Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
Воспитување - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ДЕНОТ ЗА ОДМОР

    „Нека бидат знак меѓу Мене и вас, за да знаете дека Јас сум Господ”
    Езекил 20,20

    Вредноста на денот за одмор, саботата, како воспитно средство е непроценлива. Што и да бара Бог од нас, Тој повторно ни го враќа, украсено и преобразено со негова слава. Десетокот што Бог го барал од Израелците, бил одреден со цел меѓу луѓето да се сочува, во сета нејзина величествена убавина, копијата на неговиот храм на Небото, залогот на неговата присутност на Земјата. Така и делот од нашето време што Тој го бара од нас, повторно ни се враќа носејќи го неговото име и печат. Тој вели: „Зашто саботата е знак меѓу Мене и вас… за да бидете свесни дека Јас, Господ ве посветувам”; „Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сё што е во нив; а на седмиот ден се одмори: затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден” (2. Мојсеева 31,13; 20,11). Саботата е знак на моќта на создавање и откупување; тој укажува на Бога како на извор на живот и знаење; тој потсетува на првичната слава на човекот, и така станува сведок на Божјата намера да нё обнови според својот лик.EdM 264.1

    И денот за одмор и семејството се воспоставени во Едем, и Божја намера е тие да останат нераскинливо поврзани. Во тој ден, повеќе отколку во кој било друг, ние можеме да живееме со едемски живот. Според Божјиот план, членовите на семејството требале да бидат здружени во работата и проучувањето, богослужението и рекреацијата, таткото како свештеник на својот дом, а двајцата родители како учители и другари на своите деца. Меѓутоа, последиците од гревот, кои ги промениле животните услови, во голема мерка ја спречиле оваа заедница. Често, таткото во текот на седмицата одвај може да ги види лицата на своите деца. Нему му е речиси сосем ускратена можноста да другарува со децата и да ги поучува. Но, Божјата љубов им поставила граница на барањата на работата. Тој ја ставил својата милостива рака на денот за одмор. Во овој негов ден, Тој на членовите на семејството им дал можност да бидат во заедница со него, со природата и едни со други.EdM 265.1

    Бидејќи денот за одмор е споменик на силата на создавањето, тој е ден над сите други, кога би требало да се запознаваме со Бога преку неговите дела. Во мислите на децата и самата помисла на денот за одмор би требала да биде поврзана со убавините на природата. Среќно е она семејство кое во денот за одмор може да појде на место за богослужение како што Исус со своите ученици одел во синагогата — преку полиња, покрај езерски брег и низ шумичките. Среќни се оние татко и мајка кои можат да ги учат своите деца на Божјата пишана Реч служејќи се со илустрации од отворените страници на книгата на природата; кои можат да се собираат под зелените дрвја, на свежиот чист воздух, да ја проучуваат Речта и да му пеат благодарни песни на небесниот Татко.EdM 265.2

    Со таквото дружење родителите можат да ги поврзат срцата на своите деца со себеси, а на тој начин и со Бога, со врски кои никогаш нема да можат да се прекинат.EdM 266.1

    Денот за одмор дава извонредни можности за интелектуално усовршување. Библиската поука не треба да се проучува со фрлање на еден брз поглед врз нејзиниот текст во сабота наутро, туку поуката за следната седмица треба внимателно да се проучи во сабота попладне, а потоа секојдневно да се повторува и расветлува во текот на седмицата. Така поуката ќе се вреже во нашата меморија како богатство кое никогаш нема целосно да се загуби.EdM 266.2

    Слушајќи ја проповедта, и родителите и децата треба да ги забележуваат текстовите и цитатите од Писмото и, колку што може повеќе, изнесените мисли, за да можат дома да разговараат за нив. Тоа многу ќе придонесе да се отстрани заморот кој децата толку често ги обзема додека ја слушаат проповедта и да се развие навиката да бидат внимателни и прибрани.EdM 266.3

    Размислувањето за изнесените теми ќе отвори пред ученикот сокровишта за кои никогаш не ни сонувал. Тој во својот личен живот ќе ја докаже реалноста на искуството опишано во Библијата:EdM 266.4

    „Кога ми дојдоа твоите зборови јас ги голтав: Твоите зборови го восхитија и го зарадуваа моето срце” (Еремија 15,16). „Размислувам за Твоите повелби”. „Поскапоцени се од златото, од чистото злато… Твојот слуга е предупреден од нив, кој ги чува има голема награда” (Псалм 119,48; 19,10.11).EdM 266.5

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents