Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
ГОЛЕМАТА БОРБА - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА

    _______________

    Уште од почеток на големата борба на небото постојана намера на сатаната била да го урне Божјиот закон. За да го постигне тоа, се побунил против Творецот и, иако бил исфрлен од небото, истата борба ја продолжил на земјата. Луѓето да ги измами и со тоа да ги наведе на престап на Божјиот закон, е цел кон која постојано се стремел. Било ова да го постигне со отфрлање на целиот Закон или со отстранување на одделни негови прописи, последиците на крај ќе бидат исти. Оној што „ќе згреши во едно”, покажува презир кон целиот Закон; со своето влијание и пример тој е на страна на престапот, и затоа „е виновен за се” (Јаков 2,10).GCMkd 455.1

    Настојувајќи да предизвика презир кон божествените уредби, сатаната ја изопачил науката на Библијата, па на тој начин во верата на илјадници луѓе кои тврдат дека веруваат во Светото писмо се вовлекле заблуди. Последниот голем судир меѓу вистината и заблудата е само завршна битка на вековната борба против Божјиот закон. Ние влегуваме во овој судир - судир меѓу човечките закони и Господовите прописи, меѓу верата на Библијата и верувањата во човечките измислици и преданија.GCMkd 455.2

    Орудијата што се здружиле во оваа борба против вистината и правдата веќе се на дело. Светата Божја реч, што ни е сочувана по цена на толку страдања и крв, малку се цени. Библијата на сите им е при рака, но малку се оние што навистина ја прифаќаат како водич на евојот живот. Неверство преовладува не само во светот туку и во црквата. Мнозина ги негираат науките што се главни столбови на христијанската вера. Делото на создавањето, како што ни го изнесуваат вдахновените писатели, падот на човекот, помирувањето и вечната вредност на Божјиот закон, всушност се отфрлени, било во целост или делумно, од страна на голем дел на оние што тврдат дека се христијани. Илјадници кои се гордеат со својата мудрост и независност го сметаат за знак на слабост ако некој во целост ја прифаќа Библијата. Поголемата надареност и ученост тие ги издигнуваат како доказ за својата надмоќ ако го критикуваат Светото писмо, ако го толкуваат симболички и ако ги оспоруваат неговите најважни вистини. Многу проповедници ги учат своите цркви, а многу професори и учители своите ученици, дека Божјиот закон е променет или укинат, и дека оние што веруваат оти неговите барања се уште важат и дека мора буквално да се исполнуваат, заслужуваат само презир и потсмев.GCMkd 455.3

    Со отфрлањето на вистината луѓето го отфрлаат нејзиниот Автор. Кога го газат Божјиот закон, со тоа го негираат авторитетот на Законодавецот. Исто така лесно е да се направи идол од лажни науки и од лажни теории како и од дрво или од камен. Лажно претставувајќи ги Божјите особини, сатаната кај луѓето создава погрешен впечаток за карактерот на нивниот Творец. Мнозина наместо Бога на прво место поставуваат некој филозофски идол, додека живиот Бог, како што ни е откриен во неговата Реч, во Христа и во делата на создавањето, има мал број обожаватели. Има илјадниди такви кои ја обожаваат природата, а се откажуваат од Бога, кој е Бог на природата. Во денешниот христијански свет владее идолопоклонство исто како и во стариот Израел за време на пророкот Илија, само во друг облик. Богот на мнозина што се сметаат мудри, богот на филозофите, на поетите. на државнжците, на новинарите, богот на отмените кругови, на многу високи школи и универзитети, па дури и на некои теолошки установи - малку е подобар од феничанскиот бог на сонцето, Вал.GCMkd 456.1

    Ниту една заблуда прифатена од христијанскиот свет не се крева со поголема смелост против небесниот авторитет, ниту една не му се противи на здравиот разум толку директно и ниту една не е поопасна по своите последици од науката на новото време која толку бргу се шири, а тоа е дека Божјиот закон не е веќе задолжителен за луѓето. Секоја земја има свои закони што бараат почит и послушност. Ниту една држава не би можела да постои без нив. Зар тогаш може да се замисли Творецот на небото и земјата да нема никаков закон за своите созданија? Да си претпоставиме дека угледните проповедници јавно проповедаат оти законите што владеат во нивната земја и ги штитат правата на граѓаннте не се задолжителни, дека тие ја ограничуваат слободата на народите и дека поради тоа не треба да се почитуваат; до кога би ги поднесувале ваквите луѓе на проповедалната? Зар поголема е навредата да се презираат законите на државите и на земјите отколку да се газат божествените прописи кои се темел на сите држави?GCMkd 456.2

    Би било многу поразумно државите да ги укинат своите прописи и на луѓето да им дозволат да прават што сакаат отколку Господарот на вселената да го поништи својот Закон и светот да го остави без мерило за судење на виновнжците или за оправдување на послушните. Дали сакаме да дознаеме какви би биле последиците од укинувањето на Божјиот закон? Овој експеримент веќе е направен. Страшни биле сцените што се одиграле во Франција кога завладеало неверство. Тогаш на светот му било покажано дека отстранувањето на ограничувањата што ги поставил Бог води кон прифаќање на владеење на најсвирепи тирани. Кога ќе се отфрли мерилото на праведноста, тогаш на кнезот на злото му е отворен патот да ја воспостави својата власт на земјата.GCMkd 456.3

    Секаде каде што ќе се отфрлат божествените прописи, гревот престанува да изгледа грешен, а правдата е непожелна. Оние што одбиваат да го прифатат Божјето владеење се наполно неспособни да владеат самите со себе. Со нивните опасни науки се всадува дух на непокорност во срцата на децата и младината кои по природа не поднесуваат ограничувања, а како последица на тоа во општеството се шири беззаконие и разузданост. Иако мнозина и се подбиваат на лековерноста на оние што ги прифаќаат Божјите барања, тие сами радо ги прифаќаат измамите на сатаната. Тие им попуштаат на телесните желби и ги прават истите гревови што навлекле Божји судови врз незнабошците.GCMkd 457.1

    Оние што го учат народот да ги омаловажува Божјите заповеди сеат непослушност за подоцна да го пожнеат посеаното. Нека се отстранат во целост оградите поставени со божествениот Закон и набргу ќе се појави непочитување на човечките закони. Бидејќи Бог ги забранува нечесните дела, лакомството, лагите и измамите, луѓето се готови да ги газат неговите прописи под изговор дека тие се пречка кон нивниот светски напредок; но последиците од отфрлањето на овие прописи ќе бидат пострашни отколку што можат да си замислат. Ако законот не е во сила, тогаш зошто човекот да се плаши да го престапува? Личната своина не би била повеќе сигурна. Луѓето со насилство би ги отимале имотите од своите ближни и најсилните би станале најбогати. He би се ценел ниту самиот живот. Брачниот завет не би бил веќе свето засолниште што го штити семејството. Оној што би имал власт, би можел, ако би сакал, со сила да му ја преземе жената на својот ближен, Петтата заповед би се отстранила заедно со четвртата. Децата не би се притеснувале да им го одземат животот на своите родители ако со тоа би можеле да ги остварат желбите на своето расипано срце. Цивилизираниот свет би станал орда разбојници и убијци, а од светот би исчезнале сигурноста, мирот и среќата.GCMkd 457.2

    Самата наука дека луѓето се ослободени од послушноста кон Божјите барања ја ослабела силата на моралната обврска и на светот му ги отворила браните на неправдата. Врз нас се устремиле беззаконие и расипаност како опасна поплава. Сатаната во голема мера работи во семејството. Неговото знаме се вее и на домовите на оние што тврдат дека се христијани. Тука постои сомничење, лицемерство, отуѓување, расправии, караници, изневерување на доверени тајни и задоволување на сетилните желби. Целиот систем на верските начела и науки, што би требало да биде темел и рамка на општествениот живот, се чини дека се повива, готов да се распадне. Најдрски злосторници, кога ќе паднат во затвор поради сторените злосторства, често се опсипувани со подароци и им се обрнува внимание како да сториле некое благородно дело. На нивната личност и на нивните злосторства им се дава голем публицитет. Печатот објавува возбудливи подробности за злосторството и со тоа се наведуваат и други на измама, на разбојништво и убиство, а сатаната се радува за успехот на своите пеколни планови. Уживањето во пороци, безочното одземање на животи, страшното умножување на неумереноста и беззаконието во сите облици и степени, би требало да ги поттикнат сите што се бојат од Бога да се запрашаат што можат да сторат за да се запре поплавата на злото.GCMkd 457.3

    Судовите се изопачени. Со луѓето поставени на раководни места управуваат желби за добивка и љубов за сетилни уживања. Неумереноста ја ослабела способноста на мнозина, така што сатаната над нив има речиси целосна власт. Правниците се расипани, поткупливи, невистиннти. Меѓу оние што ги применуваат законите е присутно пијанство, оргии, страсти, завист и непочитување од секој вид. „Судот се повлече, а праведноста застана далеку; вистината падна на улица и правдата не може да помине” (Исаија 59 Д4).GCMkd 458.1

    Неизбежна последица на беззаконието и духовната темнина што владееле под власта на Рим - тој го отфрлил Светото писмо; но каде да се најде причината за толку широко распространетото безбоштво, за отфрлањето на Божјиот закон и за расипаноста што произлегува од тоа при полна светлина на евангелието и во време на верска слобода? Сега, кога сатаната не може веќе светот да го држи под своја власт со одземање на Светото писмо, тој прибегнува кон други средства за да ја постигне истата цел. Да се уништи во Библијата верувањето за него - за сатаната - е исто толку важно колку и уништувањето на самата Библија. Бидејќи раширил уверување оти Божјиот закон не е задолжителен, сатаната исто така успешно ги наведува луѓето да го престапуваат како и тогаш кога воопшто не би ги познавале неговите прописи. Сега, како и некогаш, тој работи преку црквата за да ги оствари своите планови. Денешните верски заедници одбиле да ги слушаат непопуларните вистини јасно изнесени во Светото писмо и, борејќи се против нив, прифатиле толкувања и зазеле такви ставови што насекаде посеале семе на неверство. Со тоа што ја прифатиле папската лага за вродена бесмртност и за свесна состојба на луѓето за време на смртта, ја отфрлиле единствената одбрана од измамите на спиритизмот. Науката за вечни маки завела мнозина да не веруваат во Библијата. И кога јасно ќе се изнесат барањата на четвртата заповед, мнозина увидуваат дека Бог бара да го празнуваме седмиот ден, саботата. А како единствен излез да се ослободат од должноста што не се готови да ја исполнат, многу учители изјавуваат дека Божјиот закон не важи веќе. На овој начин тие го отфрлаат Законот, а со него и саботата. Колку повеќе се работи врз реформата на саботата, ова отфрлање на божествениот Закон, за да се избегнат барањата на четвртата заповед. ќе стане речиси сеопшто, Науките на овие верски водачи ја отвориле вратата за неверство, за спиритизам и за презирање на Божјиот свет закон. Врз овие водачи лежи страшна одговорност за беззаконието што владее во христијанскиот свет.GCMkd 458.2

    Па сепак, токму овие водачи тврдат дека расипаноста што нагло се шири главно треба да им се припише на сквернителите на таканаречената „христијанска сабота” (неделата), и дека задолжителното празнување на неделата во голема мера би го поправило општествениот морал. Ова тврдење особено се истакнува во Америка, каде што најмногу е проповедана науката за вистинската сабота. Таму реформата во врска со умереноста, една од најистакнатите и најважните морални реформи, многу често се соединува со движењето за празнување на неделата, чиишто застапници се претставуваат како луѓе што се борат за добро на општеството, а оние што се протжват да се соединат со нив, се прогласуваат за непријатели на умереноста и реформата. Но фактот што едно движење кое шири заблуда се поврзува со делото што само по себе е добро не е доказ во прилог на самата заблуда. Ние можеме да го скриеме отровот ако го измешаме со здрава храна, но со тоа не ја менуваме неговата природа. Напротив, тој станува уште поопасен, зашто со тоа речиси несвесно го земаме. Едно од сатанските лукавства е - со лагата да се соединува токму толку вистина колку што е потребно таа да изгледа веројатна. Водачите на неделното движење можат да застапуваат реформи што му се потребни на народот, начела што се сообразени со Библијата, но се додека кај нив има барања што се противат на Божјиот закон, Божјите слуги не можат да се соединат со нив. Нитттто не може да ги оправда што ги отстрануваат Божјите заповеди заради човечките прописи.GCMkd 459.1

    Со две големи заблуди, со заблудата за бесмртност на душата и со заблудата за празнување на неделата, сатаната ќе успее да ги прелаже луѓето. Додека првата заблуда поставува темели за спиритизмот, втората создава врска на пријателство со Рим. Протестантите во Соединетите Држави први ќе подадат рака преку понорот за да ја прифатат раката на спиритизмот; тие ќе го премостат и амбисот за да се ракуваат со римската сила и под влијание на овој трикратен сојуз, оваа земја ќе појде по стапките на Рим и ќе ги погази правата на совеста.GCMkd 459.2

    Бидејќи спиритизмот необично верно го имитира денешното христијанство по име, тој има посилна моќ да измами и да заведе. Лично сатаната се обраќа на модерен начин. Тој ќе се појави како светлосен ангел. Со помош на спиритизмот ќе се јавуваат натприродни манифестации; ќе се исцелуваат болни и ќе се случуваат многу непобитни чуда. И бидејќи лошите духови ќе тврдат дека веруваат во Библијата и ќе покажат почит кон прописите на црквата, нивното дело ќе биде примено како откровение на Божјата сила.GCMkd 460.1

    Разлжката меѓу оние пгго велат дека се христијани и неверниците сега одвај може да се забележи. Верниците на црквите го сакаат она што го сака светот и готови се да се соединат со него, а сатаната решил да ги поврзе во едно тело за да го засили своето дело така што сите ќе ги вовлече во редовите на спиритизмот. Католиците, кои се фалат со чуда како сигурен знак дека нивната црква е вистинска црква, ќе бидат лесно измамени од оваа чудотворна сила, а протестантите, кои го отфрлаат штитот на вистината, ќе бидат заведени од истата таа сила. Католиците, протестантите и световните луѓе подеднакво ќе го прифатат овој изглед на побожност без нејзината сила, и во ова заедништво ќе видат големо дви жење за преобраќање на цел свет и за воспоставување на толку долго очекуваното илјадагодишно царство.GCMkd 460.2

    Со помош на спиритизмот сатаната се појавува како добротвор на човечкиот род; тој ги лекува болестите на луѓето и се претставува како оној што донесува нова и повозвишена религија, а во исто време работи како рушител. Неговите искушенија мнозина водат во пропаст. Неумереноста го отапува разумот; кон ова следат сетилни задоволства, караници и крвопролевања. Сатаната ужива во војната, зашто војната буди најлоши етрасти во душата и потоа ги фрла во вечна пропаст своите жртви потонати во порок и крв. Негова цел е народите да ги раздразни да војуваат едни против други, зашто така може мислите на луѓето да ги одврати од неопходната подготовка да опстанат во денот на Божјето доаѓање.GCMkd 460.3

    Сатаната исто така работи преку природните сили да ги собере неподготвените души за својата жетва. Тој ги проучил тајните на лабораторијата на природата и сета своја моќ ја употребува да завладее со нив во онаа мера колку што му дозволува Бог. Кога му било дозволено да го искуша Јова, колку бргу биле уништени стадата, слугите, куќите и децата - несреќите се нижеле со секавична брзина. Бог е тој што ги чува своите еозданија и ги штити од силата на уништувањето. Но христијанскиот свет покажал презир кон Божјиот закон и Господ ќе го исполни она што го кажал. Тој земјата ќе ја лиши од своите благослови и ќе ја повлече својата заштита од оние што стануваат против неговиот Закон, што ги учат и ги присилуваат и другите да прават така. Сатаната има власт над сите што не ги штити Бог на посебен начин. Тој на некои ќе им помогне и ќе ги направи среќни за поуспешно да ги изведе своите намери, додека другите ќе ги турне во неволја и ќе ги наведе да веруваат дека Бог е тој што ги мачи.GCMkd 460.4

    Додека сатаната им се претставува на луѓето како голем лекар кој може да ги исцели сите нивни болести, во исто време тој ќе ги обремени со болести и несреќи и цели градови ќе претвори во урнатини и пустош. Дури и сега е на дело. Во несреќите и катастрофите на вода и на копно, во големите пожари, во страшните луњи и во паѓањето на град, во бурите, во поплавите, во циклоните, во високите плими и во земјотресите, на секое место и во илјада облици сатаната ја покажува својата моќ. Тој ја уништува зрелата жетва и тогаш настапуваат глад и неволја. Воздухот го исполнува со смртоносни зарази и илјадници умираат од епидемии. Овие несреќи ќе бидат се почести и се поопасни. Пропаст ќе наиде како на луѓето така и на животните. „Земјата тажи, венее, светот гине, се гаси... немаат сила народните поглавари... земјата е осквернета под своите жители, зашто го престапија Законот, ги погазија уредбите, го раскинаа вечниот завет” (Исаија 24,4.5).GCMkd 461.1

    И тогаш големиот измамник ќе ги убеди луѓето дека причина за овие зла се оние што му служат на Бога. Грешниците, кои всушност го предизвикале небесното негодување, сиот товар ќе го струполат врз оние чијашто послушност кон Божјите заповеди е постојан прекор за престапниците. Ке се тврди дека луѓето кои не ја почитуваат неделата, со тоа го навредуваат Бога; дека овој грев навлекува неволја што нема да престане се додека не бидат присилени сите да ја празнуваат неделата, и дека оние што проповедаат држење на четвртата заповед и со тоа го поткопуваат почитувањето на неделата, го бунат народот, спречувајќи го повторно да ја добие божествената милост и да постигне земна благосостојба. Така ќе се повторат некогашните обвинувања против Божјите слуги, и тоа за истата причина: „Штом Ахав го виде Илија, му рече: ‘Ти ли си оној што го упропастуваш Израел?’ Илија му одговори: ‘Израел не го упропастувам јас, туку ти и твоето семејство, зашто го оставивте Господа, а ти си след- беник на Вал’” (1. Царевите 18,17.18). Кога лажните обвинувања ќе предизвикаат гнев кај луѓето, тие против Божјите слуги ќе применат постапка мошне слична на онаа што ја применил отпаднатиот Израел против Илија.GCMkd 461.2

    Силата што прави чуда, а што се открива преку спиритизмот, ќе го употреби своето влијание против оние што ќе изберат побргу да го слушаат Бога отколку луѓето. Во своите пораки духовите ќе изјавуваат дека Бог ги пратил да ги уверат противниците на неделата оти се во заблуда и да потврдат дека земните закони треба да се почитуваат како Божји закон. Тие ќе покажуваат жалење поради големата расипаност што владее во светот и, заедно со верските учители, ќе тврдат дека ниската состојба на моралот е предизвикана од сквернавењето на неделата. Силно ќе биде негодувањето на светот против оние што ќе одбијат да им веруваат на нивните зборови.GCMkd 462.1

    Постапката на сатаната со Божјиот народ во овој последен судир е иста каква што била на почетокот на големата борба на небото. Тој се преправал како да сака да го зацврсти Божјето владеење, а всушност потајно преземал се за да го собори. И токму делото што настојувал да го изврши тој, на овој начин им го припишувал на ангелите кои останале верни. Исто вакво лукавство ја обележува историјата на Римската црква. Таа тврди дека дејствува како небесен намесник, а всушност настојува да се издигне над Бога и да го промени неговиот Закон. Оние кои поради својата верност кон евангелието претрпеле смрт за време на владеењето на Рим, биле жигосани како злосторници. За нив се тврдело дека се во сојуз со сатаната. Биле употребени сите можни средства за да бидат обвинети и во очите на народот, па дури и во своите еопствени очи, да изгледаат како најлоши злосторници. Така ќе биде и сега. Настојувајќи да ги уништи оние што го почитуваат Божјиот закон, сатаната ќе стори тие да бидат обвинети како престапници на Законот, како луѓе што не го почитуваат Бога и со тоа ги навлекуваат на светот неговите судови.GCMkd 462.2

    Бог никогаш не ја присилува волјата или совеста на луѓето, а сатаната, напротив, секогаш се служи со најгрубо насилство да ги доведе под своја власт оние што не може да ги заведе на друг начин. Тој се обидува со страв и со насилство да завладее со совеста на луѓето и да изнуди нивна послушност. За да ја постигне оваа цел, тој работи и преку духовните, а и преку световните власти, поттикнувајќи ги да наметнат човечки закони кои се во спротивноет со Божјиот закон.GCMkd 462.3

    Оние што ја почитуваат библиската сабота ќе бидат обвинети како непријатели на законот и редот, како луѓе што ги уриваат моралните огради на општеството, како причина за анархијата и расипаноста, како суштества што навлекуваат на земјата Божји судови. Нивното совесно држење на Божјиот закон ќе се прогласи како упорност, тврдоглавост и презирање на власта. Тие ќе бидат обвинети дека не ги почитуваат властите. Проповедниците што ја негираат задолжителноста на божесгвениот Закон ќе проповедаат од проповедална за должноста да се слушаат граѓанските власти како од Бога одредени. Оние што ги држат Божјите заповеди. во законодавните тела и во судските сали ќе бидат лажно претставени и осудени. На нивните зборови ќе им се даде лажна смисла, а на нивните постапки ќе им бидат припишани најлоши побуди.GCMkd 462.4

    Кога протестантските цркви ќе ги отфрлаат јасните библиски докази во прилог на Божјиот закон, тие ќе настојуваат да ги замолкнат сите чијашто вера не можат да ја соборат со Библијата. Иако ги затвораат очите пред фактите, тие, сепак, ја прифаќаат постапката што ќе доведе до прогонство на оние кои свесно се противат да го прават она што го прави другиот христијански свет и кои не се согласуваат да го почитуваат папскиот ден за одмор.GCMkd 463.1

    Црковните и световните достоинственици ќе се здружат за да ги поткупат, да ги наговорат или да ги присилат сите луѓе да ја празнуваат неделата. Недостигот од божествени докази ќе биде заменет со присилни мерки. Политичката расипаноет ќе ја уншпти љубовта кон правдата и почитувањето кон вистината. Дури и во слободарска Америка, државниците и законодавците, за да си обезбедат наклоност од страна на јавноста, ќе се повлечат пред сеопштото барање со закон да биде наметнато празнувањето на неделата. Слободата на совеста, извојувана со толку многу жртви, нема повеќе да се почитува. Во судирот што ќе избувне наскоро, ќе видиме исполнување на зборовите на пророкот: „Се разгневи ламјата против жената, па отиде и стапи во војна со остатокот на нејзиното потомство, со оние што ги држат Божјите заповеди и имаат сведоштво Исусово” (Откровение 12,17).GCMkd 463.2

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents