Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПОЕЗИЈАТА И ПЕСНАТА

    „Твоите повелби ми се песна, во земјата низ која патувам”
    Псалм 119,54

    Најраните и највозвишени поетски творби за кои луѓето знаат, се наоѓаат во светите списи. Пред да запее најстариот световен поет, пастирот од Мадијан ги забележал сите овие зборови за Јов — со кои по нивната величественост не можат да се споредат ниту да се мерат со највозвишените остварувања на човечкиот гениј:EdM 162.1

    „Каде беше кога ја основав земјата?
    Кој го затвори морето со врати,
    кога тоа се истргна ; . . .
    кога го облеков со облак како со облека
    и кога го завиткав со густа магла како со пелени;
    кога ја одредив неговата меѓа,
    и му наместив клучалки и врати? И реков: до таму ќе дојдеш и нема да преминуваш,
    и тука е границата на твоите горди бранови?

    „Си му давал ли ти некогаш заповед на утрото,
    и си го посочил ли покажал на зората нејзиното место?...

    „Зар си проникнал до морските извори?
    Зар си одел некогаш по дното на бездната?
    Зар ти ја покажаа вратата на смртта”
    Ги виде ли вратите на крајот на мртвите сенки?
    Ги согледа ли пространствата на земјата?
    Зборувај, доколку го знаеш сё тоа.

    „Дали си влегол во ризниците на снегот,
    и зар ги виде засолништата на градот…
    По кој пат се разлева светлината,
    и се разнесува источниот ветер по земјата?
    Кој го ископа подводниот ров,
    кој му го исчисти патот на грмежот
    За да врне дожд врз ненаселено подрачје,
    врз пустината, каде нема жива душа;
    За да ја напои неплодната пустина,
    за да никне трева во степата?

    „Можеш ли да ја врзеш Плејадата со вериги
    и да ги разврзеш врските на Орион?
    Да ја извадиш Деницата во вистинско време,
    да ја водиш Мечката со нејзините млади?”
    EdM 162.2

    Книгата за Јов 38,4-27; 38,31.32

    Како пример за убавината на поетскиот израз, читајте го описот на пролетта во Песната над песните: „Ете зимата веќе помина,
    дождот замина и прекрати.
    Цвеќињата се покажуваат по земјата;
    дојде време за пеење;
    и глас на гулабот се слуша во нашиот крај.
    Смоквата ги исфрли првите плодови,
    лозјето мириса во цветање.
    Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди!”
    EdM 163.1

    Песна над песните 2,11-13

    Ништо помалку убаво не е ни пророштвото за благословот на Израелците, кое Валам го изрекол против својата волја:EdM 164.1

    „Од Арам ме доведе Валак, царот на Моав,
    од источните планини, велејќи:
    ‘Дојди, проколни ми го Јакова,
    дојди, изречи зло против Израел!’ Како можам да го проколнам
    кого Бог не го проколнува?
    како да изречам зло?
    Кога Господ не му изречува?

    Зошто јас го гледам од врвот на карпите,
    го набљудувам од високиот брег:
    Ете, народ, кој живее одвоено,
    тој не се вбројува меѓу народите…

    „Ете, јас примив да благословувам, зашто Тој благослови,
    и јас не можам да го сменам тоа.
    Тој не виде неправда во Јаков,
    ниту престап во Израел;
    Господ Бог, неговиот Бог, е со него
    и царско воскликнување има меѓу него.
    Нема волшебства против Јакова Ниту вражања против Израел.
    И кога ќе им речат на Јаков и на Израел:
    ‘Што направи Бог?’

    „Кажа оној кој ги слуша Божјите слова,
    кој го виде видението на Семоќниот...
    Колку ти се прекрасни шаторите, Јакове,
    и твоите живеалишта, Израеле!
    Како долини што се тегнат,
    како градини покрај речниот брег,
    како мирисливи дрва, посадени од Господа,
    како кедри покрај водите”

    „Кажа оној кој ги слуша Господовите зборови,
    кој ја познава мудроста на Севишниот…
    Ќе го гледам, но не сега;
    Ќе го набљудувам, но не од близина;
    Ѕвезда ќе излезе од Јакова,
    и Жезал ќе се појави од Израел…
    Произлезениот од Јакова ќе завладее.”
    EdM 164.2

    4. Мојсеева 23,7-23; 24,4-6; 24,16-19.

    Мелодијата на благодарност е атмосфера на Небото; и кога Небото ќе дојде во допир со Земјата, тука има музика и песна — „благодарници и глас на пофална песна” (Исаија 51,3).EdM 165.1

    Над новосоздадената Земја, која лебдела убава и неизвалкана, осветлена со Божјата наклонетост, „воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Божјите дворјани” (Книгата за Јов 38,7). Така и човечките срца, обединети со небото, на Божјата добрина одговориле со гласови на благодарност. Многу настани од историјата на човештвото се поврзани со песна.EdM 165.2

    Најраната песна од човековите усни, забележана во Библијата, била оној славен излив на благодарност на четите Израелеви кај Црвеното Море:EdM 166.1

    „Ќе запеам во чест на Господа, зашто славно се прослави:
    коњот и коњаникот Тој ги фрли во морето.
    Моја сила, моја песна е Господ,
    зашто стана мој Избавител.
    Тој е мој Бог, јас ќе го славам него;
    Тој е Бог на мојот татко, него ќе го возвеличувам.

    „Твојата десница, Господи, се прослави со сила;
    Твојата десница, Господи, го распарчи непријателот…
    Кој е како Тебе, Господи, меѓу боговите?
    Кој свети како Тебе прославен во светоста Твоја,
    страшен во делата, прекрасен во чудесата?

    „Господ ќе царува секогаш и довека…
    Запејте му на Господа, зашто славно се прослави!”
    EdM 166.2

    2. Мојсеева 15,1. 2. 6-11.18-21

    Луѓето примиле големи благослови како одговор на песните на благодарност. Неколкуте зборови кои го опишуваат искуството на Израелците во текот на патувањето низ пустињата, содржат поука која е вредна да размислиме за неа:EdM 166.3

    „Оттука отидоа во Вир. Тоа е кладенецот за кого Господ му рече на Мојсеја: ‘собери го народот за да им дадам вода” (4. Мојсеева 21,16). „Тогаш Израел ја запеа оваа песна:EdM 166.4

    Бликај, о кладенче! А вие - пејте му;
    кладенецот владетелите го ископаа, народните благородници со своите палки
    го открија со заповед на Законодавецот,”
    EdM 166.5

    4. Мојсеева 21,17.18

    Колку пати оваа историја се повторила во духовното искуство? Колку пати зборовите на некоја света песна ги отпечатиле во душата изворите на покајанието и верата, надежта, љубовта и радоста!EdM 167.1

    Со песни на благодарност израелските војски под Јосафат тргнале кон големото избавување. Јосафат примил вест дека му се заканува војна. „Против тебе доаѓа големо мноштво” гласела веста. „Моавците и Амонитите.” „Јосафат се исплаши и почна да Го бара Господа, та прогласи пост во сета Јудеја. Јудејците се собраа да Го бараат Господа: доаѓаа од сите јудејски градови за да Го бараат.” И Јосафат, стоејќи во предворјето на храмот пред својот народ, ја излеал својата душа во молитва повикувајќи се на Божјото ветување и признавајќи ја беспомошноста на Израелците. „Во нас нема сила спрема тоа големо мноштво кое доаѓа на нас,” рекол тој, „ниту ние знаеме, што да правиме, туку очите ни се насочени во Тебе” (2. Дневникот 20,2.1.3.4.12).EdM 167.2

    „Тогаш Господовиот Дух слезе… врз Јазил… тој рече: ‘Слушајте сите Јудејци, Ерусалимци и ти цару Јосафате! Господ ви зборува вака: ‘Не бојте се и не плашете се од тоа големо мноштво, зашто ова не е ваша војна, туку Божја’… не треба да се биете; поставете се, стојте па гледајте како ќе ви помогне Господ” (2. Дневникот 20,14-17).EdM 167.3

    „Поранија наутро и тргнаа кон пустината Текуј” (2. Дневникот 20,20). Пред војската оделе пеачи, кревајќи ги своите гласови во славопој на Господа — славејќи го за ветената победа. Давид, во својот бурен живот полн со промени со песна ја одржувал врската со Небото. Колку се убаво опишани неговите момчешки пастирски искуства со зборовите:EdM 167.4

    „Господ е Патир мој,
    ништо нема да ми недостасува.
    На зелени пасишта Тој ми дава починка;
    при тивки води - ме води…
    Ако тргнам и низ долината на смртната сенка,
    нема да се уплашам од злото,
    Зашто Ти си со мене;
    Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат”
    EdM 168.1

    Псалм 23,1-4

    Во зрелите години, кога како прогонет бегалец наоѓал прибежиште во пустинските карпи и пештерите, пишувал:EdM 168.2

    „О, Боже, Ти си мој Бог; горливо те барам Тебе;
    мојата душа жеднее по Тебе; моето тело копнее по Тебе,
    како сува, жедна и безводна земја...
    Ти ми стана помош,
    радосно извикувам во сенката на твоите крилја”

    „Зошто си ми душо изнемоштена?
    и зошто си жалосна во мене?
    Надевај се на Бога,
    зашто пак ќе го славам мојот Спасител,
    Мојот Бог е моето спасение.”

    „Господ ми е светлина и спасение;
    од кого да се плашам?
    Господ е штит на мојот живот,
    пред кого да треперам?”
    EdM 168.3

    Псалм 63,1-7; 42,11; 27,1

    Со истата доверба се вдахнати и зборовите што Давид ги запишал кога, откако го загубил престолот и круната, бегал од Ерусалим за време на бунтот на Авесалом. Изнемоштен од жалост и изморен од бегање, тој застанал со своите следбеници крај Јордан за да се одмори неколку часа. Го разбудил повик кој му говорел дека треба веднаш да бега. Целата група мажи, жени и мали деца морала да премине преку длабокиот и брз поток во темнина, бидејќи војската на синот-предавник бргу им се приближувала.EdM 169.1

    Во тој миг на најмрачно искушение Давид пеел:EdM 169.2

    „Со глас извикав кон Господа,
    и Тој ме послуша од својата света гора.

    „Јас легнувам, спијам и се разбудувам,
    зашто Господ ме чува.
    Не се плашам од десетици илјади луѓе,
    што се нафрлаат на мене од сите страни.”
    EdM 169.3

    Псалм 3,4-6

    По својот голем грев, измачуван од грижа на совеста и презир кон самиот себе, сепак се обратил кон Бога како кон свој најдобар пријател:EdM 169.4

    „Смили ми се, Боже, според Твоето милосрдие,
    според големите помилувања
    избриши го моето беззаконие…
    Пороси ме со исоп, за да се очистам,
    измиј ме и ќе бидам побел од снегот”
    EdM 169.5

    Псалм 51,1-7.

    Во својот долг живот Давид не нашол место за одмор на Земјата. „Придојденици сме пред тебе, населеници”, рекол тој, „како сите наши татковци; нашите денови на земјата минуваат како сенка, и нема надеж” (1. Дневникот 29,15).EdM 169.6

    „Господ ни е засолниште и тврдина,
    секогаш присутен помошник во неволја.
    Затоа не се плашиме дури и земјата да се помести,
    кога бреговите се рушат во морето.”

    „Реката и нејзините струи го веселат Божјиот Град,
    пресветиот шатор на Севишниот.
    Бог е сред него, нема да се разлулее;
    Бог му помага од првите мугри…
    Господ на Воинствата е со нас,
    Јакововиот Бог е наша тврдина.”

    „Таков е Бог нашиот Бог засекогаш и довека!
    Тој ќе нё раководи дури до смрт.”
    EdM 170.1

    Псалм 46,1, 2; 46,4-7; 48,14

    Исус со песна ги пресретнувал искушенијата во својот земски живот. Неговата песна на вера и света радост се слушала често кога биле изговорени остри, навредливи зборови, кога бил опкружен со тешка атмосфера полна со мачнина, незадоволство, недоверба или мачен страв.EdM 170.2

    Онаа последна тажна ноќ на пасхалната вечера, токму кога тргнувал во пресрет на предавството и смртта, Неговиот глас се издигнал во псалмот:EdM 170.3

    „Благословено да е Господовото Име
    сега и довека!
    Од изгрејсонце до зајдисонце
    фалено да е Господовото Име!”
    EdM 170.4

    „Го љубам Господа
    зашто го слуша гласот на моите молитви.
    Го наведна своето уво кон мене,
    затоа ќе го повикувам во моите денови.

    „Смртни болки ме опфатија,
    ме стегнаа примките на Подземјето,
    ме снајдоа тага и беда.
    Тогаш го повикав Господовото Име:
    ‘О, Господи, спаси го мојот живот!’ Господ е милостив и праведен,
    нашиот Бог е полн со милост.”
    „Господ ги чува простодушните;
    бев во неволја, Тој ме избави.
    Врати се, моја душо, во своето спокојство,
    Зашто Господ е твој добротвор,
    Тој ми го избави животот од смртта,
    моите очи од солзи,и нозете од паѓање.”
    EdM 171.1

    Псалм 113,2.3; 116,1-8

    Среде сё подлабоките сенки на последната голема криза на Земјата, божествената светлина ќе сјае најсилно, а звуците на песна и доверба ќе оддекнуваат најчисто и највеличествено.EdM 171.2

    „Во оној ден ќе ја пеам оваа песна во Јудината земја:
    Ние имаме цврст град:
    место ѕидини и опкопи Бог ни даде спасение.
    Отворете ги вратите!
    Нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината,
    Кој до тебе се држи, Ти го пазиш во совршен мир,
    зошто се надева во Тебе.
    Надевајте се во Господа довека,
    Зашто Господ е Вечна тврдина.”
    EdM 171.3

    Исаија 26,1-4

    „Ќе се враќаат искупените Господови. Ќе дојдат во Сион восклици од радост, со вечна веселба на челата; радоста и веселбата ќе ги придружуваат, ќе ги победат тагата и воздишките” (Исаија 35,10).EdM 172.1

    „И тие, воскликнувајќи радосно на Сионскиот врв, ќе се науживаат во Господовите добра… душата ќе им биде како навадена градина, никогаш веќе не ќе гинат” (Еремија 31,12).EdM 172.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents