Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
ГОЛЕМАТА БОРБА - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ

    _______________

    „Да беше узнал барем во овој ден за оние нешта кои носат мир! Но сега се скриени од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе кога твоите непријатели ќе те опкружат со ровови, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни. И ќе те срамнат со земјата тебе и твоите деца во тебе; и не ќе остане во тебе ни камен на камен, затттто не го препозна времето во кое беше посетен” (Лука 19,42-44).GCMkd 11.1

    Од врвот на Маслинската гора Исус го посматрал Ерусалим. Пред него се простирала глетка што пленела со својата убавина и мир. Токму тогаш во тек бил празникот Пасха. Од сите страни се собрале децата на Јакова да го прослават големиот народен празник. Среде градините, лозјата и зелените падинки, постелени со шатори на поклониците, се издигнувале скалестите брекчиња, красните палати и масивните тврдини на израелската престолшша. Се чинело дека сионската ќерка гордо зборува: „Седам како царица и никогаш нема да вкусам жалост”. Била толку убава и сигурна во небесната наклоност, како во времето кога пеел царскиот поет: „Прекрасна е висината, утеха на сета земја гората Сион... град на великиот Цар” (Псалм 48,2). Величествените згради на храмот создавале величествена глетка. Сончевите зраци на залез ги осветлувале снежно белите мермерни ѕидови и се одблеснувале од златните порти и кули. Во совршена убавина стоел храмотгордоста на еврејскиот народ. Кој Израелец би можел да ја гледа оваа сцена а да не почувствува длабока радост и восхит! Но Исуса го обземале сосем други мисли. „Кога се приближи и го виде градот, заплака за него“(Лука 19,41). Среде сеопштата радост што ја предизвикало неговото триумфално влегување, кога сите околу него мафтале со палмови гранчиња, кога од ритчињата се одгласувало радосното „осана” и кога илјадници гласови Исуса го прогласувале за цар, Спасителот на светот одненадеж бил обземен со таинствена тага. Тој, Божји Син, надеж на Израел, чијашто сила ја победувала смртта и ги изведувала нејзините заробеници од гробовите, плачел, но не од обична болка, туку од големи неискажливи душевни маки.GCMkd 11.2

    Тој не леел солзи заради себе, иако добро знаел каде го води неговиот пат. Пред него се простирала Гетсиманија, местото каде што набргу ќе страда. Се гледала и Овчката врата, низ која со векови се воделе жртвите за колење, а која требало да се отвори за него, кога ќе биде „воден како јагне на колење” (Исаија 53,7). Недалеку била Голгота, местото каде што ќе биде распнат. На патот по кој Христос морал наскоро да помине за да ја даде својата душа како жртва за гревот се спуштал ужасен густ мрак. Но во овие мигови на сеопшта радост не го растажило размислувањето за овие сцени, ниту неговиот несебичен дух го разжалиле претчувствата за неговата натчовечка мака. Тој плачел над мноштвото Ерусалимци, над слепилото и непокајаноста на оние што дошол да ги благослови и да ги спаси.GCMkd 12.1

    Пред Исусовите очи поминувале сцените на историјата од над илјадагодишната Божја посебна милост и татковска грижа за избраниот народ. Тука била гората Морија на која младиот Исак, синот на ветувањето, доброволната жртва, бил врзан на олтар - симболот на жртвата на Божјиот Син. Тука исто така му било потврдено на таткото на верните славното ветување за доаѓањето на Месија (1. Мојсеева 22,16-18). Тука чадот на жртвата што ја принел Давид на гумното на Орнана го одвратил мечот на ангелот што убивал (1. Дневникот 21) - што е симбол на Христовата жртва и на неговото посредување за грешните луѓе. Бог го ценел Ерусалим повеќе од сета земја. Господ „го избра Сион”, и „му стана мило да живее во него” (Псалм 132,13). Тука светите пророци во текот на вековите ги објавувале своите опомени. Тука свештениците каделе со своите кадилници и кон Бога се издигнувал облак од темјан со молитвите на верните. Тука секој ден се принесувала крв од јагнињата, што го претставувале Божјето Јагне. Тука Јехова го откривал своето присуство во вид на слава над светињата на светињите. Најпосле, тука било подножјето на таинствената скала што ја поврзувала земјата со небото - онаа скала по која слегувале и се качувале Божјите ангели и која на луѓето им го покажувала патот кон небесната светиња над светињите. Кога Израел би му останал верен на својот Бог, Ерусалим засекогаш би останал како Божји избраник (Еремија 17,21-25). Но историјата на овој повластен народ е извештај за постојани одмети и буни. Тие и се опирале на Божјата милост, ги злоупотребувале сите свои повластици и ги презирале своите предимства.GCMkd 12.2

    Иако Израел им се подбивал на Божјите весници, ги презирал неговите зборови и ги исмевал неговите пророци (2. Дневникот 36,16), Бог и понатаму им се откривал ним како „Господ, Господ, Бог милосрден и милостив, бавен на гнев, богат со љубов и со верност” (2. Мојсеева 34,6). Наспроти нивното често одбивање, Божјата милост и понатаму ги повикувала. Полн со љубов, понежна од онаа што ја покажува таткото кон синот што го сака, Бог постојано им праќал весници со опомени, зашто сакал да го поштеди својот народ и своето живеалиште (2. Дневникот 36,15). Кога не помогнале повиците, молбите и укорите, им го пратил најскапоцениот небесен дар! Во тој еден дар им го подарил целото небо.GCMkd 12.3

    Дошол лично Божјиот Син да се заземе за непокајаниот град. Христос бил Оној што го пресадил израелскиот народ како добра лоза од Египет во Хананската земја (Псалм 80,8). Неговата рака ги истерала незнабошците пред нив. Тој го посадил тоа лозје на плодна падинка (Исаија 5,1-4). Му направил ограда. Ги пратил своите слуги да го негуваат. „Што можев уште да сторам за моето лозје”, извикнал Тој, „а не сторив?” Кога требало да роди грозје, родило јагурида. Со надеж дека, сепак, еднаш ќе донесе плод, Тој лично дошол во своето лозје за да го епаси од уништување. Го ископал, го окроил и го негувал. Неуморно се трудел да го спаси лозјето што самиот го посадил.GCMkd 13.1

    Три години Бог на светлината и славата живеел среде својот народ. „Помина правејќи добро и исцелувајќи ги сите што беше ги совладал ѓаволот”; ги лекувал оние чиешто срце било скршено, ги ослободувал заробените, им давал вид на слепите, здравје на куците и слух на глувите; воскреснувал мртви и на сиромасите им го проповедал евангелието (Дела 10,38; Лука 4,18; Матеј 11,5). На сите, без разлика, им го упатувал милостивиот повик: „Дојдете кај мене сите кои сте уморни и оптоварени и јас ќе ве одморам” (Матеј 11,28).GCMkd 13.2

    Иако му возвраќале зло за доброто, омраза за љубовта, сепак, Тој непоколебливо ја продолжувал својата мисија на милоста (Псалм 109,5). Никогаш не ги одбивал оние што барале од него милост. Иако самиот бил патник без дом, и неговиот секојдневен живот беда и скудност, Тој живеел за да прави добро, да им ја олесни бедата на бедните, молејќи ги луѓето да го примат дарот на неговиот живот. Брановите на милоста што се одбивале од упорните срца се враќале во вид на посилна, посочувствителна и уште поголема љубов. Но Израел се одвратил од својот најдобар Пријател и единствен Помошник. Ги презирал повиците на неговата љубов, ги одбивал неговите совети и ги исмевал неговите опомени. Часот на времето на милоста и проштавањето се ближел кон крај; чашата на Божјиот гнев, толку долго задржуван, била речиси полна. Мрачните облаци што ги напластувале вековите на отпадот и бунтовите, сега морничаво се заканувале и секој час можеле да се урнат како порој над еден непослушен народ; а Оној што можел да ги избави од претстојната несреќа тие го презреле, го навредиле, го отфрлиле и се подготвувале да го распнат. Кога Исус ќе биде распнат на крст на Голгота, тогаш ќе поминат деновите на овој народ кој Бог го благословувал и кој му бил мил. Загубата на само една душа е несреќа што ја надминува добивката и богатството на цел свет. Но, во овој миг, кога Исус го гледал Ерусалим, пред неговите очи лежела несреќата на еден цел град, на цел еден народ - на тој град, на тој народ кој некогаш Бог го избавил и кој бил посебно Божје богатство.GCMkd 13.3

    Пророците плачеле над отпадот на Израел и над ужасните пустења што се виореле над нив поради нивниот грев. Еремија сакал неговите очи да бидат извор на солзи за да може да плаче ден и ноќ за погубените ќерки на својот народ, за Божјето стадо што било отерано во ропство (Еремија 9,1; 13,17). Тогаш колкава била жалоста на Оној чијшто пророчки поглед ги опфаќал не само годините, туку и вековите! Тој го гледал ангелот на смртта со подигнат меч над градот што толку долго бил престојувалиште на Јехова. Од врвот на Маслинската гора, од она место што подоцна го зазел Тит со својата војска, преку рамнината го гледал светиот храм и предворјето со столбовите, и со очи матни од солзи посматрал ужасна слика: градските ѕидови опколени со непријателска војска. Го слушнал одот на војската што настапувала; ги слушнал пискотите на мајките и воплите на децата за леб во опседнатиот град. Во пламен го видел светиот и прекрасен храм, неговите палати и кули, а потоа ги видел претворени во урнатини што чурат.GCMkd 14.1

    Гледајќи ги вековите однапред, го видел заветниот народ расеан низ сите земји како останки на брод на пуст брег. Во оваа казна што требало наскоро да се излее врз децата Израелови, ги видел првите капки на чашата на гневот што во последниот суд ќе се излее до дно. Божественото сочувство бликнало во следните зборови полни со болка: „Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратени! Колку пати сакав да ги соберам твоите деца како квачката што ги собира своите пилиња под крилјата, но вие не сакавте” (Матеј 23,27; Лука 19,41-44). О ти, народе, кој имаше повеќе предимства од сите други народи, да внимаваше и да го препознаеше своето време и она што ти носи мир! Јас го задржував ангелот на одмаздата; јас те повикував на покајание, но напразно. Ти ги одби и ги отфрли не само моите слуги, пратениците и пророците, туку дури и Светецот Израелов, твојот Спасител! Кога ќе бидеш разурнат, самиот ќе бидеш виновен за тоа, „Но вие не сакате да дојдете кај мене да добиете живот” (Јован 5,40).GCMkd 14.2

    Исус во Ерусалим гледал симбол на светот окоравен во неверство и бунт, кој бргу се приближува кон Божјите одмазднички судови, Неговата душа ја тиштела бедата на отпаднатиот човечки род и од устата му се оттргнал неизмерно горчлив извик. Ја гледал историјата на гревот и на човечкото страдање напишана со солзи и крв. Неговото срце се кинело од жалост над несреќите и патилата на луѓето. Но, како да ја запре поплавата на страдањата? Тој сакал на сите да им помогне. Меѓутоа, малку имало такви кои во него барале единствен извор на помош. Тој бил готов да појде во смрт за да им даде спасение; но малку имало такви што дошле кај него за да имаат живот вечен.GCMkd 15.1

    Небесното Величество плаче! Синот на вечниот Бог ожалостен во духот, изнемоштен од болка! Оваа сцена што го исполнила целото небо со чудење, ни го открива бескрајниот ужас на гревот; таа ни покажува колку е тежок, дури и за божествената семоќ, задачата да ги спаси грешниците од последиците на престапот на Божјиот закон. Посматрајќи ги пред себе вековите, се до последното поколение, Исус го видел светот проникнат со измама слична на онаа што била причина за разурнувањето на Ерусалим. Евреите имаат голем грев што го отфрлиле Христа, a христијаните имаат голем грев што го отфрлаат Божјиот закон кој е темел на Божјето владеење на небото и на земјата. Божјите заповеди ќе бидат презрени и отфрлени. Милиони робови на гревот и на сатаната, осудени да ја претрпат втората смрт, не сакаат да ги слушаат зборовите на вистината кога за тоа им се дава можност. Ужасна заслепеност! Ужасно безумие!GCMkd 15.2

    Два дена пред празникот Пасха, откако го открил лицемерството на фарисеите, Исус, напуштајќи го храмот за последен пат, се упатил со своите ученици на врвот на Маслинската гора. Седнал со нив на една падинка обрасната со трева, падинка што се издигнувала над градот, и уште еднаш почнал да ги посматра неговите ѕидови, кули и палати. Уште еднаш го посматрал храмот во неговиот прекрасен сјај, круната на убавината со која била надарена светата гора.GCMkd 15.3

    Пред илјада години псалмистот ја возвишувал Божјата милост кон Израел што неговиот свет дом го избрал да му биде престојувалиште. „Во Салим е неговиот шатор, на Сион неговото живеалиште” (Псалм 76,2). Тој го избрал „племето на Јуда и гората Сион која му стана мила” (Псалм 78,68.69). Првиот храм бил изграден во најславниот период на израелската историја. Давид собрал огромно богатетво за таа цел. Бог ги дал нацртите за неговото градење (1. Дневникот 28,12.19), Најмудриот цар Израелов, Соломон, го довршил тоа дело. Овој храм бил највеличествена градба што светот кога било ја видел. Но, зборувајќи за вториот храм, Бог преку пророкот Агеј ја дал следната изјава: „Славата на овој втор дом ќе биде поголема отколку на првиот, вели Господ над војските.” „Ќе ги потресам сите народи, и ќе дојде Саканиот на сите народи, и ќе го наполнам овој дом со слава, вели Господ над војските” (Агеј 2,9.7).GCMkd 15.4

    Разурнат од Навуходоносора, Соломоновиот храм бил повторно изграден околу петстотини години пред Христа. Тоа го сторил народот што се вратил во ограбената и опустена земја од ропството што траело околу еден човечки век. Меѓу нив имало и старци кои ја виделе славата на Соломоновиот храм и кои плачеле посматрајќи го поставувањето на темелите на новиот храм кој бил многу помалечок од првиот. Чувството што владеело тогаш пророкот го опишал вака: „Има ли уште некој меѓу вас кој го видел овој дом во неговата стара слава? А каков го гледате вие сега. Нели е тоа спрема оној како ништо во вашите очи?” (Агеј 2,3; Ездра 3,12). Тогаш е дадено ветување дека славата на вториот храм ќе биде поголема од славата на првиот.GCMkd 16.1

    Вториот храм не можел по убавина да се спореди со првиот, ниту бил посветен со исти видливи знаци на Божје присуство како првиот; не се открила натприродна сила да го означи неговото посветување. Новоизградената Светиња не ја исполнувал никаков облак на слава. Од небото не паднал никаков оган да ја запали жртвата на олтарот, како во првиот случај. Меѓу херувимите во светињата над светињите не почивала повеќе Божја слава; во него не се наоѓале веќе ковчегот на заветот, престолот на милоста и камените плочи со десетте Божји заповеди. Од небото не одговорил никаков глас на прашањето на свештеникот кој требало да ја објави волјата на Јехова.GCMkd 16.2

    Во текот на вековите Евреите напразно се труделе да покажат како се исполнило Божјето ветување дадено преку пророкот Агеј. Нивниот ум бил затемнет со горделивост и со неверство и затоа не го сфатиле вистинското значење на пророчките зборови. Вториот храм не бил почестен со облак на Господова слава туку со живо присуство на Оној во кого телесно живее полнотата на Божеството - кој сам бил Бог откриен во тело. „Очекуваниот од сите народи” навистина дошол во својот храм кога Човекот од Назарет учел и лекувал во светото предворје на храмот. Со Христовото присуство, и само со неговото присуство, вториот храм ја надминал славата на првиот. Но Израел го отфрлил дарот што му го дало Небото. Тој ден, кога понизниот Учител го пречекорил прагот на златната врата од храмот, Божјата слава засекогаш го напуштила храмот. Се исполниле зборовите на Спасителот: „Ете, пуст ви останува вашиот дом” (Матеј 23,38).GCMkd 16.3

    Учениците биле зачудени и восхитени со Христовото преткажување. Сакале подобро да го разберат значењето на неговите зборови што се однесувале на разурнувањето на храмот. Во текот на четириесет години беспоштедно се трошеле пари, вложуван е труд и градителска вештина за да го зголемат неговиот qaj. Ирод Велики потрошил римско и еврејско богатство, а светскиот император го збогатил со свои подароци. Од Рим биле донесени огромни блокови бел мермер со баснословни размери кои сочинувале дел на неговата градба. Учениците му обрнале внимание на Исуса на нив, велејќи: „Учителе, гледај - какви камења, какви зданија!” (Марко 13,1).GCMkd 17.1

    Откако ги слушнал овие зборови, Исус дал свечен и вчудовиден одговор: „Вистина, ви велам: овде нема да остане ни камен на камен. Се ќе се разурне” (Матеј 24,2).GCMkd 17.2

    Учениците разурнувањето на Ерусалим го поврзале со основањето на царството на Месија. Тогаш Тој ќе ги казни непокајаните Евреи и ќе го ослободи народот од римскиот јарем. Бидејќи Исус им рекол дека ќе дојде по вторпат, кога ја спомнал пропаста на Ерусалим, тие си помислиле на тоа доаѓање, па кога се собрале на Маслинската гора околу него, го прашале: „Кажи ни кога ќе биде тоа и кој е знакот на твоето доаѓање и на крајот на светот?” (Матеј 24,3).GCMkd 17.3

    Иднината на учениците им била милостиво скриена, Во тоа време, кога потполно би ги разбрале двата ужасни факти - страдањето и смртта на Откупителот, како и разурнувањето на нивниот град и храм, тие би се вчудовиделе од ужас. Исус само во главни потези им ги изнел важните настани што ќе се одиграат пред крајот. Затоа тие не можеле наполно да ги разберат неговите зборови; но нивното значење требало да им се открие тогаш кога ќе им бидат потребни упатствата што ги дал во нив. Пророштвото што го кажал имало двојно значење: тоа се однесувало на разурнувањето на Ерусалим и на стравотиите на последниот голем ден.GCMkd 17.4

    Исус им открил на учениците што го слушале какви судови ќе го стигнат отпадннчкиот Израел, особено каква казна ќе ги снајде поради отфрлањето и распнувањето на Месија. Крајот ќе биде означен со непогрешни знаци. Ужасниот миг ќе настапи одненадеж и бргу. Спасителот ги предупредил своите следбеници: „Кога ќе го видите гнасното пустење за кое зборува пророкот Даниел, како владее на светото место - кој чита нека разбере - тогаш жителите на Јудеја нека бегаат во горите” (Матеј 24,15.16; ЈТука 21,20.21).GCMkd 17.5

    Кога идолопоклоничките знамиња на Римјаните ќе бидат истакнати на светото земјиште што се простира неколку стотици метри надвор од ѕидовите на Ерусалим, тогаш Христовите следбеници треба да го напуштат градот. Кога ќе го забележат знакот што предупредува, тогаш оние што сакаат да се спасат не смеат веќе да се колебаат. Во цела Јудеја, и во Ерусалим, морале да го искористат знакот за бегство. Оној што би се нашол на покрив, не смеел да слегува во куќата за да го спаси своето најдрагоцено богатство. Оние што би работеле на поле или на лозје, не смеат да се задржуваат и да се враќаат да ја земат горната облека што ја слекле од себе додека работеле на дневните горештини. He смеат да се колебаат ниту еден миг за да не ги зафати сеопштото уништување.GCMkd 18.1

    За време на владеењето на Ирода, Ерусалим, покрај тоа што многу се разубавил, во него се изградени кули, ѕидови и тврдини, со што, заедно со неговата природна положба, станал навидум неосвоив. Оној што би преткажал во тоа време дека тој ќе биде разурнат, би бил сметан за неразумен нарушувач на мирот, како Ное во свое време. Но Исус рекол: „Небото и земјата ќе поминат, но моите зборови нема да поминат” (Матеј 24,35). Поради гревовите на Ерусалим, против него е објавен гнев и неговото упорно неверство ја запечатило неговата осуда.GCMkd 18.2

    Господ објавил преку пророкот Михеј: „Чујте ме поглавари на домот на Јакова, судии на домот Израелов, вие, на кои правдата им се гади та искривувате се што е исправно. Вие кои го градите Сион со крв и Ерусалим со беззаконие! Поглаварите негови судат за мито, свештениците учат за награда, а пророците пророкуваат за пари! А сепак, се повикуваат на Господа и велат: ‘Нели е Господ меѓу нас? Нема зло да не снајде’” (Михеј 3,9-11).GCMkd 18.3

    Овие зборови добро ја опишуваат поткупливоста и лажната правда на жителите на Ерусалим. Иако тврделе дека строго ги држат прописите на Божјиот закон, ги преетапувале сите негови начела. Го мразеле Христа чијашто светост и чистота ги откривале нивните беззаконија; тие го обвинувале дека Тој е причина за сите зла што ги снашле поради нивните гревови. Иако ја признавале неговата безгрешност, изјавиле дека неговата смрт е потребна заради сигурноста на нацијата. „Ако го пуштиме да продолжи така”, рекле еврејските поглавари, „сите ќе веруваат во него, па ќе дојдат Римјаните и ќе ни го уништат храмот и народот” (Јован 11,48). Ако го погубат Христа, си мислеле тие, ќе станат уште еднаш силен и обединет народ. Со тоа го делеле мислењето на noглаварот свештенички кој тврдел дека подобро е да умре еден човек отколку да пропадне цел народ.GCMkd 18.4

    На овој начин водачите на еврејскиот народ „го граделе Сион со крв и Ерусалим со беззаконие” (Михеј 3,10). Сепак, иако го убиле Спасителот кој ги карал поради нивните гревови, тие се потпирале врз својата лажна правда и се уште се сметале себеси за Божји повластен народ и очекувале Господ да ги ослободи од нивните непријатели. „Затоа”, продолжува пророкот, „Сион ќе биде преорано поле, Ерусалим урнатини. Гората на тој дом ќе зарасне во шума” (Михеј 3,12).GCMkd 19.1

    Бог го одложувал својот суд над градот и над народот речиси четириесет години од часот кога Исус ја објавил пропаста на Ерусалим. Чудно било Божјето трпение кон оние што го презирале неговото евангелие и кон убијците на неговиот Син. Споредбата за неродната смоква го покажала Божјето постапување со еврејскиот народ. Била издадена наредба: „Пресечи ја! Зошто да ја исцрпува земјата?” (Лука 13,7). Но божествената милост ја поштедила уште за извесно време. Меѓу Евреите имало многу такви кои немале вистински поим за карактерот на Спасителот и за неговото дело. Децата немале можност да ја примат светлината што ја презирале нивните родители. Спасителот сакал и ним да им ја даде својата светлина. Сакал да им даде можност да го видат исполнувањето на пророштвото не само за неговото раѓање, туку и за неговата смрт и воскресение. Децата не биле осудени поради гревовите на родителите, туку, бидејќи ја запознале светлината што им била дадена на нивните родители и ја отфрлиле, како што ја отфрлиле и светлината што им била дадена лично ним, станале учесници во гревот на своите родители и ја дополниле мерката на нивните беззаконија.GCMkd 19.2

    Божјето трпение кон Ерусалим уште повеќе ги утврдило Евреите во нивното упорно непокајание. Во својата омраза и свирепост кон Исусовите ученици ја отфрлиле последната понуда на милоста. Тогаш Бог ја повлекол од ттив својата заштита. Престанал да ја задржува моќта на сатаната и на тој начин народот останал во рацете на водачот што го избрале. Евреите ја презреле Христовата милост што би им дала сила да ги победат своите грешни страсти и сега тие ги победиле нив. Сатаната разбудил кај нив најужасни и најниски похоти. He расудувале повеќе; станале безумни; со нив управувал нагон и слеп гнев. Станале сатанеки свирепи. Во семејството, како и во народот, во повисоките, како и во пониските слоеви - насекаде владеела недоверба, злоба, завист, неслога, бунт и убиства. Никаде немало сигурност. Пријателите и роднините меѓусебно се предавале. Родителите ги убивале своите деца, a децата своите родители. Народните управувачи немале сила да владеат со себеси. Нивните страсти ги правеле тирани. Евреите примиле лажни сведоштва за да го осудат невиниот Божји Син. Сега лажните обвинувања нивниот живот го сториле несигурен, Со своите дела одамна зборувале: „Нека исчезне од пред нас Светецот Израелов” (Исаија 30,11). Нивната желба се обистинила. He ги исполнувал веќе Божји страв. Сатаната етоел на чело на народот; граѓанските и верските власти биле под негова управа.GCMkd 19.3

    Водачите на непријателските партии понекогаш би се соединиле да ги ограбат своите несреќни жртви, а потоа би се нафрлиле едни врз други и немилосрдно би се истребувале. Дури ни светоста на храмот не можела да ја задржи нивната свирепост. Пред жртвеникот биле убивани верни и светињата се сквернавела со телата на убиените. Во својата заслепеност и богохулна надуеност, поттикнувачите на тие пеколни дела јавно изјавувале дека не се плашат оти Ерусалим ќе биде разурнат, зашто тој е Божји град. За уште повеќе да ја утврдат својата моќ, а во исто време кога веќе римските легии го опседнувале градот, тие поткупиле лажни пророци кои објавувале дека спасение од Бога сигурно ќе дојде. До последен миг народот цврсто верувал дека Севишниот ќе се вмеша и ќе ги уништи непријателите. Но Израел ја отфрлил божествената заштита и сега немал никаква одбрана. Кутриот Ерусалим! Бил разединет со внатрешни раздори; неговите улици биле испрскани со крвта на неговите деца што меѓусебно се убивале додека непријателската војека ги разурнувала тврдините и ги убивала неговите војници!GCMkd 20.1

    Сите Христови преткажувања за разурнување на Ерусалим буквално се исполниле. Евреите ја искусиле вистинитоста на зборовите кои предупредуваат: „Со каков суд судите, со таков ќе ви се суди” (Матеј 7,2).GCMkd 20.2

    Се појавиле знаци и чудеса како весници на несреќа и суд. Ноќе, над храмот и олтарот, се појавила неприродна светлина. На зајдисонце, во облаците се покажале бојни коли и војници готови за бој. Свештениците, кои служеле ноќта во храмот, биле исплашени од таинствени звуци. Земјата се тресела и се слушнале мноштво гласови како викаат: „Да бегаме одовде!” Големата источна порта, толку тешка што одвај можеле да ја затворат дваесет луѓе, обезбедена со огромни железни лостови забодени длабоко во цврста камена подлога, ноќта се отворила сама (Milman, The History of the Jews, book 13).GCMkd 20.3

    Седум години еден човек ги објавувал низ улиците на Ерусалим несреќите што ќе го снајдат градот. Ден и ноќ тој пеел чудна тажанка: „Глас од исток! Глас од запад! Глас од четирите краја! Глас против Ерусалим и против храмот! Глас против младоженецот и невестата! Глас против целиот народ!” (Исто)GCMkd 20.4

    Ова чудно суштество го фрлиле во затвор и го тепале со камење, но не извлекле од неговата уста никаков глас. На навредите и измачувањата тој само одговарал: „Тешко, тешко на Ерусалим; тешко на неговите жители!” He престанал со своите опомени додека не го убиле за време на опсадата што ја преткажал.GCMkd 21.1

    При опсадата на Ерусалим не загинал ниту еден христијанин. Исус ги опоменал своите ученици и сите што верувале внимавале на ветениот знак. „Кога ќе видите дека Ерусалим е опколен од војски”, рекол Исус, „знајте дека е близу неговото опустување. Тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат во горите, оние што се во Ерусалим, нека излезат надвор, а оние што се во полето, нека не се враќаат во градот” (Лука 21,20.21).GCMkd 21.2

    Римјаните, под водство на Цестиј, го опколиле градот. Одненадеж, кога се изгледало погодно за еден брз напад, тие ја повлекле опсадата. Опседнатите, кои загубиле секаква надеж за успешна одбрана, веќе биле готови да се предадат, кога римскиот војсководител ја повлекол војската без никаква видлива причина. Бог во својата милост управувал со настаните во полза на својот народ. За христијаните што чекале се покажал ветениот знак и сега им се дала можност на сите што сакале да ја послушаат опомената на Спасителот. Настаните течеле така што ниту Евреите ниту Римјаните не им го пречеле на христијаните бегството. Гледајќи како Цестиј отстапува, Евреите побрзале од Ерусалим и почнале да ја гонат неговата војска. Сега христијаните имале можност да го напуштат градот. Во тоа време и околината била исчистена од непријателите што би можеле да ги задржат. За време на опсадата Евреите биле собрани во Ерусалим да го прослават празникот Сеници и на тој начин христијаните во целиот крај имале можност непречено да бегаат. Тие побегнале на едно сигурно место - во градот Пела, во покраината Переја, отаде Јордан.GCMkd 21.3

    Еврејската војска, гонејќи го Цестиј и неговата војска, се нафрлила со таква жестокост врз неговата заштитница, што изгледало дека наполно ќе ја уништат. Римјаните со голема мака успеале да се повлечат. Евреите, чиишто загуби биле незначителни, се вратиле триумфално во Ерусалим, натоварени со плен. Но овој привиден успех им донел само зло. Тој ги поттикнал упорно да им се противстават на Римјаните, што на градот, осуден на пропаст, му донело неискажливи страдања.GCMkd 21.4

    Ерусалим го снашла страшна неволја кога Тит повторно го опседнал. Градот бил опседнат за време на празникот Пасха, кога големо мноштво Евреи се собрале во него. Храната, што со години би ги задоволувала жителите кога рационално би ја делеле, била уништена од непријателските партии што се бореле за превласт, и набргу жителите се нашле пред ужасен глад. Една мера жито се продавала за еден талант. Гладот бил толку голем, што луѓето ги јаделе своите кожнени ремени, сандалите и кожнените превлаки на штитовите. Мнозина се спуштале ноќе преку ѕидовите за да соберат диви билки што растеле надвор од градските ѕидови. Некои биле фатени и убиени во страшни маки; на тие што би успеале да се вратат, често им било одземано она што го собрале изложени на толку голема опасност. Водачите вршеле најужасни насилства за да им ја одземат храната на оние за кои мислеле дека имаат. Овие насилства често ги правеле луѓе што имале доста храна, но сакале да напластат резерви за во иднина.GCMkd 21.5

    Илјадници умреле од глад и чума. Се чинело дека се уништени најинтимните врски. Мажите ги поткрадувале своите жени, а жените своите мажи. Можело да се види како децата им ја одземаат храната од устата на своите стари родители. Прашањето на пророкот: „Може ли мајката да го заборави своето доенче?” (Исаија 49,15), добило потврден одговор зад ѕидовите на овој град осуден на пропаст. „Жени, толку нежни, готвеа свои деца и со нив се хранеа за време на пропаста на ќерката на мојот народ” (Плачот на Еремија 4,10). Повторно се исполнило пророштвото дадено четиринаесет векови порано: „Најнежната и најмеката жена што ќе се најде кај тебе - толку нежна и внимателна што не се осмелува да згазне на земја - со злобно око ќе го гледа својот маж во своите прегратки, и својот син, својата ќерка, постелката што ќе излезе меѓу нејзините нозе и децата што ќе ги роди, зашто потајно ќе ги јаде, скудна во се, поради неволјата и јадот со кои ќе те притисне твојот непријател во сите твои градови” (5. Мојсеева 28,56.57).GCMkd 22.1

    Римјаните сакале да предизвикаат паника меѓу Евреите за да ги присилат на предавство. Заробенидите што се противставувале кога би ги заробиле, биле камшикувани, измачувани и распнувани под градските ѕидови. Секој ден убивале стотици луѓе, и тоа ужасно дело продолжило се додека во Јосафатовата долина и на Голгота не биле подигнати толку многу крстови што човек одвај можел да се движи меѓу нив. Така се исполнила страшната клетва што ја изговориле Евреите пред Пилатовата судска столица: „Крвта негова нека падне на нас и на нашите деца” (Матеј 27,25).GCMkd 22.2

    Тит бил готов да и стави крај на страшната сцена и да го сочува Ерусалим од целосно уништување. Го опфатил ужас кога ги видел толпите мртви тела во долините. Одушевен со глетката на храмот што го посматрал од врвот на Маслинската гора, издал заповед да не се гиба ниту во еден негов камен. Пред да изврши напад на оваа тврдина, им упатил повик на еврејските водачи да не го присилуваат со крв да го оскверни тоа свето место. Им ветил дека ниеден римски војник нема да го оскверни храмот ако тие сами го напуштат и ако борбата ја пренесат на некое друго место. Јосиф Флавие, нивни сонародник, им упатил најречит повик да се предадат за да се спасат себеси, градот и светото место. Но, на неговите зборови одговориле со горки клетви. Со стрели го опсипале последниот човечки посредник што дошол кај нив да ги моли. Евреите ги отфрлиле повиците на Божјиот Син; и сега, сите повици и молби ги сториле уште поупорни. Решиле да се противстават до крај. Настојувањата на Тит да го сочува храмот биле напразни. Еден Поголем од него објавил дека таму нема да остане ни камен на камен.GCMkd 22.3

    Слепата тврдоглавост на еврејските водачи и одвратните злосторства што се случувале во опседнатиот град предизвикале кај Римјаните ужас и гнев, Најпосле Тит решил да го заземе храмот на јуриш. Заповедал, ако е можно, да не го уништат. Но не внимавале на неговите наредби. Една вечер, кога се повлекол во својот шатор, Евреите излегле од храмот и ги нападнале Римјаните. Во текот на борбата еден од војниците фрлил низ еден отвор запален факел во предворјето и веднаш салите, што го опкружувале храмот, а биле обложени со чам, вивнале во пламен, Тит побрзал на тоа место и им заповедал на легионерите да го угаснат пожарот. Но на неговите зборови не обрнувале внимание. Во својот бес војниците фрлале запалени факли во храмот и со мечеви убиле мноштво што нашло таму засолниште. Низ скалите на храмот течела крв како река. Загинале илјадници Евреи. Бојниот викот ги надвил гласовите што викале „Ишабод!” што значи: Отиде славата!GCMkd 23.1

    „Тит видел дека не е можно да се заузди гневот на војниците. Влегол со своите офицери во внатрешноста на светата зграда. Нејзината убавина ги вчудовидела; и додека Светилиштето уште не го зафатил пламен, го вложил последниот напор да го спаси. Излегувајќи надвор, повторно им наредил на војниците да го запрат ширењето на пожарот. Капетанот Либералис се обидел со својата заповедничка палка да нареди послушност. Но дури ни авторитетот на императорот не можел да го запре ужасното непријателство кон Евреите, дивата возбуда предизвикана со борбата и незаситната алчност за ограбување. Војниците виделе како се околу нив блескоти во злато кое во дивата светлина на пламенот давало убава глетка; претпоставувале дека во светињата се наоѓа непроцешшво богатство. Еден од војниците незабележано фрлил запален факел во внатрешноста; за миг се било во пламен. Заслепени од чадот и огнот, офицерите морале да се повлечат; славната зграда била препуштена на нејзината судбина.GCMkd 23.2

    Тоа за Римјаните била ужасна сцена, а уште повеќе за Евреите! Врвот на ритчето што доминирало над градот блескотел како вулкан. Едноподруго зградите се уривале и исчезнувале во огнената бездна. Покривите од чам биле слични на огнено море; позлатените кули светеле како огнени јазици; а од кулите над портите се издигнувале високи столбови од пламен и чад. Соседните ритчиња биле осветлени; во мракот групи луѓе со ужас го посматрале страшното ширење на пустењето. На ѕидовите и на извишените места на горниот град се тискало големо мноштво: некои бледи од страшен очај, а други намуртени од немоќна одмазда. Извиците на римските војници и молбите на побунетите кои умирале во пламенот се мешале со фучењето на пожарот и со тресоците на гредите што се уривале. Одгласите од планините ги повторувале лелеците на народот што се наоѓал на извишувањата. Луѓето што умирале од глад ја собирале последната трошка сила да изустат крик на страв и очај,GCMkd 24.1

    Во внатрешноста се одигрувала уште пострашна драма. Мажи и жени, млади и стари, побунети и свештеници, оние што се бореле и оние што барале милост, без разлика, биле поклани. Бројот на убиените го надминал бројот на убијците. Легионерите морале да газат преку толпи мртви тела за да го продолжат делото на уништување” (Milman, The History of the Jews, book 16).GCMkd 24.2

    По разурнувањето на храмот, цел град паднал во рацете на Римјаните. Водачите на Евреите ги напуштиле неосвоивите кули и Тит ги нашол пусти. Бидејќи со чудење ги посматрал, изјавил дека сам Бог му ги предал во раце, зашто никакви воени орудија, колку и да биле силни, не би можеле да ги освојат тие тврдини. Градот и храмот биле разурнати до темел, и земјата, на која стоела светата градба, била „изорана како нива” (Еремија 26,18). За време на опсадата и колежот загинале над еден милион луѓе. Оние што останале живи биле одведени во ропство, продавани како робови, доведени во Рим да го украсат триумфот на победниците, фрлани пред диви ѕверови во амфитеатарот или биле расеани како бездомници по сета земја.GCMkd 24.3

    Евреите сами себеси си исковале окови; сами ја наполниле чашата на одмаздата. За време на своето уништување како нација и во сите неволји што ги снашле по расејувањето, го жнееле она што сами го посеале. Пророкот кажува: „О Израеле, ти сам себе се уништи” „падна поради своето беззаконие...” (Осија 13,9; 14,1). Нивното страдање често се споменува како казна што ги стигнала по Божја наредба. На тој начин големиот измамник се обидува да го скрие своето дело. Меѓутоа, упорното отфрлање на божествената милост била причина да се повлече Божјата заштита од Евреите, така што сатаната можел да владее над нив по своја волја. Нечуените свирепости што се случувале при разурнувањето на Ерусалим се доказ за реваншистичката сила на сатаната над оние што го прифаќаат неговото водство.GCMkd 24.4

    He можеме наполно да сфатиме колку му должиме на Христа за мирот и заштитата што ги уживаме. Божјата сила спречува човештвото потполно да падне под сатанска власт. Непослушните и неблагодарните би сториле добро кога би заблагодариле за Божјата милоет и трпение што ја задржуваат свирепата и зла сила на сатаната. Но, кога луѓето ќе ја преминат границата на Божјето трпение, тогаш неговата заштита се повлекува. Бог не стои спроти грешникот како извршител на пресудата поради гревот. Тој ги остава тие што ја отфрлиле неговата милост сами да го пожнеат она што го посеале. Секој отфрлен зрачок на светлината, секоја презрена или занемарена опомена, секоја грешна страст што ја негуваме, со еден збор, секое газење на Божјиот закон, е семе што се сее и што ќе донесе сигурна жетва. Ако човекот му се противставува на Божјиот Дух, Тој најпосле го напушта и тогаш човекот останува без силата со која би можел да ги победи своите грешни страети и без заштита од злобата и од непријателството на сатаната. Разурнувањето на Ерусалим е свечена опомена за сите што ги потценуваат опомените на Божјата благодат и кои ги отфрлаат молбите на Божјата милост. Никогаш не било дадено порешително сведоштво за Божјата омраза кон гревот и за неминовноста од казна што еден ден ќе ги стигне грешниците.GCMkd 25.1

    Пророштвото на Спасителот за разурнување на Ерусалим треба да има и едно друго исполнување, според кое, овој настан е само бледа слика. Во судбината на избраниот град можеме да ја видиме судбината на светот што ја отфрлил Божјата милост и го погазил неговиот закон. Мрачни се извештаите на човечката беда чијшто сведок била земјата низ долгите векови на злосторствата. Срцето се стега и духот изнемоштува при размислата за овие работи. Ужасни биле последиците на отфрлањето на Божјиот авторитет. Но уште помрачна сцена крие иднината. Извештаите од минатото - долгата низа бунтови, судири и револуции, „воената врева, облеката натопена во крв” (Исаија 9,5) - не се ништо во споредба со ужасите на оној ден кога Божјиот Дух ќе се повлече од грешниците и кога нема да ја задржува повеќе ниту експлозијата на човечките страсти ниту гневот на сатаната. Тогаш светот ќе ги види, како никогаш порано, последиците на сатанското владеење.GCMkd 25.2

    Ho, во тој ден, како и во времето на разурнувањето на Ерусалим, Божјиот народ ќе се избави, „секој што ќе биде запишан за живот” (Исаија 4,3). Исус ветил дека ќе дојде по вторпат да ги собере своите верни. „Тогаш ќе проплачат сите племиња на земјата и ќе го видат Синот човечки како доаѓа на небесните облаци со голема сила и слава. И Тој ќе ги прати своите ангели со силен трубен глас да ги соберат неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата” (Матеј 24,30.31). Тогаш сите што биле непослушни на евангелието ќе „бидат убиени со здивот на неговата уста и уништени со светлината на неговото доаѓање” (2. Солуњаните 2,8).GCMkd 26.1

    Како и стариот Израел, грешниците ќе се уништат сами себеси; тие ќе бидат жртва на својата неправда. Нивниот грешен живот толку многу ги оддалечил од Бога и тие во толкава мера се расипале, што појавата на Божјата слава за нив ќе биде оган што уништува.GCMkd 26.2

    О кога луѓето би внимавале да не ја занемарат поуката што ни ја дал Исус со своите зборови! Како што ги предупредил своите ученици во врска со разурнувањето на Ерусалим и им дал знаци за пропаста што се приближувала за да можат да се избават, така го предупредил и светот за неговата пропаст и дал знаци за приближувањето на тој голем ден за сите што сакаат да можат да го избегнат идниот гнев, Исус не уверува: „Ке се појават знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите, а на земјата народите ќе ги обземе страв и збунетост” (Лука 21,25; Матеј 24,29; Марко 13,24-26; Откровение 6,12-17).GCMkd 26.3

    Луѓето што ќе ги видат овие знаци - претходници на неговото доаѓање - треба да знаат „дека е близу, пред врата” (Матеј 24,33). „Бдејте”, предупредува Тој (Марко 13,35). Тие што ќе ја послушаат опомената, нема да бидат оставени во темнина и денот нема да ги најде неподготвени; но, за сите што не бдеат, „денот Господен ќе дојде како крадец ноќе” (1. Солуњаните 5,2).GCMkd 26.4

    И денеска светот не е подготвен да ја прими веста за нашето време како и Евреите што не биле подготвени да ја примат опомената на Спасителот во врска со Ерусалим. Кога и да дојде, денот Господен за безбожните ќе дојде неочекувано. Животот ќе тече со својот вообичаен ток; луѓето ќе бидат зафатени со уживања, со работа, со трговија, со стекнување на земно богатство; религиозните водачи ќе го издигнуваат напредокот и просветата на светот, и народот ќе се лулка во лажна сигурност - тогаш, како крадецот што се притајува ноќе кон незаштитената куќа, одненадеж врз безгрижните и безбожните ќе се урне пропаст, „и нема да ја избегнат” (1. Солуњаните 5,3).GCMkd 26.5

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents