Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
ГОЛЕМАТА БОРБА - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    18—ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ РЕФОРМАТОР

    _______________

    Еден чесен и почитуван земјоделец, кој во своите помлади го317 дини се посомневал во божественото потекло на Светото писмо, а сепак, искрено сакал да ја запознае вистината, беше од Бога избран да заземе важно место во проповедањето на второто Христово доаѓање. Како многу други реформатори, Вилијам Милер во својата младост се борел со сиромаштво, што му помогнало да се научил на самооткажување и самопрегорна работа. Членовите на семејството на кое му припаѓаше се одликуваа со независен и слободоумен дух, со истрајност и со искрена љубов кон татковината, а тоа беа главни црти и на неговиот карактер. Татко му бил капетан во револуционерната војска и жртвите што ги поднесувал во борбите, како и страдањата на тоа бурно време, биле причина за тешките околности во првите години на Милеровиот живот.GCMkd 247.1

    Поседуваше здрава и цврста телесна градба и уште во своето детство покажувал извонредни умни способности. А кога порасна, тоа уште повеќе се забележуваше. Неговиот дух беше активен и урамнотежен и беше страден за знаење. Иако не уживаше предимство на високо школско образование, сепак, неговата љубов кон учењето и навиката на длабоко размислување, како и острото забележување, го сторија човек со здраво расудување и со широки погледи. Се одликуваше со беспрекорен морален квалитет, уживаше добар глас и сите го почитуваа поради неговата чесност, трудољубивост и благородност. Со својата работа и труд уште од својата рана младост заработувал средства за своето издржување и во исто време продолжувал да учи. Со успех извршувал разни граѓански и воени должности и се чинело дека му е отворен патот кон богатство и чест.GCMkd 247.2

    Мајка му беше искрена и побожна и тој во своето детство примил религиозно воспитување. Но како момче западнал во друштво на деисти, чиешто влијание врз него било големо затоа што повеќето од нив биле добри граѓани, љубезни и благородни луѓе, чијшто карактер во извесна мера бил формиран под влијание на христијанската средина во која живееле. Особините што им прибавиле почит и доверба кај другите се должеле на Библијата, па сепак, овие дарби ги расипале во толкава мера, што вршеле влијание спротивно на Божјата реч. Дружењето со тие луѓе сторило Милер да ги прифати нивните погледи. Вообичаеното толкување на Светото писмо му создавало непремостливи тешкотии, но ниту неговата нова вера, во која ја отфрлил Библијата, не му понудила ништо подобро што би можело да го замени нејзиното место, и тој не бил ниту малку задоволен. Сепак, кон тие погледи се придржувал дванаесет години. Меѓутоа, во неговата триесет и четврта година, Светиот Дух ја разбудил неговата совест и го осведочил во неговата грешност. Во својата дотогашна вера не наоѓал никаква гаранција за среќа зад гробот. Иднината му изгледала темна и страшна. Зборувајќи подоцна за своите чувства од тоа време, тој кажува:GCMkd 247.3

    „Помислата на уништување ми беше студена, грозна; сметав дека идниот суд на сите ќе им донесе сигурна пропаст. Небото над мојата глава беше како бакар, а земјата под моите нозе како железо. Се прашував што е тоа вечност. Зошто се појавила смртта? Колку повеќе се обидував да го сфатам тоа, се помалку го сфаќав. Се обидов да не мислам така, но не можев да ги совладам моите мисли. Се чувствував длабоко жалосен, но не ја сфатив причината за тоа чувство. Мрморев и се жалев, но всушност не знаев против што. Бев уверен дека постои некоја грешка, но не знаев како и каде да го најдам она што е право. Се жалев без никаква надеж.” № Во ваква состојба се наоѓал неколку месеци. „Одненадеж”, ка-GCMkd 248.1

    жува тој, „во мојот ум живо се појави ликот на Спасителот. Ми се чинеше дека постои едно суштество, толку добро и полно со сожалување, кое само се понудило како откуп за нашите престапи и со тоа не ослободило од казната за гревот. Веднаш почувствував колку мило би било тоа суштество и помислив дека би можел да се фрлам во неговите прегратки и да ја прифатам неговата милост. Но веднаш се појави прашање: како може да се докаже дека постои такво суштество? Сфатив дека надвор од Библијата не можам да најдам никаков доказ за постоење на таков Спасител или доказ за идниот живот...GCMkd 248.2

    Видов дека Библијата зборува токму за таков Спасител каков што ми е потребен мене; се чудев како може една таква книга, ако не е вдахната од Бога, да изнесува начела што потполно одговараат на потребите на еден паднат свет. Бев присилен да признам дека Светото писмо е Божје Откровение. Во него најдов радост и Исус стана мој пријател. Спасителот за мене стана ,прв меѓу десет илјади‘, а Светото писмо, кое порано ми се чинеше темно и полно со противречности, стана ,светилка на мојата нога и светлина на мојата патека1. Мојот дух најде мир и задоволство. Увидов дека Господ Бог е карпа среде океанот на животот. Сега почнав сериозно да ја проучувам Библијата и можам да ви кажам дека ја проучував со голема радост. Се уверив дека ниту половината од нејзината содржина до сега не ми беше позната. Се чудев зошто порано не сум ја видел нејзината убавина и слава и не сум сфатил како сум можел да ја отфрлам, Најдов откриено се за што копнееше моето срце, лек за секоја болка на мојата душа. Загубив волја да читам други книги и се трудев да барам мудрост од Бога” (Ѕ. Bliss, Memoirs of William. Miller, pages 65-67).GCMkd 248.3

    Милер јавно ja признал својата вера во религијата што понекогаш ја презирал. Но неговите неверни другари не се колебале да му ги изнесат сите докази што самиот тој порано толку често ги наведувал против божественото потекло на Библијата. Тогаш тој уште не бил во состојба да им одговори, но дошол до заклучок: Ако Библијата е Божје откровение, тогаш во неа не смее да има противречности; и бидејќи му е дадена на човекот за поучување, мора да е прилагодена така за тој да ја разбере. Решил сам да го проучи Светото ттисмо и да види дали привидните противречности во него можат да се доведат во хармонија.GCMkd 249.1

    Настојувал да се ослободи од сите свои поранешни мислења и без никаков коментар епоредувал еден библиски етих со друг, служејќи се при тоа само со цитираните паралелни места и со библиски речник. Продолжил да проучува на одреден и систематски начин, почнувајќи со Прва книга Мојсеева, читајќи стих по стих; не сакал да оди понатаму додека смислата на различни стихови не му била толку јасна за ништо повеќе да не го збунува. Кога наидувал на некој нејасен стих, имал обичај да го споредува со други стихови што биле во каква и да е врска со тој предмет. Го испитувал основното, историско-граматичко значење на секој збор во контекстот на целиот библиски текст; и кога видел дека неговото мислење се согласува со тие слични стихови, тогаш исчезнувала секоја тешкотија. Така постапувал кога наидувал на тешко разбирливи места; и секогаш на некое друго меето на Светото писмо наоѓал разјаснување. Бидејќи со сериозна молитва барал божествена мудрост, му станало јасно она што порано му изгледало темно. Ја искусил вистинитоста на зборовите на псалмистот:, Дога се објавуваат твоите зборови, тие просветлуваат и на скромните мудрост им даваат” (Псалм 119,130).GCMkd 249.2

