Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
ГОЛЕМАТА БОРБА - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА

    _______________

    Во врска со саботата пророк Исаија преткажал нејзина реформа што ќе биде извршена во последните денови: „Вака вели Господ: ‘Пазете го правосудството и вршете ја правдата, зашто наскоро ќе дојде моето спасение и ќе се објави мојата правда. Блазе му на човекот кој прави така и на синот човечки кој се придржува за тоа: кој ја почитува саботата за да не ја оскверни и кој ги чува своите раце од секое зло дело.’” „А туѓинските синови, кои се определија за Господа да му служат, да го љубат Господовото име и да му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја осквернуваат и кои се постојанн во мојот завет, нив ќе ги доведам на мојата света гора и ќе ги развеселам во мојот молитвен дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на мојот жртвеник, зашто мојот дом ќе се нарече дом на молитва на сите народи” (Исаија 56,1.2.6.7).GCMkd 352.1

    Овие зборови се однесуваат на христијанскиот период како што се гледа тоа од следните зборови: „Господ Бог, кој ги собира распрснатите Израелци, вели: ‘Кон собраните кај Израел ќе собирам и други’” (Исаија 56,8). Овде се објавува собирање на многубошците со помош на евангелието. Тогаш над оние што ќе ја почитуваат саботата ќе се изрече благослов. Така обврската на четвртата заповед се протега преку времето на Христовото распнување на крст, преку неговото воскресение и вознесување; таа го опфаќа времето кога неговите елуги треба да им ја проповедаат радосната вест на сите народи.GCMkd 352.2

    Преку истиот пророк Господ заповеда: „Врзи го ова сведоштво, запечати го ова откровение меѓу моите ученици” (Исаија 8,16). Печатот на Божјиот закон се наоѓа во четвртата заповед. Само оваа заповед, од сите десет, покрај името ја изнесува и титулата на Законодавецот. Таа го означува како Творец на небото и земјата и со тоа покажува дека само Тој има право на слава и обожавање. Освен оваа заповед, нема ништо во Декалогот што би покажувало со чиј авторитет е даден овој Закон. Кога папската моќ ја ггроменила саботата, симнат е печатот од Законот. Христовите ученици се повикани пак да го воспостават со тоа што ќе ја издигнат саботата на нејзиното вистинско место како спомен-ден на Творецот и како знак на неговиот авторитет.GCMkd 352.3

    „Закон и сведоштво барајтеИма многу науки и теории, но Божјиот закон е единствено непогрешно мерило според кое треба да се просудуваат сите мислења, науки и теории. Пророкот вели: „Оној што не зборува така, за него нема зора” (Исаија 8,20).GCMkd 353.1

    Потоа е дадена заповед: „Викај од сето грло, не воздржувај се! Крени го својот глас како труба. Објави му ги на мојот народ неговите злосторства, на Јакововиот дом неговите гревови” (Исаија 58,1). Тоа не е безбожниот свет, туку оние што Бог ги нарекува „мој народ”, а кој поради своите престапи ќе биде казнет. Тој понатаму кажува: „Тие секој ден ме бараат и сакаат да ги знаат моите патишта кои, како народ, божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог. Од мене бараат праведни судови и копнеат за да им се приближи Бог” (Исаија 58,2). Овде се зборува за луѓето кои мислат дека се праведни и кои покажуваат навидум голем интерес за Божјата служба; но сериозниот и свечен укор од Оној што ги испитува срцата докажува дека тие ги газат Божјите заповеди.GCMkd 353.2

    Пророкот вака укажува на наредбата што била занемарена: „Ти ќе ги подигнеш старите урнатини, ќе ги востановиш основите на идните поколенија. Ке те викаат обновител на урнатините, градител на патиштата за населби. Ако ја воздржиш својата нога за да не ја погазиш саботата, ако не работиш во мојот свет ден и ако саботата ја нарекуваш радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш, воздржувајќи се од работа и од празни зборови, тогаш ќе најдеш своја радост во Господа” (Исаија 58,12-14). Ова пророштво се однесува и на денешно време. Кога папската власт ја променила саботата, тогаш во Божјиот закон настанала пукнатина. Но дошло време кога оваа божествена установа треба да биде обновена. Пукнатината треба да се поправи и да се подигнат старите темели.GCMkd 353.3

    Адам во својата невиност, во Едемската граджна, празнувал сабота, посветена и благословена од Творецот; ја празнувал дури и тогаш кога поради својот пад, кој горко го оплакувал, бил истеран од својата среќна татковина. Сите патријарси - од Авела па до праведниот Ное, Аврам и Јаков - ја празнувале саботата. Кога избраниот народ бил во египетско ропство, мнозина го заборавиле Божјиот закон поради идолопоклонството што владеело таму. Но кога го ослободил Израел, Господ го објавил својот Закон на величествен начин пред сиот народ за сите да ја дознаат неговата волја, да се бојат од него и секогаш да му бидат послушни.GCMkd 353.4

    Од тогаш, па се до денеска, на земјата се знаело за Божјиот закон и за саботата - за четвртата заповед - која се празнувала. Иако на „човекот на беззаконието” му успеало да го погази Божјиот свет ден, сепак, и за време на папската превласт, имало верни души кои ја празнувале саботата на скриени места. Од времето на реформацијата, во секое поколение имало луѓе што ја празнувале. И покрај честите подбиви и прогонства, секогаш имало луѓе што сведочеле за вечноста на Божјиот закон и за свечената обврска кон саботата како спомен на создавањето.GCMkd 353.5

    Овие вистини, прикажани во Откровение 14. глава во врска со „вечното евангелие”, ќе бидат обележје на Христовата црква во времето пред неговото доаѓање. Како последица на објавувањето на тројната вест, ќе се појави народ за кој се кажува: „Тука е трпението на светите кои ги држат заповедите Божји и имаат вера Исусова.” А оваа вест е последна што треба да се објави пред Господовото доаѓање. Веднаш по нејзиното објавување пророкот видел како Синот човечки доаѓа во слава да ја собере жетвата на светот.GCMkd 354.1

    Сите што го прифатија сознанието за Светилиштето и за непроменливоста на Божјиот закон се израдуваа и се чудеа кога ја видоа убавината и хармонијата на вистините што им станаа јасни. Сакаа светлината што им изгледаше толку драгоцена да ги осветли и другите христијани. Беа сигурни дека и тие со радост ќе ја прифатат. Но вистините, со кои се разликуваа од светот, не им беа мили на мнозина кои тврдеа дека се Христови следбеници. Послушноста кон четвртата заповед бараше жртва пред која повеќето се повлекуваа.GCMkd 354.2

    Кога беа изнесени барањата за саботата, мнозина за нив просудуваа на световен начин и велеа: „Ние секогаш празнувавме недела, ја празнувале и нашите татковци; и многу добри и побожни луѓе умреле со блажена смрт празнувајќи ја неделата. Ако тие имале право, тогаш имаме и ние. Празнувањето на овој нов ден за одмор нас би не довел во судир со светот и ние не би можеле да влијаеме врз него. Што може да стори една малечка група која го празнува седмиот ден наспроти цел свет кој празнува недела?” Со слични изговори се обидувале и Евреите да го оправдаат своето отфрлање на Христа. Бог ги примил нивните татковци кои принесувале жртви, па зошто не би можеле да се спасат децата ако одат по ист пат? Исто така во времето на Лутера приврзаниците на Рим тврделе дека верните христијани умирале во католичката вера и дека затоа оваа вера е доволна за спасението, Ваквото сфаќање е голема пречка кон секој напредок во верата и во животот.GCMkd 354.3

    Мнозина тврдеа дека празнувањето на неделата е утврдена догма и мошне распространет обичај во црквата многу векови. Но, наспроти тоа тврдење, може да се докаже дека саботата и нејзиното празнување се многу постари, стари колку и светот и потврдени од Бога и од ангелите. Кога се положени темелите на земјата и кога пееле заедно сите утрински ѕвезди и сите Божји синови безмерно се радувале, тогаш се положени темелите на саботата (Книгата за Јов 38,6.7; 1. Мојсеева 2,1-3). Затоа оваа установа има право на наше почитување. Неа не ја воспоставил човечки авторитет и таа не се темели на човечки предрасуди; неа ја основал и ја утврдил Вечниот со својот вечен зборGCMkd 354.4

    Кога вниманието на луѓето беше свртено кон реформата на саботата, популарните проповедници ја извртуваа Божјата реч и ја толкуваа на таков начин за што поуспешно да ја стивнат разбудената совест. Оние што не го истражуваа сами Светото писмо, се задоволуваа со мислењето што ги одразуваше нивните желби. Мнозина се обидуваа да ја негираат вистината со разни тврдења, со лукавство, со преданијата на татковците и со авторитетот на црквата. Но нејзините бранители ја зедоа во рака Библијата за да ја докажат важноста на четвртата заповед. Кротките луѓе, вооружени само со Божјата реч, им се противставија на нападите на учените луѓе кои, изненадени и гневни, увидоа дека и сета нивна вештина е немоќна против едноставното и искрено толкување на луѓето кои подобро го познаваа Светото писмо отколку човечката филозофија.GCMkd 355.1

    Немајќи погодни библиски докази, мнозина кои заборавија дека истите приговори се изнесени и против Христа и неговите ученици, со неуморна истрајност го поставуваа прашањето: „Зошто нашите големи луѓе не го разбираат ова прашање за саботата? Малку има такви што веруваат како вие. He можете вие да имате право, а сите учени луѓе на светот да бидат во заблуда.”GCMkd 355.2

    За да се негираат таквите докази, беше потребно само да се наведе учењето на Светото писмо и да се укаже на тоа како постапувал Господ во сите времиња со својот народ. Бог работи преку оние што го слушаат неговиот глас, што му се поелушни, и по потреба изнесуваат и непријатни вистини и не се плашат да ги укоруваат општите гревови. Причината зошто Бог почесто не зема учени и угледни луѓе за водачи на реформаторски движења лежи во тоа што тие се потпираат врз своите догми, теории и теолошки системи, а не чувствуваат потреба да ги поучува Бог. Способни да го разберат и да го објаснат Светото писмо се само оние што имаат лична врска со Изворот на мудроста. Понекогаш луѓето со помалечко школско образование се повикани да ја проповедаат вистината не затоа што не се учени, туку затоа што не се потпираат премногу на себе и дозволуваат да ги поучува Бог. Тие учат во Христовата школа и нивната понизност и послушност ги прави големи, Бидејќи Бог им го доверил познавањето на својата вистина, им укажува таква чест, спрема која земните почести и големини се ништо.GCMkd 355.3

    Мнозинството чекатели на Христово доаѓање ги отфрлија вистините за Светилиштето и за Божјиот закон, а мнозина ја загубија довербата во движењето и прифатија погрешни и противречни мислења за пророштвата што се однесуваат на ова дело. Некои паднаа во заблуда и повторно го утврдуваа времето на второто Христово доаѓање. Светлината што го осветлуваше сега прашањето на Светилиштето можеше да им покаже дека ниедно пророчко време не допира до второто Христово доаѓање и дека не е преткажано точното време на овој настан. Но, отфрлајќи ја таа светлина, продолжија и понатаму да го утврдуваат времето на Господовото доаѓање и секојпат се разочаруваа.GCMkd 356.1

    Кога црквата во Солун прифатила погрешни мислења за повторното Христово доаѓање, апостол Павле им советувал своите надежи и очекувања внимателно да ги испитаат со Божјата реч. Ги упатил на пророштвата за настаните што треба да се исполнат пред Христовото доаѓање и им покажал дека немаат причина да го очекуваат Спасителот во свое време. „Никој да не ве измами на никаков начин!” (2. Солуњаните 2,3), гласела неговата опомена. Ако негуваат очекувања што немаат библиски темел, тоа би ги одвело на погрешен пат. Разочарувањето би ги изложило на подбив од страна на неверните; би се изложиле на опасност да се обесхрабрат и да паднат во искушение да се посомневаат во основните вистини што се однесуваат на нивното спасение. Опомената на апостолот до Солуњаните содржи важна поука за оние што живеат во последните денови. Многу чекатели на Христовото доаѓање веруваа дека не можат да бидат трудољубиви и ревносни во подготовката ако својата вера не ја насочат кон одредено време на повторното Христово доаѓање. Но бидејќи нивните надежи постојано се возбудуваа само затоа за повторно да бидат уништени, нивната вера со тоа претрпуваше таков удар што речиси беше неможно врз нив да влијаат големите вистини на пророштвата.GCMkd 356.2

    Проповедањето на определено време за судот во времето на првата ангелска вест беше по Божја наредба. Неспорно останува сметањето на пророчкото време што беше темел на оваа вест, а што го одредува крајот на пророчките 2300 дни есента 1844 година. Постојаниот обид да се пронајдат нови датуми за почетокот и за крајот на пророчкото време, како и неоснованите тврдења што беа потребни за да се докаже ваквиот став, не само што ги пренасочуваа мислите од еегашната вистина, туку и го изложуваа на подбив секој обид да се објаснат пророштвата. Колку почесто се одредува датумот за повторното доаѓање и на колку поширок круг им се проповеда таквата наука, толку подобро им одговара тоа на целите на сатаната. Зашто, кога ќе помине времето, тој ги изложува на потсмев и презир приврзаниците на тоа доаѓање и така му нанесува срам на големото движење од 1843 и 1844 година. Оние што остануваат упорни во овие заблуди, најпосле ќе го утврдат датумот на Христовото доаѓање кој ќе биде премногу далеку во иднина. На тој начин ќе бидат заведени да прифатат лажна сигурност и мнозина дури тогаш ќе увидат дека се во заблуда, но - премногу доцна.GCMkd 356.3

    Историјата на стариот Израел е најдобра илустрација за искуствата низ кои поминаа чекателите на Христовото доаѓање. Бог ги водеше своите следбеници во тоа движење како што ги водел и Израелците од Египет. За време на големото разочарување беше проверена нивната вера како што била проверена верата на Евреите пред Црвеното Mope. Kora и понатаму би се држеле за раката што ги водеше во нивните поранешни искуства, би го виделе Божјето спасение. Кога сите тие што заеднички работеа во движењето во 1844 година би ја прифатиле третата ангелска вест и би ја објавувале со силата на Светиот Дух, Господ силно би дејствувал преку нив, и светот би го осветлила светлината. Жителите на земјата би биле предупредени уште пред многу години, делото би било довршено и Христос веќе би дошол да го избави својот народ.GCMkd 357.1

    Божја волја не била Израел да талка четириесет години во пуетина; Тој сакал директно да го одведе во Хананската земја и таму да го настани како свој свет и среќен народ. Но ние гледаме „дека не можеа да влезат поради своето неверство” (Евреите 3,19). Поради своето неверство и постојаниот отпад изгинале во пустината, а други биле подигнати да влезат во ветената земја. Исто така не е Божја волја повторното Христово доаѓање толку да се одолжува и неговиот народ толку долго да остане на овој свет полн со грев и неволји. Но неверството ги оддели од Бога. Кога одбија да ја извршат задачата што им беше доверена, други беа повикани да ја проповедаат оваа вест. Од милост кон светот Христос го одложува своето доаѓање за грешниците да имаат можност да ја слушнат опомената и во него да најдат прибежиште пред да се излее Божјиот гнев.GCMkd 357.2

    Денеска, како и некогаш, објавувањето на вистината што ги жигосува гревовите и заблудите на своето време предизвикува отпор. „Зашто, секој кој прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината за да не бидат откриени неговите дела” (Јован 3,20). Мнозина кога ќе видат дека своите тврдења не можат да ги оправдаат со Светото писмо, готови се по секоја цена да ги бранат и злобно да го напаѓаат карактерот и побудите на оние што стануваат во одбрана на непопуларните вистини. Вака било во сите времиња. Илија бил обвинет дека ги заведува Израелците; Еремија, дека ги предава; Павле дека го сквернави храмот. Од тоа време па се до денеска, оние што сакале да останат верни на вистината, жигосани се како бунтовници, како кривоверци и отпадници. Мнозина што имаат премногу слаба вера за да можат да ја прифатат сигурната пророчка Реч, лесно ги прифаќаат обвинувањата против оние кои се осмелуваат да ги жигосаат народните гревови. Тој дух постојано ќе расте. Библијата јасно не учи дека се приближува време кога државните закони ќе дојдат во таква спротивност со Божјите закони, што секој кој ќе сака да ги држи сите Божји прописи, ќе мора да биде подготвен да претрпи срам и казна како злосторник.GCMkd 357.3

    А во врска со сето ова, што е должност на весникот на вистината? Зар да заклучи дека вистината не смее да се проповеда само затоа што често нејзино единствено дејство е луѓето да ги поттикне да ги одбегнуваат нејзините барања илж да им се противставуваат? He, тој нема право да го задржува сведоштвото на Божјата реч затоа што истото предизвикува противење, како што не смееле да го прават тоа ниту поранешните реформатори. Признавањето на верата што ја посведочиле мачениците и светите им било од полза на подоцнежните поколенија. Живите примери на светост и непоколеблива чесност се сочувани да влеат храброст кај оние што сега се повикани да станат како сведоци за Господа. Тие не ја примиле милоста и вистината само за себе, туку преку нив и земјата да биде осветлена со познавањето на Бога. Дали Бог во ова поколение им дал видело на своите слуги? Тогаш тие нека дозволат тоа да свети на светот.GCMkd 358.1

    Во старо време Господ му рекол на еден кој зборувал во негово име: „А домот Израелов нема да те послуша, зашто и мене не ме слуша.” Но Тој го кажал и ова: „Кажувај им ги моите зборови, па послушале тие или не” (Езекил 3,7; 2,7). На Божјите слуги во наше време се однесува оваа заповед: „Викај од сето грло, не воздржувај се! Крени го својот глас како труба. Објави му ги на мојот народ неговите злосторства, на Јакововиот дом неговите гревови” (Исаија 58,1).GCMkd 358.2

    Колку што му дозволуваат околностите, секој што ја запознал светлината на вистината се наоѓа под иста свечена и страшна одговорност како и Израеловиот пророк на кого му била упатена Господовата заповед: ,Ј1 тебе, сине човечки, те поетавжв за стражар на Израеловиот дом: кога ќе чуеш зборови од мојата уста, опомени ги во мое име. Ако му речам на безбожникот: ‘Безбожнику, ќе умреш!’ - а ти не проговориш и не го опоменеш безбожникот за да се врати од својот лош пат, безбожникот ќе умре поради својот грев, ама неговата крв ќе ја барам од твојата рака. Но ако ти го опоменеш безбожникот да се врати од својот лош пат, а тој не се врати од својот пат - тој ќе умре поради својот грев, а ти ќе го спасиш својот живот” (Езекил 33,7-9).GCMkd 358.3

    Она што најмногу пречи при прифаќањето и ширењето на вистината е фактот што тоа е поврзано со неугодности и со подбивање. Тоа е единствениот доказ против вистината што нејзините бранители не можеле никогаш да го негираат. Но тоа не им пречи на вистинските Христови следбеници. Тие не чекаат вистината да стане популарна. Уверени во својата должност, тие свесно го примаат на себе крстот и заедно со апостол Павле мислат дека „нашата сегашна лесна неволја ни донесува прекумерно, и неизмерно, вечно изобилство на слава” (2. Коринќаните 4Д7), и затоа, како и стариот пророк, „Христовиот срам го сметаше (сметаат) за поголемо богатство од египетските ризници” (Евреите 11,26).GCMkd 359.1

    Какво и да било нивното верување, слуги се на светот оние што во верските работи постапуваат според световната мудрост, а не според вистинските начела. Ние треба да го бираме она што е право затоа што е право, а последиците да му ги препуштиме на Бога. За своите големи реформи светот треба да им заблагодари на луѓето од начела, на луѓето од вера и храброст. И во нашето време реформата ќе ја водат вакви луѓе.GCMkd 359.2

    Вака зборува Господ: „Послушајте ме вие, кои ја познавате правдата, народе, во чиешто срце е мојот Закон. He бојте се од човечките хули, не плашете се од навреди. Зашто молецот ќе ги разјаде како облека, црвот ќе ги изеде како волна. Но мојата правда ќе трае довека, и моето спасение од род до род” (Исаија 51,7.8).GCMkd 359.3

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents