16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- УВОД
- 1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ
- 2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ
- 3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА
- 4—ВАЛДЕНЖАНИТЕ
- 5— ЏОН ВИКЛИФ
- 6—ХУС И ЈЕРОНИМ
- 7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ
- 8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР
- 9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР
- 10—НАПРЕДОК НА РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА
- 11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ
- 12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- 13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- 14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ
- 15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
- 16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- 17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ
- 18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР
- 19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА
- 20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
- 21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА
- 22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
- 23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
- 24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ
- 25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН
- 26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА
- 27—БУДЕЊА ВО ПОНОВО ВРЕМЕ
- 28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
- 29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
- 30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА
- 31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- 32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА
- 33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- 34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?
- 35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
- 36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА
- 37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА
- 38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА
- 39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА
- 40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
- 41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
- 42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Search Results
- Results
- Related
- Featured
- Weighted Relevancy
- Content Sequence
- Relevancy
- Earliest First
- Latest First
- Exact Match First, Root Words Second
- Exact word match
- Root word match
- EGW Collections
- All collections
- Lifetime Works (1845-1917)
- Compilations (1918-present)
- Adventist Pioneer Library
- My Bible
- Dictionary
- Reference
- Short
- Long
- Paragraph
No results.
EGW Extras
Directory
16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
Англиските реформатори, иако се откажале од науката на Рим, сепак, задржале многу нејзини облици. Англиканската црква ги отфрлила авторитетот и религијата на Рим, но во своето богослужение сочувала многу негови облици и церемонии. Се тврдело дека тие прашања не се прашања на совеста, зашто не се пропишани со Светото писмо, па според тоа, не се суштествени; и бидејќи не се забранети, се сметало дека не се ниту штетни.GCMkd 225.1
Се нагласувало дека тие церемонии се сочувани за да се намали понорот што ги дели реформираните цркви од Рим како и со тоа да се олесни прифаќањето на протестантската вера од страна на приврзаниците на Рим.GCMkd 225.2
За конзервативците и за оние што биле за попуштање, овие докази изгледале логични. Но постоеле и други, наречени пуританци, кои не мислеле така. Фактот што овие обичаи „имале за цел да го премостат понорот меѓу Рим и реформацијата” (Martyn, volume 5, page 22), за нив била доволна причина да не ги прифатат. Во нив гледале знак на ропството од кое се ослободиле и во кое во никој случај не сакале да се вратат. Тврделе дека Бог во својата Реч ги одредил правилата што се неопходни за богослужението, и дека луѓето не можат по своја волја нешто да додаваат или да одземаат. Почетокот на големиот отпад се состоел токму во тоа пгго се настојувало Божјиот авторитет да се замени со авторитетот на црквата. Рим почнал да го наредува она што Бог не го забранил, а најпосле го забранувал она што Бог изрично го наредувал.GCMkd 225.3
Мнозина сериозно сакале да се вратат на чистотата и едноетавноста на првата христијанска црква. Тие во многу обичаи на Англиканската црква виделе оетатоци од идолопоклонството и не можеле со чиста совест да присуствуваат на нејзиното богослужение. Црквата пак, од своја страна, поддржувана од државниот авторитет, не дазволувала никакво отстапување од нејзините форми. Законот барал посетување на богослуженијата, а недозволените верски состаноци биле забранети под закана на казна затвор, прогонство и смрт.GCMkd 225.4
Во почетокот на седумнаесеттиот век, кралот, кој штотуку седнал на англискиот престол, изјавил дека ќе ги присили пуританците да „се покорат или ќе бидат протерани од земјата, а можеби ќе ги стигне и поголемо зло” (George Bancroft, History of the United States of America, pt. 1, ch. 12, par. 6). Гонети, протерани, затворани, не гледајќи дека нешто подобро ги чека во иднина, мнозина се увериле дека „Англија не е повеќе место за живеење за оние што сакаат да му служат на Бога според својата совест” (Ј. G. Palfrey, History of New England, ch. 3, par. 43). Некои решиле да побараат прибежиште во Холандија. Тие доживеале големи тешкотии и материјални загуби, биле предаванж во рацете на непријателите и затворани, но нивната цврста истрајност била крунисана со успех, и тие најпосле нашле заеолниште на бреговите на пријателската холандска република.GCMkd 226.1
При своето бегство ги оставиле своите куќи, своите имоти и сите средства за живот. Како странци во туѓа земја, среде народ со друг јазик и други обичаи, биле присилени да бараат нови занимања за да го заработат својот леб. Луѓе со зрела возраст, кои својот живот го поминале во обработување на земја, биле присилени да учат некој занает. Но тие новата положба ја примиле без мрморење, не губејќи го времето како денгубници или незадоволници. Иако често поднесувале сиромаштво, сепак, му благодареле на Бога за благословите што уште им ги давал и се радувале во својата духовна заедница со Бога. „Знаеле дека се патници и не се вознемирувале поради тоа, туку очите ги издигнувале кон небото, кон својата најмила татковина, и со тоа се тешеле” (Bancroft, pt. 1, ch. 12, par. 15).GCMkd 226.2
Прогонството и тешкотиите ја засилиле нивната љубов и вера. Се надевале во Божјите ветувања и Тој не ги разочарал во времето кога имале потреба. Неговите ангели биле крај нив да ги храбрат и да им помагаат. А кога Божјата рака им ја покажала земјата преку море, каде што можеле да основат своја држава и на своите деца да им остават драгоцено наследство на религиозна слобода, пошле напред без двоумење по патеката на Провидението.GCMkd 226.3
Бог дозволил неговиот народ да помине низ искушенија за да го приготви за исполнување на своите намери на милоста кон нив. Црквата била понижена за потоа да може да биде издигната. Бог бил готов да и ја открие својата сила за на светот да му даде нов доказ дека нема да ги напушти оние што се надеваат во него. Тој настаните ги водел така што гневот на сатаната и нападите на грешните луѓе ја издигнале неговата чест, а неговиот народ го довеле на сигурно место. Прогонствата и изгнанствата го отворале патот на слободата.GCMkd 226.4
Kora првпат биле присилени да се одвојат од Англиканската црква, пуританците меѓусебно свечено се обврзале дека, како слободен Божји народ, „ќе одат сложно на сите патишта што им ги открил Бог или ќе им ги открие во иднина” (Ј. Brown, The Pilgrim Fathers, page 74). Toa бил вистински дух на реформа, животен принцип на протестантизмот. Со оваа одлука овие побожни луѓе ја напуштиле Холандија за да побараат во Новиот свет нов дом. Нивниот проповедник, Џон Робинсон, кого Провидението го спречило да ги придружува, во својот проштален говор им рекол:GCMkd 227.1
„Браќа, ние сега ќе се разделиме, и само Господ знае дали ќе доживеам повторно да ги видам вашите лица. Јас не знам дали Господ одредил така или не, но ве заколнувам пред Бога и пред неговите свети ангели да не ви бидам јас поголем пример отколку Христос што ми беше мене. Ако Господ ви открие нешто друго преку некое друго свое орудие, бидете готови тоа да го примите исто така како што бевте подготвени да примите секоја вистина за време на мојата служба, зашто јас сум потполно сигурен дека Господ има уште вистини и уште видело да ви покаже од својата света Реч!” (Martyn, vol. 5, р. 70).GCMkd 227.2
„Што се однесува до мене, јас не можам доволно да ја оплачам состојбата на реформираните цркви кои во верата постигнале извесен етепен и не сакаат да одат понатаму од она што го постигнале водачите на нивната реформација. Лутераните не можат да се натераат да сторат чекор понатаму од она што го знаел Лутер... И калвинистите, како што гледате, стојат таму каде што ги оставил големиот Божји човек кој, сепак, не видел се. Тоа е несреќа што не може доволно да се оплаче зашто, иако овие луѓе во свое време биле сјајни светилки, сепак, тие не проникнале во сите Божји совети. Но, кога тие би живееле денеска, би биле исто толку подготвени да примат нова светлина како и тогаш кога првпат ја примиле” (D. Neal, History of the Puritans, vol. 1, p. 269).GCMkd 227.3
„Сетете ce на својот завет co кој сте се обврзале дека ќе одите по сите Господови патишта што ви се откриени или ќе ви бидат откриени. Спомнете си за своето ветување и за својот завет со Бога и за меѓусебниот завет дека ќе примите секоја светлина, секоја вистина што ќе ви биде откриена од неговата напишана Реч. Но, јас ве молам, внимавајте што ќе прифатите како вистина; споредувајте го и мерете го тоа со другите текстови на вистината пред да го прифатите, зашто не е можно христијанскиот свет, кој неодамна излезе од толку длабока темнина, наеднаш да ја прифати целосната светлина” (Martyn, vol. 5, рр. 70, 71).GCMkd 227.4
Копнежот за слобода на совеста ги одушевил овие побожни патници храбро да ги поднесат опасностите на долгиот пат преку морето, да ги издржат тешкотиите и опасностите на дивиот крај и со Божји благослов на бреговите на Америка да положат темел на една силна нација. Сепак, наспроти својата искреност и побожност, овие патници уште не го сфатиле големото начело на религиозната слобода. He биле подготвени слободата што сакале да ја извојуваат по секоја цена за себе, да им ја дадат и на другите. „Дури и меѓу најголемите мислители и моралисти на седумнаесеттиот век, малку имало такви кои имале вистински поим за големото начело на Новиот завет кое Бога го признава како единствен Судија на човековата вера” (Исто, vol. 5, р. 297). Науката што учи дека Бог и дал на црквата право да владее над совеста и да одредува што е кривоверство и да го казнува, е една од најголемите папски заблуди која многу длабоко е вкоренета. Иако реформаторите ја отфрлиле науката на Рим, сепак, не се ослободиле наполно од неговиот дух на нетрпеливост. Длабоката темнина со која Рим го обвил целото христијанство во текот на својата светска превласт, уште не била сосем распрскана. Еден од главните проповедници на државата Масачусетс, Беј, рекол: „Трпеливоста е виновна што светот станал антихристијански, и црквата никогаш не треба да жали што била строга кон еретиците” (Исто, vol. 5, р. 335). Колонистите го прифатиле законот според кој само членовите на црквата имаат право на глас во граѓанските прашања. Бил воспоставен некој вид државна црква и од сите се барало да го помагаат издржувањето на клерот, додека на властите им е ставено во должност да го отстрануваат кривоверството. Така световната власт била во рацете на црквата. He траело долго и тие мерки довеле до неизбежни поеледици - до прогонство.GCMkd 227.5
Единаесет години по основањето на првата колонија, во Новиот свет дошол Роџер Вилијамс. Како и првите доселеници, тој дошол да ужива слобода на совеста; но, за разлика од нив, тој сфатил - што го сфатиле мал број луѓе на неговото време - дека таа слобода е неотуѓиво право на сите, без оглед на тоа какво е нивното верување. Тој бил сериозен истражувач на вистината и, заедно со Робинсон, сметал дека не е можно веќе да е откриена сета светлина од Божјата реч. Вилијамс бил ,лрв во христијанството во поново време кој учел дека граѓанската власт треба да се заснова врз слободата на совеста и рамноправноста на мислењето пред законот” (Bancroft, pt, 1, ch. 15, par. 16). Изјавил дека должност на власта е да ги казнува злосторниците, а не да владее над совеста. „Народот или властите”, рекол тој, „можат да решаваат за тоа што е човекот должен да прави, но ако се обидат да одредат што е човекова должност спрема Бога, тогаш прават нешто што не е нивно право, и човекот не може со сигурност да се потпре врз нив. Јасно е - кога власта би имала такво право, тогаш таа би можела денеска да го пропишува ова, а утре она мислење или верување, како што го правеле тоа во Англија разни кралеви и кралици, a во Римската црква разни папи и концили, за верата да стане грамада бркотија” (Martyn, vol. 5, р. 340).GCMkd 228.1
Присуствувањето на богослуженијата на државната црква се барало под закана на затвор или парична казна. „Вилијамс не го одобрувал тој закон. Најлоша одредба на тој закон била онаа со која се пропишувало посетувањето на богослуженијата на жупската црква. Да се присилува некој да се придружи на луѓе со поинакво верување го сметал за повреда на нивното природно право; со сила да се влечат неверни и рамнодушни на богослужение значи да се бара од луѓето лицемерство... Никој не треба против негова волја да се присили да присуствува на богослужение или да плаќа трошоци околу богослужението. ,Што‘, викале неговите противници, соблазнувајќи се од неговата наука, ,нели работнжкот е достоен за својата плата?’ ,Да‘, одговорил Вилијамс, ,но од оние што го вработуваат!’” (Bancroft, pt. 1, ch. 15, par. 2).GCMkd 229.1
Луѓето го почитувале и го сакале Роцера Вилијамса како верен проповедник, како човек со ретки способности, со нескршлива чесност и вистинска добрина; но некои не можеле да поднесат што тој така решително и го откажува правото на граѓанската власт да господари над црквата и што бара религиозна слобода. Примената на таа нова наука, велеле, „би го превртила темелот на владата на оваа земја” (Исто, pt. 1, ch. 15, par. 10). Тој бил осуден на протерување од колонијата и конечно, за да го избегне апсењето, бил присилен среде најголема зима да побара засолшшгге во шума.GCMkd 229.2
„Во текот на четиринаесет седмици”, пишува тој, „по најлошо време талкав жално горе-долу без засолниште и без леб, но ме хранеа гаврани; најчесто како засолниште ми служеше едно шупливо дрво” (Martyn, vol. 5, рр. 349, 350). Така го продолжил своето мачно бегство низ снег и беспатна шума, додека најпосле не нашол прибежиште кај едно индијанско племе каде што се здобил со љубов и доверба, трудејќи се да ги запознае со евангелските вистини.GCMkd 229.3
По повеќемесечно талкање, конечно стигнал до бреговите на Нарагансетскиот залив, каде што положил темел на првата држава на модерното време, која во полна емисла го признавала правото на религиозна слобода. Основниот принцип на колонијата на Роџер Вилијамс гласел: „Секој има право и слобода да му служи на Бога во светлината на својата совест” (Исто, vol. 5, р.354). Неговата малечка држава, Род Ајленд, станала прибежиште за сите прогонети; растела и цутела додека нејзините основни принципи - граѓанската и верската слобода - не станале темелен камен на американската република.GCMkd 229.4
Во овој важен стар документ, кој овие луѓе го прогласиле за устав на своите права - Декларација на независноста - тие велат: „Ние сметаме дека овие вистини се разбирливи сами по себе - дека сите луѓе се создадени еднакви, дека Творецот им дал извесни неотуѓиви права во кои го вбројуваме правото на живот, на слобода и среќаУставот со најјасни зборови ја гарантира неповредливоста на совеста. Тој кажува: „Никаков верски услов не смее да се бара како квалификација за вршење на каква било јавна доверлива служба во Соединетети Држави.” „Конгресот не може да донесе никаков закон со кој ќе воведе каква било државна религија или пак да го забрани слободното исповедање на некоја религија.”GCMkd 230.1
„Творците на уставот го признале вечното начело дека односите на човекот кон неговиот Бог стојат над човечкото законодавство, и дека неговото право на слободна совест е неотуѓиво. За докажување на оваа вистина не е потребно да се наведуваат причините; во својата внатрешност секој е свесен за тоа. Наспроти човечките закони, свеста за тоа им дала сила на толкумина маченици среде маките и пламенот на ломачите. Чувствувале дека нивната должност кон Бога стои над човечките наредби и дека човекот нема право да господари над нивната совест. Тоа е начело што секој го носи во себе и што никој не може да го избрише” (Congressional documents (U.S.A.), serial No. 200, document No. 271).GCMkd 230.2
Kora BO Европа ce прочула веста дека постои една земја каде што секој може да го ужива плодот на својот труд и да живее според својата совест, илјадници побрзале кон Новиот Свет. Колониите бргу се множеле. „Со посебен закон колонијата Масачусетс добро ги примала и им давала помош на христијаните од сите нации што бегале преку Атлантскиот Океан за да ги избегнат војните, гладот или угнетувањето од своите прогонувачи, Така, според законот, овие бегалци и изгнаници се прогласени за гости на државата” (Martyn, vol. 5, р. 417). Во текот на дваесет години од првото истоварување во Плимаут, илјадници доселеници се населиле во Нова Англија.GCMkd 230.3
За да го постигнат својот сакан идеал, овие доселеници биле трудољубиви и задоволни со најпотребните средства за живот. Од земјата очекувале најскромен плод на евојот труд. He дозволиле да се прелажат со никакви златни изгледи за иднината. Биле задоволни со постепен, но постојан напредок на својата општествена заедница. Стрпливо ги поднесувале откажувањата од многу нешта во животот во пустината, и со солзи и пот на челото го залевале дрвото на слободата кое своите корени ги пуштило длабоко во земјата.GCMkd 230.4
Библијата била темел на нивната вера, извор на мудроста и устав на слободата. Нејзините начела трудољубиво се проучувале во домот, во училиштето и во црквата, и нејзините плодови се покажале во благосостојбата, во образованието, во моралната чистота и во умереноста. Некој можел да живее со години во пуританска колонија „а да не сретне ниту еден пијаница, да не слушне ниту една пцост и да не види ниту еден питач” (Bancroft, pt. 1, ch, 19, par. 25). Toa бил доказ дека библиските начела се најсигурна гаранција за народната големина. Слабите и зафрлени колонии прераснале во сојуз на силни држави и светот со чудење гледал како во мир се развива „црква без папа и држава без крал”.GCMkd 231.1
Но постојано во Америка доаѓале се поголеми маси луѓе, поттикнати од наполно поинакви побуди од оние што ги довеле првите патници. Иако едноставната вера и чистиот живот имале големо влијание, сепак, тоа се повеќе слабеело сообразно со зголемувањето на бројот на оние што барале само материјална корист.GCMkd 231.2
Принципот на првите колонии - само членовите на црквата да имаат право на глас и само тие да можат да заземаат положби во граѓанската управа - донел тешки последици. Овие мерки се воведени како средство да се сочува чистотата на државата, но тие предизвикале пропаст на црквата. Бидејќи исповедањето на верата било услов да се добие право на глас и право на служба, мнозина и се придружиле на црквата водени исклучиво од материјални побуди, не доживувајќи промена на срцето. Така, малку по малку, црквите се полнеле со непреобратени луѓе. Дури и меѓу проповедниците имало такви кои внесувале лажно учење и не знаеле ништо за преродбенската сила на Светиот Дух. Пак се покажало - она што толку често можело да се види во историјата на црквата од деновите на Константина до денеска - како не треба црквата да се подига со помош на државата и да се повикува световната власт да го поддржува евангелието на Оној кој рекол: „Моето царство не е од овој свет” (Јован 18,36). Соединувањето на црквата со државата, па тоа и да е во најмалечок вид, не го приближува светот кон црквата, како што се чини, туку, всушност, секогаш црквата ја приближува кон светот.GCMkd 231.3
Големиот принцип, кој толку благородно го застапувале Робинсон и Роџер Вилијамс - дека вистината е прогресивна, дека христијаните треба да бидат подготвени да примат секој зрак на светлината што излегува од Божјата реч - нивните потомци ја загубиле од вид. Протестантските цркви во Америка, као и оние во Европа, кои го уживале предимството да ги примат благословите на реформацијата, не успеале да напредуваат на патот на реформата. Од време на време станувале верни луѓе да проповедаат нови вистини и да ги разоткријат долго негуваните заблуди, но поголемото мнозинство, како Евреите во Христово време и папистите во времето на Лутера, не сакале да веруваат во нитттто друго освен во она во што верувале нивните татковци, ниту да живеат поинаку отколку што живееле тие, Затоа нивната вера повторно прераснала во формализам, а заблудите и празноверието, што можеле да бидат отстранети кога црквата би продолжила да живее во светлината на Божјата реч, се задржале и дури биле омилени. Така постепено исчезнувал духот на реформацијата, и најпосле во протестантските цркви се појавила иста потреба од реформација како и во Римската црква во времето на Лутера. Тука владеел ист световен дух, исто духовно мртвило, исто обожавање на човечки мислења и наместо Божјата реч се издигнувале човечки теории.GCMkd 231.4
Силното ширење на Библијата во почетокот на деветнаесеттиот век и огромната светлина што се излеала на тој начин врз светот, не донеле соодветен напредок во познавањето на откриените вистини и во религиозниот живот. Сатаната не можел, како во старо време, Божјата реч да ја држи далеку од народот; таа секому му била при рака; но сепак, за да ја постигне својата цел, мнозина навел да не ја ценат доволно. Луѓето не го истражувале Светото писмо и затоа продолжиле да ги прифаќаат лажните толкувања и да негуваат науки што немале библиеки темел.GCMkd 232.1
Гледајќи дека не може вистината да ја уништи со прогонства, сатаната повторно го прифатил планот на компромис, што во првите векови довел до голем отпад и до создавање на Римската црква. Тој христијаните ги навел да се соединат, не со незнабошците, како во времето на царот Константин, туку со оние кои, обожавајќи го богатството на овој свет, се покажале исто толкави идолопоклоници, Последиците од ова соединување биле исто толку опасни како и оние во минатите векови. Под плаштот на верата се негувале горделивост и расфрлање, а црквите се расипале. Сатаната продолжил да ја извртува науката на Светото писмо и традициите, кои ќе уништат милиони души, фатиле длабок корен. Црквата ја чувала и ја штитела традицијата наместо да се држи за „верата која еднаш за секогаш им е предадена на светите” (Јуда 3). Така биле омаловажени начелата за кои реформаторите толку многу се труделе и страдале.GCMkd 232.2