    Со голем интерес ја проучувал книгата на пророк Даниел и Откровението, служејќи се со истата метода на објаснување како и во другите книги на Писмото и, на своја голема радост, пронашол дека пророчките симболи можат да се разберат. Видел дека исполнетите проропггва буквално се исполниле; дека сите различни слики, метафори, параболи итн., или непосредно се објаснети, или на други места се изнесени појасно, и ако се објаснуваат на овој начин, можат целосно да се разберат. Тој вели: „Така се уверив дека Библијата е систем на откриени вистини, даден толку јасно и едноставно, што никој, колку и да е неук, не може да застрани” (Bliss, page 70). Проучувајќи ги големите пророштва, му се откривале една по една алките на големиот синџир на вистината, со што бил награден неговиот труд. Небесните ангели управувале со неговите мисли и му помагале да го разбере Писмото.GCMkd 249.3

    Судејќи за пророштвата што треба да се исполнат во иднина според начинот како што се иеполнувале пророштвата во минатото, заклучил дека мислењето што владеело во народот за духовното Христово царство - за земното илјадагодишно царство пред крајот на светот - нема основа во Божјата реч. Таа наука што учи за илјадагодишно царство на правда и мир пред личното Господово доаѓање, стравотиите на Господовиот ден ги померила далеку во иднина. Ова учење може некому да му се допаѓа, но тоа е противно на Христовата наука и на науката на неговите апостоли, зашто тие учеле дека „пченицата и каколот ќе растат заедно до жетвата”; дека „лошите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други, а и себеси”; дека „во последните денови ќе настапат тешки времиња”, и дека царството на темнината ќе постои се до Господовото враќање, кога Господ Исус ќе го уништи „со здивот на својата уста и ќе го искорени со појавата на своето доаѓање” (Матеј 13,30.38-41; 2. Тимотеј 3,13.1; 2. Солуњаните 2,8).GCMkd 250.1

    Апостолската црква не верувала во преобраќање на цел свет и не проповедала воспоставување на Христово духовно владеење. Таа наука е прифатена дури во почетокот на 18 век. Како секоја друга заблуда, и оваа имала свои лоши последици. Таа луѓето ги учела Господовото доаѓање да го очекуваат во далечна иднина и со тоа нивното внимание го одвраќала од знаците што го објавувале неговото доаѓање. Таа предизвикувала чувство на небрежност и сигурност, но сосем неосновано, и мнозина биле заведени да ја занемарат потребата од подготовка за средба со својот Господ.GCMkd 250.2

    Милер нашол дека Светото писмо јасно учи за буквално и лично Христово доаѓање. Павле кажува: „Сам Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба” (1. Солуњаните 4,16). И Спасителот изјавува: „Ке го видат Синот човечки како доаѓа на небесните облаци со сила и со голема слава”, „зашто како молњата што излегува од исток и свети до запад, такво ќе биде и доаѓањето на Синот човечки” (Матеј 24,30.27). Ке го придружува сета небесна војска. „Кога ќе дојде Синот човечки во својата слава и сите свети ангели со него..., ќе ги прати своите ангели со силен трубен глас и ќе ги соберат неговите избраници” (Матеј 25,31.32; 24,31).GCMkd 250.3

    При неговото доаѓање мртвите праведници ќе воскреснат, а живите праведници ќе се преобразат. Павле кажува: „Сите нема да умреме, но сите ќе се преобразиме, наеднаш, за миг, при последната труба; имено, трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а нтте ќе се преобразиме. Зашто ова распадливото треба да се облече во нераспадливо и ова смртното да се облече во бесмртност” (1. Коринќаните 15,51-53). А во своето послание до Солуњаните, откако го опишал Христовото доаѓање, вели: „И мртвите во Христа ќе воскреснат први, а потоа ние живите, кои останавме, ќе бидеме земени заедно со нив на облаците, за да го сретнеме Господа во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господа” (1. Солуњаните 4,16.17).GCMkd 251.1

    Божјиот народ не може да го прими царството додека Христос не дојде лично. Спасителот рекол: „Кога Синот човечки ќе дојде во својата слава и сите ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата и ќе се соберат пред него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како пастирот што ги одлачува овците од козите. И ќе ги постави овците од евојата десна страна, а козите од левата. Тогаш Царот ќе им рече: ‘Дојдете, благословени од мојот Отец, наследете го царството кое ви е подготвено уште од создавањето на светот’” (Матеј 25,31-34).GCMkd 251.2

    Од наведените стихови видовме дека при Христовото доаѓање мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а живите ќе се преобразат. Со ова големо преобразување тие ќе се оспособат да го примат царството, зашто Павле вели: „Тело и крв не можат да го наследат Божјето царство; ниту распадливото може да го наследи нераспадливото” (1. Коринќаните 15,50). Во сегашната состојба човекот е смртен, распадлив, а Божјето царство е нераспадливо, вечно. Затоа човекот во својата сегашна состојба не може да влезе во Божјето царство. Но кога Исус ќе дојде, Тој на својот народ ќе му подари бесмртност, и тогаш спасените ќе ги повика да го примат царството чиишто наследници до сега биле само со вера.GCMkd 251.3

    Овие и други места во Светото писмо го осведочиле Милера дека настаннте пгго обично се поместуваат пред Христовото доаѓање - како на пример сеопштото царство на мир и воспоетавувањето на Божјето царство на земјата - всушност се случуваат по Христовото доаѓање. Понатаму, забележал дека сите знаци на времето и околностите во светот одговараат на пророчките описи на последните денови. Од проучувањето на Светото писмо сигурно заклучил дека времето што ii е одредено на нашата земја во нејзината сегашна состојба се приближува кон својот крај.GCMkd 251.4

    „Друг доказ што имаше за мене голема важност”, рекол тој, „е библиската хронологија. Пронајдов дека преткажаните настани што се исполниле во минатото, се исполниле во времето што го одредил Бог. Така до потопот требало да поминат сто и дваесет години (1. Мојсеева 6,3); на потопот му претходеле седум дена, a дожд паѓал четириесет дена (1. Мојсеева 7,4); четиристотини години потомците на Аврама престојувале во туѓа земја (1. Мојсеева 15,13); трите дена, што ги виделе на сон фараоновиот пехарник и неговиот пекар (1, Мојсеева 40,12.20); седумте години, што ги сонил фараонот (1. Мојсеева 41,28-54); четириесетте години во пустината (4. Мојсеева 14,34); оние три и пол години на глад (1. Царевите 17,1); седумдесетте години ропство (Еремија 25,11); седумте години на Навуходоносора (Даниел 4,13-16); седумдесетте седмжци одредени за Евреите (Даниел 9,24-27) - сите овие настани, одредени со пророчко време, се исполниле според пророштвото” (Bliss, pages 74,75).GCMkd 252.1

    Проучувајќи ја така Библијата, кога би пронашол некое пророчко време што, според негово мислење, се однесувало на второто Христово доаѓање, тој тие пророчки времиња ги сметал како одредени времиња што Бог однапред ги објавил преку „устата на своите свети пророци”. „Она што е тајно”, рекол Мојсеј, „му припаѓа на нашиот Господ Бог, а објавеното е наше и на нашите синови засекогаш” (5. Мојсеева 29,29). Преку пророкот Амос Господ кажува дека Тој не прави ништо а своите тајни да не им ги „открие на своите слуги пророците” (Амос 3,7). Значи, оние што ја проучуваат Библијата, можат со сигурност да очекуваат дека ќе ги пронајдат јасно објавените големи настани што ќе се одиграат во човечката историја.GCMkd 252.2

    „Кога потполно се уверив”, пишува Милер, „дека ,сето Писмо‘, што ,е дадено од Бога‘, е корисно; дека тоа не потекнува од човечка волја, туку дека ,пишуваа свети Божји луѓе поттикнати од Бога‘, и дека тоа е напишано ,за наша поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмото1 (2. Тимотеј 3,16; 2. Петрово 1,21; Римјанжте 15,4), јас не можев хронолошкиот дел на Библијата да го сметам за помалку важен од другите нејзини делови. Затоа чувствував дека, во моето настојување да го разберам она што ни го открил Бог во својата милост, немам право да ги занемарувам пророчките временски отсеци” (Bliss, page 75).GCMkd 252.3

    Се чинело дека најјаено го открива времето на второто Христово доаѓање пророштвото на пророк Даниел 8,14: „Уште две илјади и триста вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе се очисти.” Придржувајќи се кон своето правило Божјата реч да ја зема за нејзин сопствен толкувач, Милер пронашол дека во пророчките симболи еден ден претставува една година (4. Мојсеева 14,34; Езекил 4,6). Потоа увидел дека временскиот отсек од две илјади и триста пророчки дни или буквални години далеку го надминува времето на милоста одредено за Евреите и, според тоа, не се однесува на чистењето на еврејското земно Светилиште. Милер се придржувал кон општо прифатеното мислење дека во христијанската ера земјата е светиња (Светилиште) и затоа заклучил дека очистувањето на Светилиштето, преткажано во Даниел 8,14, значи очистување на земјата со оган при второто Христово доаѓање. Кога би се пронашла вистинската појдовна точка за овие две илјади и триста дни, тогаш, заклучил тој, лесно би можело да се одреди и времето на второто Христово доаѓање. На тој начин би се открило времето на оној голем крај, времето кога ќе заврши сегашната состојба „со сета своја горделивост и сила, со сиот сјај и суета, со безбожноста и со насилството”, и кога „ќе се одземе проклетсвото од земјата, а смртта ќе биде уништена; кога ќе им се даде награда на твоите слуги, пророците, и на светите, и на оние што го страхопочитуваат твоето име, и кога ќе бидат погубени оние што ја уништија земјата” (Bliss, page 76).GCMkd 252.4

    Милер продолжил да ги иетражува пророштвата со нова и со уште поголема сериозност, и посветил цели денови и ноќи на проучување на она што му се чинело дека има голема важност и особено значење. Во осмата глава на пророк Даниел не можел да ја пронајде појдовната точка за оние две илјади и триста дни. Иако ангелот Гаврил добил налог да му го објасни на Даниел видението, сепак, само делумно му го објаснил. Кога пророкот го гледал страшното прогонство што ќе ја снајде црквата, ја загубил телесната сила. He можел да издржи повеќе и ангелот го оетавил за извесно време. „ Јас, Даниел, истоштен, бев болен неколку дена. ...Се чудев на тоа видение и не го разбрав” (Даниел 8,27).GCMkd 253.1

    Но Бог му заповедал на својот пратеник: „Гавриле, објасни му го видението!” Оваа заповед морала да се изврши и затоа ангелот подоцна се вратил кај Даниел и му рекол: „Даниел, еве ме: дојдов да те поучам.” „Внимавај добро на речта, сфати го видението” (Даниел 9,22.23). Во споменатото видение во осмата глава останала необјаснета само една точка, и тоа отсекот од 2300 дни; затоа ангелот, кога се вратил, се задржал исклучиво на прашањето на времето:GCMkd 253.2

    „Седумдесет седмици му се одредени на твојот народ и на твојот свет град... Знај и разбери: Од часот кога ќе излезе заповедта: ,Нека се вратат и пак нека го изградат Ерусалим', па до Кнезот Помазаник, се седум седмици, и шеесет и две седмици, и повторно ќе бидат изградени улиците и ѕидовите и тоа во тешко време. И по тие шеесет и две седмици ќе биде погубен Помазаникот, но не за себе... И ќе склучи сојуз со мнозина за една седмица, а во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот” (Даниел 9,24-27).GCMkd 253.3

    Ангелот е пратен кај Даниел со посебна цел да му го објасни она што не го сфатил од видението во осмата глава, а тоа е извештајот во врска со времето: „Уште две илјади и триста вечери и утра; тогаш светињата ќе се очисти.” Откако ангелот го повикал Даниела: „Внимавај добро на речта, сфати го видението”, продолжил: „Седумдесет седмици му се одредени на твојот народ и на твојот свет градЗборот „одредени”, значи буквално „отсечени”. Ангелот разјаснува дека седумдесетте седмици, што значи 490 години, се отсечени и дека се однесуваат само на Евреите. Но од што биле тие отсечени? Бидејќи периодот од 2300 денови е единствен период што се споменува во осмата глава, седумдесетте седмици морале да бидат отсечени од тој период. Тоа значи дека седумдесетте седмици се дел на тие 2300 дни и дека тие два дела почнуваат во исто време. Според разјаснувањето на ангелот, седумдесетте седмици морале да почнат во мигот кога ќе се издаде заповед Ерусалим пак да се изгради. Кога би можел да се утврди датумот на оваа заповед, тогаш би се нашла појдовната точка на големиот временски отсек од 2300 дни.GCMkd 254.1

    Оваа заловед се наоѓа во седмата глава на книгата Ездра (Ездра 7,12-26). Персискиот цар Артаксеркс овој декрет во неговиот конечен облик го издал 457-та година пред Христа. Во Ездра 6,14 се кажува дека домот Господен во Ерусалим бил изграден „по заповед на персиските цареви Кир, Дариј и Артаксеркс”. Овие три цара го издале, го потврдиле и го надополниле декретот, така што тој декрет, според пророштвото, ја означувал појдовната точка на 2300-та дни. Ако како време на негово издавање се земе 457та година пред Христа, кога декретот бил надополнет, се гледа дека се исполнила секоја подробност на пророштвото во врска со седумдесетте седмици (види: Додаток).GCMkd 254.2

    „Од часот кога ќе излезе заповед: ,Нека се вратат и пак нека го изградат Ерусалим‘, па до Кнезот Помазаник, се седум седмици, и шеесет и две седмици”, односно шеесет и девет седмици или 483 години. Заповедта на Артакееркс стапила во сила есента 457-та година пред Христа. Ако овие 483 години се сметаат за појдовна точка, тогаш тие се протегаат до 27-та година по Христа. Во тоа време пророштвото се исполнило. Зборот „Месија” значи „Помазаник” или „Христос”. Есента 27-та година Јован го крстил Христа, и Христос примил помазание од Светиот Дух. Апостол Петар сведочи дека Исуса од Назарет „Бог го помаза со Светиот Дух и со сила” (Дела 10,38). И Спасителот сам вели: „Духот на Господа е врз мене, затпто ме помаза и ме прати да им донесам радосна вест на бедните” (Лука 4,18). Откако Исус се крстил, пошол во Галилеја „проповедајќи го Божјето евангелие и зборуваше: ‘Времето се исполни’” (Марко 1,14.15).GCMkd 254.3

    „И ќе склучи сојуз со мнозина за една седмица.” „Седмицата”, за која станува овде збор, е последната седмица во временскиот отсек од седумдесет седмици; тоа се последните седум години од временскиот отсек одреден за Евреите. Во тоа време, што се протега од 27-та до 34-та година по Христа, Исус најпрво лично, а потоа преку своите ученици, им го упатувал евангелскиот повик особено на Евреите. Кога апостолите пошле да ја објават радосната вест за царството, Исус им дал упатства: „Не одете кај незнабошците, и не влегувајте во самаријански град. Туку подобро одете кај загубените овци на Израеловиот дом” (Матеј 10,5.6).GCMkd 255.1

    „А во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот.” Триесет и првата година по Христа, три и пол години по своето крштавање, Спасителот бил распнат. Со големата жртва принесена на Голгота се завршил периодот на принесување на жртви, кои во текот на четири илјади години укажувале на идното Божје Јагне. Сега сенката станала стварност и затоа требало да престанат сите жртви и приноси на церемонијалниот закон.GCMkd 255.2

    Седумдесетте седмици, или 490-те години, одредени за Евреите, истекуваат, како што видовме, 34 години по Христа. Во тоа време, со одлука на еврејскиот Синедрион, овој народ конечно го отфрлил евангелието со каменувањето на Стефана и со прогонувањето на Христовите следбеници. Од тогаш веста на спасението не се ограничувала повеќе на избраниот народ, туку почнала да му се објавува на цел свет. Учениците, кои поради прогонствата морале да побегнат од Ерусалим, „поминуваа проповедајќи ја речта”.GCMkd 255.3

    „А Филип слезе во градот Самарија и таму им го проповедаше Христа.” Петар, воден од Бога, му го открил евангелието на побожниот Корнелиј, капетан од Ќесарија; а ревниот Павле, кој ја прифатил Христовата вера, добил налог да им ја однесе радосната вест „далеку на незнабошците” (Дела 8,4.5; 22,21).GCMkd 255.4

    Така јасно се исполнил секој дел од ова големо пророштво. Седумдесетте седмици, што без никакво сомневање почнале 457-та година пред Христа, завршиле 34-та година по Христа. Поаѓајќи од наведениот датум, не е тешко да се најде крајот на пророчките 2300 дни. Ако седумдесетте седмици или 490-те дни ги отсечеме од 2300-та дни, ни остануваат уште 1810 дни. Откако завршиле 490-те дни, останале уште да се исполнат 1810 дни. Сметајќи од 34та година по Христа, преостанатите 1810 години допираат до 1844 година. Според тоа, 2300-та дни од Даниел 8Д4 завршуваат 1844 година. По истекувањето на тоа големо пророчко време, според сведоштвото на Божјиот ангел, „Светилиштето ќе се очисти”. На тој начин точно било утврдено времето на очистување на Светилиштето, а тој настан, како што се веруваше, требаше да се совпадне со времето на второто Христово доаѓање.GCMkd 255.5

    Милер и неговите соработници од почеток веруваа дека оние 2300 години од Даниел 8,14 ќе истечат пролетта 1844 година, додека пророштвото упатуваше на есента истата година (види: Додаток). Погрешното сфаќање на оваа точка ги разочара и ги вознемири оние што го прифатија првиот датум како време на Христовото доаѓање. Но тоа воопшто не влијаеше врз силата на доказите дека 2300-та дни завршуваат 1844 година, и дека тогаш ќе се одигра голем настан - очистувањето на Светилиштето.GCMkd 256.1

    Кога почнал подробно да го проучува Светото писмо за да докаже дека тоа е Божје откровение, Милер ниту најмалку не очекувал дека истото ќе го доведе до заклучокот до кој дојде сега. Самиот тој одвај можеше да верува во резултатот на своето истражување. Но библискиот доказ беше толку јасен и силен, што не можеше да го отфрли.GCMkd 256.2

    Тој две години поминал во проучување на Библијата кога во 1818 година свечено заклучил дека отприлика за 25 години Христос ќе дојде да го избави својот народ. „Не е потребно”, кажува Милер, „да зборувам за радоста што го исполни моето срце при помислата на свечената иднина и за силниот копнеж на мојата душа да имам удел во радоста на откупените. Сега Библијата ми стана една нова книга. Таа беше вистинско уживање за мојот дух. Се што ми беше нејасно во нејзината наука, таинствено и мрачно, сега го растера силната светлина што ме осветли од нејзините свети страници. О колку сега вистината ми изгледаше сјајна и славна! Исчезнаа сите противречности и недоследности што ги наоѓав порано во Библијата. Иако се уште имаше многу стихови што не ги разбирав потполно, сепак, од неа зрачеше силна светлина да ја расветли мојот до тогаш затемнет ум и јас, проучувајќи го Светото писмо, чувствував таков восхит каков што никогаш не сум чувствувал ниту пак сум верувал дека ќе почувствувам ако го проучувам” (Bliss, pages 76, 77).GCMkd 256.3

    „Свеченото уверување дека за кратко време ќе се случи толку величествен настан, што го преткажува Светото писмо, кај мене разбуди непреодоливо прашање: Што е моја должност кон светот во врска со овие очигледни докази што ја потресоа мојата душа” (Исто, page 81). Милер чувствувал дека негова должност е и на другите да им ја соопшти светлината што ја примил. Очекувал безбожниците да дадат отпор, но верувал дека сите христијани ќе се израдуваат за надежта што ќе можат да го сретнат Спасителот што го љубат. Единствено се плашел дека мнозина во големата радост поради слободата што ќе настане наскоро, таа наука ќе ја прифатат не испитувајќи ги доволно стиховите на Писмото што ја докажуваат таа вистина. Се уште се колебал своето уверување да го изнесе јавно, плашејќи се, ако самиот е во заблуда, другите да не ги доведе во заблуда. Тоа го поттикнало уште еднаш да ги провери доказите на своите заклучоци и внимателно да испита секоја тешкотија што би можела да се појави. Се уверил дека пред светлината на Божјата реч исчезнуваат сите приговори како маглата што исчезнува пред сончевите зраци. По пет години вакво проучување, потполно се уверил во исправноста на своето гледиште.GCMkd 256.4

    Сега, бидејќи верувал така, со нова еила му се наметнала должноста и другите да ги запознае со она што е јасно изнесено во Светото писмо. Рекол: „Кога одев на работа, во ушите постојано ми се одгласуваше: ‘Оди и кажи му на светот во каква опасност се наоѓа/ Во миелите постојано ми одѕвонуваше следниот библиски текст: ,Кога ќе му речам на грешникот‘: Трешнику, ти бездруго ќе умреш‘, а ти не му кажеш ншпто, не го опоменеш беззаконикот да го остави својот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од твојата рака. Ако пак беззаконикот си го предупредил да се врати од својот пат, а тој не се одврати од својот пат, тој ќе умре за својот грев, но ти ќе ја сочуваш својата душа’ (Езекил 33,8.9). Чувствував дека многу безбожници би се покајале кога би биле предупредени; а ако не ги предупредам, нивната крв ќе се бара од моите раце” (Bliss, page 92).GCMkd 257.1

    Почнал да ги шири своите погледи секаде каде што му се дала можност и се молел на Бога барем еден проповедник да ја почувствува нивната важност и својот живот да му го посвети на ширењето на таа вест. Но не можел да се ослободи од чувството на одговорност дека објавувањето на опомената е негова лична должност. Во мислите постојано му се одгласувале зборовите: „Оди и објави му го тоа на светот; нивната крв ќе ја барам од твоите раце.” Чекал девет години и тој товар постојано му лежел на срце, додека во 1831 година не ги изнесе првпат јавно темелите на своето верување.GCMkd 257.2

    Како Елисеј, кој бил повикан да ги остави воловите на поле и да го прими светиот плашт за пророчка служба, така и Вилијам Милер бил повикан да го напушти својот плуг и да му ги открие на народот тајните на Божјето царство. Со страв го почна тоа дело, водејќи ги своите слушатели чекор по чекор низ пророчките отсеци до второто Христово доаѓање. При секој напор добиваше нова сила и храброст, зашто забележуваше голем интерес што го предизвикаа неговите зборови.GCMkd 257.3

    Милер реши јавно да ги изнесе своите погледи само затоа што на тоа го поттикнуваа неговите браќа во верата и што во нивните зборови слушна Божји повик. Тогаш веќе имаше педесет години и не беше навикнат јавно да зборува. Го мачеше чувство на неспособност за делото што стоеше пред него. Но, уште од самиот почеток неговите напори за спасување на душите беа благословени. По неговите први проповеди настана силно религиозно будење и во таа пригода се обратија триесет цели семејства, освен два члена. Веднаш беше повикан да зборува и на други места и речиси секаде неговата работа разбуди живо интересирање за Божјата реч. Грешниците се обраќаа, христијаните беа поттикнати на поголема преданост кон Бога, а деистите и неверниците мораа да ја признаат библиската вистина и христијанската религија. Оние, меѓу кои работеше, за него го дадоа следното сведоштво: „Тој ги задобива и оние луѓе врз кои друг човек не би можел да влијае” (Исто, page 138). Неговите проповеди имаа за цел да разбудат општо интересирање за верските работи и да го спречат ширењето на световниот дух и развратот во тоа време.GCMkd 258.1

    Речиси во секој град, како резултат на неговите проповеди, се обраќаа по дваесетина, а некаде и по стотина. На многу места му се отвораа разни протестантски цркви; Милер обично добиваше повици од проповедници на различни цркви. Негово правило беше да не зборува никаде каде што не е повикан, но сепак, набргу увиде дека не може да одговори ниту на половината од молбите што му беа упатени.GCMkd 258.2

    Мнозина, кои не го прифатија неговото мислење во врска со точното време на второто Христово доаѓање, сепак, беа осведочени во сигурноста и во близината на неговото доаѓање и во потребата од подготовка. Во некои големи градови неговите проповеди оставија извонреден впечаток врз народот. Гостилничарите ја напуштаа својата работа и гостилниците ги претвораа во сали за состаноци; коцкарниците се затвораа; се обраќаа неверници, деисти, универзалисти, па дури и пропаднати луѓе, од кои некои со години не стапиле в црква. Разни цркви одржуваа во сите делови на градот молитвени состаноци во секое време на денот. Деловни луѓе се собираа на пладне на молитва и благодарење. Тоа не беше некоја фанатична возбуда, туку умот и срцето на луѓето ги проникна општо свечено расположение. Милеровата работа, слично на работата на реформаторите, делуваше повеќе врз разумот и ја будеше совеста отколку што предизвикуваше возбудување.GCMkd 258.3

    Во 1833 година Милер од баптистичката црква, на која и припаѓаше, доби дозвола да проповеда. Многу проповедници на оваа црква го одобруваа неговото дело и со нивно одобрение тој ја продолжи својата работа. Патуваше и постојано проповедаше, но неговата работа главно се ограничуваше на Нова Англија и на централните држави. Повеќе години сам ги плаќаше сите свои трошоци, а ниту подоцна не добиваше толку за да може да го плати сиот патен трошок за патувањето во разни места каде што беше повикан. Неговата јавна работа не само што не му донесе никаква материјална добивка, туку го товареше неговиот имот што во текот на овој период на неговиот живот постојано се намалуваше. Беше татко на големо семејство, но бидејќи сите живееја скромно и беа трудољубиви, тој негов малечок селски имот беше доволен како за неговото, така и за нивното издржување.GCMkd 259.1

    Во 1833 година, две години откако Милер почна да ги објавува доказите за скорашното Христово доаѓање, се појави последниот знак што го преткажал Исус за своето второ доаѓање. Исус рекол: „Од небото ќе паѓаат ѕвезди” (Матеј 24,29). И Јован, гледајќи ги во визија сцените што ќе му претходат на денот Господен, пишува: „И небесните ѕвезди испопаѓаа на земјата, како смоквата што ги исфрла своите незрели плодови кога ќе ја затресе силен ветер” (Откровение 6,13). Ова пророштво се исполни на видлив и необичен начин со паѓањето на метеори на 13 ноември 1833 година. Тоа беше величествена сцена - паѓање на ѕвезди каква што историјата никогаш порано не забележала. „Целиот небесен свод над Соединетите Држави со часови беше во огнено движење. Никогаш во таа земја, откако на неа стапиле нејзините први доселеници, не се појавил природен феномен што едни би го посматрале со толкав восхит, а други со толкав страв и возбуда.” „Мнозина уште живо се сеќаваат за таа величествена и свечена глетка. Никогаш не постоел толку густ пороен дожд каков што беше паѓањето на метеори тој ден. На исток, на запад, на север и на југ - насекаде се гледаше иста слика. Со еден збор, цело небо беше во движење. Таа сцена, како што ја опишува професорот Силиман во своите весници, можеше да се види над цела Северна Америка. Почнувајќи во два часот изутрината, па се до јасна дневна светлина, небото беше ведро и без облак и на него можеше да се посматра постојана игра на блеекотни тела” (R. М. Devens, American Progress или The Great Events of the Greatest Century, ch. 28, pars. 1-5).GCMkd 259.2

    „Перото не може да ја опише таа сјајна глетка... Кој сам не го видел тоа, не може себеси да си ја претстави нејзината убавина. Изгледаше како сите ѕвезди да се собрале во една точка во близината на зенитот, од каде што со брзина на молња летаа на сите страни на хоризонтот, а сепак, нивниот број не се намалуваше; илјадници доаѓаа од правци низ кои веќе поминаа илјадници, како да беа создадени за таа пригода” (Е Reed, in The Christian Advocate and Journal, Dec. 13, 1833). „He e можно подобро да ce претстави тој феномен отколку со сликата на смоквата која, потресена од силен ветер, ги исфрла своите уште зелени плодови” (“The Old Countryman, ” in Portland Evening Advertiser, Nov. 26,1833).GCMkd 260.1

    Bo њујоршкото списание „Journal of Commerce41 од 14.11.1833 roдина излезе долга статија за таа необична појава. Тука пишуваше: „Ниеден филозоф ниту научник, колку што ми е познато, ниту писмено ниту усно, не опишал таков феномен каков што беше вчерашниот. Пред осумнаесет векови еден пророк точно го преткажал, ако под изразот паѓање на ѕвезди подразбираме паѓање на метеори, како што е тоа во буквална смисла единствено можно.”GCMkd 260.2

    Така се исполни последниот од знаците на неговото доаѓање за кои Исус им рекол на своите ученици: „Така и вие, кога ќе го видите сето ова, знајте дека е близу, пред врата44 (Матеј 24,33). По овие знаци Јован видел како „небото го снема како свиток кога се смотува; сите гори и сите острови се поместија од своите места”, а грешниците со страв се обидувале да побегнат пред доаѓањето на Синот човечки (Откровение 6,12-17).GCMkd 260.3

    Мнозина, кои беа очевидци на паѓањето на ѕвездите, таа појава ја гледаа како веснжк на судот што ќе дојде - како „страшна слика, сигурен предвесник, милостив знак на оној голем и страшен ден” (“The Old Countryman,” in Portland Evening Advertiser, Nov. 26, 1833). Ha тој начин вниманието на луѓето беше привлечено кон исполнувањето на пророштвата и мнозина беа поттикнати да обрнат внимание на веста за второто Христово доаѓање.GCMkd 260.4

    Во 1840 година се исполни едно важно пророштво кое го привлече вниманието на луѓето. Две години пред тоа Јосиф Лич, еден од главните проповедници што го објавуваа второто Христово доаѓање, го објави толкувањето на деветтата глава од Откровението која зборува за паѓањето на Отомантското царство. Според неговото сметање, оваа велесила требаше да пропадне во август 1840 година. Неколку дена пред тоа тој пишуваше: „Ако прифатиме дека првиот период од 150 години точно се исполнил, пред Деакозес (Константин XI), со дозвола на Турците, да стапи на престол, и дека 391 година и 15 дена почнуваат кога завршува првиот период, тогаш тие треба да завршат на 11 август 1840 година, кога може да се очекува пад на отоманската сила во Цариград. И јас верувам дека тоа навистина ќе се случи” (Josiah Litch, in Signs of the Times, and Expositor of Prophecy, Aug. 1, 1840).GCMkd 260.5

    Точно BO одреденото време Турција преку свој пратеник прифати заштита од европските големи сили и така се стави под контрола на христијанските народи (види: Додаток). Со овој настан пророштвото точно се исполни. Кога беше објавено тоа, мнозина се осведочија дека се исправни начелата на толкување на пророштвата, како што ги прифатија Милер и неговите соработници, што придонесе адвентното движење да добие голем поттик. Образовани и влијателни луѓе се соединија со Милера да ја проповедаат веста и од 1840 до 1844 година делото бргу се рашири.GCMkd 261.1

    Вилијам Милер имаше големи духовни дарби, изградени со размислување и проучување. Покрај тоа, тој добил и мудрост од небото кога стапил во врска со Изворот на мудроста. Беше човек со висока вредност, и го почитуваа и ценеа секаде каде што се ценеше чесноста на карактерот и моралните вредности. Беше природно срдечен и понизен; се одликуваше со сила на совладување на самиот себе, беше внимателен и љубезен кон сите, секогаш подготвен да ги сослуша и мислењата на другите и да ги процени нивните докази. Без страст и возбуда ги проверуваше сите теории и учења со помош на Божјата реч. Неговото здраво расудување, како и неговото темелно познавање на Светото писмо, му помогнаа да ги побие заблудите и да разоткрие секоја лага.GCMkd 261.2

    Но неговата работа не се одвиваше без противење. Како и за време на поранешните реформатори, учителите на големите религии не ја прифатија со задоволство вистината што ја објавуваше тој. Бидејќи тие своето гледиште не можеа да го докажат со Писмото, беа принудени да бараат потпирач во изјавите и во науката на луѓето, во преданијата на отците. Но проповедниците на близината на Христовото доаѓање го прифатија само сведоштвото на Божјата реч. „Библијата, само Библијата”, беше нивниот лозунг. Нивните пак противници недостигот од библиски докази го надоместуваа со исмевање и со подбиви. Употребија време, своите средства и своите способности, да ги наклеветат оние чиешто единствено злосторство беше тоа што радосно го очекуваа доаѓањето на својот Господ и копнееја за свет живот и што ги предупредуваа и другите да се приготват за неговото доаѓање.GCMkd 261.3

    Противниците вложуваа големи напори да го одвратат вниманието на луѓето од Христовото доаѓање. Проучувањето на пророштвата за второто Христово доаѓање и за крајот на времето го сметаа за грев - нешто од што луѓето треба да се срамуваат. На тој начин многу проповедници, кои беа омилени кај народот, ја поткопуваа верата во Божјата реч. Нивната наука ги заведе луѓето да станат неверни, и мнозина се чувствуваа слободни да живеат според своите безбожни желби, а потоа зачетниците на ова зло сите последици им ги припишуваа на проповедниците на скорашното Христово доаѓање.GCMkd 261.4

    Додека Милеровото име привлекуваше мноштво умни и внимателни слушатели, истото ретко се спомнуваше во религиозниот печат, освен во случај кога го обвинуваа или исмеваа. Рамнодушните и безбожните, кои се охрабрија со ставот на некои религиозни учители, се трудеа да го наклеветат него и неговото дело, служејќи се со бесрамни изрази, со недостојни и богохулни досетки и шеги. Седиот човек, кој го напушти својот удобен дом за да патува на свој трошок од град во град, од место во место, трудејќи се постојано да му проповеда на светот свечена опомена за претстојниот суд, срамно беше обвинет како фанатик, како лажливец и дрзок измамник.GCMkd 262.1

    Клеветите, навредите и презирот што ги упатуваа против него, предизвикаа негодување дури и во светскиот печат. „Да се земе толку лекомислено и со потсмев еден предмет што има толку голема важност и страшни поеледици”, зборуваа еветските луѓе, „значи не само подбивање со чувствата на неговиот претставник и бранител, туку исмевање и на судниот ден, па и на самото Божество, и исмевање на стравотиите на неговиот суд” (Bliss, page 183).GCMkd 262.2

    Зачетникот на сето зло се трудеше не само да го поништи влијанието на веста за Христовото доаѓање, туку да го уништи и самиот весник. Милер практично ја применуваше виетината врз срцата на своите слушатели: Ги жигосуваше нивните гревови и го осудуваше нивното еамозадоволство. Неговите отворени и остри зборови предизвикаа кај нив непријателство, Кога членовите на црквата и се противставија на неговата веет, попростите луѓе со тоа беа охрабрени да прават уште полошо; непријателот скова заговор да му го одземе на Милера животот кога ќе излегува од црквата. Но среде мноштвото се наоѓаа и свети ангели, и еден од нив, во човечка лика, го зеде тој Божји слуга за рака и го изведе неповреден од бесната толпа и го одведе на сигурно место. Неговото дело уште не беше завршено и сатаната и неговите демони се измамија во своите намери.GCMkd 262.3

    Наспроти големото противење, интересот на луѓето за веста на Христовото доаѓање се повеќе растеше. Бројот на нејзините следбеници изнесуваше не стотина, туку илјадници и стотици илјади. Различни верски заедници имаа голем прираст на верници, но по извесно време покажаа дух на непријателство против овие обратеници и црквите презедоа дисциплински мерки против оние што ги прифатија Милеровите погледи. Таа состојба го поттикна Милера да земе перо в рака и со едно отворено писмо да им се обрати на сите христијански заедници, повикувајќи ги од Писмото да му ја докажат неговата заблуда.GCMkd 262.4

    „Што веруваме ние” рече тој, „што не сме зеле непосредно од Божјата реч, која и вие самите ја признавате за единствено правило на верата и животот? Што сме сториле со што сме заслужиле толку жестока осуда од страна на црквите и печатот, и што ви дава право да не исклучите од вашите цркви? Ако сме на погрешен пат, јас ве молам, кажете ни во што грешиме. Покажете ни од Божјата реч во што сме во заблуда. Вие доста не исмевавте, но тоа не може да не увери дека сме на погрешен пат; само Божјата реч може да ги измени нашите погледи. Ние со размислување и со молитва, врз основа на докази од Светото писмо, дојдовме до нашите заклучоци” (Исто, pages 250,252).GCMkd 263.1

    Во текот на вековите исто сомневање и неверство ја дочекувале веста, опомената, што му ја праќал Бог на светот преку своите слуги. Кога Господ решил да пушти потоп на стариот свет, прво тоа им го објавил на луѓето за да им даде можност да се одвратат од своето беззаконие. Сто и дваесет години опомената се одгласувала во ушите на грешниците, повикувајќи ги на покајание за да го избегнат Божјиот гнев. Но таа вест им се сторила како бајка, и никој не обрнал внимание на неа. Потонати во беззаконие, тие му се подбивале на Божјиот весник, го исмевале неговиот повик и дури го обвинувале за измама. „Како се осмелува еден човек да им се противстави на сите мудреци на земјата? Кога веста на Ное би била вистинита, тогаш зошто не ја прими цел свет и не верува? Зошто? Колку вреди тврдењето на еден човек спрема мудроста на илјадници други?” Тие ја одбиле веста и не сакале да побараат прибежиште во бродот на спасението.GCMkd 263.2

    Подбивачите укажувале на природните појави: на непроменливиот ред на годишните времиња, на синиот небесен свод од кој уште никогаш не паѓал дожд, на плодните полиња, кои биле натопувани со блага ноќна роса; и бидејќи со презир изјавиле дека проповедникот на правдата е само обичен занесеник, продолжиле уште посилно од кога и да е да уживаат во развратот и во злото. Сепак, нивното неверство не можело да го спречи преткажаното зло. Бог долго го трпел нивното безбоштво и им дал доста време да се покаат, но во определеното време праведниот Божји суд ги стигнал оние што ја отфрлиле неговата милост.GCMkd 263.3

    Христос рекол дека луѓето ќе покажат исто неверство во врска со неговото второ доаѓање. Како современиците на Ное што „не узнаа додека не дојде потопот и не истреби се”, според Христовите зборови, така ќе биде и пред доаѓањето на Божјиот Син (Матеј 24,39). Кога верниот народ ќе се соедини со светот и ќе почне да се изедначува со него и да ужива во неговите сетилни забави, кога световниот раскош ќе стане раскош на црквата, кога ќе ѕвонат сватовски ѕвона и кога сите ќе се надеваат на уште долги години напредок - тогаш одненадеж, како гром од ведро небо, ќе дојде крај на нивните илузии и лажни надежи.GCMkd 263.4

    Бог, како што го пратил својот весник да го опомене светот за потопот што наидувал, така го пратил и својот избран весник да ја објави близината на последниот суд. И како Ноевите современици што му се подбивале на проповедникот на правдата, така и во Милерово време, мнозина, кои се нарекуваа Божји деца, ги исмеваа неговите зборови со кои ги предупредуваше.GCMkd 264.1

    Зошто црквите покажаа таков отпор кон науката и кон проповедањето за Христовото доаѓање? Додека тој настан на грешните им донесува несреќа и пропаст, за праведните истиот е надеж и радост. Оваа голема вистина во сите векови била утеха за Божјиот верен народ; тогаш зошто сега, слично на својот Автор, таа станала „камен-сопка и карпа-соблазна” за оние што тврдат дека се Божји народ? Сам Господ на своите ученици им дал ветување: „А кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај себе, за да бидете и вие таму каде што сум јас” (Јован 14,3). Спасителот, полн со сочувство, ги предвидел грижите и жалоста на своите ученици и затоа им пратил ангели да ги тешат, уверувајќи ги дека пак лично ќе дојде како што замннал на небото. На денот кога се вознел, кога учениците стоеле и внимателно гледале кон небото за последниот поглед да го насочат кон Оној што го сакале, нивното внимание го привлекле зборовите: „И им рекоа: 5Ј1уѓе, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што го видовте да оди на небото.” Оваа вест повторно ја оживеала нивната надеж. Учениците „се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот каде што го прославуваа и го благословуваа Бога” (Дела 1,11; Лука 24,52.53). He се радувале поради тоа што Исус ги оставил и што сега морале да се борат со тешкотиите и со искушенијата на светот, туку се радувале за зборовите на ангелите дека Исус пак ќе дојде.GCMkd 264.2

    Веста за Христовото доаѓање и денеска би требало да биде причина за голема радост како што била и тогаш кога ангелите им ја објавиле на витлеемските пастири. Оние што навистина го сакаат Спасителот, можат само со радост да ја поздрават оваа вест заснована на Божјата реч - дека Оној, кој е центар на нивната надеж во вечен живот, пак ќе дојде - не да биде презрен и отфрлен како при своето прво доаѓање, туку во сила и слава, да го избави својот народ. Оние што не го сакаа Спасителот, не сакаа Тој да дојде; и не можеше да има појасен доказ дека црквите отпаднаа од Бога како резултат на огорченоста и непријателството што ги предизвика кај нив оваа небесна вест.GCMkd 264.3

    Оние што ја прифатија веста за второто Христово доаѓање ефатија дека е неопходно да се покаат и да се понизат пред Бога. Мнозина долго се колебаа меѓу Христа и светот, но сега почувствуваа дека дошло време да заземат цврст став. „Се што се однесуваше на вечноста, за нив доби необична важност. Небото им се приближи и тие се чувствуваа виновни пред Бога” (Bliss, page 146). Христијаните се разбудија на нов духовен живот. Сфатија дека времето е кратко и дека треба што побргу да го прават она што се должни да го прават за своите ближни. Земните планови ги напуштија и се чинеттте дека пред нив се отвори вечноста; она што се однесуваше на вечното блаженство или на вечната смрт, ги потисна сите прашања со поминлива вредност. Врз нив почиваше Божјиот Дух кој му даваше посебна сила на сериозниот повик што им го упатуваа на браќата и на грешниците да се приготват за Божјиот ден. Тивкото сведоштво на нивниот секојдневен живот беше постојан укор за навидум побожните и непосветени верници на црквата кои сакаа да не бидат попречувани во своите забави и задоволства, во потрагата по стекнување на пари и во стремежот за светски почести. Оттаму потекна непријателството и отпорот против вистината за повторното Христово доаѓање и против нејзините весници.GCMkd 265.1

    Бидејќи увидоа дека доказите што се основани на пророчките временски отсеци не можат да се урнат, противниците на своите приврзаници им советуваа да отстапат од проучувањето на овој предмет, тврдејќи дека пророштвата се запечатени. Така протестантите појдоа по стапките на римокатолиците. Додека папската црква им забранувала на верниците да ја читаат Библијата (види: Додаток), протестантската црква тврдеше дека важниот дел на Светото писмо, и тоа оној кој посебно ни ги открива вистините за нашето време, не може да се разбере.GCMkd 265.2

    Проповедниците и народот изјавуваа дека пророштвата на Даниел и Откровението се несфатливи тајни. Но сам Христос своите ученици ги упатил на Книгата на пророкот Даниел во врска со наетаните што требало да се случат во нивните денови и рекол: „Оној што чита нека се труди да разбере!” А тврдењето дека Откровението е тајна што не може да се разбере го негира и самиот наслов „Откровение на Исуса Христа, кое му го даде нему Бог, за да им ги покаже на своите слуги настаните што треба наскоро да се случат... Блазе на оној што чита и на оние што ги слушаат зборовите на пророштвото и држат што е напишано во него, зашто времето е близу” (Откровение 1,1-3).GCMkd 265.3

    Пророкот рекол: „Блазе на оној што чита”; има многу такви кои не сакаат да го читаат тоа пророштво; ним не им е ветен благословот. „И на оние што слушаат”; има такви кои не сакаат да ги слушаат пророштвата; благоеловот не им е ветен ниту ним. „И држат што е напишано во него”; мнозинството не обрнува внимание на опомените и советите од Откровението; ниеден од нив нема право на ветениот благослов. Сите што ги презираат пророштвата и што ги исмеваат свечените симболи дадени во нив, сите што одбиваат да се обратат и да се приготват за Христовото доаѓање, ќе останат без божествениот благослов.GCMkd 266.1

    Како се осмелуваат луѓето пред сведоштвото на божественото вдахновение да тврдат дека Откровението е тајна што човечкиот ум не може да ја долови? Тоа е откриена тајна; тоа е и отворена книга. Проучувањето на Откровението мислите ги упатува на пророштвата на Даниел. И во едната и во другата пророчка книга Бог на своите деца им дава важни поуки во врска со настаните што ќе се одиграат при крајот на историјата на овој свет.GCMkd 266.2

    На Јована му се откриени далечните и возбудливи сцени од животот на црквата. Во таа книга апосголот ја опшпува состојбата, опасностите, борбите и конечното ослободување на Божјиот народ. Тука е забележана веста што ќе го забрза узревањето на земната жетва. Тука тој ги посматра верните како снопови за небесните амбари, а Христовите непријатели како снопови врзани за огнот на уништување. Откриени му се мошне важни факти особено за последната црква, дека оние што ќе се обратат од заблудата кон вистината ќе можат да знаат какви опасности и борби ги чекаат. Никој не треба да остане во темнина во врска со идните настани.GCMkd 266.3

    Тогаш зошто тоа сеопшто незнаење за еден толку важен дел на Писмото? Од каде тоа сеопшто одвраќање - тоа силно настојување да не се проучува тој дел? - Тоа е последица на еден добро осмислен план на кнезот на темнината да им го скрие на луѓето она што им ги открива неговите лаги и измами. Од таа причина, Христос, авторот на Откровението, кој ја предвидел борбата што ќе се води против проучувањето на таа книга (Откровението), изговорил благослов за сите што ја „читаат, што слушаат и ги пазат зборовите на пророштвото”.GCMkd 266.4

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents