Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Училиште на страдања

    Сите кои во овој свет искрено му служат на Бога или ближните, се здобиваат со подготовка во училиштето на страдањето. Колку е позначајна одговорноста и повозвишена службата, толку и испитот ќе биде построг, а дисциплината поостра.EdM 154.2

    Проучувај ги искуствата на Јосиф и Мојсеј, Даниел и Давид. Спореди ја раната историја на Давид со историјата на Соломон и размислувај за крајот!EdM 154.3

    Давид во својата младост бил тесно поврзан со Саул, и неговиот престој на дворот и врските со царскиот дом му овозможиле увид во грижите, тагите и тешкотиите кои се прикриени со царскиот сјај и раскошот. Тој видел колку човечката слава е немоќна да ў донесе мир на душата. Со чувство на олеснување, Давид од царскиот двор се вратил кај трлата и стадата.EdM 154.4

    Кога љубомората на Саул го принудила да побара засолниште во пустината како бегалец, Давид, губејќи ја човечката поддршка, уште повеќе се потпрел на Бога. Несигурноста и немирот на пустинскиот живот, постојаната опасност, неопходноста од чести бегања, карактерот на луѓето кои на тој начин се собрале околу него — „сите кои беа во неволја, сите задолжени, сите незадоволни” (1. Самоилова 22,2) — сето тоа создавало уште поголема потреба од строга дисциплина. Овие искуства кај него разбудиле и развиле способност за однесување со луѓето, сочувство кон угнетените и омраза кон неправдата. Годините на исчекување и опасност го научиле Давида во Бога да ја најде својата утеха, својата потпора и својот живот. Сфатил дека само со Божја сила може да дојде на престолот; дека само во Божјата мудрост може да владее разумно. Воспитувањето во училиштето на неволји и болка овозможило за Давид да биде напишан извештајот — иако подоцна извалкан од неговиот голем грев — дека „судеше и делеше правда над сиот свој народ” (2. Самоилова 8,15).EdM 154.5

    На Соломон во младоста му недостасувала токму оваа дисциплина на која Давид уште рано ў се покорил. Околностите, карактерот и животот навидум го издигнувале над сите други. Благороден во младоста, благороден во зрелоста, миленик на својот Бог, Соломон започнал владеење кое имало блескави изгледи за успех и чест. Народите се восхитувале од знаењето и проникливоста на човекот кому Бог му ја дал мудроста. Но, горделивоста поради успехот го одвоила од Бога. Соломон ја отфрлил радоста што ја дава заедницата со Бога за да најде уживање во задоволување на суетата. За тоа искуство самиот вели:EdM 155.1

    „Направив големи дела: изградив дворци за себе, посадив лозја; си направив градини и овоштарници, … придобив робови и робинки… насобрав сребро и злато и скапоцености од цареви и области. Си доведов пејачи и пејачки и тоа што ги насладува синовите човечки, музички инструменти од сите видови. И станав толку голем, поголем од кој и да е пред мене во Ерусалим… што да ми посакаа очите, не им скратував, ниту му бранев на моето срце некаква веселба, туку моето срце му се радуваше на секој мој труд... Тогаш ги разгледав сите свои дела, сите напори што ги вложив за да дојдам до нив — и ете, сё е тоа суета и мака за духот, и немаше од нив полза под сонцето. Потоа ја свртив мојата мисла кон мудроста, кон глупоста и кон лудоста. Што би направил човек кој дошол после царот? Освен тоа што е веќе направено.”EdM 155.2

    „Го замразив животот… замразив сё, за што се трудев под сонцето” (Проповедник 2,4-12.17.18).EdM 156.1

    Од сопственото горчливо искуство Соломон ја сфатил празнината на животот кој го бара највисокото добро во земските нешта. Тој им подигнувал олтари на незнабожечките богови само за да почувствува колку се залудни нивните ветувања за одмор на душата.EdM 156.2

    Во своите подоцнежни години, изморен и жеден, напуштајќи ги издупчените земски бунари, Соломон се вратил да пие од изворот на животот. Вдахнат со Духот, тој ја запишал историјата на своите упропастени години како поука и предупредување за идните генерации. И така, иако неговиот народ пожнеал тажна жетва од семето што тој го посеал, животното дело на Соломон не било сосема загубено. Училиштето на страдањата конечно и со него ја постигнало својата цел.EdM 156.3

    Но по онаква зора, колку можел да биде славен денот на Соломоновиот живот, ако во својата младост ја прифател поуката што можел да ја научи од страдањата на другите!EdM 156.4

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents