Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ОБРАЗОВАНИЕТО И КАРАКТЕРОТ

    „И тврдина на времето твое, ќе биде мудроста и знаењето.”
    Исаија 33,6

    Вистинското образование не ја потценува вредноста на научните сознанија или литературните достигања; но повеќе од познавањето на фактите, тоа ја вреднува енергијата; повеќе од енергијата, добрината; повеќе од интелектуалното достигање, карактерот. На светот не му се толку потребни луѓе со блескав ум колку луѓе со благороден карактер. Нему му се потребни луѓе со чиј карактер владеат цврсти принципи.EdM 236.1

    „Главно е мудроста”, затоа „придобивај мудрост.” „На мудрите јазикот добри знаења искажува” (Мудри изреки 4,7; 15,2). Оваа мудрост се добива преку вистинското образование. Таа нё учи како најдобро да употребиме не само една туку сите свои сили и постигања. На тој начин тоа го опфаќа целиот круг на нашите должности — кон себе, кон светот и кон Бога.EdM 236.2

    Изградбата на карактерот е најважното дело, кое некогаш им било доверено на човечките суштества; и никогаш порано неговото вредно изучување не било толку важно како сега. Никогаш ниту една претходна генерација не морала да се соочува со толку тешки проблеми; никогаш порано момчињата и девојките не биле изложени на толку големи опасности како што се оние што денес им се закануваат.EdM 237.1

    Во време како што е нашето, каква е насоката на образованието што се дава? На кои движечки сили во човекот тоа најчесто му се обраќа? На самољубието. Голем дел од образованието што се дава, не го заслужува тоа име. Со вистинското образование се отстранува спречува сузбива себичната амбиција, копнежот за власт, непочитување на правата и потребите на човештвото — пороци кои како проклетство го притискаат нашиот свет. Бог со Својот план за животот му одредил место на секое човечко суштество. Секој треба потполно да ги развие своите таленти; ако биде верен во тоа, без оглед дали има малку или многу дарови, тој е достоен за почит. Во Божјиот план нема место за себично ривалство. Оние кои се мерат „себеси според себеси и меѓусебно се споредуваат не се мудри” (2. Коринќаните 10,12). Што и да правиме, мора да биде направено „од душата, како за Господа, а не за луѓе; знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете му на Господа Христа!” (Колошаните 3,23.24). Службата што ја извршуваме е скапоцена, а скапоцено е и образованието што го добиваме со примената на овие принципи. Но, колку е поинаков најголемиот дел од денешното образование! Со него детето уште од најрани години се поттикнува на натпреварување и ривалство; се негува себичноста, коренот на секое зло.EdM 237.2

    На тој начин се разгорува борбата за првенство; се поддржува системот на „бубање”, кој во толку случаеви го уништува здравјето и онеспособува за полезна служба. Во многу други случаи, натпреварувањето наведува на непочитување; а негувајќи амбиција и незадоволство, го загорчува животот и придонесува светот да биде полн со оние немирни, незауздани духови кои се постојана закана за општеството.EdM 238.1

    Меѓутоа, опасноста не е само во методите. Таа се наоѓа и во материјалот што се проучува.EdM 238.2

    Какви се делата врз кои во текот на најприемчивите години од животот мора да се задржува умот на младите? Во текот на изучувањето на јазикот и литературата, од кои извори ги учиме младите да пијат? — Од изворите на паганството; од кладенци во кои се слевала расипаноста на прастарото незнабоштво. Од нив се бара да проучуваат автори за кои сите знаат дека немаат никакво почитување кон принципите на моралот.EdM 238.3

    За колку современи автори може да се каже истото! Колкумина со складноста привлечноста хармоничноста речитоста на изразот и убавината на јазикот само ги прикриваат принципите кои, кога би биле отворено изнесени, со својата изопаченост би предизвикале одвратност кај читателите.EdM 238.4

    Освен тоа, тука е и мнозинството писатели на измислици кои намамуваат пријатни мечтаења во кули од облаци. Овие автори можеби не можат да се обвинат за неморалност, но во нивните дела нема помалку зло. Тие на илјадници им ги одземаат времето, енергијата и самодисциплината што ги бараат сериозните животни проблеми.EdM 238.5

    Речиси исти такви опасности се закануваат и при вообичаениот начин на изучување на науката. Еволуцијата и на неа сличните заблуди се предаваат во училиштата од сите степени, од градинките до универзитетите. Така, изучувањето на науката, кое би требало да овозможи знаење за Бога, е толку помешано со човечките шпекулации и теории што наведува на неверување.EdM 238.6

    Дури и изучувањето на Библијата, на начин на кој, за жал, често се извршува во училиштата, му го скратува на светот непроценливото богатство на Божјата Реч, „Високата критика” со своето расчленување, нагаѓање и преправање ја уништува верата во Библијата како божествено откровение; таа на Божјата Реч ў ја одзема силата да управува со човечкиот живот, да го издига и инспирира.EdM 239.1

    Кога младите зачекоруваат во светот за да се соочат со неговото мамење на грев — со страста за натрупување пари, со забавите и попустливоста, со расфрлање, со изобилството и настраностите, со надмудрувањата, подмолностите, искористувањата и упропастувањето — со какви учења ќе се сретнат во него?EdM 239.2

    Спиритизмот тврди дека луѓето се безгрешни полубогови; дека „секоја душа ќе си суди сама на себе”; дека „вистинското сознание го издигнува човекот над сите закони”; дека „сите сторени гревови се безопасни”; дека е „добро сё што се прави” и дека „Бог не осудува.” Најподмолното човечко суштество тој го претставува како да е на Небото и таму ужива висока почест. Така, тој на сите луѓе им објавува: „Не е важно што правите; живејте како што сакате, небото е ваш дом.” Мнозина на тој начин стануваат наведени дека желбата е највисокиот закон, дека разузденоста е слобода и дека човекот одговара единствено пред себеси.EdM 239.3

    Како да се заштити доблеста кога тие се сретнуваат со едно такво учење на самиот праг од животот, тогаш кога нагоните се најсилни, а потребата за зауздување и непорочност најголема? Што ќе го спречи светот да не стане втор Содом?EdM 239.4

    Во исто време анархијата се обидува да ги отстрани сите закони, не само божествените, туку и човечките. Централизација на богатството и моќта; големи здружувања за збогатување на малцинството на сметка на мнозинството; здружувања на сиромашните класи за одбрана на сопствените интереси и барања; дух на немири, бунт и крвопролевање; ширење на истите учења кои довеле до француската револуција по целиот свет — сето тоа се стреми да го вмеша светот во борба слична на онаа што ја протресе Франција.EdM 240.1

    Денешната младина мора да се соочи со вакви влијанија. За да може да се одржи среде такви пресврти, таа треба сега да ги положи темелите на карактерот.EdM 240.2

    Во секоја генерација и во секоја земја вистинскиот темел и пример за изградба на карактерот бил ист. Божествениот закон: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце… и својот ближен како себеси” (Лука 10,27), големиот принцип кој се одразил во животот и карактерот на нашиот Спасител, е единствениот сигурен темел и единствен сигурен водич.EdM 240.3

    „И тврдина на времето твое, силата на спасението твое ќе биде мудроста и знаењето” (Исаија 33,6) — онаа мудрост и она знаење кое само Божјата Реч може да ги даде.EdM 240.4

    И денес вистината е иста како и тогаш кога на Израелците им биле изговорени зборовите за послушност кон Божјите заповеди: „Тоа ќе биде во очите на народите ваша мудрост и ваша разумност” (5. Мојсеева 4,6).EdM 240.5

    Еве ја единствената заштита на личната чесност, непорочноста на домот, благосостојбата на општеството и стабилноста на народот! Среде сите животни потешкотии, опасности од противречни барања, единственотосигурно правило е да се прави она што Бог го вели: „Господовите повелби се праведни” и „кој постапува така нема да се колеба никогаш” (Псалми 19,8; 15,5).EdM 240.6

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents