Go to full page →

5— ЏОН ВИКЛИФ GCMkd 59

_______________

Во времето пред реформацијата имало малку примероци на Светото писмо, но Бог не дозволил неговата Реч да биде наполно уништена. Нејзините вистини не смееле да останат скриени засекогаш. Тој можел исто толку лесно да ја ослободи Речта на животот како што можел да ја отвори вратата на темницата и да ги симне резите за да ги ослободи своите слуги. Во разни европеки земји Светиот Дух разбудил луѓе да ја бараат вистината како скриено богатство. Провидението ги довело до Светото писмо и тие со жив интерес ги проучувале неговите свети страници. Биле готови да ја примат светлината без оглед колку тоа скапо ќе ги чини. Иако не можеле јасно да ги видат сите точки на вистината, сепак, разбрале многу вистини што биле одамна скриени. Како небесни пратеници, тие пошле да ги раскинат синџирите на заблудите и празноверието и да ги повикаат оние што толку долго биле заробени да станат и да ја зацврстат евојата слобода. GCMkd 59.1

Освен кај валденжаните, Божјата реч со векови била заклучена, зашто постоела на јазиците што им биле познати само на учените. Но сега дошло време Светото писмо да се преведе и да им се даде на разни народи на нивниот мајчин јазик. Светот го пребродил времето на својата полноќ. Часовите на темнината поминувале и во многу земји се појавиле предзнаци на зората што се раѓала. Во четиринаесеттиот век во Англија се појавила „утринската ѕвезда на реформацијата”. Џон Виклиф бил весник на реформацијата не само за Англија туку и за целото христијанегво. Големиот протест што го подигнал тој против Рим никогаш веќе не замолкнал. Овој протест предизвикал борба што им донела слобода на личноста, на црквите и на народите. GCMkd 59.2

Виклиф стекнал добро воспитание. Стравот Господен за него бил почеток на мудроста. Уште во училиштето се истакнувал со својата сесрдна побожност, со своите вонредни способности и со својата голема ученост. Силната желба за знаење го поттикнала да се запознае со секоја гранка на науката. Добро ја проучил сколастичката филозофија, црковното и граѓанското право, a особено законите на својата земја. Во неговата подоцнежна работа дошла до израз важноста на неговото поранешно образование. Темелното познавање на филозофијата на неговото време му овозможило да ги открие нејзините грешки, а познавањето на државните и црковните закони го приготвило да земе учество во големата борба за граѓанска и верска слобода. Се служел не само со оружјето на Божјата реч, туку и со интелектуалната подготовка со која се вооружил во школите, а што му помогнало да ја разбере тактиката на учените. Неговата генијалност и неговото широко интелектуално образование му осигуриле почит како кај пријателите, така и кај непријателите. Следбениците на Виклифа со задоволство гледале како нивниот јунак стои на прво место меѓу водечките умови на својот народ, и неговите непријатели не можеле да го озлогласат делото на реформацијата укажувајќи на незнаењето или на слабоста на нејзиниот водач. GCMkd 59.3

Уште во училиштето Виклиф се посветил на проучување на Светото писмо. Во тоа време, кога Светото писмо постоело само на старите јазици, само образованите луѓе можеле да го најдат патот до изворот на вистината, а за необразованите таа останала скриена. Така е приготвен патот за идното реформаторско дело на Виклифа. Образованите луѓе ја проучувале Божјата реч и во неа ја нашле Божјата милост која е откриена таму, Во своите предавања тие ширеле знаење за таа вистина и така и другите ги поттикнувале да се вратат на живата Божја реч. GCMkd 60.1

Кога Виклиф обрнал внимание на Светото писмо, почнал да го проучува исто толку темелно како што ги проучувал школските предмети. До тогаш чувствувал голема празнина што не можела да ја пополни ниту науката на сколастичарите ниту науката на црквата. Во Божјата реч го нашол она што порано напразно го барал. Тука се запознал со планот на спасението и со Христа како единствен посредник за човекот. Се посветил на Христовата служба и решил да ги објави вистините што ги открил. GCMkd 60.2

Како и подоцнежните реформатори, Виклиф во почетокот на своето дело не предвидел каде тоа ќе го одведе. Тој не му се противставил на Рим со однапред изготвен план, Но преданоста кон вистината морала да го доведе во судир со заблудата. Колку појасно ги увидувал заблудите на папството, се поревносно го објавувал учењето на Светото писмо. Видел дека Рим ја оставил Божјата реч за љубов на човечката традиција. Без страв ги укорувал свештениците што го отстраниле Светото писмо и сакал тоа повторно да му се даде на народот и неговиот авторитет повторно да се издигне во црквата. Бил способен и огнен учител и речит проповедник; неговиот секојдневен живот бил сведоштво во прилог на вистината што ја проповедал. Неговото познавање на Светото писмо, моќта на неговото расудување, чистотата на неговиот живот, неговата непоколеблива храброст и праведност му оеигуриле општа почит и доверба. Мнозина од народот биле незадоволни со својата поранешна вера кога го виделе беззаконието што владеело во Римската црква и со отворена радост ја примиле вистината што им ја откривал Виклиф; но папските водачи трепереле од гнев кога виделе дека овој реформатор има поголемо влијание од нив. GCMkd 60.3

Виклиф бил вешт во откривањето на заблудите и бестрашно напаѓал многу злоупотреби што ги одобрувал Рим. Како царски капелан, станал смело против плаќањето на данок што го барал папата од англискиот крал и докажал дека папското присвојување на авторитет над световните владетели се противи не само на разумот туку и на откровението. Папските барања предизвикале во Англија голема огорченост, а учењето на Вихлифа имало силно влијание врз водечките луѓе на нацијата. Кралот и благороднидите се обединиле во негирањето на папската врховна власт и одбиле да му плаќаат на папата данок. Така во Англија и бил нанесен голем удар на папската превласт. GCMkd 61.1

Друго зло против кое реформаторот водел долга и решителна борба бил редот на калуѓери-питачи. Овие калуѓери ја преплавиле Англија и биле голема пречка за величината и за напредокот на народот. Производството, воспитувањето, моралот - сето тоа го почувствувало нивното штетно влијание. Калуѓерскиот живот на мрзливост и питање бил не само тежок товар за народните приходи, туку предизвикувал и презир кон корисната работа. Младината се деморализирала и се расипала. Под влијание на калуѓерите мнозина замжнувале во манастирите и се посветувале на манастирскиот живот, и тоа го правеле без одобрение на родителите, дури и без нивно знаење и против нивна волја. Еден од поранешните великодостојници на Римската црква, воздигајќи го калуѓерскиот живот над должноста на детската љубов и послушност, изјавил: „Ако твојот татко би лежел пред твојата врата плачејќи и редејќи, и ако твојата мајка би го покажувала телото што те носело и градите што те доеле, не двоуми се да ги турнеш и да појдеш право кај Христа.” „Со оваа страшна нечовечност”, како што ја нарекол подоцна Лутер, „која повеќе прилега на волк и на тиран отколку на христијанин и на човек, детските срца се стврднале кон своите родители” (Bamas Sears, The Life of Luther, pages 70,69). Така папеките водачи, како и некогашните фарисеи, ги газеле Божјите заповеди заради своите традиции, при што домовите останувале пусти и родителите без своите синови и ќерки. GCMkd 61.2

Дури и студентите на универзитетите биле заведени со лажните претстави и наговарани да стапуваат во калуѓерските редови. Мнозина, гледајќи дека ја загубиле личната среќа и им нанеле жалост на родителите, подоцна се покајале; но еднаш фатени во мрежата, им било невозможно повторно да ја добијат својата слобода. Многу родители, плашејќи се од влијанието на калуѓерите, не ги праќале своите синови на универзитет. Како последица на тоа се намалил бројот на студентите што ги посетувале големите научни центри. Школите опаѓале и незнаењето преовладувало. GCMkd 62.1

Папата на калуѓерите им дал право да исповедаат и да проштаваат гревови. Тоа станало извор на големо зло. Сакајќи да ги зголемат своите приходи, калуѓерите-питачи проштавале толку лесно што кај нив јуреле секакви злосторници да добијат проштавање, а како последица на тоа бргу почнале да се множат најстрашни пороци и злосторства. Болните и сиромасите се оставени да страдаат, а средствата што ги задоволувале нивните потреби оделе во рацете на калуѓерите кои со заплашување изнудувале од народот милостина, прогласувајќи ги за безбожни сите што одбиле да го даруваат нивниот ред. Наспроти нивното наводно сиромаштво, богатството на овие питачки редови постојано се зголемувало. Нивните величествени палати и раскошни гозби уште повеќе го истакнувале сиромаштвото на народот кое од ден на ден се зголемувало. И додека тие го поминувале времето во раскош и задоволства, во светот праќале неуки луѓе кои го забавувале народот со убави прикаски, со легенди и со шеги и ги залажувале уште повеќе да им веруваат на калуѓерите. Покрај тоа, питачките редови влијаеле врз суеверната толпа да верува дека сета нивна религиозна должност се состои од тоа да ја признаваат врховната власт на папството, да ги почитуваат светците и да им даваат милостина на калуѓерите и дека тоа е доволно себеси да си обезбедат место на небото. GCMkd 62.2

Учените и побожни луѓе попусто настојувале да го реформираат овој калуѓерски ред, но Виклиф, блгодарение на својата извонредна проникливост, навлегол во коренот на злото и изјавил дека самиот систем е погрешен и дека треба да се укине. Настанале расправии и воскреснале многу прашања. Мнозина, гледајќи како калуѓерите ја обиколуваат замјата и продаваат папини прошталници, почнале да се сомневаат во тоа дека проштавање може да се купи за пари, и се прашувале нели е подобро проштавање да бараат од Бога наместо од римскиот понтифекс (види: Додаток, забелешка за 59. страница). Други се згрозувале над лакомството на калуѓерите кое не можело да се засити. Тие велеле: „Калуѓерите и свештениците на Рим ќе не изедат како рак. Бог нека не ослободи, инаку народот ќе пропадне” (D’Aubigne, b. 17, ch.7). За да го оправдаат своето лакомство, овие калуѓери-питачи изјавувале дека тие го следат примерот на Спасителот, зашто и Тој и неговите ученици живееле од дарежливоста на народот. Ова тврдење било на нивна штета, зашто поттикнало мнозина да го проучуваат Светото писмо и сами да ја дознаат вистината, што на Рим не му било по волја. Луѓето биле упатени на Изворот на вистината, што Рим сакал да го скрие. GCMkd 62.3

Виклиф почнал да пишува и да објавува расправии против калуѓерите не толку со цел да се препира со нив, туку вниманието на луѓето да го насочи кон учењето на Светото писмо и кон неговиот Автор. Изјавил дека папата нема поголема власт да проштава гревови или да исклучува од црквата отколку свештенидите и дека никој не може да биде полноважно исклучен освен ако самиот навлече на себе Божје негодување. Ниту еден друг начин не би можел да биде поуспешен од овој со кој Виклиф презел акција да ја собори огромната градба на духовна и световна власт што ја подигнал папата и што држела во ропство милиони луѓе. GCMkd 63.1

Виклиф повторно е повикан да ги брани правата на англиската круна против вплеткувањето на Рим. Како кралски пратеник, тој поминал две години во Холандија, каде што преговарал со претставниците на Рим. Тука стапил во врска со свештенството на Франција, на Италија и Шпанија; можел да види што се случува зад завесата и да запознае многу работи што инаку би му биле скриени да останал во Англија. Научил многу нешта што му помогнале во неговата подоцнежна работа. Преку тие претставници на папскиот двор можел да ја запознае вистинската природа и целта на хиерархијата. Враќајќи се во Англија, почнал да проповеда уште поотворено и со посилен жар; изјавил дека лакомството, горделивоста и лагата се богови на Рим. GCMkd 63.2

Во една своја расправа, тој за папата и за неговите собирачи на данок се изразува вака: „Тие ги изнесуваат од нашата земја средствата наменети за сиромасите; годишно се одлеваат илјадници марки кралски пари за сакраменти и за духовни работи, а тоа не е ништо друго освен проклето кривоверство - симонија - во која тие го вовлекуваат целото христијанство. И навистина, кога нашата земја би имала голема планина злато, и кога од неа не би земал никој освен собирачите на горделивиот и световен понтифекс, со текот на времето таа планина би исчезнала, зашто тие ги земаат од нашата земја сите пари, а не ни даваат ништо друго освен Божје проклетство поради симонијата” (John Lewis, History of the Life and Sufferings of J. Wiclif page 37). Набргу no неговото враќање во Англија, кралот го именувал Виклифа за жупник во Латерворт. Тоа било доказ дека кралот не бил незадоволен со неговиот отворен говор. Влијанието на Виклифа се чувствувало при донесувањето на решенија на дворот и при формирањето на верата на народот. GCMkd 63.3

Набргу Рим почнал да го гаѓа со громови. Во Англија биле пратени три папски посланија: на универзитетот, на кралот и на високите свештеници; сите три посланија наредувале веднаш да се преземат решителни мерки со кои ќе се замолкне овој учител на кривоверството (Augustus Neander, General History of the Christian Religion and Church, period 6, sec. 2, pt. 1, par. 8; види и Додаток). GCMkd 64.1

Пред да пристигнат тие пратеници, епископите во својата ревност го повикале Виклифа да се појави пред нив заради сослушување. Но Виклифа на судот го придружувале двајца најмоќни кнезови во кралството; народот, кој ја опкружил зградата и насила влегол во судницата, толку ги исплашил судиите, што истрагата била запрена и Виклиф можел мирно да си замине. Малку подоцна умрел Едвард III, кого во неговата старост епископите го поттикнувале против реформаторот, а кралски регент станал еден поранешен Виклифов заштитник. GCMkd 64.2

Папските були што пристигнувале ја соочувале цела Англија со решителна заповед еретикот да се фати и да се затвори во темница. Тие мерки воделе точно на ломача. Се чинело дека тој ќе падне како плен на одмаздата на Рим. Но Оној што некогаш изјавил: „Не бој се, јас сум твој штит”, пак ја подал својата рака да го заштити својот слуга (1. Мојсеева 15,1). Настапила смрт, но не за реформаторот, туку за папата кој наредил Виклиф да се погуби. Гргур XI умрел, а свештениците, кои се собрале да го осудат Виклифа, се разотишле. GCMkd 64.3

Божјето провидение и натаму ја штитело реформацијата што се раѓала. По смртта на Гргура, биле избрани двајца против-папи. Двете противнички сили, кои обете се нарекувале непогрешни, барале послушност (види: Додаток, забелешка за 50. страница). Секој папа ги повикувал верните да му помогнат во борбата против својот противник, зголемувајќи ги своите барања со страшни анатеми против својот противник, и со ветувања за небесна награда за сите свои помагачи. Овие настани во голема мера ја ослабиле папската власт. Противничките партии биле зафатени со меѓусебна борба и Виклиф извесно време бил оставен на мир. Од папа на папа летале анатеми и меѓусебни обвинувања, и во борбата за победа на нивните спротивни интереси биле пролеани потоци крв. Црквата ја поплавиле злосторства и скандали. Меѓутоа, реформаторот во тишина на својата црковна општина во Латерворт трудољубиво работел со цел вниманието на луѓето да го одврати од папите кои меѓусебно војувале и да го насочи кон Исуса, Кнезот на мирот. GCMkd 64.4

Раздорот на црквата со своите кавги и со својата расипаност го приготвил патот на реформацијата, овозможувајќи му на народот да ја запознае вистинската природа на папството. Во својата расправа „За раздорот на папите” (On the Schism of the Popes), Виклиф ги повикувал луѓето сериозно да размислат дали двајцата папи ја зборуваат вистината кога еден со друг се нарекуваат антихрист. „Бог”, велел тој, „не сакаше подолго да трпи непријателот да владее само преку еден таков свештеник... туку дозволи меѓу нжв да настане расцеп, та вернжте, во Христово име, да можат полесно да ги победат двајцата” (R. Vaughan, Life and Opinions of John de Wycliffe, vol. 2, p. 6). Виклиф, како и неговиот Учител, им го проповедал евангелието на сиромасите. Бил незадоволен светлината на вистината да се шири само во скромните домови на неговата парохија во Латерворт и затоа решил вистината да ја однесе во сите делови на Англија. За да го постигне тоа, организирал група проповедници, едноставни и побожни луѓе кои ја љубеле вистината и не сакале ништо толку колку да ја рашират. Овие луѓе оделе на сите страни, ја проповедале вистината на плоштадите, на улиците во големите градови и по селата. Ги посетувале старите, сиромасите и болните и им ја објавувале радосната вест на Божјата милост. GCMkd 65.1

Како професор по теологија во Оксфорд, Виклиф ја проповедал Божјата реч во салите на универзитетот. Тој толку верно им ја изнесувал вистината на своите студенти, што го нарекле „евангелски учител”. Но, најголемо дело на неговиот живот бил преводот на Светото писмо на англиски јазик. Во своето дело „За вистината и за значењето на Светото писмо” изјавил дека има намера да го преведе Светото писмо за секој Англичанец на својот јазик да може да чита за прекрасните Божји дела. GCMkd 65.2

Меѓутоа, одненадеж неговата работа била прекината. Иако уште немал шеесет години, интензивното учење, постојаната напорна работа и нападите од страна на неговите непријатели ја ослабиле неговата сила и тој предвреме остарел. Се разболел од една опасна болест. Веста за тоа ги израдувала калуѓерите. Мислеле дека тој горко ќе се покае за злото што и го нанел на црквата и побрзале во неговата соба да ја слушнат неговата исповед. Четири верски редови пратиле свои пратеници кои, заедно со четири световни чиновници, го опкружиле овој човек за кого сметале дека се наоѓа на претсмртна постела. Му велеле: „Смртта ти е на усните, покај се за своите гревови во наше присуство и негирај го она што го зборуваше против нас.” GCMkd 65.3

Реформаторот мирно слушал, а потоа го замолил својот слуга да го подигне на постелата и, насочувајќи го решително погледот кон тие што чекале негово откажување, им рекол со силен и цврст глас кој често ги присилувал да треперат: „Јас нема да умрам, ТУКУ уште ќе живеам и понатаму ќе ги жигосувам лошите дела на калуѓерите-питачи (D’Aubigne, b. 17, ch. 7). Збунети и вчудовидени со ваквиот одговор, калуѓерите бргу ја напуштиле собата. Зборовите на Виклифа се исполниле. Тој живеел и понатаму за да им го даде на своите сограѓани најсилното од сите средства против Рим - Светото писмо, тоа од небото одредено средство за ослободување, за просветлување и за преобратување на народот. За да се изврши тоа дело, било потребно да се совладаат големи пречки. Виклиф физички многу ослабел. Знаел дека му преостануваат за работа само уште неколку години. Го видел отпорот со кој ќе се судри, но охрабрен со ветувањето на Божјата реч, одел храбро напред. Особено Божјето провидение му ја сочувало неослабена интелектуалната моќ и богатото искуство и на тој начин го приготвило токму за ова најголемо негово дело. Додека во целото христијанство владеел немир, реформаторот во својата парохија во Латерворт, не обрнувајќи внимание на луњата што беснеела надвор, му се посветил на своето избрано дело. GCMkd 66.1

Најпосле работата била готова - првиот превод на Библијата на англиски јазик бил завршен, Сега реформаторот не се плашел ниту од затвор ниту од ломача. На англискиот народ му го предал во раце виделото што никогаш не смеело да се угасне. Давајќи им го на своите земјаци Светото писмо, тој сторил повеќе да се раскинат синцирите на незнаењето и порокот и својот народ да го ослободи и да го подигне, отколку што го сториле тоа најславните победи на бојното поле. GCMkd 66.2

Бидејќи печатарската вештина била уште непозната, нови преписи на Библијата можеле да се добијат само со стрплив и напорен труд. Интересот за таа Книга бил толку голем, што мнозина доброволно се посветувале на нејзино препишување; но сепак, не можеле да ги задоволат сите што ја барале. Некои побогати купувачи сакале да го имаат целиот препис на Светото ттисмо. Други купувале само одделни делови на Божјата реч. Често се согласувале по неколку семејства да набават еден заеднички примерок. Така Виклифовиот превод на Библијата бргу го нашол патот до домовите на англискиот народ. GCMkd 66.3

Обраќајќи му се на здравиот човечки разум, Виклиф го разбудил народот од неговата пасивна потчинетост на папските догми. Тој проповедал наука со која подоцна се одликувал протестантизмот: спасение со вера во Христа и непогрешност на Светото писмо. Проповедниците што ги праќал тој го ширеле Светото писмо и реформаторските списи со таков успех што новата вера ја примиле речиси половината од англискиот народ. GCMkd 66.4

Појавата на Светото писмо ги уплашила црковните водачи. Сега се сретнале со еден посилен противник од Виклифа, со противник против кој нивното оружје не користело многу. Во тоа време во Англија не постоел закон што би го забранувал Светото писмо, зашто тоа никогаш порано и не било објавено на народен јазик. Такви закони се издадени подоцна и биле строго применувани. Сепак, и покрај отпорот на свештениците, Божјата реч се ширела. GCMkd 67.1

Повторно папските водачи планирале како да го замолкнат гласот на реформаторот. Три пати го викале на суд, но без успех. Прво еден епископски синод неговите списи ги прогласил за кривоверски и, придобивајќи го за себе младиот крал Ричард II, издејствувале кралски указ според кој мора да се затворат сите што се придржуваат кон забранетото учење. GCMkd 67.2

По оваа одлука на синодот, Виклиф му се обратил на парламентот. Пред народното собрание смело ја обвинил хиерархијата и барал реформа на многу злупотреби што ги одобрувала црквата. Со уверлива сила го опишал насилството и раеипаноста на папската столица. Непријателите се збуниле. Бидејќи пријателите и помагачите на Виклифа биле присилени да се повлечат, со сигурност се очекувало и реформаторот, во својата длабока старост, кога ќе остане сам и без пријатели, да се поклони пред здружениот авторитет на кралската круна и папскиот престол. Но, наместо тоа, следбениците на Рим биле победени. Парламентот, возбуден од силниот говор на Виклифа, го повлекол едиктот за негово гонење и реформаторот повторно бил на слобода. GCMkd 67.3

И третпат бил повикан на сослушување, и тоа пред највисокиот црковен суд во земјата. Тука нема да има никаква милост за кривоверството. Најпосле Рим ќе триумфира и делото на реформаторот ќе мора да застане. Така си мислеле следбенжците на папата. Ако ја поетигнат тие евојата цел, Виклиф ќе биде присилен да се откаже од своето учење или да ја напушти судската сала и да му биде предаден на пламенот на ломачата. Но Виклиф не се откажал од своето учење; не сакал да биде лицемер. Храбро ја бранел својата наука и ги побивал клеветите на своите прогонувачи. Заборавајќи на себе и на својата положба, ги повикал своите слушатели пред Божјиот суд, мерејќи ги нивните лукавства и измами на вагата на вечната вистина. Во судската сала се чувствувала сила на Светиот Дух. Присутните како да биле приковани за своите места со Божја сила. Се чинело дека се немоќни да го напуштат местото. Зборовите на реформаторот ги пробивале нивните срца како стрели од Божјиот лак. Клеветите за кривоверство, што ги подигнале непријателите против него, тој со силна уверливост ги фрлил врз нив. Ги прашал присутните од кои причини се осмелиле да ги шират своите измами. - Заради добивка, да тргуваат со Божјата милост. GCMkd 67.4

„Што мислите, со кого се борите”, ги прашал најпосле, „зар со еден старец кој со едната нога веќе е в гроб? He! Вие се борите против вистината која е посилна од сите вас и која ќе ве победи!” (Wylie, b. 2, ch. 13). Kora го кажал ова, излегол од судската сала и никој од неговите непријатели не се осмелил да го запре. GCMkd 68.1

Делото на Виклифа било речиси довршено. Знамето на вистината што тој толку долго го носел, набргу ќе падне од неговите раце. Но уште еднаш морал да посведочи за евангелието. Виетжната морала да се проповеда и среде тврдината на заблудата. Виклиф е повикан пред папски суд во Рим, кој толку често пролевал крв на светите. Реформаторот знаел каква опасност му се заканува и, наспроти тоа, тој би го прифатил повикот кога неговото патување не би го спречила парализа. Но, иако неговиот глас не можел да се слушне во Рим, тој можел да зборува преку писма, и веднаш решил да постапи така. Од својата жупа во Латерворт му упатил писмо на папата во кое, иако составено во учтив тон и во христијански дух, сепак, било остар прекор против суетата и горделивоста на папскиот престол. GCMkd 68.2

Виклиф пишувал: „Навистина се радувам што можам да му ја откријам и да му ја објавам на секој човек, а особено на римскиот епископ, мојата вера што ја сметам за здрава и вистинита, и верувам дека тој ќе биде готов да ја потврди верата што ја изнесувам или пак да ја поправи ако е погрешна. GCMkd 68.3

Прво, јас верувам дека Христовото евангелие го опфаќа сиот Божји закон. Сметам дека римскиот епископ, до колку се смета за Христов заменик на земјата, повеќе од сите луѓе е врзан за овој закон на евангелието. Зашто, големината на Христовите ученици не се состоела од световно достоинство и чест, туку од целосно и точно следење на Христовиот живот и на неговите дела... За време на својот престој на земјата Исус бил мошне сиромашен. Отфрлал и одбивал секоја световна власт и чест... GCMkd 68.4

Ниеден верник не треба да земе пример од папата или од кој и да е светец, освен во она во што тие земаат пример од Господа Исуса Христа. Петар и синовите на Зеведеј погрешиле стремејќи се кон световна чест, зашто не оделе по Христовите стапки; а таа грешка не трба да ја правиме и ние. GCMkd 68.5

Папата треба секое земно богатство и власт да и ги препушти на световната власт и целото свое свештенство да го насочува и да го упатува на тоа; зашто така правел Исус, а особено преку своите апостоли. Ако сум во заблуда во врска со некоја од овие точки, понизно ќе примам укор, па дури и смрт, ако е тоа потребно, Кога би можел, жмам желба и волја лично да дојдам пред римскиот епископ; но Бог постапи со мене поинаку и ме научи повеќе да му се покорувам нему отколку на луѓето.” GCMkd 69.1

Завршувајќи го писмото, рекол: „Да се молиме на Бога да влијае врз нашиот папа Урбан VI тој, заедно со своите свештеници, да земе пример од Господа Исуса Христа во животот и во карактерот, за да му дадат на народот здрава наука и сите заедно верно да одиме по неговите стапки” (John Foxe, Acts and Monuments, vol. 3, pp. 49, 50). Така Виклиф им ja покажал на папата и на неговите кардинали Христовата благост и понизност, со што, не само ним, туку и на целото христијанство, им ја изнел разликата меѓу нив и Учителот, чиишто претставници биле тие. GCMkd 69.2

Реформаторот бил сигурен дека својата верност ќе ја плати со својот живот. Кралот, папата и епиекопите се здружиле да го унштат и се чинело дека тој најмногу за неколку месеци ќе го заврши својот живот на ломача. Но неговата храброст била непоколеблива. „Не е потребно човек да оди далеку за да бара круна на маченик”, велел тој. „Проповедај им го Христовото евангелие на горделивите епископи, и мачеништвото нема да те одмине. Да живеам и да молчам!? - Во никој случај! Нека падне ударот! Јас го чекам! (D’Aubigne, b. 17, ch. 8). GCMkd 69.3

Ho Божјето провидение се уште го штитело својот слуга. Човекот кој цел живот стоел храбро бранејќи ја вистината, чијшто живот бил постојано во опасност, не смеел да падне како жртва на омразата на неговите непријатели. Виклиф никогаш не се обидувал да се заштити себеси, но Бог бил негов заштитник. Во мигот кога неговите непријатели чувствувале дека жртвата нема да им побегне, Божјата рака го засолнила надвор од нивниот досег. Токму кога Виклиф се приготвувал да дели вечера Господова во црквата во Латерворт, паднал одненадеж погоден од мозочен удар и набргу умрел. GCMkd 69.4

Бог му го одредил на Виклифа неговото дело. Тој ја ставил речта на вистината во неговата уста и поставил стража околу 93 него за таа реч да може да дојде во народот. Бог го пазел неговиот живот и ја продолжил неговата работа додека не бил поставен темелот на големото дело на реформацијата. GCMkd 69.5

Виклиф дошол од мракот на средниот век. Пред него немало никого чијашто работа би го поттикнала на реформаторско дело. Тој станал како и Јован Крстителот да изврши посебна мисија, да биде весник на новиот век. Системот на вистината што го изнесувал тој бил единствен и целосен, така што ниту подоцнежните реформатори не го надминале; а мнозина од оние што се појавиле околу сто години подоцна и не го достигнале. Тој положил толку широк и длабок темел, изградил толку цврста и сигурна скела, што неговите наследници не морале повторно да ја градат. GCMkd 69.6

Големото движење што го почнал Виклиф за ослободување на умот и совеста, и за ослободување на народите кои толку долго биле впрегнати во триумфалната кола на Рим, имало свој корен во Библијата. Од неа извирале благослови кои како река на животот течеле од четиринаесеттиот век низ сите подоцнежни векови. Виклиф го прегрнал Светото писмо како вдахновено откровение на Божјата волја, како сигурно правило на верата и животот. Тој бил воспитан да ја почитува Римската црква како божествена установа и нејзиниот авторитет како непогрешен, и со слепа доверба да ја прима зацврстената илјадагодишна наука и обичаи. Но сето тоа го напуштил за да ја слуша само Божјата реч. Народот го упатувал Светото писмо да го прима како врховен авторитет. Наместо да го слуша гласот на црквата кој зборува преку папата, изјавил дека едкнствен авторитет е Божјиот глас кој ни зборува преку неговата Реч. Учел дека Библијата е совршено откровение на Божјата волја, а Светиот Дух нејзин единствен толкувач и дека со лично проучување на нејзината наука секој треба да ги запознае своите должности. Така ги одвраќал срцата на луѓето од папата и од црквата и ги упатувал на Божјата реч. GCMkd 70.1

Виклиф бил еден од најголемите реформатори. Малку има такви кои го достигнале во интелектуалната способност, во јасноста на мислите, во цврстината да ја одржи вистината и во храброста со која се бранел. Чистотата на животот, неуморната трудољубивост во проучувањето и во работата, неизвалканата чесност, љубовта слична на Христовата и верноста во службата - биле одлики на овој вистински реформатор. Овие својства тој ги развил наспроти духовната темнина и моралната расипаност на векот во кој живеел. GCMkd 70.2

Карактерот на Виклифа е доказ за воспитната и преродбенската сила на Светото писмо. Светото писмо направило од него таков човек. Настојувањето да се сфатат големите вистини на божественото откровение, на сите способности им дава свежина и сила. Тоа го развива умот, го изострува духот и му дава зрелост на расудувањето. Проучувањето на Светото писмо облагородува секоја смисла, секое чувство и секој стремеж повеќе отколку кое и да е друго проучувње. Тоа им дава цврстина на одлуките, трпение, храброст и духовна сила; тоа го облагородува карактерот и ја посветува душата. Сериозното и понизно проучување на Светото писмо го поврзува истражувачот со бесконечниот Ум. Таквото проучување на светот би му дало луѓе со посилен и со поактивен ум и со поблагородни начела од кога било што го дало најдоброто образование кое го овозможува човечката филозофија. „Објавувањето на твоите зборови”, кажува Давид, „просветлува и на скромните мудрост им дава” (Псалм 119,130). GCMkd 70.3

Вистините што ги изнесувал Виклиф се ширеле извесно време. Неговите следбеници, познати под името „виклифовци” и „лоларди”, ја обиколиле не само Англија, туку и другите земји, проповедајќи ја веста на евангелието. Сега, откако нивниот водач не бил веќе меѓу нив, проповедниците работеле со уште поголема ревност од порано, и мноштво свет доаѓал да ја слуша нивната наука. Меѓу обратените имало приличен број благородници, па дури и сопругата на кралот. На многу места се забележувала реформа во обичаите, а идолопоклоничките симболи на Римската црква биле отстранети од црквите. Но, набргу против сите што се осмелиле да ја примат Библијата како свој водич се подигнала немилосрдна луња на прогонство. Англиските кралеви, сакајќи да го зацврстат својот престол со поддршка на Рим, не се колебале да ги жртвуваат реформаторите. Првпат во историјата на Англија била одредена смрт на ломача за учениците на евангелието. Непрекратно се нижеле мачеништва. Бранителите на вистината, гонети и мачени, можеле да пекаат само пред Господа над војските. Гонети како непријатели на црквата и предавници на кралството, тие продолжиле да проповедаат потајно, криејќи се во скромните станови на сиромасите, а често и во некоја јама или пештера. GCMkd 71.1

Наспроти бесот на прогонството, со векови продолжил мирниот, предан, сериозен и стрплив отпор против расипаноста во верата. Христијаните во тоа почетно време не ја познавале целосно вистината, но научиле да ја сакаат Божјата реч, да живеат според неа и стрпливо да страдаат за неа. Мнозина за Христовото дело го жртвувале своето земно богатство, како што го правеле тоа учениците во апостолските денови. Тие што не биле протерани од своите домови, радосно им помагале на своите браќа во изгнанство; а кога и самите биле протерани, со радост ја делеле судбината на изгнаниците. Навистина, илјадници, застрашени со бесот на прогонувачите, својата слобода ја искупиле со жртвување на верата и го напуштале затворот облечени во покајничка облека за да го покажат своето откажување од верата. Но не бил мал бројот на тие - меѓу кои имало луѓе како со благородничко така и со скромно потекло - кои храбро сведочеле за вистината, затворени во темнички ќелии, во „лолардските кули”, среде маки и пламен, радувајќи се што се достојни да имаат „заедница во Христовите маки” (Филипјаните 3,10). GCMkd 71.2

Следбениците на Рим немале можност да ги исполнат своите намери против Виклифа додека тој бил жив, и нивната омраза не можела да стивне се додека Виклифовото тело лежело мирно в гроб. Со одлука на црковниот собор во Констанца, четириесет години по неговата смрт, ги спалиле неговите коски и пепелта ја фрлиле во блискиот поток. Еден стар писател кажува: „Потокот го однел неговиот прав во Авон, Авон во Северн, Северн во Бристолскиот залив, а овој во океанот. Така пепелта на Виклифа станала симбол на неговото учење што се раширило низ цел евет” (Т. Fuller, Church History of Britain, b. 4, sec. 2, par. 54). Неговите непријатели не ја разбрале симболичката смисла на ова свое одвратно дело. GCMkd 72.1

Благодарение на Виклифовите списи, Јан Хус од Чешка се откажал од многу заблуди на Римската црква и почнал реформација. Така е посеано семето на вистината во овие две меѓусебно оддалечени земји. Од Чешка делото се раширило во други земји и вниманието на луѓето било насочено кон Божјата реч која долго била заборавена. Божествената рака го подготвила патот за големата реформација. GCMkd 72.2

*****