Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
ГОЛЕМАТА БОРБА - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА

    _______________

    Големата борба меѓу Христа и сатаната што трае веќе речиси шест илјади години набргу ќе биде завршена и затоа сатаната ги удвојува своите напори да го осуети Христовото дело што се врши во полза на луѓето и да ги заплетка душите во своите стапици. Негова цел е луѓето да ги држи во темнина и во непокајание додека не се заврши Христовата посредничка служба и нема повеќе жртва за гревот.GCMkd 404.1

    Ако не се вложат посебни напори да и се противстават на оваа сила, ако во црквата и во светот владее рамнодушност, тогаш сатаната е безгрижен, зашто нема опасност да ги загуби оние што ги заробил и што ги води по своја волја. Но, ако луѓето почнат да обрнуваат внимание на вечните работи и ако се прашуваат: „Што треба да правам за да се спасам?”, тогаш тој се јавува и се обидува својата сила да и ја противстави на Христовата моќ и да го запре влијанието на Светиот Дух.GCMkd 404.2

    Светото ттисмо кажува дека еднаш, кога Божјите ангели дошле да застанат пред Господа, меѓу нив дошол и сатаната (За Јов 1,6), не затоа да му се поклони на вечниот Цар, туку да ги оствари своите лоттги планови против праведниците. Со иста цел тој присуствува секогаш таму каде што се собираат луѓето на богослужение, Иако скриен од човечкиот поглед, тој сепак работи со сета сила да завладее со мислите на оние што му се молат на Бога. Како секој вешт војсководител, тој однапред ги создава своите планови. Ако види дека Божјиот весник го истражува Светото писмо, тој се запознава со предметот за кој ќе се проповеда, потоа ја употребува сета своја вештина и подмолност така да ги приспособи околностите, за веста да не допре до оние што сака да ги задржи во заблуда токму по таа точка. Оној, на кого најмногу му е потребна таа опомена, станува зафатен со некоја итна работа каде што мора да биде присутен или на некој друг начин е спречен да ги слушне зборовите кои за него би биле „животен мирис за живот”.GCMkd 404.3

    Исто така сатаната ги гледа Божјите слуги кога се жалосни поради духовната темнина што го покрива народот. Тој ги слуша нивните сериозни молитви за божествена милост и сила да ја победат рамнодушноста, небрежноста и немарноста. Тогаш со нова ревност ги изведува своите планови. ЈГуѓето ги прави ненаситни во јадење или ги поттикнува да се оддадат на некое друго грешно уживање со што ја отапува нивната моќ на сфаќање да не го слушнат токму она што им е најпотребно да го дознаат.GCMkd 404.4

    Сатаната добро знае дека сите што ќе успее да ги наведе да ја занемарат молитвата и истражувањето на Светото писмо ќе подлегнат на неговите напади. Затоа создава семожни планови за да го окупира човековиот ум. Секогаш имало луѓе што се правеле побожни, но наместо да напредуваат во познавањето на вистината, тие сметаат дека нивна должност е да бараат каква било грешка во карактерот или заблуда во верата на оние со кои не се согласуваат. Ваквите луѓе се главни помагачи на сатаната. Тужители на браќата има многу и тие секогаш се ревносни кога Бог работи и кога неговите слуги му укажуваат вистинска почит.GCMkd 405.1

    Тие секогаш ги претставуваат во лажна светлина зборовите на оние што ја сакаат вистината и што и се послушни. Тие и најсериозните и најревносните самопрегорни Христови слуги ќе ги прикажуваат како измамени или измамници. Нивна работа е во погрешна светлина да ги претстават побудите на секое вистинско и благородно дело, да шират лаги и да предизвикуваат сомневање во душите на неискуените. На сите можни начини настојуваат она што е чисто и праведно да се смета за расипано и лажно.GCMkd 405.2

    Но никој не треба да се лаже во врска со нив. Лесно може да се види чии деца се тие, чиј пример следат и чии дела прават. „Ке ги препознаете по нивните плодови” (Матеј 7,16). Нивното однесување е слично на однесувањето на сатаната, на отровниот клеветник, на „обвинителот на нашите браќа” (Откровение 12,10).GCMkd 405.3

    Големиот измамник има многу орудија, подготвени да изнесат разни видови заблуди за да ги фати душите во својата мрежа - како што се различни ереси кои се прилагодени кон разновидните склоности и вкусот на оние што сака да ги упропасти. Негов план е во црквата да доведе неискрени и непреродени, кои шират сомневање и неверство и им пречат на оние што сакаат да го унапредат Божјето дело и самите да напредуваат со него. Мнозина, кои всушност не веруваат во Бога и во неговата Реч, прифаќаат извесни начела на вистината и важат како христијани, со што можат да ги воведат своите заблуди како вистинска библиска наука.GCMkd 405.4

    Тврдењето дека не е важно луѓето како и во што веруваат е една од најуспешните заблуди на сатаната. Тој знае дека вистината, ако е прифатена со љубов, ја посветува душата на оној што ја прифаќа; затоа секогаш се обидува вистината да ја замени со лажни теории, со прикаски - со друго евангелие. Божјите слуги уште од почеток се бореле против лажните учители не само како со порочни луѓе, туку и како со оние што шират заблуди кои ја упропастуваат душата. Илија, Еремија и Павле решително и бестрашно им се противеле на оние што ги одвраќале луѓето од Божјата реч. Она слободно мислење што вистинската библиска вера ја смета за неважна, не наишло на одобрување кај овие свети бранители на вистината. Празните и своевидни толкувања на Светото писмо, како и многу противречни теории за библиската наука што постојат во христијанскиот свет, се дело на нашиот голем непријател кој сака со тоа душите да ги збуни за да не можат да ја разликуваат вистинската вистина. Неслогата и раздорот што постојат во христијанските заедници треба во голема мера да му се припишат на обичајот на извртување на Светото писмо за да се поддржи некоја омилена теорија. Наместо Божјата реч да ја проучуваат грижливо и со понизно срце за да ја запознаат Божјата волја, мнозина ја истражуваат само затоа за во неа да откријат нешто необично и оригинално.GCMkd 405.5

    За да ги поддржат лажните науки или нехристијанските обичаи, некои земаат одделни текстови од Писмото од нивната средина и наведуваат само половина од еден така изделен стих за да го докажат своето тврдење, иако другиот дел на стихот има сосем спротивна емисла. Со лукавството на сатаната се вгнездиле зад неповрзани изрази, исконструирани така за да одговараат на нивните телесни желби. Така намерно ја извртуваат Божјата реч. Други, кои имаат бујна мечта, земаат слики и симболи од Светото писмо и ги толкуваат како што и одговара тоа на нивната фантазија, не осврнувајќи се на Божјата реч која се толкува самата себеси, и потоа своите заклучоци ги изнесуваат како учење на Библијата.GCMkd 406.1

    Ако Светото писмо се проучува без молитва и без кроток и понизен дух, ќе се изврти вистинската смисла како на оние, наједноставните и најјасни места, така и на оние најтешките. Папските великодостојници бираат такви делови на Светото писмо што најдобро одговараат на нивната цел, ги толкуваат како што им одговара ним, и потоа му ги изнесуваат на народот, одземајќи му го правото сам да ја проучува Библијата и сам да ги разбере нејзжните свети вистинж. Целата Библија треба да му се даде на народот онака како што е напишана. Подобро би било на верниците воопшто да не им се даде никаква библиска поука отколку учењето на Светото писмо да се фалсификува на ваков начин.GCMkd 406.2

