Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
ГОЛЕМАТА БОРБА - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА

    _______________

    Вилијам Милер и неговите соработници ја проповедаа науката за повторното Христово доаѓање со една цел: своите ближни да ги поттикнат да се приготват за судот. Тие се трудеа во срцата на формалните христијани да разбудат вистинска надеж на црквата и да им укажат на потребата од подлабоко христијанско искуство. Исто така настојуваа необратените да ги уверат дека нивна должност е неодложно да се покаат и да се обратат на Бога. „Не се обидуваа никого да го преобратат на некаква секта или верека група, па затоа работеа меѓу сите групи и секти, не мешајќи се во нивните организации и црковни прописи.”GCMkd 292.1

    „Во сета моја работа”, кажува Милер, „никогаш не сакав и никогаш немав намера да создадам нов правец надвор од постојните цркви или во што и да е на една црква да и дадам предимство на сметка на друга. Имав намера на сите да им бидам од полза. Претпоставував дека сите христијани ќе се радуваат за надежта во скорашното Христово доаѓање и дека сите што не можеа да ја разберат оваа вистина, како што ја разбрав јас, нема помалку да ги сакаат другите што ќе ја прифатат оваа наука, и не помислував дека некогаш ќе бидат потребни посебни состаноци. Единствена моја цел беше луѓето да ги поврзам со Бога, на светот да му го објавам судот што доаѓа и моите ближни да ги поттикнам да извршат подготовка на срцата, што ќе им помогне во мир да го пречекаат својот Господ. Големо мноштво од оние што беа преобратени со мојот труд преминаа во другите цркви” (Bliss, page 328).GCMkd 292.2

    Бидејќи се чинеше дека Милер со својот труд ги утврдува црквите, извесно време кон него се однесуваа благонаклоно. Но, кога проповедниците и верските водачи решија да станат против науката за второто Христово доаѓање и решија да задушат секакво ширење на науката, и се противставија не само од проповедална, туку на своите верници им забранија и да слушаат проповеди за второто доаѓање и на своите состаноци да зборуваат за оваа надеж. Така верните се најдоа во тешка положба и беа збунети. Тие ги сакаа своите цркви и нерадо се одделуваа од нив. Но, кога видоа дека сведочењето на Божјата реч се потиснува и дека им се негира правото да ги истражуваат пророштвата, беа уверени дека верноста кон Бога е на прво место. Оние што го отфрлаа сведоштвото на Божјата реч не можеа да ги сметаат за Христова црква која е „столб и тврдина на вистината”. Затоа тие сметаа дека е оправдано да се изделат од своите довчерашни цркви. Летото 1844 година истапија од црквите околу педесет илјади верници.GCMkd 292.3

    Во тоа време во повеќето цркви во Соединетите Држави се забележуваше значајна промена. Многу години наназад се забележуваше постепено и се поголемо прилагодување кон световните обичаи и навики и поради тоа се поголемо опаѓање на вистинскиот духовен живот. Но таа година речиси во сите цркви во земјата се покажаа знаци на нагло и значајно опаѓање. Се чинеше дека никој не може да ја пронајде причината за тоа; меѓутоа, овој факт беше познат и за тоа се расправаше во печатот и од проповедална.GCMkd 293.1

    На собирот на проповедниците во Филаделфија, господинот Бернс, писател на еден мошне познат библиски коментар и проповедник на една од најистакнатите цркви во овој град рекол „дека веќе дваесет години е во проповедничка служба и дека никогаш, до последниот обред на Господовата вечера, не поделил причест а да не прими во црквата поголем или помал број нови верници. Но сега нема повеќе будење, нема преобраќања, меѓу верниците нема видливо растење во милоста и никој не доаѓа повеќе да разговара со него за спасението на својата душа. Со зголемувањето на деловноста и со се поголемиот процут на трговијата и индустријата, се повеќе се зголемува световноста кај верниците. Така е кај сите верски заедници” (Congregational Journal, May 23,1844).GCMkd 293.2

    Bo февруари истата година, професорот Фини од колеџот во Оберлин, рекол: „Забележавме дека сите протестантски цркви во нашата земја се рамнодушни или дури непријателски расположени речиси кон сите морални реформи на нашето време. Има некои исклучоци, но не толку овој факт да не можеме да го сметаме како општ. Имаме уште еден друг факт што го докажува ова: речиси целосно отсуетво на она влијание што ги оживува црквите. Сите ги проникнала духовна рамнодушност и таа е мошне длабока; тоа го потврдува верскиот печат во цела земја... Верниците на црквата во голема мера ја прифатиле модата, одат рака под рака со неверни на излети, на игранки и на други разни забави, итн... Но, да не зборуваме повеќе за овие мачни работи. Доста е што се напластуваат докази кои тешко не товарат. Тоа покажува дека црквите жално се изопачиле. Тие многу се оддалечиле од Господа и Тој се повлекол од нивGCMkd 293.3

    Еден писател во познатото верско списание „Религиозен телескоп”, тврди: „Никогаш до сега не сме биле сведоци на такво општо верско опаѓање. Навистина, црквата треба да се разбуди и да ги испита причините за својата бедна состојба, зашто секој што го сака Сион, мора да утврди дека состојбата на црквата навистина е бедна. Кога мислиме за тоа колку се ретки случаите на вистинско преобратување, а од друга страна, кога ја гледаме неспоредливата безочност и окоравеност на грешниците, тогаш и не сакајќи мораме да извикнеме: ,3ар Бог заборавил да биде милостив, или можеби вратата на милоста е затворена?’”GCMkd 294.1

    Причината за ваквата состојба лежи во самата црква. Духовната темнина што ги обвива народите, црквите и поединците, во никој случај не смее да му се припише на Господа, на некакво негово самоволно лишување на луѓето од помошта на божествената милост, туку за тоа се виновни луѓето затоа што ја занемариле и ја отфрлиле божествената светлина. Добар пример за таа вистина ни дава историјата на Евреите во Христово време. Оддавајќи се на световни уживања и заборавајќи го Бога и неговата Реч, нивните сфаќања станале затемнети, а нивните срца телесни и сенилни. Затоа не знаеле ништо за Христовото доаѓање и во својата гордост и неверство го отфрлиле Избавителот. Но и тогаш Бог уште не го лишил еврејскиот народ од познавањето на спасението и од учеството во неговите благослови. Меѓутоа, оние што ја отфрлиле вистината, загубиле секаква желба за небесниот подарок. „Од мракот создале светлина, а од светлината мрак”, додека светлината што била во нив не станала темнина; а колку тешка била оваа темнина!GCMkd 294.2

    На сатаната му одговара луѓето на изглед да бидат побожни, a не да имаат и дух на жива, вистинска побожност. По отфрлањето на евангелието, Евреите ревносно продолжиле да ги извршуваат своите стари обреди. Строго ги чувале своите национални огради, додека најпосле и самите морале да признаат дека Бог не се појавува повеќе во нивната средина. Пророштвото на Даниел толку јасно упатувало на времето на доаѓањето на Месија и толку точно ја преткажало неговата смрт, што еврејските свештеници ги одвраќале луѓето од проучување на ова пророштво. Најпосле рабините ги проколнале сите што се обидувале да го пресметаат времето на доаѓањето на Месија. Со столетија израелскиот народ живее во слепило и непокајание, рамнодушен кон милостивите понуди на спасението и немарен за благословите на евангелието. Тоа е свечена и страшна опомена што предупредува на опасноста од отфрлање на небесната светлина.GCMkd 294.3

    Истите причини секогаш имаат исти последици. Оној што намерно го задушува чувството на својата должност затоа што тоа им пречи на неговите наклоности, конечно ќе ја загуби моќта да ја разликува вистината од заблудата. Разумот слабее, совеста отапува, срцето се дрвосува, душата се одделува од Бога. Таму каде што се омаловажува и се презира веста на божествената вистина, црквата ќе биде обвиена во темнина; верата и љубовта истинуваат и настанува отуѓеност и раздор. Членовите на црквата своите интереси и сили ги сосредоточуваат на световните работи, а грешниците се стврднуваат во непокајание.GCMkd 295.1

    Првата ангелска вест од Откровението 14. глава, која го објавува времето на Божјиот суд и ги повикува луѓето да му се поклонат на Бога, беше одредена да го оддели Божјиот народ од штетното влијание на светот и да го разбуди за да ја запознае својата вистинска состојба, состојбата на телесност и отпад. Во оваа вест Бог на црквата и прати опомена, и да беше прифатена, таа ќе го отстранеше злото што ги одделуваше луѓето од него. Да ја прифатија небесната вест, да ги понизија своите срца пред Господа и искрено да се приготвија за да опстанат во негова близина, меѓу нив ќе се манифестираше Духот и Божјата сила. Црквата пак ќе ја постигнеше онаа благословена состојба на единство, вера и љубов, што постоеле во времето на апостолите кога сите верни имале „едно срце и една душа”, и кога „секој ден Господ ги придодаваше тие што се спасуваа”.GCMkd 295.2

    Оние што тврдеа дека се Божји народ, да ја прифатија светлината што ги осветлуваше од Божјата реч, ќе го постигнеа она единство за кое се молел Христос, а кое апостол Павле го опишува како „единство на Духот, поврзани со мир”. Тоа е, кажува тој, „едно тело и еден Дух, како што сте и вие повикани во една надеж на вашето призвание. Еден Господ, една вера, едно крштавање” (Ефесците 4,3-5).GCMkd 295.3

    Такви благословени резултати доживеаја тие што ја примија адвентната вест. Тие дојдоа од разни верски заедници, но ги урнаа оградите што ги делеа и ги отстранија противречните верувања. Ја напуштија небиблиската надеж во земно илјадагодишно царство, ги исправија погрешните мислења за второто Христово доаѓање и ја отстранија гордоста и прилагодувањето кон светот. Неправдите беа надминати, срцата се соединија во најчиста братска заедница и завладеаја љубов и радост. Кога оваа наука го стори тоа за овие малку луѓе што ја прифатија, истото тоа таа ќе го стореше за сите христијани кога сите ќе ја прифатија.GCMkd 295.4

    Но повеќето цркви не ја прифатија оваа опомена. Нивните проповедници, како „чувари во домот Израелов”, први требаше да ги забележат знаците на Христовото доаѓање. Меѓутоа, тие не ја запознаа вистината ниту од сведоштвата на пророците ниту од знаците на времето. Бидејќи нивните срца беа исполнети со световен дух и со честољубие, љубовта кон Бога и верата во неговата Реч истинаа, и кога почна да се изнесува адвентната наука, таа кај нив разбуди само предрасуди и неверство. Фактот што оваа вест во поголем број случаи ја проповедаа обични членови на црквата беше иетакнуван како доказ против неа. Како и некогаш, наспроти јасното сведоштво на Божјата реч, се поставуваше прашањето: „Поверува ли во него некој од кнезовите фарисејски.” Гледајќи дека е тешко да се негираат доказите до кои се дојде со проучување на пророчките времиња, ги одвраќаа другите од проучување на пророштвата и тврдеа дека пророчките книги се запечатени и дека не можат да се разберат. Мнозина, кои слепо им веруваа на своите духовни пастири, одбиваа да ја слушаат опомената; а други, иако осведочени во вистината, не се осмелија да ја признаат „за да не бидат исклучени од црквата”. Веста што ја прати Бог да ја испита и да ја исчисти црквата јасно откри колку голем беше бројот на оние што својата љубов му ја подариле на светот наместо на Христа. Врските што ги врзуваа за земјата беа посилни од оние што ги привлекуваа кон небото. Решија да го слушаат гласот на световната мудрост и се одвратија од веста на вистината што го испитува срцето,GCMkd 295.5

    Отфрлајќи ја опомената на првиот ангел, го отфрлија средството што го предвидело Небото за нивна преродба. Го презреа весникот на милоста кој можеше да ги отстрани пречките што ги делеа од Бога и со уште поголема желба се вратија на световните уживања. Тоа беше причината за онаа страшна состојба на световноста, за отпадот и за духовната смрт што завладеаја со црквите во 1844 година.GCMkd 296.1

    Во Откровение 14. глава првиот ангел го следи друг кој објавува: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство” (Откровенне 14,8). Изразот „Вавилон” доаѓа од зборот „вавел”, што значи бркотија, метеж. Овој израз се употребува во Светото писмо да означи разни облици на лажни или отпаднати религии. Во Откровение 17. глава Вавилон е прикажан како жена, слика со која се служи Библијата симболички да ја означи црквата. Непорочната жена ја претставува вистинската црква, а блудницата - отпаднатата црква.GCMkd 296.2

    Во Библијата светиот и траен карактер на односот меѓу Христа и неговата црква се прикажува со брачна врска. Господ својот народ го соединил со себе со свечен завет и ветил дека ќе биде негов Бог, а народот се обврзал дека ќе му припаѓа нему, само нему. Тој вели: „Ќе те свршам довека за себе, ќе те свршам во правда, во добрина и во милост” (Осија 2,19). И повторува: „Јас сум ваш маж” (Еремија 3,14). И Павле го употребува истиот израз во Новиот завет кога кажува: „Ве свршив со еден маж за да ве приведам како чиста девица пред Христа” (2. Коринќаните 11,2).GCMkd 296.3

    Неверството на црквата кон Христа се споредува со браколомство кое се јавува кога таа својата доверба и љубов ги пренасочува од Господа кон светот - кога нејзината душа ја проникнува љубов кон светот. Гревот на Израел, неговото оддалечување од Господа, ни е прикажан со таа слика. А Божјата прекрасна љубов што тој ја презрел, се изнесува трогателно со овие зборови: „Ти се заколнав и стапив во сојуз со тебе, вели Господ Бог, и ти стана моја.” „И беше многу убава, прекрасна, слична на царида. Гласот за твојата убавина се рашири меѓу народите зашто ти беше совршена во мојот накит со кој те искитив... Но твојата убавина те занесе, заради својот глас се предаде на блудство; своето блудство му го нудеше изобилно на секој минувач, негова беше.” „Но, како жена што го изневерува својот маж, така вие ме изневеривте мене, доме Израелов, вели Господ.” „Ти беше како неверна жена која, место својот маж, прибра туѓи мажи” (Езекил 16,8.13-15; Еремија 3,20; Езекил 16,32).GCMkd 297.1

    И во Новиот завет слични зборови им се упатени на христијаните кои повеќе се наклонети кон светот отколку кон Бога. Апостол Јаков вели: „Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство спрема Бога? Така, кој сака да му биде пријател на светот, му станува непријател на Бога” (Јаков 4,4).GCMkd 297.2

    Жената (Вавилон) во Откровение 17. глава се прикажува како жена „облечена во пурпурно и во црвено, и накитена со злато, со скапоцени камења и со бисери, и во својата рака држеше златна чаша, полна со гнасотијата и нечистотијата од нејзиното блудство, а на челото, пак, и беше напишано име, тајна: Толемиот Вавилон1, мајка на блудниците и на земните гнасотии.” Пророкот вели: „И ја видов жената пијана од крвта на светите и од крвта на Исусовите еведоци” (Откровение 17,4-6). Понатаму за Вавилон се кажува дека е „голем град кој владее над земните цареви” (Откровение 17,18). Силата која многу векови деспотски господарела над христијанските владетели бил Рим. Пурпурот и црвеното, златото, скапоцените камења и бисерот, живо го прикажуваат сјајот и царскиот раскош со кој се гордеел Рим. Ниту за една друга власт не може со толкаво право да се каже дека е „пијана од крвта на еветите” како за онаа која толку свирепо ги прогонувала Христовите следбеници. Вавилон е виновен и за грев поради незаконски врски со „земните цареви”. Со оддалечувањето од Господа и со врската со многубошците, еврејската црква станала блудница; а Рим, кој и самиот на ист начин се расипал, добива иста пресуда.GCMkd 297.3

    За Вавилон се кажува дека е „мајка на блудниците”. За нејзини ќерки мораме да ги сметаме оние цркви што ја прифаќаат нејзината наука и нејзините преданија и го следат нејзиниот пример, зашто ја жртвуваат вистината и Божјата наклоност за да стапат во незаконита врска со светот. Веста во Откровението 14. глава, што го објавува падот на Вавилон, мора да се однесува на верските заедници кои некогаш биле чисти, па се расипале. Бидејќи по оваа вест следи опомена за судот, значи дека таа мора да се објави во последните денови, и затоа не може да се однесува само на Римската црква, зашто таа веќе многу векови се наоѓа во падната состојба. Понатаму, во осумнаесеттата глава на Откровението Божјиот народ се повикува да излезе од Вавилон. Според овој текст на Светото писмо, многу Божји деца уште се наоѓаат во Вавилон. Но во кои верски заедници се наоѓа денеска поголемиот дел на Христовите следбеници? Без сомнение, во разни заедници што исповедаат протестантска вера. Во времето кога настанале, овие заедници имале исправен став кон Бога и кон неговата вистина и врз нив почивал негов благослов. Дури и неверниот свет морал да ги признае благотворните последици што ги носело прифаќањето на начелата на евангелието, како што му кажал пророкот на Израел: „Гласот за твојата убавина се разнесе меѓу народите зашто ти беше совршена во мојот накит со кој те искитив, вели Господ Бог” (Езекил 16,14). Но овие заедници паднале поради истите стремежи што му донеле на Израел проклетство и пропаст - поради стремежот да ги прифатат обичаите на неверниците и да се спријателат со нив. „Но твојата убавина те занесе, заради својот глас ти се оддаде на блудство” (Езекил 16,15).GCMkd 298.1

    Многу протестантски цркви го следат примерот на Рим во недозволените врски со „земните цареви”. Државните цркви тоа го прават со своите односи кон световните власти, а другите верски заедници со тоа што бараат наклоност од светот. Изразот Вавилон (бркотија) со право може да се примени на тие верски заедници, од кои секоја тврди дека својата наука ја зема од Библијата, иако се безнадежно подељени на безброј секти, со остро противставени верувања и теорииGCMkd 298.2

    Освен недозволените врски со светот, овие заедници што се одделиле од Рим покажуваат уште и други негови особини. Едно римокатоличко дело тврди: „Ако Римската црква е виновна за идолопоклонство затоа што почитува светци, тогаш за исто дело виновна е и нејзината ќерка, Англиканската црква, зашто има десет цркви посветени на Марија на една која му е посветена на Исуса” (Richard Challoner, The Catholic Christian Instructed, Preface, pages 21,22).GCMkd 298.3

    Д-р Хопкинс во својата „Студија за илјадагодишното царство” вели: „Немаме причина антихристијанскиот дух и неговите обичаи да и ги припишеме само на онаа црква што се вика Пимска. Протестантските цркви во себе имаат многу од она што б можело да се нарече антихристијанско, и далеку се од тоа дека потполно се реформирани од..., ослободени од расипаноста и од безбожноста” (Samuel Hopkins, Works, vol. 2, p. 328).GCMkd 299.1

    Зборувајќи за изделувањето на Презвитеријанската црква од Рим, д-р Гатри пишува: „Пред триста години нашата црква ја напуштила вратата на Рим со отворена Библија на своето знаме и со девиза на усните: ‘Истражувајте го Писмото! Потоа тој поставува значајно прашање: „Дали таа излегла чиста од Вавилон?” (Thomas Guthrie, The Gospel in Ezekiel, page 237).GCMkd 299.2

    Спурџон кажува: „Се чини дека целата Англиканска црква е целосно изедена со наука за светите тајни; додека нонкомформизмот во иста мера е изрешетен со филозофско безверие. Оние од кои очекувавме нешто подобро, еден по еден ги напуштаат темелите на верата. Наполно сум осведочен дека самото срце на Англија е заразено со погубно неверство што се уште се осмелува да се качува на проповедална и да се нарекува христијанство.”GCMkd 299.3

    Што било причина за големиот отпад? Како се оддалечила црквата во почетокот од едноставноста на евангелието? Таа се прилагодила кон обичаите на многубошците за да им го олесни прифаќањето на христијанството. Апостол Павле уште во тоа време изјавил: „Веќе дејствува тајната на беззаконието...” (2. Солуњаните 2,7). Додека биле живи апостолите, црквата била сразмерно чиста. Но „кон крајот на вториот век, повеќето цркви примиле нов облик. Исчезнала поранешната едноставност. Кога изумреле старите ученици, незабележано дошле нивните деца и новообратени... ја презеле власта и го преобликувале делото” (Robert Robinson, Ecclesiastical Researches, ch. 6, par. 17, p. 51). За да придобијат приврзаници, ги снижиле возвишените начела на христијанската вера, а како последица на тоа настапила „незнабожечка поплава која навлегла во црквата и со себе ги донела своите обичаи, церемонии и идоли” (Gavazzi, Lectures, page 278).GCMkd 299.4

    Kora христијанството си обезбедило наклоност и потпора од световните владетели, маса многубошци се преобратиле; но, иако на изглед станале христијани, мнозина „всушност останале многубошци, почитувајќи ги потајно своите идоли” (Исто, page 278).GCMkd 299.5

    Зар истиот процес не се повторувал речиси во секоја црква што се вика протестантска? Кога умреле нејзините основачи, кои биле проникнати со вистински дух на реформа, дошле нивните наследници и се добило нов изглед. Држејќи се слепо за верувањето на своите татковци и одбивајќи да прифатат која било нова вистина надвор од реформацијата, следбениците на реформаторите отишле далеку од примерот на предците во понизноста, во самопрегорот и во еамооткажувањето од светот. Така „исчезнала првата едноставност”. Црквата ја поплавил световен бран кој „со себе ги донел своите обичаи, церемонии и идоли”.GCMkd 300.1

    Сега меѓу Христовите следбеници се негувало она пријателство со светот што е „непријателство спрема Бога”. Колку многу големите цркви во христијанскиот свет се оддалечиле од библиската понизност, од самооткажувањето, од едноставноста и побожноста! Зборувајќи за вистинската употреба на парите, Џон Весли рекол: „Не трошете ниту малку од тој толку драгоцен дар за да ја задоволите желбата за излишна и скапоцена облека или за непотребно украсување, за вештачка декорација на вашите домови, за излишна и скапоцена покуќнина или за скапоцени слики и украси од злато... He трошете ништо на суетниот живот за да предизвикате восхит и да го привлечете вниманието на луѓето... Додека ти е добро, луѓето за тебе ќе зборуваат добро. Додека 386 се облекуваш во пурпур и во скапоцена облека и живееш секој ден во изобилство, без сомнение, мнозина ќе го воспеваат твојот вкус, твојата дарежливост и твоето гостопримство, но немој да ја плаќаш толку скапо нивната наклоност; подобро е да се задоволиш со чеета што доаѓа од Бога” (Wesley, Works, Sermon 50, “The Use of Money”). Меѓутоа, денеска во многу цркви овој совет е занемарен.GCMkd 300.2

    Да се припаѓа на една вероисповед во светот станало нешто вообичаено. Владетелите, политичарите, правниците, лекарите, трговците - сите стануваат верници на некоја црква за општеството повеќе да ги почитува и да има доверба во нжв и да бидат поуспешни во своите работи. Така тие се обидуваат своите неправедни работи да ги покријат со плашт на христијанската вероисповед. Разни верски заедници, засилени со богатството и со влијанието на овие покрстени световни луѓе, можеле уште повеќе да стекнат популарност и поголем број покровители. Во најубавите улици подигнати се величествени цркви, раскошно украсени. Верниците што доаѓаат на богослуженијата се облекуваат според модата и во скапоцени облеки. На надарените проповедници им се дава голема плата да го забавуваат и да го привлекуваат народот. Нивните проповеди не смеат да ги жигосаат народните гревови туку мораат да бидат мили за нивните уши и убаво да звучат. Така во црковните книги се запишувани угледни грешници, а фините гревови прикажувани со наметка на побожност.GCMkd 300.3

    Зборувајќи за сегашниот однос на американските христијани кон светот, еден познат весник пишува: „Црквата неусетно го прифатила духот на времето и своите богослуженија ги прилагодила кон современите барања.” „Навистина, црквата сега употребува како свое орудие се што може верата да ја стори привлечна.” Еден писател во њујоршкиот лист „Индепендет” за денешниот методизам го пишува следното: „Се повеќе се губи границата што ги разделува побожните од безбожните, а ревните луѓе од обете страни се трудат наполно да ја отстранат разликата меѓу начинот на нивното постапување и на нивните забави... Популарноста на религијата придонела многу да се зголеми бројот на оние што сакаат да ги уживаат нејзините благослови, но често не ги исполнуваат своите должности.”GCMkd 301.1

    Хауард Крозби вели: „Многу не загрижува тоа што христи јанската црква толку малку ги исполнува Господовите намери. Како некогаш Евреите што се одвратиле од Бога поради пријателските врски со идолопоклониците, така и денешната Христова црква го напушта вистинскиот, божествениот живот, поради недозволените врски со неверниот свет” (The Healthy Christian: An Appeal to the Church, pages 141,142).GCMkd 301.2

    Bo оваа поплава на световно влијание и желба за уживање речиси сосем се загубило самооткажувањето и еамопожртвувањето заради Христа. „Некои луѓе, кои сега работат во нашите цркви, како деца биле поучувани да се жртвуваат за да бидат способни нешто да дадат и да сторат за Христа. Но сега, во случај да нема средства, од никого не се бара нешто да даде. О не! Приредете хазард, лотарија, шеговита вечер, банкет, или што било, само народот да се забавува.”GCMkd 301.3

    Гувернерот на Винсконсин, Вашберн, во својот годишен проглас на 9 јануари 1873 г. изјавил: „Се чини дека се неопходни закони за да се укинат училиштата што создаваат коцкари. Тие се наоѓаат насекаде. Дури и црквата (без сомнение несвесно) понекогаш го врши ова сатанско дело. Се приредуваат приредби со подароци, со доброволни лотарии и со разни извлекувања, често во религиозни и добротворни цели, но мошне малку корисни. Лотаријата, пакетите и сл., ја постигнуваат целта да се дојде до пари, а да не се даде противвредност. Ништо не е толку опасно за моралот и толку отровно, особено за младината, отколку да се стекнуваат пари и имот без труд. Кога угледни лица се занимаваат со лотарија, а нивната совест се умирува со тоа што тие пари одат во добротворни цели, тогаш не треба да се чудиме што младината се оддава на навики кои толку лесно се предизвикуваат со возбудливото играње на лотарија.”GCMkd 301.4

    Сите христијански цркви се проникнати со дух на прилагодување кон светот. Роберт Еткинс, во едно предавање одржано во Лондон, ја прикажал темната слика на духовното опаѓање што се забележува во Англија. Тој рекол: „Се помалку има вистински праведници на земјата, а на тоа никој не обрнува внимание. Денешните приврзаници на религијата во секоја црква го љубат светот, се однесуваат световно, сакаат лична удобност и се стремат кон углед. Тие се повикани да трпат за Христа, но се плашат од секој прекор. Отпад, отпад, отпад - напишано е на челото на секоја црква. Кога тие би го знаеле тоа и кога би можеле да го чувствуваат, уште би имало надеж; но, олеле! Тие велат: ‘Богати сме и се збогативме и не чувствуваме никаков недостиг!” (Second Advent Library, tract No. 39).GCMkd 302.1

    Голем грев што го товари Вавилон е тоа што „со отровното вино на својот блуд ги напои сите народи”. Овој отровен пехар, што му го нуди тој на светот, ја претставува лажната наука што ја примила црквата како последица на својата недозволена врска со земните големци. Пријателството со светот ја расипало нејзината вера и таа врши штетно влијание врз светот, ширејќи науки што се противни на јасното учење на Светото писмо.GCMkd 302.2

    Рим на народот му ја одзел Библијата и од секого барал да ја прими неговата наука наместо науката на Светото писмо. Задача на реформацијата била на човештвото да му ја врати Божјата реч. Но, зар не е вистина дека црквите на нашето време проповедаат - човекот својата вера мора да ја засновува повеќе на вероисповедта и на догмите на својата црква отколку на Светото писмо? Карло Бичер ни вели за протестантските цркви: „Тие се плашат од секој остар збор против нивната вероисповед со иста чуветвителност што ја покажувале и светите отци поради острите зборови против почитувањето на светците и мачениците што тие ги поддржувале... Протестантските евангелистички заедници така си ги врзале рацете една на друга, а и самите себеси, што кај нив никој не може да биде проповедник а да не прифати и по некоја друга книга освен Библијата... Нема претерување кога ќе се каже дека застапниците на догмите во протестантските редови почнуваат да ја забрануваат Библијата како што го правел тоа Рим, само на многу полукав начин” (Sermon on “The Bible a Sufficient Creed,” delivered at Fort Wayne, Indiana, Feb. 22,1846).GCMkd 302.3

    Kora Божјата реч ja толкуваат верни учители, тогаш се подигаат учени луѓе, проповедници по занимање, кои тврдат дека го разбираат Светото писмо, здравата наука ја нарекуваат кривоверство и со тоа ги одвраќаат од вистината луѓето што ја бараат. Кога светот не би бил наполно отруен со вавилонското вино, мнозина би се осведочиле и би се обратиле со помош на јасните вистини на Божјата реч. Но на подрачјето на верата владее таква бркотија и неслога, што народот не знае повеќе што да верува како вистина. Одговорноста за непокајаноста на светот лежи врз црквата.GCMkd 302.4

    Втората ангелска вест од Откровение 14. глава првпат се проповедаше летото во 1844 година и истата се однесуваше особено на црквите во Соединетите Држави каде што опомената за судот најмногу се објавуваше и главно беше отфрлена и каде што опаѓањето на црквата беше најбрзо. Но веста на вториот ангел не се исполни целосно во 1844 година. Тогаш црквите што се противеа да ја прифатат светлината на адвентната вест доживеаја морален пад, но сепак, тој пад не беше целосен. Бидејќи тие продолжија да ги отфрлаат посебните вистини одредени за тоа време, паѓаа се подлабоко. Сепак, уште не можеше да се каже: „Падна големиот Вавилон... зашто сите народи пиеја од виното на нејзиното распалено блудство.” Вавилон уште не ги опил сите народи. Дух на прилагодување кон светот и дух на рамнодушност кон вистините на нашето време постои и се прошири во сите протестантски цркви; тие цркви се опфатени со свеченото и страшно обвинување на вториот ангел. Но отпадот уште не го постигнал својот врв.GCMkd 303.1

    Библијата ни кажува дека пред Господовото доаѓање сатаната ќе дејствува „со секаква сила, со чудотворни знаци, со лажни чуда и со секаква неправедна измама”; и оние што „не ја примија љубовта на вистината за да се спасат”, ќе ги прифатат сите измами и ќе и веруваат на лагата (2. Солуњаните 2,9-11). Дури кога ќе настапи ваква состојба и кога во целото христијанство ќе се постигне обединување на црквата со светот, тогаш падот на Вавилон ќе биде целосен. Промената ќе настанува постепено, а Откровение 14,8 целосно ќе се исполни во иднина.GCMkd 303.2

    И покрај духовната темнина и отстапувањето од Бога во црквите што го сочинуваат Вавилон, мнозинството вистински Христови следбеници се уште се наоѓаат во тие верски заедници. Меѓу нив има многу такви кои никогаш не слушнале за посебните вистини за нашето време. Мнозина се незадоволни со својата сегашна состојба и копнеат за појасна светлина. Тие напразно го бараат Христовиот лик во црквите во кои се наоѓаат. Бидејќи овие верски заедници се повеќе се оддалечуваат од вистината и се соединуваат со светот, разликата меѓу овие две групи ќе станува се поочигледна, и најпосле ќе настапи ден кога тие ќе се разделат. Ќе дојде време кога оние што го љубат Бога повеќе од се не ќе можат и понатаму да останат поврзани со оние „кои се повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, a се откажале од нејзината сила” (2. Тимотеј 3,4.5).GCMkd 303.3

    Откровение 18. глава укажува на времето кога црквата, затоа што ќе ја отфрли тројната опомена од Откровение 14,6-12, во целост ќе ја постигне состојбата што ја изнел вториот ангел, a Божјиот народ, кој се уште е во Вавилон, ќе биде повикан да излезе од своите цркви. Ова е последна вест што ќе му биде објавена на светот и таа ќе ја изврши својата задача. Оние што не ја прифатиле вистината, што повеќе ја сакале неправедноста (2. Солуњаните 2,12), кога ќе и се предадат на силата на измамата да ii веруваат на лагата, тогаш светлината на вистината ќе ги осветли оние чиишто срца се подготвени да ја примат, и сите Божји деца што се наоѓаат во Вавилон ќе го прифатат повикот: „Излезете од неа, народе мој!” (Откровение 18,4).GCMkd 304.1

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents