12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- УВОД
- 1— РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ
- 2—ПРОГОНСТВАТА ВО ПРВИТЕ ВЕКОВИ
- 3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА
- 4—ВАЛДЕНЖАНИТЕ
- 5— ЏОН ВИКЛИФ
- 6—ХУС И ЈЕРОНИМ
- 7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ
- 8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР
- 9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР
- 10—НАПРЕДОК НА РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА
- 11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ
- 12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
- 13—ХОЛАНДИЈА И СКAHДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ
- 14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ
- 15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
- 16—ПОБОЖНИ ПАТНИЦИ
- 17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ
- 18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР
- 19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА
- 20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
- 21—ОТФРЛЕНА ОПОМЕНА
- 22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
- 23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
- 24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ
- 25—БОЖЈИОТ НЕПРОМЕНЛИВ ЗАКОН
- 26—ПРЕТКАЖАНА РЕФОРМА
- 27—БУДЕЊА ВО ПОНОВО ВРЕМЕ
- 28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
- 29—ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО
- 30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА
- 31— АКТИВНОСТИТЕ HA ДЕМОНИТЕ
- 32—СТАПИЦИТЕ HA САТАНАТА
- 33—ПРВАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА
- 34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?
- 35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
- 36—СУДИР КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА
- 37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА
- 38—ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА
- 39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА
- 40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
- 41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
- 42—ГОЛЕМАТА БОРБА Е ЗАВРШЕНА
Search Results
- Results
- Related
- Featured
- Weighted Relevancy
- Content Sequence
- Relevancy
- Earliest First
- Latest First
- Exact Match First, Root Words Second
- Exact word match
- Root word match
- EGW Collections
- All collections
- Lifetime Works (1845-1917)
- Compilations (1918-present)
- Adventist Pioneer Library
- My Bible
- Dictionary
- Reference
- Short
- Long
- Paragraph
No results.
EGW Extras
Directory
12—РЕФОРМАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА
Протестот во Шпаер и Аугзбуршката вероисповед биле до каз за победата на реформацијата во Германија. Но потоа настапиле години на борба и мрак. Ослабен со несогласијата Mery своите следбеници и напаѓан од моќните непријатели, се чинело дека протестантизмот е осуден на целосно уништување. Илјадници своето сведоштво го запечатиле со крв. Избувнала граѓанска војна; протестантизмот го предал еден од неговите предводни приврзаници; најблагородните кнезови, приврзаници на реформацијата, паднале во рацете на царот и биле влечени од град во град како заробеници. Но, во часот на својот привиден триумф, царот доживеал пораз. Видел како пленот му се отима од раце и најпосле бил присилен да и загарантира еносливост на науката, чиешто уништување го сторил своја животна задача. Тој го ставил на коцка своето царство, своето богатство, па и самиот живот, само да го искорени кривоверството. Сега своите војски ги видел истрошени од војувањето, своето богатство исцрпено, своите многубројни покраини загрозени со буни, додека верата, што напразно настојувал да ја задуши, се ширела на сите страни. Карло V се борел против семожната Божја сила. Бог рекол: „Нека биде светлина”, но царот сакал да ја задржи темнината. Неговите планови пропаднале; тој оетарел предвреме и, премален од долгата борба, се откажал од престолот и се повлекол во еден манастир каде што по две години умрел.GCMkd 163.1
За реформацијата во Швајцарија, како и во Германија, настапиле тешки денови. Додека многу кантони ја примиле реформираната вера, други со слепа упорност се држеле за римската вера. Најпосле гонењето на оние што ја прифаќале реформираната вера довело до граѓанска војна. Цвингли и многу од неговите соработници паднале на крвавото поле кај Капела. Еколампад, погоден со оваа страшна несреќа, умрел набргу потоа. Рим триумфирал; се чинело дека повторно го освоил она што го загубил порано. Но Оној, чиишто намери се вечни, не го оставил своето дело и својот народ. Избавување требало да дојде од неговата рака. Тој во други земји разбудил работници да ја продолжат реформацијата.GCMkd 163.2
Во Франција зората на реформацијата почнала да осамнува пред да се слушне за Лутера. Еден од првите кои почнал да ја сфаќа светлината на вистината бил стариот Лефевр, човек мошне учен, професор на парискиот универзитет, ревносен и искрен католик. При проучувањето на старата книжевност, му било обрнато внимание на Библијата и тој ја вовел како предмет на проучување за своите студенти.GCMkd 164.1
Лефевр бил одушевен обожавач на светците и решил да напише животопис за светците и мачениците врз основа на црковните легенди. Оваа работа барала многу труд, и тој веќе значително напредувал во тоа, кога одненадеж почнал да ја проучува Библијата, мислејќи дека таа ќе може да му помогне во неговата работа. Тука навистина нашол опис на светците, но не такви како во римскиот календар. Порој од небесна светлина го расветлила неговиот ум. Со одвратност сега ја напуштил задачата што си ја поставил себеси и се посветил на проучување на Божјата реч. Набргу почнал да ги проповеда драгоцените вистини што ги нашол таму.GCMkd 164.2
Во 1512 година, пред Лутер и Цвингли да го почнат реформаторското дело, Лефевр пишувал: „Само Бог е Оној што не оправдува за вечен живот со својата благодат преку верата” (Wylie, b. 13, ch. 1). Размислувајќи за тајната на спасението, извикнал: „О колку красна замена: Невиниот е осуден, а виновникот оправдан; благословениот е проклет, а проклетиот благословен; Живиот умира, а мртвиот прима живот; Славата се покрива со срам, а осрамотениот се облекува во слава” (D’Aubigne, London ed., b. 12, ch. 2).GCMkd 164.3
И додека проповедал оти честа за откупувањето му припаѓа само на Бога, го истакнувал и тоа дека должност на човекот е да биде послушен. „Ако си член на Христовата црква”, велел тој, „тогаш си орган на неговото тело и како таков исполнет со божествена природа... О кога луѓето би можеле да го сфатат тоа предимство, колку чист, невин и свет би бил нивниот живот, и колку сета слава на светот би ја сметале за срам во споредба со внатрешната убавина што е скриена за телесните очи” (Исто, b. 12, ch. 2).GCMkd 164.4
Меѓу учениците на Лефевр имало неколку такви кои со голем интерес ги слушале неговите зборови и кои, кога гласот на нивниот учител одамна замолкнал, продолжиле да ја објавуваат вистината. Таков бил и Гијом Фарел. Воспитан од побожни родители, научил слепо да и се покорува на науката на црквата. Тој би можел за себе да каже заедно со апостол Павле: „Јас, како фарисеј, најстрого живеев според учењето на нашата вера” (Дела 26,5). Како ревносен католик, горел од желба да уништи секого што би и се противел на црквата. „Јас чкртав со заби како бесен волк”, рекол тој подоцна, раскажувајќи за тој отсек од својот живот, „кога ќе слушнев дека некој зборува против папата” (Wylie, b. 13, ch. 2). Тој бил неуморен во своето обожавање на светците и заедно со Лефевр ги обиколувал париските цркви, клечел пред олтарите, и пред реликвиите оставал дарови. Но таа побожност не и донесувала мир на неговата душа. Наспроти сите дела на побожноста и каењето, со него завладеало чувство на вина. Како глас од небото ги слушал зборовите на реформаторот: „Спасението е дар на благодатта.” „Невиниот е осуден, а виновникот оправдан.” „Само Христовиот крст ја отвора небесната врата и ја затвора вратата на пеколот” (Исто, b. 13, ch. 2).GCMkd 164.5
Фарел со радост ја прифатил вистината. Со преобратувањето, слично на Павловото, се вратил од ропството на традицијата во слободата на Божјите синови. „Неговото разбојничко срце на крвожеден волк било променето во срце на кротко и мирно јагне откако целосно се одделил од папата и му се предал на Исуса Христа” (D’Aubigne, b. 12, ch. 3).GCMkd 165.1
Додека Лефевр продолжил да ја шири вистината меѓу своите студенти, Фарел, кој сега бил исто толку ревносен за Христовото дело како и порано што бил ревносен приврзаник на папата, почнал да ја проповеда вистината јавно. Еден црковен великодостојник, бискупот од Мо, набргу им се придружил ним. Други учители, кои уживале висок углед поради своите способности и својата ученост, исто така се придружиле кон проповедањето на евангелието. Новата вера задобила приврзаници меѓу сите сталежи, почнувајќи од занаетчиите и селаните, па до благородниците и кнезовите. Маргарета Наварска, сестрата на Франсоа I, кој владеел тогаш, ја примила реформираната вера. Самиот крал и кралицата мајка, се чинело, извесно време биле наклонети кон новата вера, и реформаторите, полни со надеж, го очекувале времето кога Франција ќе биде придобиена за делото на евангелието.GCMkd 165.2
Меѓутоа, нивните надежи не се исполниле. Христовите ученици ги чекале страшни искушенија и прогонства. Но тоа било милостиво скриено од нивните очи. Настапило едно време на мир, кога тие можеле да соберат сили за претстојната борба, и реформацијата бргу напредувала. Бискупот на Мо работел ревносно во својата бискупија, поучувајќи го како свештенството така и народот. Неуките и неморалните свештеници биле отстранети од службата и колку што било можно, заменети со образовани и побожни луѓе. Бискупот многу сакал неговиот народ сам да има пристап кон Божјата реч и таа желба набргу му се исполнила. ЈТефевр почнал да го преведува Новиот завет и речиси во исто време кога Лутер ја издал германската Библија во Витенберг, Новиот завет е печатен во францускиот град Мо. Бискупот не штедел ниту труд ниту средства да го рашири во сите свои парохии; и така набргу селаните од подрачјето на градот Мо имале Свето писмо.GCMkd 165.3
Како патникот кој умира од жед и кој радосно го поздравува изворот на жива вода, така овие души ја примале небесната вест. Работниците на полињата, како и занаетчиите во своите работилници, ја засладувале својата работа со разговори за скапоцените вистини на Библијата. Наместо навечер да навраќаат во крчмите, се собирале во своите домови да го читаат Светото писмо, да се молат и да го слават Бога. Набргу во тие места настапила голема промена. Иако му припаѓале на најнискиот сталеж, иако тоа биле необразовани и тешки физички работници, сепак, во нивниот живот се открила силата на божествената милост што ги подига и ги преобразува човечките срца. Скромни, љубезни и свети, тие стоеле како живи сведоци за она што го прави евангелието во искрените души што ќе го прифатат.GCMkd 166.1
Светлината што била запалена во Мо далеку проникнала со своите зраци. Бројот на верните постојано се зголемувал. Кралот извесно врме го зауздувал гневот на црковните водачи, зашто го мразел тесноградиот фанатизам на калуѓерите. Но папските водачи најпосле победиле. Подигната е ломача. Бискупот од Мо, присилен да бира меѓу огнот и откажувањето, го избрал полесниот пат. Но, иако водачот паднал, неговото стадо останало цврсто, Мнозина среде пламен сведочеле за вистината. Со својата храброст и верност, овие понизни Христови ученици од ломачите им зборувале на илјадници други кои во мир и благосостојба можеби никогаш не би го слушнале нивното сведоштво.GCMkd 166.2
He се осмелиле само сиромашните и понизните да сведочат за Христа среде подбивањата и неволјите. И во кнежевските сали на замоците и палатите имало благородни души кои повеќе ја ценеле вистината од богатството и положбата, па дури и од животот. Витешката опрема криела поблагороден и похрабар дух од оној под бискупската облека и под митрите. Еден од таквите бил и Луј Беркен, по потекло благородник, храбар дворски витез, предан на науката, со префинети манири и со беспрекорен морал. „Тој бил”, кажува еден писател, „голем чувар на папските уредби и ревносен посетител на сите манастири и проповеди;... и како врв на се, длабоко го презирал учењето на Лутера.” Но, како и многу други, и тој со Божјето провидение бил поттикнат да ја проучува Библијата и се зачудил кога во неа не ја нашол „науката на Рим, туку науката на ЈТутера” (Wylie, b. 13, ch. 9). Од тој миг наполно му се посветил на делото на евангелието.GCMkd 166.3
Наречен „најучен француски благородник”, личен заштитнжк на кралот, на мнозина им изгледало дека тој, поради својата надареност, речитост, непоколеблива храброст, херојска ревност и влијание на дворот, ќе биде иден реформатор на својата земја. Теодор Беза вели: „Беркен би бил втор Лутер кога во Франсоа I би нашол друг изборен кнез.” „Тој е полош од Ј1утера”, викале приврзаниците на папата (Исто, b. 13, ch. 9). И навистина, тој бил поопасен за приврзаниците на папата во Франција од Лутера. Тие го затвориле како кривоверец, но кралот го ослободил. Борбата траела со години. Франсоа I се колебал меѓу Рим и реформацијата; понекогаш ја штител и ја ограничувал гневната ревност на калуѓерите. Три пати папските власти го затворале Беркена и три пати кралот го ослободил, зашто бил восхитен со неговиот благороден карактер и генијалност и затоа одбил да го предаде на милост и немилост на црковните водачи.GCMkd 167.1
Многупати Беркен бил предупреден на опасноста што му се заканува во Фракција и пријателите го советувале да го следи примерот на оние што нашле сигурност во доброволно изгнанство. Плашливиот и непостојан Еразмо, на кого, покрај сета сјајна ученост, му недостигала онаа морална сила која животот и честа и ги потчинува на вистината, му пишувал на Беркена: „Барај да те пратат како пратеник во некоја странска земја; патувај во Германија. Ти го познаваш Беда и други слични на него; тој е чудовиште со илјада глави кое својот отров го фрла на сите страни. Ти имаш легион непријатели. Кога твоето дело би било подобро од Исусовото, тие не би те пуштиле додека не те убијат. Немој да се надеваш многу во заштитата на кралот. Во секој случај, не го загрозувај мојот добар глас на теолошкиот факултет” (Исто, b. 13, ch. 9).GCMkd 167.2
Колку повеќе се напластувале опасности, се повеќе се зголемувала ревноста на Беркена. He сакал да ја прифати политиката на претпазливост што му ја советувал Еразмо, туку се решил на уште посмели дела. He само што ја бранел вистината, туку и ги напаѓал заблудите. Обвжнувањето поради кривоверство, што го поджгнале приврзаниците на папата против него, тој го свртил против нив. Негови најупорни и најогорчени непријатели биле теолозите и монасите на теолошкиот факултет на парискиот универзитет, еден од најголемите црковни авторитети како во градот така и во државата. Беркен од списите на тие теолози извадил дванаесет реченици што јавно ги прогласил како „противни на Библијата и според тоа еретички” и му се обратил на кралот да биде судија во оваа расправа.GCMkd 167.3
Кралот не бил против тоа водачите на спротивните страни да ја измерат својата сила и својата моќ на расудување, и среќен што ќе може да ја понизи горделивоста и надуеноста на тие монаси, им заповедал на приврзаниците на Рим своето дело да го бранат со Библијата. Но овие знаеле дека тоа оружје малку ќе им користи; затворите, мачењата и ломачите - тоа било оружјето со кое би знаеле подобро да ракуваат. Ситуацијата се изменила; им се чжнело дека се наоѓаат на работ на јамата што ја ископале за Беркена. Збунети и вчудовидени, тие барале излез од таа положба.GCMkd 168.1
Токму во тоа време на ќошето на една улица е најден осакатен кипот на дева Марија. Во градот завладеала голема возбуда. Мноштво луѓе дотрчале на тоа место, покажувајќи ја својата жалост и негодување. И кралот бил длабоко трогнат. Сега им се дала можност на монасите што можеле да ја искористат и тие тоа не го пропуштиле. „Ова се плодови на учењето на Беркена”, викале тие, „овој заговор на лутераните има намера да урне се: религијата, законот и престолот” (Исто, b. 13, ch. 9).GCMkd 168.2
Беркен повторно е фатен. Бидејќи кралот отпатувал од Париз, монасите можеле да работат по своја волја. Реформаторот бил сослушан и осуден на смрт и, плашејќи се да не се вмеша пак кралот за да го спаси, осудата е извршена истиот ден кога била и изречена. На пладне Беркен е изведен на губилиште. Големо мноштво луѓе се собрале да присуствуваат на неговото погубување. Мнозина со чудење и со ужас забележале дека жртвата е избрана меѓу најблагородните и најугледните луѓе на Франција. На многу лица се читале гроза, негодување, презир и омраза; но на едно лице немало ниту сенка. Мислите на маченикот биле далеку од оваа возбудлива сцена; тој бил свесен само за Божјето присуство. He обрнувал внимание на страшната кола на која седел, ниту на намуртените лица на своите прогонувачи, ниту на ужасната смрт на која и одел во пресрет. Крај него се наоѓал Оној кој е жив, а бил мртов, кој живее во век века и кој ги има клучевите од гробот и смртта.GCMkd 168.3
Лицето на Беркена светело со небесен сјај. Ја облекол својата најубава облека: „наметка од баршун, елек од атлас и дамаст, панталони од позлатена ткаенина” (D’ Aubigne, History of the Reformation in Europe in the Time of Calvin, b. 2, eh. 16). Бил готов својата вера да ја посведочи во присуство на Царот над царевите и на целата вселена и затоа неговата радост не смеела да биде поматена од ниту еден знак на жалост.GCMkd 168.4
Kora поворката се движела полека низ улиците преполни со свет, луѓето со чудење го гледале непоматениот мир и радосниот триумф на неговиот поглед и држење. „Тој како да стои во храм и размислува за свети рабити”, велеле тие (Wylie, b. 13, ch. 9).GCMkd 169.1
На ломачата Беркен се обидел да му упати неколку зборови на народот, но монасите, плашејќи се од последиците, почнале да викаат, а војниците толку силно да ѕвекотат со оружјето, што нивниот шум го задушил гласот на маченикот. Така во 1529 година Сорбона, највисокиот културен и црковен авторитет на просветениот Париз, „му оставила на народот низок пример, задушувајќи ги на губилиштето светите зборови на оној што умирал” (Исто, b, 13, ch. 9).GCMkd 169.2
Беркен бил задавен и неговото тело спалено. Веста за неговата смрт предизвикала голема жалост меѓу пријателите на реформацијата во цела Франција. Но неговиот пример не бил напразен. „И ние сме готови”, велеле сведоците на вистината, „радосно да одиме во смрт, насочувајќи го нашиот поглед кон идниот живот” (D’Aubigne, History of the Reformation in Europe in the Time of Calvin, b. 2, ch. 16).GCMkd 169.3
За време на прогонствата во Мо, на учителите на реформираната вера не им било дозволено да проповедаат и затоа биле присилени да отпатуваат во други полиња. Лефевр отпатувал во Германија. Фарел се вратил во своето родно место во источниот дел на Франција; ја проповедал Божјата реч во Гап и во околината каде што го поминал своето детство. И овде стигнала веста за она што се случило во Мо, и вистината што почнал да ја проповеда реформаторот со бестрашна ревност нашла свои слушатели. Но набргу градските власти станале да го замолкнат и Фарел е протеран од градот. Бидејќи не можел повеќе да работи јавно, патувал низ полињата и селата и Божјата реч ја проповедал во приватни домови и по оддалечени ливади. Кога и овде му се заканила опасност, шумите, пештерите и стрмните карпи што толку добро ги познавал од својата младост, му нуделе прибежиште. Бог го пржготвувал за уште поголеми искушенија. „Неволјите, прогонствата и сатанските сплетки, на кои бев однапред предупреден, не ми недостигаа”, рекол тој; „тешкотиите беа толку големи, што јас сам не ќе можев да ги поднесам; но Бог е мој татко; Тој ми даваше и секогаш ќе ми дава сила што ќе ми биде потребна” (D’Aubigne, History of the Reformation of the Sixteenth Century, b. 12, ch. 9).GCMkd 169.4
Како и BO деновите на апостолите, прогонството придонело за „напредок на евангелието” (Филипјаните 1,12). Протераните од Париз и Мо, „кои беа раштркани”, оделе насекаде, „проповедајќи ја речта” (Дела 8,4). На овој начин светлината се раширила во многу оддалечени француски покраини.GCMkd 169.5
Бог приготвувал и други работници за своето дело. Во една париска школа се наоѓал еден сериозен и мирен млад човек, со силен и прониклив дух, кој се истакнувал како со чистотата на својот живот, така и со голема ревност за проучување и со побожност. Неговите таленти и неговата трудољубивост го сториле гордост на школата и сите се надевале дека Жан Калвин ќе стане еден од најспособните и најпостојаните бранители на црквата. Но зракот на божествената светлина проникнал дури и низ ѕидовите на сколастиката и празноверието со кои Калвин бил ограден. Тој со ужас слушал за новата наука, не сомневајќи се ниту најмалку во тоа дека еретиците го заслужиле огнот во кој биле фрлани. He знаејќи ни самиот како, одеднаш бил соочен лице в лице со „кривоверството” и морал да ја испитува моќта на папската теологија за да ја побие протестантската наука.GCMkd 170.1
Калвиновиот внук од сестра, кој ја прифатил реформираната вера, живеел во Париз. Овие двајца роднини често се состанувале и заедно расправале за работите што го вознемирувале христијанството.GCMkd 170.2
„Постојат две религии на светот”, рекол Оливетан, „но само една е вистинска. Лажна е онаа религија што ја измислиле луѓето и според која нас не спасуваат натттите сопствени дела; а вистинска е онаа што е откриена во Библијата која учи дека спасението е дар на Божјата милост...”GCMkd 170.3
„Не ми е потребна твојата нова наука”, викнал Калвин; „мислиш ли дека јас цел живот сум бил во заблуда?” (Wylie, b. 13, ch. 7).GCMkd 170.4
Ho, во неговата душа ce разбудиле мисли што не можел да ги отера по евоја волја. Во самотијата на својата соба размислувал за зборовите на својот внук. Наеднаш станал свесен за својата грешност. Се видел себеси без посредник во присуство на еден свет и праведен Судија. Посредувањето на светците, добрите дела, црковните церемонии - сето тоа било немоќно да го ослободи од неговите гревови. Пред себе видел само мрак на вечен очај. Напразно неговите учители се обидувале да го охрабрат, Попусто барал прибежиште во исповдањето и во покајанието - ништо не можело да ја помири неговата душа со Бога.GCMkd 170.5
Додека Калвин така преживувал тешка внатрешна борба, еден ден случајно дошол на јавниот плоштад каде што се собирал во тоа време народот да гледа спалување на некој еретик, Бил вчудовиден гледајќи го епокојството на лицето на маченикот. Во маките на оваа страшна смрт и под уште пострашната осуда на црквата, маченикот покажувал вера и храброст и тоа младиот студент со болка го споредувал со својот очај и мрак, иако тој најточно ја слушал црквата. Знаел дека еретиците својата вера ја темелат на Библијата и решил да ја проучува и по можност да ја открие тајната на нивната радост.GCMkd 170.6
Во Библијата Калвин го нашол Христа. „О Оче”, извикнал, „неговата жртва го стивнала твојот гнев; неговата крв ги испрала моите гревови; неговиот крст го носел моето проклетство, a неговата смрт ми донела оправдување. Ние сме измислиле многу непотребни глупости, но ти ја стави пред мене својата Реч како светилка. Го трогна моето срце да презрам секоја друга заслуга освен твојата како Откупител” (Martyn, vol. 3, ch, 13).GCMkd 171.1
Калвин се приготвувал за свештенички позив. Кога имал дванаесет години, бил именуван за капелан во една малечка црква и според црковниот пропис бискупот свечено му ја остригол главата. He бил посветен ниту вршел должност на свештеник, но сепак станал член на свештенството и ја носел титулата на својата служба за која примал и плата.GCMkd 171.2
Бидејќи чувствувал дека никогаш не ќе може да стане свештеник, почнал извесно време да студира право, но конечно го напуштил и овој план и решил целосно да му се посвети на евангелието. Сепак, се колебал да стане проповедник. По природа бил плашлив и големата одговорност на таа положба многу го загрижувала. Затоа решил да ги продолжи студиите. Најпосле ги прифатил молбите на своите пријатели. „Прекрасно е”, рекол тој, „кога на едно суштество со толку ниско потекло ќе му се укаже толку висока чест” (Wylie, b. 13, ch. 9).GCMkd 171.3
Калвин мирно го почнал своето дело и неговите зборови биле како роса што паѓа да ја освежи земјата. Го оставил Париз и се настанил во еден провинциски град под заштита на принцезата Маргарета која, од љубов кон евангелието, ги заштитувала оние што го прифатиле. Калвин уште бил младич; бил скромен и љубезен. Својата работа со луѓето ја почнал во нивните домови. Опкружен со членовите на семејството, им го читал Светото писмо и им ги толкувал вистините на спасението. Оние што ја чуле веста на спасението, им ја носеле и на другите, и набргу од големиот град евангелието се раширило низ околните места и села. Калвин имал пристап како во дворците така и во колибите; храбро го расчистувал патот на евангелието, положувајќи го темелот на црквите од кои излегувале бестрашни сведоци на вистината.GCMkd 171.4
По неколку месеци отшпол во Париз. Во круговите на учените и образовани луѓе завладеала голема возбуда. Изучувајќи ги старите јазици, луѓето се запознале со Библијата и мнозина, чиишто срца уште не биле трогнати со нејзините вистини, ги истражувале ревносно и дури самж се бореле против бранителите на папството. Иако Калвин на полето на теолошките расправи бил добар борец, тој имал повисока задача од овие бучни теолози. Срцата на луѓето биле разбудени и сега насташтло време да им се открие вистината. Додека салите на универзитетите одекнувале од бучни теолошки расправжи, Калвин одел од куќа до куќа и му ја отворал на народот Библијата и му зборувал за распнатиот Христос.GCMkd 171.5
Со Божјето милостиво провидение, Париз требало да слушне и друг повик за да го прими евангелието. Го отфрлил повикот на Лефевр и на Фарел, но сепак, било одредено во тој голем град сите сталежи да ја слушнат веста на евангелието. Кралот од политички обѕири во борбата против реформацијата не застанал потполно на страна на Рим. Маргарета се уште се надевала дека протестантизмот во Франција ќе победи. Решила во Париз да се проповеда реформираната вера. За време на отсуството на кралот му заповедала на еден протестантски проповедник да проповеда во градските цркви. Кога папските великодостојници го забраниле тоа, тогаш принцезата го отворила дворот. Една соба била приспособена како капела; објавено е дека секој ден во одредено време ќе се одржува проповед на која се повикуваат луѓето од сите сталежи. Мноштво луѓе доаѓале на проповедта. He само капелата, туку и претсобјето и соседните простории биле полни со народ. Илјадници души секој ден се собирале на Божјата служба: благородници, државници, адвокати, трговци и занаетчии. Наместо овие собири да ги забрани, кралот одредил да се отворат две париски цркви за проповеди. Никогаш порано градот не бил толку обземен со Божјата реч. Се чинело дека од небото дувнал врз народот животен дух. Местото на пијанството, порокот, караниците и мрзливоста го зазеле умереност, чистота, ред и трудољубивост.GCMkd 172.1
Но свештенството не седело со скрстени раце. Кралот се уште се притеснувал да го забрани проповедањето и затоа тие се свртиле кон народот. Ги употребиле сите средства за да предизвикаат страв, предрасуди и фанатизам кај неуките и празноверните. Покорувајќи им се слепо на своите лажни учители, Париз, како и некогаш стариот Ерусалим, не го препознал своето време ниту она што служело за неговиот мир. Во текот на две години во главниот град се проповедала Божјата реч, и додека мнозина го прифатиле евангелието, сепак, мнозинството го отфрлило. Кралот Франсоа I од лични политички цели покажал извесна верска трпеливост, но подоцна папските приврзаници пак задобиле превлает. Црквите пак биле затворени и ломачите пак подигнати.GCMkd 172.2
Калвин се уште бил во Париз, приготвувајќи се со проучување, со размислување и со молитва за својата идна работа, а во исто време продолжил да го шири виделото, Најпосле станал сомнителен и властите решиле да го спалат на ломача. Сметајќи се сигурен во својата повлеченост, и не помислувал на опасноста, кога одненадеж во неговата соба дотрчале пријателите со вест дека веќе се пратени стражари да го уапсат. Истиот миг се слушнало тропање на надворешната врата. He смеел повеќе да се колеба. Некои од неговите пријатели ги задржале стражарите пред вратата, додека други му помогнале на реформаторот да се спушти низ прозорец. Бргу се упатил кон предградието каде што нашол прибежиште во колибата на еден работник кој бил пријател на реформацијата. Калвин тука се преоблекол во облеката на својот домаќин и со мотика на рамо тргнал понатаму. Се упатил кон југ, каде што пак нашол прибежиште на подрачјето на принцезата Маргарета. (Види: D’Aubigne, History of the Reformation in Europe in the Time of Calvin, b. 2, ch. 30).GCMkd 172.3
Тука останал неколку месеци под сигурна заштита на своите моќни пријатели, занимавајќи се како и порано со проучување. Но неговото ерце мислело на ширењето на евангелието во Франција. Затоа не можел долго да остане неактивен. Штом бурата малку стивнала, побарал ново поле за работа и тоа во Поатје, каде што се наоѓал универзитет и каде што новата наука наишла на добар прием. Евангелието радосно го слушале луѓе од сите сталежи. Бидејќи немал јавна сала во која би проповедал, Божјата реч ја изнесувал во куќата на началникот на градот, во својот приватен стан или во некој парк. Кога бројот на слушателите се зголемил, сметале дека е посигурно да се состануваат надвор од градот. За место на одржување на собирите избрана е една пештера, во една тесна и длабока горска клисура, скриена со дрвја и со наведени карпи, кои осаменоста ја правеле уште поцелосна. Малечки групи, напуштајќи го градот низ разни улици, таму заминувале незабележано. Во тоа зафрлено место се читала и се објаснувала Библијата. Овде протестантите на Франција првпат прославиле вечера Господова. Од оваа малечка црква подоцна излегле многу верни евангелисти.GCMkd 173.1
Калвин уште еднаш се вратил во Париз. Ниту сега не можел да се откаже од надежта дека цела Франција како нација ќе ја прифати реформацијата. Но во својата работа речиси насекаде наидувал на затворена врата. Да се проповеда евангелието значело да се оди директно на ломача. Овие околности го натерале да се одлучи и да оди во Германија. Штом ја преминал границата, во Франција повторно избило прогонство против протестантите. Кога би останал подолго во својата татковина, сигурно би бил повлечен во општа пропаст.GCMkd 173.2
Еве што се случило: Француските реформатори, сакајќи искрено да видат дека нивната земја оди наспоредно со Германија и Швајцарија, решиле против празноверните обичаи на Рим да поведат решителна борба што ќе го потресе сиот народ. За таа цел, една ноќ биле залепени плакати кои ја напаѓале мисата. Но, наместо реформацијата да ја унапреди, овој ревносен, но лошо пресметан чекор, им донел пропаст не само на неговите извршители, туку и на пријателите на реформираната вера во цела Франција. Тој на луѓето на Рим им го дал она што тие толку многу го сакале: изговор да побараат целосно уништување на еретиците како опасни бунтовници против сигурноста на престолот и мирот на нацијата.GCMkd 173.3
Една непозната рака - на некој непромислен пријател или на лукавиот непријател, што останало тајна - залепила плакат на вратата на приватната соба на кралот. Кралот бил вчудовиден. Во овој плакат немилосрдно се напаѓани празноверните обичаи што биле почитувани со векови. Беспримерната храброст, што се осмелила да изнесе толку отворени и страшни обвинувања пред очите на кралот, предизвикала кај него гнев. Вчудовидено стоел неколку мига тресејќи се и молчејќи. Тогаш неговиот гнев се излеал како порој со страшни зборови: „Нека се уапсат сите што се под сомневање дека се лутерани. Сакам сите да ги истребам!” (Исто, b. 4, ch. 10). Коцката паднала: кралот се определил за Рим.GCMkd 174.1
Веднаш се преземени сите мерки да се уапси секој лутеран во Париз. Еден занаетчија, приврзаник на реформацијата, кој имал должност да ги повикува верните на нивните тајни состаноци, бил уапсен, и под закана на неизбежна смрт на ломача, наредено му е да го води папскиот пратеник во куќата на секој поединечен протестант во градот. Во првите мигови тој со одвратност одбил да го прави тоа, но после се согласил натеран со стравот од огнот и така станал предавник на своите браќа. Кралскиот крвник, Морин, придружуван од предавникот, пред кој е носена хостија, опкружен со придружба на свештеници, носители на кадилници, со калуѓери и со војска, поминувал полека и молчејќи низ градските улици. Поворката требало да изгледа дека е организирана во чест на „светите сакраменти”, како очистување за навредата што и ја нанеле протестанпгге на мисата; но зад тој свечен изглед се криела сатанската намера. Пристигнувајќи до куќата на некој протестант, предавникот давал знак, не изговарајќи ниту еден збор. Поворката застанувала, луѓето влегувале во куќата, ги влечеле домашните надвор и ги оковувале во синџири, и страшната поворка одела понатаму да бара нови жртви. „Не поштедил ниту една куќа, ниту големите ниту малечките, ниту париекиот универзитет... Пред Морина се тресел цел град... Тоа било време на ужасен терор” (Исто, b, 4, ch. 10).GCMkd 174.2
Жртвите умирале во најстрашни маки, зашто било наредено огнот да гори полека за да се продолжат нивните претсмртни маки. Но тие умирале како победници. Нивната решителност била непоколеблива, а нивниот мир непоматен, Прогонувачите, немоќни да ја поколебаат нивната нескршлива цврстина, се чувствувале самите победени. „Ломачи биле подигнати во сите делови на Париз и жртвите ги спалувале во разни денови, со што ги зголемувале измачувањата за да се зголеми стравот од кривоверство. Но победата, сепак, на крај била на страна на евангелието. Цел Париз можел да види какви луѓе создала новата вера. Нема проповедална која би била толку речита како ломачите на мачениците. Тивката радост која зрачела од лицата на овие луѓе кога оделе на губилиште, нивната храброст среде пламенот, нивното милостиво проштавање на навредите, често гневот го претворале во сомилост, омразата во љубов и со непреодолива речитост сведочеле во полза на евангелието” (Wylie, b. 13, ch. 20).GCMkd 175.1
Свештениците, сакајќи да поттикнат гнев кај народот, за протестантите ширеле најстрашни клевети. Ги обвинувале дека приготвуваат колеж на католиците, уривање на владата и убиство на кралот. Но за тоа тврдење не можеле да наведат ниту еден доказ. Овие пророштва за идната неереќа требало да се исполнат, но во наполно поинакви прилики и од сосем спротивни причини. Стравотиите што ги извршиле католиците над недолжните протестанти преколнувале за одмазда и на подоцнежните векови им ја донеле токму онаа судбина која според нивното пророштво му се заканувала на кралот, на неговата влада и на неговите приврзаници. Главни предизвикувачи на таа катастрофа биле неверниците и самите паписти. He зацврстувањето, туку угнетувањето на протестантизмот на Франција по триста години it ги донело оние ужасни стравотии.GCMkd 175.2
Сите општествени слоеви биле проникнати со подозрение и ужас. Среде сеопштата возбуда било очигледно колку длабок корен фатила Лутеровата наука во срцата на луѓето кои се одликувале со воспитание, со влијание и со беспрекорен карактер. Наеднаш положбите од доверба и чест останале празни. Исчезнале занаетчии, графичари, научници и универзитетски професори, писатели, па дури и дворски службеници. Стотици побегнале од Париз, доброволно ја напуштиле својата родна земја, со што во многу случаи првпат дале на знаење дека и припаѓаат на реформираната вера. Одненадеж папистите се загледале при помислата дека во нивната средина живееле толку многу неосомничени еретици. Својот гнев го излеале врз мноштвото скромни жртви што биле во нивна власт. Затворите биле препол- ни, воздухот како да потемнел од чадот на ломачите што гореле, што биле запалени за приврзаниците на евангелието.GCMkd 175.3
Франсоа I се фалел дека е еден од водачите на големото движење на ренесансата, на културниот препород, што го обележува почетокот на шеснаесеттиот век. Сакал на својот двор да собира учени луѓе од сите земји. Неговата толерантност кон реформацијата донекаде треба да и се припише на неговата љубов кон науката и на неговиот презир кон незнаењето и празноверието на монасите, Но, опфатен со ревност да го уништи „кривоверството”, овој заштитник на науката издал декрет со кој ја укинал слободата на печатот во цела Франција. Франсоа I претставува еден од многуте примери во историјата што покажуваат дека ученоста не е заштита против верската неподносливост и прогонство.GCMkd 176.1
Со една свечена и јаена церемонија Франција го почнала прогонството и целосното уништување на протестантизмот. Свештениците барале навредата нанесена на Небото со отфрлањето на мисата да биде окајана со крв, и кралот, во интерес на својот народ, мора јавно да го одобри ова варварско дело.GCMkd 176.2
Дваесет и први јануари 1535 година бил одреден за таа ужасна церемонија. За таа цел поттикнати се празнверни стравувања и слепа омраза кај целиот народ. Париските улици биле полни со луѓе кои дошле од целата околина. Денот требало да почне со величествена и сјајна процесија. „Куќите, пред кои требало да помине процесијата, биле искитени со црни знамиња, а наместа биле подигнати олтариПред секоја врата гореле факли во чест на „светиот сакрамент” Уште пред да осамне, пред кралскиот дворец се формирала поворка. „На чело на процесијата се носени знамиња и крстови на одделни жупи. По нив оделе граѓани, сите по двајца во ред, со запалени факли во раката.” Нив ги следеле четири монашки реда, секој во својата посебна одежда. По тоа носена е голема збирка на прочуени реликвии. По нив јавале црковни великодостојнжци во своите пурпурни и скерлетни облеки, украсени со скапоцени камења - сјајна и блескотна поворка!GCMkd 176.3
„Хостијата ја носел парискиот бискуп под величествен балдахин што го држеле четири кнеза на Франција... Зад хостијата одел кралот... Франсоа I тој ден не носел ниту круна ниту кралска облека„Гологлав, со наведен поглед, со запалена свеќа во раката”, кралот на Франција се појавил „како покајник” (Исто, b. 13, ch. 21). Пред секој олтар покорно се поклонил, не поради гревовите што ја оскверниле неговата душа, не поради невината крв што ги извалкала неговите раце, туку поради „смртниот грев” на своите приврзаници кои се осмелиле да станат против мисата. Зад него одела кралицата, а потоа државните великодостојници, исто така во ред двајца по двајца и секој со запалена свеќа.GCMkd 176.4
Како дел на службата тој ден, кралот одржал говор во големата сала на бискупската палата пред вишите чиновници на своето кралство. Пред нив истапил со жалосно лице и со трогателна речитост ја оплакувал „изопаченоста на богохулните, денот на жалоста и срамот”. Тогаш го повикал секој верен приврзаник да помогне да се истреби опасното и штетно „кривоверство” што се заканува да ја уништи Франција. „Како што е вистина, господа, дека јас сум ваш крал”, рекол, „така кога би знаел дека еден од членовите на моето тело е заразен со овој одвратен гнилеж, би дал да го пресечете... Уште повеќе: кога би видел едно од моите деца осквернето со тоа, не би го поштедил... Јас сам би го предал и би му го жртвувал на Бога.” Неговиот глас го задушиле солзи, a целиот собир заплакал и еднодушно извикнал: „Ние ќе живееме и ќе умреме за католичката религија!” (D’Aubigne, History of the Reformation in Europe in the Time of Calvin, b. 4, ch. 12).GCMkd 177.1
Врз народот што ja отфрлил вистината се спуштила страшна темнина. Божјата милост, изворот на спасението за сите луѓе, се открила; но Франција, откако ја видела нејзината моќ и нејзиното преродбенско влијание, откако илјадници биле освоени со нејзината божествена убавина, откако градовите и селата биле осветлени со нејзината светлина, се одвратила од вистината, зашто нејзините жители повеќе ја сакале темшшата отколку светлината. Го отфрлиле божествениот дар што им се нудел. Злото го нарекувале добро, а доброто зло, додека не станале жртва на својата тврдоглава самоизмама. Попусто сметале дека на Бога му вршат служба прогонувајќи го неговиот народ; нжвната искреност не ја намалувала нивната кривица. Тие свесно ја отфрлиле светлината што можела да ги сочува од измама и нивните души од крв.GCMkd 177.2
Во големата катедрала Нотр-Дам е положена свечена заклетва дека „кривоверството” ќе се искорени. Тука, малку помалку од три века подоцна, народот кој го заборавил живиот Бог, на престолот ја издигнал „божицата на разумот”. Повторно е формирана процесија и претставниците на Франција го почнале делото за кое се заколнале дека ќе го извршат. „На малечки растојанија биле подигнувани ломачи за спалување на ,кривоверците‘. Наместено е одделни ломачи да бидат запалени кога ќе наиде кралот за да биде сведок на погубувањето” (Wylie, b. 13, ch. 21). Подробностите на претрпените маки на овие Христови сведоци премногу се грозни за да можеме да ги наведеме, но жртвите, сепак, не покажувале никаква нерешителност. Кога го присилувале еден верен да се откаже, тој одговорил: „Верувам само во она што некогаш го проповедале пророците и апостолите и во што верувале заедниците на светите. Мојата вера се потпира на Бога и ќе им се противстави на сите пеколни сили” (D’Aubigne, History of the Reformation in Europe in the Time of Calvin, b. 4, ch. 12).GCMkd 177.3
Процесијата ce запирала на сите места на мачење. Враќајќи се на своето појдовно место кај кралската палата, народот се разотишол, а кралот и епискотгате се повлекле, задоволни со настаните на денот. Решено е почнатото дело да продолжи до целосно истребување на кривоверството.GCMkd 178.1
Евангелието на мирот што го отфрлила Франција требало да биде искоренето, но колку страшни ќе бидат последиците! Дваесет и први јануари 1793 година, двесте педесет и осум години откако Франција го објавила истребувањето на протестантите, низ улиците на Париз поминувала една друга колона, со сосем поинаков карактер. „Пак кралот бил главна личност; пак се слушнал вик на народот кој барал нови жртви; пак се подигале нови губилишта за страшни егзекуции. Луј XVI, отимајќи им се на своите темничари и крвници, бил довлечен на гилотина и тука сосила е држан додека не паднала секирата и додека неговата глава не се оттркалала на земјата” (Wylie, b. 13, ch. 21). Кралот на Франција не бил единствена жртва; недалеку од тоа место погубени се околу две илјади и осумстотини мажи и жени за време на крвавите денови на стравот и ужасот.GCMkd 178.2
Реформацијата на светот му ја открила Библијата; укажала на Божјиот закон, објавувајќи дека се уште важат неговите барања и права над човечката совест. Бесконечната љубов на луѓето им ги открила небесните уредби и начела. Господ кажал: „И така, пазете ги и исполнувајте ги, зашто во тоа е вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи кои, откако ќе ги чујат сите тие наредби, ќе речат: ‘Овој голем народ е мудар и разумен народ’” (5. Мојсеева 4,6). Отфрлајќи го небесниот дар, Франција посеала семе на анархија и пропаст, што неизбежно довело до револуција и насилство.GCMkd 178.3
Уште пред да настапи прогонството предизвикано со плакатите, смелиот и ревносен Фарел бил присилен да го напушти својот роден крај. Заминал во Швајцарија каде што со својата работа му помогнал на Цвингли реформацијата да однесе победа. Овде ги поминал своите поеледни години, но сепак, вршел и значително влијание врз реформацијата во Франција. За време на првите години од своето изгнанство особено се трудел да го прошири евангелието во својот роден крај. Многу време поминал проповедајќи го евангелието меѓу своите земјаци во близината на границата, од каде што со неуморно внимание ја еледел борбата што се водела во неговиот роден крај, помагајќи го сестрано. Благодарение на неговите настојувања и залагањата на другите изгнаници, списите на германеките реформатори биле преведени на француски јазик и заедно со француската Библија печатени во голем број. Колпортерите овие дела ги продавале низ цела Франција. Книгите на колпортерите им се давани по пониска од продавната цена, а разликата одела во корист на колпортерите кои се издржувале од тоа и така можеле без прекин да ја продолжат работата.GCMkd 178.4
Фарел својата работа во Швајцарија ја почнал како скромен учител, Повлекувајќи се во скромна жупа, се посветил на воспитување на децата. Покрај вообичаените предмети, претпазливо ги вовел и библиските вистини, надевајќи се дека на тој начин преку децата ќе ги придобие и родителите. И навистина некои поверувале, но се вмешале свештениците да го спречат делото, а ги подбуцнале и празноверните селани да му се противстават. „Ова не може да биде Христово евангелие”, велел свештеникот, „зашто неговото проповедање не носи мир, туку војна” (Wylie, b. 14, ch. 3).GCMkd 179.1
Како и првите Христови ученици, кога бил протеран од еден град, Фарел бегал во друг. Патувал пеш од село во село, од град во град, поднесувајќи скудност, глад, зима, умор и насекаде неговиот живот бил во опасност. Проповедал по позариштата, во црквите, а понекогаш и од проповедалните на катедралите. Често наоѓал црква без слушатели; понекогаш неговите проповеди биле прекинувани со извици и со подбиви; често со сила го симнувале од проповедална. Неколку пати толпа го фатила и го претепала речиси на смрт. Сепак, тој одел напред. Иако често бил исфрлан од борбата, сепак, со неуморна истрајност пак се враќал во неа; и видел како градовите и селата, кои до тогаш биле тврдини на папството, еден по еден му ја отвораат вратата на евангелието. Малечката жупа во која работел во почетокот набргу ја примила реформираната вера. Градовите Мора и Нојшател ги напуштиле римокатоличките обичаи и ги исфрлиле од своите цркви идолопоклоничките слики.GCMkd 179.2
Фарел веќе одамна сакал во Женева да го подигне протестантското знаме. Кога би бил задобиен овој град, тој би станал згоден центар за реформацијата во Франција, во Швајцарија и Италија. Со таа цел пред себе продолжил да работи додека не придобил многу околни градови и села. Потоа се вратил во Женева, придружуван од еден свој соработник. Му било дозволено да одржи само две проповеди, Свештениците настојувале да ги наговорат градските власти да го осудат; кога тоа не им успеало, го повикале пред црковниот совет, на кој дошле со оружје скриено под својата облека, цврсто решени да го убијат. Пред салата се собрала разјарена толпа вооружена со мечеви и ластегарки, готова да го убие ако случајно побегне од собирот. Но, благодарение на присуството на граѓанските власти и на еден одред вооружена војска, Фарел бил спасен. Следното утро, рано в зори, одведен е со својот другар преку езерото на сигурно место. Така завршил неговиот прв обид на Женева да и го објави евангелието.GCMkd 179.3
За втор обид е избрано поскромно орудие - тоа бил младич со толку скромен изглед, што студено го примиле дури и таканаречените пријатели на реформацијата. Но што можел да стори толку неискусен човек кога сам Фарел бил одбиен? Како би можел да и преодолее на бурата човек кој имал толку малку храброст и искуство кога најсилниот и најхрабриот бил присилен да побегне? „Не со војска, не со сила, а со мојот Дух, вели Господ Саваот” (Захарија 4,6). „Бог го избра она што е слабо во овој свет за да ги посрами силните; зашто она што е безумно за Бога, помудро е од луѓето, и она што е за Бога немошно, посилно е од луѓето” (1. Коринќаните 1,27.25).GCMkd 180.1
Фромен - така се викал младичот, своето дело го почнал како учител. Вистините, на кои ги поучувал децата на училиште, тие ги повторувале дома. Набргу и родителите почнале да доаѓаат да ги слушаат објаснувањата на Библијата, додека училишната сала не била полна со внимателни слушатели. Биле разделени многу Нови завети и трактати што ги читале мнозина кои не се осмелиле јавно да дојдат и да ја слушаат новата наука. Набргу овој млад проповедник бил присилен да побегне, но вистините што ги проповедал фатиле длабок корен во срцата на луѓето. Реформацијата била втемелена, почнала да се засилува и да се шири. Проповедниците се вратиле и конечно со нивниот труд во Женева е воведено протестантско богослужение.GCMkd 180.2
Градот веќе се изјаснил за реформацијата кога Калвин, по разни патувања и тешкотии, влегол низ неговата порта. Враќајќи се од својата последна посета на своето родно место, бил на пат за Базел, таму да ги продолжи своите студии; но бидејќи патот бил окупиран со војската на Карло V, бил присилен да појде по заобиколен пат, преку Женева.GCMkd 180.3
Во таа Калвинова посета на Женева, Фарел ја видел Божјата рака. Иако Женева веќе ја примила реформираната вера, сепак, тука уште требало да се заврпш голема работа. Душите се обраќаат на Бога како поединци а не како цели цркви; духовната преродба мора да биде извршена во срцето и во совеста со силата на Светиот Дух, а не со декрети на соборите. Женевјаните, кои го отфрлиле авторитетот на Рим, уште не биле подготвени во толкава мера за да ги отфрлат пороците што цутеле под негова закрила. He била лесна работата да се воспостават чистите начела на евангелието и народот да се приготви достојно да ја исполни задачата за која, судејќи по се, ги повикало Провидението.GCMkd 180.4
Фарел бил уверен дека кај Калвина го нашол оној што треба да биде негов соработник во тоа дело. Во име на Бога свечено го заколнал младиот евангелист да остане тука и да соработува со него. Калвин, уплашен, се колебал. Бојазлив и мирољубив, се плашел да стапи во допир со храбрите, независни и дури избувливи граѓани на Женева. Неговото нежно здравје и неговите навики за проучување го гонеле да бара повлеченост. Верувајќи дека со своето перо би можел најдобро да и послужи на реформацијата, Калвин копнеел да најде едно тивко место за проучување, од каде со пишаниот збор би ги поучувал и би ги изградувал црквите. Но свечениот повик на Фарела му дошол како повик од небото и тој немал смелост да го одбие. Му се чинело, рекол тој, како да се подала Божјата рака од небото, „го фатила и неотповикливо го ставила на местото што толку нестрпливо сакал да го напушти” (D’Aubigne, History of the Reformation in Europe in the Time of Calvin, b. 9, ch. 17).GCMkd 181.1
Bo тоа време над протестантското дело демнеле големи опасности. Против Женева грмеле папски анатеми и силни народи и се заканувале со уништување. Како да и се противстави овој мал град на моќната хиерархија што подјармила толку кралеви и цареви? Како да и се противстави на војската на најголемите светски освојувачи?GCMkd 181.2
Во целото христијанство протестантизмот бил опкружен со страшнн непријатели. Првите победи на реформацијата поминале, а Рим собрал нови сили, надевајќи се дека ќе може да ја уништи новата вера. Во тоа време е основан редот на језуитите - најсвиреп, најбезочен и најсилен бранител на папството. Раскинувајќи ги земните врски и човечките обѕири, мртви кон барањата на природните склоности, замолкнувајќи го разумот и гласот на совеста, језуитите ја познавале само власта и правилата на својот ред и единствена должност им била да ја зголемат неговата моќ. Христовото евангелие ги оспособило своите приврзаници храбро да им се противстават на опасностите, да поднесат страдања, зима, глад, умор, сиромаштво и да го подигнат знамето на вистината спроти мачењата на тркало, спроти затворите и ломачите. Во борбата против реформацијата, језуитите ги одушевувале своите следбеници да се борат против неа со фанатизам кој ги оспособувал да ги претрпат истите опасности и на силата на вистината да и го противстават сето оружје на измамата. Ниту едно злосторство не било толку болно за да не го извршат, ниту една измама толку подла за да не ја изведат, ниту една лага толку ниска за да не ја употребат. Иако биле заветувани со завет на вечно сиромаштво и понизност, тие настојувале да стекнат богатство и моќ за да ги употребат за уништување на протестантизмот и за воспоставување на врховна власт на папството.GCMkd 181.3
Кога се појавувале како членови на редот, се појавувале под плашт на светост: посетувале затвори и болници, им служеле на болните и несреќните, тврделе дека се откажале од светот и дека го носат светото име на божествениот Исус кој одел насекаде правејќи добро. Но под оваа беспрекорна надворешност се криеле злоеторнички и крвнички намери. Главно начело на редот било целта да го оправда средството. Според тој закон - лагата, кражбата, кривоклетството и убиството од притајување не само што се проштавале, туку се препорачувале, само ако тоа служело во интерес на црквата. На различни начини језуитите се вовлекувале во државната администрација, станувале советници на кралевите и управувале со политиката на нациите. Служеле како слуги за да ги шпионираат своите господари. Основале училишта за воспитување на кнежевските и благородничките синови и училшпта за обичниот народ; а децата на протестантските родители ги присилувале да ги прифаќаат папските обичаи. Целиот надворешен сјај и раскош на римското богослужение имало цел на народот да му го помати умот, да ја занесе и да ја зароби мечтата; и така се случувало синовите да ја продаваат слободата за која нивните татковци се бореле и ја пролевале својата крв. Језуитите бргу се рашириле низ цела Европа и секаде каде што се зафатиле, тука пак оживеала папската моќ.GCMkd 182.1
За језуитите да имаат уште поголема моќ, папата издал декрет со кој повторно се воведува инквизицијата (види: Додаток). Наспроти општото гнасење со кое неа ја гледале дури и во католичките земји, сепак, повторно е воспоставен од папските владетели страшниот суд, и пак во тајните затвори на инквизицијата се повторувале страшните грозомори што не можат ниту да се опишат. Во многу земји илјадници луѓе, цутот на народите, најчистите и најблагородните, најобразованите и најдобро воспитаните, побожните и предани проповедници, трудољубивите и родољубиви граѓани, ејајните научници, надарените уметници и вештите занаетчии биле убиени или присилени да бегаат во други земји,GCMkd 182.2
Тоа биле средствата што ги употребил Рим да ја угасне светлината на реформацијата, на луѓето да им ја одземе Библијата и повторно да го воспостави незнаењето и празноверието на средниот век. Но, благодарение на Божјите благослови и на напорите на благородните луѓе што ги поттикнал Бог да го продолжат делото на Лутера, протестантизмот не е уништен. Неговата моќ не зависела од наклоноста на принцовите или од нжвното оружје. Најмалечките земји, најскромните и најслабите народи станале негови одбранбени кули. Тука била малечката Женева, среде моќните непријатели кои се труделе да ја уништат; тука била Холандија, на песочните брегови на Северното Mope, која се борела против шпанската тиранија, тогаш најголемо и најбогато кралство; тука била пустата и неплодна Шведска во која реформацијата извојувала победа.GCMkd 182.3
Калвин работел во Женева речиси триесет години, прво тука да основе црква која ќе се придржува кон чистиот морал на Библијата, а потоа да ја рашири реформацијата низ цела Европа. Неговиот јавен живот не бил без мана, ниту неговото учење без заблуди. Но тој бил орудие со кое Бог се послужил да ги рашири вистините што имале оеобена важност за тоа време, да ги одржи начелата на протестантизмот против наглото подигање на папството и во протестантските цркви да воведе чист и едноставен живот наместо горделивоста и раеипаноста што ги донесувало римекото учење.GCMkd 183.1
Од Женева излегувале списи и проповедници да ја рашират реформираната вера. Изгнаниците од сите земји и се обраќале на Женева да добијат поуки, совети и охрабрувања. Калвиновиот град станал прибежиште за прогонетите протестанти на цела Западна Европа. Бегајќи пред налетите на страшната луња што беснеела со векови, бегалците барале прибежиште пред портите на Женева. Гладни, ранети, оттргнати од своите домови и роднини, овде наоѓале топол прием и нежно гостопримство. Како возврат за новиот дом што го нашле овде, тие на градот што ги примил му ја донеле својата уметност, своето знаење и својата побожност. Мнозина кои овде нашле прибежиште, подоцна се враќале во своите земји да се борат против римската тиранија. Џон Нокс, храбар шкотски реформатор, поголем број на англиски пуританци, протестанти на Холандија и Шпанија, како и хугеноти на Франција, од Женева го понеле факелот на вистината да ја растераат темнината во својата татковина.GCMkd 183.2