    Библијата е одредена да биде водич на сите што сакаат да ја запознаат волјата на својот Творец. Бог на луѓето им дал сигурна пророчка Реч. Ангелите, па и сам Христос, дошле Даниела и Јована да ги запознаат со настаните што треба наскоро да се исполнат. Она што е важно за нашето спасение не останало никаква тајна, ниту е откриено на таков начин да може да го збуни искрениот истражувач на вистината или да го доведе во заблуда. Господ рекол преку пророкот Авакум: „Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, за оној што ќе чита, да може лесно да го прочита” (Авакум 2,2). Божјата реч е јасна за сите што ја проучуваат со искрена молитва. Секоја искрена душа ќе ја прими светлината на вистината. „Светлина им зрачи на праведните” (Псалм 97,11). И ниедна црква не може да напредува во светоста ако нејзините верници не ја бараат вистината како скриено богатство.GCMkd 406.3

    Повикот на слободоумие ги заслепува луѓето да ги прифатат плановите на својот непријател кој постојано настојува да ја постигне својата цел. Ако му успее со помош на човечките мислења да ја изврти Библијата, тогаш Божјиот закон ќе биде отстранет, а црквите ќе останат во ропството на гревот додека едновремено ќе сметаат дека се слободни.GCMkd 407.1

    За мнозина научното истражување станало проклетство. Бог дозволил врз светот да се излее голема светлина преку откритијата на науката и уметноста; но и најголемите умови, ако во нивното истражување не ги води Божјиот Дух, паѓаат во заблуда кога се обидуваат да го испитаат односот меѓу науката и Божјето откровение.GCMkd 407.2

    Човечкото сознание, како во материјалните така и во духовните работи, е делумно и непотполно и затоа мнозина не се во состојба своите научни погледи да ги сообразат со библиските објаснувања. Некои ги прифаќаат обичните теории и шпекулации како научни факти и мислат дека Божјата реч мора да биде во согласност со „таканареченото ‘познавање’” (1. Тимотеј 6,20). Творецот и неговите дела го надминуваат нивното сфаќање; и бидејќи не можат да ги разјаснат со природните закони, библиската историја ја сметаат за несигурна. Оние што се сомневаат во извештаите на Стариот и Новиот завет, често одат еден чекор понатаму и се сомневаат во постоењето на Бога, а на природата и припишуваат бесконечна моќ. Бидејќи ја отфрлиле својата котва, препуштени се да се скршат на карпата на неверството.GCMkd 407.3

    Така мнозина се оддалечуваат од верата и сатаната ги измамува. Луѓето настојувале да станат помудри од својот Творец. Човечката мудрост се обидувала да ги испита и да ги објасни тајните што нема да бидат откриени ниту во вечноста. Кога луѓето би сакале да го истражуваат и да го разберат она што го објавил Бог за себе и за своите намери, би добиле такво откровение за Господовата слава, за неговото величество и моќ, што би ја увиделе својата лична незначителност и би биле задоволни со она што им е откриено ним и на нивните деца.GCMkd 407.4

    Најголема сатанска измама - ги поттикнува човечките умови да истражуваат и да создаваат претпоставки во врска со она што Бог не го открил и што немал намера да ни го објасни. На тој начин Луцифер го загубил своето место на небото. Тој бил незадоволен што не му биле доверени сите тајни на Божјите планови, а ниту малку не му било грижа за она што му било откриено за него лично на неговата висока положба. Предизвикувајќи исто незадоволство во срцето на ангелите што му биле подредени, тој помогнал тие да паднат. Сега се обидува луѓето да ги вдахне со истиот дух и исто така да ги наведе да ги презрат јасните Божји заповеди.GCMkd 408.1

