Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ДОКАЗ ЗА БОЖЕСТВЕНОТО ПОСИНУВАЊЕ

    “Затоа, ако е некој во Христа, е ново создание; старото мина, еве, се ново стана” (2 Кор. 5, 17).PH 35.3

    Некој можеби не е во состојба да го означи точно времето или местото на своето обраќање ниту пак да ги определи оклностите кои се со него во врска; но тоа уште не докажува дека тој човек не е обрнат. Исус му рекол на Никодим: “Духот дише каде сака и гласот негов го слушаш, а не знаеш од каде доаѓа и на каде оди; така е секој човек што е роден од Духот” (Јов. 3, 8). Како што дејството на ветерот, иако е невидлив, се гледа и чувствува, така исто и влијанието на Светиот Дух создава ново суштество по Божјиот лик.PH 35.4

    Макар да е дејството на Светиот Дух тивко и не- забележано, сепак се гледаат неговите последици. Ако срцето е обновено од Божјиот Дух, и животот ќе свидетелствува за тоа. Иако не можеме ништо да сториме нашите срца да се променат и да дојдеме во хармонија со Бога, сепак не смееме да се ослониме и да сме сигурни во нашите добри дела, сепак нашиот живот е доказ дека Божјата милост е со нас. Промената во на- шата душа, во нашите навики и дела ќе биде потполна. Спротивноста меѓу она што сме биле и она што сме станале по новото раѓање е сосем очигледно. Нашиот карактер не се открива во некои добри или лоши дела, туку во нашите катадневни зборови и постапки.PH 35.5

    Навистина, животот на некого може да биде чесен однадвор и без Христова сила. Желбата да станеме луѓе влијателни и почитувани може да има како последица среден живот. Самопочитувањето не тера да го избегаваме злото. И себичниот човек е во состојба да чини добро, но како ќе научиме на која страна сме ние.PH 36.1

    На кого му припаѓа нашето срце? Со што се занимаваат нашите мисли? За кого и за што зборуваме најрадо? На кого му припаѓаат нашите најтопли чувства и нашите најдобри сили? Ако сме Христови следбеници, тогаш нашите мисли се со него и нему му припаѓаат најтоплите наши чувства. Се што сме и што имаме посветено му е нему. Се стремиме да го пока- жеме неговиот карактер, го бараме неговиот Дух, ја вршиме неговата волја и живееме така што да му бидеме пријатни нему.PH 36.2

    Оние што станале нови созданија во Исуса Христа ке ги покажат плодовите на Духот: “Љубов, радост, мир, трпение, доброта, милост, вера, кротост, воздржање.” (Гал. 5, 22). Тие не се радуваат во старото сладострастие, ами со вера во Божјиот Син ќе одат по неговите стапки; во нивниот живот ќе се види неговиот карактер и ќе се очистат кахо што е тој чист. Работи кои некогаш ги мразеле, сега ги љубат, а она што порано го љубеле, сега го мразат. Оние што некогаш биле горди и самобендисани, станале благи и понизни. Еден пијаница станал умерен и трезвен, а оној кој не знае што е срам станал срамежлив. Заборавени се суетните обичаи и светските навики. Христијанинот не ја бара убавината во надворешниот сјај, туку во “срцето на тајниот човек, во рамномерноста на кроткиот и тивок дух” (1 Пет. 3, 3—4).PH 36.3

    Додека не го промениме нашето срце и нашиот живот, ни збор нема за вистинско каење. Кога грешникот му го обнови на Бога своето ветување за верност, кога го врати тоа што го грабнал, кога ги признае своите гревови и го љуби Бога и своите ближни, одвај тогаш може да биде сигурен дека минал од смрт во живот.PH 36.4

    Ако ние како заблудени и грешници се вратиме при Христа и добиеме учество во неговата голема милост, тогаш ќе дојде до израз и љубовта што е во нашите срца. Секоја тежина ќе ни биде лесна, оти Христовиот јарем е лесен. Нашата должност ќе ни биде радост, а нашата жртва, задоволство. Преѓешниот темен животен пат ке го освети Сонцето на правдата.PH 37.1

    Убавината на Христовиот карактер се покажала кај неговите ученици. Тој наоѓал задоволство во исполнување на Божјата волја. Главни двигатели на Спасителовиот живот биле љубовта кон Бога и светата ревност тој да се прослави. Таа љубов правела сите негови дела да бидат свети и возвишени. Таква љубов доаѓа единствено од Бога. Непосветено срце не може да покаже таква љубов. Таа се наоѓа само во срца во кои Исус е господар. “Да имаме љубов кон него, оти најнапред тој покажа љубов кон нас.” (1 Јов. 4, 19). Во срце кое е препородено од Божја милост, љубовта е двигател на сите постапки. Таа го менува карактерот, ги води и управува нашите побуди, ги обуздава нашите страсти, ги совладува лошите расположенија и ги облагородува чувствата. Ако таа љубов се негува во душата, ќе го поарни животот и ќе има видно влијание и на околината.PH 37.2

    Божјите деца треба да се чуваат од две главни заблуди, особено оние што од најнова дата поверувале во Божјата милост. Една од тие заблуди се состои во самоувереноста во сопствената сила и дела, во претположението дека можеме сами да се помириме со Бога. Тој што се обидува да води свет живот со надворешно извршување на заповедите, тој сака нешто невозможно. Сите дела што ги вршиме без Христа, носат знак на себичност и грев. Само Христовата милост преку верата може да не посвети.PH 37.3

    Друга исто така опасна заблуда е верувањето дека нас Христос не ослободил од држањето на Божјиот закон и дека нашите дела не можат ништо да придонесат за нашето спасение, оти единствено со вера добиваме Божја милост.PH 37.4

    Вистинската послушност не се состои само во над- ворешно исполнување на заповедите, ами во служењето од љубов. Божјиот закон е израз на суштината на Божјето суштество, тој е олицетворение на Божјата љубов и поради тоа тој е основа на Божјето владање на небото и на земјата. Кога нашите срца се обноват по Божјиот лик, кога Божествената љубов се вгнезди во нив, зар тогаш не ќе го спроведеме Божјиот закон во животот? штом таа љубов ги исполни нашите срца, штом човек се обнови по ликот на. својот Творец, тогаш ќе се изврши и ветувањето за новиот завет меѓу Бога и човекот: “Ќе ги дам своите закони во нивните срца и ќе ги напишам во нивните мисли.” (Евр. 10, 16). А кога Божјиот закон е во нашето срце, зар тогаш ве ќе се покаже и во нашиот живот? Послушноста која е во служба на љубовта и произлегува од љубовта најдобар доказ е дека сме вистински Божји деца. Затоа и вели Светото писмо: “Оти тоа е љубовта кон Бога — да ги држиме неговите заповеди.” (Јов. 5, 3). Оној што вели: “го признавам, а не ги држи неговите заповеди, е лажливец и во него нема вистина” (1 Јов. 2, 4). Верата не не ослободува од послушноста, туку не оспособува да можеме да ја примаме Божјата милост и да му бидеме послушни.PH 38.1

    He можеме да добиеме спасение со послушност, оти таа е доброволен дар на Божјата милост што го имаме со верата. Но послушноста е плод на верата: “И знаете дека тој се јави да ги земе нашите гревови; и грев во него нема. Кој стои во него не греши; Toi што греши, не го гледа и не го познава.” (1 Јов. 3, 5—6). Ова е каменот на искушението. Ако останеме во Хри- ста, ако Божјата љубов остане во нас, тогаш и нашите чувства, нашите мисли, начинот на постапувањето ќе бидат во хармонија со Божјата волја, која е јасно изразена во Божјиот закон. “Дечиња, никој да не ве измами: тој што говори правда, праведник е”. (1 Јов. 3, 7). Што е правда гледаме од Божјиот закон, кој тој го објавил во фомрата на десет заповеди од Синајската планина. Привидната вера во Христа што сака човекот да го ослободи од послушност кон Бога, не е вистинска вера, туку фантазија. (“Оти сте со благодет спасени преку верата.”(Еф. 2. 8;). Но “така и верата ако нема дела, мртва е по себеси” (Јак. 2, 17). Исус рекол уште пред да дојде на земјата: “Сакам да ја вршам твојата волја, Боже мој, и законот твој во срцето ми е.” (Пс. 40, 9). А пред да се вознесе на небо изјавил: “Ако ги држите моите заповеди, ќе останете во мојата љубов, како јас што ги држев заповедите на Татко ми и останувам во неговата љубов” (Јов. 15, 10), Апостол Јован вели: “ И по тоа разбираме дека го познаваме ако ги држиме неговите заповеди . . . тој што вели дека стои во него, и тој треба така да оди како што одел тој” (JOB. 2, 3, 6). Апостол Петар вели: “Оти и Христос пострада за нас и ни остави образец да одиме по него- вата трага.” (1 Петр. 2, 21).PH 38.2

    Услов за нашиот вечен живот и денес е оној ист кој бил секогаш, оној што бил во рајот пред да згрешат нашите преродители: полна послушност на Божиот закон, совршена правда. Кога би можеле да добиеме вечен живот под други услови, тогаш би била доведена во прашање среќата на целата вселена, тогаш и гревот со сите свои болки и страдања би се продолжил во вечноста.PH 39.1

    Адам, пред да падне во грев, би можел со послушност кон Божјиот закон од себеси да изгради едно совршено суштество. Но сепак тој тоа не го постигнал; а со неговиот грев сме паднале и ние и не можеме сами да се дигнеме. Откако сме под грев и немаме веќе светост, не можеме да покажеме полна послушност кон Светиот закон. Ние немаме своја правда која ќе ни помогне да ги исполниме барањата на Божјиот Закон. Но Христос се завзеде за нас. Тој на земјата беше изложен на сите искушенија на кои сме изложени и ние луѓето. Но тој живеел без грев. Умрел за нас и сега се моли за нас за да ги земе нашите гревови на себеси и да ни ја даде својата правда. Ако наполно му се предадеме, ако го примиме како свој Спасител, во тој случај Бог ќе не смета за праведници, колку и да бил грешен нашиот живот во минатото. Христовиот карактер го зазема местото на нашиот карактер и Бог милостиво ќе не прими како и да не сме грешиле.PH 39.2

    Кога Христос ќе го обнови нашето срце, ќе се пресели во него преку нашата вера. Врската со Христа мораме да ја подржуваме со вера, нашата волја мораме секој ден да ја потчинуваме на неговата волја. Ако го чиниме тоа, тој ќе дејствува на нас со својот Дух да сакаме и да чиниме она што е по неговата волја. Тогаш ќе можеме да кажеме: “А што сега живеам во телово, живеам со верата во Божиот Син, на кого му омилев и се предаде себе за мене.” (Гал. 2, 20). Исус им рекол на своите ученици: “Оти вие не ќе зборувате, туку Духот од вашиот Татко ќе зборува од вас.” Ако Христос влијае на нашите срца, тогаш ќе покажеме ист дух и ќе вршиме дела што ги вршел и тој: дела на правда и послушност.PH 40.1

    Ние немаме ништо со што би можеле да се гордееме. Немаме причини за самоиздигање. Единствена основа на нашата надеж е правдата што ни е дал Христос, што ни ја осигурува неговиот Дух кој работи во нас и преку нас.PH 40.2

    Кога зборуваме за вера, треба да ја земеме предвид и разликата меѓу една вера и друга вера. Има вери кои се сосем подруги од вистинската вера. Постоењето на Бога, неговата семошт, вистиноста на неговите зборови се факти што не може да ги одрекне ни самиот сатана ни неговите ангели. Во Светото писмо стои: “И ѓаволите веруваат и треперат” (Јак. 2, 19). Но тоа не е вистинска вера. Вистинска е онаа вера што дејствува од љубов и ја чисти душата, не е само верување во Божјите зборови, туку и послушност кон нив. Покорност на Божјата волја и наполно предавање душата своја на Христа. Со ваква вера нашите срца ќе се обноват по Божјиот лик. Срце кое во својата стара грешна состојба не можело да му се поко- рува на Божјиот закон, сега се радува на светите Божји заповеди и одушевено вика: “Како го љубам твојот закон, секогаш мислам за него!” (Пс. 119, 97). Правдата на законот ја извршуваме ние “кои не одиме телесно, туку духовно” (Рим. 8, 4).PH 40.3

    Мнозина ја осетиле Христовата љубов која проштава и се стремеле да станат Божји деца. Но бидејќи го познаваат несовршенството на карактерот свој и недостатоците на својот живот, ги нагризува сомнение дали нивните срца навистина се препородени од Светиот Дух. На вакви јас би им подвикнала: “Не отчајувајте се! He сомневајте се!” Често ќе осетиме по- треба да паднеме на колена и пред Христовите нозе да ги оплакуваме своите гревови и престапи, но затоа да не бидеме малодушни. Па дури и самиот сатана ако не обори на земја, пак не ќе се изгубиме од Бога, ниту пак тој ќе не клоцне и заборави. He — Христос седи од десната страна на Таткото и се застапува за нас. Неговиот најмил ученик Јован пишува: “Дечиња мои, ова ви пишувам да не грешите, а ако некој згреши, имаме свој застапник при Таткото, праведниот Исус Христос.” (1 JOB. 2, 1). Да не ги заборавиме Христовите зборови: “Оти самиот Татко има љубов кон вас” (Јов. 16, 27). Тој пак ќе ни ја даде својата милост, оти тој сака да види во нас одраз од својата чистота и светост. Само ако му се покориме, тој ќе го продолжи во нас започнатото дело на усовршување до доаѓањето на Исуса Христа. Да се молиме од се срце, да веруваме потврдо. Бидејќи се сомневаме во својата сила, да се потпреме цврсто на Спасителевата сила и да го про- славиме оној пгго е наш живот и наша радост.PH 41.1

    Колку поблиску ќе дојдеме до Христа, толку појасни ќе ни бидат нашите гревови: нашето несовршенство ќе се покаже во остра слротивност со неговата совршена природа. Тоа ќе биде доказ дека сатанината лага и измама ја изгубила целата своја сила и дека во нас дејствува Божјиот Дух.PH 41.2

    Длабоката љубов кон Христа не може да се роди во срца, кои уште не ја познаваат својата грешност. Срцето што е обновено со Божјата милост, ќе се чуди на неговиот Божествен карактер. Ако пак уште не сме ја сознале својата слабост тоа е доказ дека уште не сме го познале Божјето совршенство и сјај.PH 41.3

    Колку помалу мислиме за себе, толку повеќе ќе ја цениме бескрајната чистота и слава на Спасителот. Сознавањето на своите гревови не гони кон него кој може да ни даде проштавање. А кога нашите срца во својата немош се стремат кон него, тогаш неговата мошт ќе се открие на нас. Колку повеќе чувството на немошт не гони кон него и неговиот збор, толку подлабок впечаток ќе остави на нас неговата личност и толку пополно ќе се одразува во нас неговиот лик.PH 41.4

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents