УВОД
- УВОД
- 1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ
- 2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ
- 3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА
- 4—ВАЛДЕНЖАНИТЕ
- 5— ЏОН ВИКЛИФ
- 6—ХУС И ЈЕРОНИМ
- 7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ
- 8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР
- 9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР
- 10—НАПРЕДОК НА РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА
- 11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ
- 12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- 13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- 14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ
- 15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
- 16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- 17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ
- 18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР
- 19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА
- 20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
- 21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА
- 22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
- 23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
- 24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ
- 25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН
- 26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА
- 27—БУДЕЊА ВО ПОНОВО ВРЕМЕ
- 28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
- 29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
- 30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА
- 31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- 32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА
- 33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- 34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?
- 35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
- 36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА
- 37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА
- 38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА
- 39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА
- 40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
- 41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
- 42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Search Results
- Results
- Related
- Featured
- Weighted Relevancy
- Content Sequence
- Relevancy
- Earliest First
- Latest First
- Exact Match First, Root Words Second
- Exact word match
- Root word match
- EGW Collections
- All collections
- Lifetime Works (1845-1917)
- Compilations (1918-present)
- Adventist Pioneer Library
- My Bible
- Dictionary
- Reference
- Short
- Long
- Paragraph
No results.
EGW Extras
Directory
УВОД
Пред да се појави грев на светот, Адам можел да разговара лично со својот Творец. Но, кога човекот паднал во грев и со тоа се одвоил од Бога, тој е лишен од тоа големо предимство. Меѓутоа, со планот на спасението е создадена можност жителите на нашата земја повторно да се поврзат со Небото. Со помош на својот Дух Бог одржувал врска со луѓето и на светот му праќал божествена светлина преку своите пророци. „Зборуваа свети Божји луѓе научени од Светиот Дух” (2. Петрово послание 1, 21).GCMkd 5.1
За време на првите дваесет и пет века на човечката историја не постоело пишано Божје откровение. Луѓето што ги учел Бог своето сознание им го пренесувале на другите и така тоа преминувало од татко на син во текот на идните поколенија. Дури во Мојсеево време Божјата објава почнала да се пишува и овие откровенија на Божјиот Дух се поместувани во една вдахновена Книга. Оваа работа се одвивала во текот на полни шеснаесет векови, почнувајќи од Мојсеја, историчарот на создавањето на светот и на давањето на Божјиот закон, па се до Јована, „писателот на возвишените евангелски вистини”.GCMkd 5.2
Библијата кажува дека Бог е нејзин автор, па сепак, неа ја пишувале човечки раце. Стилот на нејзините разновидни книги носи обележје на своите автори. Сите вистини што се откриени во нив „се инспирирани од Бога” (2. Тимотеј 3,16), иако се изразени со човечки зборови. Бог со својот Свети Дух го расветлил умот и срцето на своите слуги. Тој им давал соништа и виденија, симболи и слики, а тие, на кои вистината им била откриена на тој начин, сами ја облекле мислата во човечки јазик.GCMkd 5.3
Десетте заповеди ги изговорил лично Бог и потоа ги напишал со своја рака. Нив ги составил Бог, а не човек. Но Библијата, со своите од Бога дадени вистини, изразени со човечки јазик, претставува соединување на божественото со човечкото. Такво соединување постоело и во Христовата природа, зашто Христос бил и син Божји и син човечки. Така, за Библијата може да се каже истото што е напишано за Христа: „Речта стана тело и се настани меѓу нас” (Јован 1,14).GCMkd 5.4
Библијата е пишувана во текот на повеќе векови; ја пишувале луѓе кои многу се разликувале по својата положба, по звањето и способностите - и затоа нејзините книги покажуваат голема разновидност на стилот како и разноликост на предметите што се изнесуваат во неа. Разни писатели се служеле со различни изрази, и често една иста вистина еден писател ја прикажал појасно отколку друг. Бидејќи повеќе писатели изнесуваат ист предмет и иста наука од различни гледишта и односи, на површниот и небрежен читател, полн со предрасуди, може да му се стори дека меѓу нејзините писатели постојат несогласија и противречност, додека разумниот, искрен и непристрасен истражувач, меѓу нив гледа совршена хармонија.GCMkd 6.1
Бидејќи вистината ја изнесувале различни писатели, таа е прикажана од различни страни. Еден писател повеќе е под впечаток на една фаза на предметот; ги изнесува оние точки што се совпаѓаат со неговото искуство и со неговата способност на сфаќање и ценење. Меѓутоа, друг предметот го посматра од друга страна; на тој начин секој, воден од Светиот Дух, го прикажува она што врз него оставило најсилен впечаток. Писателите на Библијата ги прикажале вистините од различни страни, но сите заедно сочинуваат совршена хармонија. Вистините, откриени на тој начин, прават совршена целост што може да ги задоволи потребите на луѓето во сите околности и животни искуства.GCMkd 6.2
Бог сакал својата вистина да му ја соопшти на светот преку луѓе, и Тој сам преку Светиот Дух ги оспособил и им овозможил да го извршат тоа дело. Тој управувал со нивниот ум и ги учел што да пишуваат или што да зборуваат. Тоа богатство им било доверено на „земни садови”, но е со небесно потекло; сведоштвото е соопштено со несовршен израз на човечкиот јазик, но сепак, тоа е Божје сведоштво; понизните, послушните и верните во него ја гледаат славата на божествената сила, многу милост и вистина.GCMkd 6.3
Во својата Реч (Библијата) Бог ни дал сознание потребно за спасение. Ние Светото писмо треба да го примиме како сигурно и непогрешно откровение на неговата волја. Тоа е мерило на карактерот, правило на верата и животот. „Сето Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поучување, за карање, за поправање и за одгледување во праведноста, за да биде Божјиот човек совршен и приготвен за секое добро дело” (2. Тимотеј 3,16.17).GCMkd 6.4
Иако Бог му ја открил својата волја на човекот во својата Реч, тоа не ја исклучува потребата од постојано присуство и водство на Светиот Дух. Напротив, Спасителот им го ветил Светиот Дух на своите ученици за да можат да ја разберат неговата Реч, да ги расветли и да ја запечати неговата наука во нивните срца. А бидејќи Библијата ја инспирирал Божјиот Дух, не може да има противречност меѓу учењето на Духот и пишаната Реч.GCMkd 6.5
Духот не е даден, ниту кога и да е ќе биде даден, да ја замени Библијата. Светото писмо категорично тврди дека Божјата реч е мерило со кое мора да се испита секоја наука и секое искуство. Апостол Јован кажува: „Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите за да видите дали се од Бога, зашто многу лажни пророци се појавија на светот” (1. Јованово 4,1). И пророк Исаија изјавува: „Барајте закон и сведоштво! Оној што не зборува така, нема да дочека зора” (Исаија 8,20).GCMkd 7.1
Луѓето што сметаат дека се расветлени од Светиот Дух и изјавуваат дека не им е повеќе потребна Божјата реч како водич, го срамат Светиот Дух. Нив ги водат впечатоци што тие ги сметаат за Божји глас во својата душа. Но духот што управува со нив не е Божји Дух. Да ги следиме впечатоците, а да го занемаруваме Писмото - тоа води кон самоизмама и пропаст. Тоа само ги потпомага намерите на лукавиот. Бидејќи службата на Светиот Дух има пресудна важност за Христовата црква, еден од лукавите планови на сатаната е со помош на заблудите на екстремистите и фанатиците да го осрамоти делото на Духот и да го натера Божјиот народ да го занемари овој извор на сила што му го дал лично Бог.GCMkd 7.2
Сообразно со Божјата реч, неговиот Дух треба да го продолжи своето дело до крајот на времето на милоста. За време на вековите во кои е пишувано Светото писмо - Стариот и Новиот завет - Светиот Дух не престанувал да ги просветлува срцата на поединците, независно од откровенијата што требало да бидат собрани во свет канон. Независно од Писмото, Библија кажува дека луѓето преку Светиот Дух примиле опомени, укори, совети и упатства. Се спомнуваат пророци кои живееле во различни времиња, а за чиишто зборови ништо не се известува. Исто така, откако е завршен канонот на Светото писмо, Светиот Дух требало да го продолжи своето дело: да ги просветлува, да ги опоменува и да ги утешува Божјите деца.GCMkd 7.3
Исус им ветил на своите ученици: „А Утешителот, Светиот Дух, што ќе го прати мојот Отец во мое име, ќе ве научи на се и ќе ве потсети на се што ви кажав.” „А кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува сам од себе, туку ќе зборува за она што го слуша и ќе ви го објави она што ќе дојде” (Јован 14,26; 16,13).GCMkd 7.4
Писмото јасно учи дека овие ветувања не се ограничуваат само на времето на апостолите, туку се однесуваат на Христовата црква во сите времиња. Спасителот им рекол на своите ученици: „Еве, јас сум со вас во сите дни до крајот на светот” (Матеј 28,20). Апостол Павле изјавува дека даровите на Светиот Дух и се дадени на црквата за да „се усовршат светите за делото на службата, за изградување на Христовото тело, се додека не се посигне единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, до зрелиот човек, до мерата на растот на Христовата полнота” (Ефесците 4,12.13).GCMkd 7.5
Апостолот се молел за верните во Ефес: „Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за потполно да го запознаете него, да ги просветли очите на вашето срце за да знаете колкава е надежта на неговото призвание... и колку е неизмерна неговата сила во нас кои веруваме - сразмерно на делотворноста на неговата силна моќ” (Ефесците 1,17-19). Апостол Павле го барал Светиот Дух за верните во Ефес да го расветли нивниот ум и срце и да ги оспособи да ги разберат длабоките Божји тајни.GCMkd 8.1
По прекрасната манифестација на Светиот Дух на денот Педесетница (Духовден), Петар го повикал народот на покајание и крштавање во Христово име за проштавање на гревовите, и рекол: „Ќе примите дар - Светиот Дух. Имено, овој ветен дар е за вас, за вашите деца и за сите кои се далеку - за сите што ќе ги повика кај себе нашиот Господ Бог” (Делата на апостолите 2,38.39).GCMkd 8.2
Во непосредна врска со сцените на големиот Божји ден, Господ ветува преку пророкот Јоил посебно излевање на Светиот Дух (Јоил 2,28). Ова пророштво делумно се исполнило на Духовден, но свој зенит тоа ќе доживее при манифестацијата на Божјата милост што ќе го придружува довршувањето на евангелското дело на земјата.GCMkd 8.3
Големата борба меѓу доброто и злото ќе трае до крај и ќе биде се пожестока. Гневот на сатаната против Христовата црква бил голем во сите векови. Бог на својот народ му дал милост и Свети Дух да го засили за да и се противстави на силата на злото. Кога Христовите апостоли требало да му го објават евангелието на светот и да го забележат за идните поколенија, тие во голема мера биле надарени со мудрост од Светиот Дух. Но, кога црквата ќе се приближува кон своето конечно спасение, тогаш сатаната ќе дејствува со многу голема сила: „Гаволот слезе кај вас со голем гнев, свесен дека има само уште малку време” (Откровение 12,12). Тој ќе дејствува „со разновидни силни дела, со чудни знаци и со лажни чуда” (2. Солуњаните 2,9). Овој лукав дух, кој некогаш бил еден од најголемите ангели, веќе шест илјади години работи со сета сила луѓето да ги заведе и да ги уништи. И сета своја еатанска вештина, сето свое лукавство, ќе ги употреби во последната борба против Божјиот народ. Токму во ова време на опасност, Божјиот народ треба да го предупреди и вниманието на светот да го насочи кон скорашното Христово доаѓање за да се подготви еден народ кој без мана, „неизвалкан и беспрекорен во мир” ќе застане пред Божјето лице (2. Петрово ЗД4). Во тоа време на црквата ќе и биде потребна посебна Божја сила како и во деновите на апостолите.GCMkd 8.4
Просветлен со помош на Светиот Дух, на писателот на оваа книга му се откриени сцените на долгата борба меѓу доброто и злото. Повеќе пати му беше овозможено да ги посматра сцените на страшната борба меѓу Христа, Кнезот на животот, Творецот на нашето спасение, и сатаната, кнезот на злото, причинителот на гревот и првиот престапник на Божјиот закон. Истото непријателство што го покажал сатаната кон Христа, го покажал и кон Христовите следбеници. Во текот на целата историја на човештвото се забележува истата омраза на сатаната кон начелата на Божјиот закон, истата теорија на лага што оди кон тоа заблудата да ја прикаже како вистина, човечките закони како Божји закони, обожавањето на природата како обожавање на Творецот. Низ сите векови сатаната се трудел погрешно да го претстави Божјиот карактер со цел луѓето да имаат погрешен поим за Бога и да се плашат од него, дури и да го мразат, наместо да го сакаат; сатаната настојува да го отстрани Божјиот закон за народот да поверува дека е слободен од неговите барања; ги прогонува оние што се осмелуваат да се противат на неговите измами. Сето тоа го гледаме кога ги проучуваме биографиите на патријарсите, на пророците, на мачениците и реформаторите.GCMkd 9.1
Во последната жестока битка од големата борба сатаната ќе се послужи со истата тактика, ќе покаже ист дух и ќе се стреми кон иста цел како и во сите векови во минатото. Стапиците на сатаната ќе бидат полукави и неговите напади порешителни. Ке настојува да ги прелаже, ако биде можно, и избраните (Марко 12,22).GCMkd 9.2
Кога Божјиот Дух ми ги откри големите вистини на својата Реч и ми ги покажа сцените од минатото и иднината, заповедано ми е и на другите да им го откријам она што ми е покажано: да ја опишам големата борба во текот на вековите и да ја прикажам така за таа да ја расветли и идната битка што се приближува. Настојувајќи да ја постигнам таа цел, се трудев да ги одберам и да ги поместам настаните од црковната историја на таков начин за да биде прикажан развојот на големите вистини што му биле дадени на светот во различни времиња и да покажам како тие вистини предизвикале гнев кај сатаната и непријателство кај црквата што го сака светот, но се сочувани преку сведоштвото на оние кои „не држеа до својот живот се до смртта”.GCMkd 9.3
Во овие извештаи може да се види сликата на битката што е пред нас. Ако ги посматраме во Божјата реч и расветлени од Светиот Дух, можеме да ги видиме разоткриени стапиците на сатаната и опасностите што треба да ги одбегнуваат оние кои сакаат да бидат „беепрекорни” кога ќе дојде Спасителот.GCMkd 10.1
Големите настани што го обележиле напредокот на реформацијата во минатите векови се забележани во историјата и добро се познати. Тоа се факти што никој не може да ги негира. Оваа историја ја изнесов накратко, сообразно со целта и обемот на книгава. Фактите концизно се изнесени на толкав број страници колку што е неопходно потребно да се разберат. Во некои случаи, каде што историчарите настаните ги групирале за да ја прикажат суштината на прашањето, или подробностите ги изнеле сообразно со планот на ова дело, јас ги цитирав нивните зборови; но, во некои случаи не ги цитирав изворите, зашто цитатите не се наведени за да ги истакнат писателите како авторитет, туку затоа што нивните зборови овозможуваа јасен и убедлив приказ на предметот. Следејќи го искуството и погледите на оние што ја унапредуваа реформата во нашето време, слично постапив и јас, користејќи примери од нивните објавени дела.GCMkd 10.2
Целта на оваа книга не е толку да изнесе нови вистини за борбата на минатите векови, туку да ги истакне фактите и начелата што можат да бидат значајни за идните настани. Посматрани како дел на борбата меѓу силите на светлината и силите на темнината, овие извештаи од минатото добиваат ново значење. Од нив излегува светлина што ја осветлува иднината и патот на Божјите деца кои се повикани, како некогаш реформаторите, да сведочат за Божјата реч и за Исусовото сведоштво, дури и во опасност да го загубат сето земно богатство.GCMkd 10.3
Целта на оваа книга е да ги прикаже сцените на големата борба меѓу вистината и заблудата; да ги открие измамите на сатаната и средствата со кои можеме успешно да му се противставиме; да даде вистинско решение за големиот проблем на злото; да го расветли потеклото и крајот на гревот и тоа на таков начин за да се види праведноста и благоста на Бога во сите негови постапки кон неговите созданија; и најпосле, да ја покаже светоста и непроменливоста на Божјиот закон. А искрена молитва на писателот е оваа книга да помогне душите да се спасат од силите на темнината и да „учествуваат во наеледството на светите”, на слава на Оној кој не љубел и себеси се предал за нас.GCMkd 10.4