    Оние што не се подготвени да ги прифатат јасните и очигледни вистини на Светото писмо, секогаш бараат угодни прикаски што ја смируваат нивната совест. Ако науките што се проповедаат се помалку духовни и бараат помалку еамооткажување и скромност, се прифаќаат со поголема ревност. Тие луѓе ги понижуваат своите умни способности и им робуваат на своите телесни желби. Премногу мудри во своите очи за да го истражуваат Светото писмо со понизно срце и со сериозна молитва за божествено водство, тие немаат никаква заштита што би ги засолнила од заблудите. Сатаната е подготвен да го задоволи стремежот на нивното срце и вистината да ја замени со своите измами. На овој начин папството задобило моќ над луѓето, а протестантите, отфрлајќи ја вистината, зашто таа во себе содржи и крст, одат по ист пат. Сите што ја занемаруваат Божјата реч и се стремат кон световна удобност за да не се разликуваат од светот, наместо вистината ќе прифатат кривоверство достојно за осуда. Оние што намерно ја отфрлаат вистината, ќе прифатат секаква заблуда што воопшто може да се замисли, Макар некој со ужас да гледа на една измама, со задоволство ќе прифати друга. Апостол Павле ни зборува за оние луѓе кои „не ја примија љубовта на вистината за да се спасат”. Тој кажува за нив: „И затоа Бог им праќа заблуда да дејствува меѓу нив за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени сите кои не и поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправедноста” (2. Солуњаните 2,11.12). Бидејќи ни се дадени такви опомени, треба да бидеме претпазливи какви науки примаме.GCMkd 408.2

    Најуспешни орудија на големиот измамник се лажните науки и лажните чуда на спиритизмот. Престорен во светлосен ангел, сатаната ги поставува своите мрежи таму каде што најмалку се очекува. Кога луѓето би ја проучувале Божјата книга со сериозна молитва за да ја сфатат нејзината наука, не би останале во темшша и не би примиле лажни науки. Но, бидејќи ја отфрлаат вистината, тие стануваат плен на измамата.GCMkd 408.3

    Друга опасна заблуда е науката што го побива Христовото божество и тврди дека Христос не постоел пред своето доаѓање на оваа Земја. Голем број луѓе, кои тврдат дека веруваат во Библијата, благонаклоно ја примаат оваа теорија, иако таа непосредно се противи на најјасните изјави на нашиот Спасител за неговиот однос со Отецот, за неговиот божествен карактер и за неговото прапостоење. Оние што ја поддржуваат оваа наука го извртуваат Светото писмо на најнеправеден начин. Таа не само што ги урива сфаќањата на човекот за планот на спасението, туку ја поткопува и верата во Библијата како Божје откровение. Таа е поопасна тогаш кога е потешко да се негира. Ако луѓето го отфрлаат сведоштвото на Светото писмо за Христовото божество, напразно ќе биде да се расправа со нив за тоа, зашто ниеден доказ, колку и да е уверлив, не ќе може да ги осведочи. „Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да го разбере, зашто за тоа треба да се расудува на духовен начин” (1. Коринќаните 2Д4). Никој што верува во оваа заблуда не може вистински да го сфати Христовиот карактер и неговото дело, ниту пак големиот план на спасението.GCMkd 409.1

    Една уште полукава и поштетна заблуда е верувањето што бргу се шири, а тоа е дека сатаната воопшто не постои како личност и дека тоа име во Библијата се употребува само затоа да ги претстави човечките лоши мисли и желби.GCMkd 409.2

    Друго погрешно учење што толку често се слуша од проповедалните тврди дека повторното Христово доаѓање всушност е Христова средба со секој поединец за време на неговата смрт; тоа учење е само средство мислите на луѓето да се одвратат од неговото вистинско доаѓање на небесните облаци. Сатаната со години зборува на тој начин: „Ене го во тајни соби!” (Матеј 24,2326), и многу души се загубени зашто ја прифатиле оваа измама.GCMkd 409.3

    Понатаму, световната мудрост учи дека молитвата нема суштинско значење. Луѓето од наука тврдат дека тоа би значело повреда на природните закони, чудо, а чуда не постојат. Со вселената, велат тие, управуваат непроменливи закони, а Бог не прави ништо што е споротивно на законите. На тој начин тие Бога го претставуваат како суштество што е врзано со своите сопствени закони, како дејствувањето на божествените закони да ја исклучува божествената слобода. Ваквото учење му се противи на сведоштвото на Светото писмо. Зар Христос и неговите апостоли не правеле чуда? Истиот милостив Спасител живее и денеска. Тој и сега во иста мера е подготвен да ги прими молитвите проникнати со вера како и некогаш кога одел видливо меѓу луѓето. Природното соработува со натприродното. Според Божјиот план, како одговор на нашата молитва со вера, Бог ќе ни го даде она што не би ни го дал кога за тоа не би го молеле.GCMkd 409.4

    Безбројни се лажните науки и фантастичните сфаќања што постојат во христијанските цркви. He е можно да се оценат лотпите последици од отстранувањето макар на само еден граничен камен поставен со Божјата реч. Малцина се оние што се осмелиле да го сторат тоа а се запираат при отфрлувањето на само една вистина. Повеќето продолжуваат последователно да ги отфрлаат начелата на вистината додека не станат сосем неверни.GCMkd 410.1

    Заблудите на општо прифатената теологија многу луѓе фрлиле во прегратките на сомневањето, кои инаку би можеле да веруваат во Светото писмо. Ним не им е можно да прифатат науки што го навредуваат нивното сфаќање за праведноста, за милоста и добротата, а бидејќи истите се дел на библиското учење, тие се противат да ги признаат како Божја реч.GCMkd 410.2

    Токму тоа е целта што сака да ја постигне сатаната. Тој нитттто не сака во толкава мера колку што сака да ја уништи сигурноста во Бога и во неговата Реч. Сатаната стои на чело на голема војска такви што се сомневаат и со сите сили настојува душите да ги привлече во своите редови. Сомневањето почнува да станува мода. Една голема група луѓе гледа со недоверба на Божјата реч од истата причина како и на нејзиниот Автор затоа што таа го осудува и го казнува гревот. Оние што не се подготвени да ги исполнуваат нејзините барања, настојуваат да го отфрлат нејзиниот авторитет. Тие ја читаат Библијата или ги слушаат нејзините науки кога се изнесуваат од проповедална само за да пронајдат некоја грешка во Светото писмо и во проповедта. Мнозина стануваат неверни за да се оправдаат или да се изговорат поради занемарувањето на своите должности. Други пак, се сомневаат од гордост и мрзливост. Премногу наклонети кон удобен живот за да извршат нешто достојно за почит или пак нешто што би барало напор и самооткажување, тие настојуваат да се истакнат како помудри со тоа што ја критикуваат Библијата. А бидејќи во неа има многу работи што разумот, непросветлен со божествената мудрост, не може да ги сфати, тие наоѓаат повод да критикуваат. Се чини дека мнозина мислат оти е доблест да стојат на страна на неверството и сомневањето. Но ќе се покаже дека тие луѓе, навидум искрени, всушност се пронжкнати со самоувереност и горделивост, Мнозина уживаат кога во Светото писмо ќе пронајдат нешто што другите ги доведува во забуна. Некои критикуваат и застануваат на страна на неправдата од желба за препирање. Тие не забележуваат дека на тој начин самите се заплеткуваат во стапицата на птичарот. Но, бидејќи отворено го покажале своето неверство, тие мислат дека сега мора да го бранат своето гледиште. Така се соединуваат со безбожниците и самите себеси си ја затвораат вратата на рајот.GCMkd 410.3

    Бог во својата Реч дал доволно докази за нејзиниот божествен карактер. Големите вистини што се однесуваат на нашето спасение се јасно изнесени. Со помош на Светиот Дух, кој им е ветен на сите што искрено го бараат, секој може сам да ги разбере тие вистини. Бог на тие луѓе им дал цврст темел на кој можат да ја градат својата вера.GCMkd 411.1

    Но ограничениот човечки ум не може наполно да ги сфати плановите и целите на бесконечниот Бог. Бога не можеме никогаш да го досегнеме со истражување. He смееме со нашата дрска рака да го тргнеме превезот ео кој Тој го обвил своето величество. Апостолот извикнува: „Колку се недостапни неговите судови и неиспитливи неговите патишта!” (Римјаните 11,33). Ние можеме да го сфатиме неговото постапување со нас и побудите што го раководат во толкава мера за да можеме да ја видиме неговата бесконечна љубов и милост, соединети со неговата бесконечна сила.GCMkd 411.2

    Она што го кажува нашиот небесен Отец е се мудро и праведно и ние не емееме да бидеме незадоволни и недоверливи, туку треба да му се поклонуваме и да му се потчинуваме со стравопочит. Тој ќе ни открие толку од своите намери колку што е потребно за наше добро, а за другото треба да и се довериме на раката што е семожна и на срцето што е полно со љубов.GCMkd 411.3

    Бог дава доволно докази во прилог на верата, но Тој никогаш не го отстранува се она што би можело да послужи како изговор за неверување. Оние што бараат докази за сомневање, ќе ги најдат.GCMkd 411.4

    А оние што одбиваат да ја прифатат Божјата реч и да ја исполнуваат додека не биде отетранета и најмалечката забелешка за да нема повеќе причина за сомневање, никогаш нема да ја примат светлината.GCMkd 411.5

    Недовербата кон Бога е природна појава на непрероденото срце кое е во непријателство со Бога. Но верата ја дава Светиот Дух и таа ќе се развива само тогаш кога се негува. Никој не може да биде силен во верата ако не вложи решителни напори за тоа. Неверувањето се зголемува ако го негуваме. Ако луѓето, наместо да се занимаваат со доказите што им ги дал Бог за утврдување на нивната вера, дозволат да се сомневаат и да критикуваат, ќе наоѓаат се повеќе докази за своето сомневање.GCMkd 411.6

    Но, оние што се сомневаат во Божјите ветувања и што немаат доверба во Божјата милост, му ја одземаат честа на Бога, а нивното влијание, наместо другите да ги привлекува кон Христа, уште повеќе ги оддалечува од него. Тие се неродни дрвја што ги пружаат своите суви гранки надалеку и нашироко и со тоа им ја одземаат сончевата светлина на другите билки, та тие венеат и гинат во студената сенка. Животот и работата на овие луѓе е постојано сведоштво против нив. Тие сеат семе на сомневање и неверство што неминовно ќе донесе своја жетва.GCMkd 411.7

    Постои само еден пат за оние што сакаат да се ослободат од сомневањето: наместо да се сомневаат и да го критикуваат она што не го разбираат, треба да внимаваат на светлината што веќе ги осветлува и тогаш ќе добијат поголема светлина. Нека исполнуваат секоја должност што добро ја сфатиле и ќе бидат оспособени да ги сфатат и исполнат и оние должности во кои уште се сомневаат.GCMkd 412.1

    Сатаната може да подметне нешто што е слично на вистината за да ги прелаже оние кои дозволуваат да бидат прелагани и кои сакаат да го избегнат самооткажувањто и жртвата што ја бара вистината, но тој не може да ја држи под своја власт душата која искрено сака по секоја цена да ја запознае вистината. Христос е вистина и „вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, дојде на светот” (Јован 1,9). Духот на вистината е пратен луѓето да ги упатува во секоја вистина. A no налог на Божјиот Син е напишано: „Барајте и ќе најдете.” „Ако некој сака да ја исполнува неговата волја, ќе знае дали ова учење е од Бога” (Матеј 7,7; Јован 7,1).GCMkd 412.2

    Христовите следбеници малку знаат за заговорите што ги коват сатаната и неговата војска против нив. Но Оној што живее на небесата ќе ги пренасочи сите тие планови кон исполнување на своите длабоки намери. Господ дозволува неговиот народ да помине низ печка на неволји не затоа што наоѓа задоволство во неговите маки и страдања, туку затоа што тоа искуство е неопходно потребно за неговата конечна победа. Неговата сопствена слава не дозволува да ги заштити од сите искушенија, зашто целта на искушенијата е токму таа - да ги приготви да им се противстават на сите сатанеки заведувања.GCMkd 412.3

