Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
ГОЛЕМАТА БОРБА - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    19—СВЕТЛОСТ ВО ТЕМНИНА

    _______________

    Во сите векови Божјето дело на земјата во секоја голема ре формација и во секое верско движење покажува голема сличност, Бог секогаш со луѓето постапува според исти начела. Значајните современи движења имаат сличности со оние што биле во минатото, а искуствата на црквите во минатите времиња му даваат драгоцени поуки на нашето време.GCMkd 267.1

    Библијата јасно не учи дека Бог со помош на Светиот Дух на посебен начин управува со своите слуги на земјата во големите движења за продолжување на делото на спасението. Луѓето се орудија во Божјите раце со кои Тој се служи да ги исполни своите божествени намери. Секој има своја задача; секому му е дадена мерка на виделина што одговара на потребите на неговото време и колку што е потребно да го оспособи да го изврши делото што му го доверил Бог. Но ниеден човек, колку и да е ценет од Небото, шпсогаш не постигнал целосно сознание за големиот план на спасението, па ниту целосно ги сфатил божествените намери само за неговото време. Луѓето не разбираат потполно што сака Бог да постигне со задачата што им ја предал да ја извршат. Тие не го сфаќаат потполно значењето на веста што ја проповедаат во негово име.GCMkd 267.2

    „Можеш ли да проникнеш во длабочините Божји?” (Книгата за JOB 11,7). „Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се мои патишта, вели Господ. Колку што е небото повисоко од земјата, толку се моите патишта повисоки од вашите патишта, и моите мисли повисоки од вашите мисли.” „Зашто јас сум Бог и нема друг Бог сличен со мене. Јас сум Оној кој од почеток го открива крајот и однапред го јавува она што уште не се случило.GCMkd 267.3

    Јас кажувам и одлуката моја ќе се исполни, ќе сторам се што ми е по волја” (Исаија 55,8.9; 46,9.10).GCMkd 267.4

    Дури и пророците, кои биле оспособени, посебно просветлени од Светиот Дух, не го сфатиле наполно значењето на откровенијата што им биле доверени. Смислата на објавените пророштва станувала јасна со текот на времето, и тоа во часот кога на Божјиот народ му биле потребни поуките содржани во нив.GCMkd 267.5

    Пишувајќи за спасението, откриено преку евангелието, Петар кажува: „Ова спасение го истражуваа и го испитуваа пророците, кои пророкуваа за благодатта што требаше да дојде. Тие испитуваа на кого и на какво време укажуваше Христовиот Дух кој беше во нив, кој однапред укажуваше на Христовите страдања и на идната слава, Ним им беше откриено дека не си служеа себеси туку вам” (1. Петрово 1,10-12).GCMkd 268.1

    Но, иако на пророците не им било дадено целосно да ги сфатат стварностите што им биле откриени, сепак, тие сериозно настојувале да го разберат виделото што им го дал Бог. Испитувале „на кого и на какво време укажуваше Христовиот Дух кој беше во нив”. Какви поуки за Божјиот народ во христијанскиот период, во чијашто полза се дадени овие пророштва на неговите слуги! „Ним им беше откриено дека не си служеа себеси туку вам.” Погледнете ги овие свети Божји луѓе кои ги истражувале и ги испитувале откровенијата што им биле дадени за поколенијата што уште не биле ниту родени. Споредете ја нивната света ревност со небрежната рамнодушност со која постапувале учителите на подоцнежните векови со овој небесен дар. Каков укор упатен до небрежните и рамнодушните, кои се задоволуваат да кажат дека пророштвата не можат да се разберат!GCMkd 268.2

    Иако човечкиот ум е неспособен да ги долови мислите на Вечниот и целосно да ги сфати неговите намери, сепак, причината што луѓето не можат толку добро да ги сфатат небесните вести лежи во нивните многубројни заблуди и во нивната немарност. Често човечкиот дух, па и духот на Божјите слуги, е заслепен со човечки мислења, со преданија и со лажни науки, и поради тоа само делумно може да ги сфати големите нешта што Тој ги открива во својата Реч. Така било и со Христовите ученици дури и во времето кога Спасителот лично бил со нив. Нивните сфаќања биле проникнати со еврејските поими за Месија како световен лидер, кој Израел ќе го издигне на ниво на светско царство, и затоа не можеле да ги сфатат неговите зборови со кои ги преткажал своите маки и својата смрт.GCMkd 268.3

    Христос ги пратил во светот со веста: „Времето се исполни и наближи Божјето царство; покајте се и верувајте во евангелието” (Марко 1,15). Оваа вест се темели на 9. глава од кнжгата на пророк Даниел. Тука ангелот објаснува дека тие шеесет и девет седмици допираат до „Кнезот Помазанжк”, и учениците со големж надежи и со радост го очекувале скорашното воспоставување на царството на Месија во Ерусалим кое ќе владее со цел свет.GCMkd 268.4

    Тие ја проповедале веста што им ја доверил Христос, иако нејзината смиела погрешно ја сфатиле. Додека нивната вест се темелела на пророштвото на Даниел 9,25, не виделе во следниот стих на истата глава дека Помазаникот ќе биде погубен. Уште од својата рана младост нивното срце копнеело за славно земно царство на кое се надевале, и тоа го поматило нивното сфаќање во врска со даденото пророштво и со Христовите зборови.GCMkd 268.5

    Тие ја извршувале својата должност упатувајќи му го на еврејскиот народ повикот на милоста, а потоа, токму во часот кога очекувале нивниот Господ да го заземе Давидовиот престол, виделе како е фатен како злосторник, тепан, навредуван, осуден и распнат на крст на Голгота. Каков очај и какви душевни страдања ги мачеле срцата на учениците во тие денови кога нивниот Господ лежел в гроб!GCMkd 269.1

    Христос дошол точно во времето што било одредено и на начин опишан во пророштвото. Сведоштвото на Писмото се исполнило во секоја подробност како што било предвидено во него. Тој објавувал спасение „и неговата реч беше силна”. Неговите слушатели почувствувале во своите срца дека неговата беседа е небесна. Речта и Светиот Дух го потврдиле божественото пратеништво на Божјиот Син.GCMkd 269.2

    Учениците се уште му биле предани на својот сакан Учител, па сепак, нивните срца ги мачела неизвесност и сомневање. Во душевниот страв не се сетиле за Христовите зборови што упатувале на неговите маки и на неговата смрт. Кога Исус од Назарет би бил вистинскиот Месија, зар тие на таков начин би биле оставени во болка и разочарани? Тоа било прашање што ги мачело нивните души додека Спасителот лежел в гроб, во безнадежните часови онаа сабота, меѓу неговата смрт и воскресението.GCMkd 269.3

    Иако овие Христови следбеници ги обвила најтемна ноќ на жалост, сепак, тие не биле оставени. Пророкот рекол: „Иако сега сум во мрак, Господ е моја светлина... Тој ќе ме изведе на светлина, и ќе ја гледам неговата праведност.” „За тебе ни темнината не е темна: ноќта свети како ден, зашто за тебе и темнината е како светлинаБог рекол: „На праведникот и во мракот му зазорува.”GCMkd 269.4

    „Ке ги водам слепите по патеките, ќе ги упатам на патипггата. Пред нив темнината ќе ја претворам во светлина, а кривите патеки во прави. Тоа ќе го сторам и нема да отстапам” (Михеј 7,8.9; Псалм 139,12; 112,4; Исаија 42,16).GCMkd 269.5

    Веста што ја разгласиле учениците во Господово име во секој поглед била точна, а настаните на кои укажувала таа токму тогатп се одигрувале. „Се исполни времето и наближи царството Божје”, гласела нивната вест. Кога поминало времето - оние 347 шеесет и девет седмици од Даниел 9, што траело се до Месија „Помазаникот” - Христос, кога бил крстен од Јована на Јордан, примил помазание од Светиот Дух, А небесното царство, што велеле дека се приближува, е воспоставено со Христовата смрт. Ова царство не било земно царство, како што биле научени да веруваат. Тоа не било ниту идното непоминливо царство, што ќе биде воспоетавено кога „царството, власта и величеството под сите небеса ќе им се дадат во раце на светите на Севишниот. Неговото царство е вечно царство и сите власти ќе му служат и ќе му се покоруваат нему” (Даниел 7,27). Во библискиот јазик изразот „небесно царство” се употребува да ги означи двете - и царството на милоста и царството на славата. Царството на милоста е опишано во Павловото послание до Евреите. Бидејќи укажал на Христа, на милостивиот Посредник, кој „може да сочувствува со нашите слабости”, овој писател продолжува: „И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта за да примиме милост и да најдеме благодат која ќе ни помогне во време на нужда” (Евреите 4,16). Престолот на благодатта или престолот на милоста го претставува царството на милоста, зашто постоењето на престол зборува за постоење на царство. Во многу свои споредби Христос го употребувал изразот „небесно царство” за да го опише делото на божествената милост во човечките срца.GCMkd 269.6

    Престолот на славата го претставува царството на славата, a на ова царство се однесуваат зборовите на Спасителот: „А кога ќе дојде Синот човечки во својата слава и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата; и ќе се соберат пред него сите народи” (Матеј 25,31.32). Ова царство е се уште во иднина. Тоа ќе биде воспоставено дури при второто Христово доаѓање.GCMkd 270.1

    Царството на милоста е засновано веднаш по човековото паѓање во грев, кога е создаден план за откуп на грешното човештво. Тогаш тоа постоело само во Божјата намера и во Божјето ветување, а луѓето со вера можеле да станат негови граѓани. Тоа навистина е воспоставено дури при Христовата смрт, зашто, и откако ја почнал својата земна мисија, Спасителот можел, уморен од тврдоглавоста и од неблагодарноста на луѓето, да отстапи од својата жртва на Голгота. Во гетсиманската градина во неговата рака се тресела чашата на маките. Дури и тогаш можел да ја избрише крвавата пот од своето чело и да го пушти грешниот род да пропадне во својот грев. Кога би го сторил тоа, за паднатиот човек не би имало откуп. Но кога Спасителот умирал и со својата последна воздишка извикнал: „Се сврши!”, планот на спасението бил осигурен. Ветувањето за спасение што и било дадено на грешната двојка во Едем било потврдено. Тогаш е воспоставено царството на милоста што порано било содржано во Божјето ветување.GCMkd 270.2

    Така Христовата смрт - токму оној настан што угасил секоја надеж кај учениците - е гаранција дека таа надеж ќе се исполни. Додека Христовата смрт страшно ги разочарала, таа всушност била најголем доказ дека нивната вера била исправна. Настанот што ги исполнил со жалост и очај, на секое Адамово дете му отворил врата на надеж, и од него зависел идниот живот и вечното блаженство на сите што се надевале на Бога во сите времиња.GCMkd 271.1

    Дури и во ова разочарување на учениците поради неисполнетите очекувања се исполниле намерите на неизмерната Божја милост. Иако нивните срца биле освоени со божествената милост и со силната наука на Оној за кого е кажано дека „никогаш човек не зборувал така како овој човек”, сепак, чистото злато на нивната љубов кон Спасителот било помешано со безвреден троскот на световна горделивост и на световно честољубие. Уште во горната соба, која била приготвена за јадење на пасхалното јагне, во оној свечен час, кога Учителот веќе бил под сенката на Гетсиманија, „настана расправија меѓу нив за тоа кој од нив е најголем” (Лука 22,24). Пред нивните очи постојано треперела слика на престол, на круна и слава, не насетувајќи дека веднаш потоа ќе се сретнат со подбиви и со душевен страв во Гетсиманија, со судница и со крст на Голгота. Горделивоста на нивното срце и жедта за световна слава ги навеле тврдоглаво да се држат за лажните науки на своето време и да ги занемарат зборовите на Спасителот кои ја покажувале вистинската природа на неговото царство и упатувале на неговите душевни страдања и на неговата смрт. А овие заблуди предизвикале тешко, но потребно искушение што служело за нивно поправање. Иако учениците погрешно ја сфатиле смислата на својата вест и не виделе како ќе се исполнат нивните очекувања, сепак, ја објавиле опомената што им ја доверил Бог, и Бог ја ценел нивната послушност и ја наградил нивната вера. Тие добиле задача да ја шират славната вест на воскреснатиот Господ меѓу сите народи. За да бидат приготвени за ова дело, морале да поминат низ толку горко искуство.GCMkd 271.2

    По своето воскресение, Исус се појавил меѓу своите ученици на патот за Емаус, „и почна од Мојсеја и од сите пророци да им објаснува што е пишано за него во Писмото” (Лука 24,27). Срцата на учениците биле возбудени. Верата се разгорела. Тие биле „преродени за жива надеж” уште пред Исус да дозволи да го препознаат. Сакал да го просветли нивниот ум и да ја утврди нивната вера во „најсигурната пророчка Реч”. Сакал вистината да фати поцврст корен во нивното срце не само затоа што е потпрена со неговото лично сведоштво, туку и поради сигурниот доказ што се наоѓал во симболите и во сенките на обредниот закон, како и во пророштвата на Стариот завет. На Христовите следбеници им било потребно да имаат разумна вера не само заради самите нив, туку и на светот да можат да му ги објават спознанијата за Христа. Како прв чекор при објавувањето на овие спознанија Исус учениците ги упатил на Мојсеја и на пророците. Тоа е сведоштво што го дал воскреснатиот Спасител за вредноста и важноста на книгите на Стариот завет.GCMkd 271.3

    Какви промени настанале во срцата на учениците кога пак го виделе својот сакан Учител! (Лука 24,32). Во една поцелосна и посовршена смисла од кога и да е порано го нашле Оној за кога е „пишано во Мојсеевиот закон и во пророците”. Неизвесноста, стравот и очајот - исчезнале пред целосната сигурност и пред незатемнетата вера. He е никакво чудо што по неговото воскресение „постојано беа во црквата, фалејќи и благословувајќи го Бога”. Народот, кој знаел само за срамната смрт на Спасителот, очекувал во нивниот поглед да види израз на жалост, збунетост и пораз, но наместо тоа, видел само радост и чувство на победа. Колку темелно се подготвиле овие ученици за делото што било пред нив! Преживеале најтешко искушение што кога и да е можело да ги снајде и виделе како Божјата реч славно се исполнила кога, според човечките мерила, било загубено се. Сега што уште би можело да ја поколеба нивната вера или да ја намали нивната топла љубов? Во своите најтешки мигови имале „силна утеха”, надеж што била „цврста и сигурна котва на душата” (Евреите 6,18.19). Биле сведоци за Божјата мудрост и моќ, знаејќи дека „ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашноста ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту кое-годе друго создание, не ќе може да не оддели од љубовта Божја, која е во нашиот Господ Исус Христос”. „Но во сето ова победуваме надмоќно преку Оној кој не милее” (Римјаните 8,38.39.37). „Но речта Господова останува довека” (1. Петрово 1,25). „Кој е тој што ќе ги осуди? Дали Христос Исус, кој умре, и згора на тоа воскресна, кој е од десната страна на Бога и кој се зазема за нас” (Римјаните 8,34).GCMkd 272.1

    Господ рекол: „Мојот народ не ќе се засрами никогаш веќе” (Јоил 2,26). „Плачот трае преку ноќта, но радоста иде со зората” (Псалм 30,5). Учениците го сретнале Спасителот на денот на неговото воскресение и во нив гореле срцата слушајќи ги неговите зборови; ја виделе неговата глава, неговите раце и нозе, кои биле ранети за нив; пред своето вознесение на небото, Исус ги повел кон Витанија и, подигајќи ја раката да ги благослови, им наредил: „Одете по сиот свет и проповедајте му го евангелието на секое создание”, и потоа додал: „Јас сум со вас во сите дни до крајот на светот” (Марко 16,15; Матеј 28,20). На денот Духовден ветениот Утешител слегол и од височините им била подарена сила која душите ги проникнала со свест за присуство на нивниот Господ кој се вознел на небото - и кога го виделе сето тоа, зар тогаш можеле, макар нивниот пат да ги водел низ жртви и маченичка смрт, да ја напуштат службата на евангелието и венецот на правдата што треба да го добијат при неговото доаѓање, и тоа поради славата на еден земен престол, како што се надевале порано? Оној, „кој може да стори неограничено повеќе од она што го бараме или мислиме”, со заедницата на своите маки им дал и заедница на своите радости за да можат „многу синови да доведат во славата14 и во неискажлива радост, во „извонредно голема и вечна слава” со која, како што кажува Павле, „нашата сегашна краткотрајна и мала неволја”, не е достојна ниту да се спореди.GCMkd 272.2

    Искуството на учениците, кои за време на првото Христово доаѓање го објавувале „евангелието за царството”, личи на искуството на оние што ја проповедаа веста за второто доаѓање. Како учениците што излегле во светот и проповедале: „Се исполни времето и се приближи царството Божје”, така Милер и неговите соработници објавуваа дека истекло најдолгото и последно пророчко време што се спомнува во Библијата, дека сега непосредно претстои суд и дека наскоро ќе почне вечното царство. Проповедањето на учениците во врска со времето се темелело на седумдесетте седмици од Даниел 9. глава. Милер и неговите соработници го објавуваа крајот на тие 2300 дни од Даниел 8,14, чијшто дел се седумдесетте седмици. Проповедањето и на едното и на другото пророштво се темели на исполнувањето на овие два различни дела од истиот голем пророчки период.GCMkd 273.1

    Како и првите ученици, Вилијам Милер и неговите другари не го сфатија потполно значењето на веста што ја објавуваа. Заблудите што долго беа вкоренети во црквата ги спречуваа исправно да толкуваат една важна точка од пророштвото. Затоа, иако ја проповедаа веста што им ја довери Бог, сепак, доживеаја разочарување поради тоа што погрешно ја сфатија неговата смисла. При објаснувањето на Даниел 8,14: „Уште две илјади и триста вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе се очисги”, Милер, како што веќе споменавме, го прифати мислењето што преовладуваше во тоа време, имено, дека нашата земја е таа светиња (Светилиште), и веруваше дека чистењето на Светилиштето значи чистење на земјата со оган на денот на Христовото доаѓање. Затоа, кога пронашол дека крајот на 2300 дни е точно утврден во пророштвото, заклучил дека со тоа е откриено времето на второто доаѓање. Неговата заблуда потекна оттаму што го прифати општо распространетото мислење за тоа што е Светилиште.GCMkd 273.2

    Во обредната служба, што била претслика на Христовата жртва и на неговата свештеничка служба, чистењето на Светилиштето било последен обред што го вршел поглаварот свештенички според годишниот ред на својата служба. Овој последен обред бил завршен чин при помирувањето, одземање и отстранување на гревот од Израел, и тоа било симбол на завршниот чин во службата на нашиот Првосвештеник на небото, отстранување или бришење на гревовите на неговиот народ што се забележани во небесните книги. Оваа служба опфаќа истрага, судење, и непосредно му претходи на Христовото доаѓање на небесните облаци со голема сила и слава; зашто, кога Тој ќе се појави, секој случај веќе ќе биде решен. Исус вели: „Еве, доаѓам скоро, и наградата моја е со мене за да му дадам на секого според неговите дела” (Откровение 22,12). Овој суд, кој непосредно му претходи на второто Исусово доаѓање, е објавен во првата евангелска вест во Откровение 14,7: „Бојте се од Бога и подајте му слава, зашто настапи часот на неговиот суд!”GCMkd 274.1

    Оние што ја објавуваа оваа опомена, ја објавуваа првата вест во вистинско време. Но, како првите ученици што објавувале врз основа на пророштвото во Даниел 9: „Се исполни времето и се приближи царството Божје”, па сепак, не дознале дека на истото место во Светото писмо е навестена и смртта на Месија, така и Милер и неговите соработници проповедаа вест заснована на Даниел 8,14 и Откровение 14,7, а не видоа дека во Откровение 14 се наведени и други вести што мора да бидат објавени пред Господовото доаѓање. Како учениците што се измамиле во врска со царството што требало да биде воспоставено на крајот од седумдесетте седмици, така и милеритите, кои го чекаа Христа, се измамија во врска со настанот што требаше да се одигра на крајот од тие 2300 години. Во двата случаи по среде беше прифаќање и верување во општите заблуди на тоа време, што ја заслепи смислата за вистината. И првиот и вториот пат се исполни Божјата волја, зашто се објавуваше вест што требаше да се објави. Но, и едните и другите се разочараа поради своето погрешно сфаќање на оваа вест.GCMkd 274.2

    Бог сепак ја оствари својата добра намера, постигнувајќи на овој начин да биде дадена опомена за судот. Настапи големиот ден и народот, по Божје провидение, беше искушан во врска со определеното време за да му открие што се наоѓа во неговото срце. Веста беше одредена да се испита и да се исчисти црквата. Учениците требаше да дознаат дали нивното срце се стреми кон светот или кон Христа и небото. Признаа дека го љубат Господа, а сега требаше и да ја докажат својата љубов. Дали беа готови да се откажат од своите световни надежи и честољубиви планови и со радост да го поздрават доаѓањето на својот Господ? Веста требаше да им овозможи да ја запознаат својата виетинска духовна состојба. Таа е пратена со милост да ги разбуди и да ги поттикне да го бараат Господа со покајание и понизност.GCMkd 274.3

    И така, разочарувањето, иако последица на нивното погрешно сфаќање на веста што ја објавуваа, сепак, беше свртено на добро. Тоа требаше да ги испита срцата на оние што тврдеа дека ја примиле опомената. Зар тие поради своето разочарување толку бргу ќе го напуштат своето искуство и ќе ја отфрлат својата доверба во Божјата реч? Или со молитва понизно ќе настојуваат да откријат во што згрешиле и да го сфатат значењето на пророштвото? Колкумина од нив работеа само од страв, од несвесен нагон и моментална возбуда? Колкумина меѓу нив беа нерешителни и неверни? Илјадници изјавија дека им е мило доаѓањето Господово. Дали тие би се откажале од верата кога од нив би се барало да поднесат срам и подбив од светот, искушенија и разочарувања? Дали ќе ги отфрлат вистините што се засновуваат на најјасните изјави на неговата Реч само затоа што не можеа веднаш да ја сфатат Божјата постапка кон нив?GCMkd 275.1

    Ова искушение требаше да ја открие цврстината на оние што со искрена верност и поелушност ја прифатија науката на Божјата реч и на Божјиот Дух. Ова искуство, повеќе од кое и да е друго, требаше да им укаже на тоа колку е опасно кога ќе се прифатат теориите и толкувањата на луѓето, наместо Библијата да се стори свој сопствен толкувач. Тешкотиите и жалоста што се појавија како последица на нивната заблуда, требаше да влијаат врз децата на верата да се поправат, Тоа требаше да ги поттикне на посовесно проучување на пророчката Реч, да ги научи со поголемо внимание да ги испитуваат темелите на својата вера и да го отфрлат се она што не е библиско, без оглед колку истото е раширено меѓу христијанскиот свет.GCMkd 275.2

    Се што се чинеше нејасно за овие верни во часот на искушението, како некогаш за првите ученици, подоцна требаше да биде разјаснето. Кога ќе ја видат „наградата што ќе им ја даде Господ”, тогаш ќе дознаат дека, наспроти тешкотиите што произлегоа од нивните заблуди, Божјите намери на љубовта кон нив непроменливо се исполнуваа. Со своето благословено искуство ќе сфатат дека Господ е „милостив и полн со сочувство” и дека неговите патишта се „милост и вистина за оние што го држат неговиот завет и неговото откровение”.GCMkd 275.3

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents