31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- УВОД
- 1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ
- 2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ
- 3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА
- 4—ВАЛДЕНЖАНИТЕ
- 5— ЏОН ВИКЛИФ
- 6—ХУС И ЈЕРОНИМ
- 7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ
- 8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР
- 9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР
- 10—НАПРЕДОК НА РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА
- 11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ
- 12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- 13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- 14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ
- 15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
- 16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- 17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ
- 18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР
- 19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА
- 20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
- 21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА
- 22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
- 23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
- 24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ
- 25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН
- 26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА
- 27—БУДЕЊА ВО ПОНОВО ВРЕМЕ
- 28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
- 29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
- 30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА
- 31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- 32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА
- 33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- 34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?
- 35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
- 36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА
- 37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА
- 38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА
- 39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА
- 40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
- 41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
- 42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Search Results
- Results
- Related
- Featured
- Weighted Relevancy
- Content Sequence
- Relevancy
- Earliest First
- Latest First
- Exact Match First, Root Words Second
- Exact word match
- Root word match
- EGW Collections
- All collections
- Lifetime Works (1845-1917)
- Compilations (1918-present)
- Adventist Pioneer Library
- My Bible
- Dictionary
- Reference
- Short
- Long
- Paragraph
No results.
EGW Extras
Directory
31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
Врската на видливиот со невидливиот свет, службата на Бож јите ангели и активностите на лошите духови (демоните) јасно се откриени во Библијата и неразделно поврзани со историјата на човечкиот род. Постои се поголема еклоност да се сомнева во постоењето на сатаната, а од друга страна, светите ангели, „пратени да им служат на оние што ќе наследат спасение” (Евреите 1,14) се прифаќаат како духови на умрените. Но Светото писмо не ни зборува само за постоењето на добри и лотпи ангели, туку ни дава непосредни докази дека тоа не се бестелесни духови на умрените луѓе.GCMkd 399.1
Ангелите постоеле и пред создавањето на човекот, зашто кога се полагани темелите на земјата, „ликуваа утринските ѕвезди и сите Божји синови извикуваа од радост” (Книгата за Јов 38,7). Кога човекот паднал во грев, ангелите биле пратени да го пазат дрвото на животот, зашто до тогаш уште не умрело ниту едно човечко суштество. Ангелите по природа се повисоки суштества од човекот, зашто псалмистот кажува дека Бог го создал човекот „малку помалечок од ангел” (Псалм 8,5).GCMkd 399.2
Светото писмо не известува за бројот, за силата и славата на небеснжте суштества, за нивниот однос кон Божјето владеење и за нивната поврзаност со планот на спасението. „Господ го постави својот престол на небото, неговото царство владее над се.” A пророкот вели: „И чув глас од многу ангели околу преетолот.” Тие стојат во присуство на Царот над царевите - „со сила моќни, кои ги извршувате неговите наредби и го слушате гласот не неговите зборови” (Псалм 103,19-21; Откровение 5,11). Десет илјади по десет илјади и илјада илјади имало небесни весници што ги видел пророк Даниел (Даниел 7,10). Апостол Павле вели дека има „многу илјади ангели” (Евреите 12,22). Како Божји весници тие летаат „како молњи”, толку сјајни во својата слава и брзи во својот лет (Езекил 1,14). Ангелот што се појавил при Христовиот гроб личел „на молња, а неговата облека беше бела како снег”, така што стражарите се трселе од страв „и паднаа како мртви” (Матеј 28,3.4). Кога горделивиот Асирец, Сенахирим, го хулел Бога и му се подбивал, а на Израел му се заканувал со пропаст, „истата ноќ ангел Господов отиде во асирскиот логор и уби сто осумдесет и пет илјади”. „Тогаш Господ прати ангел кој ги погуби сите храбри јунаци, заповедниците и војводите на војската на асирскиот цар, така што тој се врати посрамен во својата земја” (2. Царевите 19,35; 2. Дневникот 32,21).GCMkd 399.3
Бог на своите деца им праќа ангели со порака на милост. На Аврама со ветени благослови; пред вратата на Содом да го спасат праведниот Лот од уништувањето со оган; на Илија во пустината кога изнемоштил од умор и глад; на Елисеј со огнени коли во малечкиот град што го опколиле неговите непријатели; на Даниел кога на дворот на многобожечкиот цар молел за божествена мудрост пред да биде предаден како плен на лавови; на Петар кога Ирод го осудил на смрт; на затворените во Филипа; на Павле и на неговите придружници во бурната ноќ на морето; на Корнелиј за да го оспособат да го прими евангелието; на Петар за да го пратат кај незнабожецот со вест на спасение... На тој начин светите ангели му служеле на Божјиот народ во сите времиња.GCMkd 400.1
Секој Христов следбеник има свој ангел чувар. Овие небесни чувари ги штитат праведниците од силата на лукавиот. Тоа го увидел и сатаната кога рекол: „Зар попусто Јов е богобојазлив? Зар не го огради ти него и неговата куќа наоколу, и се што има?” (Книгата за Јов 1,9.10). Псалмистот опишува како Господ го штити својот народ: „Ангелот Господов се улогорува околу оние кои него го почитуваат и ги закрилува” (Псалм 34,7). Зборувајќи за оние што веруваат во него, Спасителот рекол: „Гледајте да не презрете некое од малечкиве, зашто ви велам дека нивните ангели на небесата постојано го гледаат лицето на мојот Отец кој е на небесата” (Матеј 18,10).GCMkd 400.2
Така Божјиот народ, иако е изложен на силата на измамата и на вечно будната злоба на кнезот на темнината, и се наоѓа во борба со сите сили на злото, обезбеден е со постојана заштита од небесните ангели. Оваа заштита не му е дадена без потреба. Бог им дал на своите деца милост и заштита затоа што тие мора да се сретнуваат со силните орудија на злото - со многубројни суштества, решителни и неуморни, чијашто злоба и сила секој имал можност да ги запознае и да ги почувствува.GCMkd 400.3
Лошите духови, во почетокот создадени безгрешни, по својата природа, моќ и слава, биле еднакви на небесните суштества кои сега се Божји весници. Но, кога паднале поради гревот, се здружиле да го навредуваат Бога и да ги упропастуваат луѓето. Соединети со сатаната во неговиот бунт и со него протерани од небото, тие во сите времиња соработувале со него во неговата борба против божествениот авторитет. Светото писмо ни зборува за нивниот сојуз, за нивната власт и за нивните различни редови, за нивните способности, за нивната подмолност како и за нивниот заговор против мирот и среќата на луѓето.GCMkd 400.4
Старозаветната историја повремено го спомнува постоењето и дејствувањето на лотттите духови; но кога Христос живеел на земјата, тие својата моќ ја покажале мошне впечатливо. Христос дошол да го изврши планот на спасението на човекот, а сатаната решил да си го обезбеди своето божемно право да владее над светот. Нему му успеало да воведе идолопоклонство во сите краишта на земјата, освен во Палестина. Исус дошол во оваа единствена земја што не паднала потполно под власт на сатаната за да го осветли народот со небесната светлина. Тука се бореле две сили што полагале право на врховна власт. Исус ги ширел своите раце и со љубов ги повикувал сите што сакале во него да најдат проштавање и мир. Четите на темнината увиделе дека немаат неограничена власт и сфатиле дека таа набргу ќе престане ако Христовата мисија успее. Сатаната беснеел како врзан лав и пркосно ја покажувал својата моќ над телата и душите на луѓето.GCMkd 401.1
Во Новиот завет јасно се изнесува фактот дека луѓето биле опседнати од бесови (демони). Луѓето, измачувани на овој начин, не страдале само од болести што доаѓаат од природни причини. Христос наполно сфатил со кого има работа: го препознал непосредното присуство и дејство на лошите духови.GCMkd 401.2
Библискиот извештај за исцелувањето на опседнатите во местото Гадара ни дава јасен доказ за нивниот број, за нивната моќ и злоба, како и за Христовата сила и милост. Овие несреќни побеснети, кои ништо не можело да ги скроти, чкртале со забите, пуштале пена од устата, беснееле и воздухот го исполнувале со крици, самите себе се сакателе и претставувале опасност за сите што сакале да им се приближат. Нивните крвави и осакатени тела и нивниот поматен ум на кнезот на темнината му овозможувале угодна глетка. Еден лош дух што владеел над овие страдалници рекол: „Името ми е легион, зашто многу не има” (Марко 5,9). Во римската војска легионот се состоел од три до пет илјади луѓе. И војската на сатаната е поделена во помалечки одреди, и една чета на која и припаѓале овие демони не броела помалку од еден легион.GCMkd 401.3
На Исусова заповед лошите духови ги напуштале своите жртви, оставајќи ги мирно да седат крај Христовите нозе, покорни, умни и благи. На демоните им било дозволено да влезат во крдар свињи кои се струполиле в море; за жителите на таа околина свињите претставувале поголема загуба од благословите што им ги донел Исус и затоа го замолиле божествениот Лекар да си замине од тој крај. Токму тоа бил успехот што сакал сатаната да го постигне, Префрлајќи ја вината поради нивната загуба на Исуса, кај тие луѓе разбудил себичен страв и ги спречил да ги слушаат зборовите на Спасителот. Сатаната постојано ги обвинува христијаните дека тие се причина за загубите, за несреќите и за неволјите, наместо да дозволи прекорот да падне врз оној кому му припаѓа: на самиот него и на неговите орудија.GCMkd 401.4
Но Исусовите намери не биле осуетени. Тој им дозволил на бесовите да го уништат крадарот свињи како прекор за Евреите што ги одгледувале овие нечисти животни заради добивка. Кога Христос не би ги задржал демоните, тие би ги фрлиле во морето не само свињите, туку и нивните чувари и нивните стопани. Затоа што тоа не се случило, требало да му заблагодарат само на Христа за неговата милостива сила што ја покажал за да ги ослободи. Освен тоа, ова се случило и од друга причина - учениците да бидат сведоци за страшната моќ на сатаната не само над луѓето, туку и над животните. Спасителот сакал неговите следбеници да го запознаат непријателот со кого морале да се сретнат за да не ги измами и да ги совлада со своите подмолности. Сакал и народот во тој крај да ја запознае неговата моќ што може да ги скрши оковите на сатаната и да ги ослободи неговите заточеници. Иако Исус го напуштил тој крај, останале луѓето, ослободени на толку прекрасен начин, за да ја објавуваат милоста на својот Добротвор.GCMkd 402.1
Светото писмо наведува и други слични примери. Керката на една Сирофеничанка тешко ја мачел ѓавол кого Исус го истерал со збор (Марко 7,26-30). Еден „опседнат од демон, кој беше слеп и нем” (Матеј 12,22); момче што го мачел нем дух кој „често го фрла во оган и во вода за да го погуби” (Марко 9,17-27); еден споулавен што го мачел „нечист ѓаволски дух” така што го нарушувал саботниот мир во синагогата во Капернаум - сите нив ги исцелил милостивиот Спасител. Речжси во секој случај Исус му зборувал на лошиот дух како на разумно суштество, заповедајќи му да излезе од својата жртва и да не ја вознемирува повеќе. Кога луѓето во Капернаум ја виделе неговата силна моќ, „сите се вчудовидоа и си велеа еден на друг: ‘Какви се овие зборови? Со власт и со сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат’” (Лука 4,36).GCMkd 402.2
Луѓето опседнати од ѓавол обично изгледаат како луѓе што многу страдаат; но има и исклучоци. За да постигнат натприродна моќ, некои доброволно се подложуваат на влијанието на сатаната. Секако, тие не се бореле против лошите духови. Меѓу овие спаѓале и оние што имале вражарски дух - Симон Вражарот, Елима Вражарот и девојката во Филипа која ги следела Павла и Сила.GCMkd 402.3
Никој не е во поголема опасност од влијанието на лошите духови од оние што не обрнуваат внимание на јасните и многубројни сведоштва на Светото писмо и кои го оспоруваат постоењето и работата на ѓаволот и на лошите ангели. Се додека не ја запознаеме нивната подмолност, лошите духови имаат големо предимство. Мнозина обрнуваат внимание на нивното дошепнување, мислејќи дека постапуваат според својата сопствена мудрост. Бидејќи се приближуваме кон последното време кога сатаната ќе работи со поголема сила за да измами и да уништи, тој насекаде шири верување дека и не постои. Негова намера е да се скрие себеси и начинот на своето дејствување.GCMkd 402.4
Големиот измамник од ништо не се платтти во толкава мера колку од тоа ние да ги запознаеме неговите планови. За подобро да го скрие својот вистински карактер и своите намери, тој сака да го прикажуваат така за неговото име да не предизвикува некаква возбуда, туку само смев и презир. Мило му е кога себеси ќе се види насликан како смешно или одвратно суштество, деформиран - половина животно а половина човек. Мило му е кога ќе слушне дека неговото име го спомнуваат во шега и во подбив оние што себеси се сметаат за верни и добро упатени.GCMkd 403.1
Сатаната толку вешто се претвора што често се поставува прашање: „Зар нависгина постои такво суштество?” Доказ за неговиот успех е тоа што теориите кои ги негираат најјасните сведоштва на Светото писмо се толку општо прифатени во религиозниот свет. И затоа што сатаната најлесно владее над оние што не се свесни за неговото влијание, Божјата реч ни дава толку многу примери за неговото подмолно дејствување, откривајќи ни ги неговите тајни сили и предупредувајќи не со тоа да се пазиме од неговите напади.GCMkd 403.2
Силата и злобата на сатаната и на неговите чети би можеле со право да не вознемируваат кога не би имале заштита и слобода во надмоќната сила на нашиот Избавител. Ние ги обезбедуваме нашите куќи со рези и брави за да ја сочуваме нашата сопственост и нашиот живот од лошите луѓе, но ретко мислиме на лошите ангели кои постојано се обидуваат да ни се приближат и од чиишто напади сме немоќни да се браниме со своја сила. Кога би им било дозволено, тие би ги нарушиле нашите мисли, би го расипале нашето здравје, би го уништиле нашиот имот и нашиот живот. Нивна единствена радост е да донесуваат неволја и пропаст. Страшна е состојбата на оние што го отфлаат Божјето влијание и им попуштаат на искушенијата на сатаната додека Бог не ги препушти на власта на лошите духови. Оние, пак, што го следат Христа, секогаш се сигурни под неговата заштита. Силни ангели се пратени од небото да ги штитат. Сатаната не може да ја пробие стражата што ја поставил Бог околу својот народ.GCMkd 403.3