Go to full page →

6—ХУС И ЈЕРОНИМ GCMkd 73

_______________

Евангелието во Чешка стигнало уште во деветтиот век. Светото писмо било преведено и богослужението се одржувало на народен јазик. Но, како растела папската власт, Речта Божја се повеќе била засенувана. Гргур VII, кој имал цел да ја урне горделивоста на кралевите, во иста мера настојувал да го подјарми и народот. За таа цел издал декрет со кој забранил вршење на служба во црквата на чешки јазик. Папата изјавил дека „на Семожниот му е угодно богослужението да се врши на еден непознат јазик, зашто непочитувањето на ова правило предизвикало многу зла и ереси” (Wylie, b. 3, ch. 1). Така Рим одредил да се угасне светлината на Божјата реч и народот да остане во темнина. Но небото предвидело други средства да се сочува црквата. Многу валденжани и албинжани, протерани од Франција и Италија, дошле во Чешка. Иако не се осмелиле да проповедаат јавно, сепак, потајно ревносно работеле. И така вистинската вера се чувала од столетие во столетие. GCMkd 73.1

Уште пред Хус, во Чешка се појавиле луѓе кои отворено ја осудувале расипаноста на црквата и пороците на народот. Нивните протести предизвикувале општо внимание. Римската хиерархија, плашејќи се за својата власт, почнала да ги прогонува учениците на евангелието. Ова ги присилило верните своите богослуженија да ги одржуваат во шумите и планините, но и таму биле прогонувани, а многу и убиени. Подоцна излегол декрет според кој сите што ќе ја напуштат римската религија ќе бидат спалени. Иако христијаните ги жртвувале своите животи, сепак, верувале во победа на своето дело. Еден од оние што учеле дека спасеннето може да се добие само со вера во распнатиот Спасител, пред емртта изјавил: „Гневот на непријателот на вистината сега има превласт над нас, но така нема да биде секогаш; ќе стане еден меѓу обичниот народ, без меч и власт, против кого тие ќе бидат немоќни” (Wylie, b. 3, ch. 1). Времето на Лутера се уште било далеку, но уште сега се јавил еден глас чиешто сведоштво против Рим ќе го потресе светот. GCMkd 73.2

Јан Хус имал скромно потекло; со смртта на татко му рано останал сираче. Неговата побожна мајка воспитувањето во Господовиот страв го сметала за најскапоцено наследство и затоа настојувала тоа наследство да му го осигури на својот син. Хус најпрво учел во провинциско училиште, а потоа, како добар ученик, е примен на универзитетот во Прага. Мајка му го придружувала на патот; таа, како сиромашна вдовица, не можела на својот син да му даде никаков дар ниту пари, но кога дошле близу до големиот град, клекнала крај момчето без татко и го молела небесниот Отец да го излее врз него својот благослов. Оваа мајка и не наслутувала како нејзината молитва ќе биде примена! GCMkd 74.1

На универзитетот Хус набргу се истакнал со својот неуморен труд и со своето брзо напредување, а неговиот беспрекорен живот и љубезност му прибавиле општа почит. Како предан син на Римската црква, ревно ги барал духовните благослови што му ги ветувала таа. При една јубиларна свеченост тој се исповедал, ги дал своите неколку последни парички и се придружил кон процесијата за да го добие ветеното проштавање. По завршените студии стапил во редовите на свештеничкиот сталеж каде што бргу стекнал висок углед. Набргу е повикан на кралскиот двор; именуван е за професор, а потоа за ректор на универзитетот на кој ги завршил своите студии. За неколку години сиромашниот ученик, кој студирал на трошок на универзитетот, станал гордост за својата земја, а неговото име станало славно во цела Европа. GCMkd 74.2

Меѓутоа, на едно друго подрачје Хус почнал реформаторско дело. Неколку години по своето посветување за свештеничка служба бил именуван за проповедник на Витлеемската капела. Втемелувачот на оваа капела за мошне важна работа го сметал проповедањето на Светото писмо на народен јазик. Овој обичај во Чешка се одржал наспроти противењето на Рим. Сепак, непознавањето на Божјата реч било големо, а меѓу луѓето од сите сталежи владееле најлоши пороци. Хус храбро станал против тие зла, служејќи се со Божјата реч за да ги истакне начелата на чистотата и вистината и да ги влее во срцата на своите слушатели. GCMkd 74.3

Еден граѓанин на Прага, Јероним, кој подоцна тесно се здружил со Хус, кога се вратил од Англија ги донел Виклифовите списи. Кралицта на Англија, која го прифатила Виклифовото учење, била чешка принцеза и со нејзино влијание списите на реформаторот се рашириле во нејзината татковина. Хус ги читал со големо интересирање; уверен дека нивниот автор бил искрен христијанин, со наклоност гледал на реформите што ги застапувал Виклиф. Така Хус, и не забележувајќи, веќе пошол по патот што ќе го одведе далеку од Рим. GCMkd 74.4

Отприлика во тоа време во Прага дошле двајца учени странци од Англија кои ја примиле светлината и дошле да ја рашират во оваа оддалечена земја. Бидејќи отворено ја напаѓале превласта на папата, набргу властите им наредиле да замолчат; но тие не сакале да ја прекинат својата работа и истата ја продолжиле на друг начин. Бидејќи биле не само проповедници, туку и добри уметници, го користеле својот талент. На еден ѕид, пристапен за народот, насликале две слики, Едната го прикажувала Исуса како влегува во Ерусалим, „кроток, јавајќи на магаре” (Матеј 21,5), придружуван од неговите ученици, облечени во изветвени патнички облеки и боси. Другата слика ја прикажувала папската процесија - папата облечен во својата најраскошна облека, со трикратна круна на главата, како јава на величествено накитен коњ, пред кој одат трубачи, а го придружуваат кардинали и епископи во раскошни облеки. GCMkd 75.1

Тоа била проповед што на себе го привлекла вниманието на сите слоеви на народот. Толпи се собирале пред овие слики, чијашто поука секој ја разбрал. Мнозина биле длабоко трогнати од спротивноста меѓу благоста и понизноста на големиот Учител и горделивоста на папата, таканаречениот негов слуга. Во Прага завладеала голема возбуда и по кратко време странците се увериле дека е во интерес на нивната безбедност да си заминат. Но, науката што ја изнесувале тие не паднала во заборав. Нивните слики оставиле длабок впечаток врз Хуса и го поттикнале кон внимателно проучување на Светото писмо и на Виклифовите списи. Иако уште не бил приготвен да ги прифати сите реформи што ги застапувал Виклиф, сепак, појасно го согледал вистинскиот карактер на папството и со поголема ревност ја укорувал горделивоста, суетата и расипаноста на свештенството. GCMkd 75.2

Од Чешка светлината се раширила во Германија. Поради немирите на прашкиот универзитет, стотици германски студенти ја напуштиле Прага. Мнозина од нив своите први сознанија за Библијата ги примиле од Хуса и, враќајќи се во својата татковина, во неа го ширеле евангелието. GCMkd 75.3

Веста за настаните во Прага стигнала до Рим, и набргу Хус бил повикан да излезе пред папата. Да се оѕвие на овој повик би значело да се изложи на сигурна смрт. Чешкиот крал и кралица, универзитетот, членовите на благородништвото и државните функционери му упатиле молба на папата на Хуса да му се дозволи да остане во Прага и да му одговори на Рим преку еден пратеник. Наместо да ја задоволи оваа молба, папата Хуса го осудил, а градот Прага го ставил под проклетство. GCMkd 75.4

Оваа осуда во тоа време предизвикала голема возбуда. Церемониите што го придружувале изрекувањето на таа осуда биле такви што предизвикувале ужас кај народот кој во папата гледал Божји намесник кој ги има клучевите од небото и од пеколот и кој има власт да изрече како световни, така и духовни казни.Се верувало дека небесната врата е затворена за оној крај што е под проклетство и дека мртвите се исклучени од становите на блаженството, додека не му се допадне на папата да ја симне анатемата. Во знак на оваа страшна несреќа биле запрени сите религиозни служби. Црквите биле затворени. Венчавките се извршувале во црковното двориште. Мртвите, чијшто закоп бил забранет на посветено место, се закопувани без вообичаените погребни обреди, во ендеци или на разни полиња. Делувајќи со овие мерки врз мечтата, Рим настојувал да завладее со совестана луѓето. GCMkd 76.1

Во Прага настанале немири. Мнозина го обвинувале Хуса како причина за сите несреќи и барале да биде предаден наодмаздата на Рим. За да ја стивне луњата, реформаторот за извесновреме се повлекол во своето родно село. Од таму им пишувал на своите пријатели во Прага. „Се повлеков од вашата средина за да го послушам Христовиот совет и да го следам неговиот пример, да не им дадам можност на грешните да навлечат на себе вечна пропаст и да не бидам за побожните причина за жалост и прогонство. Се повлеков исто така за безбожните свештеници дане го забранат потполно проповедањето на Божјата реч и вие да не бидете лишени поради мене од божествената вистина за која, со Божја помош, готов сум да умрам” (Bonnechose, The Reformers Before the Reformation, vol. 1, p. 87). Xyc не престанал да работи, ами патувал по околината и им проповедал на тие што сакале даго слушаат. На овој начин мерките што ги презел папата за да го спречи ширењето на евангелието станале причина за негово уште поголемо ширење. „Затоа ние не можеме ништо против вистината, туку само за вистината” (2. Коринќаните 13,8). GCMkd 76.2

„Во оваа фаза на својот живот Хус, се чини, поминувал низ тешка душевна борба. Иако црквата со своите напади сакала даго уништи, сепак, тој не го отфрлал нејзиниот авторитет. За него таа се уште била Христова невеста, а папата Божји претставники намесник. Хус се борел против злоупотребите на авторитетот, а не против самиот авторитет. Ова предизвикало страшна борбамеѓу она што му го зборувал разумот и она што го барала неговата совест. Ако авторитетот е праведен и непогрешен, како што верувал, зошто тогаш нешто го гони да не му се покори? Да гопослуша, јасно видел, би значело да греши; но зошто послушноста кон една непогрешна црква би донесувала такви последици? Тоа бил проблем што не можел да го реши; тоа било сомневање што постојано го мачело. Сепак, му се сторило дека нашол решение, припомнувајќи си како во времето на Спасителот свештениците на црквата, станувајќи неверни, го користеле својот законит авторитет за незаконити цели. Оваа мисла го поттикнала да го прифати и на другите да почне да им го изнесува начелото дека само науката на Светото писмо, усвоена преку разумот, треба да и служи како водич на нашата совест; или, со други зборови, дека само Бог е непогрешен водич кој зборува во својата Реч, а не црквата, која зборува преку своето свештенство” (Wylie, b. 3, ch. 2). GCMkd 76.3

По извесно време возбудата во Прага стивнала и Хус се вратил во Витлеемската капела каде што продолжил да ја проповеда Божјата реч со уште поголема ревност и храброст. Неговите непријатели не го гледале рамнодушно. Тие биле силни; но кралицата, многу благородници и мнозина од народот биле на негова страна. Споредувајќи ја неговата чиета наука и неговиот свет живот со ниските догми што ги проповедале римските свештеници и со скржавоста и расипаноста во која живееле тие, мнозина сметале дека е чест да бидат со реформаторот. GCMkd 77.1

Досега Хус бил сам, а од овој миг негов соработник станал Јероним, кој во Англија го примил Виклифовото учење. Тие од сега биле неразделни дури ни во смртта. Надарен со сјајни таленти, со ретка речитост и со голема ученост, Јероним го имал се она што било потребно да се придобие наклоноста на народот; но, во доблестите од кои се состои вистинскиот карактер, Хус бил поголем од него. Неговото мирно расудување го сгивнувало немирниот дух на Јеронима, кој со вистинска понизност ја признавал неговата вредност и ги прифаќал неговите совети. Со здружени напори на обајцата, реформацијата се ширела уште побргу. GCMkd 77.2

Бог го расветлил умот на овие избрани луѓе, така што многу заблуди на Рим им станале јасни. Но тие не ја примиле сета светлина што требало да му се објави на светот. Преку овие свои слуги Бог го изведувал народот од мракот на римските заблуди, но внимателно, чекор по чекор, водејќи сметка за многубројните и сериозни пречки што уште требало да се пребродат. Како пладневниот сјај на сонцето што ги заслепува оние кои долго биле во темнина, така и нив би ги заслепило виделото кога би им било откриено наеднаш во целост. Затоа на овие водачи Бог им ја откривал вистината малку по малку, во онаа мера во која народот можел да ја прими. Во идните векови требало да дојдат други верни работници што ќе го водат народот понатаму на патот на реформата. GCMkd 77.3

Во црквата се уште траел раздор. Три папи се бореле за првенство и нивните борби христијанството го исполнувале со злосторетво и со буни. Бидејќи биле незадоволни со фрлањето на проклетство како средство во меѓусебната борба, посегнале по световно оружје. Секој од нив настојувал да набави оружје и да собере војска, но бидејќи тоа барало големи суми пари, за таа цел продавале црковни положби, повластици и црковни благослови (види: Додаток, забелешка за 59. страница). Свештениците, следејќи го примерот на своите претпоставени, се служеле со симонија и со војна за да ги понижат своите соперници и да ја засилат својата власт. Хус од ден на ден се посилно грмел против пороците што се трпеле во име на религијата, и народот отворено ги обвинувал римските водачи за причината на бедата што го преплавила христијанството. GCMkd 78.1

Пак се чинело дека градот Прага се наоѓа на прагот на крвав судир. Како и порано, Божјиот слуга бил обвинет како „оној што му носи несреќа на Израел” (1. Царевите 18,17). Врз градот пак бил фрлен интердикт и Хус повторно се повлекол во своето родно село. Дошол крај за проповедите што толку верно ги изнесувал во својата мила Витлеемска капела. Сега требало од една поголема проповедална да му зборува на целото христијанство пред да го положи својот живот како сведок на вистината. GCMkd 78.2

За да се излекуваат злата што ја мачеле тогаш Европа, повикан е општ црковен собор во Констанца. Соборот, по желба на царот Сигисмунд, го свикал папата Јован XXIII, еден од тројцата сопернички папи. Свикувањето на соборот не било по волја на папата Јован, чијшто карактер, политика и приватен живот не можеле да ја издржат критиката, па макар таа да доаѓала од страна на прелатите со толку слаб морал какво што воопшто било свештенството во тоа време (види: Додаток). Сепак, тој немал смелост да и се противстави на волјата на Сигисмунда. GCMkd 78.3

Главна цел на овој собор била да му стави крај на раздорот во црквата и да го искорени кривоверството. Затоа на соборот биле повикани двајцата сопернички папи и главниот пропагатор на новата вера, Јан Хус. Првите, плашејќи се за својата безбедност, не дошле на соборот лично, туку нивни пратеници. Папата Јован XXIII, иако самиот го свикал соборот, дошол во Констанца со голем страв. Наслутувал дека царот потајно приготвува план да го собори и се плашел дека ќе биде повикан да одговара за пороците со кои ја обесчестил папската тијара и за злосторствата со кои ја стекнал. Но сепак, влегол во Констанца со голема помпа, во придружба на членовите на високото свештенство и на дворската свита. Сите свештеници и градски великодостојници, со мноштво народ, излегле пред него да му посакаат добредојде. Над неговата глава четири високи службеници носеле златен балдахин. Пред него е носена хостија, а раскошната облека на кардиналите и благородниците уште повеќе го зголемувале сјајот на придружбата. GCMkd 78.4

Во исто време кон Констанца се приближувал друг патник. Хус бил свесен за опасноста што му се заканува. Простувајќи се со своите пријатели како човек кој смета дека нема да ги види повеќе, се упатил по својот пат, чувствувајќи дека тој го води на ломача. Иако добил гарантно писмо од чешкиот крал, и исто така друго гарантно писмо од кралот Сигисмунд за време на патувањето, сепак, сите свои работи ги средил така како да го чека смрт. GCMkd 79.1

Во едно писмо што им го упатил на своите пријатели во Прага, го напишал следното: „Браќа мои, јас поаѓам со едно гарантно писмо од кралот да ги сретнам моите безбројни и смртни непријатели... Јас исцело се потпирам врз Семожниот Бог и мојот Спасител и се надевам дека Тој ќе ги слушне вашите сесрдни молитви и дека ќе ми даде ум и мудрост за да можам да им преодолеам, дека ќе ми го подари својот Свети Дух за да ме утврди во својата вистина за да можам храбро да ги поднесам искушенијата, темница и, ако биде потребно, и маченичка смрт. Исус Христос страдал заради своите избрани, па зар тогаш да се чудиме што ни оставил пример за нашето спасение да поднесуваме се стрпливо. Тој е Бог, а ние негови созданија; Тој е Господ, а ние негови слуги; Тој е Учител на светот, а ние ништожни смртници; нему ништо не му треба, а нам ни е потребно се; Тој страдал, тогаш зошто не би страдале и ние, особено ако тоа страдање е за наше исчистување. Затоа, драги пријатели, ако мојата смрт би му послужила нему на слава, тогаш молете се таа да дојде што побргу и Господ да ми помогне да можам да ги поднесам храбро сите неволји. Но, ако е подобро да ви се вратам вам, да му се молиме на Бога да можам да се вратам неизвалкан од овој собор, односно, да не погазам ниту една вистина на евангелието за да им оставам добар пример на моите браќа. Можеби вие нема веќе да го видите моето лице во Прага, но, ако дозволи волјата на семожниот Бог да ви се вратам, тогаш да појдеме напред со срце поцврсто во познавањето на неговиот закон и во љубовта кон Бога” (Bonnechose, vol. 1, рр. 147,148). GCMkd 79.2

Во друго писмо, упатено на еден свештеник кој станал ученик на евангелието, Хус зборува со длабока понизност за своите слабости, обвинувајќи се себеси дека „со задоволство носел богати облеки и дека често времето го трошел на безвредни работи”. Потоа го додава овој трогателен совет: „Славата Божја, спасението на душите и работата нека бидат твоја главна грижа, а не поседот на црковните добра и имотот. Внимавај да не ја украсуваш својата куќа повеќе отколку својата душа; вложи најголем напор за својата духовна зграда. Биди благ и понизен со сиромасите и немој да ги трошиш своите добра на гозби. Ако не го поправиш својот живот и ако не се воздржиш од она што е излишно, се плашам дека ќе бидеш тешко казнет како јас, кој сум го правел тоа, заведен со навиката и збунет со горделивиот дух... Ти ја знаеш мојата наука, зашто ги примаше моите поуки уште од детството и затоа не е потребно да ти пишувам повеќе; но јас те заколнувам со милоста на нашиот Спасител да не земапт пример од мене во никаква суета во која си видел да сум паднал.” На омотот на писмото додал: „Те заколнувам, мој пријателе, да не го кршиш овој печат додека не бидеш сигурен дека сум мртов” (Bonnechose, vol. 1, рр. 148,149). GCMkd 79.3

На својот пат Хус насекаде видел знаци дека неговата наука надалеку е раширена и можел да се увери колкав интерес владее за неговото дело. Народот се собирал да го ггоздрави, а во некои градови високите градски службеници го придружувале на улиците. GCMkd 80.1

Кога дошол во Констанца, Хус најпрво уживал целосна слобода. Покрај гарантното писмо на кралот, папата му ветил своја лична заштита. Но, наспроти сите тие многубројни и свечени изјави, реформаторот набргу бил уапсен на заповед на папата и кардиналите и бил фрлен во една грозна темница. Подоцна е преместен во една силна тврдина на другиот брег на Рајна и таму задржан како затвореник. На папата ниту најмалку не му користела неговата вероломност, зашто набргу и самиот бил фрлен во истиот затвор (Исто, vol. 1, р. 247). Соборот пронашол дека е виновен за страшни злосторства, како што се убиство, симонија, прељуба и ,гза гревови што се незгодни да се споменуваат”. Тоа била одлука на соборот, и папата Јован XXIII бил лишен од тијарата и фрлен во затвор. Противпапите исто така биле соборени и на нивно место бил избран нов папа. GCMkd 80.2

Иако самиот папа бил обвинет за многу поголеми злосторства од оние што Хус им ги ставил на товар на свештениците и поради кои барал реформа, сепак, истиот собор што го соборил папата, решил да го погуби реформаторот. Апсењето на Хус предизвикало голема огорченост во Чешка. Силното благородништво му упатило на соборот остар протест против таа навреда. И царот, кој не сакал да се погази неговото гарантно писмо, им се противставил на сплетките на непријателите на реформаторот. Но, непријателите на реформаторот биле полни со омраза и решителни. Тие ги искористиле предрасудите на царот Сигисмунд, неговиот страв и неговата ревност за црквата. Навеле опширни докази дека „не мора да се одржи дадениот збор на кривоверецот или на лицето што е ставено под сомнение поради кривоверство, па макар тоа да има гарантно писмо од цар или од крал” (Jacques Lenfant, History of the Council of Constance, vol. 1, p. 516). GCMkd 80.3

Изнемоштен од болест и од затворот - зашто влажниот и нечист темнички воздух предизвикал треека што речиси го покосила - Хус најпосле бил изведен пред соборот. Врзан во синџири стоел пред царот кој се заколнал со својата чесна и света вера дека ќе го штити. За време на своето второ сослушување, реформаторот цврсто ја бранел вистината и во присуство на собраните црковни и државни великодостојници упатил свечен и сериозен протест против расипаноста на свештенството. Кога го повикале да избере дали ќе се откаже од своето учење или ќе претрпи смрт, тој избрал маченичка смрт. GCMkd 81.1

Божјата милост го крепела и, во текот на тие неколку седмици на страдања што и претходеле на конечнта пресуда, неговата душа ја исполнувал небесен мир. „Ова писмо го пишувам во затвор и во синџири”, му пишувал на еден свој пријател, „очекувајќи ја мојата утрешна смртна пресуда со целосна доверба дека Бог нема да ме остави и дека нема да дозволи да се откажам од неговата Реч или да ги признам грешките што злобно ми се подметнати од лажните сведоци. Кога ќе се видиме во среќната вечност, ќе дознаете со каква милост ме удостоил Бог во моите страшни искушенија” (Jacques Lenfant, History of the Council of Constance, vol. 1, p. 516). GCMkd 81.2

Bo својата мрачна ќелија Xyc ja предвидел победата на вистинската вера. Сонувал како се вратил во својата Витлеемска капела, каде што го проповедал евангелието, и ги видел папата и неговите бискупи како ги бришат Христовите слики што ги нацртал тој на нејзините ѕидови. „Овој сон го ожалостил, но следниот ден видел многу уметници како цртаат слики во уште поголем број и со поубави бои. Штом ја свршиле својата работа, опколени со голема маса свет, уметниците повикале: ,Нека дојдат сега папите и епископите! Тие никогаш нема да го избришат ова! Размислувајќи за својот сон, реформаторот пишувал: „Јас сметам дека навистина Христовиот лик не може никој да го избрише. Тие сакаат да го уништат, но проповедници, подобри од мене, него пак ќе го насликаат во сите ерца” (D’Aubigne, b. 1, ch. 6). GCMkd 81.3

Хус за последен пат е изведен пред соборот. Тоа било големо и сјајно собрание - царот, државните кнезови, кралски пратеници, кардинали, епископи и свештеници и огромно мноштво народ што дошло да види што ќе се случи. Од сите страни на христијанството се собрале сведоци на оваа прва голема жртва во долгата борба со која требало да се извојува слобода на совеста. GCMkd 81.4

Повикан уште еднаш да се изјасни за својата последна одлука, Хус не се откажал и, насочувајќи го својот прониклив поглед кон царот, кој својот даден збор толку срамно го погазил, изјавил: „Јас дојдов на овој собор по своја желба, под јавна заштита и на чесен збор на царот кој е присутен овде” (Bonnechose, vol. 2, р. 84). Сите присутни го насочиле погледот кон Сигисмунда и виделе како неговото лице го покрило длабоко црвенило. GCMkd 82.1

Кога била изречена смртната пресуда, почнала церемонија на деградација. Епископите својот заточеник го облекле во свештеничка облека. Земајќи ја свештеничката облека, Хус рекол: „Нашиот Господ Исус Христос бил наметнат со бела наметка во знак на понижување, кога Ирод го довел пред Пилата” (Исто, vol. 2, р. 86). GCMkd 82.2

Кога повторно го повикале да се откаже, тој, обраќајќи му се на народот, одговорил: „Со какво лице би можел да го гледам небото? Со какво око би можел да го погледнам мноштвото народ на кого му го проповедав чистото евангелие? He! Јас мислам дека нивното спасение е поважно од моето бедно тело што е сега осудено на смрт.” Тогаш почнале од него да соблекуваат делови од облеката и секој бискуп изговарал по едно проклетство, извршувајќи го својот дел на церемонијата. На главата му ставиле капа од хартија во вид на митра, со натпис „архиеретик”, на која биле насликани страшни ѓаволи. Хус извикнал: „Со радост ќе ја носам оваа круна заради тебе, о Исусе, кој заради мене си носел трнов венец.” GCMkd 82.3

Кога го облекле така, епископите кажале: „Сега твојата душа му ја предаваме на ѓаволот.” „А јас”, рекол Хус, подигајќи го погледот кон небото, „мојот дух го предавам во твои раце, о Исусе, кој си ме откупил” (Wylie, b. 3, ch. 7). GCMkd 82.4

Тогаш им го предале на световните власти и го одвеле на губилиште. По него одела огромна поворка вооружени војници, свештеници и раскошно облечени бискупи, кон која се придружиле жителите на Констанца. Кога го врзале за столбот на ломачата и кога се било готово огнот да се запали, уште еднаш го повикале маченикот да го спаси својот живот, откажувајќи се од своите заблуди. Хус одговорил: „Од какви заблуди да се откажам? He се чувствувам шггу малку виновен. Го повикувам Бога за сведок дека се што сум го проповедал и што сум го пишувал има за цел да ги оттргне душите од гревот и пропаста; затоа, со голема радост и со својата крв ќе ги запечатам вистините што сум ги проповедал и за кои сум пишувал” (Исто, b. 3, ch. 7). - Kora го обвил пламенот, почнал да пее: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!” - и така продолжил се додека неговиот глас не замолкнал за секогаш. GCMkd 82.5

Дури и неговите непријатели биле восхитени со неговото јунаштво. Еден огнен папеки писател, опишувајќи ја маченичката смрт на Хус и Јероним, кој умрел малку подоцна, вели: „Обајцата по појдоа храбро во смрт. Се приготвија за оган како да одат на свадбена свеченост. He испуштија ниту еден извик на болка. Кога пламенот се издигнуваше, почнаа да пеат химни и одвај силата на огнот можеше да го замолкне нивното пеење” (Исто, b. 3, ch. 7). GCMkd 83.1

Kora телото на Хус наполно изгорело, неговиот пепел, заедно со земјата под него, бил собран и фрлен во Рајна која го однела во океан. Напразно неговите непријатели верувале дека ја искорениле вистината што ја проповедал тој. И не насетиле дека пепелот, однесен в море, ќе биде семе посеано во сите земји и дека во оддалечените краишта ќе донесе обилни плодови во чест на вистината. Гласот што се слушнал во салата на соборот во Констанца произвел одглас што ќе се слушне низ сите идни векови. GCMkd 83.2

Хус го немало веќе, но вистината за која тој умрел не можела да исчезне. Неговиот пример на вера и постојаност храбрел мнозина цврсто да стојат со вистината, наспроти маките и смртта. Неговото погубување на цел свет му ја открила страшната свирепост на Рим. Непријателите на вистината несвесно го помогнале напредувањето на делото што напразно настојувале да го уништат. GCMkd 83.3

Во Констанца требало да биде подигната уште една ломача. Во прилог на вистината морала да сведочи крвта на уште еден сведок. Простувајќи се со Хус пред неговото заминување, Јероним го советувал да биде храбар и постојан, уверувајќи го дека ќе му дојде на помош ако падне во некаква опасност. Дознавајќи дека реформаторот е уапсен, верниот ученик веднаш се приготвил да го исполни своето ветување. Без никакво гарантно писмо, придружуван од еден другар, се упатил во Констанца. Кога стигнал во градот, установил дека само се изложил на голема опасност и дека за ослободувањето на Хус не може да стори ништо. Побегнал од градот, но при враќањето дома бил уапсен и во синџири доведен назад под стража на војници. Кога првпат бил изведен пред соборот и кога се обидел да се брани од обвинувањата изнесени против него, неговите зборови биле задушени со извиците: „На ломача со него! Во оган!” (Bonnechose, vol. 1, р. 234). GCMkd 83.4

Фрлен е во затвор, окован во синџири и тоа во таква положба што тоа му создавало големи болки. Го хранеле само со леб и вода.По неколку месеци тешко темнување, Јероним тешко се разболел, а неговите непријатели, плашејќи се да не умре, ја ублажиле строгоста на затворот, но во него го задржале уште една година. GCMkd 83.5

Смртта на Хуса го немала она дејство што го очекувале следбениците на папата. Газењето на гарантното писмо предизвикало бура негодување, и затоа соборот заклучил дека е подобро, ако е можно, Јеронима да го присилат да се откаже од својата вера отколку да го спалат. Го извеле пред соборот и му предложиле да бира: или да се откаже од верата или да умре на ломача. Во почетокот на неговото заточение смртта за него би била благодат во споредба со ужасните маки што ги претрпел; но сега, ослабен од болеста, од тежината на затворот и од страв и неизвесност, одвоен од своите пријатели и обесхрабрен со смртта на Хус, Јероним ја загубил храброста и се согласил да му се покори на соборот. Ветил дека ќе се придржува кон католичката вера и дека ќе ги признае одлуките на соборот во врска со осудата на науката на Виклифа и Хуса, со исклучок на „светите вистини” што ги проповедале тие. (Исто, vol. 2, р. 141.) GCMkd 84.1

На овој начин Јероним се обидел да го замолкне гласот на својата совест и да ја избегне својата осуда. Но, во самотијата на затворот му станало појасно што сторил. Си спомнувал за храброста и верноста на Хус и тогаш помислил на своето негирање на вистината. Се сетил за божествениот Учител на кого му ветил дека ќе му служи и кој заради него претрпел смрт на крет. Пред да се откаже, среде сите страдања наоѓал утеха во довербата и сигурноста во Божјата наклоност; но сега неговата душа ја мачеле сомневања и грижа на совеста. Знаел дека ќе мора уште да се откажува пред да се помири со Рим. Патот по кој пошол може да заврши само со целосен отпад од верата. Затоа решил да не се откаже од својот Господ за да избегне кратко време на страдање. GCMkd 84.2

Набргу пак бил изведен пред соборот. Неговите судии уште не биле задоволни со неговата покорност. Нивната жед за крв, предизвикана со смртта на Хус, барала нови жртви. Само со безусловно откажување од вистината Јероним можел да го сочува животот. Но решил да ја признае својата вера и да појде по стапките на својот брат-маченик и во пламен на ломача. GCMkd 84.3

Го повлекол своето поранешно откажување и, како секој човек осуден на смрт, барал право да се брани. Плашејќи се од влијанието на неговите зборови, бискупите барале само да ја признае вистинитоста на обвинувањата што се изнесуваат против него или да ги негира. Јероним и се противставил на оваа свирепост и неправда. „Вие ме држевте во страшна темница триста и четириесет дни”, рекол, „во гнасотија и смрдеа, во кал, лишен од најпотребните работи; еега ме изведувате пред собор и ги слушате обвинувањата на моите смртни непријатели, а не сакате да ја сослушате мојата одбрана... Ако навистина сте мудри луѓе и светлина на светот, внимавајте да не згрешите против праведноста. Што се однесува до мене, јас сум само слаб смртник; мојот живот има малечка вредност, и ако ве опоменувам јас да не донесувате неправедна пресуда, тоа го правам повеќе заради вас отколку заради себе” (Исто, vol. 2, рр. 146,147). GCMkd 84.4

Најпосле ја прифатиле неговата молба. Јероним клекнал во присуетво на своите судии, барајќи од Бога да управува со неговите мисли и зборови и да не дозволи да каже нешто противно на вистината или недостојно за својот Учител. Тој ден се исполнило над него ветувањето што им го дал Спасителот на своите први ученици: „И ќе ве одведат пред управници и цареви заради мене... Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете; бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори во вас” (Матеј 10,18-20). GCMkd 85.1

Зборовите на Јероним предизвикале чудење и восхит дури и кај неговите непријатели. Цела година бил во мрачен затвор каде што не можел да чита, ниту нешто да види, во големи телесни маки и душевен страв, а сепак, своите докази ги изнесувал со таква јасност и сила како да имал најдобра можност за проучување. На своите слушатели им го обрнал вниманието на долгата низа свети луѓе што ги осудиле неправедни судии. Спомнувајќи ги последователно генерациите, иетакнувал луѓе кои се обидувале да го подигнат народот на своето време, но биле напаѓани и осудувани, меѓутоа, подоцна биле почестени со најголема почит. Дури и Христа го осудил како злосторник еден неправеден судија. GCMkd 85.2

При своето откажување Јероним ја признал праведноста на пресудата што е искажана над Хус. Каејќи се поради својата слабост, сега сведочел за невиноста и светоста на маченикот. „Јас го познавав уште од неговото детство”, рекол; „тој беше прекрасен човек, праведен и свет. Тој е осуден наспроти својата невиност... GCMkd 85.3

Јас исто така сум готов да умрам. Нема да отстапам пред маките што ми ги приготвуваат моите непријатели и лажните сведоци, кои еден ден ќе одговараат за своите клевети пред големиот Бог кого не може никој да го измами” (Bonnechose, vol. 2, р. 151). GCMkd 85.4

Обвинувајќи се самиот себеси за тоа што се откажал од вистината, Јероним продолжил: „Од сите гревови што сум ги сторил од моето детство, ниеден не ми е толку тежок и не ми предизвикува толку душевни страдања колку оној што го сторив на ова кобно место кога ја одобрив нечесната пресуда изречена против Вжклифа и против мојот учител и пријател, светиот маченик Хус. Да! Тоа од срце го признавам и изјавувам со гроза дека нивното учење го осудив од страв пред смртта. Го молам семожниот Бог да ми ги прости моите гревови, особено овој, најподлиов од сите други ” GCMkd 85.5

Покажувајќи кон судиите, рекол со решителен глае: „Вие ги осудивте Виклифа и Хуса не затоа што ја потресоа науката на црквата, туку затоа што ги жигосаа срамните дела на свештенството, нивниот раскош, нивната горделивост и сите пороци на епископите и свештениците. Но она пгго го тврдеа тие е непобитно, и јас мислам и изјавувам како нив. ” GCMkd 86.1

Неговите зборови биле прекинати. Епископите, тресејќи се од гнев, почнале да викаат: „Каков доказ ни треба? Со свои очи гледаме дека тој е најупорен еретик!” GCMkd 86.2

Јероним не дозволил да го збуни овој бунт, туку продолжил: „Што! Мислите дека јас се плашам од смртта? Вие една година ме држевте во синџири во одвратна темница, пострашна од смртта; вие кон мене се однесувавте посвирепо отколку што би го сторил тоа некој Турчин, Евреин или незнабожец, и моето живо тело изгни на моите коски. Но јас не се жалам, зашто жалењето не му прилега на човек од срце и храброст; јас само и се чудам на толку големата свирепост кон еден христијанин” (Исто, vol. 2, рр. 151-153). GCMkd 86.3

Неговиот глас повторно го задушило негодување и Јеронима го одвеле во затворот. Сепак, меѓу слушателите имало луѓе врз кои овие зборови оставиле длабок впечаток и кои сакале да го спасат неговиот живот. Црковните великодостојници дошле во затворот и го нагрвалиле да му се покори на соборот. Му ветувале најсјајна иднина како награда ако се откаже од своето учење и од противењето кон Рим и ако ја одобри одлуката против Јан Хус. Но, како и неговиот Учител, на кого му било понудено сето богатство на овој свет, и тој останал непоколеблив, велејќи: „Ќе се откажам ако ми докажете со Светото писмо дека сум во заблуда Еден од неговите иеледници при тоа извикнал: „Светото писмо! Зар треба се да се просудува според него? Кој може да го разбере Светото писмо ако не го објасни црквата?” GCMkd 86.4

„Што слушам? Зар повеќе треба да им се верува на преданијата на луѓето отколку на евангелието на нашиот Спасител?”, одговорил Јероним. „Павле не ги советувал оние на кои им пишувал да ги слушаат човечките преданија, туку рекол: ‘Истражувајте ги писмата.’” GCMkd 86.5

„Еретиче!” извикнал еден од присутните, погледнувајќи го гневно, „се каам што толку долго те штитев овде. Гледам дека во твоето срце е ѓаволот” (Wylie, b. 3, ch. 10). GCMkd 86.6

Јероним е осуден на смрт и одведен на истото место каде што Хус го положил својот живот. Пошол пеејќи, а неговото лице светело од радост и спокојство. Неговиот поглед бил насочен кон Христа и за него смртта го загубила својот ужас. Кога крвникот дошол зад него да го запали огнот на ломачата, маченикот извикнал: „Дојди слободно напред; запали го пред мене! Да се плашев, сега не ќе бев овде!” GCMkd 86.7

Последни зборови што ги изговорил кога пламенот го обземал биле зборови на молитва: „Господе, семожен Татко, биди ми милостив и просги ги моите гревови, зашто ти знаеш дека секогаш ја сакав твојата вистина” (Bonnechose, vol. 2, р. 168). Неговиот глас замолкнал, но неговите усни се уште ја шепотеле молитвата. Кога огнот го довршил своето дело, собран е пепелот на маченикот, заедно со земјата на која лежел, и фрлен е, како и пепелот на Хус, во Рајна. GCMkd 87.1

Така гинеле верните носители на светлината. Но светлината на вистината што ја проповедале, како и светлината на нивниот храбар пример, не се угасила. Полесно би било да се запре Сонцето на неговиот пат отколку да се задржи осамнувањето на денот што веќе тогаш се раѓал. GCMkd 87.2

Погубувањето на Хус во Чешка ггредизвикало порој негодување и огорченост. Сиот народ чувствувал дека реформаторот бил жртва на свештеничката злоба и на вероломноста на царот. За Хус се зборувало како за верен носител на вистината, а соборот, кој го осудил на смрт, е прогласен за виновен за неговото убиство. Сега науката на Хус повеќе го привлекувала вниманието од кога и да е порано. Со папски едикти списите на Виклифа се осудени на спалување; но тие што се спасени од уништување, сега се извадени од тајните засолништа и проучувани со помош на Светото писмо или со помош на одделни негови делови до кои народот можел да дојде. На тој начин мнозина ја примиле реформираната вера. GCMkd 87.3

Убијците на Хус не ја гледале мирно славата на неговото дело. Папата и царот ги здружиле своите сили да го уништат движењето, а војската на Сигисмунд удрила на Чешка. GCMkd 87.4

Меѓутоа, се јавил ослободител. Јан Жишка, кој набргу, откако почнала војната, наполно ослепел, но сепак, еден од најспособните војсководители на своето време, бил водач на Чесите. Потпирајќи се врз Божјата помош и врз праведноста на своето дело, овој народ им преодолеал на најсилните војски што се подигале против него. Повеќе пати царот ја напаѓал Чешка со нови сили, но секогаш претрпувал пораз. Хуситите се издигнале над смртниот страв и ништо не можело да им преодолее. Неколку години потоа умрел храбриот Жишка, а го заменил Прокоп, еден исто толку храбар и вешт војсководител, а во извесен поглед уште поспособен водач. GCMkd 87.5

Кога непријателите слушнале за смртта на слепиот војсководител, сметале дека сега е згодна прилика да го повратат она што го загубиле порано. Папата објавил крстоносна војна против хуситите; и повторно големи војски ја притиснале Чешка, но само затоа да доживеат уште еден страшен пораз. Потоа е организиран друг крстоносен поход. Во сите католички земји собирани се пари, оружје и војници. Мноштво луѓе се слевале под знамето на папата, сметајќи дека најпосле ќе биде уништен еретичкиот народ. Тоа мноштво тргнало против Чешка, верувајќи во сигурна победа. Народот се собрал да ги одбие. Двете војски се приближувале една кон друга се додека не ги разделувала само една река. „Крстоносците биле далеку помногубројни но, наместо да ја преминат реката и да почнат борба со хуситите, заради што и дошле од далеку, стоеле и мирно ги гледале борците на противникот” (Wylie, b. 3, ch. 17). Тогаш одненадеж ги обзел таинствен страв. Без никој да ги нападне, оваа силна војска се разбегала и се распрснала како да е поразена од невидлива сила. Голем број биле убиени од хуситите кои ги прогонувале бегалците, и во рацете на победникот паднал голем плен, така што војната, наместо да ги осиромаши, Чесите ги збогатила. GCMkd 87.6

Неколку години подоцна, еден друг папа повел нова крстоносна војна. И сега, како и во поранешните походи, собрано е мноштво луѓе и средства од европските католичхи земји. Големи повлаетжци им се ветени на оние што ќе земат учество во овој опасен потфат. На секој крстоносец целосно ќе му бидат простени најгнасните злосторства. На сите што ќе загинат во војната им е ветена голема награда на небото, а оние што ќе ја преживеат, ќе стекнат чест и богатство на бојното поле. Повторно голема војска ја преминала границата и ја притиснала Чешка. Хуситите се повлекле пред неа и со тоа го намамиле непријателот во внатрешноста на земјата, наведувајќи го на помисла дека веќе извојувал победа. Но потоа војската на Прокоп застанала, се свртела кон непријателот и се приготвила за напад. Откривајќи ја својата грешка, крстоносците останале во логорот, очекувајќи напад. Кога се слушнал гласот на војската што се приближувала, дури и пред хуситите да се појават на повидок, повторно меѓу крстоносците настанала паника. Кнезовите, војсководителите и војниците го фрлиле оружјето и се разбегале во сите правци. Напразно пратеникот на папата, како водач на походот, се обидувал да ја собере исплашената и распрсната војска. Наспроти сите негови напори, најпосле и него го повлекол бранот на бегалците. Поразот бил целосен, и пак огромен плен паднал во рацете на победникот. GCMkd 88.1

Така по вторпат, без ниеден удар со меч, побегнала пред еден малечок слаб народ една војска организирана од најсилните европски народи, што се состоела од храбри борбени луѓе, добро обучени и вооружени за борба, Било јасно дека овде се вмешала божествената сила. Напаѓачите биле совладани од некој необичен страв. Оној што ја уништил фараоновата војска во Црвеното Mope, Оној што ги натерал во бегство Мадијанците пред Гедеона и пред неговите триста луѓе, Оној што ноќе ја уништил моќта на гордите Асирци, сега пак ја подигнал својата рака да ја уништи силата на напаѓачите. „Ете ги исплашени и кога нема причина за страв! Бог им ги расеа коските на тие што те напаѓаа и ти ги посрами, зашто нив Бог ги отфрли” (Псалм 53,5). GCMkd 88.2

Откако ја загубиле надежта во победа со вооружена сила, црковните водачи прибегнале кон дипломатија. Конечно склучена е спогодба која на Чесите привидно им дала слобода на совеста, а всушност ги потчинила под папската власт. Чесите истакнале четири точки како услов за мир со Рим, и тоа: слободно проповедање на Светото писмо и вршење на службата на народен јазик; право целата црква да може да земе причест во вид на леб и вино; исклучување на свештенството од сите еветовни елужби и световни власти; во случај на кривица, еднаква одговорност пред судот за духовниците и лаиците. Претставниците на папската власт „најпосле се согласиле да ги прифатат и да ги потпишат сите четири услови, но барале правото на толкување на овој договор да им припаѓа ним, односно на соборот - со други зборови, на папата и на царот” (Wylie, b. 3, ch. 18). GCMkd 89.1

Врз таа основа е склучен договор и така Рим, со лицемерство и со вештина го добил она што не можел да го извојува со сила; зашто, бидејќи го добил правото да го толкува значењето на точките на договорот и на Светото писмо, можел по своја волја да ја извртува нивната смисла. GCMkd 89.2

Голем дел од народот во Чешка, гледајќи дека неговата слобода е во опасност, не можел да се согласи со потпишувањето на овој договор. Настанале неслоги и раздори кои предизвикале меѓусебни судири и крвопролевања. Во таа борба паднал и благородниот Прокоп, а заедно со него исчезнала и чешката слобода. GCMkd 89.3

Сигисмунд, предавникот на Хус и Јероним, сега станал крал и на Чешка. Наспроти својата заклетва дека ќе ги штити правата на оваа земја, настојувал во неа да ја воспостави папската власт. Но неговото настојување да му угодува на Рим малку вредело. Дваесет години неговиот живот бил исполнет со борби и опасности. Неговите војски биле истрошени, неговите благајни испразнети од долгото и безуспешно војување. A сега, по едногодишно владеење, умрел, оставајќи го своето кралство на раб на граѓанска војна, a на потомството едно име обележано со жиг на срам. GCMkd 89.4

И понатаму продолжиле востанија, борби и крвопролевања. Повторно Чешка ја притиснале странски војски, а чешкиот народ продолжиле да го вознемируваат внатрешни раздори. Оние што му останале верни на евангелието биле изложени на крваво прогонство. Бидејќи нивните претходни браќа склучиле договор со Рим и ги примиле неговите заблуди, оние што и останале верни на старата вера организирале посебна црква што ја нарекле со името „Обединети браќа”. Со овој чин навлекле на себе проклетство од страна на сите сталежи, но нивната решителност останала цврста. Биле присилени да бараат прибежиште во шумите и пештерите да се молат на Бога и да ја читаат Божјата реч. GCMkd 90.1

Од весниците што потајно ги праќале во разни земји дознале дека во некои места „постојат одделни следбеници на вистината во разни градови, дека и тие се изложени на прогонство и дека среде Алпите постои стара црква, основана на Светото писмо, која исто така станува против расипаноста на Рим” (Wylie, b. 3, ch. 19). Оваа новост ја примиле со голема радост и стапиле во преписка со валденжанските христијани. GCMkd 90.2

Верни на евангелието, во текот на долгата ноќ на прогонство и во најтемните часови, Чесите очите ги насочувале кон небото како луѓе кои ги очекуваат првите зраци на денот. „Нивната ждрепка паднала во зол час... но тие си спомнувале за зборовите на Хус, што подоцна ги повторил Јероним, дека треба да помине еден век пред да осамне денот. Овие зборови за табориќанците (хуситите) биле она што и Јосифовите зборови за дванаесетте племиња во времето на нивното ропство: ,Јас ќе умрам, но Бог сигурно ќе ви дојде на помош и ќе ве изведе од оваа земја” (Исто). GCMkd 90.3

Последните години на петнаесеттиот век сведочат за бавното но сигурно зголемување на бројот на „Обединетите браќа”. Иако немале слобода, сепак, донекаде уживале мир. Во почетокот на шеснаесеттиот век веќе имале околу двесте цркви во Чешка и Моравија” (Ezra Hall Gillett, Life and Times of John Huss, vol. 2, p. 570). GCMkd 90.4

„Толкав бил бројот на остатокот што се избавил од уништувачкиот бес на огнот и мечот и кој можел да види како оеамнува денот што го преткажал Хус” (Wylie, b. 3, ch. 19). GCMkd 90.5

*****