Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    НАШИОТ ЖИВОТ И РАБОТА

    Бог за целата вселена е извор на живот, светлост к радост. Од нето излегуваат благослови и се изливаат на сите негови созданија, како што од изворот излегува поток и од сонцето — светлосни зраци. Секаде, каде што божествениот живот ги исполнува човечките срца тој ќе се излее во формата на љубов и добродејание и на околината.PH 48.3

    Спаистелот чувствувал радост во подигнувањето и спасувањето на грешните луѓе. Затоа не го жалел својот живот, ами умрел на крст и поднесол срамота за нас. И Божјите ангели имаат за задача да се грижат за блаженството на другите созданија. Во тоа тие го наоѓаат своето задоволство. Гордите и себични луѓе би сметале за понижение да им служат на оние што паднале во грев или кои по чин и положба стојат пониско од нив, а токму тоа е задачата на безгрешшгге ангели. Духот на Христовата љубов и самопожрвува- ње ги исполнува небесата и е извор за сите благослови. Таков дух треба да негуваат и Христовите ученици и тоа да се види во нивните дела.PH 48.4

    Кога Христовата љубов ги исполнува срцата, таа ие може да се скрие како што не може да се скрие миризбата. Нејзиното свето дејство го чувствуваат сите со кои доаѓаме во допир. Христовиот Дух во срцата можеме да го споредиме со извор во пустиња кој го освежува секого што му се приближи и кај оние игго се близу до смртта буди желба да се напијат од водата на животот.PH 49.1

    Љубовта кон Исуса Христа се пројавува во искрениот стремеж да работиме како и тој за подигање и спасение на човештвото. Тој не тера да ги љубиме тл да соучествуваме кон сите созданија кои се наоѓаат под заштитата на небесниот Татко.PH 49.2

    Спасителовиот живот на земјата не бил живот на одмор и угодства. Тој работел неуморно, сериозно и со света ревност да го спаси паднатиот човечки род. Од јаслите во Вителеем до крстот на Голгота одел тој по патот на самоодрицањето. He се плашел од тешка работа, напорен пат, грижи и труд. Спасителот вели за себеси: “Синот човечки не е дојден да му служат, туку да служи и душата да си ја даде за откуп на мнозина” (Мат. 20, 28). Тоа било главната цел на неговиот живот. Се друго доаѓало по тоа и му било потчинето на ова. Христос велел дека неговото јадење и пиење е да ја изврши Божјата волја и да ја сврши неговата работа. Тој ништо не чинел да угоди на себеси или да го задоволи своето самољубие.PH 49.3

    Сите оние што ја искусиле Христовата милост, ќе бидат готови да поднесат секаква жртва, та другите, за кои Христос претрпел смрт, да добијат учество во овој небесен дар. Тие ќе сторат се да го поправат светот и да го подобрат животот во светот. Ваков дух е гглод на вистински препородено срце. Штом некој го запознае Христа, во неговото срце се јавува желба и на другите да им јави каков скапоценен пријател на- шол во Христа. Таква спасоносна и света вистина не може да се сокрие во срцето. He можеме да молчиме ако сме облечени во Христова правда и исполнети со светата радост на неговиот Дух. Ако сме ја виделе и искусиле Божјата добрина, мораме да им го соопшти- ме тоа и на други. Ние, како Филип кога го нашол Спасителот, ќе повикаме и други да дојдат кај него. Ќе се обидеме да им ја откриеме привлекателната Христова сила и невидливите работи од идниот свет. Наша најголема желба ќе биде да одиме по Христовите стапки. Ќе почувствуваме потреба и на други да им го покажеме Јагнето “кое ги зеде на себе гревовите на светот” (JOB. 1, 29).PH 49.4

    Нашето настојување на другите да им бидеме благослов, и нам лично ќе ни донесе богати благослови. Божја намера било тоа кога ни поверил едно место во планот на спасението. Тој сторил ние луѓето да добиеме учество во неговата божествена природа, а од нас бара сите примени благослови да ги пренесеме и на нашите ближни. Тоа е најголема чест, најголема радост која Бог можел да им ја даде на луѓето. Затоа тој игго врши добротворна работа, се приближува до својот Творец.PH 50.1

    Бог можел новината за спасението, целото свое дело на љубовта да им го повери на небесните анѓели, тие да го спроведат. Тој можел да употреби и други. средства да го спроведе својот план. Но во својата безкрајна љубов сакал и ние да соработуваме со Христа и ангелите за да имаме и ние учество во благословот, радоста и душевниот напредок кои произлегуваат од оваа несебична служба.PH 50.2

    Ако со Христа страдаме, подобро ќе го разбереме. Секое самопожртвување за другите го зајакнува духот на добрината во срцето на добротворот, и го доведува во се поблиска врска со Избавителот на светот кој “бидејќи е богат поради вас, осиромаши, та вие со неговото сиромаштво да се обогатите”. (2 Кор. 8, 9). Животот за нас ќе биде благослов само ако вака го спроведеме неговиот план за нас што го имал пред себеси кога не створил.PH 50.3

    Ако тргнеш на работа како Христов ученик, што се може повеќе души да свртиш кон него, тогаш ќе почувствуваш потреба од подлабоко искуство и подобро познавање на Божјите дела, тогаш ќе бидеш жеден и гладен за правда. Ти ќе се задлабочиш во проучување на Божјето суштество, твојата вера ќе зајакне, а твојата душа ќе се поткрепи на изворот на спасението. Искушенија и борби ке те тераат да го- проучуваш Божјиот збор и да се молиш. Ќе растеш во милоста и познавањето на Христа и ќе добиеш богати искуства.PH 50.4

    Несебичната работа за другите ќе ти даде тврд и постојанен карактер, ќе стори да бидеш полн со љубов кон другите како што бил Христос, и ќе ти донесе мир и среќа. Тогаш твоето срце ќе се стреми кон Возвишеното. Во него не ќе има веќе место за мрзел и себичност. Оној кој вака се вежба во христијанската милост, ќе се развие и ќе зајакне во Божјето дело. Во него ќе се развие јасно! духовно расудување, ќе стане постојанен во верата и ќе зајакнува со молитва. Божјиот Дух ќе работи во неговото срце и ќе предизвика — како одзив од Божествениот допир — свети звуци во неговата внатрешност. Оној што се жртвува во несебичен напор за добро на другите, со тоа го осигурува совето сопствено спасение.PH 51.1

    Единствен пат за да растеме во Христовата милост е несебично да ја вршиме работата што ни ја поверил Христос, да сториме се што можеме да им помогнеме на оние кои имаат потреба од нашата помош и нашата потпора. Сила се добива со вежбање, а дејноста е прв услов на животот. Сите што сакаат да го одржат својот христијански живот и примат благослов на милоста, а пак самите ништо не прават, слични се со оној што само јаде, а ништо не работи. Како во телесниот така и во духовниот живот неработењето донесува назадок и пропаст. Човек што не сака да ги употребува своите членови, набргу ќе ја изгуби силата воопшто да ги употребува. Така и Христијанинот што не сака да ги искористи способностите што му ги дал Бог, нема да расте во Христовата милост ниту пак ќе ја сочува духовната сила.PH 51.2

    Христос ја определил својата црква да го спасува изгубеното човештво. Нејзината задача е да му објави на светот радосна новина. Христијанинот е должен тоа да го прави. Секој треба да ја изврши Спасителовата заповед по своите способности и околности кои: му се даваат затоа. Христовата љубов што ни е објавена, не прави нас задоложени кон сите оние кои упгге не ја познаваат, Бог ни ја дал својата светлост не да ја чуваме само за себе, но да придонесеме да ги осветли сите оние што уште живеат во темнина.PH 51.3

    Кога би Христовите следбеници биле свесни за оваа своја должност тогаш во незнабожачките земји би имало со илјади миисонери таму каде што сега има можеби само еден. Тогаш секој што лично не може да ја врши оваа работа, за нејзиниот напредок би придонесол со своите средства и своите молитви. Тогаш и во христијанските земји со поголема сериозност би се работело за спасување на душите.PH 52.1

    Ако сакаме да работиме за Христа, не мораме да одиме кај незнабошците, не мораме да го оставиме ни тесниот семеен круг ако за него не врзуваат нашите должности. Можеме да работиме таму каде што се наоѓаме. За Христа можеме да работиме во нашата куќа. во соседството, во кругот на нашите пријатели и познати, па дури и при вршење на нашите работи.PH 52.2

    Нашиот спасител поголемиот дел од својот живот на земјата, го минал во малата дрводелска работилница во Назарет, каде трпеливо ја вршел својата работа. Ангели го опкружувале Исуса за целото време на неговиот живот и тогаш кога се наоѓал во друштво со работници и со граѓани кои не го признавале и не му ја давале заслужената чест. Спасителот исто така верно и совсено ја вршел својата должност при вршењето на својата проста работа, како и при лечењето на болните и при разбеснетите бранови на Галилејското Mope. Така можеме и ние во каква било положба и да сме и макар колку прости должности да вршиме. секогаш можеме да бидеме и да работиме со Христа.PH 52.3

    Апостол Павле пишува: “Секој, браќа, во што е повикан, во тоа нека остане пред Господа” (1 Кор. 7, 24). Секој треба својата работа така да ја врши што со својата верност да го прослави Учителот. Ако е верен и искрен Христов следбеник, тогаш неговата вера ќе се покаже во сите негови работи и неговите ближни ке видат дека него го управува Христовиот Дух. Трудољубивиот и верен Божји следбеник ќе биде слика на оној кој за време на својот земен живот одел по баирите на Галилеја. Секој христијанин треба така да влијае со своите дела на луѓето, што тие, гледајќи го него, да го слават својот Творец и Спасител.PH 52.4

    Мнозина се откажале од служење на Христа под изговор дека други имаат повеќе дар и способност за тоа. Тие мислат дека на Божја служба треба да се посветат само особено даровити луѓе. Мнозина дури мислат дека Бог со тие способности ги обдарил само извесен вид луѓе, а на други не им дал и, спрема тоа, не можат ни да земат учество ни во работата, ни во наградата. За сето тоа ни збор нема во расказот за талантите што го раскажал Христос. IIo неговите зборови, домаќинот, Бог, му ја дал на секој од своите слуги нетовата работа.PH 53.1

    При вршење на најдолни должности можеме да му служиме на Бога со љубов. Ако во нашето срце има Божја љубов, таа ќе се покаже и во нашиот живот. Христовиот аромат ќе не опкружи и нашето влијание ќе биде за благослов и среќа на другитеPH 53.2

    He чекајте извонредни околности и особени способности за да почнете работа во Божјето дело. He грижете се што ќе мисли светот за вас. Вашите напори не ќе бидат залудни ако вашиот секојдневен живот свидетелствува за чистотата и искреноста на вашата вера, и ако другите се сигурни дека од срце сакате да им помогнете.PH 53.3

    И најмалиот и најсиромашниот Исусов ученик можат да бидат за благослов на други. Можеби и тие не се свесни дека прават добро, и сепак од нив струи благослов. А плодовите од нивната работа ќе се видат одвај во денот на големиот обрачун. Тие не знаат и не чувствуваат дека вршат нешто големо и не се грижат за успехот на својот труд. Тие врват мирно по својот пат и верно ја вршат работата која Бог по својата мудрост им ја дал. Нивнот живот навистина не ќе биде безполезен. Во нивните срца се повеќе се зацврстува Христовиот лик. Тие работат здружени со Бога уште во овој живот и се готват за повозвишена работа и непоматена радост во вечниот живот.PH 53.4

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents