грев. Оној кој има возвишени погледи на животот, вистината и честа, а сепак своеволно крши едно правило од светиот Божји Закон, ги изопачил своите благородни дарови и ги претворил во мамка за гревот. Генијалноста, талентот, сочувството, дури и великодушните и љубезни постапки, на тој начин можат да станат мамка на сатаната со која тој ги наведува душите да паднат во амбисот на пропаста.EdM 152.2

    Затоа Бог ни дал толкаво мноштво примери кои ги покажуваат последиците од само едно лошо дело. Од тажната приказна за оној еден грев кој „ја донел на свет смртта и сите наши болки, покрај загубата на Едем”, сё до извештајот за човекот кој за триесет сребреници го продал Господа на славата, библиските биографии се полни со такви примери, кои се поставени како светлечки знаци за предупредување на раскрсниците на сите патишта што скршнуваат од патеката на животот.EdM 153.1

    __________

    И забелешките за последиците од само едно единствено попуштање на човечките слабости и на заблудата, за плодовите на отстапувањето од верата исто така упатуваат предупредување.EdM 153.2

    Со едно единствено отстапување од верата, Илија го скратил своето животно дело. Тешка била одговорноста што тој ја носел за Израелот; верно го предупредувал народот против идолопоклонството; во текот на три и пол години глад, тој со длабока загриженост исчекувал да се покаже некој знак на покајание. Сам стоел на Божја страна на гората Кармил. Со силата на верата идолопоклонството било соборено, а благотворниот дожд посведочил дека обилни благослови чекаат да се излеат врз Израелците. И тогаш, изморен и слаб, избегал пред заканите на Језавела, и сам во пустината се молел да умре. Неговата вера изнемоштила. Не можел да го заврши делото што го започнал. Бог му наредил да помаже друг да биде пророк наместо него.EdM 153.3

    Но Бог ја видел сесрдната служба на овој слуга. Илија не требал да пропадне во пустината, обесхрабрен и сам. Нему не му било наменето да слезе во гроб, туку со Божјите ангели да се вознесе до местото каде што пребива божествената слава.EdM 153.4

    Овие записи за животот го објавуваат она што секое човечко суштество еден ден ќе го разбере — дека гревот може да донесе само срам и загуба; дека неверувањето значи пораз; но дека Божјата милост допира и до најдлабоките амбиси; дека верата ја издигнува покајничката душа да биде примена меѓу Божјите синови.EdM 154.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents