Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    РАДОСТ ВО ГОСПОДА

    Божјите деца се повикани да бидат претставители на Исуса Христа, да ја откријат светата Спасителова добрина и милост. Како што Исус ни го откри карактерот на небесниот Татко, така и ние треба да го откриеме Исуса на оние што не ја познаваат неговата нежна и милостива љубов. “Како ти мене што си ме пратил во’ светот”, вели Исус, “и јас нив ги пратив во светот”. “Јас во нив и ти во мене .. . да познае светот дека ти си ме пратил” (Јов. 17, 18, 23). Апостол Павле им вели на Исусовите ученици: “Кои сте се покажале дека сте послание Исусово . . . што го познаваат и читаат сите луѓе” (II Кор. 3, 3. 2). Во секое свое дете Исус праќа едно послание на овој свет. Ако сте негови следбеници, тогаш сте послание кое тој праќа на семејството, на градот и на улицата во која живеете. Преку вас Исус сака да им говори на срцата на оние кои уште не го познаваат. Можеби тие не го читаат Светото писмо, не го слушаат гласот што им зборува од секоја негова страница, а можеби не ја гледаат Божјата љубов во неговите дела; но ако сте вистински Исусови претставители, можеби преку вас ќе ја познаат Христовата добрина, и така ќе го заљубат и ќе почнат да му служат.PH 74.1

    Вистинските христијани се како светилници што го осветлуваат патот кон небото. Тие треба да го осветлат светот со светлоста што ја добиваат од Христа. Нивниот живот и нивниот карактер треба да му помогне на светот да добие вистинско знаење за Христа и неговата служба.PH 74.2

    Ако точно го претставуваме, тогаш точно ја прика- жуваме и неговата служба. Христијани кои се тажни и неспокојни, кои се жалат и негодуваат, му даваат на светот лош поим за Бога и христијанскиот живот. Прават впечаток како Бог да не сака неговите деца да бидат среќни и спрема тоа лажно го претставуваат небесниот Татко.PH 74.3

    Сатаната се радува кога може да ги обесхрабри христијаните и да доведе до неверство и отчајание. Тој е весел кога гледа дека немаме поверење во Бога и кога се сомневаме во неговата мошт и желба да не спаси. Тој сака да мислиме дека Божјето старање ќе ни биде штетно. Тој настојува да ни го претстави Бога како да е без милост и сожаление. Тој ги изопачува фактите и нашите мисли ги исполнува со лажни претчувствија за Бога. А ние, вместо да ја примиме вистината за нашиот небесен Татко, често размислуваме за сатанските лажни претстави и го срамотиме Бога со нашата недоверба и негодување. Сатаната се обидува христијанскиот живот да го прикаже како живот на жалост, јад и тешкотии. Ако христијанинот и сам така гледа на христијанството, тогаш само им помага на сатанските измами.PH 75.1

    Многу луѓе постојано се занимаваат со своите погрешки, слабости и разочарувања и затоа нивните срца се тажни и обесхрабрени. Пред многу години една госпоѓа ми беше пишала и ме молила да ја охрабрам. На следната ноќ сонував дека се шетам низ една градина. Сопственикот на градината ме водеше по неа. Одејќи берев цвеќиња и се радував на нивната убавина и миризба. Тогаш ми се приближи госпоѓата која ми беше пратила писмо и постојано ми обрнуваше внимание на трњето што и пречеа при одењето. Таа беше отчаена поради тоа. Вместо да оди по прав пат и по водачот, таа отстапуваше од патеката и луташе по трњето. “Како е жалосно11, извика таа, “што оваа дивна градина е полна со трње!” Водачот на тоа и одговори: “Не занимавај се ти со трњето, кои можат само да те боцнат, но бери трендафили, лилии и карамфили!”PH 75.2

    Зар никогаш во својот живот не сте имале ведри денови? Зар не сте преживеале чудни моменти кога вашите срца трепереле од радост под влијанието на Светиот Дух? Ако погледате назад на вашиот живот, зар не ќе најдете радосни спомени? Божји обеќања, тоа цвеќе со чуден мирис, не расте ли по вашата животна патека? Нека неговата убавина и пријатна миризба ги исполнува со радост вашите срца.PH 75.3

    Трнот може само да ве дупне и да ви причини болка; а ако го берете, па давате и на други, тогаш не само што ја отфрлате Божјата — добрина, но и другите ги оддалечувате од патеката на вечниот живот.PH 76.1

    He е мудро да се собираат непријатни чувства од животот, неправди и разочарувања, за нив да размислувате и говорите, да се жалите на нив додека сосем не се обесхрабрите. Обесхрабрената душа е опколена со темнина; таа ја тера Божјата светлост од твоето срце и фрла темна сенка по патот на другите.PH 76.2

    Да му благодариме на Бога дека нашиот живот е проткан со радосни и светли моменти. Да ги собереме тие докази на Божјата љубов за да можеме постојано да ги гледаме пред себеси. Тоа се предмети за кои Бог сака да размислуваме: како Божјиот Син го напуштил престолот на својот Татко и како своето божество го облекол во човечка природа за да не спаси од сатанската сила; неговата победа што ја извојувал заради нас, која ни го отвори небото и ни позволи да го фрлиме својот поглед во царството на божествената слава; спасението на грешното човештво од пропаста во која го беше фрлил гревот и воспоставување врска меѓу него и вечниот Бог; како верните победоносно ги издржале искушенијата со верата во Спасителот и се издигнале до Божјиот престол, облечени во Христовата правда.PH 76.3

    Ние го жалостиме и умаловажаваме Светиот Дух, кога се сомневаме во Божјата љубов и не веруваме во неговото ветување. Како се осека мајката чии деца се жалат против неа и мислат дека таа не им го сака доброто, макар цел живот да минала старајќи се да ги усреќи и да им даде секаква угода? Зар деца што се сомневаат во љубовта на својата мајка не ќе го скршат нејзиното срце? Како би се чувствувал таткото ако неговите деца вака постапат со него? Што ќе мисли за нас нашиот небесен Татко ако се сомневаме во неговата љубов која го натерала да го жртвува својот еднороден Син за да добиеме вечен живот? За ова апостолот пишува: “Како оној што не го поштеди својот Син, ами го предаде за сите нас, како со него не ќе ни дарува се” (Рим. 8, 32). И сепак мнозина зборуваат, ако не со зборови, тоа со дела: “Бог тоа не го сторил за мене. Тој можеби ги љуби другите, а не мене.“PH 76.4

    Вакви мисли се штетни за вашата душа, оти секој збор на сомнение што го изговорите, му дава возможност на сатаната да ве искушава, да го уцврсти сомнението во вас и да ги оддалечи од вас Божјите ангели, кои треба да ви служат. Ако вас сатаната ве искушава, не изговарајте ни еден збор на сомнение, или неверство. Ако го слушате неговото шепотење, вашите души ќе се исполнат со сомнение и бунтовнички мисли. Ако ги изразите вашите чувства, тогаш секое сомнение што го изговарате, пак ќе влијае не само на вас, но како семе ќе изникне и во срцата на други, ќе пушти корени и ќе донесе лоши плодови. Така ќе биде невозможно да се спречи разрушителното влијание на вашите зборови. Вие со време можеби ќе се ослободите од сатанските искушенија и клопки, но другите, на кои сте дејствувале со своето влијание, можеби никогаш не ќе можат да се ослободат од неверството кое вашите зборови го предизвикале кај нив. Затоа многу е важно да зборуваме само она што дава духовна сила и живот.PH 77.1

    Ангелите внимаваат и слушаат како му го пре ставувате на светот вашиот небесен Учител. Предмет на вашите разговори нека биде вашиот застапник пред Таткото. Кога се поздравувате со своите пријатели, нека ви е на устата и во срцето фалење на Бога. Тоа и нивните мисли ќе ги упати на Христа.PH 77.2

    Секој треба да издржи искушенија, да претрпи болови и да им се одупре на тешките искушенија. На смртните луѓе не говорете им за своите тешкотии, но во молитвите изнесете ги пред Бога. Поставете си за правило да не изговарате никогаш ни еден збор на обесхрабрение или сомнение. Можете да го развеселите животот на вашите ближни и да ги поткрепите во нивните благородни настојувања ако вашите зборови из- разуваат надеж и света доверба.PH 77.3

    Многу храбри души се притиснати од тешки искушенија и се наоѓаат во опасност да подлегнат во борбата со себе и со сатанската сила. He обесхрабрувајте ги во нивната жестока борба, но кажете им зборови што ќе ги зајакнат и охрабрат. Ако правите вака, од вас ќе се излачува Христова светлост. “Оти ни еден од вас не живее за себе.” (Рим. 14. 7). Нашето влијание, што ние не го сознаваме или ќе ги ојакне и охрабри друште, или ќе ги обесхрабри и оддалечи од Христа и неговата вистина.PH 77.4

    Многу луѓе имаат криви разбирања за Христовиот живот и карактер. Тие мислат дека во него немало топлина и ведрина и дека бил сериозен, строг и намуртен. Во многу случаи поради такви мрачни слики се замати целото разбирање на христијанството.PH 78.1

    Често се зборува дека Исус плачел, а не се знае дека некогаш и се насмевнал. Навистина, нашиот Спасител бил човек на болката; јадот и тагата не му биле непознати, оти неговото срце било отворено за сите страдања на човештвото. Но макар неговиот живот да бил живот на самоодречение, болови и грижи, сепак тој никогаш не паѓал духовно. На неговото лице не се гледала тага или лутина; тоа било секогаш ведро и спокојно. Неговото срце било извор на живот и, кој и да дојде кај него, добивал мир, спокојство, радост и блаженоство. Нашиот Спасител бил наполно сериозен, но никогаш намуртен или лут.PH 78.2

    Животот на оние што го земаат Христа за пример, ќе биде исполнет со сериозни намери; тие наполно ќе ги разберат своите лични одговорности. Лекомислието ќе исчезне, не ќе стане збор веќе за необуздани веселија и неприлични шеги. Христијанската вера му дава на животот бескрајно спокојство. Таа не го гаси пламенот на радоста, не го убива здравиот хумор, не ја тера од лицето веселата усмевка. Христос не дошол меѓу луѓето за да му служат, но тој да им служи; и ако е неговата љубов во нашите срца, ние ќе се држиме по неговиот пример.PH 78.3

    Додека мислиме за нељубезните и неправедни односи на другите кон нас, ќе ни биде невозможно така да ги љубиме како Христос што не љубел нас. Ако пак во нашите срца е чудната Христова љубов и милосрдие, тоа ќе се излие и на другите. Ние треба да се љубиме и поштуваме меѓусобно без да се гледа на очигледните погрешки и недостатоци. Треба да сме понизни и да не се надеваме на себе, да ги поднесуваме трпе- ливо недостатоците на другите. Тоа ќе убие секаква себичност и ќе направи да бидеме благородни и великодушни.PH 78.4

    Псалмопевецот вели: “Недавај се на Господа и чини добро, така ќе живееш мирно на земјата и ќе ја негуваш вистината.” (Псал. 37, 3). Надевајте се на Господа! Секој ден има свои искушенија, свои грижи и тешкотии. Како сме брзи да им раскажеме за нив на пријатели кога ги сретнеме! Колку туѓи грижи ќе ни се наложат по таков начин; колку пати ќе не притисне товарот на нашите грижи, та мислиме дека го немаме милостивиот и љубезниот Спасител, кој секогаш е готов да ги чуе нашите молитви и да ни дојде на помош во секое време во секоја неволја.PH 79.1

    Некои луѓе живеат во вечен страв и си ствараат непотребни грижи. Секој ден имаат јасни докази за Божјата љубов, се радуваат на даровите на неговото татковско старање, но не обрнуваат доволно внимание на сите овие добра. Тие постојано мислат само за непријатни работи и се плашат од нивното доаѓање. A кога дојдат вистински тешкотии, тогаш и најмалата непријатност така ги заслепува што не забележуваат многу добрини за кои треба да му благодарат на Бога. Вместо неволите да ги привлечат кон Бог, единствен извор на помошта, тие ги оддалечуваат од него, оти тие страданија предизвикуваат кај нив немир и лутина.PH 79.2

    Добро ли чиниме ако живееме во ваква невера? Зошто сме така неблагодарни и недоверчиви? Исус е наш пријател; целото небо се грижи, за нас. He треба да дозволиме секојдневните неволи и тешкотии да не обеспокојат и да го помрачат нашето чело. Ако го дозволиме тоа, секогаш ќе се најде нешто што ќе не мачи и притискува. Да не се бавиме со грижите, оти тие само ќе не притискуваат и ќе ни го загорчуваат животот, но нема да ни помогнат да ги носиме нашите товари. Ако ве снајдат тешкотии во работата, ако иднината ви се чини темна и неизвесна, ако ве заплашуваат загуби, — сепак не паѓајте духовно. Поверете ги на Бога сите свои грижи, бидете мирни и радосни. Молете се на Бога да ве умудри и упати своите работи да ги вршите како треба и така да избегнете загуби и несреќа. Ако чините се што можете ослонувајќи се на својот небесен Татко — Помошник, ќе можете мирно да гледате на иднината.PH 79.3

    Божја волја не е неговите деца да живеат натоварени со грижи. Но тој не не подмамува. Тој не ни вели: “Не плашете се, на вашиот животен пат нема никакви опасности.” Тој знае дека не чекаат искушенија и опасности, и тој е искрен кон нас. Тој нема намера да не изведе од светот кој е полн со грев и зло, туку ни дава сигурна помош. Исус му се моли на Таткото за своите ученици: “Ке те молам да ги земеш од светов, туку да ги вардиш од лошо.” А нам ни вели: “Во светот ќе имате неволја, но не плашете се, оти јас го совладав светот” (JOB. il, 15, 16, 33).PH 80.1

    Во својата проповед на гората Христос ги упатил учениците колку е потребно да се надеваат единствено во Бога. Овие совети наменети се да ги охрабрат Божјите деца од сите векови, та така и нам ни се дадени за утеха и поука. Спасителот им обрнува внимание на своите ученици на птиците небесни кои со своите песни, со своето чврчење го исполнуваат воздушниот простор не грижејќи се за своите потреби. Тие “не сејат и не жнијат”, и сепак нивниот великодушен Творец се грижи за сите нивни потреби. Спасителот не праша: “Не сте ли му вие многу поважни од нив? (Мат. 6, 26). Возвишениот Старател на луѓето и животните ја отвора својата рака и ги подржува сите свои созданија. Тој се грижи дури и за небесните птици. Вистина, тој не им става храна во клунот, но им го дава потребното. Птиците мораат сами да собираат зрнца кои тој ги растура за нив; тие мораат сами да ги прават своите гнезда и да ги хранат своите млади. Но тие со фалопој одат на таа работа. “Таткото наш небесен ги храни.” “Зар не сте му вие многу поважни?” Зар вие, како разумни духовни созаднија, немате поголема стојност од птиците? Зар Творецот на на- шето суштество, Содржателот на нашиот живот, кој не создал по свој лик, зар не ќе се грижи за нашите потреби ако му ги повериме?PH 80.2

    Христос им обрнал внимание на своите ученици на цвеќето кое расте и цути на полето, кое е така раскошно во својата проста убавина што му ја дал небесниот Татко како израз на својата љубов кон нас — луѓето. Тој им рекол: “Погледајте на лилиите на полето како растат!” (Мат. 6, 28). Убавината и скром- носта на овој цут го надминуваат Соломоновиот сјај. Најскапоцената облека што може да ја направи најискусната човечка рака не може да се спореди со природната лиджбина и раскошната убавина на цвеќињата што ги создал Бог. Потоа Исус праша: “А кога тревата во полето која денеска е а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а камо ли вас, маловерни?” (Мат. 6, 30). Кога Бог, совршен уметник, му дава на обичниот цут, кој за еден ден увенува, неговите нежни и разновидни бои, зар не ќе се грижи уигге повеќе за оние што ги створил по својот лик? Со оваа поука Христос ги кара сите оние, чии неверни срца се исполнети со страв, грижи и сомненија.PH 80.3

    Творецот сака сите негови синови и ќерки да бидат среќни, спокојни и послушни. Исус вели: “Мирот ви го оставувам, мирот свој ви го давам . . . да не се плаши срцето ваше и да не се бои”. На друго место вели: “Ова ви го реков та радоста моја да остане во вас и радоста ваша да се исполни.” (Јов. 14, 27; 15, 11).PH 81.1

    Среќата што ја бараме од егоистични побуди која е надвор од патот на нашите должности, е непостојана и лажна и привремена; таа брзо исчезнува и во душата останува самотија и бол. Напротив, службата на Бога носи радост и полно задоволство. Христијанинот не оди по неизгазен пат, не е изложен на безполезни страданија и разочарувања. Иако не се радуваме на задоволствата од овој живот, можеме да бидеме ра- достни гледајќи на она што не чека во иднина.PH 81.2

    Веќе тука на земјата христијанинот може да се радува што е во врска со Христа; тој ги гледа изразите на неговата љубов и го чувствува неговото присуство кое го теши. Секој чекор во животот не доведува во се потесна врска со Исуса, ни дава подлабоко искуство за неговата љубов и не приближува до чуд- ната татковина на мирот. Затоа да не ја отфрламе нашата надеж во Бога, туку да сториме таа денеска да биде потврда од кога и да е порано. “Дотука Господ ни помогна” (1 Сам. 7, 12), а тој ќе ни помага и до крајот. Да погледнеме на величествените паметници игго стојат како свидетели за она пгго Спасителот сторил за да не утеши и извлече од рацете на противникот. Да си спомниме за многуте докази на милоста со кои Бог не опсипа; солзите што ги исушил, боловите што ги ублажи, тешкотиите што ги отстрани, стравот што го истера, потребите што ги задоволи, добродејанијата со кои не опсипа. Да се охрабриме така и да зајакнеме за да сретнеме се она пгго уште ни претстои на патот.PH 81.3

    Во борбата игго ни престои мораме да чекаме нови борби, но и на нив треба да гледаме како и на оние што се зад нас и да кажеме: “Дотука Господ ни помогна”, оти тој вели: “Додека траат твоите денови, ќе трае и силата твоја” (5 Мој. 33, 25). Искушенијата што имаме да ги издржиме не ќе ја надминат нашата сила. Затоа да работиме храбро онде каде што не постави Спасителот и да веруваме дека во сите искушенија ќе ја добиеме потребната сила.PH 82.1

    Набргу небесната врата цела ќе се отвори за Божјите деца, а до нивните уши ќе достигнат како најубава музика зборовите што ќе ги изговори нивниот Цар на славата: “Елате, благословени на мојот Татко, примете го царството што ви е приготвено од творението на светот” (Мат. 25, 34).PH 82.2

    Тогаш спасените ќе бидат поздравени со “Добредојдовте” во домот што го приготвил Исус за нив. Нивното друштво не ќе биде веќе како што било на оваа грешна земја: лажливци, идолопоклоници, нечисти и неверни; тие ќе се дружат со оние што го победиле сатаната и гревот и кои со Божја милост си изработиле совршен карактер. Секоја наклоност кон грев, секое несовршенство кое се прилепило за нив на оваа земја, ги изми Христовата крв, и сјајот на неговата слава, која го надминува сјајот на сонцето, ќе ги осветлува. Од нив ќе излачува убавината и совршенството на Христовиот карактер игго е поважно од целиот надворешен сјај. Тие како безгрешни суштества ќе стојат пред големиот бел престол и ќе ги добијат славата и прeдимствата на ангелите.PH 82.3

    Имајќи го предвид ова славно наследство што го чека, “каков откуп ќе даде човекот за својата душа?” (Мат. 16, 26). Тој може да биде сиромав и сепак да има богатство и достоинство кое светот не може да му даде. Човекот што е спасен и очистен од гревот, човекот кој ги посветува на службата на Бога сите свои благородни способности има неоценета стојност. Затоа, кога некој човек на земјата се обрне кон Бога и најде спасение од гревот, тоа секогаш предизвикува на небото, во присусгво на Бога и неговите ангели, света и величествена радост која се изразува во песни за победата.PH 82.4

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents