33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- УВОД
- 1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ
- 2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ
- 3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА
- 4—ВАЛДЕНЖАНИТЕ
- 5— ЏОН ВИКЛИФ
- 6—ХУС И ЈЕРОНИМ
- 7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ
- 8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР
- 9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР
- 10—НАПРЕДОК НА РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА
- 11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ
- 12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- 13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- 14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ
- 15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
- 16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- 17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ
- 18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР
- 19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА
- 20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
- 21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА
- 22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
- 23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
- 24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ
- 25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН
- 26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА
- 27—БУДЕЊА ВО ПОНОВО ВРЕМЕ
- 28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
- 29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
- 30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА
- 31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- 32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА
- 33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- 34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?
- 35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
- 36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА
- 37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА
- 38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА
- 39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА
- 40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
- 41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
- 42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Search Results
- Results
- Related
- Featured
- Weighted Relevancy
- Content Sequence
- Relevancy
- Earliest First
- Latest First
- Exact Match First, Root Words Second
- Exact word match
- Root word match
- EGW Collections
- All collections
- Lifetime Works (1845-1917)
- Compilations (1918-present)
- Adventist Pioneer Library
- My Bible
- Dictionary
- Reference
- Short
- Long
- Paragraph
No results.
EGW Extras
Directory
33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
Уште од почеток на човечката историја сатаната почнал да вложува напори да го измами нашиот род. Оној што предизвикал бунт на небото сакал да ги наведе и жителите на земјата да се здружат со него во борба против Божјето владеење. Адам и Ева биле потполно среќни додека биле послушни кон Божјиот закон и овој факт бил непобитен доказ против тврдењето на сатаната на небото дека Божјиот закон е насилен и дека е насочен против среќата на Божјите созданија. Освен тоа, кај сатаната била предизвикана завист кога ја видел убавата татковина, приготвена за безгрешната брачна двојка. Тој решил да ги обори за да може, кога ќе ги оддели од Бога и кога ќе ги подложи под своја власт, да ја стави земјата под своја сопственост и тука да воспостави свое царство наспроти Севишниот.GCMkd 414.1
Кога сатаната би го открил својот вистински карактер, би бил веднаш одбиен, зашто Адам и Ева биле предупредени против овој опасен непријател. Но тој дејствувал подмолно, прикривајќи ја својата намера за што поуспешно да ја постигне својата цел. Употребувајќи како свое орудие змија, која тогаш била едно од најубавите созданија, и се обратил на Ева со прашањето: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниту едно дрво во рајот?” (1. Мојсеева 3,1). Кога Ева не би стапила во разговор со искушувачот, сигурно би се сочувала од стапиците на сатаната. Но таа се осмелила да стапи во врска со него и паднала како жртва на неговото лукавство. Така и денеска мнозина стануваат победени. Тие се сомневаат и ги критикуваат Божјите барања и, наместо да ги слушаат божествените прописи, прифаќаат човечки сфаќања зад кои се кријат само планови на сатаната.GCMkd 414.2
„А жената и рече на змијата: ‘Ние јадеме плод од секое дрво во рајот; само од плодот на она дрво среде рајот1, рече Бог, ‘не јадете и не допирајте го, за да не умрете!* Тогаш змијата и рече на жената: ‘He, вие нема да умрете! Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло’” (1. Мојсеева 3,2-5). Тој тврдел дека тие ќе станат како Бог, дека ќе бидат надарени со поголемо знаење отколку порано и оспособени за повисок живот. Ева попуштила пред искушението, а под нејзино влијание и Адам е наведен на грев. Тие им поверувале на зборовите на змијата дека Бог не мислел онака како што кажал. Се посомневале во својот Творец и вообразиле дека Тој ја ограничува нивната слобода и дека со престапот на неговиот Закон можат да постигнат поголема мудрост и повисока положба.GCMkd 414.3
Но дали Адам по паѓањето во грев ја дознал смислата на зборовите: „Зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, навистина ќе умреш?” (1. Мојсеева 2,17). Дали нивното значење одговарало на она што го навел сатаната да верува: дека ќе постигне повозвишен живот? Во тој случај престапот би бил големо добро, а сатаната би се покажал како добротвор на нашиот род. Меѓутоа, Адам сфатил дека божествената пресуда не може да се протолкува така. Бог рекол дека поради гревот човекот ќе мора пак да се врати во земјата од која е земен: „Зашто си прав и во прав ќе се вратиш” (1. Мојсеева ЗД9). Зборовите на сатаната: „Туку знае Бог... дека ќе ви се отворат очите”, се покажале вистинити само во ова: бидејќи Адам и Ева не останале послушни, им се отвориле очите да ја видат својата лудост. Го запознале злото и го вкусиле горчливиот плод на својот престап.GCMkd 415.1
Среде градината растело дрво на животот чијшто плод имал сила постојано да го обновува животот. Кога Адам би му останал послушен на Бога, тој и понатаму би имал слободен пристап кон ѕзз тоа дрво и би живеел вечно. Но, кога згрешил, не смеел повеќе да јаде од дрвото на животот и така станал подложен на смртта. Божествената пресуда: „Зашто си прав и во прав ќе се вратиш”, укажува на целосно гаснење на животот.GCMkd 415.2
Со својот престап Адам ја загубил бесмртноста што му била ветена под услов на послушност. Тој не можел да му го пренесе на своето потомство она што самиот го немал; а за паднатиот род не би имало надеж кога Бог не би му овозможил на човекот бесмртност со жртвувањето на својот Син. Додека „смртта премина на сите луѓе, зашто сите згрешија41, Христос „на виделина донесе живот и бесмртност преку евангелието44 (Римјаните 5,12; 2. Тимотеј 1,10). Само во Христа може да се постигне бесмртност. Исус рекол: „Кој верува во Синот, има живот вечен, а кој не верува во Синот, нема да види живот” (Јован 3,36). Секој човек може да го добие овој непроценлив благослов ако ги исполни условите. Сите „кои со истрајност прават добро и бараат слава, чест и нераспадливост”, ќе примат „вечен живот” (Римјаните 2,7).GCMkd 415.3
Единствено суштество кое му ветило на Адама живот во непоелушност бил големиот измамник. А зборовите на змијата упатени до Ева во рајот: „Не, нема да умрете”, биле прва одржана проповед за бесмртност на душата. Па сепак, оваа изјава, што се темели единствено на авторитетот на сатаната, се повторува од христијанските проповедални и се прифаќа од мнозинството на човечкиот род исто толку бргу како што била прифатена од нашите прародители. Божествената пресуда: „Која душа ќе згреши, таа и ќе умре” (Езекил 18,20), се толкува така како таа да значи: Душата што ќе згреши нема да умре, туку ќе живее вечно. Ние можеме само да и се чудиме на необичната заслепеност која луѓето ги прави толку лековерни кон зборовите на сатаната, a толку недоверливи кон Божјите зборови.GCMkd 415.4
Кога на човекот по неговиот пад би му бил дозволен слобо ден пристап кон дрвото на животот, тој би живеел вечно и така гревот би станал бесмртен. Но херувим со пламенен меч го чувал „патот кон дрвото на животот” (1. Мојсеева 3,24), и никој од Адамовото семејство не смеел да ја пречекори таа граница за да земе од плодот што дава живот. Затоа нема бесмртен грешник.GCMkd 416.1
Ho, по човековиот пад, сатаната им заповедал на своите ангели да вложат посебни напори да се распространи верувањето во вродена човекова бесмртност; и бидејќи ги навеле луѓето да ја прифатат оваа заблуда, тие настојувале да ги доведат до заклучок дека грешниците ќе живеат во вечни маки. Сега кнезот на темнината, преку своите орудија, Бога го претставува како тиран полн со одмазда и тврди дека Тој сите што не му се по волја ги фрла во пекол каде што мораат вечно да го поднесуваат неговиот гнев; и додека тие трпат неискажливи маки и се превиваат од болка во вечен оган, нивниот Творец ги гледа озгора со задоволство.GCMkd 416.2
На овој начин заколнатиот непријател своите лични особини му ги припишува на Творецот и на Добротворот на човечкиот род. Свирепоста е особина на сатаната. Бог е љубов, и се што создал било чисто, свето и совршено додека првиот голем бунтовник не донел грев. Сатаната е непријател кој човекот го наведува на грев и потоа настојува да го уништи, ако може. А кога е сигурен во својата жртва, се радува за пропаста што ја предизвикал. Кога би му било дозволено, тој целиот човечки род би го фатил во својата мрежа. Кога не би се вмешала божествената моќ, ниеден Адамов син или ќерка не би можеле да му побегнат.GCMkd 416.3
И денеска сатаната се труди да ги победи луѓето како што ги победил нашите први родители на тој начин што ја поколебал нивната доверба во Творецот и ги поттикнал да се сомневаат во мудроста на неговото владеење и во праведноста на неговиот Закон. Сатаната и неговите пратеници Бога го прикажуваат во полоша светлина отколку што се самите тие само да ја оправдаат својата сопствена злоба и бунт. Големиот измамник настојува својот грозен и свиреп карактер да му го подметне на нашиот небесен Отец, а самиот да се прикаже како суштество на кое со протерувањето од небото му е нанесена голема неправда зашто не сакал да му се покори на еден толку неправеден господар. Тој ја истакнува пред светот слободата што можат тие да ја уживаат под неговото благо владеење спротивно на ропството што го донесуваат строгите наредби на Јехова. На овој начин успева да ги одврати душите од нивната верност кон Бога.GCMkd 416.4
На нашето чувство за љубов и милост, како и на нашата смисла за праведност, им е туѓа науката според која мртвите грешни се мачат во оган и сулфур во вечен пекол и дека поради гревовите што ги направиле во текот на својот краток земен живот мораат да се мачат се додека постои Бог! Па сепак, оваа наука толку многу се проповедала, а и денеска ја проповедаат многу христијански вероисповеди, Еден угледен доктор по теологија рекол: „Погледот кон пеколните маки секогаш ќе го зголемува блаженството на светите. Гледајќи ги другите со иста природа и родени под исти околности, како се мачат во таква стравотија, а тие толку високо почестени, ќе сфатат колку се среќни.” Друг изјавува: „Додека одлуката за проклетството вечно ќе се извршува над садовите на гневот, чадот од нивното мачење вечно ќе се издигнува во присуство на садовите на милоста кои, наместо да ја делат судбината на овие несреќници, ќе зборуваат: ,Амин, алелуја! Фалете го Господа!’”GCMkd 417.1
Каде може да се најде во Божјата реч такво учење? Зар спасените на небото ќе бидат лишени од сите чувства за сочувство и сожалување, па дури и од чувството на обична човечност? Зар таа ќе биде заменета со рамнодушноста на стоиците или со свирепоста на дивјаците? - He, не! Ова не е учење на Божјата книга. Оние што ги напишале цитираните зборови можат да бидат учени, па дури и искрени луѓе, но тие се измамени со лажна сатанска наука.GCMkd 417.2
Тој ги поттикнува да ги извртат силните изрази на Светото писмо и на зборовите да им дадат белег на горчина и злоба што му се својствени нему, а не на нашиот Творец. „Кажи им, жив сум јас, вели Господ Бог, мене не ми е мила смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот грешен пат и да живее. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта. Зошто да умрете, доме Израелов?” (Езекил 33,11).GCMkd 417.3
Каква корист би имал Бог ако прифатиме дека Тој се насла дува гледајќи ги вечните маки и дека ужива во пискотите, во викотниците и преколнувањата на мачените созданија што ги држи во пеколен оган? Зар овие страшни лелеци би можеле да бидат музика во ушите на бесконечната Љубов? Се тврди дека со казнувањето на грешниците со вечна мака се покажува Божјата омраза кон гревот што го нарушил мирот и редот во вселената. О страшно богохулство! Божјата омраза кон гревот како да оправдува тој да се овековечи! Според учењето на овие теолози, непрекратното мачење, без никаква надеж во милост, го распалува гневот на измачените жртви и додека тие својот гнев го изразуваат со клетви и богохулства, во текот на сета вечност го зголемуваат товарот на својата вина. Секако, Божјата слава не би можела да се зголемува со овој траен и се повеќе раширен грев низ бесконечните векови на вечноста.GCMkd 417.4
He е можно да го процениме злото што е предизвикано со лажната наука за вечни маки. Библиската вера, полна со љубов и добрина и богата со милост, е затемнета со суеверие и покриена со ужас. Кога ќе помислиме со какви лажни бои сатаната го насликал Божјиот карактер, зар да не чуди тоа што луѓето се плашат и ее грозат од нашиот Творец кој е полн ео милоет, па дури и го мразат? Ужасните поими за Бога, раширени низ светот со учењето од проповедалните, создале илјадници и дури милиони сомневачи и неверници.GCMkd 418.1
Учењето за вечни маки е една од лажните науки што го сочинуваат виното на грозомората на духовниот Вавилон со кое тој ги опива народите (Откровение 14,8; 17,2). Како можеле Христовите проповедници да ја прифатат и да ја проповедаат оваа лажна наука од посветено место, навистина е тајна! Тие ја добиле од Рим како и неделата. Вистина е дека ја проповедале истакнати и добри луѓе, но светлината за овој предмет не допрела до нив, како што допрела до нас. Тие биле одговорни само за светлината што светела во нивното време, а ние сме одговорни за светлината што свети во нашето време. Ако го напуштиме сведоштвото на Божјата реч и ако ги прифатиме лажните науки затоа што така учеле и нашите татковци, тогаш паѓаме под осудата изречена над Вавилон; пиеме од виното на неговата грозомора.GCMkd 418.2
Голем број луѓе што се бунат против науката за вечни маки паѓаат во друга заблуда. Тие гледаат дека Светото писмо Бога го претставува како суштество полно со љубов и милост и не можат да веруваат дека Тој ќе дозволи неговите созданија да бидат фрлени во вечен оган на пекол. Но, верувајќи дека душата сама по себе е бесмртна, доаѓаат до заклучок дека на крај сите луѓе ќе бидат спасени. Мнозина сметаат дека заканите на Библијата се одредени еамо затоа за со страв да ги натераат луѓето на послушност, а не буквално да бидат извршени. На овој начин грешникот може да живее во себични задоволства, да ги презира Божјите барања, па сепак, да очекува на крај да биде милостиво примен. Таквата наука што ја издигнува Божјата милост, а ја потценува неговата праведност, му се допаѓа на телесното срце и ги охрабрува грешниците во нивната неправедност.GCMkd 418.3
За да се покаже како ја извртуваат Библијата онже што веруваат во општо спасение за да ја поддржат својата кобна наука, доволно ќе биде да ги наведеме нивните сопствени изјави. При погребот на еден млад човек кој не верувал, а кој загинал во несреќен случај, еден универзалистички свештеник го избрал како текст од Библијата извештајот што се однесува на Давида: „Зашто се утеши (Давид) поради смртта на Амнона” (2. Самоилова 13,39).GCMkd 419.1
„Често ме прашуваат, рекол говорникот, каква ќе биде судбината на оние што го напуштаат овој живот во гревови, умираат можеби во состојба на пијанство, заминуваат во смрт со црвени дамки на злосторство што не се испрани од нивната облека или ќе загинат како овој млад човек, а кои никогаш не прифатиле ниту една вера ниту го искусиле нејзиниот благослов. Ние сме задоволни со Светото писмо. Неговиот одговор го решава тешкиот проблем. Амнон бил прекумерно грешен; тој не се покајал; тој се опил и како пијан бил убиен. Давид бил Божји пророк; тој морал да знае дали на другиот свет на Амнона ќе му биде добро или лошо. Какви биле чувствата на неговото срце? ,Потоа царот Давид престана да се лути на Авесалома, зашто се утеши поради смртта на Амнона1 (стих 39).GCMkd 419.2
Каков заклучок можеме да изведеме од овие зборови? Зар не тој дека вечните маки не биле дел на неговото верување? Така веруваме и ние и овде го откриваме победоносниот доказ во прилог на поугодните, попросветените и поблагородните сфаќања за конечната општа чистота и мир. Тој се утешил затоа што неговиот син бил мртов. А зошто? Затоа што со пророчко око можел да гледа во прекрасната иднина и да види дека неговиот син, одвоен од сите искушенија, ослободен од ропството и исчистен од расипаноста на гревот, откако доволно ќе се исчисти и просветли, ќе биде примен во заедница на вознесените и среќни духови. Негова единствена утеха била што неговиот мил син бил земен од сегашната состојба на грев и неволји и што отишол онаму каде што ќе се излева највозвишено влијание на Светиот Дух во неговата затемнета душа; каде што ќе се развива неговиот дух под влијание на небесната мудрост и прекрасниот занес на бесмртната љубов, и на овој начин, станувајќи свет, ќе може да ужива мир и друштво на небесните наследници.GCMkd 419.3
Сакаме да не разберете дека ние веруваме оти небесното блаженство не зависи од ништо што можеме ние да го сториме во овој живот, ниту од некоја сегашна промена на срцето, ниту од нашата сегашна вера или вероисповед.”GCMkd 419.4
Така овој божемен Христов проповедник ја повторува лагата што ја кажала змијата во рајот: „Не, вие нема да умрете... туку оној ден, кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како боговиТој тврди дека најголемите грешници - убијците, крадците и браколомниците - ќе бидат готови по смртта да влезат во бесмртно блаженство.GCMkd 420.1
А од каде овој изопачувач на Светото писмо го изведува својот заклучок? Од една единствена реченица што ја изразува Давидовата покорност на волјата на Провидението. Неговата душа „престана да му се лути на Авесалома, зашто се утеши поради смртта на Амнона”. Бидејќи острината на неговата болка со текот на времето била ублажена, неговите мисли се обратиле од мртвиот кон живиот син кој побегнал во туѓа земја од страв пред праведната казна поради своето злосторство. И ова за него е доказ дека блудниот и пијан Амнон е пренесен на место на блаженство веднаш по смртта за таму да се иечисти и да се приготви за заедница со безгрешните ангели. Ова навистина е угодна приказна, погодна да го задоволи телесното срце. Ова е сопствена наука на сатаната и таа има многу успех. Зар тогаш да не чуди што со ваквото учење расте и расипаноста?GCMkd 420.2
Учењето на овој лажен учител го илустрира учењето на многу други. Од дадениот текст се изделуваат неколку зборови на Светото писмо кои во многу случаи би покажале дека нивната смисла е наполно спротивна на толкувањето што им се дава; и тие изделени стихови се извртуваат и се употребуваат како доказ за науки што не се засновани на Божјата реч. Сведоштвото наведено како доказ дека пијаниот Амнон е на небото е заклучок што е во очигледна спротивност со јасните и одредени изјави на Светото писмо дека ниеден пијаница нема да го наследи Божјето царство (1. Коринќаните 6,10). На овој начин неверниците и скептиците Божјата вистина ја претвораат во лага, а мнозина, измамени со нивното лажно учење, се успиени во колепката на телесната сигурност.GCMkd 420.3
Кога би било вистина дека душите на сите луѓе во мигот на смртта веднаш заминуваат на небото, тогаш ние побргу би посакале смрт отколку живот. Мнозина, заведени со ова верување, му ставиле крај на својот живот. Кога ќе ги совладаат грижи, тешкотии и разочарувања, им се чини полесно да ја прекинат слабата нишка на животот и да се вивнат во милината на вечниот свет.GCMkd 420.4
Бог во својата Реч дал јасни докази дека ќе ги казни прес тапниците на својот Закон. Оние што се тешат со мислата дека Бог е премногу милостив за да ја изврши својата правда над грешниците, треба само да погледнат на крстот на Голгота. Смртта на безгрешниот Божји Син сведочи дека ,ллата за гревот е смрт”, и дека секој престап на Божјиот закон мора да го стигне праведна казна. Христос, кој немал грев, ги зел нашите гревови на себе. Тој ја поднел кривицата на престапот и бил лишен од присуството на лицето на Отецот додека неговото срце не се скршило и неговиот живот не згаснал. Целата оваа жртва е принесена за грешникот да може да биде откупен. На ниту еден друг начин човекот не можел да биде ослободен од казната за гревот. Секоја душа што одбива да има удел во толку скапо платеното помирување мора сама лично да ја сноси кривицата и казната за својот престап.GCMkd 420.5
Да видиме што не учи Библијата понатаму за грешниците и за непокајаните кои овој универзалист ги преместува на небото како свети и среќни ангели.GCMkd 421.1
„Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот” (Откровение 21,6). Ова ветување важи само за оние што се жедни. Само оние што чувствуваат потреба од водата на животот и што ја бараат по секоја цена, ќе ја добијат. „Кој победува ќе го наследи ова, и јас ќе му бидам Бог, а тој ќе ми биде син” (Откровение 21,7). И овде исто така се поставени услови. За да наследиме се, мораме да му се противиме на гревот и да го победиме.GCMkd 421.2
Господ кажува преку пророкот Исаија: „Кажете: ‘Блазе на праведникот, ќе се храни со плодот на своите дела. Тешко на беззаконикот, зло ќе му биде, врз него ќе се урнат делата на неговите раце’” (Исаија 3,10.11). „Но дури и ако грешникот, кој извршил стотици злодела поживее долго, јас знам дека сепак им е подобро на богобојазливите луѓе - на оние кои го почитуваат Бога. А злосторниците нема да минат добро” (Проповедник 8,12.13). A Павле сведочи дека грешникот самиот себеси си собира „гнев врз себе за денот на гневот кога ќе се открие Божјиот праведен суд, којшто ќе му даде секому според неговите дела... а на оние кои мислат само на себе и не и се покоруваат на вистината, туку и се покоруваат на неправедноста - гнев и јарост” (Римјаните 2,5.6.8).GCMkd 421.3
„Знајте го ова: ниеден блудник, нечист, ниеден алчник - кој е идолопоклоник - нема наследство во царството на Христа и Бога” (Ефесците 5,5). „Стремете се кон мир со сите, и кон светост, без која никој не може да го види Господа” (Евреите 12,14). „Блажени се оние кои ги перат своите облеки за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите. Надвор се кучињата, гатачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој кој ја сака лагата и кој лаже” (Откровение 22,14.15).GCMkd 421.4
Бог им го објавил на луѓето својот карактер и постапката со гревот: „Господ, Господ, Бог штедар и милостив, долго трпелив, богат со љубов и со верност, им укажува милост на илјадници, ја поднесува опачноста, гревот и престапот, но виновникот не го остава неказнет” (2. Мојсеева 34,5.6). „А Господ сите злосторници ќе ги истреби.” „А грешниците сите ќе бидат искоренети, ќе се истреби семето злосторничко” (Псалм 145,20; 37,38). Власта и авторитетот на божественото владеење ќе бидат употребени да го задушат бунтот, но сепак, сите судови на правдата ќе бидат во потполна хармонија со карактерот на Бога кој е милостив, полн со трпение и доброта.GCMkd 422.1
Бог не присилува ничија волја или сфаќање. Тој не сака ропска послушност. Тој сака созданијата на неговите раце да го љубат, зашто е достоен за љубов. Тој сака да го слушаат затоа што ја ценат неговата мудрост, праведност и великодушност. И сите што правилно ги сфаќаат неговите особини ќе го сакаат затоа што биле привлечени кон него со убавината на неговиот карактер.GCMkd 422.2
Начелата на љубезноста, на милоста и љубовта, како што ги учел и ги покажал нашиот Спасител во својот живот, се слика на Божјата волја и на неговиот карактер. Христос рекол дека Тој не проповеда ништо друго освен она што го примил од својот Отец. Начелата на божественото владеење се во потполна хармонија со налогот на Спасителот: „Љубете ги своите непријатели.” Бог ја извршува својата казна над грешните за добро на вселената, па дури и за добро на оние над кои се извршуваат неговите судови. Тој радо би ги усреќил кога би можел да го стори тоа во согласност со законите на своето владеење и со правдата на својот карактер. Тој ги опкружува со зраците на својата љубов. Ги запознава со својот Закон и ги придружува со понудите на својата милост. Но тие ја презираат неговата љубов, го газат неговиот Закон и ја отфрлаат неговата милост. Постојано ги уживаат неговите дарови, но го срамат својот Дарител, Го мразат Бога зашто знаат дека Тој се гнаси над нивните гревови. Господ долго ја трпи нивната изопаченост, но еднаш сигурно ќе дојде часот кога мора да се реши нивната судбина. Дали тогаш Тој ќе ги приврзе овие бунтовници за себе? Дали ќе ги присили да ја извршуваат неговата волја?GCMkd 422.3
Оние што го избрале сатаната за свој водач и дозволиле тој да ги совлада, не се подготвени да се најдат во Божје присуство. Во нивниот карактер се вкорениле горделивост, измама, разврат и свирепост. Зар тие можат да влезат во небото вечно да живеат со оние што ги мразеле и ги презирале на земјата? Вистината никогаш нема да му биде угодна на измамникот; кротоста никогаш нема да ги задоволи надуените и гордите; чистотата не му годи на блудникот, а несебичната љубов не е привлечна за себичниот. Каква радост би можело да им даде небото на оние што целосно се проникнати со земни и себични побуди?GCMkd 422.4
Грешниците, кои својот живот го поминале во бунт против Бога, кога одненадеж би биле пренесени на небото да го посматраат вечното совршенство што владее таму; кога би виделе дека секоја душа е исполнета со љубов... и секое лице оддава радост; дека во чест на Бога и на Јагнето се издигнува прекрасна музика со мелодични звуци, а од лицето на Оној што седи на престолот постојано излегува и се излева река светлина врз откупените - зар тие, чиишто срца се исполнети со омраза кон Бога, кон вистината и светоста, би можеле да се измешаат со небесните чети и да се придружат кон нивниот славопој? Зар би можеле да ја поднесат славата Божја и на Јагнето? - He, не! Им биле подарени години на милост да развијат карактер, доблести за небото, но тие никогаш не се потрудиле да ја засакаат чистотата. Никогаш не го учеле небесниот јазик - а сега е предоцна. Бунтовниот живот кон Бога ги онеспособил за небото. Неговата чистота, светост и мир, за нив би биле само мака, а Божјата слава оган кој уништува. Тие би сакале да побегнат од ова свето место. Радо би ггрифатиле уншнтување само да можат да се скријат од лицето на Оној кој умрел да ги спаси. Судбината на грешниците е запечатена со нивниот личен избор, Нивното исклучување од небото е нивна самоволна одлука, а од страна на Бога праведна и милосрдна.GCMkd 423.1
Како некогаш водите на потопот, така огнот на големиот ден ја објавува Божјата пресуда дека грешниците се непоправливи. Тие не сакаат да го прифатат божествениот авторитет. Нивната волја се навикнала на противење, и кога нивниот живот е при крај, премногу е доцна токот на нивните мисли да се пренасочи во спротивна насока, премногу доцна да се свртат од престапот кон послушност и од омразата кон љубов.GCMkd 423.2
Со тоа што му го поштедил животот на Каина како убиец, Бог на светот му дал пример што ќе се случува ако на грешникот му дозволи да оди по својот пат на незауздана расипаност, Под влијание на Каиновата наука и на неговиот пример, илјадници негови потомци биле наведени на грев: „Зашто расипаноста на човекот на земјата е голема и секоја помисла во неговиот ум постојано само злосторство.” „Земјата се расипа пред Бога, се наполни со неправда” (1. Мојсеева 6,5.11).GCMkd 423.3
Од милост кон светот, Бог во времето на Ное ги уништил неговите расипани жители. Од милост ги уништил грешните жители на Содом. Со измамничката моќ на сатаната престапниците уживаат сочувство и восхит и така постојано ги наведуваат другите на бунт. Така било во деновите на Каина и Ное, како и во времето на Аврама и Лота. Така е и во нашите денови. Само од милост кон вселената на крај Бог ќе ги уништи оние што ја отфрлаат неговата милост.GCMkd 423.4
„Зашто плата за гревот е смрт, а дарот Божји е живот вечен во нашиот Господ Исус Христос” (Римјаните 6,23). Додека вечниот живот е наследство на праведниците, смртта е плата за грешниците. Мојсеј му рекол на Израел: „Еве, денеска пред тебе ставам живот и благоелов, смрт и проклетегво” (5. Мојсеева 30,15). Смртта, спомената во овој стих, не е онаа смрт што е изречена над Адама, што ја поднесуваат сите луѓе како казна изречена над неговиот престап, туку тоа е „втора смрт”, која се истакнува како спротивност на вечниот живот.GCMkd 424.1
Како последица на Адамовиот грев, смртта преминала врз целиот човечки род. Сите, без разлика, одат во гроб. А благодарение на планот на спасението, сите ќе излезат од своите гробови. Зашто „ќе има воскресение на праведниците и на грешниците” (Дела 24,15). „Бидејќи, како што сите умираат по Адама, така и во Христа сите ќе оживеат” (1. Коринќаните 15,22). Но меѓу двете класи воскреснати постои видлива разлика. „Иде часот во кој сите што се во гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат од нив: оние што правеле добро, ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло ќе воскреснат за осуда” (Јован 5,28.29). Тие што ќе бидат достојни за воскресение за живот, ќе бидат „блажени и свети”. „Над нив втората смрт нема власт” (Откровение 20,6). Но тие што не примиле проштавање со покајание и со вера, мора да примат казна за престапот, „плата за гревот”. Тие ќе поднесуваат казна, различна по траење и по јачина, „според своите дела”, која конечно ќе заврши во втората смрт. Бидејќи Бог, сообразно со неговата правда и милост, не може да го спаси грешникот со неговите гревови, Тој го лишува од животот што го загубил поради својот престап и за кој се покажал недостоен. Еден вдахнат писател кажува: „Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш неговото место и нема да го најдеш” (Псалм 37,10). А друг пак кажува: „И ќе биде како никогаш да не постоеле” (Авдија 16). Покриени со срам, тие ќе потонат без надеж во вечен заборав.GCMkd 424.2
Така гревот конечно ќе биде уништен со сите страдања и стравотии што ги предизвикал. Псалмистот кажува: „Ги сотре безбожниците: им го избриша името за веки веков!... - Ни спомен од нив не остави” (Псалм 9,5.6). Гледајќи ја блажената вечност, Јован во Откровението го слуша сеопштиот славопој кој не е нарушен со никаква нехармонија. Сите созданија на небото и земјата го слават Бога (Откровение 5,13). Нема да има загубени души што би го хулеле Бога превиткувајќи се во вечни маки, ниту бедни созданија во пекол кои своите болни извици би ги помешале со песните на спасените.GCMkd 424.3
Врз големата заблуда за вродена бесмртност се засновува науката за свесна состојба на мртвите по смртта - наука која, како и онаа за вечните маки, му се противи на учењето на Светото писмо, на логиката на разумот и на нашите чувства за човечност. Според верувањето што е раширено среде народот, спасените на небото се запознати со се што се случува на земјата, а особено со животот на пријателите што ги оставиле зад себе. Но како би можело за мртвите да биде извор на радост сознанието дека нивните мили на земјата страдаат, дека грешат, дека чувствуваат болки, разочарувања и животни грижи? Колкава небесна среќа би можеле да уживаат оние што постојано би се наднесувале над своите пријатели на земјата? А колку е ужасно верувањето дека душата на непокајаниот, штом здивот ќе го напушти телото, си заминува во пеколен оган! Каков ужасен страв мора да поднесуваат оние што ги гледаат своите пријатели како неподготвени си заминуваат в гроб за да влезат во вечноста на болката и гревот! Овие мачни мисли мнозина отерале во лудило.GCMkd 425.1
Што кажува Светото писмо за овие работи? Давид вели дека човекот за време на смртта не е во свесна состојба:„Духот штом ќе го испуштат - во земјата се враќаат, а нивните помисли во тој ден пропаѓаат” (Псалм 146,4). Соломон го потврдува истото: „Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо, и за нив веќе нема награда, зашто и споменот на нив се заборава. Одамна исчезнала и нивната љубов, и нивната омраза и нивната љубомора, и немаат повеќе удел во ништо што се случува под сонцето.” „Зашто во гробот во кој одиш нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост” (Проповедник 9,5.6.10).GCMkd 425.2
Кога животот на царот Езекија, на негова молба, му бил продолжен за петнаесет години, благодарниот цар го фалел Бога за неговата милост. Во својата похвална песна тој ни ја кажува причината зошто толку се радува: „Зашто гробот не те слави, смртта не те фали; оние што одат во подземјето не се надеваат повеќе на твојата верност. Живиот, живиот, единствено тој те слави, како јас денеска. Таткото ги учи синовите на твојата верност” (Исаија 38,18.19). Среде народот е распространето верување дека мртвите праведници се наоѓаат на небото, каде што го слават Бога во блаженство со бесмртен јазик. Но Езекија во смртта не видел таква прекрасна можност. Со неговите зборови се согласува сведоштвото на Псалмистот: „Мртвите не те спомнуваат тебе, во гробот кој ќе те слави?” „Не, мртвите не го слават Господа, никој од оние што слегуваат в гроб” (Псалм 6,5; 115,17).GCMkd 425.3
На денот на Духовите Петар рекол за патријархот Давид „дека умре и беше погребан и дека неговиот гроб е меѓу нас до денешен ден”. „Зашто Давид не се вознесе на небесата” (Дела 2,29.34). Фактот дека Давид останува во гробот се до воскресението покажува дека праведниците во мигот на смртта не заминуваат на небото. Само со воскресението, и благодарение на Христовото воскресение, Давид ќе може конечно да седне од десната страна на Бога.GCMkd 426.1
Павле рекол: „Ако мртвите не воскреснуваат, ни Христос не воскресна. А ако Христос не воскресна, суетна е вашата вера - вие се уште сте во вашите гревови. Тогаш и оние кои починаа во Христа, загинаа41 (1. Коринќаните 15,17.18). Кога во претходните четири илјади години праведниците би оделе на небото веднаш во мигот на смртта, како би можел Павле да каже дека, ако нема воекресение, тогаш и „оние кои починаа во Христа, загинаа”? Во тој случај воопшто не би било потребно воскресение.GCMkd 426.2
Маченикот Тиндал за состојбата на мртвите рекол: „Јас отворено признавам дека не сум уверен оти тие веќе живеат во славата во која живее Христос или во која се наоѓаат избраните Божји ангели. Тоа не е моја вера. Зашто, ако праведните веќе се на небото, тогаш јас сметам дека проповедањето за воскресение на телото е бесцелно” (William Tyndale, Preface to New Testament (ed. 1534). Reprinted in British Reformers—Tindal, Frith, Barnes, page 349).GCMkd 426.3
Непобитен e фактот дека надежта во вечно блаженство во мигот на смртта довела до општо занемарување на библиската наука за воскресението. Ова го забележал и д-р Адам Кларк, кој рекол: „Се чини дека првите христијани науката за воскресението ја сметале за многу поважна отколку што ја сметаме ние денеска. Зошто е така? Апостолите постојано ја нагласувале и со неа ги поттикнувале Божјите деца кон трудољубивост, кон послушност и кон радосна ревност. А нивните следбеници денеска ретко ја спомнуваат. Така проповедале апостолите и така верувале првите христијани; така проповедаме и ние и така веруваат и нашите слушатели. Во евангелието нема ниту една наука што е посилно истакната, а нема ниту една наука во сегашниот систем на проповедање која е толку занемарена!” (Commentary, забелешка на 1. Коринќаните 15, параграф 3).GCMkd 426.4
Оваа состојба продолжила додека славната вистина за воскресението не потемнела и речиси сосем се загубила од вид во христијанскиот свет. Така еден истакнат верски писател, во своите забелешки за Павловите зборови во 1. Солуњаните 4,13-18, кажува: „Од практични причини, заради утеха, науката за блажена бесмртност на праведниците ја заменува сомнителната наука за второто Христово доаѓање. Во мигот на нашата смрт доаѓа Господ по нас. Тоа е она што ние треба да го чекаме и кон што треба да се стремиме. Мртвите веќе влегле во славата. Тие не чекаат труба за да го примат својот суд и блаженство.”GCMkd 426.5
Меѓутоа, кога Исус требало да ги остави своите ученици, Тој не им кажал дека тие скоро ќе дојдат кај него: „Одам да ви приготвам место”, рекол. „Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај себе за да бидете и вие каде што сум јас” (Јован 14,2.3). А Павле понатаму ни кажува дека „сам Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христа ќе воскреснат први. Потоа ние живите, кои останавме, ќе бидеме земени заедно со нив на облаците за да го сретнеме Господа во воздухот и така засекогаш ќе бидеме со Господа.” И потоа додава: „Затоа, утешувајте се еден со друг со овие зборови” (1. Солуњаните 4,16-18). Колку е голема разликата меѓу овие утешни зборови и оние, наведените, од страна на проповедникот универзалист! Тој ги тешел жалосннте пријатели уверувајќи ги дека мртвиот, колку и да бил грешен, штом издивнал, бил примен меѓу ангелите. Павле своите браќа ги упатува на идното Христово доаѓање кога оковите на гробот ќе бидат скршени и кога „мртвите во Христа” ќе станат во вечен живот.GCMkd 427.1
Пред некој да може да стапи во становите на блажените, неговиот случај мора да биде испитан, а неговиот карактер и неговите дела мора да излезат на испит пред Бога. На сите ќе им се суди според извештајот напишан во книгите, и секој ќе прими плата според своите дела. Овој суд не се врши во мигот на смртта. Да обрнеме внимание на Павловите зборови: „Зашто определил ден во кој ќе му суди на светот според правдата, преку Човекот што го одреди, давајќи им на сите гаранција воскреснувајќи го од мртвите” (Дела 17,31). Овде апостолот јасно кажува дека за судот на светот е определен ден кој тогаш бил настан во иднина.GCMkd 427.2
Јуда упатува на истото време: „И ангелите, кои не го зачуваа своето место, туку истото го напуштија, ги чува во вечни окови под мрак за судот на великиот ден”, а потоа ги наведува зборовите на Еноха: „Ете, Господ иде со илјадници свои свети за да им суди на сите” (Јуда 6.14.15). Јован кажува дека видел „мртовци, големи и мали, како стојат пред престолот, и книгите се отворија... а на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според нивните дела” (Откровение 20,12).GCMkd 427.3
Но, ако мртвите веќе уживаат блаженство на небото или ако се превиваат во оган во пеколот, зошто е потребен идниот суд? Науката на Божјата реч за овие важни прашања не е ниту нејасна ниту противречна. Неа можат да ја разберат и обичните луѓе. Која искрена душа може да види и малку мудрост и праведност во раширеното верување за награда веднаш по смртта? Дали праведниците по испитувањето на нивниот случај на судот ќе ја слушнат пофалбата: „Добро, слуго, добар и верен! ... влези во радоста на својот Господар” (Матеј 25,21), кога веќе се наоѓаат во негово присуство можеби многу векови? Дали грешниците ќе бидат повикани од местото каде што се мачат за да ја примат пресудата на Судијата на целата земја: „Одете си од мене, проклети, во вечен оган?” (Матеј 25,41). Колку страшен подбив! Срамно обвинување против Божјата мудрост и праведност!GCMkd 427.4
Теоријата за бесмртност на душата е една од оние лажни науки што Рим ја презел од незнабоштвото и ја внел во христијанската вера. Мартин Лутер ја става во групата на „монструозни бајки како дел од декреталиите на римското ѓубриште” (Е. Petavel, The Problem oflmmortality, p. 255). Bo своите забелешки за Соломоновите зборови во Проповедник дека мртвите не знаат ништо, реформаторот кажува: „Ова е уште еден доказ дека мртвите се несвесни. Таму, кажува Соломон, нема работа, ниту мислење, ниту знаење, ниту мудрост. Соломон верува дека мртвите спијат и дека воопшто не знаат ништо. Тие таму лежат не броејќи ги ниту деновите ниту годините. Но, кога ќе се разбудат, ќе им се чини како да спиеле одвај еден миг” (Martin Luther, Exposition of Solomon’s Booke Called Ecclesiastes, p. 152).GCMkd 428.1
Никаде во Светото писмо не пишува дека праведниците ја примаат својата награда или грешниците казната во мигот на смртта. Патријарсите и пророците не оставиле вакво тврдење. Библијата јаено учи дека мртвите не одат директно на небото, туку дека спијат до воскресението (1. Солуњаните 4,14; Книгата за Јов 14,10-12). Истиот ден, кога ќе се скине сребреното јаже и кога ќе се скрши златната чаша (Проповедник 12,6), престануваат сите мисли на човекот. Оние што слегуваат во гроб уживаат мир. Тие не знаат веќе ништо што се случува под Сонцето (За Јов 14,21). Каков блажен мир за уморните праведници! За нив времето, било кратко или долго, е само миг. Тие спијат, и Божјата труба ќе ги разбуди во славна бесмртност. „Имено, ќе затруби труба и мртвите ќе воскреснат нераспадливи... А кога ова, распадливото, ќе се облече во нераспадливост и ова, смртното, ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното: ‘Победа ја проголта смртта. О гробе, каде ти е победата? О смрт, каде ти е осилото?’” (1. Коринќаните 15,52-55).GCMkd 428.2
Kora умрените праведници ќе бидат повикани од својот длабок сон, ќе продолжат да мислат токму таму каде што биле прекинати нивните мисли. Последно нивно чувство бил смртниот страв, последна мисла дека и подлегнуваат на силата на гробот. Кога ќе воскреснат од гробот, нивната прва радосна мисла ќе биде изразена во победоносниот извик: „О гробе, каде ти е победата? О смрт, каде ти е осилото?” (1. Коринќаните 15,55).GCMkd 429.1