Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ВЛАДЕЕЊЕ СО СЕБЕСИ11 Владеење со себеси - во англискиот оригинал Temperance, што значи потполно отфрлање на она што е штетно и умереност во она што е корисно; со еден збор, владеење со себеси, трезвеност, воздржливост, умереност итн. И ДИЕТЕТИКА22 Диететика - научна дисциплина која ги проучува видовите и количеството на храна потребна за здравјето.

    „Секој што се бори, се воздржува од сё” 1.
    Коринќаните 9,25

    Секој ученик мора да ја разбере врската помеѓу едноставниот начин на живот и силниот интелект. На нас лично е да одлучиме дали со нашиот живот ќе управува умот или телото. Младите мораат, секој за себе, да одлучат како ќе го обликуваат својот живот; и не смеат да се штедат никакви напори за да се запознаат силите со кои тие се соочуваат и влијанијата кои го одредуваат карактерот и судбината.EdM 210.1

    Невоздржливоста е непријател од кој сите мораат да се чуваат. Наглото ширење на ова страшно зло треба да поттикне секого што се грижи за човечкиот род да се бори против него. Праксата во училиштата да се даваат поуки за темите поврзани со трезвеноста, е чекор во добра насока. Такви поуки би требале да се даваат во секое училиште и во секој дом. Младите и децата треба да разберат дека алкохолот, тутунот и другите слични отрови со своето влијание го разоруваат телото, го затемнуваат умот и духот го прават телесен. Мора да се објасни дека секој што ги употребува овие отрови не може долго да ја задржи полната сила на своите физички, ментални и морални способности.EdM 210.2

    Но, за да го пронајдеме коренот на неумереноста, мораме да одиме подлабоко отколку што се уживањето во алкохолот или тутунот. Безделничењето, бесцелноста или лошото друштво можат да приготват пат за невоздржаноста. Често пати тие причини можат да се најдат на семејната трпеза, во семејствата кои себеси се сметаат за строго умерени. Сё што го попречува варењето на храната, што непотребно го возбудува духот, или на кој било начин го ослабнува организмот, нарушувајќи ја рамнотежата на менталните и физичките сили, ја слабее контролата на умот над телото и така наведува на невоздржаност. Падот на многу талентирани млади животи може да им се припише на неприродните апетити, кои биле предизвикани од штетната исхрана.EdM 211.1

    Чајот и кафето, зачините, слатките, колачите со богат фил, сето тоа се активни предизвикувачи на лошо варење. Месото е, исто така, штетно. Неговото по природа стимулативно дејство би требало да биде доволна причина против неговата употреба; а речиси општата раширеност на болести кај животните двојно ја зајакнува оваа причина. Тоа ја засилува нервната раздразливост и ги буди страстите, на тој начин нарушувајќи ја рамнотежата на силите во корист на пониските инстикти.EdM 211.2

    Оние кои ќе се навикнат на богата1 и стимулативна исхрана, по некое време ќе согледаат дека желудникот веќе не им е задоволен со едноставна храна. Тој бара сё позачинета, сё полута и сё постимулативна храна. Бидејќи нервите се нарушени, а организмот ослабнат, волјата е навидум немоќна да им се спротивстави на неприродните апетити. Нежната слузокожа на желудникот станува толку надразнета и воспалена што и најзачинетата храна веќе не овозможува никакво задоволство. Се јавува жед која не може да ја згасне ништо освен силен пијалак.EdM 212.1

    Треба да се чуваме од почетоците на злото. При подучувањето на младите треба мошне јасно да се нагласи до какви последици доведува навидум малото оддалечување од она што е право. Учениците треба да бидат поучени за вредноста на едноставната и здрава исхрана во спречувањето на желбите за неприродни стимулативни средства. Мошне рано треба да се воспостави навика да владеат со себеси. Младите мораат да бидат проникнати со помислата дека мораат да бидат господари, а не робови. Бог нив ги назначил за владетели на царството кое е во нив, и тие мораат да се служат со царската власт што им е дадена од Небото. Ако ваквите поуки се даваат совесно, последиците од тоа ќе се почувствуваат далеку надвор од кругот на младите. Со тоа влијание ќе бидат опфатени и спасени илјадници мажи и жени кои се наоѓаат на самиот раб на пропаста.EdM 212.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents