13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- УВОД
- 1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ
- 2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ
- 3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА
- 4—ВАЛДЕНЖАНИТЕ
- 5— ЏОН ВИКЛИФ
- 6—ХУС И ЈЕРОНИМ
- 7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ
- 8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР
- 9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР
- 10—НАПРЕДОК НА РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА
- 11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ
- 12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- 13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- 14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ
- 15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
- 16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- 17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ
- 18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР
- 19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА
- 20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
- 21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА
- 22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
- 23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
- 24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ
- 25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН
- 26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА
- 27—БУДЕЊА ВО ПОНОВО ВРЕМЕ
- 28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
- 29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
- 30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА
- 31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- 32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА
- 33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- 34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?
- 35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
- 36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА
- 37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА
- 38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА
- 39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА
- 40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
- 41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
- 42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Search Results
- Results
- Related
- Featured
- Weighted Relevancy
- Content Sequence
- Relevancy
- Earliest First
- Latest First
- Exact Match First, Root Words Second
- Exact word match
- Root word match
- EGW Collections
- All collections
- Lifetime Works (1845-1917)
- Compilations (1918-present)
- Adventist Pioneer Library
- My Bible
- Dictionary
- Reference
- Short
- Long
- Paragraph
No results.
EGW Extras
Directory
13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
Во Холандија уште порано папската тиранија предизвикала решителен отпор. Седум векови пред Лутера обвинение против папата подигнале двајца бискупи кои како пратеници биле во Рим и таму го запознале виетинскиот карактер на „светата столица”. Бестрашно станале против римскиот понтифекс велејќи: „Бог на својата црква, на својата кралица и свршеница, нејзе и на нејзиното семејство, им дал богат и вечен мираз, наследство што не може да пропадне и да овене; тој ii дал вечна круна и жезол; сите овие добра ти си ги присвоил како арамија. Си седнал во Божјиот храм; наместо да си пастир на стадото, си станал волк на овците. Сакаш да те сметаме за врховен бискуп, но ти си тиран. Наместо да си слуга на слугите, како што се нарекуваш, сакаш да станеш господар над господарите... Ги презираш Божјите заповеди... Божјиот Дух е тој што ги подига црквите секаде каде што се наоѓаат... Градот на нашиот Бог, чиишто граѓани сме ние, ги опфаќа сите краишта и е поголем од градот што го нарекле пророците Вавилон и што се смета за божествен, што се издигнува до небото и се фали дека има бесмртна мудрост, тврдејќи, иако неточно, дека никогаш не згрешил ниту пак може да згреши” (Gerard Brandt, History of the Reformation in and About the Low Countries, b. 1, p. 6).GCMkd 184.1
Bo текот на вековите ce појавувале и други со сличен протест. Првите учители биле проповедници слични на валденжанските пионери. Тие патувале во разни земји и биле познати под разни имиња; насекаде го ширеле евангелието. Стигнувајќи во Холандија, нивната наука овде бргу се раширила. Ја превеле валденжанската Библија на холандски јазик во стихови. Изјавиле „дека таа ужива предимство затоа што во неа нема ниту шеги, ниту бајки, ниту трици, ниту измами, туку само зборови на вистината; навистина, на одделни места се наоѓа по некоја тврда лушпа, но и тука лесно може да се дојде до јатката и до сласта на она што е добро и свето” (Исто, b. 1, р. 14). Така во дванаесеттиот век пишувале пријателите на старата вера.GCMkd 184.2
Тогаш почнало римското прогонство. Но, наспроти ломачите и измачувањата, бројот на верните се повеќе се множел. Решително изјавувале дека Библијата е единствен непогрешен авторитет на верата и дека „ниеден човек не смее да се присилува да верува, туку треба де се придобие за вистината со проповедање” (Martyn, vol. 2, р. 87).GCMkd 184.3
Лутеровото учење во Холандија нашло плодна почва. Станале сериозни и верни луѓе да го проповедаат евангелието. Од една холандска провинција излегол Мено Симонс. Воспитан во римокатоличката црква и посветен за свештеник, тој ниту малку не ја познавал Боблијата и се плашел да ја чита од страв да не падне во кривоверство. Кога почнало да го мачи сомневање во врска со науката за транссупстанцијација (пресуштествување), тоа го сметал за иекушение од страна на сатаната и настојувал да се ослободи од него со молитва и со исповедање, но се било напразно. Потоа се обидел гласот на совеста да го замолкне со светски уживања, но и тоа не вродило со успех. По извесно време почнал да го проучува Новиот завет и тоа, заедно со списите на Лутера, му помогнало да ја прифати реформираната вера. Набргу во едно соседно село бил очевидец на погубувањето на еден човек затоа што овој по вторпат се крстил. Тоа го поттикнало да ја проучува Библијата во врска со прашањето на крштавањето на децата. Во неа не можел да најде никаков доказ што би го оправдал крштавањето на децата, но видел дека покајанието и верата се неопходен услов за примање на крштавањето.GCMkd 185.1
Мено ја оставил Римската црква и својот живот го посветил на проповедање на вистините што ги открил. Како во Германија така и во Холандија се појавиле занесеници кои ширеле лажни и заводни науки и кои дури не се притеснувале да се служат со насилство и со буни. Мено ги предвидел страшните последици до кои неизбежно би довело тоа учење и затоа со сета сила му се противставил на лажното учење на овие занесеници. Имало многу такви кои биле заведени од овие фанатици, но сепак, се откажале од нивното погубно учење; преостанале и доста потомци од старите христијани кои биле плод на валденжанското учење. Мено работел меѓу нив ревносно и успешно.GCMkd 185.2
Во текот на дваесет и пет години патувал со жената и децата, поднесувајќи умор и скудност и често бил во животна опасност. Ја пропатувал Холандија и северна Германија, работејќи претежно меѓу сиромашните слоеви, но неговото влијание било големо. По природа речит, иако со скромно образование, тој бил човек со непоколеблива чесност, со понизен дух, нежен во однесувањето, искрено и сериозно побожен. Тој во живот ги спроведувал начелата што ги проповедал и така задобил доверба кај народот. Неговите раштркани и угнетени следбеници многу трпеле поради тоа што нив ги заменувале со фанатичните Минстерови приврзаници, Сепак, со неговата работа мнозина се преобратиле.GCMkd 185.3
Никаде реформираната наука не се раширила толку како во Холандија. Но во мал број земји нејзините приврзаници поднесувале толкави прогонства. Во Германија Карло V ја забранил реформацијата и тој би се радувал кога би можел да ги види сите нејзини приврзаници на ломача, но кнезовите станале како ограда против неговата тиранија. Во Холандија неговата власт била поголема и бргу се нижеле едикти за прогонства. Да се чита Библијата, да се проповеда или да се слуша нејзината наука, или само да се зборува за неа, се сметало за злосторство што заслужува смрт. Да се молиш на Бога тајно, да не се клањаш пред слики, да пееш псалми, значело исто така да се изложуваш на смрт. Па и оние што биле готови да се откажат од се, биле осудувани - мажите на смрт со меч, а жените да бидат живи закопани. Илјадници се погубени за време на владеењето на Карло V и Филип II.GCMkd 186.1
Еднаш цело едно семејство било доведено пред инквизиторот под обвинение дека не присуствувале на миса, туку дека дома одржувале свое богослужение. Запрашан како го одржуваат своето тајно богослужение, најмладиот син одговорил: „Ние на колена се молиме Бог да ги расветли натттите мисли и да ги прости нашите гревови; се молиме за нашиот владетел неговото владеење да биде успешно и неговиот живот среќен; се молиме Бог да ги сочува властите на нашиот град” (Wylie, b. 18, ch. 6). Некои од судиите биле длабоко трогнати; сепак, таткото и еден од неговите синови биле осудени на смрт на ломача.GCMkd 186.2
Верата на мачениците дораенала на гневот на прогонувачите. He само мажите, туку и нежните жени и младите девојки покажувале непоколеблива храброст. „Жените стоеле крај ломачите на своите мажи, ги тешеле или им пееле псалми додека пламенот ги обвивал нивните тела. Млади девојки живи легнувале во своите гробови како да заминуваат на ноќна починка; или оделе на губилиште и на ломача во своите најубави фустани како да одат на венчавање” (Исто, b. 18, ch. 6).GCMkd 186.3
Како и во времето кога незнабоштвото сакало да ја уништи црквата, крвта на мачениците била семе (види: Tertullian, Apology, paragraph 50). Прогонствата само го зголемиле бројот на верните. Со години царот го извршувал своето свирепо дело, гневен поради нескршливата решителност на народот, но се било напразно. Најпосле револуцијата, на чело со благородниот Вилем Орански, на Холандија и донела слобода на вероисповедта.GCMkd 186.4
Во планините на Пиемонт, во низините на Франција и на бреговите на Холандија, напредокот на евангелието бил обележан со крвта на неговите ученици. Но во северните земји евангелието влегло мирно. Витенбершките студенти, враќајќи се од своите студии дома, го однеле евангелието во скандинавските земји. Распространувањето на Лутеровите списи исто така помогнало при ширењето на вистината. Едноставниот и силен народ на Северот ја напуштил расипаноста, раскошот и празноверието на Рим за да ја прифати чистотата, едноставноста и спасоносните вистини на Светото писмо.GCMkd 186.5
Данскиот реформатор, Таузен, бил селски син. Како момче мошне рано ја покажал својата интелектуална надареност; се стремел кон повисоко образование, но бидејќи неговите сиромашни родители не можеле да му го овозможат тоа, тој стапил во манастир. Таму со својот чист живот, со својата трудољубивост и верност бргу ја задобил наклоноста на својот старешина. На испитот се открил неговиот талент што во иднина it ветувал големи услуги на црквата. Старешините решиле да му овозможат школување на некој германски или холандски универзитет. Младичот можел сам да го избере местото на своето школување; единствен услов бил да не оди во Витенберг. He треба, си велеле калуѓерите, ученикот кој се приготвува за служба на црквата, да се изложува на отровот на „кривоверството”.GCMkd 187.1
Таузен отишол во Келн, кој во тоа време, како и денеска, бил една од тврдините на католицизмот. Но таму набргу му се згадил мистицизмот на неговите учители. Во исто време првпат во раце ги добил списите на Лутера. Ги читал со чудење и одушевено и безмерно сакал да слуша лични предавања на реформаторот. Но тоа можел да го стори само ако биде подготвен да се судри со старешината на манастирот и да се откаже од неговата помош. Најпосле се решил на тоа и набргу потоа се запишал на Витенбершкиот универзитет.GCMkd 187.2
Кога се вратил во Данска, пак стапил во својот манастир. Уште никој не се сомневал во него дека е лутеран. Тој не ја открил веднаш својата тајна, но се трудел своите другари полека да ги доведе до почиста вера и до посвет живот. Им ја отворил Библијата, им ја разјаснил нејзината вистинска смисла и на крај им го проповедал Христа како единствено оправдание на грешникот и како единствена надеж во спасение. Тоа многу го разгневило старешината на манастирот кој во него, како во силен бранител на Рим, полагал највисоки надежи. Набргу бил преместен во друг манастир и чуван во ќелија под строг надзор.GCMkd 187.3
Неговите нови чувари биле вчудовидени кога повеќе калуѓери го прифатиле протестантизмот. Низ решетките на својата ќелија Таузен своите другари ги запознал со вистината. Кога данските отци би биле упатени во методите што ги применувала црквата против еретиците, гласот на Таузен никогаш веќе не би се слушнал; но наместо жив да го закопаат во некоја подземна темница, тие го истерале од манастирот. А бидејќи еден нов едикт на данскиот крал им овозможил заштита на проповедниците на новата наука, Таузен почнал да проповеда. Му биле отворени црквите и народот доаѓал да го слуша. И други ја проповедале Божјата реч. Новиот завет, преведен на дански, бил многу раширен. Напорите на папистите да го спречат делото, само го забрзале и Данска ја примила реформираната вера.GCMkd 187.4
И во Шведска млади луѓе, кои се напојувале на изворот на Витенберг, на своите граѓани им ја однеле водата на животот. Двајца од првите поборници на шведската реформација, Олаф и Лаврентиус Петри, синови на еден ковач од Оребро, студирале како ученжци на Лутера и Меланхтона. Вистините што ги запознале им ги проповедале на своите другари. Слично на големиот германски реформатор, Олаф со својата ревност и речитост го будел народот, додека Лаврентиус, како Меланхтон, бил учен, тивок и предаден на размислување. Обајцата биле луѓе со длабока побожност, со високо теолошко образование и со непоколеблива храброст при ширењето на вистината. Противењето од страна на Рим не изостанало. Католичките свештеници го растревожиле неукиот и празноверен свет. Повеќе пати толпата го напаѓала Олаф Петри и неговиот живот често бил во смртна опасност. Сепак, овие реформатори уживале наклоност и зашита од страна на кралот.GCMkd 188.1
Под власта на Римската црква народот осиромашил и стенкал под нејзиното насилство. Тој бил без Свето писмо; неговата вера се состоела само од обреди и од празни церемонии што не му даваат никаква храна на духот и затоа се вратил на празноверијата и обичаите на своите идолопоклонички предци. Народот се поделил на две непријателски партии кои со своите меѓусебни борби само ја зголемувале бедата. Решавајќи да ја спроведе реформацијата во црквата и во државата, шведскиот крал со радост ги поздравил овие способни помагачи во борбата против Рим.GCMkd 188.2
Во присуство на кралот и на челниците на Шведска, Олаф Петри со голема вештина ја бранел науката на реформираната вера против римските поборници. Изјавил дека учењето на црковните отци може да се прифати само тогаш ако се согласува со Светото писмо; истакнувал дека главните точки на верата во Библијата се откриени толку јасно и едноставно, што секој може да ги разбере. Исус рекол: „Моето учење не е мое, туку на Оној кој ме прати”, а Павле кажува дека, ако некој проповеда поинакво евангелие од она што го објавил тој, проклет да биде (Јован 7,16; Галатите 1,8). „Тогаш како се осмелуваат некои да воспоставуваат нови догми и да ги наметнуваат како услов за спасение?” (Wylie, b. 10, ch. 4). Тој докажал дека црковните декрети не важат кога се спротивни на Божјите заповеди и го истакнувал големиот принцип на протестантизмот дека Библијата, и само Библијата, е правило на верата и животот.GCMkd 188.3
Оваа борба, иако се водела на сразмерно малечка сцена, може да ни покаже „од какви луѓе се состоела војската на реформаторите. Тоа не биле неуки сектанти, ниту бучни препирачи - далеку од тоа! Тоа биле луѓе кои ја проучувале Божјата реч и кои знаеле да ракуваат со оружјето од складот на Библијата. Тие биле најобразовани луѓе на своето време. Само ако ги посматраме сјајните центри на науката, како што биле Витенберг и Цирих, и светлите имиња, како што се Лутер, Меланхтон, Цвингли и Еколампад, тогаш можеме да кажеме дека тие луѓе, водачите на реформацијата, по природа се одликувале со големи таленти и со извонредно знаење, додека нивните наследници не биле како нив. Но, ако се свртиме кон зафрлената сцена на Шведска, каде што ги наоѓаме скромните имиња на Олаф и на Лаврентиус Петри; ако се свртиме од големите учители кон учениците, што наоѓаме? Наоѓаме научници и теолози, луѓе што исцело го познаваат целиот систем на евангелските вистини и кои со леснотија ги победуваат сколастичарите и римските великодостојници” (Исто, b, 10, ch. 4).GCMkd 189.1
Како резултат на оваа расправа, шведскиот крал ја примил протестантската вера, а малку подоцна и народното собрание се изјаснило за неа. Олаф Петри го превел Новиот завет на шведски јазик, a no желба на кралот браќата прифатиле да ја преведат целата Библија. Така првпат Шведска ја добила Божјата реч на својот мајчин јазик. Собранието одредило во целата земја Светото писмо да го толкуваат проповедниците, а во училиштата децата да учат да ја читаат Библијата.GCMkd 189.2
Постепено благословената светлина на евангелието ја распрснала темнината на незнаењето и празноверието. Ослободен од папската тиранија, народот се подигнал до големина и сила какви што никогаш порано не постигнал. Шведска станала тврдина на протестантизмот. Еден век подоцна, кога Германија се наоѓала во голема опасност, овој малечок, и до тогаш слаб народ, бил единствен во цела Европа кој имал храброст да и дојде на помош во страшната триесетгодишна војна. Се чинело дека цела северна Европа пак ќе падне под папската тиранија. Шведската војска и овозможила на Германија да го одбие католичкото напредување, да издејствува толеранција за протестантизмот - за калвинистите и за лутераните - и да им ја врати слободата на совеста на оние земји што ја примиле реформацијата.GCMkd 189.3