    Ниту безбожните луѓе ниту ѓаволот не можат да го спречат Божјето дело ниту да го отстранат Божјето присуство од неговиот народ ако тој со понизно и скршено срце ги признае своите гревови и ако ги остави, и ако со вера ги прифати неговите ветувања. Тие можат успешно да му се противстават на секое искушение и на секое непријателско влијание, било јавно или тајно, „не со сила ниту со мишка, туку со мојот Дух, вели Господ севишниот” (Захарија 4,6).GCMkd 412.4

    „Господовите очи бдеат над праведниците и неговите уши ја слушаат нивната молитва... И кој ќе ви напакости ако покажувате ревност за доброто?” (1. Петрово 3,12.13). Валам, примамен со ветувањето за богата награда, кога се послужил со гатање против Израел и кога му принел жртва на Господа обидувајќи се да навлече проклетство врз Божјиот народ, Божјиот Дух го отстранил злото што требало да го изговори, и тој бил принуден да извикне: „Како можам да го проколнувам оној кого Бог не го проколнува? Како да се удира со гром оној кого Бог не го удира?” „О кога би умрел со праведничка смрт! О кога мојот крај би бил како неговиот?” Кога повторно принел жртва, безбожниот пророк рекол: „Ете, примив од Бога за да благословам, ќе благословам и благоеловот нема да го повлечам. Во Јакова не забележав несреќа, ниту видов неволја во Израел. Неговиот Господ Бог е со него, Израел го слави како свој цар.” „Нема гатање против Јакова ниту вражање против Израел. И ќе му речат на Јакова и ќе му кажат на Израел: Толеми дела Бог прави’” (4. Мојсеева 23,8.10.20.21.23).GCMkd 412.5

    Сепак, по третпат е подигнат олтар и Валам пак се обидел да изговори проклетство. Но, од усните на пророкот, и против негова волја, Божјиот Дух го објавил напредокот на своите избраннци и ја казнил лудоста и злобата на нивните непријатели. „Благословен да биде оној кој те благословува и проклет оној што те проколнува” (4. Мојсеева 24,9).GCMkd 413.1

    Во тоа време Израел му бил верен на Бога. Додека бил послушен кон неговиот Закон, него не можела да го победи ниту една земна ниту пеколна сила. Но, сепак, Валам најпосле успеал врз Израелците да го навлече проклетството што не смеел да го изрече против нив така што ги навел на грев. Кога Израелците ги престапиле Божјите заповеди, се одвоиле од Бога и биле оставени да ја почувствуваат уривачката власт на непријателот.GCMkd 413.2

    Сатаната добро знае дека и најслабата душа која е во Христа може да им се противстави на сите сили на темнината и дека тој, ако и јавно работи против неа, не може да извојува победа, туку ќе биде победен. Затоа тој се обидува борците на крстот да ги измами од нивната сигурна тврдина, додека со своите борбени сили демне во заседа, готов да ги уништи сите што би се осмелиле да стапат на неговото подрачје. Ние можеме да бидеме сигурни само ако понизно се надеваме во Бога и ако сме послушни на сите негови заповеди.GCMkd 413.3

    Никој не е сигурен ниту еден ден, па ниту еден час без молитва. Особено треба да го молиме Господа за мудрост за да ја разбереме неговата Реч. Во Божјата реч се откриваат стапиците на сатаната како и средствата со кои можеме успешно да ги избегнеме. Сатаната вешто наведува текстови од Библијата кои ги толкува на свој начин за да не обори. Ние треба да ја проучуваме Библијата со понизно срце и никогаш не смееме да ја загубиме од вид нашата зависност од Бога. Секогаш треба да бидеме претпазливи пред стапиците на сатаната и поетојано треба да се молиме со вера: „Не воведувај не во искушение.”GCMkd 413.4

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents