42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
- УВОД
- 1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ
- 2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ
- 3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА
- 4—ВАЛДЕНЖАНИТЕ
- 5— ЏОН ВИКЛИФ
- 6—ХУС И ЈЕРОНИМ
- 7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ
- 8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР
- 9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР
- 10—НАПРЕДОК НА РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА
- 11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ
- 12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- 13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- 14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ
- 15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
- 16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- 17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ
- 18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР
- 19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА
- 20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
- 21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА
- 22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
- 23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
- 24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ
- 25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН
- 26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА
- 27—БУДЕЊА ВО ПОНОВО ВРЕМЕ
- 28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
- 29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
- 30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА
- 31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- 32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА
- 33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- 34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?
- 35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
- 36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА
- 37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА
- 38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА
- 39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА
- 40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
- 41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
- 42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Search Results
- Results
- Related
- Featured
- Weighted Relevancy
- Content Sequence
- Relevancy
- Earliest First
- Latest First
- Exact Match First, Root Words Second
- Exact word match
- Root word match
- EGW Collections
- All collections
- Lifetime Works (1845-1917)
- Compilations (1918-present)
- Adventist Pioneer Library
- My Bible
- Dictionary
- Reference
- Short
- Long
- Paragraph
No results.
EGW Extras
Directory
42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Кога ќе изминат предвидените илјада години, Христос повторно се враќа на земјата во придружба на сето мноштво откупени и илјадници ангели. Додека слегува со возвишено величество, им заповеда на мртвите грешници да станат за да биде извршена над нив нивната пресуда. Тие стануваат како силна армија, безбројни како морскиот песок. Каква разлика меѓу нив и оние што станале во првото воскресение! Праведниците се облечени во бесмртна младост и убавина. Грешниците ги носат на себе трагите на болестите и смртта.GCMkd 518.1
Секое око во тоа огромно мноштво настојува да ја види славата на Божјиот Син, Едногласно огромните маси грешници извикнуваат: „Благословен кој доаѓа во името ГосподовоГ Тие тоа не го прават од љубов кон Исуса. Силата на вистината ги гони да ги изговорат овие зборови спротивно на својата волја. Грешните, какви што отишле во своите гробови, такви и излегуваат од нив: со истото непријателство кон Исуса и со истиот дух на противење. Ним нема да им се даде веќе ново време на милост за да можат да ги исправат грешките на својот поранешен живот. Со тоа ништо не би се постигнало. Целиот нивни живот, исполнет со престапи, не ги смекнал нивните срца, и кога би им се дало ново време на милост, тие, исто како и првото, би го поминале во презирање на Божјите заповеди и во предизвикување на бунт против Бога.GCMkd 518.2
Исус слегува на Маслинската гора од каде што по своето воскресение се вознел на небото и каде што ангелите го повториле ветувањето за неговото враќање. Пророкот кажува: „Тогаш ќе дојде мојот Гоепод Бог, и сите свети со него.” „Во тој ден нозете ќе му застанат на Маслинската гора која е спроти Ерусалим, на исток. И Маслинската гора ќе се расцепи на средината... во голема долина.” „И Господ ќе биде цар над сета земја” (Захарија 14,5.4.9). Кога новиот Ерусалим во својот блескотен сјај ќе се спушти од небото, ќе се постави на очистено и за тоа приготвено место, a Христос со својот народ и со ангелите ќе влезат во светиот град.GCMkd 518.3
Сега сатаната се приготвува за последната битка за превласт. Додека му била одземена моќта и бил лишен од можноста да лаже, кнезот на злото се јадосувал и бил потиштен. Но штом ќе се разбудат мртвите грешници, и кога на своја страна ќе види толкаво мноштво, неговите надежи пак оживуваат и одлучува да не отстапи од големата борба. Тој ќе ја собере под свое знаме сета војска - загубените - со нив да се обиде да ги оствари своите намери. Грешниците се робови на сатаната. Отфрлајќи го Христа, ја прифатиле власта на бунтовниот водач. Тие се готови да ги прифатат неговите предлози и да ги извршат неговите наредби. Но, верен на своето поранешно лукавство, тој не признава дека е сатана. Тој тврди дека е кнез кој е вистински сопственик на светот, на кого му е одземено наследството на незаконит начин, На своите заведени приврзаници им се претставува како избавител, уверувајќи ги дека неговата моќ ги подигнала од гробовите и дека тој сега сака да ги ослободи од свирепото насилство. Бидејќи Христос е отсутен, сатаната прави чуда за да го поддржи своето тврдење. Тој слабите ги прави силни и сите ги исполнува со својот сопствен дух и енергија. Предлага да ги поведе да ги нападнат светите и да го заземат Божјиот град. Со пеколен триумф покажува на безбројните милиони што се разбудени од мртвите и тврди дека тој, како нивни водач, е способен да го освои градот и пак да го поврати својот престол и држава.GCMkd 518.4
Среде ова огромно мноштво се наоѓа голем број луѓе од претпотопното поколение кои живееле долго - луѓе со висок раст и со силен ум кои, ставајќи се под власта на паднатите ангели, сета своја способност и знаење ги посветиле на прослава на самите себеси; луѓе чиишто прекрасни уметнички дела го навеле светот да ја обожава нивната генијалност, но чијашто свирепост и штетни пронајдоци ја расипале земјата и го уништиле Божјиот лик кај нив, така што Бог бил присилен да ги отстрани од неа. Тука се царевите и војсководителите кои покориле многу народи, храбри луѓе кои никогаш не загубиле ниедна битка, горделиви и честољубиви воини, од чиешто приближување се треселе царствата. Од гробовите станале непроменети. Кога оживеале, во мислите продолжиле таму каде што смртта ги прекинала. Инспирирани се со иста желба да поробуваат како и тогаш кога паднале на бојното поле.GCMkd 519.1
Сатаната се договара со своите ангели, а потоа и со овие цареви освојувачи и моќни луѓе. Тие ја посматраат силата и бројот на своја страна и изјавуваат дека војската во градот е малечка во споредба со нивната и таа може да се совлада, Прават планови како да се доберат до богатството и славата на новиот Ерусалим. Веднаш сите почнуваат да се приготвуваат за битка. Прочуените мајстори изработуваат воени орудија. Војсководителите, познати no своите успеси, ја организираат оваа огромна воинствена маса во воени формации.GCMkd 519.2
Конечно се издава заповед „Напред!”, и безбројното мноштво поаѓа - војска каква што земните освојувачи никогаш не собрале, со која не можат да се споредат ниту сите обединети сили на сите времиња откако почнала војна на земјата. Најсшпшот борец, сатаната, предводи, а неговите ангели ги здружуваат своите сили за оваа последна битка. Царевите и борците го опкружуваат сатаната, a мноштвото ги следи во организирани формации, секоја под свој водач. Со војничка точност се упатуваат збиените редови преку испуканата и нерамна земна површина кон Божјиот град. На Иеусова заповед се затвораат сите капии на новиот Ерусалим, a војската на сатаната го опколува градот и се приготвува за напад.GCMkd 520.1
Сега Христос повторно им се покажува на своите непријатели. Високо над градот, на темели од блескотно злато, стои престол, величствен и возвишен. На овој престол седи Божјиот Сжн, а околу него се приврзаниците на неговото царство. Христовата сила и величество не може да ги опише ниту еден јазик, ниту едно перо. Славата на вечниот Отец го опкружува неговиот Син. Сјајот на неговото присуство го исполнува Божјиот град и ја осветлува сета земја со своите блескотни зраци.GCMkd 520.2
Најблизу до престолот се оние кои некогаш биле ревносни за делото на сатаната и кои, како глама истргната од оган, во длабока и огнена преданост го следеле својот Спасител. Тука се и оние кои, среде измамите и неверството изградиле совршен христијански карактер, кои го почитувале Божјиот закон кога христијанскиот свет го прогласил за неважен, и милиони од сите времиња кои заради својата вера претрпеле маченичка смрт. Зад нив се наоѓа „големо мноштво кое никој не може да го изброи, од сите родови, племиња, народи и јазици како стојат пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки, со палмини гранчиња во своите раце” (Откровенже 7,9). Нивната борба е завршена, нивната победа е сигурна. Тие ја завршиле својата трка и ја примиле наградата. Палмовите гранчиња во нивните раце го означуваат симболот на нивната победа, а белата облека, знакот на совршената Христова праведност, сега станала нивна.GCMkd 520.3
Откупените ги здружуваат своите гласови во похвална песна што се разнесува низ небесните пространства: „Спасение од нашиот Бог кој седи на престолот, и од Јагнето” (Откровение 7,10). Ангелите и серафимите ги соединуваат своите гласови при славењето. Бидејќи откупените се осведочиле во моќта и злобата на сатаната, свесни се, како никогаш порано, дека ниту една сила, освен Христовата, не би можела да ги стори победници. Среде целото ова славно мноштво спасени нема ниту еден кој спасението си го припишува себеси, како да победил со своја сопствена сила и добрина. Тие не спомнуваат ништо од она што сами сториле или претрпеле; главна мисла на секоја песна и содржина на секоја химна е: „Спасение од нашиот Бог кој седи на престолот, и од Јагнето!”GCMkd 520.4
Во присуство на небесните жители и на целокупното мноштво откупени од земјата, е извршено конечно крунисување на Божјиот Син. И сега, облечен во возвишено величество и сила, Царот над царевите изрекува пресуда над побунетите против неговото владеење, ја објавува правдата над оние што го престапувале неговиот Закон и го угнетувале неговиот народ. Божјиот пророк кажува: „И видов голем бел престол и Оној што седеше на него, од чиешто лице побегнаа земјата и небото, и не се најде место за нив. Ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книгите; и друга книга се отвори - Книгата на животот - а на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според нивните дела” (Откровение 20,11.12).GCMkd 521.1
Штом ќе се отворат книгите со извештаите и Исусовото око ќе ги погледне грешниците, тие ќе станат свесни за секој свој грев што го направиле во својот живот. Тие сега јасно гледаат каде ги одвело скршнувањето од патеката на чистотата и светоста, и колку далеку ги одвела горделивоста и бунтот во престапувањето на Божјиот закон. Заводничките искушенија, пред кои попуштиле и паднале во грев, злоупотребените благослови, презирањето на Божјите весници, отфрлените опомени и брановите на милосрдие одбиени од сграна на тврдоглавите и непокајани срца - сето тоа сега се појавува пред нивните очи како да е напишано со огнени букви.GCMkd 521.2
Над престолот се појавува крст и како во панорама се прикажуваат настаните поврзани со искушението на Адама и со ред се што се случувало во големиот план на спасението. Скромното раѓање на Спасителот, неговата едноставност и послушност во младоста, крштавањето на Јордан, постот и искушението во пустината; неговата јавна служба што им ги открива на луѓето скапоцените небесни благослови, деновите исполнети со дела на љубов и милост, и ноќите на молитва и бдеење во самотија на горите; заговорите против него сковани од завист, од омраза и пакост како награда за неговите доброчинства; страшната недосеглива душевна борба во Гетсиманија, кога се кршел под товарот на гревот на цел свет; подлото предавство и предавањето во рацете на крвожедниот цган; страшните настани во текот на таа ноќ на ужас - кога беспомошниот Затвореник, кого го напуштиле и неговите сакани ученици, грубо го влечеле низ ерусалимските улици; кога Божјиот Син, ликувајќи го изведувале пред Ана, го воделе во палатата на поглаварот свештенички, во судницата на Пилата и пред кукавичкиот и свиреп Ирод; кога го исмевале, го навредувале, го мачеле и осудиле на смрт - сето тоа живо е прикажано како на платно.GCMkd 521.3
А потоа, пред мноштвото што се тресе, се пржкажуваат последните сцени: Маченикот, потклекнувајќи, трпеливо чекори по патеката кон Голгота; небесниот Кнез виси на крст; горделивите свештеници и злорадиот цган ја исмеваат неговата претсмртна борба; натприродната темнина; земјотресот, одронетите карпи и отворените гробови, го означуваат мигот кога Откупителот на светот издивнал.GCMkd 522.1
Страшните сцени се појавуваат токму онака како што се одиграле. Сатаната, неговите ангели и неговите приврзаници немаат сила да се одвратат и да не ја посматраат сликата на сопственото дело. Секој од присутните си спомнува за она што го сторил. Ирод, кој наредил да се убијат невините витлеемски деца за да го убие израелскиот Цар; подлата Иродијада, чијашто грешна душа е обременета со крвта на Јована Крстителот; малодушниот Пилат, беден роб на околностите; војниците што се подбиваат; свештениците, старешините и подивениот џган што вика: „Крвта негова нека падне врз нас и врз нашите деца!” - сите сегаја гледаат стравотијата на својата кривица. Попусто настојуваат да се скријат пред божественото величество на неговото лице што свети како сонце, додека откупените ги ставаат своите круни пред нозете на Спасителот и извикнуваат: „Тој умре за мене!”GCMkd 522.2
Меѓу откупените се наоѓаат и Христовите апостоли: храбриот Павле, ревносниот Петар, омилениот и љубезен Јован и нивните верни браќа, и со нив голем број маченици, додека надвор од ѕидовите се наоѓаат оние што ги прогонувале, ги ставале во затвори и ги убивале. Тука е Нерон, чудовиште на свирепоста и злосторството, кој сега ја посматра радоста и возвишеноста на оние кои некогаш ги мачел и во чиишто најтешки маки наоѓал сатанско задоволство, Тука е неговата мајка да се осведочи во no следиците на својот сопствен грев; да го види лошиот отпечаток на карактерот што го пренела врз својот син и плодот на страстите што ги поттикнувала и ги развивала во него со своето влијание и пример - злосторствата од кои светот се грозел.GCMkd 522.3
Тука се папските свештеници и црковните великодостојници кои тврделе дека се Христови пратеници, а употребувале справи за мачење, затвори и ломачи за да владеат со совеста на Божјиот народ. Тука се горделивите патти кои се издигнувале над Бога и се осмелувале да го изменат Законот на Севишниот. Овие самоповикани црковни отци мора да дадат сметка пред Бога, сметка што радо би ја одбегнале. Многу доцна тие увидуваат дека Семожниот ревнува за својот Закон и дека никогаш никого нема да го ослободи од кривицата. Сега увидуваат дека Христос своите интереси ги изедначува со интересите на својот изнамачен народ. Ја чувствуваат силата на неговите зборови: „Се што му сторивте на еден од овие мои најмалечки браќа, мене сте ми го сториле” (Матеј 25,40).GCMkd 522.4
Сите грешници на светот стојат пред Божјиот суд обвинети за највисоко предавство против небесното владеење. Нема никого да ги брани; тие немаат оправдание и над нив е изречена пресуда - вечна смрт.GCMkd 523.1
Сега на сите им е јасно дека плата за гревот не е саканата независност и вечен живот, туку робување, пропаст и смрт. Грешниците увидуваат што загубиле со својот бунтовен живот. Тие ја презреле ненадминатата и вечна вредност на славата кога им е понудена; а колку многу сега би ја сакале! „Сето ова”, извикнува грешникот, „можев да го имам, но го отфрлив. О каква несфатлива заслепеност! Ги дадов мирот, среќата и славата во замена за несреќа, за срам и очај.” Сите увидуваат дека нивното исклучување од небото е праведно. Со својот живот тие како да кажувале: „Не сакаме со нас да владее овој Исус!”GCMkd 523.2
Силно возбудени, грешниците го посматраат крунисувањето на Божјиот Син. Тие во неговите раце ги гледаат плочите на божествениот Закон, заповедите што ги презирале и престапувале. Г и гледаат изливите на радост и восхит, и фалбоспевите на спасените. Додека звуците на мелодиите допираат до огромното мноштво што е надвор од градот, сите едногласно извикуваат: „Големи се и прекрасни делата твои, семоќен Господе Боже! Праведни и вистинити се патиштата твои, Цару на народите” (Откровение 15,3) и, паѓајќи ничкум, му се поклонуваат на Кнезот на животот.GCMkd 523.3
Сатаната се чини дека занемел додека ја посматра Христовата слава и величество. Тој, кој некогаш бил ангел засолнувач, си спомнува од каде паднал. Сјајниот херувим, „синот на зората”, колку се изменил, колку се расипал! Тој засекогаш е исклучен од небесниот свет каде што некогаш бил почитуван. Сега гледа друг како стои близу до Отецот и ја засолнува неговата слава. Тој гледа како раката на еден ангел со возвишена појава и со величествен изглед положува круна на Христовата глава и знае дека тој можел да ја врши високата служба на овој ангел.GCMkd 523.4
Тој си спомнува за татковината на својата невиност и чистота, за мирот и задоволството што ги имал додека не почнал да мрмори против Бога и да му завидува на Христа. Неговите обвинувања, неговиот бунт и неговите измами за да добие сочувство и поддршка од ангелите, неговата упорна тврдоглавост да преземе нешто за да ја поправи грешката кога Бог сакал да му прости - сето тоа живо излегува пред него. Тој ги гледа наназад своите активности меѓу луѓето и неговите последици: непријателството на човекот кон својот ближен, страшното уништување на животите, подемот и пропаѓањето на царствата, уривањето на престолите, безбројните востанија, борби и револуции. Си спомнува за своите постојани напори да му се противстави на Христовото дело и светот се подлабоко да го струполува во грев. Увидува дека неговите пеколни напади да ги уништи оние што му се предале на Христа биле безуспешни. Додека го посматра подрачјето на своето царство и плодовите на својот труд, гледа само неуспех и пропаст, Тој го завел ово мноштво да верува дека Божјиот град лесно ќе се освои, но знае дека тоа не е вистина. Постојано и секогаш во текот на големата борба бил победуван и присилуван на повлекување. Тој премногу добро ја познава моќта и величеството на Вечниот.GCMkd 523.5
Големиот бунтовник секогаш се трудел самиот да се оправда и да докаже дека божествената управа го предизвикала бунтот. За таа цел ги употребил сите сили на својот силен ум. Работел промислено, систематски и со голем успех, заведувајќи големи маси да го прифатат неговото објаснување за големата борба што траела толку долго. Илјадници години овој водач на заговорот подметнувал заблуда на местото на вистината. Но сега дошло времето бунтот конечно да се скрши, а историјата и карактерот на сатаната да се откријат. Во својот последен голем напор да го собори Христа од престолот, да го уништи неговиот народ и да го заземе Божјиот град, големиот измамник е наполно разобличен. Оние што се здружиле со него го увидуваат целосниот неуспех на неговиот потфат. Христовите следбеници и верните ангели ја сфаќаат вистинската смисла на неговите лукави подметнувања против Божјето владеење, и тој сега е предмет на опптт презир.GCMkd 524.1
Сатаната увидува дека неговиот самоволен бунт го онеспособил за небото. Тој ги вежбал своите сили за војна против Бога. Небесната чистота, мир и единство сега за него би биле најголемо мачење. Неговите обвинувања против Божјата милост и праведност сега се замолкнати. Срамот што се обидел да го префрли врз Господа во целост паднал врз него. Затоа ја признава својата осуда.GCMkd 524.2
„Кој не ќе се бои од тебе, Господе, и не ќе го прослави твоето име? Зашто само ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред тебе, зашто се покажаа твоите праведни судови” (Откровение 15,4). Сега е разјаснето секое прашање за вистината и заблудата што биле предмет на толку долгата борба. Последиците на бунтот, плодовите на престапувањето на божествените прописи, сега се изнесени на показ пред сите создадени суштества. Влијанието на власта на сатаната, кој му се противел на Божјето владеење, е прикажано пред целата вселена. Сатаната го осудиле неговите сопствени дела. Божјата мудрост, неговата праведност и добрина, сега се наполно оправдани. Сега јасно се гледа дека сите негови потфати во големата борба биле сторени во интерес на вечно добро на неговиот народ и на сите светови што ги создал. „Ќе те слават, Господе, сите твои дела, ќе те возвишуваат сите твои свети” (Псалм 145,10). Историјата на гревот низ сета вечност ќе стои како сведок дека среќата на сите Божји созданија е врзана за постоењето на Божјиот закон. Имајќи ги пред очи сите факти на големата борба, целата вселена - како оние што му останале верни, така и оние што паднале - едногласно извикнува: „Праведни и вистинити се твоите патишта, Цару на народите” (Откровение 15,3).GCMkd 524.3
На целиот универзум јасно ќе му биде прикажана големата жртва што ја принеле Отецот и Синот заради човекот. Настапил часот Христос да го зазема своето вистинско место и да биде прославен повеќе од секое поглаварство и власт и од секое друго име. Тој издржал крст и поднел срам само заради радоста што му била ветена - дека многу синови ќе доведе во славата. Иако болката и срамот биле несфатливо големи, сепак, радоста и славата биле уште поголеми. Тој ги посматра откупените кои се обновени, слични на него, чиишто срца носат совршен отпечаток на божественото, и секое лице го одразува ликот на својот Цар.GCMkd 525.1
Тој во нив го гледа плодот на трудот на својата душа и е задоволен. Тогаш, со глас што го слушаат сите праведници и огромната маса безбожници, објавува: „Еве го откупот на мојата крв! За нив платив, за нив умрев за тие да можат вечно да живеат во моја близина.” И од грлата на мноштвото во бела облека околу престолот се издигнува похвална песна: „Достојно е Јагнето кое беше заклано да прими моќ, богатство, мудрост, сила, чест, слава и благослов” (Откровение 5,12).GCMkd 525.2
Иако сатаната е присилен да ја признае Божјата праведност и да се поклони пред Христовата премоќ, неговиот карактер останува непроменет. Повторно блика дух на бунт како силна поплава. Исполнет со гнев, тој одлучува да не отстапи од борбата. Настапува миг на последна очајна битка со небесниот Цар. Тој брза меѓу своите приврзаници и се обидува да ги запали со својот гнев и да ги одушеви веднаш да тргнат во битка. Но од сите безбројни милиони што ги наведувал на бунт, нема веќе ниту еден кој сега ја признава неговата власт. Неговата моќ е исврпена. Грешниците се исполнети со истата омраза кон Бога која го исполнува и сатаната. Ho тие увидуваат дека нивтгиот случај е безнадежен и дека не можат да се борат против Бога. Нивниот гнев сега се распалува против сатаната и против оние што биле негово орудие во измамите, и со демонска јарост се свртуваат против нив.GCMkd 525.3
Господ кажува: „Бидејќи Го изедначуваш своето срце со Божјето, еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Тие ќе ги извадат мечевите против твојата прекрасна убавина, и убавината ќе ти ја извалкаат, ќе те турнат во јама.” „Затоа те истргнав од среде огненото камење, херувиме, заштитниче... Те фрлив на земјата и те предадов на земните цареви да те гледаат презриво... Те претворив во пепел на земјата пред очите на оние што те гледаат... Ти стана плашило, исчезна засекогаш” (Езекил 28,6-8.16-19).GCMkd 526.1
„Да, сите воени обувки, секој плашт натопен со крв ќе изгори и ќе биде храна за оган.” „Господ се разгневи против сите народи, се разјари против сета нивна војска. Ги предаде на уништување, на колеж.” „Жар и запален сулфур врз злочинците ќе истури, огнен ветер се нивните судбини” (Исаија 9,5; 34,2; Псалм 11,6). Од небото од Бога паѓа оган. Земјата се топи. Оружјето скриено во нејзината длабина се исфрла надвор. Од секоја отворена бездна блика пламен кој уништува. Карпите се запалуваат. Настапил „денот кој гори како печка”. Елементите се топат од жестоката горештина, а исто така и земјата и се што е на неа гори (Малахија 4,1; 2. Петрово 3,10). Површината на земјата изгледа како растопена маса - огромно огнено езеро што врие. Настапило времето на суд и пропаст за грешниците - „зашто за Господа ова е ден на одмазда, година на наплата да го одмазди Сион” (Исаија 34,8).GCMkd 526.2
Грешниците ја примаат својата плата на земјата (Мудри изреки 11,31). Тие ќе бидат „стрниште што ќе ги запали денот кој иде, вели Господ над војските” (Малахија 4,1). Некои ќе бидат уништени во еден миг, додека други ќе се мачат многу денови. Сите ќе бидат казнети „според своите дела”. Бидејќи гревовите на праведниците се положени врз сатаната, тој мора да пати не само поради својот бунт, туку и поради сите гревови на кои ги навел припадниците на Божјиот народ. Неговата казна ќе биде многу потешка од казната на оние што ги измамил. Кога ќе исчезнат сите што подлегнале на неговите измами, тој и понатаму ќе биде жив и ќе се мачи. Конечно со пламенот на чистење уништени се сите грешници, и коренот и гранките - сатаната како корен, a неговите следбеници како гранки. Применета е полна законска казна, барањата на Законот се задоволени, а небото и земјата ја потврдуваат Господовата праведност.GCMkd 526.3
Разорното дело на сатаната за секогаш е завршено. Шест илјади години ја спроведувал својата волја, исполнувајќи ја земјата со јад и нанесувајќи и болка на целата вселена. Сите созданија стенкале и воздивнувале од мака. - Сега Божјите созданија за навек се ослободени од неговото присуство и искушение. „Сета земја почива, мирува, триумфирајќи од радост” (Исаија 14,7). Низ целата верна вселена се разлеваат похвални песни и радост. „Глас на силен народ, како бучава на силни води и како татнеж на моќни громови” се слуша како зборува: „Алелуја, зашто владее нашиот семоќен Господ Бог!” (Откровение 19,6).GCMkd 527.1
Додека земјата е обвиена со оган кој уништува, праведниците се сигурни во светиот град. Над оние што имале дел во првото воскресение, втората смрт нема власт. Додека Бог за грешниците е оган кој уништува, за својот народ Тој е „сонце и штит” (Откровение 20,6; Псалм 84,11).GCMkd 527.2
„Видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа” (Откровение 21,1). Огнот што ги уништил грешниците ја иечистил земјата. Отстранета е секоја трага на проклетството. Никаков вечен пекол нема да ги потсетува откупените на страшните последици на гревот. Останува само еден споменик: натпиот Откупител секогаш ќе ги носи лузните на своето распетие. На неговото рането чело, на неговите слабини, на неговите раце и нозе се наоѓаат единствените траги од свирепото дело што го предизвикал гревот. Гледајќи го Христа во неговата слава, пророкот кажува: „Болскотот му е како сончева светлина, зраци молскаат од неговите раце, таму му се крие силата” (Авакум 3,4). Во неговите прободени ребра од кои потекол црвен млаз кој го помирил човекот со Бога, се наоѓа славата на Спасителот, тука „му се крие силата”. Бил „силен да спаси” со жртвата за откуп, и затоа бил исто така силен и да им суди на оние што ја презреле Божјата милост. Зна standard-noindent countpara-partofprevious infolio ците на неговото понижување се негова најголема чест; низ сета вечност раните од Голгота ќе ја покажуваат неговата слава и ќе ја објавуваат неговата моќ.GCMkd 527.3
„И ти, куло на стадото, риду на ќерката сионска, пак тебе ќе ти се врати поранешната власт, царството на ќерката ерусалимска” (Михеј 4,8). Настапило времето кое со копнеж го очекувале светите луѓе откако пламениот меч на првата брачна двојка и го препречил патот во Едем - времето „за откуп на оние кои станаа Божја сопственост” (Ефесците 1,14). Земјата, која првобитно му била дадена на човекот како негово царство, но која со неговото предавство преминала во рацете на сатаната и толку долго останала под власт на овој силен непријател, вратена му е на човекот благодарение на планот за откуп. Се што е загубено со гревот, сега е вратено. „Да, вака вели Господ... кој и даде облик и ја создаде земјата, кој ја зацврсти и не ја создаде пуста, туку ја создаде за да се живее на неа” (Исаија 45,18). Божјата првобитна намера при создавањето сега е остварена, сега таа станала вечна татковина на откупените. „Праведниците ќе ја наследат земјата и вечно ќе живеат на неа” (Псалм 37,29).GCMkd 527.4
Од страв идното наследство да не изгледа премногу материјално, мнозина симболички ги претставуваат токму оние вистини што ни овозможуваат ова наследство да го сметаме за наш вистински дом. Христос ги уверувал своите ученици дека Тој оди да им приготви станови во куќата на Отецот. Оние што ќе го прифатат учењето на Божјата реч во врска со небесната татковина не можат да останат неинформирани. Сепак, „што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го подготви за оние кои го љубат” (1. Коринќаните 2,9). Човечкиот јазик не може да ја опише наградата на праведниците. Тоа ќе им биде можно само на оние што ќе ја видат. Ниеден ограничен ум не е во состојба да ја сфати славата на Божјиот рај.GCMkd 528.1
Во Библијата наследството на спасените се нарекува татковина (Евреите 11,14-16). Таму небесниот Пастир своето стадо го води на извори на жива вода. Дрвото на животот носи плод секој месец, а неговите лисја служат за здравје на народот. Таму течат потоци кои вечно жуберкаат, бистри како кристал, на чиишто брегови се лелеат дрвја кои со своите сенки ги постилаат патеките што им ги приготвил Господ на откупените. Таму пространите рамнини прераснуваат во прекрасни брекчиња зад кои Божјите гори ги издигнуваат своите величествени врвови. На тие тивки полјани, покрај тие живи потоци, Божјиот народ, кој бил толку долго патник и поклоник, ќе најде своја татковина.GCMkd 528.2
„Мојот народ ќе живее во мирни живеалишта, на безгрижни почивалишта.” „Нема веќе да се слуша за насилство во твојата земја, ниту за пустење и разурнување во твоите предели. Твоите ѕидови ќе ги нарекуваш спасение и твоите порти слава”. „Ке градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот плод. Нема веќе да градат а други да живеат, ниту да садат а други да јадат... моите избраници долго ќе ги уживаат плодовите на своите раце” (Исаија 32,18; 60,18; 65,21.22).GCMkd 528.3
„Нека се радува пустината и сувата земја, нека ликува степата и нека процути кринот.” „Место трње ќе расте кипарис, место коприва ќе вирее мирта” (Исаија 35,1; 55,13). „Волкот ќе живее со јагнето, леопардот ќе лежи со јарето... а нив ќе ги води мало дете.” „Нема веќе да се прави зло ниту ќе има пустење на сета моја света гора, вели Господ” (Исаија 11,6.9).GCMkd 528.4
Во небесната атмосфера нема болка. Таму нема веќе солзи, ниту закоп, ниту каков и да е знак на жалост. „Смрт нема да има веќе, ни тага ни лелек... бидејќи поранешното помина” (Откровение 21,4.11). „И ниеден жител нема да каже: ‘Болен сум!’ На народот што живее таму ќе му се простат гревовите” (Исаија 33,24).GCMkd 529.1
Тука е и новиот Ерусалим, престолнината на чудесната нова земја, „прекрасна круна во раката Господова и царски венец на дланката на својот Бог” (Исаија 62,3). „Сиот во Божја слава, блескотен како скапоцен камен, камен сличен на кристален јаспис.” „Народите, пак, ќе одат во неговата светлина, а земните цареви ќе ја донесат својата слава во него” (Откровение 21,11.24). Господ кажува: „Ќе се радувам заради Ерусалим и ќе се веселам заради мојот народ” (Исаија 65,19). „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето и Тој ќе живее со нив; и тие ќе бидат негов народ, а сам Бог ќе биде со нив” (Откровение 21,3).GCMkd 529.2
Во Божјиот град „нема да има ноќ”. Никој ќе нема потреба ниту ќе посака одмор. Никој нема да се уморува извршувајќи ја Божјата волја и прославувајќи го неговото име. Ние постојано ќе чувствуваме утринска свежина која никогаш нема да престане. „Не ќе биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат вечно” (Откровение 22,5). Светлината на сонцето ќе биде заменета со светлина чијшто сјај нема да им пречи на очите, а сепак, далеку ја надминува пладневната сончева светлина. Славата Божја и славата на Јагнето го исполнуваат светиот град со светлина што никогаш нема да избледи. Откупените ќе живеат во слава на вечен ден и без сончева светлина.GCMkd 529.3
„А храм не видов во него, зашто негов храм се семоќниот Господ Бог и Јагнето” (Откровение 21,22). Божјиот народ ужива предимство на непосредна заедница со Отецот и со Синот. „Зашто сега гледаме како во огледало, загадочно” (1. Коринќаните 13,12). Ние сега ја гледаме Божјата слика како на некое огледало: во делата на природата и во неговите постапки со луѓето; но тогаш ќе го видиме лице в лице, без црн превез меѓу нас. Ке стоиме пред него и ќе го гледаме неговото лице.GCMkd 529.4
Таму откупените „ќе сознаат целосно како и самите што се целосно познати”. Чувствата на љубов и сочувство, што ги всадил Бог во душата, таму ќе најдат своја најубава примена. Чистата врска со светите суштества, хармоничниот друштвен живот со возвишените ангели и со верните од сите времиња, кои своите облеки ги испрале и ги избелиле во крвта на Јагнето, светата врска, која меѓусебно го соединува „сиот род на небесата и на земјата” (Ефесците 3,15) - сето тоа придонесува за среќата на откупените.GCMkd 529.5
Таму бесмртните умови со неуморна одушевеност ќе ги проучуваат чудесата на творечката моќ и тајните на љубовта која спасува. Таму ќе го нема свирепиот и лукав непријател да заведе некого да го заборави Бога. Секоја дарба ќе се развива, секоја способност ќе се зголемува. Учењето нема да го заморува умот ниту да ја исцрпува животната сила. Таму можат да се извршат најголемите потфати, да се остварат највозвишените стремежи, да се исполнат највиеоките желби, и се уште ќе постојат нови цели што ќе можат да се постигнат, нови чуда кои ќе бидат предмет на восхитување, нови вистини да се сфатат, нови предмети да ги поттикнуваат силите на разумот, на душата и телото да се развиваат.GCMkd 530.1
На откупените ќе им стојат на располагање сите богатства за истражување. Ослободени од смртноста, тие ќе се вивнат со неуморен лет во далечните светови - светови кои, гледајќи ги човечките јадови, биле обземени од болка, а пееле од радост при радосната вест за некоја спасена душа. Со неискажлива милина земните деца ќе се запознаат со радоста и мудроста на безгрешните суштества. Тие ќе земат учество во богатството на науката и знаењето што го стекнале овие суштества во текот на вековите проучувајќи ги Божјите дела. Слободно ќе ја посматраат славата на создавањето - сонцата, ѕвездите и нивните еистеми, како сите по одреден ред кружат околу Божјиот престол. На сите дела, од најмалечкото до најголемото, е напишано името на Творецот и кај сите се гледа богатството на неговата сила.GCMkd 530.2
Како годините на вечноста ќе поминуваат, ќе донесуваат се побогати и почудесни откритија за Бога и Христа. Со зголемувањето на знаењето ќе расте и нивната љубов, нивната стравопочит и среќа. Колку повеќе луѓето ќе знаат за Бога, се посилно ќе му се восхитуваат на неговиот карактер. А кога Исус ќе го открива пред нив богатството на откупувањето и вчудовидувачките резултати од големата борба со сатаната, срцата на откупените ќе пламтат со се посилна љубов. Со восхит и радост ќе ги земаат своите златни харфи и десет илјади по десет илјади и илјада илјади гласови ќе се слеат во силен хор на фалбоспев.GCMkd 530.3
„И го чув секое создание кое е на небото, на земјата, под земјата, во морето и се што е во нив, како зборува: ‘На Оној кој седи на престолот и на Јагнето, благослов, чест, слава и власт за вечни векови!’” (Откровение 5ДЗ).GCMkd 530.4
Големата борба е завршена. Грев и грешници нема веќе. Целата вселена е чиста. Насекаде во безмерниот универзум владеат апсолутна хармонија и радост. Од Оној кој создал се тече живот, светлина и радост низ сите светови во бесконечните простори. Од најмалечкиот атом, до најголемиот свет, се што е создадено, и живата и неживата природа, во својата непоматена убавина и совршена радост зборуваат дека Бог е љубов.GCMkd 530.5